IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Новости од областа на уметноста,културата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости од областа на уметноста,културата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Новости од областа на уметноста,културата
    Испратена: 25.Септември.2011 во 11:17
и тука сме имале Македонче во трката.

Се работи за дизајн на постер за детска балетска претстава при Англискиот националниот балет.

Од пријавените над триста идејни решенија од цел свет, делиме второ место






Изменето од ПодВодно - 25.Септември.2011 во 11:45
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 05:36

Прилеп е рај за сликарите и за скулпторите

Со пристигнувањето на првите учесници од Русија на Интернационалната сликарска колонија во организација на Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп, започна уметничкото лето.
Наталија Баженова и нејзината ќерка уметничката Ана Ремига од Москва работат инспирирани од прилепската околина, од населбата Варош, па среќаваме мотиви од манастирот "Св. Архангел Михаил", камената карпа "Слонот", тема "Ангел".
Наталија е третпат овде. Нејзина прва љубов се портретите, но слика и пејзажи. Потсетува на портретот на Тоше Проески, кој го создала пред две години. Вели, ја слушала неговата музика и насликала три негови портрети. Еден има во Москва, еден во Центарот за современа ликовна уметност и еден подарила во Манастирот "Св. Преображение" над Крушево.
Баженова има богата меѓународна биографија и високи награди во Русија, а заедно со нејзината ќерка Ана Ремига биле дел и од Ликовната колонија во Вевчани. Убавините на колониите е што се разменуваат искуства, се пренесуваат впечатоците од нив во различни земји и, преку сликањето, се доживуваат земјите и културите во нив. Тоа е еден вид ликовна или, како што вели, народна дипломатија. За Македонија вели оти е добра земја, еколошки чиста, со љубезни граѓани, со многу стара историја, но со многу сиромашни жители
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 13:48

30 уметници и 13 солисти за стартот на Скопско лето

к*ратор на изложбата "Бендисај го или батали го" е Викторија Васева- Димеска, а на концертот во МОБ ќе диригира Бисера Чадловска

Триесет и второто издание на Скопско лето почнува вечерва (20 ч.) со изложбата "Бендисај го или батали го" во Музејот на современа уметност и со гала-оперски концерт од 21 ч. во Македонската опера и балет.
к*ратор на изложбата е Викторија Васева-Димеска, а ќе бидат претставени 30 дела од 30-мина реномирани балкански уметници, меѓу кои: Марина Абрамовиќ, Брацо Димитриевиќ, Лчезар Боајџиев, Марјетица Потрч, групата "ИРВИН", како и македонските Жанета Вангели, Антони Мазневски, Игор Тошевски, Ана Стојковиќ и Борјан Зафировски.
Со Оркестарот во МОБ ќе диригира Бисера Чадловска, ќе учествува Хорот, а арии од повеќе опери ќе изведат солистите: Владимир Саздовски, Ирена Кавкалевска, Дешира Амети, Марика Поповиќ, Игор Дурловски, Славица Петровска-Галиќ, Сандра Митровска, Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Ана Дурловски, Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова и Цветан Стојановски

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 22:16
Најверојатно тука е најсоодветно да се одбележи на форумов Македонскиот павиљон во Венеција.Годинава претставен од авторот Жарко Башески со инсталацијата "LEAP"
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:05
на канал 103 почнува Свирачиња на Томче
вечерва гостин со својата поезија е Снежана Стојчевска
ДОБРА Е!!!

ajde baby, стегам палци
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 16:29
Ќојме вечер на Архангел??????????????забава
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 20:34


Кејт-д-грејт на радио голема%20насмевка
За оние кои ја сакаат нејзината поезија, вечерва може да ја слушаат на Стотројка радио (Канал 103).
Почнува во 00:00 часот, ќе биде гостинка во емисијата СВИРАЧИЊА: Тома Димовски

да





Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 15:27
Вевчани подготвено за овогодинешниот карневал..........
ќе биде весело............да



Ноќта на 13 наспрема 14 јануари православните христијани ја прославуваат Старата Нова година или Василица. Во духот на традицијата, се почитуваат различни обичаи и обреди поврзани со нејзиното прославување. Ќе ве потсетиме на некои од нив. На Василица, исто како и на Бадник, се собира семејството на вечера, но наместо лепче, вечераат пита или зелник во кој се наоѓа паричка. Оној што ќе ја добие паричката се верува дека ќе има среќа во текот на целата година. Од слични причини потекнуваат и верувањата дека на Василица треба да се играат игри на среќа, карти или коцкарски игри, за да ја ставите среќата на тест. Оној што ќе победи, ќе има среќа во годината пред него.
Но, најинтересен обичај поврзан со прославата на Старата Нова година е Вевчанскиот карневал. Со традиција од речиси 1.400 години, карневалот претставува извонреден спој помеѓу паганското и современото. Се одржува секоја година на 13 и 14 јануари и секоја година е во сè поголем број, па така годинава, освен вевчанските василичари, се очекуваат и голем број гости од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Турција. А дека Вевчанскиот карневал е препознатлив белег на културата и традицијата и во светски рамки говори и фактот дека од 1993 година е член на Здружението на европските карневалски градови.
Ако се прашувате зошто василичарските маски се толку страшни и впечатливи одговорот ќе го добиете веднаш. Во православната религија деновите помеѓу Христовото раѓање, Божиќ, на седми јануари и неговото крштевање во реката Јордан на 19 јануари се сметаат за некрстени денови. Токму во тој период се верува дека на земјата шетаат духови, лоши сили и демони, кои луѓето со помош на страшните маски се обидуваат да ги избркаат.
Типично за секој карневал, така и на вевчанскиот постојат карактеристични маски што се повторуваат секоја наредна година. И тоа зет и невеста (симбол на плодноста), нивниот заштитник Глупиот Август, музичари и ѓаволи. Од нив највпечатлива е маската на Глупиот Август, која, по обичај, ја добива млада машка личност и со доза на агресивност ги брани зетот и невестата од ѓаволите. Името на Глупиот Август потекнува уште од антиката и претставува своевидна пародија на некогашните владетели.
Сепак, она што го прави карневалот постојано интересен и атрактивен се останатите маски, што се појавуваат само еднаш и се одраз на креативноста и инвентивноста на оние што ги создаваат, кои целата година живеат и се подготвуваат за овој настан.



Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 21:45
Македонски фотографии во Индија

Со серија фотографии младата уметница Ирена Мила минатиот месец 2 недели се претстави во Њу Делхи, Индија. На изложбата биле поставени 30-ина фотографии со различни теми (природа, портрети и моменти) и, според авторката, поставката имала одличен прием. Моментално, Мила работи на својата изложба на фотографии од нејзиниот престој во Индија.
Ова е, инаку, нејзина втора самостојна изложба, и следува по истата поставка од април минатата годинава во Дом на млади во Штип. Ирена Мила е добитник и на минатогодишната награда "Живко Јаневски" за најдобра лајф фотографија на Фото салон - Куманово 2010, а нејзини фотографии се примени и наградувани на повеќе интернационални и македонски натпревари.
Самостојна изложба во Скопје авторката планира во првата половина од годинава.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 14:07
Бугаринот Димитров со прва награда

Наградите се доделени во конк*ренција од над 100 карикатури од автори од Југоисточна Европа

Димитар Атанасов од Бугарија ја доби првата награда за карикатура на возобновениот втор Меѓународен фестивал на хуморот и сатирата "Ин Виница веритас", кој започна завчера во Виница. Жирито, чиј претседател беше Братислав Димитров, наградата ја додели во конк*ренција од над 100 учесници од цела Југоисточна Европа. Второнаграден е Србинот Горан Челичанин, додека третата награда отиде во рацете на домашниот карикатурист Мирослав Ѓорѓиевски - Миро.
"Ин Виница веритас" започна да се одржува во деведесеттите, па беше прекинат и возобновен лани. Годинава е побогат со содржини и доби меѓународен карактер. Манифестацијата се затвора утре, кога ќе бидат прикажани уште две театарски претстави, едната бугарска и едната стенд ап на Сашко Коцев. И.Ст.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 00:55
ne e novosto no e nesto sto v ecno ke trae
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2010 во 11:05


Гоце Смилевски ми е еден од омилените македонски писатели и посебно се радувам што е добитник на ваква престижна награда од саемот на книгата во Франкфурт.
Браво за Гоце! да

Престижна награда на ЕУ за Гоце Смилевски

Писателот Гоце Смилевски е добитник на наградата за литература на Европската Унија за романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“. Одлуката е соопштена вчера на Саемот на книгата во Франкфурт на кој, како гостин, присуствува Гоце Смилевски

 
 
%20  
Наградата ја доделува Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи. Високото признание на Смилевски на свечен начин ќе му биде врачено на 18 ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел.

Покрај македонскиот автор Смилевски, добитници на наградата се и писатели од Германија, Данска, Белгија, Финска, Луксембург, Романија, Кипар, Естонија, Словенија и од Шпанија.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 01:03
Од 13.05.2010 четврток, до сабота 15.05.2010 во Драмски Театар и Дом на АРМ со почеток во 20ч. ќе се одржат вечери на Унгарски танци. Гостуваат танцови групи од Сегедин и Будимпешта. Првите две вечери во Драмски Театар ќе има модерен балет, додека последната вечер(сабота) во Дом на АРМ ќе има народен танц.

Влезот е беспалтен.

Изменето од Majkl - 12.Мај.2010 во 01:04
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 18:19
Наградата „Живко Чинго“ за расказот „Будење“

Охрид, 8 август (МИА) - Расказот со наслов „Будење“ на авторот потпишан под шифрата Осветлувач е добитник на наградата „Живко Чинго“ што секоја година традиционално ја доделува локалната самоуправа во Охрид.
Наградата во износ од 30 илјади денари на авторот ќе му биде врачена на 13 август, на манифестацијата „Денови на Живко Чинго“ што по 21. пат ќе се одржи во родното место на овој познат македонски писател селото Велгошти кај Охрид.
Најдобриот расказ од доставените 52 авторски дела  едногласно  бил избран од тричленото жири во состав Славе Ѓорго Димовски, Венко Андоновски и Кристина Николовска.
Членовите на жирито на денешната прес - конференција  изразија задоволство од квалитетот на понудените трудови, со препорака до општинските власти во Охрид да издвојат средства за објавување на уште два понудени расказа и тоа „Земја“ и „Другарка ми Лиле Боголиева“ доставени без шифра.
На малата свеченост што се одржа денеска во општината, градоначалникот  Александар Петрески  на авторот Александар Лазов, му ја врачи наградата за најдобар расказ на конк*рсот што објавен по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од смртта на големиот охридски и македонски писател, Живко Чинго. Наградата во висина од 30.000 денари Лазов ја доби за расказот  “Будење“  кој стручното жири го оцени како најдобар.........размислување



Доделена наградата за најдобар расказ

Венко Андоновски истакна дека квалитетот на пристигнатите авторски творби е добар знак дека се подига нивото на манифестацијата посветена на Живко Чинго.........размислување



Изменето од bijonse1 - 02.Ноември.2009 во 18:23
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,426 секунди.