IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 146>
Автор
Порака Обратен редослед
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2012 во 13:48

http://www.nuovaricerca.org/stelle/album%20fotografico_Alfons%20Mucha-sec%20XIX-fig18.jpg

во модрите ноќи, некаде, се запишани сите наши движења

кога заборававме како е, да заспиеш

кога твојата коса, налик на сите коси на Alfons Mucha,

беше,за чудо, уредно распослана врз перницата

а некаде, во тие модрите ноќи се нацртани и твоите очи

.

тоа го знам

зошто секогаш кога ќе те сретнам

и во твоите очи

ги гледам модрите ноќи

а сепак упорно ги барам, иако точно знам каде се

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2012 во 11:56
a
.

ако секој стих завршува на а

мора да е некоја песна љубовна

набиена со епитети

па држејки прст на backspace

се стигнува повторно на самиот почеток

а тоа што беше напишано, беше и многупати кажано

видено со очи отворени, затворени, со рака покриени

секако

навистина, ако секој стих завршува на а

песната и не мора да биде напишана

за жена

која знае дека таа до мене

за мене секогаш ќе завршува на а

.


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 00:22
Од печатот е излезена мојата втора стихозбирка поезија„Љубовен филигран„


Љубовен Филигран

Ти ги оживеа моите полумртви дланки на кујунџија,
од младиот месец ќе ти направам сребрен филигран,
а тој, воин, застанат во твоите коси љубоморно те чува,
со трепет ти ткае најубави нитки сврзани во твоите очи.

Низ сите изминати векови металот постоеше само за тебе,
се топеа и калемеа чекајќи да се родам со дарба за тебе,
во рацете ѕвезди и месецот со златен невестински фустан,
ја крунисуваа твојата убавина поклонувајќи се пред тебе.

Јас итам да ти направам цветен филигран за твоето грло,
а прстите болат од заострени агли да извајам и залепам,
мозаикот од деноноќието ќе го вплетам врз твоите гради,
а градите твои се брош љубовен во моите раце кујунџиски.

Кога зората зазорува со златните нишки ќе ти извезам срма,
онаму од каде се буди светот носам златни конци за прстен,
во мојот храм на љубов божица на љубовта застана занемена,
клекна покорно пред мојата љубов и раце на љубовен уметник.

Даница Петровска-Дани.

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 13:45
http://www.scribd.com/doc/62216430/%D0%93%D0%9E%D0%A2%D0%A1%D0%9A%D0%90-%D0%96%D0%95%D0%9D%D0%90

Книгата„Готска жена„од автор Даница Петровска.

Изменето од Дак - 23.Јуни.2012 во 13:49
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 04:09
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Џабе прашуваш Даки, нема да ти одговори Алан Форд...


Честитки за книгата Даница, се надевам дека ќе редиш само успесисреќада

На повидок е и мојата втора збирка поезија:)
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 04:08

“Готска жена„

Ш Т И Т

Непробоен цврст штит
отровно стрели летаат,
црвени ноќи плач небесен,
црни јавачи бој водат.
Распукна небо на безброј делови
светлосен бран расветли темни ноќи,
црни јавачи ослепеа,непробоен цврст штит
светлоста ја следи со нови победи на штит изрежани.

Даница Петровска

Секако песната “Ш Т И Т“која се наоѓа на 9-та страница од книга“Готска жена„...Верувам дека не намерно е копирана (тој си знае од од која електонска страница ја има копирано дури уште кога не беше излезена во печатот мојата книга заедно со оваа песна) и е објавена не наведувајќи го авторот на песната.

Љубов и само љубов
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 04:00
Џабе прашуваш Даки, нема да ти одговори Алан Форд...


Честитки за книгата Даница, се надевам дека ќе редиш само успесисреќада
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 03:59
„Готска жена„

К У К Л Е Н   Т Е А Т А Р

Трпеливо чекам
ќе заврши првиот чин,
театар со дрвени кукли
конците ги влече некој друг.
Трпеливо чекам
ќе заврши вториот чин,
театар со многу кукли,
конците ги влечат сите.
Трпеливо чекам
ќе завршат сите чинови,
ќе ги скинам сите конци,
без конците е полесно.
Куклениот театар нема душа,
ќе ги запалам сите конци,кукли,
никој повеќе не може да управува,
никој повеќе нема да биде кукла.

Даница Петровска
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 03:58
„Готска жена„

П О К А Н А

Ве поканив на вечера,
не дојдовте,
проклета сум,
не сум носена во црква.
Сотона ми е кум.
Мојата душа е проколната.
Испеаните песни
не ги слушнавте,
не се за вашите уши,
душава ми е празна.
Сотона ми кажува стихови,
мојата душа е проклета
Јас сум поет!
Дајте ми друго име!

Даница Петровска

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 03:57

“Готска жена„

ДРУГО ИМЕ

Луѓе!Слушнете!Јас имам втор кум.
Повторно сум крстена,
моето име е бездушна,
попрскана со отрови,крстена без крст.
Бев ѕвезда Даница,
моето прво крстено име,
без светлоста божја потемно е,поцрно е,
не светам,не треперам со сјај.
Изгубена во темнина
ја баран ѕвездата Даница,
го барам моето име,мојот крст,
плачам,молам ѕвезди да засветат, мојот пат го осветлат.

Даница Петровска

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 03:55
Колку да не испадне одамна ја нема на форумот,пуштила неколку поста и еве ја како некој дух се појави,а и одамна ме нема..си признавам:)

Дел од мојата објавена книга „Готска жена„инаку моја прва објавена книга во 2011 година.Првенецот го започнав со темната уметност:)

ГОТСКА ЖЕНА

Готска жено,ти нема прозбори!
Откри заспани мисли,
тешки камења скрши,железна порта отвори,
замок од јад на проколната чеда пронајде.
Под наметка сокриени желби,
душа вековна сокриена,
темниот месец тајна открива
деца на ангел црн,искршени крилја.
Во празнина заробена тишина,
сенки на изгубени души по пат чекорат,
огледало на темнина во око скршено
изгубен е патот до светлина.
Вие што болка сенка ви е
кажете како мириса земјата,
во око на изгубен талкач роза црна,
ангел со искршени крилја во темнина заробен.
Напијте ме,нахранете ме ,
во раце книга на сенка дај те ми
во неа тајна на месецот запишан
во неа сите тајни на смртта јалова.

Даница Петровска


Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 03:47
Originally posted by alan ford alan ford напиша:

Моите чувства,мисли се искрени, не посакувам зло.



Ш Т И Т



Непробоен,цврст штит,

отровни стрели летаат,

црвени ноќи,плач небесен,

црни јавачи бој водат.



Распукна небо на безброј делови

светлосен бран расветли темни ноќи

црни јавачи ослепеа,непробоен штит

светлоста ја следи со нови победи.


Колку знаеш дека оваа песна е објавена и е заштитена со авторско право?
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 03:45
Originally posted by alan ford alan ford напиша:

БЛАГОДАРАМ



Благодарам за болката,

научив како умира волшебството,

научив како исчезнува магијата,

научив да живеам без илузија.



Благодарам за солзите,

научив да бидам истрајна,

научив да бидам камен,

научив да ја победам болката.


Во иднина ќе те замолам кога некоја песна не е твоја барем под неа стави чија е песната:)
Љубов и само љубов
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2012 во 18:20

Suicidal… and broken.

 

Кога смртта претставува решение за се,

кога не можеш да издржиш ни една секунда повеќе

но одбираш да дишеш за оние што ги сакаш

без разлика на тоа дали се дел од твојот живот

или пак заминале по своите патишта

-сепак некои би ги

повредило твојата смрт.

 

Затоа некогаш посакувам сите да ме мразат,

сакам сите да си одат

(неееееееееее!)

така и моето заминување би било поедноставно.

 

Порано сакав со полно срце,

но заборавив да го чувам,

не знаев дека треба да сочувам дел и за себе.

Сега предоцна е за се.

 

Уште една борба за мојот живот...

Овој пат безнадежна.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.