![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 16> |
Автор | |
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
24 ЈАНУАРИ/6 ФЕВРУАРИ 1. Преп. Ксенија Римјанка.
Родена
е
во
Рим
како
единствена
ќерка
на
познат
сенатор.
Привлечена со љубовта Христова, не сакала да стапи во брак како што сакале нејзините родители, туку, за да го избегне тоа, тајно побегнала од домот заедно со две слугинки и дошла
на
островот
Коа,
во
местото
Милас
каде
што
основала
манастир
на
девици
и
каде
што
се
подвизувала
до
смртта.
Иако
била
слаба жена, сепак имала машка издржливост во постот, молитвите и бдението. Честопати по цела ноќ стоела на молитва; била облечена најбедно од сите сестри, а на лебот што го јадела честопати сипувала пепел од кадилницата. Во часот на нејзината смрт (+ 450 година), се појавил чуден знак над манастирот: венец од ѕвезди со крст во средината посјаен од Сонцето. Од нејзините мошти многу болни добиле исцеление. Нејзините робинки во сé го следеле примерот на својата игуманија и кога умреле,
биле
сохранети,
по
своја
желба, кај нозете на блажена Ксенија. 2. Св. мч. Вавила,
свештеник во Сицилија. Пострадал за Христа со двајца свои ученици во ИИИ век. 3. Преп. Македониј, сириски пустиник.
Дури
во
староста
се
хранел
со
печен леб, а пред тоа
јадел
само
зрна
од
јачмен натопени во вода. Земниот живот го завршил во 418 година. 4. Преп. Филон, еп. Кипарски. Посветен
за
епископ
од
св.
Епифаниј
кога
овој
бил
повикан
во
Рим
со
молитва
да
‘и помогне
на
сестрата
на
царот
Хонориј.
Го
протолкувал
Петтокнижието и Песната над песните.
Се
упокоил
мирно
во
В
век. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за ангелската состојба на светителите Но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет... и да умрат веќе не можат, бидејќи се еднакви со ангелите... (Лк. 20:3536). Така вели Оној Кој знае, Кој видел и Кој не
може да се
прелаже. Зошто повеќе да се
сомневаме,
браќа? Ова сведоштво е појасно од летното
пладне,
поцврсто
е
од
дијамант
и
подрагоцено
е
од
сите
блага
на
овој
свет,
а
тоа
е
сведоштво дека оние кои ќе се удостојат
за
оној
свет
и
воскресението
повеќе не можат да умрат, туку се бесмртни како Божјите ангели. А какви се
ангелите?
Тоа
се
истите
ангели
кои
се
јавувале
во
времето
на
Аврам
и
им
помагале
на
луѓето тие истите и денес се
јавуваат
и
помагаат.
Не
умреле
туку
се
живи;
и
не
остареле
туку
се
млади.
Тие
истите
го
гледале
Адама
во
Рајот
и
ќе
го
гледаат
последното
воскресение,
судот
и
царството
на
светителите. Слични на ангелите се праведниците. Апостолите и пророците, светителите и мачениците живеат и денес и
ќе
живеат
вечно и повеќе не
можат да умрат. Стотина и илјади години
поминуваат,
но
тие
повеќе ниту умираат
ниту
стареат,
туку
се
како
ангели. Дека праведниците ќе бидат вечни во бесмртност, тоа и Господ со
горните
зборови го посведочил и со Своето
воскресение
го
покажал, а преку прославените
светители
го
докажал. О браќа мои, да
се
разбудиме и да се
потрудиме
за
да
се
удостоиме
да
го
добиеме оној блажен свет! О Господи, воскреснат и бесмртен,
помогни
ни
да
се
удостоиме
за
Твоето
бесмртно
царство
во
кое
Ти
царуваш
со
ангелите
и
со
Твоите
светители
во
вечни векови. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Милосрдието отсекогаш било одлика на вистинските пастири на Христовото стадо. Св. Јован Златоуст во своите славни беседи ништо толку силно не нагласувал и не фалел
како
милосрдието.
Св.
Јован
Милостиви,
патријарх
Александриски,
плачел секој ден кога немал можност да пружи некому милостиња.
Свети
Павлин
е
заслужено наречен Милостив бидејќи навистина бил милостив
во
полна
христијанска
смисла
на
тој
збор. Еднаш, кога Вандалите го плениле Нол, истовремено повеле многу луѓе во ропство.
Некоја
вдовица,
чиј
единствен
син
го
зел
вандалскиот
кнез
Рига
во
ропство
дошла кај својот епископ и плачејќи му побарала пари за да го плати откупот на својот син. Немајќи од никаде
ништо, Павлин се облекол во облека на прост човек и ‘и рекол на вдовицата да го одведе него кај кнезот и да го
предаде
во
замена
за
нејзиниот
син.
Кнезот
го
пуштил синот на вдовицата и го зел
Павлин,
па
го
одвел
во
Африка
каде
што
Павлин
му
служел како бавчанџија сé додека по промисла Божја не бил ослободен и вратен со
останатите
робови назад во Нол. СОЗЕРЦАНИЕ
Мисловно да Го видам Господа Исуса како исцелител, и тоа: 1.
како
исцелител
на
телесните
болести; 2.
како
исцелител
на
лошите духови и на обземените; 3.
како
исцелител
на
духот
и
на
умот
човечки со светлината на божествената наука; 4.
како
мој
сопствен
исцелител
од
сите
маки
и
зла. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
23 ЈАНУАРИ/5 ФЕВРУАРИ 1. Свешт. мч. Климент, еп. Анкирски.
Роден
е
во
258 година
во
градот
Анкир,
од
татко
незнабожец и мајка христијанка.
Неговата
благочестива мајка Ефросинија му прорекла на синот маченичка смрт и го оставила
кога
Климент
имал
само
12 години.
Нејзината
другарка
Софија
го
зела
Климента
во
својата
куќа како син
и
помогнала
за
неговото
воспитување
во
христијански
дух.
Климент
бил
толку
прочуен заради неговиот добородетелен живот, па затоа бил избран за епископ Анкирски во 20. година од својот живот. Во млади години тој стекнал старечка мудрост и со голема
воздржаност го скротил и го победил своето тело. Се хранел само со леб и со зелје,
не
јадел
ништо заклано или крвно. Во времето на Диоклецијан бил толку страшно мачен 'како никој никогаш од постанокот на светот”. Цели 28 години поминал во маки и по затвори. Единаесет
мачители го малтретирале и го мачеле. Кога еднаш го удирале по лицето, го плукале и му ги
кршеле забите, тој му довикнал на мачителот Доментијан: 'Ми правиш почест, о Доментијане, а не
ме
мачиш, бидејќи на мојот
Господ
Исус
Христос
му
беше така биена устата
и
образите удирани со шлаканици, па еве и јас недостојниот
со
тоа
се
удостоив!"
Кога
бил
доведен
пред
царот
Диоклецијан
во
Рим,
царот
поставил
на
една
страна
разни
орудија
за
мачење, а на друга
дарови,
одликувања,
одела,
пари
-
сé
што
можел царот да подари, па му рекол на Климента да избира. Христовиот маченик со презир погледнал на сите царски богатства и ги избрал орудијата за мачење. И бил мачен неизмерно: парче по парче месо му
било
кинато
од
телото,
така
што
коските
белееле
под
месото.
Најнакрај
бил
исечен од војниците во 312 година во црквата во Анкир, кога како архијереј служел Божја служба. Чудата на св. Климент се безбројни. 2. Шестиот вселенски собор
бил
одржан во Цариград, прво во 681 година, а потоа во
691 година.
Овој
собор ги осудил еретиците -
монотелити,
кои
погрешно учеле дека Христос имал само божествена волја без човечка. Покрај тоа, на тој собор се донесени и неколку правила за редот
и
дисциплината
на
свештенството. 3. Св. Павлин Милостив.
Најнапред
римски
сенатор,
а
потоа
епископ
во
Нола.
Го
следел
примерот
на
својот
пријател
св.
Амвросиј
и
го
примил
крштението. Потоа се оддалечил во Шпанија, во Пиринејските Планини, каде што се подвизувал. Но како што ниеден светилник не може да се
скрие,
така
и
св.
Павлин
бил
пронајден
и
избран за епископ Нолски. Бил добар и милостив пастир. Мирно се
упокоил
во
431 година.
Неговите
мошти почиваат во Рим, во црквата на св. Вартоломеј. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за Божјото сезнаење и промислата А вам и влакната на главата ви се изброени (Мт.
10:30). И влакната на главата
ви
се
изброени, браќа, а камоли деновите
на
животот!
Но
не
плашете се дека ќе умрете пред
одреденото
време,
ниту,
пак,
надевајте
се
дека било
како
ќе
го
продолжите животот макар и за еден
ден
без
волјата
на
Оној
кој
брои
и
мери.
Ова
сознание
нека
ве
научи на кроткост
и
страв
Божји. И косата ви
е
изброена на главата, а камоли вашите страдања на Земјата! Но не плашете се дека ќе страдате повеќе од
измереното.
Уште помалку плашете се дека вашите страдања ќе останат
заборавени и непресметани од Оној
кој
гледа
сé.
Ова
сознание
ќе
ве
научи на трпение
и на
доверба кон вашиот Творец и Промислител. И косата на
главата
ви
е
изброена а камоли вашите пријатели и непријатели на Земјата!
Но
не
плашете се дека ќе имате ни
повеќе пријатели ни повеќе непријатели, ниту, пак, да
се
плашите дека вашите непријатели ќе ве совладаат,
но
не
надевајте
се
дека
вашите пријатели ќе ве одбранат. Трудете се да Го имате Бога за пријател и од ништо да не се плашите. Гледајте, Он е единствен ваш пријател,
кој
ве
сака
непроменливо. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Православната црква поседува неисцрпно богатство во доказите за животот по смртта. Да наведеме овде еден од безбројните примери, пример што истовремено сведочи дека човечките
души живеат по телесната смрт и дека доброволната послушност води кон блажена бесмртност. Кога св. Теодосиј Велики основал манастир, во почетокот имал само седум монаси. За да ги утврди добро во сеќавањето на смртта, им наредил да ископаат еден гроб. Кога бил готов гробот, Теодосиј застанал над гробот, опкружен со седумтемина, и рекол: 'Еве, деца,
готов
гроб!
Дали
помеѓу вас има
некој
кој
е
спремен
за
смртта
за
да
се
закопа
во
овој
гроб?"
Еден
од
нив,
Василиј,
по
име
и
свештеник по чин, паднал на колена и побарал
благослов
од
Теодосија
за
да
умре.
Теодосиј
наредил
за
Василиј
да
се
извршуваат помени и задуши: три
дни,
девет
дни,
четириест
дни,
како
што
е
обичај за покојните. Кога се извршил четирисетдневниот помен, Василиј потполно здрав, легнал и умрел. И бил
сохранет
во
новиот
гроб.
Во
четириесттиот
ден
по
неговиот
погреб,
Василиј
едно
утро
се
појавил
помеѓу браќата и пеел со
нив.
Најнапред
го
видел
само
Теодосиј,
па
се
помолил
на
Бога
да
им
ги
отвори
очите и на останатите.
И
сите
браќа погледнале и го
виделе
Василиј
помеѓу себе.
Еден
од
браќата, Летиј, од радост ги раширил рацете и сакал да
го
прегрне
Василија,
но
овој
исчезнал. Но се слушнал неговиот глас: 'Спасувајте се отци и браќа, спасувајте се”. СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за безгрижноста на Господа Исуса во поглед на јадењето и облеклото,
и
тоа: 1.
за
Неговата
безгрижност за Себе, која Он ја покажува на дело; |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
22 ЈАНУАРИ/4 ФЕВРУАРИ 1. Св. ап. Тимотеј
е
еден
од
седумдесетте
апостоли.
Роден
е
во
Листра
Ликаонска
од
татко
Грк
и
мајка
Еврејка.
Св.
апостол
Павле
ги
пофалува
мајката
и
бабата заради нелицемерната вера (ИИ Тим. 1, 45). Првпат Тимотеј се сретнал со големиот апостол во Листра и бил сведок кога Павле излекувал еден крив од раѓањето. Подоцна Тимотеј, без малку, бил постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со
него
Ахаја,
Македонија,
Италија
и
Шпанија.
Голем
ревнител
на
верата,
одличен беседник и сладок по
душа, Тимотеј многу придонесол за распространувањето и утврдувањето на христијанската
вера.
Павле
го
нарекува
вистинско
чедо
во
верата
(ИИ
Тим.
1:2). По
маченичката смрт на апостол Павле, Тимотеј го имал за учител св. Јован евангелистот. Но кога царот Дометијан го прогонил Јована од Ефес на островот Патмос, Тимотеј останал во Ефес како епископ. За време на некој идолски празник, викан 'Катакогиум", незнабожците, лути на христијаните, молкум и под маски
го
нападнале
Тимотеја
и
го
убиле (околу 93. година). Неговите чесни мошти подоцна биле пренесени во Цариград и сохранети во црквата
на
светите
апостоли,
до
гробот на св. евангелист Лука и св. Андреј
Првоповиканиот. 2. Преп. мч. Анастасиј.
Персијанец
според
родот.
Незнабожечкото име му бил Магундат. Кога царот Ираклиј се борел со Персијанците, Магундат пребегнал кај христијаните, отишол во Ерусалим, каде што се крстил и добил
име
Анастасиј.
Не
му
било
доста
што
се
крстил,
туку
и
се
замонашил за да се предаде целосно на службата на Господа. Покрај останатите подвизи, многу рано ги читал житијата на светите маченици. Читајќи ја навлажнувал книгата со солзи, чезнеејќи и самиот
по
мачеништво. Најпосле, Господ го овенчал со маченички венец. Долго лежел во затвор и бил луто мачен додека царот Хозрое не му изрекол смртна пресуда. По таа пресуда, Анастасиј бил удавен во вода. Кога го извадиле од водата, џелатот му ја отсекол главата и му ја
испратил
на
царот.
Пострадал
на
22 јануари
628 година,
во
градот
Бетсалое,
во
близина
на
Нинив.
|
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ БЕСЕДА за разбирање низ создавањето Ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога... (Јн. 7:17). Малку е корисно да се
докажува со човечка логика и со зборови дека науката Христова е од Бога.
Најбрз и најсигурен начин
да
се
дознае
нејзината
вистинитост
е
во
исполнувањето
на
волјата
Божја онака како што ја
објавил и искажал Христос.
Кој
ќе
ја
исполнува,
тој
ќе
ја
познае. Ако плачеш заради Бога, ќе познаеш каква утеха
е
Бог.
Ако
бидеш
молисрден,
ќе
дознаеш
колку
е
милосрден
Бог.
Ако
градиш
мир,
ќе
познаеш
колку
ти
приличи називот син Божји. Ако им опростуваш на луѓето, ќе познаеш како Бог
ти
опростува
тебе. Никогаш никој не може да дознае
дека
науката
Христова
е
од
Бога,
освен
оној
кој
ја
исполнува
волјата
Божја. Бидејќи само исполнувањето на Божјата волја, извршувањето на Божјите заповеди, тоа е отклучување на
Рајот,
во
којшто Бог сé гледа. То е клуч на
разбирањето на Светото писмо и сите тајни
на
Откровението.
Св. Василиј пишува: 'Потребна е чистота на животот, за да се распознае она што е прикриено во Светото
писмо”.
Што уште сака Господ од нас кога нé учи дека преку
исполнувањето
на
волјата
Негова
доаѓаме до божественоста на Неговата наука? Просто, го сака тоа ние со дело да се увериме во божественоста на Неговата наука. Он не сака на лесен начин ние да се увериме, туку на потежок, не само со слушање, туку и со исполнување
затоа
што
кој
ќе
се
увери
на
полесен
начин, полесно и ќе се поколеба и ќе
се
разувери.
Затоа,
браќа, да се потрудиме да ја исполнуваме волјата Божја за да Го познаеме Бога и да ги
спасиме
своите
души. О Господи, Семудар, помогни ни со
силата
на
Твојот
Свет
Дух
да
ја
исполнуваме
Твојата
света
волја.
На
Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како град на гората, и тоа: 1.
како
град
на
гората
на
вишниот Сион, т.е. над створениот свет, во царството на вечноста; 2.
како
град
на
гората
на
човечката историја; 3.
како
град
на
гората
на
мојот
сопствен
живот,
т.е. на врвот на моите идеали, на зенитот на моите мисли и желби. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИРАСУДУВАЊЕ
Христијанската вера единствено во светот има едно определено и никогаш непроменето мерило на
вредностите.
Како
таа
ги
мери
и
ги
раслојува
вредностите,
јасно
говори
св.
Јован
Златоуст:
'Предметите,
вели
тој,
имаат
троен
род:
едни
се
добри и не можат да бидат зло, како на пример, целомудреноста, милостињата и на тоа
слично; други се зло и никогаш не можат да бидат добро: расипаноста, нечовечноста, суровоста; третите, пак, еднаш се ова, вторпат се она, како кога спрема расположението на оние кои со нив се користат”. Потоа овој божествен учител објаснува како и богатството и сиромаштијата, и слободата и ропството, власта, болеста, па дури
и
смртта
спаѓаат во овие средни предмети, што самите по себе не се
ниту
добри ниту лоши, но стануваат ова или она според расположението на луѓето и спрема употребата што од нив ја прават луѓето. Бидејќи, ако, на пример, богатството е добро
а
сиромаштијата зло, тогаш сите богати луѓе би биле добри, а сите сиромашни луѓе би биле лоши; меѓутоа ние секојдневно се уверуваме дека како што има добри и лоши
богаташи, исто така има и добри
и
лоши сиромаси. Истото тоа
може да се
примени
и
на
здравите
и
на
болните,
на
слободните и заробените, ситите и
гладните,
на
оние
кои
се
во
власта
или
на
потчинетите. Дури и смртта не
е
зло
бидејќи 'Мачениците со смртта постанале најсреќни од сите”. Изменето од orto - 03.Февруари.2007 во 10:55 |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ 1. Преп. Максим Исповедник.
Од
Цариград
е
по
раѓање и најнапред висок дворјанин
во
дворот
на
царот
Ираклиј,
а
потоа
монах
и
игумен
на
еден
манастир
недалеку
од
престолнината.
Најголем
бранител
на
православието
од
таканаречената монотелитска ерес, која произлегла од Евтихиевата ерес. Имено, како што тврдел Евтихиј дека во Христа има една природа, така монотелитите тврделе дека во Христа има една волја. Максим се спротивставил на тоа тврдење и постанал противник на царот
и
на
патријархот.
Тој
од
тоа
не
се
исплашил туку издржал до крај во докажувањето дека во Господа постојат две волји како што постојат две природи. По негово настојување со одржале: еден собор во Картагина, а друг во
Рим
и
двата
собори го анатемисуваат учењето на монотелитите. Страдањето на Максим за православието не може да се
опише: бил измачуван од кнезовите, лажен од првенците, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван,
затворан,
додека
најпосле
не
бил
осуден
на
доживотно прогонство во скитската земја, каде што три години поминал во затвор, па ја предал својата душа на Бога
во
666 година. 2. Блажен Максим Грк.
Роден
е
во
Грција,
од
каде
што
бил
повикан
во
дворецот
на
рускиот
цар
Василиј
Јованович
за
царски
библиотекар и преведувач. Многу работел, но многу и страдал за вистината.
Поминал
многу
време
во
затвор,
каде
што
го
напишал познатиот канон на Светиот Дух, кој и сега се
употребува во Црквата. Се упокоил во Господа во 1556 година. 3. Св. мч. Неофит.
Роден
е
во
Никеја.
Уште како дете, со помош на благодатта Божја, правел големи чуда. Извадил вода од камен, ја воскреснал својата мртва мајка. Со бел гулаб бил одведен во олимписката гора каде што од една пештера истерал лав и самиот тој
се
населил
во
пештерата. Во својата 15. година бил мачен за Христа за време на царот Диоклецијан и тоа во
Никеја.
Никако
не
сакал
да
се
одрече од Христа.
По
тепањето
и
затворот,
бил
фрлен
во
оган,
но
Бог
го
сочувал жив. Тогаш го фрлиле пред гладен лав, но лавот се умилкувал околу Неофит. Светителот го познал лавот дека тоа е истиот во
чија
пештера се подвизувал, го помилувал и му наредил
повторно
да
си
се
врати
во
пештерата. Тогаш Неофит го прободиле со копје и тој со
душата се преселил во Господовите дворови. 4. Св. мч. Агнија
е
тринасетгодишна девојка која била фрлена во оган за верата Христова, па потоа со меч исечена. Пројавила голема чудотворна сила за време на животот и по смртта.
Пострадала
во
времето
на
Диоклецијан,
во
305 година. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
20 ЈАНУАРИ / 2 ФЕВРУАРИ БЕСЕДА за единствена светлина во темнината Јас сум Светлина на светот
(Јн. 8:12) Откога постои светот и времето, никој од
родените
не
се
осудил
да
ги
изговори
овие
зборови. Имало и има луѓе кое велат:
'Јас
носам
светлина", но
никогаш
никој
не
се
осмелил
да
каже: 'Јас сум светлина!" Единствено Господ Исус можел да ги изговори овие зборови смело и уверено. Неговиот краток живот на
земјата
и
Неговата
долга
историја
од
2000 години
потполно
ги
оправдале
овие
зборови. Он е светлина на вистината,
правдата
и
животот. Он е светлина на вистината
бидејќи се јавил
Себе за вистина
за
вистинската
природа
на
Бога
и
за
вистинската
природа
за
човекот
и
за
односот
на
човекот
кон
човекот,
и
за
односот
на
човекот
кон
Бога,
и
за
односот
на
Бога
кон
човекот.
Небото и земјата ќе поминат,
а
Неговите
зборови нема да поминат, бидејќи небото
и
земјата
постанале
со
Неговиот
збор, а Неговиот збор
е
од
Него
и
со
Него
засекогаш
и
нема
да
помине. Он е светлина на правдата,
бидејќи ја покажал силата на правдата и немоќта на
неправдата.
Тој
тоа
го
јавил
во
светлината
на
она
што
го
рекол,
она
што
го
направил
и
она
што
го
доживеал и преживеал
помеѓу неправедните. Тоа Он
го
јавил
и
преку
Својата
црква
во
текот
на
досегашните 20 столетија, преку безбројните светители на правдата и мачениците
за
правдата.
Правдата
е
од
Бога
и
на
другата
линија
на
историјата
таа
никогаш
не
може да биде
победена; неправдата е од немоќни битија, таа брзо ќе истрча на
бедемите
со
триумфален
барјак,
но,
исто
така,
и
брзо
ќе
се
урне
во
гробот. Он е светлина на животот.
Неговите
зборови го осветлуваат животот; Неговите дела го осветлуваат животот; Неговата победа го осветлува животот, посебно Неговото воскресение како најсветло сонце, бела светлина го осветлува животот и ја разгонува
смртта
како
слаба сенка. О Господи, Исусе, светлино најсветла, Сонце на
вистината,
Сонце
на
правдата
и
Сонце
на
животот,
осветли
нé
нас
грешните и недостојните! На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
20 ЈАНУАРИ / 2 ФЕВРУАРИ
СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господ Исус како светлина, и тоа: 1.
како
светлина
на
мојот
живот;
како
светлина
на
родот
човечки; како светлина на секоја твар; 2.
како
светлина
посебна во мракот на стравот и страданијата; 3.
како
светлина
во
смртниот
час
и
по
смртта
-
во
вечноста. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
20 ЈАНУАРИ / 2 ФЕВРУАРИРАСУДУВАЊЕ
Светителите на Црквата, колку што биле милосрдни кон човечките слабости, толку биле непопуштливи и непреклонливи во поглед
на
исповедањето
на
вистинските
догми
за
верата.
Така,
св.
Николај
Мирликиски
со
рака
го
удрил
Ариј
на
Првиот
собор. Св. Антониј ја оставил својата пустина и дошол
во
Александрија
јавно
да
го
изобличи Ариј. Св. Ефтимиј,
бидејќи бил многу притеснуван од царицата Евдокија и од лажниот патријарх Теодосиј, не можејќи повеќе да
се
бори
со
причина, го напуштил манастирот и се скрил
во
пустината.
Неговиот
пример
го
следеле
многу
други
познати
монаси.
Во
пустината
останал
св.
Ефтимиј
сé
додека
лажниот патријарх не бил симнат од тронот и не се
утврдило
православието.
А
кога
во
Ерусалим
била
најголемата
агитација
во
името
на
царот
против
ИВ
собор, кој бил во Халкидон, и кога сиот
народ
бил
исплашен од еретиците, тогаш св. Теодосиј Велики, веќе оптоварен со староста,
како
бестрашен Христов војник дошол во Ерусалим, влегол во големата црква, се искачил на скалите и замавнувајќи со
раката
кон
народот,
рекол:
'Ако
некој
не
ги
почитува четирите Вселенски собори, како и четирите Евангелија, нека биде проколнат!" (До тоа време биле одржани само четири Вселенски собори). Сите слушатели биле изненадени и никој од
еретиците
не
смеел
ништо спротивно да каже. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |