![]() |
|
Историја на високите потпетици |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:25 |
Дали би носеле штикли од 23 сантиметри?Високите потпетици стануваат голем хит меѓу обожавателките на Лејди Гага. Поради големата побарувачка на екстремно високи штикли, во Велика Британија ќе бидат пуштени во продажба чевли со штикла од 23 сантиметри (9 инчи). ![]() Чевлите наречени „Sky High“ се планира да бидат највисоките обувки достапни за секого. Убиствено високите штикли кои ќе се продаваат од наредната година ќе можат да се купат во блескаво црвена и златна боја. Претставник на фирмата која се решила на ваков чекор изјавил: „Идејата за чевлите Sky High е поддржана од побарувачката на потрошувачите да го имитираат изгледот на славните“. Лудост или добра тактика за освојување на потрошувачите? Едни од омилените обувки на „музата“ на „Sky High“, Лејди Гага, се чевлите „армадило“ создадени од покојниот дизајнер Александар МекКвин. Тие се високи 25,5 сантимери. Ако мислевте дека последните обувки што сте си ги купиле се со висока штикла, помислете уште еднаш. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Високите потпетици подобро ги тонираат мускулите на нозетеМодерните високи потпетици имаат свои предности и недостатоци. Од една страна, прават нозете да изгледаат поубаво и телото послабо, а од друга, предизвикуваат болка и можат да доведат до повреди. Научниците сега ни даваат уште една причина плус за да ги сакаме високите потпетици. Тие велат дека високите штикли помагаат за подобро обликување и тонирање на листовите на нозете. ![]() Ново истражување открило дека жените кои носат високи потпетици подеднакво ја активираат и внатрешната и надворешната страна од мускулите на листовите. За разлика, кај жените кои носат обувки со ниски потпетици, внатрешната страна на листовите е поразвиена затоа што повеќе се активира при одењето. Научниците набљудувале мажи и жени кои не воделе активен живот за да можат да го исклучат влијанието на физичката активност. Сите жени кои учествувале во истражувањето биле на возраст од 18 до 33 години. Ова не е прво истражување кое ги истакнува предностите на носењето на високи потпетици. Пред две години, италијански истражувачи укажаа на фактот дека високите штикли ги тонираат мускулите на жените и помагаат за подобрување на сексуалниот живот. Изменето од Valerija - 05.Ноември.2011 во 22:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чекорете елегантно и сигурно со високи потпетициВисоките потпетици никогаш не излегуваат од мода. Всушност како што поминува времето, висината на модерните обувки се зголемува, а ние жените треба да се прилагодуваме кон тој тренд. Чизми, чевли или сандалки. Не е важно што ќе изберете. Важно е тие да бидат со висока штикла за да изгледате елегантни, секси и модерни. За да не изгледате глупаво кога носите обувки со виска штикла, следете ги следните совети: ![]()
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Викторија до операција поради високи штикли![]() Бившата членка на групата Spice girls, Викторија Бекам, е препознатлива по носењето на чевли со екстремно високи потпетици. Но, долгите години поминати на високи штикли и „платформи“ сега го покажаа својот негативен ефект врз стапалата на славната г-ѓа Бекам. Викторија страда од неподнослива болка, која ѝ ја причинуваат коскени израстоци што кај неа се наоѓаат веднаш под големите прсти на стапалата. „Таа страда од неподнослива болка. Нормално, кога е дома не носи високи чевли, но во последно време е многу често излезена и сега навистина ја чувствува болката.“ – изјавиле нејзини пријатели за Daily Mail. Докторите ја советуваат атрактивната пејачка и дизајнерка веднаш да се подложи на операција за отстранување на коскените израстоци. Но, Викторија се плаши дека операцијата нема да ѝ дозволи повторно да им се врати на високите потпетици и дека тоа ќе го наруши нејзиниот имиџ. „Најмногу од сè мразам балетанки. Не можам да одам со нив. Освен ако не ги носи балерина што игра балет, не ги разбирам. Обожавам високи потпетици.“ – изјавила г-ѓа Бекам. Затоа, 35-годишната Вики упорно ја поднесува болката, за да може секој ден да се качува на своите високи чевли од познати дизајнери како Christian Louboutin. Што сè не ќе направат славните за да го задржат својот имиџ. ГалеријаПогледнете дел од многуте екстремно високи обувки на Викторија. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Високите потпетици го зголемуваат ризикот од артритисОбувките со високи потпетици се сметаат за модерни и се преферирани од милиони жени низ светот, па многу од нас секојдневно носат чевли со висока штикла. Но, докторите тврдат дека ваквиот тренд го зголемува ризикот од појава на артритис во зрелите години. Високите потпетици го зголемуваат притисокот во стапалата, глуждовите и колената и го зголемуваат ризикот од појава на остеоартритис, предупредуваат британски експерти. ![]() Непријатната болест предизвикува болка и вкочанетост во зглобовите, а специјалистите потсетуваат дека овој проблем е почест и посериозен кај жените. Британско истражување открило дека четвртина од жените носат високи потпетици секој ден или често, а се проценува дека само во Велика Британија од оваа болест страдаат најмалку 8 милиони луѓе. Експертите советуваат жените да носат обувки кои се заоблени кај прстите и на потпетица не повисока од 2-3 сантиметри. Тие уште и предупредуваат дека ризикот од артритис се зголемува и со носење на несоодветни патики за време на спортски активности. „Иако е поверојатно да се развие артритис во зрелите години, тој може да се појави на која и да било возраст. Добрата вест е што има едноставни нешта кои можат да ви помогнат да го спречите и да го лечите. Изборот на соодветни обувки ќе ви помогне да го минимизирате стресот во стапалата и зглобовите за време на секојдневните активности и ќе ви помогне да го намалите ризикот од повреди и оштетување на зглобовите. Во текот на денот се препорачува да носите чевли кои се заоблени кај прстите со потпетица не повисока од 2-3 сантиметри и ѓон којшто го „апсорбира“ шокот во зглобовите. Оние кои носат патики што не се дизајнирани за спортски активности, се изложуваат на вистински ризик“ – изјавил професорот Ентони Редмонд. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мажите не забележуваат дали носите високи штикли?Кога сакаат да го привлечат вниманието на мажите, милиони жени низ светот избираат да носат високи потпетици, наместо удобни ниски чевли. Но, англиски научници тврдат дека жените попусто ги мачат своите нозе, затоа што мажите воопшто не забележувале дали жената носи високи потпетици или не. ![]() Експерти од Универзитетот Нортумбрија истражувале какви се реакциите на мажите кога ќе здогледаат жена што се движи на високи потпетици и жена што носи обувки без штикла. Со експерименти во кои учествувале мажи на возраст од 18 до 35 години тие сакале да утврдат дали промената во изгледот на телото (визуелното издолжување на нозете, понапрчен задник и сл.) влијае врз мажите. Научниците откриле дека мажите воопшто не забележуваат дали жената носи обувки со високи или ниски потпетици. Сепак, тешко дека ваквиот податок ќе ја намали нашата љубов кон високите потпетици (без разлика дали е вистинит или не). Инаку, овој заклучок е само дел од големо англиско истражување за привлечноста и сигналите кои се испраќаат преку нашите движења, како одење или танцување. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во овие ногата нема да делува секси...
Туку изобличено. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Во новата колекција за чизми 2010/11 легендарниот Маноло Бланк кој за титулата крал на штиклите постојано е во мртва трка со Кристијан Лоуботин ги покажал новите модели на штикли во кои нозете изгледаат многу повеќе секси.
Тој не додал сантиметар повеќе туку го променил изгледот на потпетиците. Таквиот облик на потпетици кои Маноло ги нарекол "axio" се инспирација од вамп убавиците од немите филмови кои според дизајнерот се пример за гламурот кој сакал да го постигне. Кралот на штиклите уште сега ги најавил штиклите "Madame Pompadour" кои се изработени од црвен плиш со украсни кристални копчиња. Во новата колекција се вклучени и штиклите кои ги носеше Кери Бредшо на венчавката, но без потпетица и во црна и црвена боја. Дебелите чизми, како оние на Шанел ќе бидат на нозете на сите љубителки на високи потпетици. Во колекцијата се вклучени и Тимбеланд чевли...... ![]() Познатиот шпански дизајнер секоја сезона на својата војска обожавателки им приредува нови кожни модели, а за кои се заинтересирани и масовните произведувачи на чевли. |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Manolo Blahnik e nesto najdobro sto moze da i se sluci na edna devojka-zena
![]() No isto taka da ne go potcenime i Jimmy Choo ![]() ![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
........vo ovoj forum ke napisam malku poveke za spanskiot poznat dizajner Manolo Blahnik, onie koi ja gledale serijata "seksot i gradot",znaat .........
........zosto mi se dopaga ovoj dizajner, pa zatoa sto ja napravil najpoznata svetska marka na obuvki, covekot e kretiven premnogu,iako e star(1942), sekogas odi napred kon trendi stil, toj osven sto gi dizajnira i gi izrabotuva obuvkite,od postarata generacija e,i mene mi se dopaga sve od nego,sekoja cest za nego ![]() ![]() |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
i po najgolemiot mraz-STIKLIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Изменето од bijonse1 - 21.Декември.2009 во 00:05 |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |