IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 139>
Автор
Порака Обратен редослед
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 13:24
Се роди во едно мало место на работ на една пропадната држава. Породувањето одеше тешко, траеше цели четири часа, за да го извадат требаше неговата напатена мајка да биде пресечена колку големина на два прста во пределот на вагината, а самиот тој не продишал цели две минути. Уште на самиот почеток на неговиот невообичаен живот се навестуваше дека има лоша карма, дека постојано ќе го влечат потешкотии и небулозни ситуации со кои едноставно ќе мора да се соочи и да ги реши. Проблемите со колковите ги реши уште во првите две години на животот, згора на се поради тешкиот пороѓај доби и кила, па така со исчашени колкови мораа да го оперираат како бебе. Кој да знае дека опoјката ќе влијае на неговиот развој, но такво беше времето, време на недоволно медицинско знаење, мал град без доволно соодветен кадар, згора на се и комунистичко општество кое верува во идеален емпиризам и во теоријата на заборавање. Но, за некое чудо се роди со златна боја на косата, беше дури и вознемирувачки мирно бебе, не плачеше воопшто, а спиеше толку мирно, што сите што ќе го видеа како спие, заспиваа и тие со него.
Неговата мајка беше силна жена, со голема суета и гордост зошто завршила факултет и зошто работи како воспитувачка во средношколски интернат. Имаше слика за себе дека е идеален педагог и воспитувач поради работата, иако никогаш во животот не ни чула за поимот психологија и педагогија. Беше полна со нереални стравови и имаше небулозна потреба за докажување, па така уште во првата година од неговиот живот го остави да расте со локална Циганка.
Неговиот татко пак, родум беше од далечно место. Офицер, дете на татко пијаница и мајка со лесен морал. Цел живот растел по војнички домови и немаше многу разбирање за социјална блискост ниту пак за љубов. Целосно беше посветен на кариерата и воопшто не беше дома, па така во првите години од неговиот живот се однесуваше како тој воопшто и да не постои.
Но, тој постоеше, а никој не го приметуваше. Сите се фалеа со него, а тој мирно си молчеше и само посматраше. Зошто беше толку мирен, никој не воочи колку живот има во него. Најголемата фалба пред светот беше како е толку мирен што цел ден си игра со една мува и со една полизедена праска која стоела преку ноќ. Всушност, тој немаше играчки.
Кога наполни четири години, за првпат излезе сам надвор во дворот на зградата. Немаше ниту едно дете во таа новоизградена бетонска и валкана населба. Имаше вродена љубопитност и голема потреба да истражува. И бидејќи беше толку мирен, никој не воочи дека всушност заталкал цели седум блока, скоро во центарот на градот потполно сам. Таму, за првпат виде дете возрасно колку и него. Чудно, но тоа дете не изгледаше како него. Имаше убави и нови алишта со разни бои кои му прилегаат и интересни слики на нив, беше избањато и имаше исчешлана коса. Беше во придружба на неговата баба и јадеше нешто што се лиже и беше во нешто како туба од леб. Застана и со полузината уста го гледаше детето. Бабата се приближи до него и го праша како се вика. Тој и одговори. Потоа се запозна со детето. Го праша детето што е тоа што го лиже.
-        Сладолед – одговори детето со радосен сјај во очите – сакаш ли да пробаш?
И проба. Почуствува едно неизмерно чувство на задоволство во усните, му затрепери срцето од радост, плесна со рацете и посака уште. Тогаш со неизмерна радост и со огромно нетрпение се стрча назад по патот кој водеше кон неговата зграда. Едвај чекаше да стигне дома и да побара од неговата мајка да му купи сладолед. По пет минути ја здогледа својата зграда, се втурна во влезот, трчајќи се втурна во станот и на цел глас кажа:
- Мамо, сакам сладолед!
Првото нешто што го побара. Мајка му го погледна со остар и ладен поглед и изусти:
-        Немаме пари!
-        Но, сакам сладолед!
-        Колку пати да ти кажам! – изусти на цел глас и замавна со раката.
Го плесна со целата сила по образот, тој се затетерави и си ја удри главата од ѕидот во ходникот. Во истиот тој момент, дојде татко му од работа. Тој заплака зошто го заболе шлаканицата од мајка му.
-        Што е?! – загрми татко му.
-        Сака сладолед! – одговори мајка му.
-        Каков сладолед?! – праша татко му.
-        Видов на улицата кај бензинската едно дете како јаде, ми даде да пробам и посакав јас – кажа тој липајќи.
-        Си отишол сам на бензинската и си прифатил нешто туѓо?! – грмна татко му и замавна прво со левата рака, го плесна уште посилно од мајка му по образ, а потоа и со десната по муцката од што се раскрваре. И потоа седнаа да ручаат.
Ноќта не можеше да заспие. Размислуваше, зошто тоа дете имаше убава облека и исчешлана коса, а тој не. Зошто него го шеташе неговата баба, а тој мора да шета сам. Зошто тоа дете имаше сладолед, а тој кога го побара доби ќотек. Реши да ги праша неговите мајка и татко. Влезе во дневата соба каде неговите родители гледаа телевизија. Не ни стигна да изусти нешто, кога неговата мајка веднаш срипа од фотељата на која што седеше :
-        Зар уште не спиеш?!
Замавна со десната рака и го плесна по образот толку силно, што за момент му се изгуби сликата пред очи. Штотуку му се врати, повторно мајка му го плесна по образот исто толку силно, што овој пат кога му се врати сликата сфати дека е паднат на земја. Тогаш мајка му го зграби за коса и удирајќи го со сета сила по задникот, го одвлечка во кревет, го изгаси светлото од собата и ја затвори вратата.
Подоцна во ноќта заврна и почна да грми. Од молњите се оцртуваа сенки од дрвата надвор по ѕидовите и личеа на чудовишта. Него го обзема страв. Толку голем страв што не можеше да дише. Треперејќи целосно, тивко со солзи во очите се доближи до вратата на спалната соба каде спијат неговите родители. Но, наслушна дека водат љубов. Застана за момент и размисли, ако влезе, повторно ќе го истепаат. Се врати во собата, легна и понатаму трепереше од страв гледајќи ги тие страшни сенки по ѕидовите и слушајќи ги грмотевиците од кои му лазеа морници по телото. Сфати дека оваа ноќ мора да помине сам. Сфати дека оваа ноќ, мора сам да се избори со чудовиштата од ѕидовите. И не само да се ибори туку и да ги победи. Сфати дека мора сам да го помине стравот таа ноќ. Сфати дека мора сам да си купи убава облека. Сфати дека мора сам да се исчешла. Не знаеше како. Тогаш сфати дека мора сам да научи како да се чешла. Сфати дека мора сам да си купи сладолед. Се покри под ќебето за да не ги гледа веќе чудовиштата по ѕидовите. Тогаш сфати дека никогаш не ќе може да побара ништо од никого и дека се ќе мора сам да направи.

.... ТОГАШ СФАТИ ДЕКА E САМ!
Кон врв
Autumn Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Autumn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2011 во 12:06
Капка по капка,
а веќе цел океан пред нас.

Твоето семе, мојот немир
и веќе сме едно.

Пепел од твоите слабини,
а оган во мене.
Ти мирувај,
јас ќе живеам!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 12:25
Слушам глас. Како изминува времето станува се погласен. Претходно беше само некаков шум за кој мислев дека е безвредно да се троши моето драгоцено време. Драгоцено време? Да, но залудно потрошено на кошмари, залудно потрошено под маскиве. Се задушив веќе. Претесно ми е под наметкава. Растам.


“Сакам да живеам”
“Сакам да умрам”
Ден и ноќ сум со оваа борба. Се будам со оваа војна, заспивам со истата. Се смеам со истата, плачам со истата, се повредувам со истата. Јас не сум куфер, ниту пак сум предмет во куфер. Јас сум душа заробена во некоја трагична приказна чиишто фотокопии ко летоци се шират низ ветриштата. Кој рече дека мастилото не се брише? Кој рече дека не можам да ја изгорам хартијата и словото да се престори во пепел? Па макар и да е изрезбано на камен, кој е тој чекан што не може да ја совлада цврстината на каменот? Тоа сме и ние луѓето. Се правиме силни и ја негираме сопствената кревкост, но таа постои. И ние се рониме.

А јас? Јас сум едно тажно девојче. Јас сум и налутено девојче. Стојам на работ од карпата и размислувам дали да скокнам во бездната и да не се вратам. Ми кажуваат да не се лутам, не треба, но не разбираат, јас сум кревка како и нив, јас носам лутина каква што тие не си признаваат, јас носам неисплачени солзи како што и тие ги голтаат. Јас носам неискажана приказна. Приказна зад маски. Се кријам како и сите, просам за малку прифаќање за да преживеам, а не гледам дека умирам од себе отфрлање.

Раскрсница. Живот или смрт? Живот неизживеан кој носи до смрт или смрт од која нема назад? Мене сето тоа ми е исто. Нема да го одберам ниту едното ниту другото. Јас само сакам да го живеам мојот живот. Сакам да чувствувам. Сакам да се соочам со демоните и да ги победам. Оние демони кои ме тераат да посегнам со ножот по себеси.

Многу реченици прочитав, барав причини надвор од себе. Сеуште ги барам, но секогаш наидувам на еден ист одговор: ПОГЛЕДНИ ВО СЕБЕ! Па што чекам?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2011 во 14:24
Originally posted by ПодВодно ПодВодно напиша:

за La Ninja

„Прочистување“


Како безимени телефонски броеви
заборавени во џебовите на времето,
животот нè набута во својата машина за перење,
нè накисна, нè нагмечи, нè исцентрифугира,
и сега прочистени од љубовта кон ближниот,
исплакнати и стерилни,
се сушиме на сонцето,
додека избледуваат
и последните сеќавања
на тоа што сме биле.



химна за годишнина од матура...

(дваеска) не%20кажувај%20никому


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2011 во 00:23
шо сте убави и двете





среќа
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2011 во 22:52
за La Ninja

„Прочистување“


Како безимени телефонски броеви
заборавени во џебовите на времето,
животот нè набута во својата машина за перење,
нè накисна, нè нагмечи, нè исцентрифугира,
и сега прочистени од љубовта кон ближниот,
исплакнати и стерилни,
се сушиме на сонцето,
додека избледуваат
и последните сеќавања
на тоа што сме биле.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2011 во 14:53
Изгубив скроз на скроз инспирација, ама изгледа повторно се вракам. Со ова сакам да ги поздравам Кејт, Мајсторче, Квентин, Филмадјика, Под водно... луѓе да знаете дека ми фалите. Темава веке не е она што беше.За жал.


Можeш слободно да ми судиш зашто те користам како лосион за тело
Ке се впијам сета во тебе за потоа цела нок да мирисам на твојата
свиленкаста кожа.
Така ми е убаво.
Така мислам дека сонуваш до мене.
Така сонувам како одиме по млечни патишта со крцкави чекори
заборавајки на се, дишејки го воздухот од ванила.
И откако ке излезам од твојата прегратка во очите ти гледам
-Заборави, ме имаш мене.
На тоа моите одговараат-Не, ти заборави.
Ти си понастрадан, а јас сум тука да те пратам како безгласна
сенка во нокната тишина.
Сакајки се да си кажеме бесчујно мислејки прегратките ке се разберат,
само климаме со главите и замижуваме.
Убаво ти е вака? Секако ми е убаво..кога сум со тебе.
А одвнатре безчуен крик-Не оставај ме, потребен си ми ...

Изменето од La Ninja - 21.Август.2011 во 15:03
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2011 во 15:45

http://images2.layoutsparks.com/1/165441/silhouette-woman-sun-set.jpg

ЗАТВОРИ ГИ ОЧИТЕ

Затвори ги очите ако ме гледаш ,

значи дека планината е после ридот,

морето  е  после езерото,

мислата  е  замислата…


Зaтвори ги очите ако ја осеќаш топлината,

значи дека телото  е пред светлината,

раката  е пред далечината,

желбата е  бесконечна…


Затвори ги очите  ако чуствуваш чукање

значи дека  срцето  е  пред душата,

крикот е пред тишината,

зборот е  недослушан…


Отвори ги очите… дали сум јас ТАА ??

http://www.tws3d.com/wallpapers/sun-burn-3d-1280x800.jpg

Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2011 во 13:18
Непријателе мој,
ти кој ме измачуваш до незамисливост,
ти кој си ме оковал во синџири,
сурово и безмилосно
ме оставаш истоштена небаре сум некаква ќерка на Прометеј,
не бираш време и место, ниту начин

.....а благодарна треба да ти бидам.

Благодарна за твојата лечебна моќ,
зашто поголем еликсир од тебе немам,
и подобар пријател не можам да најдам.







Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2011 во 13:13
Мојот обид за книга ... само неколку реда се




Во него ја видов сликата на мојот живот... какво безредие. Темен свет каде само столбовите од веќе урнатите мостови се издигнуваат како споменици. Ја чувствувам неговата болка, тој е огледало на мојот свет, како две души близначки да се разделени во две различни сиропиталишта напуштени од нивните сопственици... Како две јаднички заборавени од нас кои низ маглата неуморно се борат барем да го чуеме шепотот нивни молитвен во глувата ноќ.
Борба, глува борба без крикови. Само телото занемено ја општи нашата болка. Се погледнувам во огледалото пробувајќи да го видам сопствениот израз, а се што видов беше лице потопено во солзи. Со солзите сакав само да ја омекнам сувата распукана кожа на која подоцна ќе може со свежи бои да се наслика една обична искрена насмевка.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2011 во 11:43
токму така
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 12:03
NEKOGAS DA NAPISES PESNA E ISTO TOLKU TESHKO, OD DA NE JA NAPISES
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 11:49
Originally posted by anakin anakin напиша:

svetlosni mi8nuti.

sunrise


.


секое утро


чекам 8 светлосни минути


па, за толку сум нестрплив


а секое утро


далеку си,


цели 8 светлосни минути


во брзина и далечина


невидлива, па видлива


топла, стрма, длабока


позната, херој, на никој, на секој


леташ, пееш, повеќе се смееш, смееш а не смееш


си СВОЈА


а моја?




Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2011 во 12:39
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

МИРИС НА ДРУГО ВРЕМЕ

Ти не можеш да ја разбереш мојата воздржаност,
нo секоја моја скриена насмевка
безобразно открива нов детал на жена во тебе.

Палавке моја,
јас одамна заборавив што сакаат девојчињата...

Знаеш ли дека жените се прекрасни суштества
и хаотично се вознемируваат кога помислуваат желба.

Понекогаш навистина ме весели начинот на кој го пишуваш
мојот исчезнат љубовен роман на твоите усни -
толку многу што можам во еден здив да го прочитам од нив
и исто толку брзо да се опијам со твојот немир...

Ох, немирлике моја,
уште главниот лик бар малку да личи на мене!.

Зошто ли тогаш толку упорно ми бараш место во него,
како никој да не те научил дека животот не е роман
што завршува со првото поглавие.

Нестварна моја,
ноќе, кога заспивам, и твојата коса има мирис
на некое друго време.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 139>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.