IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од јајца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од јајца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Специјалитети од јајца
    Испратена: 31.Мај.2020 во 11:20

Јајца без пржење и варење – Неверојатен рецепт готов за 3 минути


Јајцата се традиционален оброк во секојдневното мени на речиси секој од нас. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт со кој ќе пробате нов уникатен начн на кој може да ги приготвите истите.

Јајца без пржење и варење

Јајцата се традиционален оброк во секојдневното мени наречиси секој од нас. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт со кој ќе пробате нов уникатен начн на кој може да ги приготвите истите.
Вкупно време20 мин
Оброк: Појадок
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: јајца, омлет
Порции: 1

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 супени лажици кисело млеко
  • По вкус сол
  • По вкус кашкавал
  • По вкус шунка
  • По вкус копар
  • По вкус домати

Начин на подготовка

  • Исечете ги доматите и сирењето на мали коцки, а кашкавалот крупно изрендајте го. Исечете ги и зачините.
  • Потоа, изматете ги јајцата, воедно додавајќи сол и млеко.
  • Поставете ја добиената смеса во соодветна шолја и поставете ја истата на 1 минута во микробрановата печка, на моќност од 800 вати.
  • Потоа внимателно извадете ја шолјата од микробрановата печка, добро измешајте ја смесата од јајцата и вратете ја шолјата обратно да се пече уште 2 минути, на истата моќност.
  • Чудесниот омлет е готов, пријатен апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:53

Поховани полнети јајца



Состојки:

2 јајца

1 лаж. магдонос

1 лаж. масло

малку сол

1 лаж. сечкана салама

брашно

јајце

презла

Подготовка:

Јајцата сварете ги, излупете ги исечете ги на две и извадете им ја жолчката.Во друго тавче ставете ja жолчката, додадете ги состојки и измешајте.Полнете ги јајцата со смесата и така составете ги.

Тогаш посипете ги со брашно, јајца и презла и повторете ја постапката трипати.Пржете ги на масло на средно силен оган.

Стевете ги на хартија да ја впие маснотијата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:51

Полнети зачинети јајца

Сите го сакаат и со нетрпение го очекуваат бојадисувањето на велигденските јајца и традиционалното кршење со нив. Но, кога забавата ќе одмине, остануваат полни садови со варени јајца кои не се многу привлечни и ги јадеме „насила“.

За да го немате проблемот со десетиците останати велигденски јајца кои никој не сака да ги изеде, ви предлагаме лесен начин да ги направите варените јајца неодоливи и за вашето семејство и за вашите гости за време на празниците.

Полнети зачинети јајца

Полнетите зачинети јајца се многу популарни во светот затоа што се приготвуваат брзо и можат да се зачинуваат со најразлични додатоци, па се прилагодуваат на сечиј вкус. Постојат стотици вкусни варијации на ова јадење, а во продолжение ќе најдете две од нив.

Полнети јајца со сланина и млад кромидПолнети јајца со сланина и млад кромидПолнети јајца со кисели краставичкиПолнети јајца со кисели краставички

ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО СЛАНИНА И МЛАД КРОМИД

Состојки

6варени јајца
2 лажицимајонез
1 лажичкасенф
1ситно исечкано младо кромитче
4 лентисланина
1 лажичкајаболков оцет
сол
црн пипер

Подготовка

  1. Излупете ги јајцата, пресечете ги на половина по должина и извадете им ги жолчите без да ја уништувате формата на белките.
  2. Потпржете ја сланината и исечкајте ја на мали парчиња. Дел од нив зачувајте настрана за декорација.
  3. Младиот кромид ситно исечкајте го. Белиот дел од кромидот употребете го за полнежот на јајцата, а зелениот нека ви послужи само за декорација.
  4. Жолчките од јајцата ставете ги во длабок сад и во нив додајте ги мајонезот, сенфот, оцетот, сланината и кромидот. Зачинете со црн пипер и сол. Со виљушка испасирајте ја смесата за сите состојки да се соединат.
  5. Со смесата наполнете го вдлабнатиот дел на белките. Тоа можете да го направите со лажичка, готварски шприц или пак со најлонска кесичка (ставете ја смесата во кесата и направете мал отвор на едниот крај низ којшто ќе ја истиснувате).
  6. Декорирајте со мали парченца зелен кромид и сланина.

ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ

Состојки

6варени јајца
2 лажицимајонез
1 лажичкасенф
3кисели краставички со средна големина (ситно рендани)
1 лажичкајаболков оцет
сол
црн пипер

Подготовка

Подготовката е иста како погоре, единствено се разликува декорацијата. За повпечатлив изглед, попрскајте ги јајцата со црвена пипер или чили во прав.

Варијации

Полнети јајца декорирани доматЗа декорација е искористено кружно парче од мал домат и зелено кромитче.Полнети јајца со декорација пајакЗа декорација можете да искористите црни маслинки со кои ќе оформите пајак за да ги израдувате децата.
Полнети јајца со декорација пиле
Јајцето со изглед на пиле ќе го направите ако пресечете само мал дел од белката на горниот дел. Наполнете го јајцето со смесата и направете очи од маслинки и клун од морков.
Полнети јајца со цвеклоНаместо кисели краставички искористено е цвекло од тегла кое ѝ ја дава на смесата розовата боја.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2016 во 08:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2016 во 15:53

Вкусна кајгана со сланина

СОСТОЈКИ:
  • 2 јајца
  • 50 грама сланина
  • 100 грама кашкавал
  • свеж магдонос
  • зачини по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Сланината ситно ја сецкаме на коцки. За овој рецепт употребивме Пекабеско сланина
  2. Кашкавалот ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето
  3. Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба
  4. На загреано масло во тава ја пржиме ситно сецканата сланина
  5. Потоа го додаваме кашкавалот за да се стопи
  6. Во истиот сад ги додаваме и изматените јајца
  7. Кога омлетот е готов наросуваме оригано и свеж магдонос

Одлично е во комбинација со парче леб и чаша јогурт. На здравје!



Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2016 во 23:33
jajce na sto nacina голема насмевка
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2016 во 21:59
,,,,,,,,загриженост,,,,,,,,,,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2016 во 08:19

Јајца полнети со кисели краставички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 кисела краставичка

* 2 лажици мајонез

* малку сол

* 125гр крем сирење

* 4 јајца

* црвен пипер за попрскување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

–          Ги вриме и ги лупиме јајцата

–          Ги сечеме внимателно на половина.

–          Внимателно ги одстрануваме жолчките и ги гмечиме со вилушка.

–          Кон жолчките ги додаваме и останатите состојки и добро промешуваме.

–          Ги полниме половинките со подготвената смеса.

–          Попрскуваме со малку црвен пипер.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2016 во 22:08

Брзи рецепти со јајца за кои ќе ви требаат најмногу 15 минути


Јадењата со јајца обично сите ги поврзуваме со појадокот. Но сепак, тие може да бидат одличен избор и за ручек и за вечера.

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-01

Нивните главни „силни“ страни се тоа што брзо се подготвуваат, имаат одличен вкус и се многу хранливи.

За моментите кога ќе се појават ненајавени гости или кога немате желба да поминете часови и часови во кујната, испробајте некој од следните рецепти:

Крцкав сендвич

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-02

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 4 парчиња леб
  • 50g путер
  • 4 големи парчиња сирење
  • 2 големи парчиња шунка
  • 2 листови од зелена салата
  • Сол, бибер, некои омилени зачини

Подготовка:

1. Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна.

2. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето.

3. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со кришките леб кои претходно ги тргнавте настрана.

4. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата.

Мафини од јајца

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-03

Потребни состојки:

  • 12 -15 јајца
  • 200g рендан кашкавал
  • 50g кромид
  • 200g зеленчук по ваш избор; домати, пиперки, тиквички, брокула.
  • 200g шунка, колбаси или варено месо.
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер
  • 1 лажица од вашите омилени зачини

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190°C. Премачкајте го со масло калапот за мафини.

2. Исечете го ситно зеленчукот и пржете во тава сè додека не добие златно-кафеава боја.

3. Исечете го месото на мали коцки.

4. Ставете дел од месото на дното од калапот, а остатокот измешајте го со зеленчукот и додадете сирење и млад кромид. Дополнете го калапот со оваа смеса некаде околу 2/3.

5. Јајцата изматете ги со вилушка и додадете им ги вашите омилени зачини како и сол и црн пипер.

6. Внимателно ставете од матените јајца во секој отвор на калапот. Можете и нежно да ги промешате сите состојки со вилушка.

7. Печете ги мафините околу 15 минути. Треба да се подигнат и да добијат кафеава боја.

Печено јајце во авокадо

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-04

Потребни состојки:

  • 4 големи јајца
  • 2 зрели авокада
  • маслиново масло
  • сол, бибер и некои од вашите омилени зачини

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200°C.

2. Пресечете ги авокадата на пола и извадете ги семките. Со помош на лажица издлабете го авокадото за да направите простор за јајцето.

3. Внимателно скршете ги јајцата и ставете ги во издлабените авокада. Додадете сол, црн пипер и некои од вашите омилени зачини.

4. Ставете ги авокадата во рерна и печете 15 минути, или онолку колку што сакате јајцето да ви биде испечено.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2016 во 15:08

Поширано јајце

    Состојки

    Подготовка


    1. 1.Земате најлонско кесе во кој пакуваме намирници за длабоко замрзнување, оние шушкавите, не обичниот најлон, намрснете го со малку зејтин, поставете го на филџан така што да биде кесата отворена.

    2. 2.Ставете магданос, на ситната страна од рендето рендана пиперка, морков.. или се она што саката да има во содржината на вака пошираното јајце, вие сами креирајте, врз ова скршете го внимателно јајцето, посолете и врз јајцето исто така можете да ставите од се што предходно сте нарендале, но морате да внимавате да не ја разлиете жолчката.

    3. 3.Врзете ја кесата со конец или наједноставно преврзете ја кесата сама околу себе, ставете во тенџере во кое веке врие водата. Варете го јајцето толку колку што сакате да го консумирате... ровко, тврдо, меко... ако се одлучите да остане меко јајцето, тогаш повторно мора да внимавате при самото вадење од кесата да не ја разлите жолчката.



    Изменето од Valerija - 31.Мај.2020 во 11:21
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 08:19

    ИДЕАЛЕН, ВКУСЕН И БРЗ ЗИМСКИ РУЧЕК: ШКОТСКИ ЈАЈЦА

    Идеален, вкусен и брз зимски ручек: Шкотски јајца

    Неколку варени јајца, мелено месо, зачини, малку трошки и масло за пржење – тоа е се` што ќе ви затреба за подготовка на шкотските јајца.

    Можете да ги јадете топли или ладни, можете да ги понесете како ужина, или да ги сервирате во комбинација со некоја добра салата.

    Шкотските јајца се вистинска ризница на протеини, па затоа им се препорачуваат на спортисти и деца.

    Не заборавајте да после кратко пржење во врело масло, шкотските јајца накратко ги допечете во печка, на температура од 200 степени!



    Изменето од Valerija - 22.Јануари.2016 во 08:49
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 19:52
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2014 во 13:56

    Варени јајца во сос под капак

    1. Исчистен и ситно насецкан кромидот ставете го да се пржи, кога е на половина испржен додајте го излупениот исто така ситно исецкан патлиџан. Се пржи додека не се згусти сосот. Зачинете.
    2. Сварете ги јајцата, излупете и исечете на четири дела по должина.
    3. Направете го бешамел сосот така што на загреаниот путер или маргарин запечете го брашното внимавајки притоа да не ви потемне - да остане светло брашното, додадете го млекото, оставете кратко да проврие. Тргнете настрана.

    ПОСТАПКА
    - Со зејтин премачкајте го садот или гувечињата доколку ги имате, па прво ставете го сосот од патлиџанот, врз него наредете ги јајцата па залејте ги со бешамел сосот. Одозгора посипете со рендан кашкавал или пушено сирење, ставете во предходно загреана рерна на кратко да се само продинста... а за тоа време и кашкавалот ке се стопи.
    Забелешка:
    Од оваа количина јас спремив две порции од гувечињата. Во сосот од патлиџан си додадов и малку лук во прав, бел и црн бибер. Кој сака можете во бешамел сосот да ставите и морско оревче. Пазете да не го пресолите јадењето доколку кашкавалот или сирењето се солени, па да не ви се пресоли јадењето. На очиглед можеби ова ви стои некако баш она ... во стилот - па какво ли е ова јадење... ама верувајте - предобро е. Тоа не е нов рецепт и бабите со варени јајца ни правеле вакво нешто, само што ние си приизимислеме и го модернизираме додавајки му бешамел сос и посолување со кашкавал. Порано беше кашичка со јајца - нели знаете.. се направи сос (кашичка) кога проврие се скрши јајце живо, па додека се забуле...се трга.... а правам јас и такво, мене ми се вкусни овие бабините рецепти.




    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 15:54
    ЈАЈЦА СО ПЕЧУРКИ И СИРЕЊЕ

    За јајцата знаеме дека се најдобар појадок, па еве еден нов рецепт како да ги подготвите.

    Потребно: 
    ● 200 г.шампињони
    ● 1 лажица путер
    ● сол
    ● магдонос
    ● 1 шоља сирење фета
    ● 1 шоља млеко
    ● 1 лажица густин
    ● 3 јајца


    Подготовка: 
    ● Печурките исчистете ги, исечете ги на листови и запржете ги на 1 лажица путер додека течноста да испари. Потоа посолете ги, додајте малку исецкан магдонос, па смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад.

    ● Половина шоља фета сирење издробете врз печурките.Во длабока чинија ставете ја чашата млеко во која сте го разматиле густинот, додајте малку сол и три изматени јајца со миксер. Сето заедно промешајте, па добиената смеса прелијте ја преку шампињоните и сирењето, и печете околу 5 минути на 200 степени, додека да порумени.




    Изменето од Valerija - 01.Мај.2014 во 16:57
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,187 секунди.