IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Бременост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бременост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака Обратен редослед
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2007 во 23:05
Мали совети како да се ослободите од мачнината во текот на бременоста

Често за мацнината се зборува како за мачнина која се појавува наутро, што не мора да биде точно.Се случува некои бремени зени да ја имаат во текот на целиот ден.По можност секогаш со вас имајте тврди бонбони од оние за освежување на здивот, влажни марамици без мирис..

1.Пробајте во исхраната са додадете како узина високо протеински карбонатне производи како што се кикириките и крекерите.Ова ќе така рецено ќе ја „усиса„ целата стомачна киселина што ќе спречи варирање на нивото на шеќерпт во крвта што може да доведи до гадење.
2.Јадете во мали но чести оброци како би сте избегнале да имате празен или преполн стомак.
3.Доколку не мора да се будите во точно одредено време , тогаш немојте, одмарајте се колку што е можно во текот на денот.
4.Носете како што пред тоа напишав тврди бонбони со некој кисел вкус кој мозе да ја смири мачнината.
5.Земајте витамини при најобилниот оброк во текот ан денот.
6.Кога ке осетите дека не ви е добро ставете влажна крпана очите и челото.
7.Вежбајте, ако имате можност правете го тоа надвор зошто воздухот може да во помогне.
8.Кога патувате со автомобил, гледајте да сте возач наместо патник.
9.Со дозвола на вашиот лекар пробајте ги таблетите против мачнина кои се шмукаат.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2007 во 23:04
Стресот и бременоста

Стресот за време на бременоста го зголемува ризикот за настанување на одредени аномалии.Пред се е зголемена опасноста од настанување на срцеви заболувања, различни нивоа и форми на расцепи (расцеп на уста, непцата и сл.)Чести настанатите аномалии настануваат поради факторот -околина.Мајчиниот стрес во текот на бременоста има тератогено дејство.Според испитувањата, мајките кои биле изложени на стресни ситуациимесец дена пред останувањето на бременоста, односно во текот на првите три месеци од бременоста, цесто раѓале деца со одредени аномалии.Ризикот од настанување на срцњва мана е зголемен при стрес на бремената жена од 40 до 50 %.Под стресни ситуации се подразбира како губење на близок цлен од семејството, губење на работата, партнерот итн.При тоа сезема во обзир за настанок на вакви аномалии и староста на мајката, пушењето, алкохолот, генетскиот фактор и сл.Но и земанњето на фолната киселина во бременоста како олеснителен фактор за овие аномалии да се откријат навреме.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2007 во 23:04
Исхрана за време на бременоста

Последните години повекето бремени жени ја зголемуваат телесната тежина, што со ова го доведуваат во опасност и самиот плод па и себеси за време на самиот пород.Познато е да зголемувањето на телесната тежина не би требало да изнесува повеќе од 10 кгр.Кога се вели дека бремената жена треба да јаде за двајца тоа не значи да треба да јади двапати повеќе.

Исхраната за време на бременоста треба да биде квалитетна и разновидна.Да се внесуваат хранливи материи, нарочито умерено, беланковини, јаглени хидрати, витамини како и минерали.
Јасно е дека тестенините и житариците како и оризот, пценката , пченицата имаат доста калорични вредности но повекето од тие калории оди на јаглени хидратите од скроб, што е многу подобар избор од шеќерот.Скробот впива голема количина на вода и на тој начин се создава долготрајна ситост.

Што се однесува на белковините или притеините тие претставуваат составен дел од нашето тело затоа што претставуваат основна структура на секоја клетка.Белковини има најмногу во рибата, но исто така во житариците, млечните производи и во јајцата.

Сувомеснатите производи треба да се избегнуваат.Некои од овие производи содржат сол кој може многу лошо да делува на оние трудници кои не излацуваат доволно течности од организмот и со самото ова добиваат отоци како и кај оние кои во текот на бременоста се појавува повисок крвен притисок.Бремените жени кои немаат проблем не значи дека можат да го јадат овој производ во неограничена количина, но доволно е 200 грама неделно.

Јајцата се богату извор на хранливи материи.Едно јајце содржи околу 6 гр. белковини околу 5,5 гр масти, а јајцето содржи и железо како и витамионите А, Е, Б.Но се препораќува да се јади варено јајце а не прзено поради самата маснотија.

Што се однесува до млекото и млечните производи треба да се внесуваат поради калциумот.Важо е дека млекото содржи витамин А. Е и Б како и калциум и фосфор кои се важни за раст на ткивото и нормалната функција на клетките.Понекогаш кога ќе имате поголема потреба за млеко земајте млеко со помал процент на масти како и јогурти а сирењето да е младо.

Зеленчукот е многу важен во исхраната на идната мајка.Пред се е ниско калоричен.Зелениот зеленчук како што е зелената салата, спанакот се многу богати со зелезо и фолна киселина,Овие материи се важни за создаванје на крвните зрнца, а фолната киселина во самиот развој на ембрионот спрецува некои аномалии.Во жолтиот зеленчук како што е морковот, тиквиците има доста каротен кој се претвара во витамин А.Зеленчукот како што е пиперката, карфиолот,зелката, патлиџанот содржат големо количество на вит. Ц кој е неопходен за побра против рзни инфекции како и за зајакнуванје на имунитетот

Изменето од maja - 21.Февруари.2007 во 21:39
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:20
Секоја жена си поставува безсброј прашања поврзани околу мајчинството.Природно е да постои страв и загриженост дали и колку сме спремни да станете мајка.Моментот кога геникологот ке ви соопшти дека сте останале бремени на многумина овој момент (или ако дома направиле сами тест) ке им остане во сеќавање.
Сега пред вас се благословени 9 месеци во кои со помош на медиумите,прирачниците за бебе,сајтовите ќе се едуцирате во права смисла.
Сето ова ке овозможи да ги совладате најслатките моменти кои ќе ви ги даде бебето кога ќе дојде на свет.

Веќе од 12-тата недела од бременоста лекарот со помош на ултразвучниот апатарат ќе би овозможи да ги слишнете и првите откуцаи на вашето бебе.Нејзиното срце чука многу побрзо него откуцаите на возрасен човек од 120 до 160 откуцаи во минута.Кога прв пат ке ги слушнете колку се силни тие откуцаи ке бидете изненадени, додека првите покрети на бебето се осекаат подоцна.Слабите жени со голем тонус на стомачен зид полесно ги чувствуваат.И поред нестрпливоста првото поместување на бебето, некаде ке се почувствува пред 17 или 18 недела од бременоста ако е во прашање прва бременост.Најчесто се осекаат навечер кога ке легнете и ќе се опуштите.Но пред крај на бременоста покретите на бебето ке се помали зошто и самиот простор е потесен за неа во матката.

Има уште многу да се пишува за бременоста, од исхрана, активноста за време на бременоста,припреми, одржување на сексуални односи да или не итн...но за ова друг ден :)
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:12
4Д УЛТРАЗВУК

Врши најпецизно дијагностикување како и прецизно следење на плодот, неговиот развој и потенционалните аномалии, при што се добива жива слика која овозможува увид на комплетната состојба како на фетусот така и на гинеколошката состојба на мајката.

4Д ултразвукот е апарат на најпредната генерација а неговите резултати можат да се издадат како видео или цд а самиот запис дава верна жива слика и приказ на нероденото бебе како и дијагностицирање на сите промени, аномалии и природни тумори.Тридимензионалната слика дава директен увид на односот на бебето како и неговото целокупно показување што е нарочито важно кај ризичната бременост.

Ова е супериорен преглед во однос на традиционалните бидејќи со својата прецизност дава увид на сите гинеколошки промени и паталошки а постоечките сонди овозможуваат широка примена не сампо во гинекологијата туку и во урологијата, интерната медицина и онкологијата.Се добива жива слика на плодот, матката, јајниците, срцето, крвните садови,џигерот, градите (дојките), мочниот меур, простатата, бубрезите...


[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:04
Неплодност е состојба во која изостанува бременоста односно оплодувањето на јајце клетката со сперматозоидите,во една заедница во која после една година со редовно одржување полни орноси не доаѓа до забременување кај жената.
Постои примарна неплодност, која подразбира да кај жената никогаш не дошло до забременување и секундарна неплодност која означува да до саканата бременост не доаѓа после 1 година од последната бременост.
Последиците за неплодноста се многубројни а околу 10-15% не можат да се разјаснат, односно да се дојде до причините поради кој не е настаната бременоста.Лечењето како и испитувањето на неплодноста е често макотрпен и долготраен процес кој бара знаење и стрпливост како кај пациентот така и кај лекарот.

Дијагностички процедури:

Бидејќи процесот на оплодување е подеднаков зависен од партнерите. испитувањето на неплодноста мора истовремено да се испитува.

Испитувања кај жената подразбира:

* гинеколошки преглед
* испитување на хормонската состојба
* бактериолошко испитување
* микробиолошко испитување
* преглед на каналот и матката
* ПЦТ испитување на каналот и матката после однос
* Динамичен ултразвучен преглед
* ХСЦ ренгенско снимање на матката и јајниците
* имунолошко испитување
* генетско испитување

Испитување кај мажот подразбира:

* испитување на семената течност (спермограмибиохемија)
* Уролошко испитување
* бактериолошко испитување
* микробиолошко испитување
* испитување на хормоналната состојба
* имунолошко испитување
* генетско испитување

Тераписката процедура е зависна од причината за неплодност:

* кај пореметување на функцијата на јајниците корекција на функцијата
* кај воспалителниот процес специфично антибиотско лекување
* кај непромените или недостаток на јајоводот вантелесно оплодување
* кај намалениот број или потешко оштетени машки келии се врши
   вештачко оплодување со семето од мажот
* кај потполното отсуство на плодни келии или наследни болести се       
   врши вештачко оплодување со донатор на семе.
* кај имунолошки проблеми се врши вештачко или вантелесно оплодување.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:03
Бременоста е физичко-нормална состојба која настанува со спојување на јајце клетката и сперматозоидите односно оплодување на клетката.Нормалната бременост трае 280 дена, 40 недели или 9 лунеарни месеци.

Дијагностичка процедура:

* утврдување на бременоста со гинеколошки преглед
* потврдување на бременоста со ултразвучен преглед
* крвна група, Rh фактори, крвна слика, преглед на урина
* мерење на крвен притисок
* мерење на телесната тежина
* одредување вредност на шеќерот во крвта
* потребно е да се следи развојот на бременоста еднаш месечно а на   
крајот на бременоста два пати месечно
* кај сомнеж на генетски наследни заболувања и утврдување на полот на     плодот се врши биопсија, земање на дел од хорион во 8 или 10 недела на бременоста.
* ултразвучно утбрдување за неправилниот развој на плодот.Кај ризичната бременост и ултразвучно следење на крвотокот на плодот и постелката.
* кардиографија (CTG) следење на срцевото работење на плодот во текот на бременоста

Изменето од maja - 21.Февруари.2007 во 21:37
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.