IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 36>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2010 во 08:08
1934 е роден      Петре М. Андреевски, македонски писател.


1956 е роден     Борис Трајковски, претседател на Република Македонија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2010 во 08:06
1902- Во селото Мелница, Мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател. Во 1953 година го објави романот „Крпен живот“, а потоа и романите „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и „Дилбер Стана“. Познати се и неговите повести „Опасна печалба“ и „Мариовски панаѓур“. Умре во Скопје, на 10 март 1965 година.


1945.- Грчка воена единица стационирана во селото Смрдеш, Костурско, немилосрдно претепа повеќе мажи и жени од истото село и му забрани на населението да зборува на македонски јазик.


1948.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е одржан Основачкиот конгрес на борците од Народноослободителната војна на Македонија.

1989.- Со одлука на Универзитетскиот совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, е прифатено формирање на Фондацијата „Петар Стаматов“, виден иселеник од македонско потекло.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 23:29
1876  полковник Џорџ К'ст'р е разбиен од сиуксите и шаjените при Лит'л Биг Хорн.каубој
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 23:21
Поттикнат од Мунгос80 , кој почна да поставува значајни настани, сметам дека треба повторно да биде активна темата "На денешен ден".

1861. - Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.

1864. - Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз.

1975. - Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.

Изменето од Македон - 25.Јуни.2010 во 00:25
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2010 во 17:05


На денешен ден пред 130 години е роден Јордан Пиперката.


СЛАВА МУ
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 18:52
Originally posted by leoglas75 leoglas75 напиша:

Dnes na 1 mart 1941g. Sineokite Ricari minaha Dunava posreshnati ot ludete so cvetia i kitki ,s nadegda ga osvobodiat bratiata ni ot Makedonia.
Браќата од Македонија?Што апче си се напил бе брат?
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
leoglas75 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 80
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај leoglas75 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 19:42
Dnes na 1 mart 1941g. Sineokite Ricari minaha Dunava posreshnati ot ludete so cvetia i kitki ,s nadegda ga osvobodiat bratiata ni ot Makedonia.
Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
        умираха без страх.
Иван Вазов
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 12:07

885.- Умре Македонскиот просветител Методиј, постариот брат на Кирил, со кој ја состави првата словенска азбука, глаголицата. Тие преведуваа црковни книги и во Моравија го ширеа христијанството.

1199.- Умре англискиот крал Ричард Први Плантагент, наречен „Лавовско срце“, еден од водачите во Третата крстоносна војна.

1490.- Умре унгарскиот крал Марија Хунјади, познат како Матија Први Корвин, кој во текот на владеењето од 1458 година војуваше против Турците и хабзбуршките владетели. Ја зазеде Виена во 1486 година во која и умре. После неговата смрт Унгарците ги изгубија сите територии кои тој ги освои. Кралот Марија Хунјади ја обнови унгарската држава по неколку децении феудална анархија, реформирајќи ги финансиите, војската, правосудството и администрацијата.

1520.- Во Рим умре Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството. Се прослави со Мадона, насликана во 1513 година. Работеше портрети од кои по убавината на уметничката обработка се истакнуваат Портретот на млад човек во Будимпешта, на папата Јулиј Втори во Фиренца и други. Роден е во Фиренца, на 28 март 1483 година.

1528.- Умре германскиот сликар Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори.  Црташе природа, а работеше и акварели. Неколку години живееше во Нирнберг, каде што ги создаде најзначајните дела, вклучувајќи ги „Четири апостоли“, „Портрет на Холцшуер“ и други.

1667.- Во земјотрес загинаа три четвртини од населението на Дубровник, а поголемиот дел од градот беше уништен. По оваа трагедија Дубровник никогаш повеќе не успеа да ја врати старата слава бидејќи обемот на трговските работи кои градот тогаш ги имаше никогаш не беше остварен.  

1789.- Џорџ Вашингтон е избран за прв претседател на САД.

1874.- Роден е американскиот магионичар по потекло унгарски Евреин, Ерих Вајс, познат како Хари Худини, најпознатиот магионичар во 20. век. Името го смени во чест на францускиот магионичар Жан Езен Робер Худин.

1890.- Роден е холандскиот воздухопловен инжинер Ентони Херман Жерар Фокер, основач на воздухопловната индустрија „Фокер“, која и сега произведува авиони, главно патнички. Тој во Јохаништал кај Берлин 1912 година ја изгради првата фабрика за авиони. По војната изгради фабрика во Амстердам, а потоа ја прошири дејноста во САД и Шпанија. 

1896.- Во Атина почнаа првите модерни Олимписки игри кои беа организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршија на 14 април, учествуваа 484 натпреварувачи.

1909.- Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигна прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испита и најсеверниот дел на Гренланд ("Пириева земја") и напиша неколку дела за своите патувања, како што се "Најблиску до полот", "Северниот пол" и "Тајните на поларните патувања".

1917.- САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, и објавија војна на Германија.

1941.- Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување на војна го нападнаа Кралството Југославија.

1965.- Првиот светски комерцијален сателит е лансиран од космодромот Кејп Кенеди.

1971.- Умре рускиот композитор Игор Фјодорович Стравински, еден од најуиниверзалните музички творци во 20 век. Од 1910 живееше во Франција, а од 1937 година во САД. Дела: балетите „Жарот на птиците“, „Пролетна посветеност“, сценската кантата „Свадба“, мелодрамите „Приказна за војникот“, „Персефона“, операта-ораториум „Кралот Едип“, операта „Живот на развратникот“, Концерт за 16 инструменти, Регтајм“, автобиографските трудови „Хроника на мојот живот“, „Музичка поетика“.

1991.- Во Прилеп почна Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

1992.- Умре американскиот писател и профсор по биохемија од руско потекло Исак Асимов, пишувач на научно-фантастични прози. Научно-популарните дела: „Хемикалиите на жвотот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Внатре во атомот“, „Светот на нитрогенот“, „Човечки мозок“, „Науката, броевите и јас“. Литературните дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“.

1996.- Умре американската филмска глумица од ирско потекло Грир Гарсон, добитник на Оскарот за филот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Останати филмови: „Збогум мистер Чипс“, „Мадам Кири“, „Јулие Цезар“, „Излезот на сонцето во Кампобела“.

2000.- Поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф е осуден на доживотна робија.

2000.- Умре поранешниот претседател на Тунис Хабиб Бен Али Бургиб, водач во борбата за независност. Беше прогласен за доживотен претседател на Тунис од 1957 година, но во 1987 година беше тргнат од власта со државен удар без крвопролевање.

2005.- На 81-годишна возраст почина принцот од Монако Рение Трети. Тој владееше со Монако од 1949 година и беше европски лидер кој најдолго останал на престолот. Негов наследник е принцот Алберт. Рение Трети беше оженет со холивудската дива Грејс Кели.

2007.- Умре италијанскот режисер Луиџи Коменчини, основач на Италијанската кинотека. Кариерата ја започна како филмски критичар, а дебитираше на големото платно со документарниот филм „Деца во град“ (1946 година). Филмови: „Доживувањата на Пинокио“, „Леб, љубов и фантазија“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 14:53
1943.- Сите Евреи од Македонија кои беа собрани во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти но со помош на бугарскиот окупатор во Македонија.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 09:46

- Национален празник на Нов Зеланд

1564.- Роден е англискиот писател Кристофер Марлоу кој битно влијаеше врз Вилијам Шекспир. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“.

1665.- Родена е англиската кралица Ана, која владееше од 1702 до 1714 година како последен монарх од династијата Стјуард. Кралицата Ана во 1707 година ги обедини Англија и Шкотска.

1685.- Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први кој беше погубен во граѓанската војна во 1649 година. Чарлс Втори Стјуард стана монарх во 1660 година, по укинувањето на републиката која беше воспоставена во 1653 година од Оливер Кромвел.

1793.- Умре Карло Голдони, италијански комедиограф. Познати негови дела се: "Мирандолина", "Рибарски караници", "Скржавец", "Коцкар" и други. Мошне интересна е неговата драма "Далматинка" (прикажувана во 1758 година), во која го слави илирскиот народ во Далмација. Роден е во 1707 година.

1802.- Роден е англискиот физичар Чарлс Витстоун, пионер на телеграфијата. Toj го пронајде методот за одредување на електричниот отпор, а ги истражуваше  и електрицитетот, светлината и звукот.

1804.- Умре Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Роден е на 13 март 1733 година.

1838.- Роден е англискиот актер Џон Хенри Бродриб, познат како Хенри Ирвинг, еден од најголемите трагичари во 19. век.

1893.- Во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег", и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конк*рс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.

1897.- Роден е бразилскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Алберто де Алмеида Кавалканти. Филмови: „Ивет“, „Воз без очи“, „Капетан Фракас“, „Одморот на ѓаволот“, „Николас Никлби“, „Првиот џентлмен“, „Земјата е секогаш земја“, „Газдата Пунтила и неговиот слуга Мати“.

1897.- Грчкиот остров Крит доби автономен статус во рамките на турското царство, што беше последица на масовното востание кое изби на Крит. Островот Крит на Грција и припадна по Балканските војни во 1913 година.

1899.- На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По Американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.

1905.- Роден е полскиот политичар Владислав Гомулка, водач на Полската работничка партија (комунисти) од 1943 до 1948, и од 1956 до 1970 година. Од должноста генерален секретар беше сменет во 1948 година во времето на јакнењето на Сталинизмот, а оставката на оваа функција ја даде во 1970 година, притиснат од работничките немири.

1911.- Роден е американскиот политичар и државник Роналд Реган. Републиканец, а на почетокот на својата кариера и актер. Од 1967 до 1974 година беше гувернер на американската држава Калифорнија. Како претседател на САД од 1981 до 1989 година се залагаше за цврста монетарна политика, го либерализираше пазарот, ги намали државните трошоци и инфлацијата и придонесе за зголемување на вработеноста во САД. Успешно ја реши кризата со американските заробеници во Иран и ги подобри односите со поранешниот Советски Сојуз. Десет денови по неговата инаугурација за претседател на САД, врз него е извршен атентат. Тој беше пренесен во болницата "Џорџ Вашингтон", каде што му беше направена хируршка интервенција.

1912.- Родена е Ева Браун. Официјална сопруга на германскиот диктатор Адолф Хитлер стана еден ден пред заедничкото самоубиство во Хитлеровиот берлински бункер кон крајот на април 1945 година.

1922.- Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, "петмината" (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.

1931.- Родена е аргентинската танчерка, потоа државничка Марија Естела Исабелита Мартинес, позната како Исабела Перон. Беше претседател на Аргентина од 1974 до 1976 година. Функцијата шеф на државата ја стекна по смртта на својот сопруг Хуан Перон. Претходно во 1973 година стана потпретседател на Аргентина, а од власта е тргната по воениот удар, по што врз основа на одлука на воената хунта беше затворена од 1976 до 1981 година.

1932.- Роден е францускиот филмски режисер Франсоа Трифо, еден од творците на „новиот бран“ во францускиот филм. Со светска слава се стекна уште со првиот филм „400 ударци“, снимен во 1959 година. Останати филмови: „Жил и Џим“, „Американска ноќ“ (Оскар), „Приказна за Адела“, „Пукајте на пијанистот“, „Дивото дете“, „Сосетка“, „Последно метро“, „Украдени бакнежи“.

1943.- Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.

1945.- Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа "Орце Николов".

1952.- Умре британскиот крал Џорџ Шести, која го наследи ќерката, кралицата Елизабета Прва.

1958.- Во авионска несреќа на минхенскиот аеродром загинаа 23 патници, вклучувајќи и осум играчи на англискиот фудбалски клуб „Манчестер јунајтед“. Несреќата се случи по враќањето на играчите од Белград каде „Манчестер јунајтед“ играше натпревар во европскиот Куп на шампиони со „Црвена ѕвезда“.

1974.- Во Сен Џорџ, главен град на Гранада, прогласена е независност на овој остров - држава во Карипското Море. Гренада 300 години беше британски колонијален имот.

1985.- Во Охрид умре Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. По завршувањето на првата светска војна активно учествуваше во македонското комунистичко и националноослободително движење. Притоа тој стана раководител на Месниот комитет на ВМРО (обединета). Во 1929 година кралскиот суд (на Кралството Југославија) за заштита на државата заедно со група македонски револуционери, е осуден на робија. Подоцна активно ја помагаше НОВ на Македонија, поради што беше и интерниран. Роден е во Велес, во 1892 година.

1989.- Умре францускиот филмски режисер Андре Жан Кајат. Иако се бавеше со адвокатура, новинарство и со пишување сценарија, светската слава ја стекна како режисер. Филмови: „Сите ние сме убијци“, „Огледало со две лица“, „Љубовниците од Верона“, „Правдата е задоволена“, „Премин преку Рајна“.

1992.- Република Турција ја призна Република Македонија.

1993.- Умре американскиот тенисер од африканско потекло Артур Еш. Тој беше првиот црнец играч кој со триумфот во Вимблдон во 1975 година успеа да победи на Грен слем турнирот. Умре од сида бидејќи беше заразен од вирусот на оваа болест по трансфузијата на крв при операција на срце.

1994.- Шефот на опозициските социјалдемократи Марти Ахтисари ги доби првите директни претседателски избори во Финска, победувајќи ја министерката за одбрана Елизабет Рен.

1995.- Два вселенски брода од по 100 тони - најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнаа во првото американско-руско вселенско „матине“ после 20 години.

1996.- Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија.

1997.- Конгресот на Еквадор го смени претседателот Абдал Букарам, прогласувајќи го за непресметлив.

1998.- Во Доминиканската Република, во сообраќајна несреќа загина Јохан Холзек - Фалко, австриски поп и рап изведувач. Роден е во Виена, на 19 февруари 1957 година.

2000.- Вршителот на должност претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека се завршени операциите во главниот град на Чеченија, Грозни, од кој се исфрлени исламските терористи.

2000.- Поранешниот фински шеф на дипломатијата Тари Халонен победи на претседателските избори, станувајќи прва жена шеф на држава во историјата на Финска.

2004.- Во експлозија која ја активира исламски бомбаш-самоубиец во метро во Москва загинаа најмалку 40 луѓе.

2007.- Умре Френки Лејн познат американски пејач кој со серија хитови стана еден од најпопуларните музичари во 50-тите години од минатиот век. Со својот препознатлив глас баритон и песни како што се "That`s My Desire", "Mule Train", "Jezebel", "I Believe" i "Rawhide", Леон беше еден од „претплатените“ на топ-листите се до појавувањето на рокен-ролот. Во текот на седумдецениската кариера, продаде повеќе од 100 милиони плочи од кои повеќе од 20 достигнаа златен статус. Имаше широк репертоар кој опфаќаше џез, блуз и кантри музика.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 10:04
- Светски ден за заштита на водните живеалишта.

1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градоот Ди во северозападна Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент.

1536.- Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина.

1556.- Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото - земјотресот - беше опустошена кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан, усмртувајќи повеќе од 850.000 луѓе. Притоа беа срамнети со земја неколку стотици населени места.

1594.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрино. Дела: „Миса на папата Марцела“, „Стабат Матер“.

1709.- Шкотскиот морнар Александер Селкрејг, познат како Александер Селкрик беше пронајден на пустиот пацифички остров на кој во 1704 години се засолни после бродоломот. Неговата животна приказна го инспирираше Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.

1801.- Британскиот парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници.

1848.- Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.

1882.- Во Даблин е роден Џејм Џојс, ирски писател, еден од основоположниците на современиот роман, новатор на раскажувачките форми и предвесник на модерниот израз. Најпознато негово дело е „Улис“, а потоа следуваат „Камерна музика“, „Деблинци“ и други. Умре во Цирих на 13 јануари 1941 година.

1901.- Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година.

1904.- Роден е Валериј Павлович Чкалов, советски пилот. Во 1937 година изврши прв транспортен лет без спуштање од Москва преку Северниот Пол до Ванкувер во САД. Умре на 15 декември 1938 година.

1907.- Во Петроград умре Дмитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.

1932.- Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.

1950.- Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.

1969.- Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф. Филмови: „Закон на подземјето“, „Луѓе гении“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Стара темна куќа“, „Црна мачка“, „Франкештајновата невеста“, „Франкештајновиот син“, „Терор“, „Мета“.

1970.- Во Пенриндидред, Велика Британија, умре Бертранд Расел, англиски филозоф, математичар и писател. Поради тоа што одби да оди во војска за време на Втората светска војна беше затворен, ја изгуби работата, но и скоро стана мошне популарен поради смелите и напредни тези за различните политички и општествени прашања. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Трелек, на 18 мај 1872 година.

1971.- Во иранското гратче Рамсар е потпишана Конвенција за заштита на водните живеалишта.

1983.- Во Охрид умре д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев влезе во енциклопедиите на медицинските науки. Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

1986.- Во Кнежеството Лихтејнштајн жените за првпат гласаа на парламентарните избори.

1994.- Република Чешка ја призна Република Македонија.

1996.- Во Скопје е потпишан меморандум за отворање Британски информативен центар.

1990.- Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната за Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела.

1995.- Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО за првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мировно решение и да дадат поддршка на израелско-палеститнската спогодба.

1996.- Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетан Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гусар“, „Во град“, „Хело, Доли!“.

1998.- Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 140-те патници и членови на екипажот.

2005.- Умре некогашниот шампион во бокс во тешка категорија Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000 гледачи, го накаутира дотогаш непоразениот Џо Луис.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2009 во 11:52

1328- Роден е францускиот крал Шарл Четврти Убавиот, последниот директен потомок на династијата Капет на престолот на Франција, кој воедно беше и крал на Навара, како Шарл Први. Во текот на владеењето од 1322, ја реформира администрацијата со настојување да ја зајакне монархијата, а 1327 година склучи мир со Англија.

1650.- Умре францускиот филозоф, математичар и физичар Рене Декрет, основач на нововековната европска филозофија, посебно на модерниот рационализам. Дела: „Расправа за методите“, „Правила за раководење со умот“, „Медитации за првата филозофија“, „Расправа за страстите на душата“, „Принципи на филозофијата“, „Геометрија“.

1790.- Првпат заседаваше Врховниот суд на САД, една година по основањето.

1793.- Револуционерна Франција по неполни две недели по погубувањето на кралот Луј Шеснаесетти, им објави војна на Велика Британија и на Холандија.

1834.- Во Охрид е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари, човек кој со големи саможртви во времето на националната преродба на Македонците и се предаде на благородната мисија на обнародување на духовното богатство на својот македонски народ. Ги објави делата "Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина", "Материјали за животописот на браќата Миладиновци Димитрија и Константин", како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија. Умре во Софија, на 18 март 1909 година.

1840.- Во американскиот град Балтимор отворен е првиот стоматолошки факултет во светот.

1861. - Тексас се отцепи од Унијата и и се приклучи на Kонфедерацијата на јужните американски држави.

1872.- Во селото Лактиње, Охридско, е роден Смиле Војданов, македонски револуционер, учител и војвода. Учесник е во Илинденското востание во својство како војвода во Дебарско и Охридско. Тој е првиот македонски лобист на просторот на цела Северна Америка, залагајќи се за македонска држава. Умре во Понтијак, САД, на 4 март 1958 година.

1874.- Роден е австрискиот писател Хуго фон Хорфманштал, чии стихови и прозни дела се полни со меланхолија и резигнација. Соработуваше со Рихард Штраус, за чии композиции пишуваше либрети. Дела: драмите „Тицијановата смрт“, „Бела лепеза“, „Електра“, „Едип и Сфинг“, „Човек“, „Кула“, либретите „Кавалер со ружи“, „Жена без сенка“, приказната „Бајка на 672 ноќи“, есејот „Писмо на лордот Чендос“.

1883.- Под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот канал, почна изградбата на Панамскиот канал, која заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19. век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.

1887.- Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.

1893.- Томас Едисон во Вест Оринџ во Њу Џерси го отвори првото филмско студио во светот.

1901.- Роден е американскиот филмски глумец Клерк Гејбл, кој играше во повеќе од 70 филмови. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Кинеско Море“, „Однесено од виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“ и други.

1907.- Хондурас почна војна со Никарагва поради пограничните територии.

1908.- Во одговор на теророт предизвикан од режимот, републиканските следбеници во Лисабон ги убија португалскиот крал Карлос Први и неговиот син кој требаше да го наследи престолот.

1912.- Во селото Буф, Леринско, е роден д-р Трифун Пановски, борец во НОВ на Македонија. Загина во несреќен случај во близина на селото Буринец, Струшко (во несреќата загинаа уште тројца борци и едно дете), на 22 јуни 1944 година.

1922.- Родена е италијанската оперска пејачка Рената Тебалди, една од најголемите лирски сопрани на 20. век, која брилјантно ги интерпретираше големите рољи, посебно во оперите на Ѓузепе Верди и Ѓакомо Пучини.

1924.- Британската лабуристичка Влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.

1942.- Водачот на норвешките нацисти Видкун Квислинг во Втората светска војна во окупираната Норвешка стана претседател на марионетската влада.

1943.- Кај селото Старо Градско, на Косово, во борба против италијанските фашисти и против балистите, загина Александар Урдаревски - Станко, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Чучер, Скопско, на 18 февруари 1920 година.

1944.- Во Њујорк умре Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. Како еден од основачите на групата "Де Стил", во 1920 година објави манифест за "неопластицизмот". Од 1940 година живееше во САД. Тој е значаен претходник на новото сликарство. Роден е на 7 март 1872 година.

1945.- Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ првпат во слободна Македонија почна наставата на мајчин македонски јазик. Гимназијата е основана во 1857 година и е најстара гимназија во Македонија.

1946.- Тригве Ли (од Норвешка) е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.

1946.- Унгарија е прогласена за република со претседателот Золтан Тилдиј и премиерот Ференц Наѓи. Во меѓувоениот период Унгарија беше кралство без династија, што претставува единствен случај, па затоа грофот Хорди ја вршеше функцијата регант.

1958.- Египет и Сирија се обединија под заедничко име Обединета Арапска Република.

1962.- Во Белград умре Пјер Крижариќ, сликар и графичар од Словенија, еден од доајените на современата поранешна југословенска карикатура. Роден е во Глина, на 19 мај 1890 година.

1966.- Умре американскиот филмски глумец и режисер Бастер Китон, кој секогаш глумеше осамен човек, предодреден да се бори сам против сите. Филмови: „Генерал“, „Нашето гостопримство“, „Навигатор“, „Снимател“, „Булевар на самракот“, „Светла сцена“.

1974.- Во пожар кој го зафати новоизградениот облакодер во бразилскиот град Сао Паоло загинаа повеќе од 220 луѓе.

1979.- Иранскиот верски водач алатолахот Рухолах Хомеини по 15 години бегство од Париз се врати во земјата. Со тоа настапи новата фаза на исламската револуција со која во Иран е воспоставена исламската теократија.

1982.- Прогласена е конфедерацијата Сенегамбија, која настана по здружувањето на двете западноефриканските држави Сенегал и Гамбија. Оваа заедница престана да постои на 30 септември 1989 година.

1991.- Во земјотрес кој ги погоди пограничните области на Авганистан и Пакистан загинаа повеќе од 1.200 луѓе.

1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.

1995.- Поплавите во Холандија ги натера околу 250.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Тоа беше најголемиот егзодус во историјата на Холандија.

1996.- Претседателот Жак Ширак објави дека Франција заврши со нуклеарните проби „еднаш за секогаш“.

1996.- Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.

2000.- Ултрадесничарската Слободарска странка на Јерг Хајдер и Народната партија на Волфганг Шисел постигнаа договор за коалиција, наспроти предупредувањето на останатите 14 земји-членки на Европската унија и САД дека влезот во владата на Хајдеровата партија, на која и се препишува кокетирање со нацизмот, ксенофобичност и дискриминација на малцинствата неизбежно ќе предизвика непријатни последици за Австрија.

2003.- При враќањето на Земјата од мисијата која траеше 16 дена, американскиот вселенски шатл „Колумбија“ се запали и се распадна над Тексас 15 минути пред планираното слетување. Загинаа сите седум членови на екипажот, вклучувајќи и две жени и првиот Израелец-астронаут.

2004.- Во метежот во текот на муслиманскиот обред Каменување на ѓаволот во близина на Мека загинаа 251 верници.

2004.- Во просториите на две к*рдски партии во Ербил, на север во Ирак, двајца исламски терористи-самоубијци усмртија најмалку 117 луѓе.

2007.- Умре Аделаида Тамбо. Целиот свој живот го посвети на борбата против апартхеидот. „Мама Тамбо“, како ја нарекуваа, беше меѓу водечките членови на Африканскиот национален конгрес (АНЦ). Покрај бробата против апартхеидот, беше и борец за женски права. Аделаида Тамбо беше пратеник на АНЦ во првата демократски избрана влада на Јужноафриканската Република.

2008.- Во две одвоени експлозии, на багдатските пазари, кои ги изведоа жени бомбаши-самоубијци, загинаа 99, а беа повредени најмалку 145 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 11:53

1648.- Со потпишувањето на договорот во Минстер заврши осумгодишната војна меѓу Шпанија и Холандија, предизвикана од наметнувањето на римокатолицизмот од страна на Шпанците. Шпанија во октомври истата година конечно беше принудена да ја признае независноста на Холандија.

1649.- На англискиот крал Чарлс Први Стјуард, чие авторитарно владетелство предизвика граѓанска војна, му беше отсечена главата врз основа на пресудата на револуционерниот суд. Образложението беше дека тој е виновен за предавство - односно водел тајни преговори со Шкотите. Под притисок, тој во 1628 година објави „Петиција за правата“, гарантирајќи ги правата на Парламентот како и личната слобода на граѓаните, но таа обврска не ја почитуваше.

1830.- Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19. век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег" и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конк*рс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите на Балканот во тоа време. Умре во Охрид, на 6 февруари 1893 година.

1835.- Претседателот на САД Ендрју Џексон го преживеа првиот атентат врз шеф на држава во американската историја.

1882.- Роден е Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избиран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Умре на 12 април 1945 година.

1883.- Роден е Јарослав Хашек, чешки писател. Автор е на популарниот хумористично-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк за време на светската војна“, во кој ја разоткрива сета бесмисленост, суровост и лудост на милитаризмот. Умре на 3 јануари 1923 година.

1889.- Австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Карл Јозеф Рудолф Хабзбург и неговата 17-годишна љубовница баронката Марија Вечера извршија самоубиство во царската ловечка куќа во Мајерлинг.

1909.- Во Гостивар е роден академик д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Умре во Скопје, на 15 февруари 1984 година.

1927.- Роден е шведскиот државник Улоф Палме, шеф на владата и на Социјалдемократската работничка партија на Шведска од 1969 до 1976 година, и од 1982 до февруари 1986 година кога врз него беше извршен атентат во кој загина. Улоф Палме одлучно се противеше на воената интервенција на САД во Виетнам. Од 1980 година ја водеше независната меѓународна комисија за унапредување на процесот на разоружување. Како лидер на Социјалистичката интернационала (СИ) повеќе пати раководеше со мировни мисии на ОН (за мирољубиво решавање на судирот меѓу Иран и Ирак) и СИ (работна група за Јужна Африка).

1933.- Претседателот на Германија фелдмаршалот Паул фон Хинденбург за канцелар го наименува Адолф Хитлер. Во таа влада се наоѓаа уште само двајца нацисти, но Хитлер набрзо ги тргна неистомислениците и се здоби со апсолутна власт. Со тоа го отвори патот на нацистичката диктатура и масовни злосторства во Втората светска војна. На 1 септември 1939 година ја започна Втората светска војна со нападот врз Полска. Истиот датум во 1937 година Хитлер му соопшти на Парламентот дека Германија го повлекува својот потпис од Версајскиот мировен договор потпишан по Првата светска војна.

1937.- Роден е рускиот велемајстор Борис Васиљевич Спаски, светски шаховски првак од 1969 до 1972 годна. Титулата светски првак во шах ја загуби во мечот со велемајсторот Боби Фишер во 1972 година, во Рејкјавик.

1937.- Родена е англиската театарска и филмска актерка Ванеса Редгрејв. Филмови: „Морган“, „Морнарот од Гибралтар“, „Исидора Данкин“, „Ѓаволи“, „Марија кралицата на Шкотска“, „Убиство во Ориент експрес“, „Џулија“ (Оскар“, „Агата“, „Вагнер“, „Бостонци“.

1943.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна го почна првото деноноќно бомбардирање на Берлин.

1948.- Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (голема душа) ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2 октомври 1869 година.

1948.- Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Орвил Рајт, пионер во авијацијата, кој во 1903 година заедно со својот брат Вилбур, со авионот кој тие го направија, го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди, а авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година го конструираа авионот кој прелета 39 километри. Во 1909 година ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс I“.

1951.- Во Битола умре Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика, беше отстранет од политичката сцена. Роден е во Кратово, на 15 јули 1882 година.

1957.- Обединетите нации ја прозваа владата на Јужна Африка да ја преиспита политиката на апартхејдот.

1964.- Во Советскиот Сојуз за првпат во историјата на космонаутиката со една ракета беа лансирани сателити во различни орбити - „Електрон 1“ и „Електрон 2“.

1967.- Папата Павле Шести се сретна со претседателот на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз Николај Подгорни, првиот шеф на советската држава кој го посети Ватикан.

1967.- Во Виетнамската војна почна едномесечната офанзива наречена „Тет“ (Нова година) под команда на северновиетнамскиот генерал Во Нгуен Ѓапа, во која северновиетнамските трупи и јужновиетнамските герицли го нападнаа Сајгон и повеќе од 100 други места во Јужен Виетнам. „Тет“ се смета за пресвртница во војната бидејќи ја натера владата на САД да почне да размислува за повлекување од Виетнам.

1972.- Британските војници во Северна Ирска убија 13 луѓе, учесници во забранетиот марш на римокатоличките демонстранти за граѓански права во градот Лондондери.

1972.- Пакистан го напушти Комонвлетот во знак на протест поради одлуката Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд да го признаат Бангладеш (поранешен Источен Пакистан).

1983.- Умре Лав Лозански, еден од основачите на Природноматематичкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и познат научен работник во областа на физиолошката наука. Роден е во Полска, во 1911 година.

1995.- Во експлозија на автомобил-бомба која во Алжир ја активираа исламски терористи загинаа најмалку 20 луѓе.

1996.- Како прилог на весникот "Вечер" излезе првиот број на весникот "Занаетчија", гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.

2000.- Кенијскиот „Ербас 310“ во летот од Лагос до Најроби се урна во море. Падот го преживеаја само 10, од вкупно 179 патници и членови на екипажот.

2000.- Умре  Славко Јаневски, македонски писател, сценарист, и сликар. Во 1945 година излезе неговата прва книга поезија „Крвава низа“. Неговото книжевно дело е мошне богато и разновидно. Последното негово дело е романот „Депонија“, објавено во 2000 година. Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година.

2002.- На заедничката седница на Претставничкиот дом во Сенатот, претседателот на САД Џорџ Буш Ирак, Иран и Северна Кореја ги окарактеризира како „основа на злото“.

2005.- Во Ирак се одржани избори за националното собрание - први слободни избори во последните 50 години.   

2007.- Во борбите покрај ирачкиот свет град Наџаф беа убиени 236 бунтовници додека преку 500 беа заробени во еден од најжестоките судири од почетокот на американските инвазии врз Ирак во 2003 година. Лидерот на побунетата група, самонаречениот Махди исто така настрада, додека неговата група „Небески војници“ беше разбиена.

2007.- Во калифорнискиот град Ранчо Мираж, умре Сидни Шелдон, американски писател, еден од најчитаните автори во светот на сите времиња. Познати му се делата „Се плашиш ли од мракот“, „Гневот на ангелите“, „Господар на играта“ и други. Роден е во Чикаго, на 11 февруари 1917 година.

2008.- Британскиот „Opinion risrcc biznis“ (ORB) соопшти дека повеќе од еден милион Ирачани го изгубија животот како резултат на конфликтот во таа земја, од почетокот на војната која ја поведоа САД во 2003 година. Истражувањето кое го спроведе организацијата ORB покажало дека повеќе од 20 отсто од луѓето во Ирак имале најмалку по еден смртен случај во семејството како последица од војната која започна во 2003 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 11:35

1573.- Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15 февруари 1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот "Селанска буна".

1595.- Во Лондон умре Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, прв Англичанец кој го преплови светот. Неговите потфати имаа големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Роден е во 1540 година.

1635.- Ришељ ја основа „Француската академија“ (подоцна Институт), додека француската „Академија на науките“ ја основа Луј Четиринаесетти во 1666 година по сугестија на Жан Батиста Колбер.

1676.- Фјордор Трети Романов стана цар на Русија по смртта на Алексеј, неговиот татко. На престолот беше до 1682 година, кога го наследни полубратот Петар Велики. Поради честите болести  на малолетниот Петар со земјата управуваа неговите вујковци Милославски. Во текот на неговото владеење Русија ја зацврсти власта на огромните новоосвоени територии во Поволожје, Сибир и во Украина.

1688.- Роден е шведскиот мистик, филозоф и истражувач Емануел Сведенборг, автор на специфичното мистичко-теозофско учење. За неговите визии пишуваше Имануел Канд во написот „Соништа на еден духовник“. Неговите дела се многу читани и денеска. Дела: „Opera philosophica et mineralia“, „Arcana coesestica“, „De nova Hierosolyma“.

1782.- Роден е францускиот композитор Даниел Франсоа Еспри Обер. Дела: оперите „Fra Diavolo“, „Црно домино“, „Блудниот син“.

1843.- Роден е американскиот државник Вилијам Мекинли, кој беше претседател на САД од 1897 до 1901 година. На Шпанија и објави војна во 1898 година, за да ги одземе од неа Филипините, Порторико, Гуам и Куба, започнувајќи ја така ерата на отворен американски империјализам. Заедно со европските сили, учествуваше во гаснењето на антиколонијалното востание во Кина (од 1899 до 1901 година) познато како „Боксерско востание“ со цел да се наметне режимот на слободната трговија и непречен проток на американскиот капитал во Кина. Во атентат беше убиен во 1901 година.

1856.- Востановен е „Викторијанскиот крст“, највисоко британско воено одликување.

1860.- Во Таганрог е роден Антон Павловиќ Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Изврши големо влијание врз развојот на новелистиката и драмската книжевност во светот. Во своите новели даде голем број карактеристики на руското секојдневие и цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе. Најпознати дела му се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола", "Куќа на кат", "Селани" и други. Умре во Баденвалер, во Германија на 15 јули 1904 година.

1866.- Роден е Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. Познати се неговите дела "Жан Кристоф", "Кола Брењон", "Маѓепсана душа", "Четиринаесетти јули", "Дантон", потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој. Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 30 декември 1894 година.

1867.- Роден е шпанскиот писател и политичар Висенте Бласко Ибањес. Светската слава ја стекна со романот „Четворицата јавачи на апокалипсата“. Целиот живот го посвети на борбата за татковината, а кога во 1923 година во Шпанија  беше заведена диктатурата се стави на чело на борбата за демократија и ја напиша брошурата „Разобличениот Алфонсо Тринеаесетти“. Дела: „Меѓу портокалите“, „Крв и арена“, „Хорда“, „Катедрала“, „Подрум“, „Колумбо“ и други.

1884.- Роден е Огист Пикар, познат швајцарски физичар. Ги проучуваше радиоактивноста, атмосферскиот електрицитет и космичките летала. Се занимаваше и со испитување на стратосферата и големите морски длабочини. Тој изврши прв лет во стратосферата во 1931 година, достигнувајќи височина од 15.780 метри, а во 1932 година и 16.370 метри. Со батискаф се спушти и до 4.000 метри океанска длабочина. Умре во 1962 година.

1886.- Карл Бенц ги прикажа своите „кочии без коњ“. Неговата моторизирана кочија го означи почетокот на автомобилската индустрија која набрзо го освои светот.

1896.- Американскиот лекар Емил Граб прв ја употреби терапијата со зрачење во лекувањето на ракот на белите дробови, применувајќи ја во Чикаго врз пациентката Роуз Ли.

1899.- Умре францускиот сликар од англиско потеколо Алфред Сисле, еден од основачите на импресионизмот. Сликаше исклучиво пејзажи. Посебно го привлекуваше сликањето на реки, при што најмногу ги изразуваше светлосните ефекти.

1916.- Германците во Првата светска војна првпат од цепелин го бомбардираа Париз.

1916.- Британската армија во Првата светска војна првпат ги тестираше тенковите во местото Хетфилд во Англија.

1941.- Умре грчкиот генарал и државник Јоанс Метаксас, кој како претседател на владата и министер за војска во 1936 година го распушти парламентот и воспостави лична диктатура. Учествуваше во војната против Туците во 1897 година и во Балканските војни во 1912 и 1913 година. Во Втората светска војна во октомври 1940 година го одби улиматумот од Италија организирајќи решавачки отпор кон италијанската агресија.

1942.- Советскиот Сојуз, Велика Британија и Иран договорија во Втората светска војна британско-советските сили да го напуштат Иран шест месеци по завршувањето на борбата против силите на Оската, а Техеран им дозволи на Москва и Лондон неограничена употреба, контрола и одржување на сите комуникации, аеродроми и пристаништа на иранска тетиторија.

1942.- Перу и Боливија со потпишувањето на протоколот во Рио де Женеиро ја окончаа војната започната во 1941 година, поради спорните погранични територии меѓу двете земји и подрачјето на амазонската џунгла.

1949.- Велика Британија го призна Израел.

1950.- Почна првата серија на побуни во Јоханесбург, предизвикна од расистичката политика на владата на Јужна Африка.

1950.- Во Скопје е формиран Сојузот на филателистите на Македонија.

1963.- Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница.

1963.- Умре американскиот писател Роберт Ли Фрост, четирикратен добитник на Пулицеровата награда за поезија. Дела: збирка песни „Северно од Бостон“, „Потокот што тече на Запад“, „Собрани песни“.

1964.- Панама и упати жалба на Организацијата на американските држави заради агресијата на САД, барајќи свој суверенитет во зоната на Панамскиот канал.

1973.- Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент.

1989.- По седумгодишното недоразбирање и меѓународна арбитража, Израел на Египет му го врати градот Табу на Црвеното Море. Овој град Израел го држеше од војната во 1967 година, во која ги победи сите арапски земји.

1992.- Во Скопје умре Иван Дојчинов, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на "Партизанска споменица 1941".

1994.- Австралијанката Улрике Мајер, двократна светска првенка во скијање, умре од здобиените повреди при падот во натпреварот во спуст за Светскиот куп.

1996.- Венецијанската оперска куќа „Ла Фениче“ исчезна во пожар, вторпат во текот на нејзиното 204-годишно постоење.

1999.- Во Скопје умре Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско глумиште. Роден е во Велес, на 16 јануари 1902 година.

2005.- Умре израелскиот писател, сатиричар, сценарист и режисер Ефраим Кишон. Дела: „Не е фер Давиде“, „Уште малку па вистината“, „Лисица во кокошарник“, „Дома е најлошо“, „Јаболката е виновна за се“. Филмови: „Салах Шабати“, „Блаумилхов канал“.

2005.- Умре режисерот и сценарист Живорад Жика Митровиќ. Филмови: „Ешалонот на д-р М“, „Капетан Леши“, „Марш на Дрина“, „Ужичка република“, „Мис Стон“, „Сигнали над градот“, „Солунски атентатори“, „Невесинска пушка“, „Тимочка буна“.

2006.- Умре јужнокорејскиот уметник Нам Џун Пајк, пионер на видео уметноста во шеесетите години од минатиот век.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.