![]() |
|
Ваша поезија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 146> |
Автор | |
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
(а некој за овоа лани увалил 104.6 милиони долари) . му недостасува моментот кога и‘ ја трга косата од очите кога ќе се насмее, знаејки дека тоа воопшто не било потребно освен како доказ дека постојат а денес титу таа остана без коса, ниту раката му е пократка просто, само се подалеку од допирот многу подалеку и од хоризонтот а не му е потребен нов доказ дека постојат го испил новото, сега старо кафе и си помислил да стисне ли ? . чудно, никогаш во животот не стиснал желба а ги имал безброј . (некој шлакнат и за оваа нешо демек слика дал 150 милиони долари) - тие две дела , слика и скулптура се најскапо увалени дела на светот, па нека им е на здравје а пингвините??? ги боле стапов за пингвините, шо се врста на изгинуенје! |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
pHp ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
pHp ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се е само чистиот ветар на соништата...
... сонувајќи го него те видов тебе... ... а во тебе... ... се видов себе... |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. ништо не е совршено освен моментите во кои веруваш дека постои ангел кога ја споредуваш беспрекорната слика со ништо и тоа е совршено, совршено ништо . ништо не се совршено освен недостаток на глас кога веруваш дека било кој збор ќе ти ја претвори беспрекорната слика во нешто а нештата, знаеме не се совршени . (секој совршен прост број дуплирај го и додади 1, пак ќе добиеш совршен прост број кој не можеш да го поделиш со ништо и никого) |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
недовршените реченици никогаш не му беа продукт на недовршените мисли просто, секогаш знаел точно, што не треба да рече, во тоа сиво време, кога единствените светли точки се ѕвездите . а мечтаел за една единствена недовршена љубов, недовршено време, недовршен ден па и ноќ, кога Бетовен би бил музика а не куче…..јбг |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЦРВЕНО ИЗГРЕЈСОНЦЕ Еј , ај да те обојам одбери боја , да ти помогнам, потемните се ладни, топлите се светли, одбери која? Бела? мислиш крем , млечна , хм , баш бела , како снег на Северен Пол како платното која Биљана го белеше ? Може жолта? како поле со сончогледи, како погачава тркалезна, како мојот календар денови што брои? Велиш само бела? како лицето на Снежето со пет плус две џуџиња, како фустанот на Пепелашка на минут до дванаесет, како капата на Калимеро неправди што брои? И Би бела боја , како кралица на сите бои и нијанси, како облак околу изгрејсонце, кој убав ден ветуваше, среќа и спокој во душа ? Од никаде створен , неочекуван ветар дувна, спокој во немир се претвори, облакот бел црвено сонце го стори, силно светна ден !!! Изменето од bijonse1 - 27.Мај.2017 во 12:32 |
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Обичен парталав грешник
Го разочарав целиот свет. Трагедија од обиди обоени во неуспех. На бело платно со бледи букви го испишав мојот врисок ПРОСТИ МИ! Но кому му е потребно моето извини? Ни платното веќе не вреди, крвари веќе одамна (а никој не сака крв да гледа). Секому сум му последна капка во преполнета чашка. Талкам. Тропнав веќе на многу врати но кој сака каллив човек во своите одаи? Нечистотија сум, ни свети води не ме одмиваат. Обичен парталав грешник, подгрбавен и нечист -дури и сонцето ги крши своите зраци и ја одминува оваа појава на патот. Јас сум само еден обичен парталав грешник осуден на доживотен мрак. |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПрошкаИ’ смислувам ново име на тагата, Првпат„I’m the slow dying flower Всушност јас никогаш не сум пишувал за болка. И никогаш не сум имал пресушено море во душата, бесмислена вселена од лаги под дланките, матен талог од сомнежи околу очите… Првпат немам сила да се исправам среде тешките облаци од неспокојна тишина, и првпат проодувам со половина од себе, удавен во вртлог од слики, мигови, туѓи имиња и мириси, својства и кревети… Првпат сум сенка што умира недопирливо, ѕид што спојува две празнини, праг изгазен од стапки на лица со маски… Првпат сум широка прегратка што задушува, поглед што не распознава, искреност што крвари зашто е чиста, наивност што плаче зашто е детска… |
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Непребол
Признавам дека сум поосамена и од лебедот кој умира на езерото по својата љубов. Помртва сум и од душите кои пловат веќе по небото. Почивам во ова тело, а глумам живот. Јас сум испишана кожа, a опкружена со неписмени, неуки. Имам цела приказна, но сите бегаат од писанијата, палат цигара и ја вртат главата. Јас веќе ја нурнав својата и нуркајќи чекам нешто. Поминуваат слики ко ураган, ме носат и мене со нив. Тресок. Спој од железо и крв, се раѓа нова солза, лажно воскликнувам ЖИВА СУМ! (хах, сеуште...) Но никогаш ништо не преболив. |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
да беше песна полна метафори ќе беше така, ама не ево песна полна метафори твоето име би го извајал од искрите што завршија некаде на небото а започнаа од огнот , тој во очај запален . а тука само би го изговорил . во таа песна полна метафори твоето тело би започнало некаде во моите сништа а завршило во хоризонтот, тој во очај виден од највисоката карпа . а тука само би го допрел нежносилно . во таа ненапишана песна полна метафори твоето ТИ би било над ЈАС би започнало со крилјата на белосини пепетутки и завршило во виорот на тишината на мртвите богови тие од очај од мене убиени . а тука само би напишал – те сакам |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. а секоја денешна солза во бакнеж ја заробив а имало солзи точно за три реки а денес солзите течат во трите реки испреплетени на твојата рака . а сите денешни солзи низ бакнежи ги вкусив а имало вкусови точно за три реки за твојата рака испреплетени а за навек ќе знам каков вкус имаат твоите три реки |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова е за тебе Анакине
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ова е од егзи
Пишувам стихови без престан за да се оттргнам од ножот -барем на кратко. Напишав еден тон стихови за да си го одвлечам вниманиево. Не вреди ниедна борба повеќе. Не ми вреди ниту еден збор повеќе. Ми се смачи од празни муабети. Дојди прегрни ме само и кажи ми дека ме сакаш. Можеби тоа ќе ми ја врати силата (за која не сум сигурна дали воопшто ми е потребна). Си го барам својот рај. Си го барам својот мир. Овде не го наоѓам. Јас овде не припаѓам. Како кловн без маска, очаен за ронка насмевка легнат на шините чекајќи некој воз да го растргне. Не друже, тука нема публика. Тука виреат само страшните крикови во мојата глава. Гладни ја чекаат мојата душа. Ми треба љубов да си наберам, но јас си имам градина на најнеплодно место. мирот го барам таму каде припаѓам не го наоѓам . Ајнштај рекол заврти ја теоријата заврти го светот онака, таа теорија на релативитет вели: ако тебе те најдам мир нема да ми треба оти да сум своја, треба прво некому да припаѓам |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |