IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
    Испратена: 16.Април.2016 во 07:17

10 кујнски трикови со кои готвењето ќе биде полесно и побрзо


Паметните и успешни готвачи немаат „златни раце“ како што многумина велат, туку само ги имаат научено триковите кои им ја олеснуваат работата.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-001.jpg

Со помош на овие неколку мали тајни, сега и вие ќе готвите многу полесно, побрзо, а крајниот резултат ќе биде многу повкусен.

1. Како тортата да биде мека подолго?

На местата каде е исечена, со чепкалки ставете парчиња леб. Така лебот ќе се суши, наместо внатрешноста на тортата.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-1.jpg

2. Како да печете риба на скара без да се залепи?

Едноставно - ставете неколку парчиња лимон под неа. Плус, вкусот ќе биде многу подобар.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-2.jpg

3. Како брзо да исечете компир?

Користете метално сечило за јаболка.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-3.jpg

4. Како да излупите ѓумбир без мачење?

Наместо со нож, направете го тоа со мала лажичка.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-4.jpg

5. Како јајцата да останат свежи подолго?

Пред да ги ставите во фрижидер, премачкајте ги со малку масло, па потоа наредете ги како и вообичаено.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-5.jpg

6. Како да го спречите скапувањето на бананите?

Бананите со покриен врв со пластична фолија траат 3-4 дена подолго.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-6.jpg

7. Како да стопите смрзнат путер?

Ако ви треба путер за мачкање, а е стврднат, загрејте една чаша во микробранова, па поклопете го парчето путер со неа. Почекајте неколку минути и потоа слободно мачкајте.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-7.jpg

8. Како кексите да останат крцкави?

За да не впијат влага и да станат меки, ставете парче јаболко во садот кој ги чувате.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-8.jpg

9. Како да лупите цреши и вишни?

Ви треба само обично стаклено шише и цевка. Трикот изгледа вака:

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-9.jpg

10. Што да правите со кристализираниот мед?

Ставете ја теглата во топла вода, само внимавајте водата да не навлезе во неа.

10-kujnski-trikovi-so-koi-gotvenjeto-ke-bide-polesno-i-pobrzo-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2013 во 09:57

Зошто е здраво да грицкате леблебија?



Леблебијата е вид мешунка која претставува одличен извор на протеини, витамини и минерали. Од минерали, леблебијата содржи големи количини железо. Дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо. Големата количина на железо ја прави леблебијата погодна за исхрана на слабокрвните (анемични) лица. Во оваа мешунка се содржат и големи количини на калциум, кој ги јакне коските, магнезиум кој е добар за регулирање на притисокот, манган, фосфор, цинк, витамини од Б групата и други корисни состојки.
Истражувањата покажаа дека со редовното консумирање на овие мешунки мошне бргу можат да се намали нивото на холестерол во крвта.
Леблебијата лесно се вари и благотворно делува на органите за варење. Се препорачува на луѓето кои страдаат од синдром на иритабилни црева. Таа има и низок гликемски индекс, поради што може да помогне во стабилизација на нивото на шеќери во крвта.
Леблебијата е нискокалоричен продукт, па затоа често се препорачува при диети, бидејќи долго време дава чувство на ситост.
Леблебијата има уште едно корисно дејство, односно помага од организмот да се исфрлат сулфатите (кои често се користат како конзерванси). Американската управа за храна и лекови (ФДА) во извештајот наведува дека еден од 100 луѓе е пречувствителен на сулфати. Оваа чувствителност може да се јави во кој било период од животот, а симптомите се слабост, мачнина, дијареа (пролив), исип на кожата и тешко дишење.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 07:03

Краставица


Пери­о­дов, нашите мар­кети и зелени пазари се пре­пла­вени со кра­ста­вици. Овој зелен­чук спаѓа во гру­пата на нај­здрави про­дукти на све­тот. Покрај тоа, кра­ста­ви­цата е вку­сна и може да се ком­би­нира со многу други про­дукти и јадења.

Основни карак­те­ри­стики
Доста­пност: преку целата година
Рок на тра­ење: 10-тина дена во фрижидер

Кра­ста­ви­цата е богата со хра­нливи мате­рии, брзо заси­тува и има многу малку кало­рии. Прет­ста­вува одли­чен начин за сла­бе­ење. Покрај тоа, таа содржи и фито­ну­три­ти­енти, кои пома­гаат во сми­ру­вање на надра­зне­тата кожа и сми­ру­вање на отоци.

По сво­јот состав, кра­ста­ви­цата е многу слична на сили­циум диок­сид, мине­рал кој е соста­вен дел на кола­ге­нот. Токму затоа се пре­по­ра­чува сокот од кра­ста­вица за осве­жу­вање на тенот и за здрава кожа. Содржи и високо ниво на вода, што ја прави при­ро­ден извор на хидра­та­ција. Одлична е за под­оч­ници и како лек про­тив изгореници.

Кра­ста­ви­цата е добар извор на калиум, маг­не­зиум и дие­тет­ски влакна. Во неа има и фолна кисе­лина и вита­мин Б — сѐ што е нео­пходно за здраво срце. Ако ги спо­ме­неме и ман­га­нот и вита­ми­нот А, кој ги уни­шту­ваат сло­бод­ните ради­кали — доби­ваме комплетна слика.

Совет при купу­вање
При изби­ра­њето на кра­ста­ви­ците, тие треба да бидат цвр­сти, без оште­ту­вања, со кру­жни кра­еви и со зелена боја. Сувите и набрани кра­ста­вици не треба да се купу­ваат, биде­јќи имаат загу­бено голем дел од водата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 09:36
КУЛИНАРСКИ РЕЧНИК

Понекогаш и искусните домаќинки се збунети со упатствата во готварските книги. Затоа, еве кратки објаснувања на некои појмови...


Аспик: пивтија или желатинозна маса.
Бардирање: продукт завиткан или прекриен со парчиња сланина.
Бланширање: преливање на храната со врела вода или кратко обарување.
Гратинирање: запечување на јадењето во рерна, посипано со рендано сирење или пармезан, или прелиено со јајца и павлака.
Динстање: омекнување на месо или зеленчук со масло или течност, најчесто во покриен сад.
Дресирање: врзување на крилцата на живината пред печењето.
Дресинг: маринада (прелив) за салати.
Жилиен: продукт исечен на тенки долгнавести парчиња.
Желирање: печен или варен продукт, прелиен со желатинозна маса.
Карамелизирање: овошје, ореви, лешници и сл.натопен во растопен шеќер.
Конкасе: домат, излупен, исчистен од семки и исечен на коцкички.
Легирање: чорба или сос, згуснат со брашно, скроб, жолчка или павлака. 
Маринирање: месо оставено извесно време да одлежи во течност со зачини. 
Панирање: парчиња месо или зеленчук, извалкани во брашно, матени јајца и презла, пред пржење.
Поширање: обарен продукт до граница на вриење, но без да зоврие.
Пешт: ситно сечкана сланина, со лук и магдонос.
Ројал маса: млеко или павлака со изматени јајца.
Сотирање: месо, пилешки дропчиња и сл.исечкани на долгнавести парчиња или на коцки, нагло пропржени за да поруменат, а потоа да се динстаат додека не омекнат.
Тимбал: Садови со различни облици за сервирање на јадење.
Филирање: печеното или варено месо, да се исчисти од коски, да се исечка на парчиња и да се сложи во првобитен облик пред служење или исечено месо и риба, во форма на филети (шницли).
Фламбирање: преливање на јадењето со некој жесток пијалок и запалување.
Шпикување: кога низ месото се провлекуваат парчиња сланина, лук или зачин. 
Шофродирање: преливање на подфотвеното месо со желиран сос.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 16:34

10 практични кујнски трикови

Сечено%20јаболкоЗа да го заувате сеченото јаболко свежо, исцедете врз него неколку капки лимон.
  1. Заштитете ги компирите од појава на ‘ркулци. Чувајте ги компирите на темно место. За да ја спречите појавата на ‘ркулци, ставете во вреќата со компири едно јаболко. Менувајте го јаболкото секоја недела.
  2. Штедете доматен сос. Многу често за приготвување на разни рецепти ни е потребно само мало количество доматен сос. Ако вие секогаш купувате по една опаковка, после секое готвење се чудите што да му правите на остатокот. Останатиот дел од доматниот сос можете да го замрзнете во форма на коцки мраз и да го употребите кога повторно ќе ви е потребен.
  3. Бел ориз. За да ја зачувате убавата бела боја на оризот, додека го готвите во него додајте неколку капки лимон.
  4. Свежо лупено јаболко. Доколку сакате сеченото јаболкото да не ја промени својата боја, ставете врз него неколку капки лимон.
  5. Пресолено јадење. Ако јадењето е посолено отколку што треба, додајте во него пресечен домат без лушпа. Тој ќе одземе дел од солта. Ако јадењето кое го готвите е чорбесто, ставете во него 2-3 големи парчиња компир. Тие ќе одземат дел од солта, а на крајот лесно ќе можете да ги извадете.
  6. Дафинов лист во зелка. Кога варите зелка, ставете во неа дафинов лист. Тој ќе ја намали непријатната миризба и ќе ѝ даде на зелката убава арома.
  7. Позелени зеленчуци. Ако не ги поклопувате со капак зеленчуците додека се варат, тие ќе останат позелени.
  8. Презреани домати. Ако доматите се презреани, потопете ги во вода, додајте во неа сол и оставете ги да стојат во неа една ноќ. Наредниот ден доматите ќе бидат поцврсти на допир.
  9. Отстранете ја миризбата од кромид или лук од рацете. За да ја отстраните непријатната миризба од вашите раце по контактот со лук или кромид, истријте ги рацете со една чајна лажичка сол, помешана со малку вода. Тријте неколку минути и измијте ги рацете со ладна вода.
  10. Премногу мрсна супа или манџа. За да го отстраните прекумерното масло, кое избива над супата или манџата, ставете од горе едно парче бел леб.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 16:33
 Идеално тврдо варено јајце

Секој може да направи тврдо варено јајце, чија жолчка се распаѓа и се лепи на јазикот како прав. Но, за да сварите јајце кое ќе има убав изглед и вкус треба да бидете добро темпирани.

Совршеното тврдо варено јајце треба да има мек центар. Жолчката не треба да има бледо жолта боја и задолжително да нема зелени траги помеѓу жолчката и белката. Ако ги има тие знаци, тогаш е преварено.

Како да го приготвите?

Идеално%20варено%20јајце

Независно од тоа колку јајца ќе варите, секогаш употребувајте тенџере кое ќе ги собере сите јајца, без тие да се допираат. Но, тоа не значи да користите преголемо тенџере низ кое што јајцата би се движеле слободно.

Наполнете го тенџерето со онолку вода, колку што е потребно за јајцата да бидат потопени кога ќе ги додадете. Оставете ја водата да зоврие. Откако ќе започне да врие, започнете да ги ставате јајцата едно по едно со помош на лажица. Внимавајте да не ги скршите.

Варете ги јајцата точно 8 минути. Потоа тргнете ги од ринглата и пуштете студена вода да тече врз нив. На тој начин ќе го прекратите процесот на нивното готвење.

Толку брзо, толку едноставно, а неверојатно вкусно!



Изменето од Valerija - 02.Ноември.2011 во 16:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 16:32

10 кујнски трикови што мора да ги знаете

1. Како да изберете сочен лимон и да го исцедите максимално?

Кога ќе го земете лимонот во раката, тој треба да е цврст и тежок за својата големина. Кората треба да му е светложолта, без зелени дамки.

Најсочни се лимоните кои имаат тенка кора. Како по правило, лимоните со дебела кора имаат помалку сок. Лимоните со мазна површина обично имаат тенка кора и се сочни. Прескокнете ги лимоните со изразито релјефна површина.

Жена%20во%20супермаркетЛимоните со мазна површина имаат потенка кора и се посочни

За максимално да го исцедите сокот од еден лимон, најпрво поставете го лимонот на рамна површина, ставете ја дланката над него и создавајќи мал притисок, потркалајте го напред-назад неколку пати. Потоа ставете го лимонот во микробранова печка 15-20 секунди. На крајот, исцедете го.

2. Како да не ви потонат парчињата овошје на дното на тортата или кексот?

Кога ќе направите сè како што треба според рецептот, воопшто не е забавно на крајот да добиете торта или колач во којшто сите вишни, цреши или јагоди се на дното.

За да не потонат парчињата овошни плодови, пред да ги ставите во тестото, испрпелкајте ги во малку брашно. Кога нивната површина ќе биде прекриена со тенок слој брашно, ставете ги во тестото.

3. Како полесно да го исчистите загореното тавче или тенџере?

Загореното тавче или тенџере предизвикува нервоза кај секоја домаќинка. Но, постои трик кој може значително да ви го олесни досадното напорно триење.

Посипете сода бикарбона по целото дно на садот и налејте малку вода, колку да се покрие дното. Оставете го да стои така неколку часа. Чистењето ќе ви биде многу полесно.

4. Како поточно да го измерите медот?

Многу е тешко да се измери точното количество мед кое го бара одреден рецепт, затоа што медот се лепи на површината на лажицата или шолјата.

За да го решите овој проблем, премачкајте ја лажицата или шолјата со малку маслиново масло. Така, медот ќе се лизга и ќе можете да го употребите целото количество што ќе го измерите.

Исто така, можете прво да ја потопите лажицата во жешка вода, а потоа да нацрпите мед.

5. Како полесно да напишете порака на тортата?

Декорирањето на тортата може да биде многу напорно, особено ако треба да напишете порака како „Среќен роденден“ со интересни букви или пак ако сакате да нацртате некоја форма.

Не се затрчувајте веднаш да испишувате со шприцот. Земете чепкалка за заби и напишете ги зборовите без многу да притискате. На тој начин лесно ќе можете да ги распределите буквите така што да има исто растојание меѓу нив, а потоа и да коригирате таму каде што е потребно. На крајот многу полесно е со шприцот само да ги пратите линиите.

6. Кој е најдобриот начин да скршите јајце?

Кога кршат јајце, најголем дел од луѓето го потчукнуваат на работ на чинијата. Но, во таков случај лушпата се раздробува на ситни парчиња и често некое парче завршува во јајцето (а не е баш лесно да се улови малата лушпа во белката).

За да го избегнете тоа, кога кршите јајце, внимателно потчукнете го на рамна површина.

7. Како да го спречите потемнувањето на излупените и исечените компири?

Ако спремате голем ручек или вечера и немате време да ги лупите и сечкате компирите непосредно пред да ги готвите, може да го направите тоа многу порано, а сепак тие да ја зачуваат својата светложолта боја.

За да не потемнат компирите, потопете ги во сад со ладна вода и ставете го садот во фрижидер. Доколку компирите се целосно потопени, нема потреба да се грижите дека ќе потемнат.

8. Како полесно да излупите чешне лук?

Со помош на нож отсечете го долниот крај на чешнето. Поставете го рамниот дел од голем нож врз чешнето и притиснете одгоре. Лушпите веднаш ќе се одделат и ќе можете без проблем да го излупите.

9. Како штицата за сечкање да не ви мириса на лук?

Не, не треба да ја фрлите штицата за сечкање ако се замириса од лук. Посолете ја со ситна сол, пресечете еден лимон на 4 полумесечини и со парчињата започнете да ја триете солта по површината на кујнската штица. Од време на време исцедувајте по малку сок од лимонот.

Оставете ја штицата да стои неколку часа прекриена со сок од лимон и сол, а потоа избришете ја.

10. Како е најдобро да замрзнете свеж магдонос или нане?

Исечкајте го магдоносот (онака како што сакате да го употребувате) и распоредете го во пластичен додаток за правење коцки мраз. Потоа потурете го со малку течност со коцка за супа и ставете го во замрзнувачот. Кога ќе се замрзнат коцките, соберете ги во кеса која добро се затвора за да не примат миризба. Вака замрзнатите коцки ќе ви послужат за зачинување на супа, манџа или сосови.

Нането, наместо со течност со коцка за супа, потурете го со вода и замрзнете го. Замрзнатите коцки со нане можат да ви послужат за коктели или за ладен чај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 10:08

Невообичаени ефективни домашни лекови

Не можете да престанете да икате? Стапалата ве убиваат од болка? Ве нервира ‘рчењето на сопругот? Ве измачува главоболка? Еве неколку невообичаени домашни лекови кои медицинските експерти ги оценуваат како ефективни и полезни:

Проблем: тврдоглаво икање
Решение: шеќер
Никако не можете да престанете да икате? Ставете в уста 1-2 лажички шеќер, советуваат експертите. Гранулите од шеќерот го стимулираат нервот кој предизвикува контракции на дијафрагмата.

ШеќерШеќерот ќе ви помогне против досадното икање

Проблем: миризливи нозе
Решение: ракија
Натопете една крпа со ракија и со неа избришете ги нозете. Алкохолот од ракијата ја намалува влажноста која им овозможува на бактериите и габичките да растат и да се размножуваат.

Проблем: главоболка
Решение: дрвен молив
Голем процент од главоболките се причинети од напнатост и стрес. Кога сте вознемирени, несвесно ги стегате вилиците, а тоа ги оптоварува мускулите кои ги поврзуваат вилиците со слепоочниците. Резултатот е главоболка. Ставете дрвен молив меѓу забите, но не го гризете. Ваквата положба ќе ви помогне моментално да ги одморите мускулите на вилицата и со тоа ќе ја спречите или намалите главоболката.

Проблем: уморни стапала
Решение: тениско топче
Високите потпетици честопати предизвикуваат болки во стапалата. Ако барате начин да ја ублажите болката во вашите уморни стапала, ставете тениско топче под стапалото и движете го стапалото напред-назад. Така ќе си подарите релаксирачка масажа.

Проблем: ‘рчење
Решение: тениско топче
Овој мал трик можеби ќе ви изгледа смешен, но е еден од најефективните „третмани“ против ‘рчењето. Ставете тениско топче во отсечен џеб од стара облека и зашијте го на средината на грбот на тесна пижама. Топчето ќе ви оневозможи да лежите на грб додека спиете, а добро е познато дека луѓето најмногу ‘рчат кога спијат на грб.

Проблем: плускавици
Решение: раствор за плакнење на устата
Растворот со кој си ја освежувате устата пред спиење може да ви послужи и за лекување на болните плускавици. Натопете памучен тампон со средството и премачкувајте ги плускавиците трипати дневно додека не се исушат.

Проблем: исеченица
Решение: каранфилчиња
Имате мала исеченица и сакате да го спречите евентуалното инфицирање? Поросете малку каранфилчиња во прав врз раната. Каранфилчињата имаат антисептичко дејство, а освен тоа и ја намалуваат болката.

Проблем: мачнина при патување
Решение: маслинки
Мачнината при патување е проследена со лачење на поголемо количество плунка, која може да предизвика вртоглавица и гадење. Маслинките содржат супстанции кои ја сушат устата и го спречуваат гадењето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 10:07

12 трикови и совети за здравјето кои треба да ги знаете

Жена%20пие%20вода%20со%20лимонКонсумирањето на топла вода со лимон помага при подуеност на стомакот и проблеми со варењето на храната
  1. Вода со лимон при проблеми со варењето на храната. 20-30 минути пред вашиот оброк, во чаша топла вода додајте една кафена лажичка сок од лимон и испијте ја.
  2. Мраз на раката против забоболка. Тријте коцка мраз 5-6 минути на задниот дел од раката, поточно на областа коjа наликува на „V“, а се наоѓа помеѓу палецот и показалецот. Таму се наоѓаат нерви кои пренесуваат информации до делот од мозокот одговорен за болка во рацете и лицето. Со стимулацијата на овие нерви, можете да ги блокирате сигналите на болка кои се испраќаат до овој дел од мозокот.
  3. Арома на ванила против стрес. Чувствувате напнатост и стрес? Вдишете арома на ванила. Мирисот на ванила смирува, релаксира, го намалува чувството на депресија и го подобрува расположението.
  4. Кафеав ориз наместо бел против мигрена. Кафеавиот ориз содржи многу повеќе магнезиум од белиот ориз и поради тоа ја редуцира појавата на симптоми на мигрена. Освен тоа, кафеавиот ориз го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
  5. Мраз против модринка. По ударот, веднаш ставете мраз на засегнатото место. Мразот предизвикува стеснување на повредените крвни садови и со тоа ќе се намали отечувањето. Ниската температура ќе го „здрви“ местото и ќе ја намали и болката. Наредниот ден ставете топла облога за да ги раширите крвните садови и да ја подобрите циркулацијата.
  6. Нежно растегнување на мускулот против грч. При појава на грч на мускул, внимателно растегнете го мускулот и масирајте го додека не почувствувате подобрување. Растегнувањето помага при грчеви без разлика дали тие се причинети од дехидратација, интензивно вежбање, повреда на мускулот или предолго седење во иста положба.
  7. Бебешка пудра против миризливи нозе. За да ја спречите појавата на непријатна миризба во обувките, ставајте малку бебешка пудра во вашите чорапи пред да ги облечете. Бебешката пудра го намалува потењето.
  8. Поретко чешлање против мрсна коса. Мрсната коса треба да се чешла колку што е можно поретко, бидејќи чешлањето предизвикува скалпот да произведува уште повеќе природни масла.
  9. Читање книга за поголема концентрација. Додека читате потребно е да останете фокусирани подолго време. Тоа ве прави повнимателни, попрактични и пообјективни, а исто така и ви ја развива способноста за донесување одлуки.
  10. Масло од еукалиптус против болка во грбот. Нанесете масло од еукалиптус на областа каде што чувствувате болка и нежно протријте.
  11. Цигари со млеко за откажување од пушењето. Да, звучи чудно, но многумина тврдат дека токму тоа ги одвикнало од оваа штетна навика. Потопете ги вашите цигари во млеко и оставете ги да се исушат. Нема да можете да испушите ниту една цигара докрај, затоа што ќе ви остава непријатен вкус на јазикот.
  12. Албум со стари фотографии против депресија. Тажни сте? Прелистајте албум со фотографии од детството. Старите фотографии носат многу спомени и емоции. Па, ставете си на дофат на рака мал албум со фотографии кои ви предизвикуваат убави позитивни чувства и во стресните или депресивните моменти користете го како лек.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 08:13

Сокот од вишни е магичен пијалак

За се е залужен мелатонинот, антиоксиданс кој го има во големи концентрации во вишните, а кој е неопходен за добар сон.

Милиони луѓе во светот имаат проблеми со спиењето. Некои тешко заспиваат, а други, пак, често пати се будат во текот на ноќта. Тоа резултира со хроничен замор, депресија, безволност но и со сериозни здравствни проблеми.

Недоволното спиење е поврзано со цел низ на хрнични заболувања и состојби како што се дијабетот, кардиоваскуларните заболувања, дебелината, депресијата.

Научниците откриле дека природниот и вкусен сок од вишни помага при проблемите со спиењето. Ова го потврдиле резултатите од истражувањето во кое учествувале 15 возрасни лица. Научниците од Универзитетите Пенсилваниа, за да го испитаат дејството на киселкастиот сок од вишни на процесот на спиење, ги поделиле испитаниците во две групи. Едната група испитаници во тек на две недели пиела наутро и навечер по 2 децилитри сок од вишња, додека другата група испитаници пиела плацебо напиток.

Резултатите од истражувањето покажале дека киселкастиот сок од вишни им помогнал на испитаниците полесно да заспијат и помалку да се будат во текот на ноќта. Научниците се уверени дека за ова е заслужна високата концентрација на мелатонин која ја содржат вишните. Мелатонинот е природен антиоксиданс кој го поттикнува сонот навечер и будноста во текот на денот.

Неодамнешното истражување покажало дека и консумирање на црно грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.



Изменето од емил - 25.Октомври.2011 во 08:15
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2011 во 23:20

Совети од кујната

* Ако имате проблеми со желудникот, тогаш може да ја искористите благата лековистост на оризот на тој начин што слузавата течност во која се варел бел излупен ориз консумирајте ја самостојно или заедно со варениот ориз.
* Пропржените разнобојни пиперки исечени на мали парчиња можете уште и да ги потпечете во загреана рерна. Тогаш пропржените пиперки ставете ги во огноотпорен сад, врз нив ставете цели или изматени јајца и потпечете ги во рерна. Ова јадење послужете го како самостоен оброк со леб.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 06:30

Џвакајте по 100 грама црвен кромид дневно

Црвениот кромид е силен природен антибиотик.
* УСНА ПРАЗНИНА - со џвакање на суров црвен кромид, и тоа од три до осум минути дневно, усната слуз станува целосно стерилна.
* ДИШНИ ОРГАНИ - црвениот кромид го смирува кашлањето, го забрзува искашлувањето и помага при засипнатост, грип, воспаление на грлото, воспаление на белите дробови, бронхитис и астма.
* ЦРЕВА - црвениот кромид го спречува развојот на штетните микроорганизми на цревната флора, ја штити слузта на цревата и го смирува воспалението на слузта на цревата.
* ВАРЕЊЕ - црвениот кромид го поттикнува апетитот, го забрзува и го регулира варењето, ги отстранува пречките во варењето, како што се, на пример, запекот и подуеноста.
* БУБРЕЗИ - црвениот кромид ги забрзува работата на бубрезите и излачувањето на мочта, па помага при воспаление на бубрезите и на мочниот меур, како и при застој на мочта.
* КОСКИ И ЗГЛОБОВИ - црвениот кромид го забрзува излачувањето на водата и на штетните материи од телото, помага при ревма, артритис и гихт.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 15:42

Оцетот ги елиминира отровите од овошјето

Најновото истражување од Универзитетот во Манчестер покажа дека жените повеќе внимаваат на козметиката што ја ставаат на лицето и телото отколку на храната што ја купуваат за себе и за своето семејство. Важно е да се проучат продуктите кои секојдневно се користат и да се открие начинот на кој храната може да биде не само задоволство туку и лек. Истражувањата покажуваат дека годишно се внесуваат околу пет килограми адитиви во организмот и дека во производството на храна се вклучени околу 3.500 видови различни хемикалии што се задржуваат во организмот. Бидете внимателни со овошјето и со зеленчукот што ги купувате на пазарите и во супермаркетите. Бидејќи никогаш не сме сигурни дали храната што ја јадеме е прскана со хемикалии, треба секој продукт пред употреба да го потопиме во вода во која сме ставиле една лажичка оцет. Така најлесно се елиминираат тешките метали од овошјето и од зеленчукот.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 19:19
Научи да направиш уметнички сендвичи ... Sandwich art !!!

Large%20image http://farm5.static.flickr.com/4139/4750853909_6eedcb54a7.jpg http://www.funtoosh.com/f_images/sandwich_art_3.jpg http://dailypicdump.com/data/images/2010/05/11/1e3423.jpg

Ова како посебна уметност која не е вечна … се восхитуваме неколку часа за да после уметноста исчезне во нашето меше…нема правило  … како единствено правило е да се користат нели , кашкавал , леб , разни сувомеснати прозиводи како градивен материјал за уметничкото дело…и тоа на  платно – од леб!!тука фантазијата доаѓа до максимален израз и се пренесува во минијатура која по извесен период на воодушевување се уништува џвакајќи ја со сласт…

http://4.bp.blogspot.com/_wd_y2hIJrQA/TQB9HKCd0KI/AAAAAAAACqE/tvv1ozA24Q4/s400/zabavni-sendvici04.jpg http://www.smesneslike.rs/img/zabavno/zabavni-sendvici/zabavni-sendvici01.jpg http://lh4.ggpht.com/_c5j_bmNR84g/StNPwIdcu0I/AAAAAAAABAM/mKi9c-WzvGw/FunnySandwich13_thumb2.jpg http://visboo.com/img/new/Funny-Sandwiches-007.jpg
доколку во вашето семејство  имате некој што ете со сила јаде …едноставно на ваква уметност од храна нема да одолее или едноставно си го правите јадењето забавно … лапни голтни на уметнички дела…

 
 

    

секоја домаќинка може да одели некој минут повеќе за да ги направи овие креации за да го разубави денот и на своето дете , а богами и на мажот….секогаш сум сакала убава наместена маса со вака интересни креации и тоа скоро секој ден , а не само при празнични денови да не речам родендени и слично… една креација ке ви одземе само 5 минути повеќе , а позитивното расположение на околината ќе се осети !!!ваквите сендвичи дури и се поздрави од тие прженици од хамбургери , гиро и слично… а и поголем мерак е кога на пример ќе се земе ,, некој пуст остров,, и ќе се лапне….млјацццц

http://ursispaltenstein.ch/blog/images/uploads_img/funny_food.jpg http://1.bp.blogspot.com/_JmpkIMgnzIE/SphmHVHtShI/AAAAAAAAh5E/Io5YUtSi6tc/s400/The_Sandwich_Art__3.jpg        http://cooleria.mk/wp-content/uploads/2010/04/sendvici11.jpg        http://3.bp.blogspot.com/_wd_y2hIJrQA/TQB9MahRAmI/AAAAAAAACqQ/j1pKVvxsa0k/s1600/zabavni-sendvici19.jpg         http://cooleria.mk/wp-content/uploads/2010/04/sendvici4.jpg        http://2.bp.blogspot.com/_wd_y2hIJrQA/TQB9JFrf0lI/AAAAAAAACqI/sSgTvg-_UzA/s1600/zabavni-sendvici09.jpg       http://www.howtogarnish.com/Images/FoodArt/Small/2010-07/359.jpg 

инаку знаете како е правило?? која храна е здрава ?? или ај вака поинаку….која храна треба да ја внесуваме почесто како здрава??паааа, за сите различно е таа добрата храна… и верувајте сите имаат некое објаснување и верувајте баш сите се во право…оти све треба да се јаде во умерени колични…но сепак има едно правило…на вашата маса без разлика дали е доручек , ручек значи било кој оброк… правилна  да не речам здрава храна имате колку се боите на храната поотворени и разноврсни…колку имате присуство на темни бои да не речам кафеаво , бордо тогаш имате опасност од тешка непожелна како секојдневна храна…значи колку повеќе жолта , зелена , црвена боја, портокалева, бела …толку поздраво…

  http://blog.annabelkarmel.com/wp-content/uploads/2010/07/Egg-Heads.jpg

и за крај на ова сендвич уметност… еден вљубеник на сендвичи кој својата спална ја има баш во тој стил… и да !!! да се доискажам … на ѕид имаме женска страна …тоа е кечапот и машка страна тоа е мајонезот, а додека на средина е  менито… овај…имаме секој ден …нели….што ќе имаме како специјалитет на спалната… или жената ќе го напише демек тоа се нуди…или пак мажот ќе напише демек што се нарачува…..ха ха ха …тоа демек во bijonse1 стил!!  смеење

http://img3.visualizeus.com/thumbs/09/02/02/bed,funny,sandwich-a08cfab6a79fb686178a9fedcb492af3_h.jpg



Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 19:29
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,145 секунди.