Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Charmedgirl18
Сениор
Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2010 во 22:36 |
поретко знам да видам некои ствари како врата да се придвижи сама од себе, а се е затворено, или на пр.пред некој ден, имав оставено едно кутивче за четка во веце на полицата, и после 2 мин.слушам нешто паѓа, и кога гледам, кутивчето паднало, а јас знам дека го ставив на сигурно место...
но, освен овие работи нешто слично не сум имала одамна.едноставно се чувствувам како во песнава Rockwell-I feel like somebody`s watching me
ако знаеш анг...
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
 |
Hedonistka
Сениор
Shapeshifter
Регистриран: 17.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 282
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2010 во 17:21 |
Charmedgirl18 напиша:
дух сеуште не сум видела, ама може да се рече дека верувам во нив, поради тоа што многу често, кога си седам у собава имам чувство на некое чудно присуство, и тоа вообичаено кога сум сама во стан  |
i jas isto i osekam veterche a znam deka se e zatvoreno ili nekakov laden mlaz ili bez prichina se naezuvam ima li kaj tebe takvo neshto?
|
If you are reading this, get a life!
|
 |
Charmedgirl18
Сениор
Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2010 во 15:08 |
дух сеуште не сум видела, ама може да се рече дека верувам во нив, поради тоа што многу често, кога си седам у собава имам чувство на некое чудно присуство, и тоа вообичаено кога сум сама во стан
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
 |
Tiggy Vicious
Сениор
Consume. Be silent. Die.
Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2010 во 02:24 |
Сеа само што го изгледавме со другарки Death of a ghost hunter и почињам да верувам во духови, јбт.
Сварно факт ап свар ти е тоа.
Иначе, незнам шо беше и како беше, мене ме престраши... пред некоја недела. Уште немам рационално објаснување за појавава... или како и да ја наречам (се ежам*).
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јуни.2010 во 23:20 |
Ви претставуваме пет случаи во кои што мртвите се обидуваат да стапат во контакт со живите. Никој не е сосема сигурен кога човештвото почнало да верува во постоењето на духови. Веројатно најразличните погребни церемонии биле рани обиди да се одоброволат мртвите за да не се враќаат и да ги вознемируваат живите. Во продолжение ви претставуваме пет случаи во кои што според известувањата мртвите се обидуваат да стапат во контакт со живите. 1. Чудно уште од самиот почетокПрвиот забележан случај со духови во човечката историја бил и еден од најневообичаените. Плутарх во првиот век пр.н.е. и Плиниј во 50. година н.е. детално опишале опседнувања со духови со целата придружна иконографија како тропања со синџири, воздишки и обвинувања за убиство. Плутарх раскажал за куќа во некоја заедница што толку ги вознемирувала соседите што тие едноставно решиле да ја срушат, но Плиниј раскажал малку подолга верзија. Тој раскажува за некој млад ученик кој што се согласил да престојува во куќа за која се верувало дека е опседната од дух. Момчето бил смело и решително и одбивало да се плаши од мртвите. Тој го следел духот кој тропал со синџири се додека не ја открил приказната за убиството кое било причина за појавувањето на духот. Го откопал местото каде што духот обично ги завршувал своите ноќни морничави сновења и нашол скелет обвиткан во синџири. Многумина забележуваат дека случката која ја опишал Плиниј, околностите и расплетот, се во многу нешта слични на приказните со духови од помодерно време. 
2. Кутриот тажен дух на Катерина ХауардНекои приказни со духови се чудни бидејќи раскажуваат за трагедија која што никогаш не завршува. Некои мртви едноставно никогаш не успеваат да го најдат својот мир и како да се осудени да ги доживуваат чувствата на предавство и терор во бесконечно повторување за вечни времиња. Крајот на Катерина Хауард започнал токму во моментот кога се чинело дека се наоѓа на светлиот почеток на нејзиниот иден среќен живот. Нејзиниот чичко и нашол место на дворот на кралот Хенри VIII од Англија како придружничка на тогашната кралица Ана Клевска. Катерина била прекрасна но слабо образована и не многу бистра девојка што било лоша комбинација за било кој кралски двор во тоа време. Таа веќе имала сексуални врски пред тоа со еден од нејзините учители и била придружничка на постар маж. Најдоброто на што се надевала е да биде забележана од некој напреден млад маж кој си барал сопруга и да се вдоми. Но за нејзина несреќа, наместо тоа таа била забележана лично од кралот на Англија. Ана Клевска била четвртата и најнеомилена сопруга на Хенри. Бракот помеѓу нив двајца никогаш не бил среќен бидејќи за Хенри неговата кралица со германско потекло едноставно не била доволно привлечна. По се изгледа чувствата биле взаемни бидејќи Ана се плашела да не ја снајде судбината на Ана Болејн, втората сопруга на кралот. Нејзиното семејство ја изгравирало фразата God Send me well to Keep на нејзиниот венчален прстен кое што можеби и помогнало, бидејќи токму во тој момент се појавила Катерина и Ана Клевска се спасила од опасниот брак. Интересно совпаѓање е тоа дека Катерина била втора братучедка на Ана Болејн која што била погубена со обвинение за прељуба помеѓу другото, но со вљубувањето на кралот во младата и заводлива Катерина, семејството Болејн повторно се нашло во милост на кралот Хенри. На Ана Клевска и било понудено поништување на бракот кое што таа го прифатила со знак на огорченост пред јавноста, но сигурно со чувство на олеснување длабоко во себе. Тоа го поплочило патот кон бракот помеѓу Хенри и Катерина. Но ситуацијата била многу различна за младата Катерина одошто тоа било случајот со нејзината братучедка Ана Болејн. Според изворите Ана Болејн и Хенри имале долготрајна страсна врска. Но сега кралот веќе бил далеку од цветот на младоста, бил ужасо дебел и имал гнојна рана на бутот која што никогаш не зараснувала и мирисала многу лошо. Се верува дека поништувањето на бракот помеѓу Ана Клевска и кралот се случило толку бргу поради тоа што тој се надевал дека Катерина носи негово дете, што не било веројатно. Чувствувајќи одбивност кон Хенри, и немајќи ја остроумноста на нејзината претходничка, Катерина не можела да ја воочи опасноста во која се нашла кога се сплеткала со омилениот кралски дворјанин Томас Кулперер. Требала да размисли подобро, особено поради тоа што прељубничките средби биле организирани од Лејди Рошфорд, вдовицата на Џорџ- братот на Ана Болејн. Кога почнало да се дознава за врската на Катерина, почнале да ја уценуваат, и за да ги смири гласовите таа морала да врши услуги наоѓајќи им погодни работни места на оние кои што се заканувале дека ќе пропеат. Но тоа сепак не било доволно за да се спаси. Катерина била обвинета, и таа била во голема заблуда кога се надевала дека љубовта на кралот кон неа и нејзината младост е доволна за да се спаси. Била обвинета за предавство и затворена во нејзините одаи. Таа успеала да им избега на стражарите и се стрчала кон капелата каде што знаела дека кралот ја слушал својата миса. Таа толку тажно и трогателно го повикувала својот сопруг што скоро секој што ја слушнал бил трогнат до сожалување. Скоро секој, но не и кралот, па така нејзе и била одземена титулата и во зимата во 1541 таа и нејзиниот љубовник биле обезглавени. Нивните глави биле закачени на шилци на Лондонскиот Мост, и нештата требало да завршат тука. Само што не завршиле. Духот на Катерина постојано се јавувал, но не на местото на погубувањето, ниту во околината на Лондон Бриџ барајќи ја својата глава, туку како го повторува своето бегство повторно и повторно. Таа е видувана како млада жена со долга коса и многу убава и покрај ужасот во кој се нашла, како трча врискајќи кон капелата и го моли кралот за прошка и милост. 
3. Куќа изградена на место на злосторствоИзградено во 1863. година, на селото Борли како да му било пишано да биде вознемирувано од духови. Тоа било изградено на место каде што порано се наоѓал манастир, а таквите места обично кријат мрачни тајни. Првите појавувања на духови почнале да се јавуваат околу 1900. година. Јавноста за првпат дознала за некогашната парохија од Хари Прајс и неговата асоцијација за паранормалн истражувања кога бил повикан да го истражи случајот. Тој таму нашол голем извор на приказни за духови со кои што сакал да ја заинтересира јавноста за своите истражувања. Според легендата на тоа место некогаш се наоѓал манастир каде што се вљубиле монах и монахиња. Младиот пар се обидел да избега, но биле фатени. Монахот бил обесен, но многу пострашна судбина и била наменета на монахињата. Таа била соѕидана жива и оставена на изгладнување до смрт. Нејзиниот дух се појавувал често, и Прајс верувал дека душата на младата калуѓерка се обидува да стапи во контакт со некого за да ја ослободи. Според белешките кои ги правел Хенри Прајс, таа постојано се појавувала лебдејќи наоколу. Семејството Смит кои што живееле во куќата во тоа време се жалеле дека прозорците им биле кршени, мебелот померуван и дека слушале звуци на камбани. Најпосле, поради сите тие чудни збиднувања семејството решило да си замине од парохијата. Кога семејството на пречесниот Лајонел Фојстер се вселило, морничавите случувања продолжиле и биле повикувани цели групи на ловци на духови за да го истражат случајот. Се одржале многу сеанси на кои што се јавувал духот на млада жена кој што изјавувал дека е калуѓерката во прашање. Уште почудно било тоа кога една ноќ во 1938 духот предвидел дека местото ќе изгори таа ноќ. Не изгорело таа ноќ, ама зградата изгорела една година подоцна. 
4. Чкрапнати духовиСо сите чудни случувања за кои постојано се слуша и со сите тие луѓе кои што шетаат наоколу со фотоапарати во рацете, логично е да се појави и некоја слика со духови, како на пример следниот случај; Во градот Shropshire во Англија постојано се јавуваат духови. Некогашнато градско собрание било изгорено до темел, но тоа не било прв пат да се случи таква трагедија во тој град. Во 1677 пожар ги уништил дрвените куќи и згради во областа кога, како што пренесуваат легендите, младата девојка по име Џејн Шарм во несреќен случај го запалила сламениот покрив со свеќа. Нејзиниот дух се јавувал на многу места во околината. Собранието било изградено во 1905, и кога во 1995 се случил пожарот, присутните гледале со тага како гори старата историска зграда. Еден локален жител по име Тони О’ Рајли ја фотографирал случката и бил многу изненаден кога на една од фотографиите открил чудна глетка. Десно кај влезот на зградата во пламен јасно се гледа фигурата на младата девојка. 
5. Повикајте си свој сопствен духДоколку ви е здодевно и си немате другарче за играње, можете да си повикате некое од другата страна доколку си набавите Ouija Board- табла за повикување на духови. Оваа табла била произведена и продавана како играчка од браќата Паркер, но илјадници луѓе тврдат дека со нејзина помош навистина успеале да повикаат духови. Ако ги следите упатствата опишани на интернет, по телевизиите и во филмовите, можеби и ќе успеете и вие да видите некој дух, но сепак Мотика ве предупредува дека не секој дух е добриот дух Каспер. 
|
|
|
 |
маркер.з.з
Нов член
Регистриран: 11.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јуни.2010 во 17:16 |
" isprateno od volkswagen "
еј....ај малце кажете нешто повеќе околу ова ако знаете ...На патот од Големо Коњари до Кривогаштани имало некое си XXX место (т.е. не знам точно каде, ни како се вика) каде што наводно на порано било убиено некое девојче... викаат дека се осеќа некоја сила која влијае врз моторните возила што поминуваат тука и на патниците , во точно 24:00 часот на местото а и се појавува дух од девојче...сум чул и други муабети за ова, ама не знам точно... ако некој знае.. БУЈРУМ
moe :D
Слушај волксвагене пошто јас сум од Прилеп и често одиме на слава во Кривогаштани.Тоа ХХХ место е некаде 100 метри после селото Славеј.
Кога си идевме од слава беше некаде 11:54 часот.Стигнавме пред с.Славеј , беше 11:59 часот. Во тој момент преку патот претрча една фигура, беше слична на човек и и леташе косата.Пошто сум 7-мо одд. го прашав татко ми.Тој ми рече можеби било некоја верверичка. А времето беше ужас. Молскавици го осветлуваја небото како да е ден. Уверен бев и сум уште дека беше тоа за кое ти зборуваш.
Изменето од маркер.з.з - 11.Јуни.2010 во 17:17
|
 |
ANITA11
Сениор
Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Мај.2010 во 10:24 |
ne veruvam...
|
 |
Tiggy Vicious
Сениор
Consume. Be silent. Die.
Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2010 во 16:24 |
Flix напиша:
Еве една вистинита случка то ми се има случено во врска со духовите. Имам стрико во Англија, и бев отиден кај него така на шетање 2 месеци. Тој живееше во една така не многу стара куќа. И така на почетокот се ми изгледаше нормално. И една вечер негде кај 23 часот си седам си гледам тв и отидов до кујна да си земам за пиење, се враќам телевизорот исклучен ај си реков ова струја снема сигурно, или пак прегоре некој осигурач. Ко гледам телевизорот исклучен од струја. Мене свеста ми се зеде. Си реков ова сигурно некој ме мајтапи. Потоа ми кажа стрикоми дека и него ми се случувало тоа често и дека навечер се слушало тропање викање низ куќа. А комшиите имале видено како дете мало си се шета низ куќе. Па ај за негде 3 месеци ја продадоја куќата.
|
Ме наежи....
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Мај.2010 во 13:38 |
Приказната за духовите од ЦЦ Ватертаун, е на некој начин класика во
однос на анализите за ловци на духови, не само по едноставноста на
приказната, туку и по тоа што не постојат несогласувања околу фактите.
Фактите се јасни, а нивните толкувања не. Во декември 1924 година ,
танкер за нафта СС Ватетаун, се наоѓал на својата редовна маршута ,
движејќи се во правец на југ низ пацифичката обала на Мексико. По
истоварот на нафтата и нафтените деривати во Лос Анџелес, танкерот се
упатил назад према Панамскиот Канал на својот пат према Атлантикот. По
поминувањето низ Панамскиот Канал, СС Ватертаун завртувал на север во
Њу Орлеанс, каде во околните рафинерии преземал нов товар на нафтени
деривати , за разработената америчка економија во тоа време. Овој пат
помеќу рафинеријата во Мексичкиот залив и стовариштата во Лос Ангелес
станал рутина за СС Ватертаун и капетанот Кит Трејси одлично ја
познавал својата работа. За жал и покрај искуството и мерките на
претпазливост, секогаш постои можност за нешто непредвидливо и
трагедијата го чека својот момент.

СС Ватертаун добиле задача да го исчистат талогот кој останал во еден
од танковите за бензин кој бил испразнет во Лос Анџелес. Тоа не била
комплицирана работа ,но сепак претставувала многу прљава работа, а
испарувањата од бензин непријатни. Тој кобен ден гасовите не само што
биле иритирачки и предизвикувале гушења, туку биле смртоносни. Од
високите концентрации на отровните испарувања, двајца морнари ја
изгубиле свеста а потоа и животот во неможност да побараат помош.
Капетанот и екипажот прилично потресени, сепак го организирале погребот
според обичаите на море. Утрото на 4. Декември 1924 година капетанот и
екипажот го извршиле церемонијалот – двајцата морнари биле спуштени на
вечна починка во зелените водите на Пацифик. Но нивниот починок не бил
за долго !!!
Веќе следниото утро екипажот на бродот бил во хаос. Првиот офицер на
бродот пријавил дека пред зора, видел две лица во брановите од лева
страна на бродот. Несреќните морнари се вратиле! Наскоро и другите
членови на екипажот ги забележале двете лица во брановите. Нивните лица
биле малку зголемени и се појавувале на врвовите на брановите, на околу
10 метри од бродот , со околу 3 метри меѓусебна раздалеченост. Биле
видливи околу 10 секунди, а потоа пак се губеле во исти интервали кои
екипажот ги мереле од радозналост.
Дали тоа биле духовите на несреќните морнари?
И наредните денови лицата на погинатите често можеле да се видат во
водите на Пацификот. На бродот ,биле во дилема дали духовите ќе ги
следат низ Панамскиот канал, но во моментот кога СС Ватертаун ги
напуштил водите на Пацификот и запловил во водите на Панамскиот канал,
лицата се изгубиле од видик и до крај на пловењето повеќе не се
појавиле.
По доаѓање во Њу Орлеанс, капетанот Трејси поднел извештај на своите
претпоставени- CITGO нафтена компанија која постои и денес, каде во
детали ги информирал за смртта на морнарите и необјаснивите настани.
Тој добил совет да купи фото апарат , да го носи со себе при пловидба
назад за Лос Анџелес и да ги сними настаните. На патот назад , немало
ни трага од духовите се додека бродот повторно не минал низ Панамскиот
канал и запловил во водите на Тихиот океан.
Кога СС Ватертаун навлегол во Пацификот, екпажот повторно почнува да ги
гледа лицата на загинатите морнари, не толку често и во исти интервали,
но доволно да капетанот Треиси направи 6 фотографии. Кога пристигнале
на пристаништето, капетанот го пратил филмот на развивање во Њу Јорк, и
од шест фотографии на пет не се гледалоништо, но на шестата...
Шестата фотографија прикажувала две лица во брановите на океанот, две
познати и добро формирани глави, кои пливаат во пената на брановите
створени од пропелерите на бродот. Главите одлично се вклопувале во
останатиот дел на фотографијата. Негативите биле испратени во Бурнс
детективска агенција во Чикаго на проверка и немало никакова трага од
фалсификување или модификација на филмот.
Што се однесува до несреќните морнари, нивните ликови во морето се
видени и на третото патување иако со помала зачестеност. Четвртиот пат
не биле видени,а на бродот бил комплетно нов екипаж, бидејќи
сопственикот го сменил ,а дел од нив и отпуштил од непознати причини.
Духовите највероватно не биле поврзани за бродот туку за екипажот па
повеќе не биле видени.
Оваа приказна останала да се прераскажува низ следните десет години
како мистерија, меѓу вработените на CITGO компанијата. Се до 1934
година. Магазинот на компанијата не ги објавил вестите за духовите на
СС Ватертаун. За жал по 10 години било тешко да се пронајдат сведоците
и да се влезе во трага на информации од прв ред, сепак прераскажувањата
и сликата останале како сведоштво на мистериозниот настан.
Едно од вообичајните научни објаснувања е, дека екипажот на бродот
страдал од стрес предизвикан со смртта на нивните пријатели, и поради
таквата емоционална состојба, почнале да гледаат ликови во морските
бранови. Оваа појава се нарекува ПАРЕИДОЛИЈА.
Морнарите според ова објаснување, биле фатени во мрежата на заедничка
визуелна хистерија, па така во водите биле видени човечки ликови.
Овој текст денес не би постоел кога решението би било така едноставно,
тоа што не може да се објасни до денес и по речиси еден век, е
фотографијата која е тогаш направена.
Можеби е точно да група луѓе под дејство на таков стрес може да
подлегнат на таква хистерија, а ликовите да се плод на нивната
фантазија, а како е можно да такв стрес произведе фотографија?
Зарем не може доказ во облик на фотографија да се објасни како
приврзаност на морнарите Џемс Кортни и Мајкал Михен на свот брод и
екипажот дури и по смртта. |
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Мај.2010 во 13:36 |
Црквата во местото Сефтон, во близина на Ливерпул во Англија потекнува
од XII век, а изградена е да биде приватна капела на фамилијата
Молинеух... Изградбата на црквата во првобитната состојба завршена е во
1170 година и до денес се сочувани неколку карпи кои се дел од
оргиналното издание на црквата.
Кулата е изградена 1320 година,а црквата , во облик во кој и денес постои завршена е во во првата декада на XVI век.
Оваа фотографија е направена во црквата во септември 1999година. Двајца
фотографи се единствени кои биле во црквата кога оваа фотографија била
направена. Ниту еден од нив не се сеќава дека видел ниту дух ниту
човек, кој може да се појави на фотографијата. Бидејќи ликот на
фотографијата е во црно се претпоставува дека фигурата е дух на некој
од црквените служители.
Постојат многу очевидци кои тврдат дека во пабот, кој е во непосредна
близина на црквата, редовно низ долги години се појавува дух на човек
со плава морнарска наметка.
|
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2010 во 19:09 |
Покојната тешта на задното седиште од мојот автомобил?!
Во 1959 година, Мејбл Чинери отишла да го посети гробот на мајка си.
Како што често прават луѓето од некои причини, таа решила да го
фотографира гробот, а исто така го фотографирала и мажот си кој што ја
чекал во автомобилот, сосема сам. Кога филмот бил развиен, Мејбл била
шокирана кога здогледала фигура која личи на нејзината мајка како седи
на задното седиште во семејниот автомобил.
Духот на Док Холидеј во заседа
Ова е фотографија која што е всушност со многу понов датум отколку што
навистина изгледа. Фотографот го фотографирал својот пријател облечен
во облека од осумдесеттите години на деветнаесетиот век, за да личи на
некој каубоец во стилот на Док Холидеј или Вајат Ерп. Фотографијата е
сликана на гробиштата „Бутхил Грејвјард“ во Аризона во црно-бела
техника за да изгледа што е можно поавтентично. Откако бил развиен
филмот, ја забележале фигурата на човек во позадината, за која што
фотографот се колне дека ја немало во моментот на фотографирањето.
Мила моја...наскоро...
Фотографијава е уште една од оние кои предизвикуваат морници, особено
ако и вие сте на неа, и сте хмм...во одредена доба на својот
живот...Жената на оваа слика била во своите девеесетти во моментот на
фотографирањето и долги години живеела како вдовица. Ќерка и која што
ја направила оваа фотографија, известува дека тогаш мајка и била во
раните фази на деменција, и во тие денови често зборувала на глас со
својот покоен маж. По развивањето на фотографијата, ќерката се
запрепастила кога на фотографијата забележала фигура на човек кој што
секако дека ќе го забележала во моментот на фотографирањето, доколку не
се работело за дух. Она што е уште повеќе шокантно е тоа што лицето на
човечката фигура многу личи на лицето на покојниот маж на возрасната
жена. За да го поткрепи тоа што го тврди, ќерката доставила и
фотографии од деновите кога нејзините родители биле помлади. Вие
споредете.
Духот милениче
Луѓето не се единствените суштества кои што се покажуваат како духови.
На оваа фотографија покрај насмеаната тројка од левата страна јасно се
забележува и сенишната појава на голема кафеава мечка. Ние можеме да си
правиме најразлични претпоставки; можеби мечката била убиена токму на
тоа место, или можеби сакала да покаже кој се уште ги владее тие шуми,
или едноставно била некоја дружељубива мечка која што исто така сакала
да се фотографира.
Сине, внимавај како возиш
Еве уште една морничава фотка. Сниман е гордиот сопственик на новата
„буба“. Кога фотографијата излегла, на задното стакло од другиот
автомобил се појавила фигурата на човечка глава. Луѓето се сигурни дека
и во двата автомобили немало никој во тој момент,а за да биде уште
поморничаво, човекот покрај бубата изјавил дека ликот на стаклото многу
личел на лицето на неговиот покоен татко, кој своевремено го учел синот
да вози.
Добриот дух Каспер

Оваа фотографија е снимана со телефон Nokia 7250 во Иствуд Сити во
Манила. Девојките замолиле некој странец да ги фотографира. Замислете
го нивниот шок, а особено на девојката од десно кога ја забележале
морничавата фигура како ја држи за рака девојката во моментот на
фотографирањето. Сепак, мора да се признае дека овој дух изгледа
навистина дружељубиво.
А јас? И јас сакам да се сликам..
Снимана во 1919, на фотографијава е одред од единицата RAF (Royal Air
Force) на британските воздушни сили. Зад зумираниот војник се
забележува лице на младич за кој кој што се тврди дека е Фреди Џексон,
кој што загинал во несреќен случај од авионски пропелер два дена пред
да биде направена групната фотографија. На големата фотографија се
наоѓа во најгорниот ред, зад четвртиот војник од лево.Неговите другари
лесно го препознале, и се смета дека овој дух се појавил на снимањето
несвесен дека тој всушност е – починат.
Кафеавата дама
Оваа снимка е можеби најпознатиот портрет на дух во историјата на
фотографии со духови, а кој што има и интересна приказна зад себе. Се
верува дека духот е на лејди Дороти Таунзенд, сопругата на Чарлс
Таунзенд, вториот виконт од Рајнхам, резиденцијата Рајнхам Хил во
Норфолк, Англија, кои што живееле во раните години на осумнаесеттиот
век. Имало гласини дека пред нејзиниот брак со Чарлс, Дороти му била
љубовница на лордот Вартон. Чарлс се сомневал дека Дороти му била
неверна. Иако според официјалните податоци таа починала и била
погребана во 1726. година, имало сомнежи дека погребот бил фарса и дека
Чарлс ја држал својата сопруга затворена во изолиран дел од раскошната
семејна куќа се до нејзината смрт години подоцна. Се верува дека
оттогаш духот на Дороти ги опседнува скалите од дабово дрво, како и
други делови во резиденцијата Рајнхам Хил. Во раните години на
деветнаесеттиот век за време на неговиот престој во оваа резиденција,
кралот Џорџ IV забележал фигура на жена во кафеав фустан како стои крај
неговиот кревет. Повторно била видена во холот во 1835 од полковникот
Лофтус, кој што престојувал за време на божиќните празници. Ја видел и
една недела подоцна и ја опишал како фигура на жена во кафеав фустан од
сатен, а лицето и блескало со некаква бледа светлина. Исто така, му се
видело дека очите и биле извадени. Неколку години подоцна, капетанот
Фредерик Марјат и двајца негови пријатели повторно ја виделе „кафеавата
лејди“, како лебди над скалите во ходникот носејќи фенер. Минувајќи,
таа им се исклештила на луѓето на „ѓаволски начин“. Марјат пукал со
пиштол во аветинската појава, но к*ршумот едноставно минал низ неа.
Славната фотографијата од погоре е снимана во 1936 од К. Прованд и И.
Шира, двајца фотографи кои биле задолжени да го фотографираат Рајнхам
Хол за списанието Кантри Лајф. Вака го опишува настанот Шира, еден од фотографите:
„
К. Прованд направи една фотографија додека јас осветлував со блиц. Тој
фокусираше за уште едно снимање; јас стоев веднаш зад него со блицот во
раката гледајќи директно во скалите. Одеднаш, забележав некаква етерна
брановидна форма како бавно се спушта по скалите. Доста возбудено,
извикав остро: Брзо! Брзо! Нешто има таму! Го активирав блицот. По
фотографирањето, К. Прованд го тргна црното платно од својата глава и
праша: На што се должи таа толкава возбуда? “ По развивањето
на филмот, познатиот „Дух на кафеавата дама“ за првпат бил овековечен
на фотографија. Истата била за првпат објавена на 16 декември 1936 во
списанието Кантри Лајф. Духот повторно бил виден во неколку наврати оттогаш.
|
 |
Tiggy Vicious
Сениор
Consume. Be silent. Die.
Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2010 во 20:32 |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
 |
ANITA11
Сениор
Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2010 во 20:02 |
stigma04 напиша:
ne stvarno vreminja sedi ako nekogas pominuvas vo bitola toa se naoga kaj ucilisteto stiv naumov kukata imam videno i mnogu mie nesvatlivo |
ama navistina ne veruvam vo vakvi raboti  so pocit kon tebe stigma da ne e neshto od starosta na kukata
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Април.2010 во 18:36 |
NRGMKD напиша:
Fakt e deka paranormalno postoi. Duhovi ili dusite na pokojnite kako sakate kazete, seuste talkaat po zemjava. Fakt e bidejki postojat premnogu ocevidci, dokazi, filmski, audio, pismeni. Sepak toa e edna cela nauka. Nase e dali i kolku veruvame vo toa.
|
Се согласувам со тебе... И јас делам исто мислење дека ПАРАНОРМАЛНИ ПОЈАВИ постојат...
Изменето од Omar - 07.Април.2010 во 18:37
|
 |