![]() |
|
ВИЗЕН РЕЖИМ - либерализација и укинување |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 646566 |
Автор | |
bojan81 ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 531 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dobra ideja da se nadevame eka akcijava ke vi bide pomasovna. Ne prestanuvajte da prakate pisma po mediumi, ako ste vo moznost napravete i letoci.
|
|
![]() |
|
VisaFighter ![]() Нов член ![]() Регистриран: 28.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Имаме чест да ве известиме дека на 9ти Ноември, Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, потпомогнати од Унијата на Средношколци на Македонија, Сојузите на Студенти на УКИМ, Младинскиот Образовен Форум, Балкан Идеа и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовен протест против визниoт систем воведен кон Република Македонија. Протестот ќе се случува со почеток во 11 часот пред владата на Република Македонија, а целата поворка ќе заврши пред зградата на Европската Комисија на улица МАКЕДОНИЈА. Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид. Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа. Најголемите губитници со постоењето на Шенген системот се токму младите. Цениме дека неможеме да дискутираме за Европски димензии во образованието, мобилност, корупција, демократија и толеранција се додека Македонската младина е заробена во сопствената држава. Неможноста да се искуси друга култура и други начини на размислување, директно резултираат кон гетоизирано однесување при што се создава маѓепсан круг. Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации со седиште во Брисел), Скопје и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни протести против постоењето на визниот систем. Младите во Македонија се целосно свесни за обврските кои Македонската Извршна, Судска и Законодавна власт мора да ги превземе пред да се симне визниот систем. Во исто време сме и крајно свесни за обврските на Европските институции кон Македонија, која културно, политички и географски припаѓа на овој Континент. Истовремено неприфатлива е сумата на парични средства кои годишно се одлеваат од младите во Македонија, со цел да ги платат визите. Наша груба проценка е дека оваа сума изнесува повеќе до 2 милиони евра. Средства кои цениме дека треба да останат во државата, со оглед на лошата економска позиција на Македонија. Кога веќе размислуваме за странски инвестиции, немарно е да се превидат средствата кои се одлеваат од државата а можат да се искористат за нејзин развој. Од тој аспект на 9ти ноември ќе ги повикаме актерите во овој процес, на забрзување на бирократските процедури, и ќе ги потсетиме кои се главните губитници во истиот. Организациониот тим се надева на полна поддршка од Ваша страна, бидејќи рушењето на визниот систем е од државен и социјален интерес на сите граѓани на Република Македонија. Со почит, Организационен тим на кампањата – Виза, ај батали! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 646566 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |