![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 36> |
Автор | |
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Пантификален ден на Светата столица. 1721.- По две децении војување со Шведска, по што Русија излезе како нова сила на Балканот, Петар Велики се круниса за цар. Тој изврши многу важни реформи со кои Русија ја изведе од средновековната заостанатост. 1752.- Умре Александар Скарлати, италијански композитор, диригент и чембелист, основач на таканаречената „Неаполска школа“ во областа на операта. Во своите дела (околу 120 опери и над 800 кантати) синтетички ги опфати и ги продлабочи придобивките на италијанскиот барок. Компонираше и ораториумим концети за чембело и црковна музика. Роден е на 2 мај 1659 година. 1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го употреби падобранот, скокајќи од балон над Париз со висина од 680 метри. 1811.- Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе остави нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умре во Боајрот, Баварија, на 31 јули 1886 година. 1882.- Умре унгарскиот писател Јанос Арањ, најголем унгарски епски поет, кој заедно со Шандор Петефиј, беше најзначаен претставник на „народниот“ правец кој доминираше во унгарската литература во 19. век. Напишал многубројни студии и есеи и биографија за Фредерик Шопен. 1844.- Родена е француската глумица Анријета Розина Бернар, позната како Сара Бернар, која ја одбележа театарската епоха како најголема трагичарка во своето време. Уживаше исклучителна популарност и современиците ја нарекоа „божана Сара“. Нејзината слава не беше прекината дури ни кога во 1915 година и беше извршена ампутација на ногата, осум години пред нејзината смрт. Беше професор на Конзерваториумот во Париз. Ја напиша „Мемоари“. 1883.- Во Њујорк со изведбата на операта „Фауст“ на францускиот композитор Шарл Гуно беше отворено зданието „Метрополитен опера“. 1887.- Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхронен мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупи фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажа на светската изложба во Чикаго во 1893 година. 1887.- Роден е американскиот новинар и револуционер Џон Рид, чии дела „Дестте денови што го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ се најдобрата хроника на Октомвриската револуција. 1906.- Умре Пол Сезан, француски сликар. Во почетокот работеше во духот на импресионизмот, а подоцна се откажа од аналитичкиот метод и правеше синтеза заснована врз геометриски форми, градација на тоналитетот и контрасти на бои. Изврши големо влијание врз развојот на модерното европско и светско сликарство во 20 век. Негови познати дела се : "Сина ваза", "Коцкари", "Планината Сен-Виктоар", и други. Роден е на 19 јануари 1839 година. 1913.- Роден е виетнамскиот цар Бао Дај, поселедниот монарх на Виетнам, кој како марионета „владееше“ со земјата под француска колонијална управа. По четири децении во бегство, умре во 1997 година во воената болница во Париз. 1917.- Во Прилеп е роден Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, во Кичево, во Велес и во Сиудат Мексико. Автор е и на повеќе мозаици. Умре во Скопје, на 16 јуни 1993 година. 1927.- Во Белград умре Борисав - Бора Станковиќ, српски писател, еден од најзначајните српски прозаисти од почетокот на 20. век. Најпознат е по делата „Нечиста крв“ (роман), по драмите „Ташана“ и „Коштана“, како и по расказите „Стари денови“. Роден е во Врање, на 31 март 1875 година. 1943.- Родена е француската глумица Катрин Дорлек, позната како Катрин Денев. Во 1994 година беше именувана за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО. 1953.- Благодарејќи на борбата на ослободителната армија на Патет Лао, Лаос се стекна со независност од Франција под чија управа беше од 1893 година. 1962.- Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер-сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба. 1964.- Францускиот писател и филозоф Жан Пол Сартр ја одби Нобеловата награда за книжевност. 1973.- Умре шпанскиот виолончелист од каталонско потекло Пабло Казалс, професор во Конзерваториумот во Барселона и Париз, кој од 1938 година како противник на диктаторскиот режим на Франциско Франко, живееше надвор од Шпанија. Настапуваше ширум светот пленејќи ја публиката со совршенство и топлина во интерпретацијата на композициите. 1973.- Во Скопје умре Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на музичкиот отсек на Педагошката академија во Скопје. Роден е во Прилеп, на 7 октомври 1913 година. 1991.- На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел. 1995.- Во Харлем, црнечко предградие на Њујорк, топло е поздравен кубанскиот водач Фидел Кастро, долгогодишен непријател на американската администрација, кој дојде во Њујорк по повод 50-годишнината од основањето на Обединетите нации. 1996.- Во пожарот предизвикан од солзавец фрлен од полицијата во еден затвор во Венецуела загинаа повеќе од 25 затвореници. 1997.- Најстарата македонска православна црква во Австралија, "Свети Ѓорѓи", во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на градежна фирма. 1999.- Поранешниот герилски водач Ксананa Гусмao од затвор во Индонезија тримфално се врати во Источен Тимор, некогашна португалска колонија. 2005.- Нигерсики авион со 116 патници, меѓу кои повеќе високи официјални личности, се урна набрзо по полетувањето од Лагос. Несреќата не ја преживеа никој од патниците и членовите на екипажот. 2007.- Прогласен е новиот устав на Црна Гора. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Национален празник на Сомалија. Ден на основањето, 1969 година. 1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но од 1412 година поради неколкуте напади на лудило го добил прекарот „Лудиот Шарл“. Ја предизвикал граѓанската војна во француските покраини Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри I, во 1415 година им нанеле голем пораз на француските трупи во битката кај Азенк*р. 1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино, италијански комедиограф, поет, сатиричар и мамфлетист. Познати се неговите комедии „Дворски работи“ и „Дворски маршал“. Роден е во Арецо, во 1492 година. 1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика Хокусај, главен претставник на релаизмот во јапонското сликарство. Сликал сцени од секојдневниот живот и предели, вклучувајќи го и познатиот циклус „Триесет погледи на Фуџијама“. 1772.- Роден е англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски книжевни критичари и роматничарски писатели. Под влијание на германската идеалистичка филозофија, застапувал спиритуално и религиозно толкување на животот, наспроти англиската емпиристичка филозофија. Дела: „Кристобела“, „Лирски балади“, „Предавања“. 1790.- Роден е францускиот писател и политичар Алфонс де Ламартин, чија поезија е обоена со песимистичко и религиозно расположение. Во политиката, застапувајќи слободарски идеи, бил активен од 1834 година до државниот удар на Наполеон III во 1851 година. Бил член на привремената влада и министер за надворешни работи на Франција. Притиснат од политичкиот живот по државниот удар, се повлекол од јавниот живот и се посветил на пишувањето песни. Со голема слава се стекна со неговата прва збирка на песни „Песнички медитации“. Останати дела: „Песничка и религиозна хармонија“, „Жослен“, „Падот на еден ангел“, „Патот кон исток“. 1805.- Британската флота на адмиралот Хорејс Нелсон на излезот од шпанското пристаниште Кадис кај Трафалгар, во битката на тогаш најсилната поморска армада, ја победи француско-шпанската флота со која командуваше францускиот адмирал Пјер Силвестер де Вилнев. Во битката Французите изгубија 20 бродови, а Англичаните ниту еден. Победата на Анлија и овозможи превласт врз морињата за целиот нареден век, но Нелсон беше смртно ранет и истиот ден умре. 1833.- Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогати, па со тестамент остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умре во Сан Ремо, во Италија, на 10 декември 1896 година. 1912.- Во Унгарија е роден Џорџ Шолти, американски диригент, од унгарско потекло. Се смета за еден од најголемите диригенти во светот во 20. век. Умре на 5 септември 1997 година. 1917.- Роден е американскиот трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот на Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи , еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на таканречената би-бап музика. 1938.- Јапонските окупациони трупи по неколку месеци бомбардирање го зазедоа кинескиот град Кантон. 1941.- Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца. 1943.- Во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година е отркиена спомен-плоча. 1944.- Американските трупи го зазедоа Ахен, прв поголем германски град кој во Втората светска војна падна во рацете на сојузниците. 1949.- Роден е израелскиот политичар Бењамин Нетањах, прв премиер на Израел избран на општи избори. На изборите во 1996 година како кандидат на десничарксата Ликуда го победи дотогашниот шеф на владата, лабуристот Шимон Перез. Три години подоцна беше поразен од Перезовиот наследник Ехуд Барак. 1990.- Во Струга е поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“. 1990.- Во селото Опае, Кумановско, е осветена црквата „Свети Ѓорѓи“. 1996.- Брдо од јаглена прашина близу рудникот во селото Аберфан во Велс се сруши врз школо при што усмрти 116 ученици и 28 возрасни лица. 1969.- Умре американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак, најпознат романсиер во британското движење на американските книжевници во педесеттите години од 20. век. Најчести теми во неговите романи се сексот, дрогата, мистицизмот, брзината... Дела: „На патот“, „Доктор Сакс“, „Маги Касиди“, „Ангелите пустошат“, „Сатира во Париз“, „Мексико Сити блуз“, „Химна - Господе моли се за мене“, „Расфрлени песни“, „Осамениот песник“, „Светите книги на златната вечност“. 1969.- Вили Брант ја формираше коалиционата влада на социјалдемократите и либералите и стана прв социјалдемократски канцелар на Западна Германија. Водеше политика на попустливост во светот, посебно во односите со источноевропските држави, а неговата „источна политика“ придонесе за стабилизација во Европа. 1984.- Во Париз умре Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакна како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист. 1984.- Во Париз умре Пјер Каст, еден од основачите на францускиот нов бран во филмот, режисер и писател. Роден е во Париз, на 22 декември 1920 година. 1990.- Водачот на либанската Национална либерална партија Дени Шамун, еден од лидерите на христијанската заедница во Либан, во Бејрут заедно со повеќе членови од неговата фамилија, убија ислмаски терористи. 1994.- САД и Северна Кореја потпишаа договор според кој Пјонгјанг ќе ја замрзне а потоа напушти нуклерната програма. 1995.- По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка. 1995.- Во Дејтон, САД, е потпишан мировен договор за Босна и Херцеговина. 1997.- Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора. 1999.- Повеќе од 110 луѓе загинаа во ракетниот напад на чеченските исламски терористи на пазар во Грозни, главниот град на руската република Чеченија. 2000.- Умре Александар Ацо Ивановски - Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи. Роден е во Тетово, на 14 март 1921 година. 2002.- Најмалку 14 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Израел која ја активираа палестински исламски терористи. 2002.- Врховниот суд на САД го отфрли барањето за испитување на уставноста за погубување на луѓето кои имаат помалку од 18 години во моментот на извршувањето на кривичните дела за што им е изречена смртна казна. 2007.- Најмалку 17 турски војници и 32 к*рдски бунтовници загинаа во судир во близина на турско-ирачката граница. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на авиоконтролорите 1632.- Роден е англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралското друштво во Лондон (Академија на науките) и прв претседател од 1680 до 1682 година. Проектираше голем број зданија по катастрофалниот пожар во Лондон во 1666 година, вклучувајќи 53 цркви, меѓу кои и монументалната катедрала „Свети Павле“. 1728.- Пожар уништи поголем дел од Копенхаген. 1784.- Роден е англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон, двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумската војна“ против Кина и Кримската воја против Русија и беше иницијатор на задушување на антиколонијалното востание во Индија и Кина. 1827.- Во поморската битка кај Наварина во текот на грчката војна за ослободување, руските, британските и француските бродови ги уништија турската и египетската флота. 1854.- Роден е Артур Рембо, француски поет. Уште млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттата година престана да пишува минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што ги навести симболизмот и надреализмот. Умре на 10 ноември 1891 година. 1875.- Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, е роден Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Величко Георгиев (Владо Черноземски) го застрела на 13 септември 1924 година. 1883.- Со мирот во Ангкор Перу се обврза на Чиле да и врати одредена територија богата со палитра. Истиот ден Боливија стана континентална држава без излез на море. 1884.- Роден е американскиот филмски глумец од унгарско потекло Бела Блашко, познат како Бела Лугоси, толкувач на голем број улоги на Дракула во филмовите на стравот, но се покажа и како врвен комичар. Филмови: „Тринаесетта столица“, „Дракула“, „Убиство во улицата Морж“, „Бакнеж на смртта“, „Остров на изгубените души“, „Црна мачка“, „Знакот на вампирите“, „Куќата на Дракула“, „Франкештајнов син“, „Горила“. 1887.- Светскиот научник Никола Тесла ги пријави своите први пронајдоци. Тоа беше почеток на револуцијата во електротехниката. Заштитата на своите патенти ја доби во следната 1888 година. 1890.- Умре англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европјанин кој предводејќи ја експедицијата со Џон Хаминг Спик, во 1858 година го виде езерото Тангањика во Африка. Беше во воената служба во Индија и британски конзул во Бразил, Сирија и Италија. 1891.- Роден е англискиот физичар Џејмс Чедвик, добитник на Нобеловата награда за физика во 1935 година. Во 1932 година го откри неутронот. Во Втората светска војна како главен британски инструктор од 1943 до 1945 година работеше на “Менхетен проектот“ за развој на атомската бомба во Лоз Аламос, САД. 1915.- Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, е роден Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелаа фашистичките џелати во Софија, на 23 јули 1942 година. 1918.- Германија ги прифати условите на сојузниците за капитулација во Првата светска војна. 1924.- Пуштена е во сообраќај железничката линија меѓу Велес и Штип. 1941.- Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. 1943.- Во селото Д`мбени, Костурско, е одржан основачкиот состанок за формирање на организацијата Славјано-македонски националослободителен фронт (СНОФ) во Костурско. 1993.- Српскиот претседател Слободан Милошевиќ го распушти Парламентот и најави парламентарни избори. 1993.- Во Сомбор умре Милан Коњовиќ, српски сликар, со светско реноме. Роден е во Сомбор, на 28 јануари 1896 година. 1994.- Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. "Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија", изјави Елцин. 1945.- Египет, Сирија, Ирак и Либан ги предупредија САД дека со создавање на еврејска држава може да дојде до војна. Истиот ден арапските земји формираа организација за борба против ционизмот - Арапска лига. 1950.- Умре американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за труд на САД од 1911 до 1913 и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот поединечен воен злочин во историјата на човештвото. На негова препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август 1945 година да биде фрлена атомската бомба врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија веќе беше поразена во Втората светска војна. 1971.- Вили Брант, канцелар на Западна Германија ја доби Нобеловата награда за мир. 1991.- Во земјотресот на индиската страна на Хималаите загинаа повеќе од 340 луѓе и беа разорени десетици илјади куќи. 1995.- Белгискиот политичар Вили Клас поднесе оставка на функцијата генерален секретар на НАТО поради вмешаност во корупциски афери. 1997.- Бројна владино-стопанска делегација на Руската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за стопанство, Јаков Уринсон, престојува во Македонија, за да го поттикне заживувањето на стопанската соработка меѓу двете земји. 2003.- Почина Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио "Три гонга" и "Средби низ музика". Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови за поп-музика, и соработник-новинар во „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“ и „Екран“. Роден е во 1926 година. 2003.- Во Белград почина српскиот актер и комичар Миодраг Петровиќ - Чкаља. Тој е познат по своите улоги во театарски претстави, во повеќе од 25 филмови и 32 хумористични телевизиски серии меѓу кои најпознати се "Музеј на восочните фигури", "Сервисна станица", "Сачулатац" и сериите "Камионџии", "Жежок ветер" и "Подобар живот". Роден е на 1 април 1924 година во Крушевац. 2002.- На повторениот референдум Ирците го прифатија договорот од Ница за проширување на Европската унија. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за арагонскиот крал Фернанд II под чија круна се обединија скоро сите шпански христијански земји. 1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи Нантскиот едикт, лишувајќи ги протестантите од сите верски и граѓански слободи кои во 1598 година им ги гарантираше кралот Анри IV. 1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани Антонио Канал, познат како Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18. век, мајстор на доловување на атмосферата и ведриот прозрачен колорит. Најмногу ги сликаше Венеција и нејзините канали и палати. 1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски филозоф и академик. Разви нов вид филозофија на животот, заснована врз идејата на „животен полет“. Од делата познати му се „Творечка еволуција“, „За смеењето“, „Материја и меморија“ и други. Во 1927 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 4 јануари 1941 година. 1860.- Британските трупи ја запалија до темел Јуанминџуан, летната царска палата во Пекинг. 1865.- Умре англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон. Беше двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумската војна“ против Кина и Кримската војна против Русија и беше иницијатор во гушење на антиколонијалните востанија во Индија и во Кина. 1867.- Владата на Соединетите Американски Држави го купи од Русија полуостровот Алјаска за седум милиони и двесте илјади долари. 1893.- Умре Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напиша 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери: "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот "Прв клавирски концерт". Роден е во Париз, на 17 јуни 1818 година. 1898.- Во Прилеп е родена Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки, борци во НОВ на Македонија, кои храбро загинаа во текот на војната. Умре во Скопје, на 13 јануари 1984 година. 1912.- Почна Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија, ја водеа против Османлиското царство. Војната заврши со примирје на 3 декември истата година. На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година Турција мораше да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеаја да го заземат. Македонскиот народ зеде активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделија Македонија, што, пак, поради "несоодветната поделеност", беше причина за почетокот на Втората балканска војна. 1912.- Во Лозана, Турција и Италија потпишаа Договор за мир, со што заврши Италијанско-турската војна (1911-1912 г.). 1919.- Роден е канадскиот државник Пјер Елиот Трудо, премиер од 1968 до 1979 и од 1980 до 1984 година. 1922.- Основана е Британската радио компанија BBC. 1931.- Во Вест Оринџ, умре Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжи светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. Тој изгради прва електрична централа, ги измисли светилката, монографот (грамофонот), микрофонот, ги усоврши телеграфот, динамо-машината и друго. Современиците го сметаа за "прв добротвор на човештвото". Роден е во Мајлен во 1847 година. 1943.- Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. 1962.- По неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеа во градот и бидејќи не беше регулирано коритото на реката, поплавата го зафати целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траеше три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета. 1967.- Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица "Венера-4", спушти научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. 1972.- Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина. 1982.- Умре францускиот државник Пјер Мандес Франс, водач на левото крило на Радикалсоцијалистичката партија. Како премиер во 1954 година за јаврши француската воена интервенција во Индокина. Власта ја изгуби во 1955 година поради стопанските проблеми и побуни во Алжир. Во Втората светска војна се бореше во Движењето на отпорот до 1942 година, по што се префрли во Лондон и учествуваше во воздухопловните акции на сојузниците во составот на бомбардерските групи „Лорен“. 1983.- Научниците на американската Агенција за еколошка заштита го предупредија светот дека е соочен со опасно зголемување на јаглеродниот диоксид во атмосферата кој може да го наруши производството на храна, да го забрза топењето на мразот на половите и да го заголеми нивото на морињата. 1989.- Генералниот секретар на Единствената социјалистичка партија на Германија Ерих Хонкер, веднаш по посетата на Берлин на советскиот лидер Михаил Горбачов поднесе оставка поради „здравствени проблеми“, а за нов шеф на партијата е избран Егон Кренц. 1998.- Најмалку 700 луѓе загинаа при експлозија на нафтовод на југот во Нигерија. 1998.- Во пожарот на најголемиот нафтовод во Колумбија, предизвикан од бомбашки напад на левичарските герилци, загинаа 62 лица. 1998.- Во Република Македонија се одржаа вторите (по осамостојувањето) парламентарни избори. 1990.- Во Скопје умре Гога Џаџу, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". Роден е во Крушево, во 1922 година. 1994.- Британската кралица Елизабета Втора за првпат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија. 2000.- Американскиот Сенат одобри продажба на храна и лекови на Куба. Тоа претставува најголема измена во ембаргото кое САД го воведе пред четири децении против Куба. 2005.- Умре идеологот на руската Перестројка Александар Јаковљев. Перестројката значително го измени начинот на живот во земјата, а на крајот придонесе и за распад на Советската држава. 2007.- Најмалку 133 луѓе загинаа, а повеќе од 450 беа повредени во Караџа, при напад на конвојот во кој се наоѓаше поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, која се врати во земјата по осумгодишен егзил. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1760.- Роден е Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и филозоф. Без оглед на идеалистичкото сваќање на силите на општествениот развиток, тој се доближи до материјалистичкото сваќање на историјата. Умре на 19 мај 1825 година. 1797.- Во италијанското село Кампоформио Австрија и Франција склучија мир со кој е укината Млетачка република. Франција ги зеде млетачките имоти во Албанија и островите во Јонското Море, а Австрија - Венеција, Истра, Кварнер, Далмација и Бока Которска. 1803.- Роден е унгарскиот политичар Ференц Дак, главен архитект на Двојната монархија во 1867 година, односно на договорот меѓу Виена и Будимпешта со кој е создадена Австроунгарија. 1849.- Во Париз умре Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот. Компонираше исклучиво клавирска музика, збогатена со нови изразни средства, особено во поглед на хармонијата, формата и на пијанистичката техника. Роден е во Железна Вола, кај Варшава, на 1 март 1810 година. 1855.- Англискиот инженер Хенри Бесемер го патентира својот голем пронајдок - добивање на челик од сурово железо - „Бесемеров челик“. 1878.- Избувна Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнаа селото Кресна, каде што се наоѓаше османлиската касарна. Притоа ја зазедоа касарната и ослободија неколку места каде што беше создадена народна власт. Востанието беше задушено дури во јуни идната година. 1895.- Македонскиот револуционер Гоце Делчев испрати писмо до Македонското друштво во Ќустендил, а во врска со навлегувањето во Виничко на четата на Александар Чакаров (бивш учител во Виница), кој имал „намера да прогласи внатрешно востание“. 1907.- Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажа многу попрактична од телефонската врска, за која беа потребни скапи подводни кабли. 1912.- Роден е италијанскиот свештеник Албино Лучиани, кој беше поглавар на Римокатоличката црква само 33 дена, под името Јован Павле I. Умре под неразјаснети околности, но официјално од срцев удар. Остана сомнежот дека е отровен заради реформските идеи спротивни на интересите на врвот на ватиканската к*рија. 1915.- Роден е американскиот писател Артур Милер, еден од најдобрите драмски писатели во 20. век. Дела: “Сите мои синови“, „Смртта на трвоскиот патник“, „Вештерките од Салем“, „Поглед од мостот“, „По падот“ и други. 1918.- Родена е американската филмска глумица Маргарита Кармен Кансино, позната како Рита Хејворт, холивудски секс-симбол на четериесеттите години од 20. век. Филмови: „Само ангелите имаат крила“, „Никогаш нема да се збогатиш“, Дамата од Шангај“. 1919.- Роден е кинескиот политичар Џао Цијанг, кој како премиер беше архитект на економските реформи во осумдесеттите години на 20. век. 1920.- Умре американскиот новинар и револуционер Џон Рид. Неговите дела „Десетте дена кои го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ претставуваат најдобра хроника за Октомвриската револуција. По смртта од тифус, погребен е под ѕидините на Кремљ во Москва. 1935.- Д-р Алберт Ајнштајн познат светски научник, автор на теоријата на релативитетот допатува во САД како бегалец од нацистичка Германија. 1938.- Умре Карл Науцки, германски социјалдемократ, по потекло Чех, истакнат теоретичар и водач на Втората интернационала. Роден е на 16 октомври 1854 година. 1945.- По бранот масовни протести на обесправените „безкошуљаши“, во Аргентина на власт дојде полковникот Хуан Перон кој на митинг во Буенос Ариес триумфално се обрати пред 300.000 луѓе. 1961.- Во Париз во судирите меѓу француската полиција и алжирските демонстранти кои протестираа против колонијалното владеење на Франција во нивната земја, според официјалната верзија загинаа тројца, но според групата за човекови права бројот на жртвите е поголем од 240. 1982.- Во Венеција умре Марио Дел Монако, еден од најпрочуените еветски тенори. Роден е во Фиренца, на 27 јули 1915 година. 1983.- Во Париз умре Рејмон Арон, француски филозоф. Негови најпознати дела се „Социологија на современа Германија“, „Човекот против тираните“, „Војни во синџири“, „Мирот и војната меѓу нациите“, „Мемоари“ и други дела. Роден е во 1905 година. 1989.- Во земјотресот јужно од американскиот град Сан Франциско загинаа 67, а повредени беа повеќе од 600 лица. 1991.- По седумгодишна пауза на електропечката, што беше вклучена на 3 септември 1991 година, топилничарите на ФЕНИМАК ги произведоа првите тони никел. 1994.- На конференцијата на Меѓународната финансиска организaција на комисиите за хартии од вредност (ИОСКО), што се одржа во Токио од 16 до 22 октомври, Република Македонија е примена за полноправна членка. 1994.- Јордан и Израел постигнаа историски мировен договор со кој по 46 години заврши меѓусебната воена состојба. 1994.- Мировните посредници на ОН соопштија дека заврши граѓанската војна, која траеше близу 20 години, помеѓу Ангола и бунтовниците на движењето УНИТА. 1997.- Во Куба е погребен Ернесто „Че“ Гевара (беше убиен во Боливија). Посмртните останки од легендарниот герилски водач се положени во мовзалеј во градот Санта Клара. 1998.- По барање на Шпанија заради судење за убиство на стотина шпански државјани во текот на диктаторското владеење во Чиле, поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче е упасен во Лондон, каде се опоравуваше од операција. 2000.- Во Скопје, во издание на „Круг“ ДОО, излезе првиот број на неделникот „Дневник 7“. 2003.- Во главниот град на Тајван, облакодерот наречен „Тајпеј 101“ ја достигна висината од 508 метри, надминувајќи ја дотогаш најголемата кула „Петронас“ во Куала Лумпур, главниот град на Малезија. 2004.- Во Градската куќа на градот Ажен, во Франција, на македонскиот писател Јордан Плевнеш му е доделена франкофонската книжевна награда „Сребрен јасмин“ за неговото севкупно книжевно дело. Оваа награда се доделува на истакнати француски и франкофонски писатели. 2006.- Најмалку 60 лица беа
повредени, од кои 15 во критична состојба кога се судрија два воза во
метро на централната станица во Рим. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на храната 1430.- Роден е шкотскиот крал Џејмс II, кој владееше од 1437 до 1460 година. Во текот на владеењето го зацврсти авторитетот на круната, успешно продолжувајќи ја работата која ја започна неговиот татко Џејмс I. Во 1460 година Англичаните го убија. 1553.- Умре Лука Кранах, германски сликар и гравер, еден од најзначајните германски ренесански уметници. Роден е во 1472 година. 1649.- Умре Исак ван Остаде, холандски сликар. Роден е на 2 јуни 1621 година. 1758.- Роден е американскиот филолог и лексикограф Ноа Вебстер, симбол на лексикографската традиција во Америка. Во 1806 година го објави својот прв речник на англиски јазик, а во 1828 го објави речникот кој и денеска го носи неговото име. Овој речник се смета за најдобар речник на современиот англиски јазик. 1781.- Во Вајлен, во англиската покраина Јорк, е роден Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година во Њукасл ја основа првата фабрика на локомотиви, а во 1825 година ја изгради првата јавна железничка пруга меѓу Стоктон и Дарлингтон, што беше пуштена во сообраќај за превоз на патници на 25 септември 1825 година. Во 1829 година ја изгради пругата Ливерпул - Манчестер, на која неговата локомотива "Рокит" постигна рекордни 56 километри на час. Умре во едно мало место кај градот Честерфилд, на 12 август 1848 година. 1793.- Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј XVI, кој порано заврши на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време беше едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција. 1813.- Кај Лајпциг почна т.н. "Битка на народите", во која Наполеоновите сили се најдоа под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија беше победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазедоа Лајпциг. Наполеон се повлече преку Рајна и неколку месеци подоцна беше принуден да абдицира. 1815.- Наполеон Бонапарта, откако им се предаде на Англичаните, е протеран на островот Света Елена, каде што ги помина последните шест години од својот живот, главно пишувајќи мемоари. 1846.- Американскиот лекар Џон Ворен првпат во историјата на хирургијата го употреби етерот за поголеми оперативни зафати, отстранувајќи тумор кај пациент во Општата болница во Масачусетс во Бостон. 1854.- Роден е Карл Кауцки, германски социјалдемократ, по потекло Чех, истакнат теоретичар и водач на Втората интернационала. Умре на 17 октомври 1938 година. 1854.- Роден е англискиот писател од ирско потекло Фингал О`Флаерти Вилс, познат како Оскар Вајлд. Беше осуден на две години затвор поради хомосексуалност, а по излегувањето од затвор од 1897 до неговата смрт во 1900 година година живееше во Париз под името Себастијан Мелмот. Дела: „Сликите на Доријан Греј“, „Важно е да се викаш Енерст“, „Идеален маж“, „Салома“, „Вера“, „Војвотката од Падова“ и други. 1886.- Роден е израелскиот државник Давид Грин, познат како Давид Бен Гурион, водач во борбата за создавањето на Израел и прв премиер на еврејската држава од 1948 до 1953 година и повторно од 1955 до 1963 година. Како премиер, од различни герилски групи, ја создаде израелската армија. 1888.- Роден е американскиот писател Јуџин Гледстон О`Нил, творец на модерните американски драми, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1936 година. Дела: „Зад хоризонтот“, „Ана Кристи“, „Сите божји деца имаат крила“, „Цар Џонс“ „Второ патување во Европа“ и други. 1908.- Роден е албанскиот диктатор Енвер Хоџа, шеф на владејачката Партија на трудот на Албанија од 1948 се до смртта во 1985 година. Меѓу двете светски војни беше секретар на кралското претставништво на Албанија во Брисел. Тој веше еден од основачите на Комунистичката партија на Албанија. Ги подржуваше политиката на Информбирото од 1948 до 1956 година, како и диктаторската концепција на Јосиф Сталин дури и по 20. конгрес на Комунистичката партија на СССР, на кој беа осудени методите на Сталин. Подоцна стана приврзаник на Пекинг, но се разиде и со кинескиот комунизам. Во целост ја изолира својата земја, градејќи примитивен авторитарен систем заснован на репресија и физичка елиминација на неистомислениците, но и на соработниците за кои се сомневаше дека би ја загрозиле неговата лична власт. Беше гласноговорник за големоалбанските територијални претензии спрема Југославија. 1921.- Во Штип е роден Славчо Стојменски, народен херој на Македонија. Загина во борба против бугарската фашистичка полиција на 17 август 1943 година, кога во Штип се одржуваше состанок на Обласниот комитет на КПМ. 1922.- Во Скопје почна со работа Музичката школа „Мокрањац“. 1925.- Во Локарно, Швајцарија, е потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создаде ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажа дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку "свети" како западните граници. 1927.- Роден е германскиот писател Гинтер Грас кој светскиот успех го постигна уште со првиот роман. Дела: „Локална анестезија“, „Лимбур“, „Широко поле“, „Мачка и глушец“, „Поплава“. 1945.- Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е востановен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година. 1946.- Беа обесени првите луѓе во Третиот рајх кои Меѓународниот суд во Нирнберг ги осуди на смрт поради воените злосторства во Втората светска војна, шефот на германската дипломатија Јоахим фон Рибентроп и началникот на штабот на Врховната команда на германските оружени сили фелдмаршалот Вилхелм Кајтел. Рајхсмаршалот Херман Геринг, исто така осуден на смрт, претходниот ден се самоуби во затворската келија. 1949.- Со поразот на прокомунистичката Демократска армија во Грција заврши тригодишната Граѓанска војна. 1964.- Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на нуклеарна бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на нуклеарните сили. 1964.- Алексеј Косигин, по смената на Никита Хрушчов, ја состави новата советска влада. 1965.- Од Градскиот стадион во Скопје за првпат Македонската телевизија ја пренесуваше фудбалската прволигашка средба меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, 2:0 за Вардар. 1968.- Москва и Прага потпишаа договор со кој советските турпи заедно со единиците на други земји од Варшавскиот пакт влегоа во земјата на 21 август 1968 година и ги тргнаа од власт реформскиот шеф на Комунистичката партија на Александар Дубчек и неговата влада. 1970.- Анвар ел Садат е избран за претседател на Обединетата Арапска Република, по смртта на претседателот Абдал Гамал Насер. 1973.- Нобеловата награда за мир им беше доделена на државниот секретар на САД Хенри Кисинџер и на неговиот партнер во преговорите Ле Дук То од Северн Виентам кој ја одби наградата. 1978.- Полскиот кардинал Карол Војтил е избран за 264 поглавар на Римокатоличката црква како прв папа без италијанско потекло после 456 години. По изборот тој го носеше името Јован Павле II. 1980.- Умре италијанскиот политичар Луиџи Лондо, прв претседател на Комунистичката партија на Италија, кој во 1964 стана нејзин генерален секретар, а во 1972 година претседател. Ја предводеше антифашистичката борба во северната италијанска провинција Пијемонт. Во 1923 и 1924 година беше затворан од фашистичкиот режим на Бенито Мусолини, а во 1926 година емигрираше. Во 1934 година е еден од иницијаторите за создавање пакт со социјалистите за борба против фашизмот. Под илегалното име Гало учествуваше во Шпанската граѓанска војна каде е ранет како генерален инспектор на Интернационалната бригада. По поразот на републиканците во Шпанија беше однесен во концентрациониот логор во Вернеј од каде по барање на италијанските власти е пуштен. Во 1943 година беше еден од водачите на вооружените борби против фашистите во Втората светска војна. 1981.- Умре израелскиот генерал и политичар Моше Дајан, победник во борбата против Арапите во јуни 1967 година. 1982.- Умре италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, наречен „тенор на епохата“. 1982.- Во Загреб умре Јаков Готовац, хрватски композитор. Роден е во Сплит, на 11 октомври 1895 година. 1984.- Англиканскиот црнечки бискуп на Јоханесбург Дезмонт Туту ја доби Нобеловата награда за мир. 1994.- Во Македонија се одржаа првите (по осамостојувањето) избори за пратеници на Собранието на Република Македонија и за претседател на Република Македонија. За претседател на Република Македонија по втор пат е избран Киро Глигоров. 1996.- Во Исфахан, Иран, на Собранието на Евроазиската Федерација на берзи, Република Македонија е примена за рамноправна членка. 1996.- На стадионот во главниот град на Гватемала загинаа 78 лица во стампедото кое настана по обидот на навивачите без карти да се пробијат на трибините за да го следат квалификацискиот натпревар за светско првенство во фудбал. 1997.- Папата Јован Павле Втори ја обележа 20-тата годишнина откако стана папа со најдолг стаж во Римокатоличката црква. 1997.- Во Санкт Петербург умре академикот Борис Николаевич Путилов, доктор на филолошки науки, долгогодишен научен соработник на Руската академија на науките и еден од најпознатите слависти - фолклористи и балканолози во Русија. Неговата научна мисла има голем придонес за Македонија и самобитноста на Македонците. 1997.- Во Скопје, во издание на НИП „Експрес - Магна Скен“, излезе првиот број на њуз магазинот „Денес“. 1998.- Во Скопје умре Верољуб Андоновски, македонски новинар и публицист. Роден е во Куманово, на 22 јануари 1938 година. 2003.- Умре унгарскиот боксер Ласло Пап. Тој е првиот боксер кој на Олимписките игри три пати едно по друго освојуваше златни медали. 2007.- Македонската музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска. Неговите сопатници Лилјана Петровиќ и Ѓорѓе Ѓорѓевски се здобија со телесни повреди. Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“- верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“- верзија на српски јазик (2004), „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“- хрватска верзија (2007), а изведуваше и голем број странски хитови. Тоше беше амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а постхумно е прогласен за почесен граѓанин на Македонија. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 во Крушево. 2007.- Умре британската актерка
Дебора Кер, позната по еден од најпознатите филмски бакнежи со Берт
Ланкестер во филмот „Одовде до вечноста“. Номинирана е за Оскар за
главни улоги во шест филмови, за да во 1994 година конечно добие Оскар
за животно дело . Филмови: „Јулиј Цезар“, „Одовде до вечноста“, „Добар
ден таго“. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на слепите - Меѓународен ден на пешачењето 70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, творец на совршени дела - песни во кои го величел римското минато. Дела: „Енеида“, „Пастирски песни“, „Песни за земјоделците“. 1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од опсадата на Виена. 1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар, еден од најголемите владетели на Индија, кој ги покори побунетите држави Гуџарат и Кашмир, а го освои и Авганистан. Беше голем реформатор кој настојуваше да ги обедини поданиците на различните вери и раси и го укина ропството. 1582.- Во Шпанија, Португалија и во папските држави во Италија почна примената на календарот на папата Григур XIII. Според советот на астрономите, папата го реформира Јулијанскиот календар, заснован на Сончевата година од 365 дена и шест часа, во кој годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секунди и секоја 128 година се појавува еден ден „повеќе“. Таа разлика се отстрани така што после четврток 4 октомври 1582 година наредниот ден петокот се сметашe како 15 октомври. Годината според Грегоријанскиот календар сепак е подолга од природната за 12 секунди, но разликата од цел ден ќе биде постигната дури после 3320 година. 1608.- Роден е италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепе Торичели му стана секретар, а по смрта на Галилеј ја наследи неговата катедра. 1805.- Роден е Вилхелм Каулбох, германски сликар. Умре на 7 април 1874 година. 1814.- Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станаа антологиски. Загина во двобој во 1841 година. Дела: роман „Јунак на нешето време“, драмата „Максарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“. 1815.- Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен I стаса на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умре. 1817.- Во Швајцарија умре полскиот национален јунак Тадеуш Анзеј Бонавентура Кочушко, учесник во американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска покрена востание против Русија, но неговата војска беше поразена во октомври 1794 година, при што беше ранет и заробен. Во 1796 година беше пуштен на слобода под услов да се откаже од акциите против Русија. 1844.- Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Желба за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“. 1844.- Роден е Симон Грегорич, словенечки свештеник и поет. Умре на 24 ноември 1906 година. 1851.- Во околината на Мелбурн, Австралија, е пронајдено богато наоѓалиште на злато. Покрај индустрискиот развој, ова беше причина голем број Европјани да се населат во Австралија. 1854.- Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: "Ладалото на Леди Виндермаер", "Важно е да се викаш Ернест", "Идеален маж" и други. Умре во Париз, на 30 ноември 1900 година. 1855.- Роден е Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање на нови сорти. Работеше врз крстосување меѓу видовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е и поотпорно. Умре на 7 јуни 1935 година. 1895.- Во Париз под обвинение за велепредавство во корист на Германија, е уапсен францускиот офицер Алфред Драјфус (1859-1935), по потекло Евреин, со што почна бурната афера („Драјфусова афера“) која со години го потресуваше општествениот и политичкиот живот на Франција. Драјфус без вистински докази беше осуден на доживотна робија, но по големото негодување на јавноста и ангажираното настапување на писателот Емил Зола беше откриен вистинскиот виновник, а Драјфус е ослободен и рехабилитиран во 1906 година. 1917.- Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле е погубена во Париз. Таа беше позната танчерка која на сцените предизвикуваше одушевување. Како артистка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена е во 1876 година. 1928.- Германскиот „Граф Цепелин“ го изведе првиот комерцијален лет преку Атлантикот. 1941.- Козјачкиот НО партизански одред го блокира и го претресе манастирот Прохор Пчински, каде што сметаше дека има сместено бугарски полицајци. Акцијата беше изведена, но полицајци не беа најдени. 1945.- Пјер Лавал е убиен врз основа на судска пресуда заради предавство на својата земја на Германија. 1946.- Германскиот воен злосторник Херман Геринг изврши самоубиство во затворска келија еден ден пред да биде погубен врз основа на пресудата од Меѓународниот суд за воени злосторства во Нирнберг. 1949.- Во Унгарија по монтирани сталинистички судски процеси како „титоисти“ погубени се Ласло Рајк, Тибор Сони и Андраш Салаи. 1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов беше тргнат, а следниот ден беше објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија стана Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин. 1964.- Умре Кол Портер, американски композитор на музички комедии. Најпознато дело му е „Бакни ме Кети“. Роден е во 1893 година. 1984.- Во Торонто, Канада, излезе првиот број на весникот на Македонците во Канада "Македонија". 1986.- Во Скопје, во адаптирани простории на Старата железничка станица, е даден во употреба Салонот на весникот „Остен“, во којшто е отворна Осумнаесеттата изложба на Светската галерија на карикатури на тема „Се е кабаре“. 1987.- Во државен удар е убиен претседателот на Буркин Фасо капетан Томас Санкара, а шеф на државата стана капетанот Блез Компаоре. 1989.- Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. Роден е во Суботица, на 22 февруари 1935 година. 1990. - Советскиот претседател Михаил Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, со образложение дека го задолжил светот со политиката на мир, но многумина во неговата земја подоцна ја доживеаја како награда за разбивање на СССР. 1992.- Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач. 1993.- Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добија Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка. 1993.- Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) е примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА). 1995.- На референдум во Ирак претседателот Садам Хусеин, како единствен кандидат, доби безмалку стопроцентна поддршка и во наредните седум години да ја предводи државата. 1995.- По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница. 1997.- Бунтовниците во Република Конго по четиримесечната граѓанска војна го тргнаа од власт претседателот Паскал Лисиба, а на власт го вратија бившиот претседател Денис Сасу Нгуесо. 1997.- Во Скопје умре Владо Чучков, еден од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден е во 1929 година. 2000.- Во Струмица умре Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“ и други, на драмските дела „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден е во Струмица, на 4 јуни 1949 година. 2003.- Кина успешно го лансира првиот вселенски брод со екипаж со што стана трета земја која во вселената испрати човек, 42 години по историскиот лет на Јуриј Гагарин. Во орбитата околу Земјата, од космодромот Џингуан кој се наоѓа во пустината Гоби, лансиран е бродот „Шенџоу - 5“ со астронаутот Јанг Левиј. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден за стандардизација.
322 п.н.е.- Во храмот на боговите Посејдон, на грчкиот остров Калаури, се самоуби, испивајќи отров, најголемиот оратор на стариот век Демостен. Неговите беседи (наречени „филипики“) и судските говори, според оценката на Циверон, претставуваат формула за говорничката вештина. Роден е околу 380 година пред н.е. 1066.- Норманската инвазиска армија на војводата Вилијам од Нормандија, идниот англиски крал Вилијам I Освојувач, ги победи саксонските трупи на англискиот крал Харолд, кој загина. Инвазијата беше изведена со благослов од папата, бидејки Саксонците останаа православни по формалниот расцеп на христијанската црква во 1054 година на римокатоличка и православна. 1322.- Војската на шкотскиот крал Роберт I силно ги порази англиските трупи под команда на кралот Едвард II во битката кај Биланд. Ова придонесе англискиот монарх во 1328 година безволно да ја признае независноста на Шкотска. 1806.- Под команда на Наполеон I, француските трупи ја победија пруската армија и во битката кај Јене ја покорија Прусија. 1808.- Французите ја укинаа Дубровничката Република, која беше создадена во 15 век. Во 1806 година Дубровник беше окупиран од Франција. Врз основа на одлука на Виенскиот конгрес Дубровник во 1815 година влезе во состав на Австрија. На Кралството на СХС Дубровник му припадна во 1918 година, а од 1991 година по распаѓањето на СФРЈ Дубровник и припаѓа на Република Хрватска. 1809.- Со Виенскиот мир Австрија беше принудена Трст и Илирска провинција (Далмација) да и ги предаде на Франција, Галиција на Полска и на Русија, а областа Ин на Баварија. 1824.- Роден е Адолф - Јосеф - Тамас Монтичели, француски сликар. Умре на 29 јуни 1886 година. 1882.- Роден е ирскиот државник Емон де Валера, водач на партијата „Шин фејн“ од 1917 до 1926 година, со два кратки прекина како премиер од 1937 до 1959 година, а потоа во 1973 година беше претседател на Ирска. Во 1923 година беше претседател на Друштвото на народите. 1890.- Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28 март 1969 година. 1894.- Роден е американскиот писател Едвард Естлин Камингс, писател со силна лирска дарба во чии песни доминираат теми за љубовта и смртта. 1912.- Претседателот на САД Теодор Рузвелт во Милвоки го преживеа атентатот. к*ршумот го запре дебелиот капут и неколку парчиња хартија што ги имал во внатрешниот џеб. 1913.- Во најголемата рударска несреќа во Велика Британија, во рудникот за јаглен во Гламорген во Велс загинаа 439 рудари. 1919.- Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24 февруари 1976 година. 1927.- Роден е англискиот глумец Роџер Мур, кој главно играше во акциони филмови и ТВ серии. Го замени Шон Конери во серијата филмови за тајниот агент 007. Филмови: „Ајванхо“, „Живеј и пушти ги другите да умрат“, „Човекот со златен пиштол“, “Шпионот кој ме сакаше“, „Само за твоите очи“. 1930.- Роден е конгоанскиот (заирски) диктатор Жосеф Дезире Мобуту, познат како Мобуту Сесе Секо, претседател на Заир од 1965 до 1997 година. 1933.- Германија ги напушти Друштвото на народи и конференцијата за разоружување во Женева. 1939.- Повеќе од 800 морнари загинаа на британскиот воен број „Ројал оук“ покрај Северна Шкотска, кој го потопи германска подморница. 1941.- Германските војници во Србија во Втората светска војна направија еден од најголемите воени злосторства стрелајќи во Краљево повеќе од 6.000 српски цивили, вклучувајќи жени и деца. 1941.- Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе. 1941.- Кај селото Бељановце, Кумановско, бугарската полиција ја разби групата (четата) „Карадак“ на Кумановскиот НО партизански одред. Притоа, покрај другите, загинаа Боро Менков, командант, Перо Георгиев - Чичко, политички комесар и Бајрам Шабани, Магдалена Антова борец на таа група - четворицата народни херои на Југославија, од Македонија. Менков е роден во Куманово, во 1919 година. Георгиев исто така во Куманово, во 1918 година, а Шабани во селото Липково, Кумановско, во 1920 година. 1944.- Германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ изврши самоубиство. 1944.- Британските и грчките сили во Втората светска војна ја ослободија Атина од Германија. 1947.- Летајќи со воен авион на млазен погон во фаза на испитување, американскиот воздухопловен капетан Чарлс Јергер стана првиот човек кој го проби звучниот ѕид. 1959.- Умре американскиот филмски глумец од австралиско потекло Ерол Флин, кој најчесто играше правдољубиви јунаци во авантуристички филмови. Филмови: „Капетан Блад“, „Авантурите на Робин Худ“, „Гусар“, „Џентрлменто Дим“, „Вирџинија сити“, „Корените на пеколот“. 1963.- Генералното собрание на ООН едногласно усвои резолуција за давање помош за обнова и изградба на Скопје, поради земјотресот што го зафати на 26 јули 1963 година. 1964.- Американецот од африканско потекло Мартин Лутер Кинг, борец за човекови права, инаку црнец, ја доби Нобеловата награда за мир. 1970.- Во тајфунот што ги зафати Филипини загинаа повеќе од 780 луѓе. 1973.- Во Тајланд владата на Таноми Китикачорн беше принудена да поднесе оставка бидејќи армијата го одби неговото барање со сила да ги прекине студентските демонстрации. 1997.- Умре американскиот пејач и филмски глумец Хари Лилис „Бинг“ Крозби, рекордер по бројот на снимени плочи, како и добитник на Оскар за филмот „Одејќи по својот пат“. 1998.-Египќанецот Нагиб Махфуз стана првиот арапски писател кој доби Нобелова награда за книжевност. 1990.- Во Њујорк умре Ленард Бернштајн, славен американски диригент и композитор. Со светска слава се здоби како диригент на најпознатите оркестри и како композитор на познатиот мјузикл „Приказна за западната страна“. Роден е на 25 август 1918 година. 1990.- Германија и Полска потпишаа договор за границата на реката Одри. 1991.- Водачот на бурманската опозиција Аунг Сан Су Чи, која тогаш беше скоро две години во домашен притвор под режим на воената хунта, ја доби Нобеловата награда за мир. 1993.- Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име - Република Македонија. 1994.- По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма. 1994.- Премиерот на Израел Ицак Рабин, шефот на израелската дипломатија Шимон Перес и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасеф Арафат ја поделија Нобеловата награда за мир. 1996.- Умре приоф. д-р Изидор Папо, по потекло босански Евреин, еден од најистакнатите хирурзи на поранешна Југославија, член на САНУ. Беше долгогодишен началник на Хируршката клиника на Воено-медицинската академија во Белград и долгогодишен главен хирург на бившата ЈНА. Посебно треба да се одбележи дека од неговото одделение и лично од него се лекувани многу пациенти од Македонија и дека има големи заслуги за развојот на хирургијата во Македонија. Роден е во Љубишки, кај Мостар, во 1913 година. 1998.- Нигерискиот писател Воле Сојинк, добитник на Нобеловата награда за книжевност, се врати во земјата после безмалку четири години бегство на кое го принуди диктаторскиот режим на воената хунта на кој жестоко му се спротивставуваше. 1999.- Умре танганискиот државник Џулиус Камбараг Њерере, истакнат лидер на движењето на неврзаните, прв претседател на Танганике (денешна Танзанија) од 1962 до 1985 година, кога и поднесе оставка, а тоа е редок пример за една Африканска држава. Тој беше еден од основачите на Организацијата на африканското единство во 1963 година. 2000.- Во северниот нигерски град Кано најмалку 200 луѓе се убиени во дводневните нереди со палењето на повеќе цркви и џамии, како и продавници. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
12 октомври (MИА) 1492.- Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигна на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргна со три бродови: "Санта Марија", "Ниња" и "Пинта". Во текот на патувањето ги откри Куба и Хаити, каде што остави дел од своите луѓе и се врати во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одеше на слични патувања. 1518.- Германскиот верски реформатор Мартин Лутер го одби барањето од римската к*рија да се покае и одрече од своите уверувања. 1811.- Парагвај прогласи независност од Шпанија и Аргентина. 1822.- Бразил доби независност. Дотогаш оваа земја беше португалска колонија. 1870.- Умре американскиот најпознат војсководец генралот Роберт Едвард Ли, командант на армијата на Северна Вирџинија во Граѓанската војна во САД од 1861 до 1865 година. Соочен со неспоредливо надмоќната армија на Северот, на 9 април 1865 година капитулира. 1896.- Во Џенова е роден Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго", "Дневник на 71 и 72 години" и други. Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Умре во Милано, на 12 септември 1981 година. 1924.- Умре францускиот писател Анатол Франс, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1921 година. Дела: „Златни песни“, романи „Современа историја“, „Црвениот крин“, „Боговите се жедни“, „Таида“, „Островот на пингвините“ и други. Роден е во Париз, на 16 април 1844 година. 1924.- Во својот имот Ла Бешлери, кај Тур, умре Анатол Франс (вистинското име му е Франсоа Анатол Тибо), француски романсиер, сатиричар и критичар. Како извонреден стилист во своите дела отворено го изразува незадоволството од тогашната општествена состојба, а по Октомвриската социјалистичка револуција во Русија застана на страната на советскиот пролетаријат. Негови главни дела се „Бунтот на ангелот“, „Боговите се жедни“ и други дела. Во 1921 годија ја доби Новеловата награда за литература. Роден е во Париз, на 16 април 1844 година. 1934.- Малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ е прогласен за крал на Југославија, три дена откако неговиот татко Александар I беше убиен во Марсеј, во атентат кој со помош на италијански фашисти беше извршен од хрватски усташи. 1935.- Во Модена е роден италијанскиот оперски пејач Лучано Павароти чиј обоен глас со големи дијапазони карактеризираат силни тонови во високиот регистар. Кариерата на светска оперска ѕвезда ја почна во 1961 гдоина со улогата Роберт во операта „Боеми“ на Ѓакомо Пучини. Умре во Модена, на 6 септември 2007 година. 1941.- Во Прилеп, бугарската полиција уапси 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето беа издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и беа префрлени во Битола, а потоа беа изведени пред суд. 1941.Во Куманово партизанскиот одред ги нападна Бугарските единици и со тоа го започна отпорот против Бугарската окупација во Македонија. 1942.- Во битката на пацифичкиот остров Гвадалканал во Втората светска војна Американците ги поразија Јапонците и го спречија нивното навлегување во Австралија. 1960.- Во Генералното собрание на Обединетите нации, во текот на дебатата за колонијализмот, советскиот лидер Никита Сергеевич Хрушчов го соблече чевелот и со него тресна неколку пати на масата. 1964.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Восток-1" со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров. 1968.- По 190 години шпанска колонијална управа, африканската држава Екваторијална Гвинеја се здоби со независност. 1968.- Националната гарда на Панама предводена од полковникот Омар Ториос Херер го собири претседателот Арнулф Аријас Мадрид. 1969.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Сојуз-7" со екипаж од три члена, кои се сретнаа со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод "Сојуз-6". 1969.- Умре Соња Хени, норвешка лизгачка и филмска актерка, светска првенка во уметничко лизгање од 1927 до 1936 година и трикратна олимписка победничка (1928, 1932 и 1936 година). Родена е во 1912 година. 1976.- Кинескиот премиер Хуа Гуофенг стана шеф на владејачката Комунистичка партија. 1978.- Во Вашингтон со учество на претседателот на САД Џими Картер започнаа мировните преговори помеѓу Израел и Египет. 1984.- Во експлозија на бомба подметната од терористи на Ирската републиканска армија во „Гранд хотел“ во англискиот град Брајтон, каде се одржуваше годишната конференција на британските конзервативци, загинаа пет луѓе. 1990.- Исламски терористи на мотоцикли во Каиро од заседа ги убија претседателот на египетскиот парламент Рифат Махџуба и тројца негови телохранители. 1992.- Во земјотрес во Каиро загинаа повеќе од 550 луѓе. Епицентарот на земјотресот беше во близина на пирамидите во Гиза. 1993.- Кралството Белгија ја призна Република Македонија. 1993.- Народна Република Кина ја призна Република Македонија. 1994.- Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започна изградбата на пругата кон Бугарија. Изградбата на железничката пруга Куманово-Бељаковци-Деве Баир чини околу 120 милиони долари. 1995.- На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија премина во редовно членство во Организацијата за безбедност и соработка во Европа. 1996.- Умре францускиот тенисер Рене Лакост, основач на компанијата за производство на спортска опрема препознатлива по заштитниот знак „крокодилче“. 1997.- Во Монтереј Баи во близина на крајбрежниот пацифички град Гров, јужно од Сан Франциско, во авионска несреќа загина Џон Денвер, американски фолк пејач. Познат е по своите хитови „Одведи ме дома“ и „Сонцето на моите рамења“. Во 1975 година беше прогласен за најдобар пејач на кантри музиката. Роден е во 1944 година. 1997.- Во Скопје умре д-р Нијази Лимановски, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основоположник на Културно-научните манифестации на Македонците муслимани и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Роден е во селото Ростуше, на 27 јуни 1941 година. 1999.- Генералот Первез Мушараф со воен удар ја собори владата на премиерот Наваз Шариф, го распушти Парламентот и воведе вонредна состојба. 2000.- Исламски терористи во јеменското пристаниште Аден со мал брод наполнет со експлозiв удрија во американскиот разорувач „Кол“ усмртувајќи 17 и ранувајќи повеќе од 10 американски морнари. 2002.- Во експлозија на две подметнати бомби во летовалиштето „Кута бич“ на индонезискиот остров Бали загинаа 202 лица од 21 земја, а повредени беа повеќе од 300. Повеќето од жртвите на терористичкиот напад беа туристи воглавно од Австралија, Велика Британија, САД, Франција, Германија и од Шведска. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
11 октомври 1521.- Папата Лав X на англискиот крал Хенри VIII му ја додели титулата „Бранител на верата“ бидејќи кралот објави книга во која се осудуваат идеите на германскиот верски реформатор Мартин Лутер. 1531.- Војската на швајцарските римокатолички кантони ги порази силите на градот Цирих и неговите протестантски сојузници, а во битка загина протестантскиот верски реформатор Улрих Звингли. 1737.- Од земјотресот во Калкута, Индија, загинаа околу 300.000 лица. 1885.- Во Бордо е роден Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Негови најпознати романи се "Дете под товарот на веригите", "Бакнежи за прокажаниот", "Црните анѓели" и многу други дела. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 1 септември 1970 година. 1895.- Во Сплит е роден Јаков Готовац, хрватски композитор и диригент. Компонираше опери, хорови, соло-песни, симфониски композиции, сценска музика и друго. Автор е на прочуената опера „Еро од оној свет“. Умре во Загреб, на 16 октомври 1982 година. 1896.- Во Виена умре Антон Брукнер, австриски композитор и свирач на оргули. Компонираше симфонии и црковна музика. Роден е на 4 септември 1824 година. 1899.- Почна тригодишната Бурска војна помеѓу јужноафриканските бурски држави и Велика Британија. 1910.- Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напиша околу 200 научни трудови. Умре во Скопје, на 24 ноември 1985 година. 1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија. 1942.- Во селото Крива Река кај Брус, германски и бугарски војници во Втората светска војна ги затворија сите жители во црква и ја дигнаа во воздух, усмртувајќи 320 цивили, воглавно жени и деца. 1945.- Во Кралево, во авионска несреќа загина Панче Неделковски, полковник и заменик командант на ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, полковникот Димче Туриманџоски и капетанот Стеван Ташков. Панче Неделковски е учесник на Првото заседание на АСНОМ. Неделковски е роден во Скопје, на 24 април 1912 година. 1946.- Градот Велес (во СР Македонија) го доби името Титов Велес, а од 16 септември 1996 година го носи своето старо име Велес. 1947.- Во чест на Денот на востанието на македонскиот народ во Битола и во Штип беа организирани првите фестивали на народни игри, песни и инструменталисти од сите краишта на Македонија. 1953.- Во Скопје, во издание на Матицата на иселениците од Македонија, излезе првиот број на илустрираното списание „Македонија“. 1962.- Папата Јован XXIII го отвори Вториот ватикански сoбор, прв таков собир од 1870 година на кој ги навести рефромите. 1963.- Уме Жан Кокто, француски писател и сликар. Тој е писател кој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговиоте сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет, и мелодрама, до комедии и класични трагедии. Беше и најзабележителен сликар кој ги илустрираше сите свои дела. Од 1955 година беше член на Француската академија на науките. Роден е на 5 јули 1889 година. 1963.- Умре француската пејачка од италијанско потекло Едит Пјаф, ѕвезда на кабарето и симбол на француската шансона. Компонирала шансони и текстови за нив. 1964.- Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм "Востанати" работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание. 1972.- Во Скопје свечено е отворена новата зграда на Националната и универзитетска библиотека. 1977. Во атентат е убиен претседателот на Северен Јемен полковникот Ибрахим ал Хамди. 1980.- Двајца советски космонаути ја завршија дотогаш најголемата космичка мисија во вселената, престојувајќи 185 дена во бродот „Саљут 6“. 1988.- Говорот на папата Јован Павле II беше прекинат во Европскиот парламент во Стразбур кога британскиот пратеник од Северна Ирска, протестанскиот свештеник Јан Пејзли извика „антихрист“, покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Јован Павле II антихрист“. 1990.- На стадионот „1 Мај“ во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, на кој присуствуваа 150.000 гледачи еуфорично беше поздравена победата на фудбалската репрезентација на Северна Кореја над Јужна Кореја со резултат од 2:1. Тоа беше историски пријателски натпревар, прво меѓусебно спортско натпреварување на домашно тло на поделената земја. 1993.- На 86. Генерална конференција на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ), што се одржа во Тел Авив, од 11 до 17 октомври, Воздухопловниот сојуз на Македонија (ВСМ) е примен за полноправен член. 1993.- Исламски терорист во Осло го рани норвешкиот издавач Вилијам Нигард. Тој ја печатеше книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индијско потекло Салман Ружди. 1994.- Во Анталија, во Турција на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакна заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО. 1994.- Почна изградбата на пругата Куманово - Бељаковце - Деве Баир кон Бугарија. 1996.- Умре Борислав Трајковски македонски ликовен уметник. Роден е во Битола, на 15 јуни 1917 година. 2002.- Во експлозија на бомба која на пазар во центарот на Хелсинки ја подметна и загина 19-годишниот студент на хемија, кој упатството за правање бомба го „симна“ од Интернет, загинаа седум, а беа ранети 85 луѓе. 2004.- По одлуката на Триполи да се откаже од оружјето за масовно уништување, Европската унија го укина ембаргото врз Либија. 2004.- Во Њујорк умре Кристофер Рив, американски актер. Најпознат е по улогата од филмот „Супермен“. Роден е во 1952 година. 2005.- Во Либерија, најстарата независна африканска држава (од 1847 г.), освен во Етиопија, се одржани претседателски и парламентарни избори, први по 14-годишната граѓанска војна. 2007.- Во Њујорк умре Шри Чинмој, еден од најголемите духовни водачи, поет и активист за мир, музичар, ликовен уметник, спортист, основоположник и организатор на голем број културни и хуманитарни програми. Во 2003 година ја посети Македонија и одржа концерт во Универзалната сала во Скопје. Роден е во Индија, во 1931 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1684.- Роден е францускиот сликар Жан Антоан Вато, типичен претставник на рококо. Неговото сликарство е со деликатен колорит и осетливи цртежи воглавно посветени на темите од животот на аристократите. 1813.- Роден е италијанскиот композитор Ѓузепе Верди, кој заедно со Рихард Вагнер се најистакнатите романтичарски оперски творци на 19. век. Дела: оперите „Набуко“, „Травијата“, „Трубадур“, „Риголето“, „Бал под маски“, „Моќта на судбината“, „Дон Карлос“, „Аида“, „Отело“. 1837.- Умре францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој сметаше дека капитализмот е „асоцијален“ бидејки во него поединците се постојано во борба едни со други. Дела: „Нов индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири движења“, „Собрани дела“ (шест книги постхумно). 1861.- Роден е норвешкиот поларен истражувач, дипломат и хуманист Фритхоф Нансен, професор по океанографија на Универзитетот во Осло, добитник на Нобеловата награда за мир во 1922 година. Од 1893 до 1896 година ги истражувал Гренланд и Северен леден океан пловејќи со бродот „Фрам“ кој е конзервиран и се чува во близина на Осло. По Првата светска војна се занимава со заштита на воените заробеници и националните малцинства. Како висок комесар во Друштвото на народите раководи со репатријацијата на воените заробеници и придонесува за потпишување на Женевскиот протокол за бегалци. Емигрантскиот пасош наречен „Нансенов пасош“ кој служи како потврда за идентитет за раселените луѓе и сега е во употреба. 1888.- Роден е рускиот револуционер Николај Иванович Бухарин, професор по политички економии на Универзитетот во Москва, кој на бољшевиците им се приклучи во 1906 година по Октомвриската револуција во 1917 година. Дела: „Економика на преодниот период“, „Теорија на историскиот материјализам“ и други. 1892.- Во селото Долец, кај Травник, е роден Иво Андриќ, книжевник, еден од најголемите југословенски писатели. Освен песни во проза, ги напиша и прочуените романи „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“ и други. Во 1961 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Белград, на 13 март 1975 година. 1901.- Роден е швајцарскиот скулптор и сликар од италијанско потекло Алберто Ѓакомети. 1904.- Во Скопје е роден Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, на чие чело, како директор застана половина деценија подоцна. Тој е основач и прв раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот плоден твореки живот објави повеќе од дваесет стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Умре во Скопје, на 26 јануари 1961 година. 1910.- Во Прилеп е роден Димитар (Димче) Стојанов - Мире, професор по историја, учесник во НОВ на Македонија и делегат на Првото заседание на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ е избран за член на Президиумот на АСНОМ и повереник за просвета на Македонија. Потоа беше министер за просвета на НР Македонија, претседател на Народното собрание на НР Македонија (1951-1955) и директор на Архивот на Македонија (1960-1978). Еден е од основоположниците на архивската служба во Македонија. Умре во Скопје, на 4 септември 1991 година. 1913.- Заврши изградбата на Панамскиот канал долг 81,6 километри со кој се споени Атлантскиот и Тихиот Океан. Бродовите почнаа да го користат дури на 15 август 1914 година. 1917.- Заради торпедирање на бразилските бродови, Бразил во Првата светска војна и објави војна на Германија. 1943.- Генералисимус Чанг Кај Шек положи заклетва како претседател на Кина. 1944.- Во селото Лаки, на планината Плачковица, е формирана Деветнаесеттата македонска НО бригада која учествуваше во ослободувањето на Македонија. 1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. Учествуваше во завршните операции за ослободување на Македонија, а по ослободувањето учествуваше во расчитувањето на теренот од балистичките банди. 1944.- Во Скопје во присуство на 150 граѓани, припадници на сите националности и професии, е одржана првата изборна конференција за избор на Градски народноослободителен одбор. Конференцијата се одржа тајно, бидејќи Скопје се уште не беше ослободено. Беше извршен избор на Градски народноослободителен одбор од 30 членови и Извршен одбор од девет членови. За претседател беше избран Лазар Танев, а за секретар Кирил Пенушлиски. 1944.- Ослободено е Богданци. 1946.- Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. 1954.- Виетнамскиот лидер Хо Ши Мин влезе во Ханој, главниот град на Виетнам, кого два дена пред тоа го напуштија француските колонијални трупи. 1964.- Во Токио се отворени Олимписките игри, први во Азија. 1967.- Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На 23 февруари 1967 година е донесен Законот за основање на МАНУ, а на 9 октомври 1967 година е извршено конституирањето на МАНУ. 1970.- Умре фаранцускиот политичар Едуар Доладер, потписник на Минхенскиот пакт со Германија во 1938 година со кој Адолф Хитлер ја распарча Чехословачка. Меѓу двете светски војни беше трипати премиер, а во Втората светска војна е интерниран во Германија по окупацијата на Франција. 1973.- Потпретседателот на САД Спиро Егњу мораше да поднесе оставка бидејќи беше обвинет дека не плаќа даноци. 1980.- Во земјотрес во Алжир загинаа 2.580 луѓе, а околу 330.000 граѓани во градот Ал Аснам останаа без покрив над главата. 1982.- САД наметнаа санкции врз Полска поради одлуката на полсаката Влада да го забрани синдикатот „Солидарност“. 1985.- Умре американскиот филмски глумец и режисер Орсон Велс. Неговиот прв филм „Граѓанинот Кејн“ е еден од најдобрите во историјата на кинематографијата. Орсон Велс изгради свој стил и секое негово дело носи печат на силна и оригинална личност. Во 1971 година доби Оскар за животно дело. Филмови: режија и глума - „Величенствените Амберсонови“, „Дамата од Шангај“, „Магбет“, „Отело“, „Зрно зло“, „Господин Аркаден“, „Процес“, „Вистина и лаги“, глума - „Третиот човек“, „Хотел Интернационал“. 1985.- Умре американскиот филмски и театарски глумец од руско-ромско-монголско потекло Јул Бринер, еднакво добар во карактерните, авантуристичките и дискретните комични улоги. За филмот „Кралот и јас“ е награден со Оскар, а во театар со години ја играше истоимената претстава. Филмови: „Десетте божји заповеди“, „Анастасија“, „Браќа Карамазови“, „Соломон и Саба“, „Седумтемина величенствени“, „Тарас Буљба“, „Западен свет“. 1990.- СССР и Германија потпишаа договор за повлекување на советските војници од Германија до крајот на 1994 година. Во тоа време во Германија беа 380.000 советски војници и 220.000 членови на нивните семејства. 1991.- Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. 1991.- Во главниот град на Канада - Отава, пред неколку десетици илјади присутни, беше откриен првиот светски споменик на мировните единици на Обединетите нации. 1993.- Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. 1994.- Во Скопје е отворен Ургентно-хируршки центар при Медицинскиот факултет. 1995.- Израел согласно мировниот договор со Палестинската ослободителна организација го започна повлекувањето од Западниот Брег и од затвор ослободи околу 300 Палестинци. 1996.- Пуштен е во сообраќај автопатот Тетово - Гостивар во должина од 20 километри. 1997.- Падот на авионот DC-9 на аргентинската компанија ALA во Уругвај не го преживеа никој од 74 патници и членови на екипажот. 2000.- Умре државничката Сиримаво Бандеренајке, прва жена премиер во светот. Во историјата влезе станувајќи премиер на Цејлон (сегашна Шри Ланка) на 21 јули 1960 година. Со Шри Ланка управуваше од 1960 до 1977 година и беше еден од основачите на движењето на неврзаните. 2003.- Ширин Ебади, ирански адвокат и борец за човекови права ја доби Нобеловата награда за мир. 2004.- Умре американскиот глумец
Кристофер Рив, филмскиот „Супермен“, кој од 1995 година беше врзан за
инвалидска количка поради пад при јавање со што скрши два пршлена. Во
ваква состојба игра во многу филмови, вклучувајќи го и римејкот на
легендарниот Хичков „Прозорец во двор“. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Денеска е Светскиот ден на поштите. 1547.- Роден е Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот "Дон Кихот". Овој роман е преведен на сите светски јазици. Ги напиша и романите "Галатеу" и "Персилеса и Сигисмунду". Умре во Мадрид, на 23 арприл 1616 година. 1757.- Роден е францускиот крал Шарл Десетти, кој на престолот седна во 1824 година, а во 1830 година беше соборен во Јулската револуција, по обидите да ја обнови апсолутната монархија. Неговиот брат Луј XVI е убиен во 1793 година во Француската револуција. 1806.- Прусија и објави војна на Франција, во која е поразена и загуби делови западно од Лабе и од Полска. 1831.- Убиен е првиот претседател на Грција, Јоанис Каподистријас, еден од водачите во борбата за независност од Отоманското царство. Во 1809 година стапи на служба во Руското царство и беше претставник на Русија на Виенскиот конгрес и шеф на руската дипломатија од 1815 до 1822 година. По враќањето во Грција, учествуваше во борбите за ослободување. Во 1827 година дојде на власт, а беше убиен во атентат. 1854.- Во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, - Македонски влав по потекло од Струшко,научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. Најголема слава и признание му донесоа "Пупиновите калеми" со кои се овозможува пренос на телефонските разговори на големи далечини. Умре во Њујорк, на 12 март 1935 година. 1857.- Во Дубровник е роден Иво Војновиќ, хрватски драмски писател. Пишуваше во духот на традицијата на хрватскиот реализам. Познати се неговите дела „Дубровничка трилогија“, „Еквиноциум“, „Смртта на мајката на Југовиќите“, „Госпоѓата со сончоглед“ и други. Умре во Белград, на 30 август 1929 година. 1876.- Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. 1892.- Роден е српскиот писател од хрватско потекло Иво Андриќ, единствен југословенски добитник на Нобеловата награда за книжевност, брилјантен стилист. Дела: „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“, „Омер-паша Латас“ (недовршен) и други. 1894.- Во Петроград е роден академикот проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, беше раководител на историското одделение при Архивот на СР Мекедонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Умре во Скопје, на 3 февруари 1987 година. 1906.- Роден е сенегалскиот државник, филозоф и писател Леополд Седар Сенгор, член на Француската академија и претседател на Сенегал од 1960 до 1980 година. Дела: „Нова антологија на црнечките и малгашки поезии“, „Слобода I: Царство и хуманизам“, „Слобода II: Нација и африканскиот пат во социјализмот“ и други. 1908.- Роден е францускиот фимски режисер и глумец од руско потекло Жак Татишчев, познат како Жак Тати, поетски сатиричар. Филмови, режија и глума: „Празничен ден“, „Одморот на господин Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“. 1934.- Убиен е југословенскиот крал од српско потекло Александар I Караѓорѓевиќ, наречен „Крал Обединител“, прва жртва на фашизмот. Атентатот во Марсеј, во кој е убиен и шефот на француската дипломатија Жан Луј Барту го организирале усташи и италијански фашисти, а пасошот најден кај убиецот е издаден во Загреб на име Петар Келеман. Караѓорѓевиќ стана крал на Србите, Хрватите и Словенците на 6 ноември 1921 година. 1940.- Роден е англискиот музичар Џон Ленон, автор на повеќето песни на поп групата „Битлси“. 1958.- Умре папата Пие XII, од италијанско потекло, првосвештеник на Римокатоличката црква од 1939 година. Беше поддржувач на италијанските фашисти и германските нацисти. 1962.- Африканската држава Уганда стана независна по безмалку 70 години биртанска колонијална управа. 1963.- Повеќе од 2.000 луѓе загинаа по пукнувањето на 300 метри високата брана „Вајонт“ кај Белуна, во североисточна Италија. 1967.- Убиен е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година. Во Мексико се запозна со Фидел Кастро. Беше министер за земјоделство, а Куба ја напушти во 1965 година. Во Боливија, сакајќи да го поведе народот во востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашната олигархија, беше убиен. Дела: „Спомени на кубанската револуција“, „Дневник од Боливија“. 1967.- Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. За претседател на МАНУ е избран Блаже Конески (до 1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. 1968.- Во Париз Умре Андре Мороа, француски писател, автор на најголем број романи и романизирани биографии за Дизраели, Бајрон, Волтер, Тургенев и други. Роден е на 26 јули 1885 година. 1974.- Во Скопје свечено е предадена во употреба новата зграда на Театарот на народностите. 1975.- На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите "бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот", се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. Меѓутоа, во изјавата на 72 советски научници, што е објавена на 25 октомври, се осудува одлуката Нобеловата награда да му се додели на Сахаров. 1983.- Во експлозија на бомба во главниот град на Бурма, Рангуна, за која Јужна Корија ги обвини севернокорејските агенти, беа убиени 18 јужнокорејски функционери, вклучувајќи и четири клучни министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Ли Бум Сук. 1987.- Во Загреб умре Владимир Ружѓак, еден од најистакнатите поранешни југословенски и светски оперски пејачи - познат баритон, долгогодишен член на оперите во Загреб, во Хамбург и на „Метрополитен“ операта во Њујорк. Роден е во 1922 година 1989.- Пуштена е во сообраќај делницата на автопатот Скопје - Петровец. 1994.- Во селото Црник, Пехчевско, е осветена црквата „Света Петка“. 1995.- Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. 1995.- Во Скопје умре Миодраг Друговац, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар, аналитичар, антологичар, преведувач и новинар. Неговото книжевно дело е мошне обемно. Роден е во селото Друговац, кај Пожаревац, во Србија, на 12 октомври 1928 година. 1997.- Повеќе од 200 луѓе загинаа во ураганот „Паулина“ во мексиканското летувалиште Акапулко. 1999.- Бројот на жртвите во поплавата во Мексико ја надмина бројката 400. 1999.- Во Охрид, митрополитот брегалнички г.г. Стефан (Стојан Велјановски) е избран за поглавар (петти по ред) на Македонската православна црква. Пред него поглавари на Македонската православна црква беа: г.г. Доситеј (Димитар Стојановски), г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) и г.г. Михаил (Методи Гогов). 2001.- Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски потпиша изјава со која се потврдува намерата за амнестија на припадниците на таканаречена ОНА, кои доброволно го положија оружјето во рамките на мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ заклучно со 26 септември 2001 година. 2003.- Умре францускиот филозоф и теоретичар Жак Дерида, познат по концепцијата „деконструкција“. Покрена широка критичка расправа за филозофијата и е еден од иницијаторите на познатата париска група „Тел-куел“. Дела: „Пишување и разлики“, „За граматологијата“, „За духот“ и други. 2004.- Во Авганистан првпат се одржани директни претседателски избори. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден за здрава вода. 1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврило Радомир. Самуиловата Македонска држава постоеше 38 години, од 976 година до смртта на Гаврило Радомир, во 1018 година. 1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач на Библијата Вилијам Тиндејл по наредба на кралот Хенри Осми беше запален. 1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта "Евридика", прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери. 1767.- Роден е хаитскиот државник од африканско потекло Хенри Кристоф, доведен од Гренада како роб на Хаити, каде на крајот од 18. век се вклучи во побуната против Французите. По дворскиот пуч во 1806 година во кој и тој учествуваше, и по суровото убиство на царот Жан Жак Десалин, кој исто така беше роб, во 1807 година стана претседател на Хаити, а во 1811 година се прогласи за цар. 1773.- Роден е францускиот крал Луј Филип, наречен „Кралот граѓанин“ кој владееше од 1830 до 1848 година. Тргнат е од престолот во Февруарската револуција во 1848 година кога е прогласена републиката, а умре во 1850 година. 1887.- Роден е францускиот архитект и теоретичар од швајцарско потекло Шарл Едуар Жанре, познат како Ле Корбизје, еден од најголемите архитекти на 20. век. 1891.- Умре ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој внесе нови методи во борбата против Англичаните. Во 1875 година стана член на британскиот парламент каде ги започна опструкциите во законодавното тело со истовремена блокада на теренот. Во 1881 година иако беше затворен управуваше со борбата на ирските националисти. 1892.- Умре англискиот писател Алфред Тенисон кој пишуваше необично мелодични стихови. Дела: поемите „Кралевски слики“, „Принцеза“, елегијата „Ин мемориам“ и голем број лирски песни. 1903.- Роден е ирскиот физичар Ернест Томас Синтон Волтон, еден од пионерите на нуклеарната физика. Во 1929 година заедно со Џон Даглас Кокрофт го развија првиот атомски акцелератор, а во 1951 година ја поделија Нобеловата награда за физика. 1908.- Австроунгарија го објави декретот за анексија на Босна и Херцеговина. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор во 1878 година Турција и призна автономија на Босна и Херцеговина, но на конгресот во Берлин се ревидирани одредбите на овој договор. Така, со член 25 на Австроунгарија и беше одобрено правото да ја заземе и да управува со Босна и Херцеговина. Оваа одлука предизвика голем отпор кај босанско-херцеговското население и дури по четири месеци борби, во кои учествуваа 200.000 австриски војници, овој отпор е скршен. Сепак народот никогаш не се помири со анексијата која во 1914 година доведе до почетокот на Првата светска војна. 1914.- Роден е норвешкиот етнолог и истражувач Тор Хејердал, кој во 1947 година ја предводеше шестчлената експедиција „Кон-Тики“, пловејќи со сплав околу 9.000 километри помеѓу Перу и пацифистичките острови Туамату близи Тахитија. 1915.- Бугарија се вклучи на страната на Централните сили во Првата светска војна. 1927.- Во филмот „Џез пејач“ со глумицата Ал Џонсон, кој премиерно беше прикажан во Њујорк, првпат се слушна глас на глумец, со што беше означен почетокот на ерата на звучниот филм. 1930.- Роден е сирискиот државник и генерал Хазеф ал Асад, кој на власт дојде во 1970 година. Во 1971 година стана претседател на Сирија. 1937.- Друштвото на народите ја осуди агерсијата на Јапонија врз Кина. 1943.- Кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, загина Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинаа и повеќе од 70 партизани. Роден е во Гевгелија, на 2 август 1914 година. 1943.- Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други. 1944.- На Скопска Црна Гора е формирана Шеснаесеттата македонска НО григада. 1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегоа германските фашисти и почнаа да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден крена во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелаа 21 невино лице и својот крвав поход го завршија во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелаа 39 луѓе. 1972.- Во железничка несреќа кај мексиканскиот град Салтиљо загинаа најмалку 208, а беа повредени повеќе од илјада луѓе. 1973.- Со заедничкиот напад на Египет и Сирија врз изреалските позиции на источниот брег на Суец и на Голанската висорамнина изби „Јом Кипур“ војната, четврта по судирот на Израел со Арапите. Војната заврши на 22 октомври со резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации. 1976.- Воената хунта во Тајланд ја собори владата на Сени Прамод, а војската на универзитетот во Бангкок масакрира голем број студенти. 1981.- Во Каиро, за време на воената парада е убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат. 1989.- Умре американската глумица Бет Дејвис. Сними повеќе од 80 филмови и оствари голем број драмски улоги, воглавно играјќи несреќни и зли жени. Филмови: „Опасна“ (Оскар), „Џезабел“ (Оскар), „Мали лисици“, „Елизабета и Есекс“, „Хуарез“, „Што се случи со Беби Џејн“, „Се за Ева“, „Свадбен ручек“. 1989.- Тајфунот „Анѓела“ на филипинскиот остров Лузон усмрти најмалку 108 луѓе. 1991.- Во Белград допатува синот на последниот југословенски крал 46-годишниот принц Александар II Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната "Божја правда" и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството беше пречекан од одборот за пречек на чие чело е Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјави: "Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја". 1991.- Индонезиски воен авион удри во владината зграда во Џакарта, усмртувајќи 102 и повредувајќи повеќе од 5.000 луѓе. 1996.- Во Скопје, на локалитетот „Средно Водно“, е осветен камен-темелникот на новата црква „Раѓање на Пресвета Богородица“. 2001.- Умре Петар Серафимов, еден од првите членови - основоположници на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во Охрид, на 28 мај 1915 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Денеска е Светски ден на учителите 1502.- На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. 1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур XII изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година. 1713.- Роден е Дени Дидро, француски филозоф, писател и главен уредник на големата француска „Енциклопедија“, што во периодот од 1751 до 1772 година е објавена во 28 томови. Познати негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Д`Аламбер и Дидро“, „Мисли на толкувањето на природата“ и други. Умре во Париз, на 31 јули 1784 година. 1796.- Под притисок од Франција, Шпанија и објави војна на Велика Британија која заврши со катастрофален пораз на француско-шпанската флота во 1805 година во битката кај Трафалгар, по што Шпанија практично остана без воена морнарица. 1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимијер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Аугисто ја направи првата филмска камера и во Лион ја основа фабриката за правење на фотографски материјали. 1875.- Роден е Михаил Алексеевич Кузмин, руски писател и преведувач. Пишуваше песни, новели, романи, драми и критики. Главни дела му се збирките песни „Александриски песни“ и „Зелениот славеј“. Умре во 1936 година. 1880.- Во Париз умре Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите "Убавата Елена" и фантастичната опера "Хофмановите пријазни". Роден е во Келн, на 20 јуни 1819 година. 1908.- Бугарскиот кнез, германскиот принц Фердинанд Кобург ја прогласи Бугрија за независна од Отоманското царство, а себе се прогласи за цар Фердинанд I. 1908.- Во Кавадарци е роден Александар Ленин, македонски етномузиколог, прв доктор по музички науки во Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Народни музички инструменти во Македонија“, „Македонски инструментални орски мелодии“, „Македонска народна поетска уметност“ и други дела. Умре во Скопје, на 13 август 1998 година. 1910.- Португалија после соборувањето на кралот Мануел II е прогласена за република. За претседател беше избран Жуаким Теофил Фернандес. 1938.- Претседателот на Чехословачка Едуард Бенеш поднесе оставка поради Минхенскиот договор со кој западните сојузници Велика Британија и Франција практично и ја предадоа Чехословачка на нацистичка Германија и пребегна во странство. 1954.- По заострената ситуација околу Трст, што ја предизвикаа западните сили со својата одлука цивилната управа во зоната „А“ на слободната територија на Трст да се предаде на Италија, во Лондон е потпишан таканаречениот Лондонски меморандум за решавaње на трстјанската криза. 1960.- Џон Кенеди е избран за претседател на САД. 1964.- Во Каиро почна Втората конференција на шефовите на држави и влади на неврзаните земји. 1964.- Во Западен Берлин низ тајно ископаниот тунел под Берлинскиот ѕид пребегнаа 57 државјани на Источна Германија. Тоа беше најголемо масовно бегство од изградбата на Ѕидот во 1961 година. 1968.- Ричард Никсон е избран за претседател на САД. 1970.- Вршителот на должноста претседател на Египет Анвар ел Садат по седум дена од смртта на Гамал Абдел Насер и официјално стана шеф на државата. 1986.- Во Охрид е извршено устоличувањето на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев). 1993.- Република Македонија и Република Грција првпат во историјата воспоставија директна телекомуникациска врска. 1998.- Правниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри отпочнување на постапката за импичмент против американскиот претседател Бил Клинтон. Во американската историја тоа беше трета истрага за постапка на импичмент против претседател на САД. 1994.- Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од потонатиот брод "Титаник". Изложбата "Остатоците од Титаник" поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. Остатоците од прекуокеанскиот брод, што требаше да го симболизира "трумфот на технологијата над природата", се уште лежат на морското дно на длабочина од 3.980 метри. 1995.- Собранието на Република Македонија со 110 гласови "за" и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Идејниот цртеж врз кој е направена компјутерска апликација е на Спасе Шуплиновски. 1997.- Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. 2003.- Фаворитот на Москва Ахмад Кадиров, бивш муслимански свештеник, победи на претседателските избори во Чеченја. Исламски терористи го убија Кадиров во мај 2004 година. 2004.- Умре Морис Вилкинс, англиски биофизичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 1962 година (заедно со Џејмс Вотсон и Франсис Крик) за откритија што се однесуваат на молекуларната структура на нуклиенските киселини и нејзиното значење за пренос на инфекции во живата материја. Роден е во Понгароа, Нов Зеланд, на 15 декември 1916 година. 2007.- На Градскиот стадион во
Скопје во соработка со УСАИД се одржа најголемиот хуманитарен концерт
на Тоше Проески, кој само 11 дена подоцна загина во сообраќајна
несреќа, која се случи на 16 октомври, на автопатот кај Нова Градишка
(Хрватска). Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески
на истиот датум на Градскиот стадион во Скопје традицијонално ќе
се одржува хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите
Тоше“. Покровител на концертот се Владата на Република Македонија и
Министерството за култура, а организатор е Меѓународната фондација
„Тоше Проески“ - Крушево. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |