Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Стоматологија Испратена: 26.Март.2014 во 22:12 |
Минимално инвазивна дентална медицина |
 |
|
Сите интервенции во современата дентална медицина се сведуваат на минимална инвазивност. Пред повеќе од 10 години се применувале реставративни техники кои вклучувале големо отстранување на забно ткиво, бидејќи тоа било потребно за тогашните реставративни материјали. Со развојот на современите стоматолошки материјали и новите сознанија за биологијата на забите, се повеќе се придава значење за зачувување на здрави забни ткива што претставува темелен принцип на минимално инвазивната дентална медицина. Иако минимално инвазивниот пристап се почесто се користи во сите гранки на денталната медицина, посебно е нагласен при стоматолошките интервенции што се прават кај децата. Темелот на минимално инвазивната дентална медицина е превентивата и раната дијагностика. За превентивата најважни се редовните контролни и примената на профилактички мерки, како што се остранувањето на тврди забни наслаги, флуоризација и едукација за правилно одржување на оралната хигиена. За раната дијагностика, исто така, се важни редовните контролни прегледи и добрата соработка со стоматологот. Со препознавањето на кариесот уште во најраната фаза, со интервенцијата може да се изгуби минимален дел од тврдото забно ткиво. Со навременото спознавање на факторите на ризик за развој на кариесот, можно е пациентите примарно да се едуцираат за превентивните мерки. Минимално инвазивниот пристап подразбира препознавање на кариесот во најраната фаза, односно делување на механизмите кои се причина за неговото настанување. Наместо отстранување на заболеното (кариозно) забно ткиво, се настојува да се постигне негова реминерализација и барем делумна регенерација. Секако, во случај на поголем кариозен процес ваквиот пристап не се применува, но во поголемиот број на раните кариозни лезии овој пристап може да даде многу добри резултати. Потпора на минималната инвазивност даваат квалитетните современи материјали. Особено тука се мисли на стаклено-јономерните цементи кои овозможуваат долготрајно отпуштање на флуориди, кои делуваат реминерализирачки на оштетеното забно ткиво, т.е. превентивно на преостанатите здрави заби. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 22:08 |
 |
|
Дијастема медијана е слободен простор кој се јавува почесто помеѓу горните, а поретко помеѓу долните централни секачи. Кога се зборува за дијастема се мисли на дијастема која се јавува кај трајните заби, но дијастемата често се среќава и кај млечните заби што претставува добар прогностички знак дека трајните заби правилно ќе се сместат во забниот низ. По својот облик дијастема медијана може да биде паралелна, дивергентна и конвергентна. Обликот зависи од самото постаување на забите после нивното никнување. За време на никнувањето на трајните заби е нормална и привремена појава и кај најголем број од случаите се затвара после никнувањето на страничните секачи и кучешките заби Кои се причини за нејзино настанување?Како најчести причини за настанувањето на просторот помеѓу централните секачи претставуваат наследниот фактор, расната припадност, лабијалниот френулум, прекубројните заби, целосниот недостаток на едниот или двата странични секачи, фузија на забите, лоши навики, макроглосија (голем јазик), траума, циста во пределот на секачите. Дали Дијастема медијана е аномалија?И покрај тоа што Дијастема медијана спаѓа во пореметувања кои ги проучува ортодонцијата во делот малоклузии – растреситост на горниот забен низ, се смета дека таа не претставува голем здравствен проблем. Напротив, лицето на многу луѓе би ја изгубило шармантноста со затворањето на просторот помеѓу предните заби.  |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 21:18 |
Дали кариесот е генетски наследен? |
 |
|
Многу често од луѓето со многу расипани заби слушаме дека тоа го наследиле од нивните родители или баби и дедовци, и дека истото не може да се спречи. Но, кој е ставот на современата стоматологија? Дали кариесот е генетски наследен? Одговорот е НЕОбјаснувања за ваквиот став има многу, а најголем дел од нив се темелат на докази од клиничката пракса, но и од краткорочни и долгорочни студии. Главни причини за појава на кариесот се микроорганизмите (бактерии), храната богата со шеќери (која ќе ги нахрани бактериите), но и лошата орална хигиена. Просечно, во Македонија индексот на кариозни, екстрахирани и пломбирани заби кај деца до 12 години изнесува 7 (толку расипани или извадени заби во устата), што е навистина поразителен податок, ако се земе фактот дека ставот на СЗО по ова прашање за земји со степен на развој како нашата е дека овој индекс не треба да надминува 3.Дека кариесот не е генетски наследен говори фактот што во Скандинавските земји пред 40-тина години КЕП индексот бил приближно колку Македонскиот. Но, по преземените агресивни превентивни мерки, денес во овие земји КЕП индексот се движи од 0-1. Тоа значи дека родителите пред 40 години имале многу расипани заби, а нивните деца денес немаат ниту еден расипан или изваден заб. Од тука може да се заклучи дека генетиката нема голема улога во настанувањето на кариесот. Како да се справиме со овој проблем?Она за што најмногу треба да се води грижа е правилната и редовна хигиена на устата, намалување на внесот на шеќери (или правилно распоредување на ваквите оброци), локална апликација на флуоридни препарати и редовна посета на стоматолог. Овие мерки, ако се применат уште од најрана возраст, со сигурност ќе дадат позитивен резултат во намалувањето на појавата на кариесот. На што влијае генетската предиспозиција?Генетската предиспозиција сепак има улога во однос на некои имунолошки и одбранбени карактеристики на индивидуата, како и во уживањето на некои навики (исхрана, хигиена, темперамент), но со примена на гореспоменатите мерки, ваквиот проблем многу лесно може да се надмине.Секако, постојат и исклучоци во однос на наследувањето на одредени болести и синдроми, во чиј склоп немивно порано или подоцна доаѓа до деструкција на тврдите забни супстанции и појава на големи кариозни лезии. "Подобро е да се спречи, отколку да се лечи"Старата поговорка сепак зазема главно место и во современите науки. Со кариесот тоа е навистина можно. 
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2014 во 00:28 |
Имал некој искуство со апикотомија? Ако не умрам до 40тата од сите проблеми, ќе живеам преку 100ка.
Инаку тоа е вакво нешто. За тие со слабо срце препорачувам да не го гледаат  Има и ласерска опција, без толку крв. Ама не сум сигурна дали во границиве на Македонија има таква опција. Тука само касапи изигруваат. Ми се преврте се во стомак. Ова ни за милион евра нема да дозволам да ми го прават. 
Изменето од evangeline - 11.Јануари.2014 во 00:47
|
|
 |
albi006
Нов член
Регистриран: 13.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јули.2011 во 19:32 |
se raboti za problem so postavenosta na prednite dva gorni zabi.Se raboti za malo dete 0d 5 godini.edniot zab pocnuva da izleguva no istiot izleguva so 90 stepeni svrten na desno .DALI NEKOJ ZNAE DALI OVOJ PROBLEM E RESLIV BEZ NEGOVO VAGANJE .
|
 |
IQ
Сениор
Darling
Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2008 во 00:01 |
|
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
 |
Гостин
Гостин
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јули.2008 во 23:50 |
IQ напиша:
od koja prichina se pie ampicilin od koa ke ti izvadat zab  | ...IQ....Ампицилин е антибиотик....се пие ...заради заштита... од...инфекција..........
|
 |
IQ
Сениор
Darling
Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јули.2008 во 21:36 |
od koja prichina se pie ampicilin od koa ke ti izvadat zab
|
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
 |
Eli
Сениор
Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јули.2008 во 12:23 |
Obicno ne cekam da dojde do bolka..odam redovno na kontrola,pa ako ima neso na vreme go sreduvam..iako se desava po nekad i da zaboli
|
 |
Majkl
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јули.2008 во 20:57 |
Срдечно го препорачувам Д-р.Павле Царчев, специјалист по орална хирургија(операција, вадење заби и тн.)супер-одличен и во денталната патологија(поправање заби), има долгогодишно искуство на Стоматолошка клиника, на времето и тамошен професор.
Ако ви е страв од болка при поправање заби, слободно барајте анестезија.
Орднацијата се наоѓа на автобуската наспроти зелено пазарче. Прават и Рентген-снимки, а прегледите се бесплатни.
тел.:
02/3116 010
|
 |
Ana S
Нов член
Регистриран: 06.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2008 во 19:05 |
I jas bi sakala da najdam dobar forum za stomatolozi,megutoa poznavam stvarno neverojatno dobri stomatolozi vo Karpos 1 mozam da ti preporacam ako sakas.
|
 |
Andreja
Нов член
Регистриран: 17.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2008 во 17:47 |
Kako da najdam dobar stomatolog?
|
 |
Andreja
Нов член
Регистриран: 17.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2008 во 17:45 |
Kade da najdam forum za stomatologija?
Sakam da dobijam preporaka za dobar stomatolog.
|
 |
Izzi
Сениор
BRAINIAC
Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Февруари.2008 во 14:39 |
почекај ме мене да пораснам и ке ги добиеш гага
|
|
 |