IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Евреите и Муслиманите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Евреите и Муслиманите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 01:40
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 01:03
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Па еве, бујрум, да видиме каде лежи причината за таа вековна нетрпеливост од страна на Муслиманите кон Евреите? (ве молам на темава не ги мешајте Христијаните и Евреите-за тоа на соодветната тема).Имајте угодна дискусијароза
Дел од одговорот лежи токму тука:
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Од Библиска перспектива, израел има право да егзистира како нација на своја територија која лично Бог му ја вети на Јаков внукот Авраамов и неговото потомство, а кога Бог нешто ќе вети...тој не лаже.
Земањето за дословна вистина на ова објаснување води кон прашањето: Дали е Божја волја омразата помеѓу еверите и муслиманите? Оти тој како совршен требал да знае дека поради Неговото ветување ќе дојде до неминовен конфликт поради развојот на настаните во иднината. Дали Бог се излажал во географската проценка каде да ја смести ветената земја каде тече мед и тн...? Или ветената земја сепак не е некое географско подрачје туку она место каде мнозинството луѓе навистина и се покоруваат на Божјата волја, на неговите закони за виша етика и морал?

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Можеби една од причините е во земјата Израел, коај ОН му ја даде на Израел по втората Светска Војна?
Сигурно дека овој фактор имал силно влијание. Но тој бил само надворешна запалка која ги распламти вистинските причини акои одат подлабоко и можат да се разберат само ако се вклучи знаењето за повторното раѓање како и законот на сеидба и жетва.

Во Стариот Завет кој евреите го признаваат, наидуваме на историски извештаи(некои од нив археолошки потврдени) дека племињата израелски војувале против други племиња честопати покорувајќи или дури истребувајќи ги.

Душите на убиените не можеле да се помират со судбината која ги снашла ниту да погледнат што е тоа што ги довело до таков крај, голем дел од нив не сакале да им простат на своите некогашни убијци и идеологијата од која биле предводени(дека наводно Бог го заповедал тоа). Сторителот и жртвата се додека не се помират, стојат врзани еден за друг преку синџирите на вина. Тркалото на повторното раѓање се врти... душите по некое време се враќаат отприлика таму каде што некогаш нивните животи беа насилно прекинати. Голем дел од нив не обрнуваат внимание на импулсите кои им ги испраќаат ангелите учители во царствата на душите, и стапуваат во инкарнација со претходно програмирана желба која им е животна цел: освета по секоја цена! Последица од тоа е дека се привлечени од такви географски подрачја и животни ситуации(одредена идеологија, навидум случајни но пресудни средби со други луѓе) кои им го подготвуваат патот да го извршат она кое го наумиле уште како души. Доколку тие во тоа успеат, тие освен задоволување на својата желба за освета баш ништо друго не постигнуваат освен додатно комплицирање на работите и натамопни патила за себе како души.

Во оваа светлина треба да се гледа и современата закана од тероризам и изливи на агресија во разни делови од светот(не само таму каде што има евреи и муслимани), па и на Балканот.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

И на крај, воведов ќе го завршам со Псалм 126:6 “Молете се за мирот на Јерусалим, нека бидат безбедни оние кои ги љубите“
Но Бог не ги услиши молитвите на оние кои го послушаа овој повик Давидов. Постои ли Бог воопшто? (постои постои, само малкумина се молат правилно што значи дека треба да ги остваруваат своите молитви - имено ако молат за мир, и самите да држат мир со своите ближни, во спротивно молитвите се бесплодни.)

Изменето од Majkl - 26.Октомври.2009 во 01:04
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 00:30
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

... Зашто, ако крвожедниците сакајќи да го наклеветат Мухамед му ги припишале овие работи-а тие се наоѓаат во к*ран и Хадисите, тогаш испаѓа дека к*ранот е лажен односно е напишан од кривоклетниците. И зошто тогаш милионио луѓе веруваат во к*ранот и го следат?
Тоа се случувало не само со Quran-от туку и со другите тнр. свети списи на другите религии.

Треба да се има во предвид дека Мухамед а.с. бил неписмен. Објавите ги примал насамо, а подоцна истите други ги запишувале и тоа на палмини лисја и камења. Од тие записи не се сочувани камењата и палмините лисја. Како што од Библијата или индијските Веди(овие со генерации беа најпрвин само усно пренесувани) не постои комплетен оргинален текст, така не постои ниту од Quran-от. Постојат само преписи од преписи од преписи. Но свештеничката каста во сите народи уживаше и делумно сеуште ужива углед и моќ воедно претставувајќи се како вистински Божји намесници. Бидејќи народот во најголем дел веруваше, им беше лесно да им ставаат на пророците и на Бога во уста разни работи кои тие воопшто не ги изговориле.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Дали тогаш тие луѓе се свесни дека следат книга напишана од книжници?
Изгледа дека не се, како што не се за тоа свесни ниту дел од христијаните, евреите, хиндусите и тн...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 23:23
Spirose, кога ќе размислам, можеби и си во право.
Зашто, ако крвожедниците сакајќи да го наклеветат Мухамед му ги припишале овие работи-а тие се наоѓаат во к*ран и Хадисите, тогаш испаѓа дека к*ранот е лажен односно е напишан од кривоклетниците. И зошто тогаш милионио луѓе веруваат во к*ранот и го следат? Зошто Бог го допуштил тоа? Дали тогаш тие луѓе се свесни дека следат книга напишана од книжници?

 


Така ли?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 22:44

Вистинскиот Мухамед бил еден Христов мирољубив и мил следбеник кој никогаш не запишал нити учел агресија, туку исклучиво следење на потполно Мирољубивото БОЖЈО Евангелиско учење (во Исуса Христа)!

Дали ние сакаме да и погледаме на ВИСТИНАТА во очи или не, коренот на агресијата кон евреите - и сите останати - е во стиховите и мислите кои му се препишувани на мухамед (од страна на крвожедните арапски книжници) дека своерачно ги пишал т.е. ги рекол - наводно - добивајќи ги како такви од бога! Тоа е нешто слично како кога одредени Христијански книжници ги благословувале крстоносците или фашистичките трупи да убиваат муслимани т.е. евреи!

Денот Христов засигурно доаѓа кога сите следбеници на животоНепријатните и крвожедните книжници од сите деноминации, ќе ја согледаат СОВРШЕНАТА ВИСТИНА и ќе и се поклонат каејќисе за злоделата што ги сториле во БОЖЈО Име!



Лека ноќ
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 22:23
Spırose, темава е многу конкретна и прашањата се поставени кристално јасно и на место.
Воопшто не можам да те разберам, што правиш вака мешаници не ми е јасно, каков ти е тој христов ислам незнам, ама не сакам да ја расипуваме темата со оф топици за Мухамед кај ти текна сега дека му припишувале повици за требење на евреи кога тоа го има во к*ран и сме разговарале, ќе забега темава во несакан правец.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 22:14

Твојата забелешка - драга Марија - е точна но и релативна, бидејќи во историјата имало и прекрасни моменти помеѓу овие две верски заедници и тоа секогаш кога животонепријатните книжници не биле на власт.

Омразата кон евреите од страна на “следбениците“ на пророкот мухамед е заснована и основана врз податоци, учења и изјави, кои лажно му се препишуваат на пророкот мухамед од страна на одредени животонепријатни кругови!

Истото важи и за животонепријатните поставувања и делувања кон следбениците на Исус Христос.


Шалом + Селам + Мир вам!





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 22:04
За почеток еве еден текст кој дава некаква основа за тие кои не се запознати со оваа проблематика.

Евреите водат потекло од Аврамовиот син Исак а Арапите се потомци на Исмаил. Можеби проблемот лежи во односот Сара (и синот на Слободната) и Агара (синот на слугинката) за која многу сме пишувале по темиве, односно фактот што на Исак му припаѓа благословот на неговиот татко Авраам (ривалство).

Самиот к*ран пак исто така е извор на една контрадикторност.
Од една страна порачува на Муслиманите да се однесуваат кон Евреите како кон браќа, а од друга страна им наредува на Муслиманите да ги нападнат и требат Евреите кои нема да прифатат ислам. К*ранот исто така го потенцира конфликтот наведувајќи дека Исмаил е синот на ветувањето и дека тој е оној кого Авраам го однел на жртвување (што е неточно бидејќи ветување и било дадено на Сара но не и на Агара, ветување на онаа која немала деца во длабока старост, а не на млада фертилна слугинка).

Но ни тоа не е доволно ад се објасни огромната омраза што ја чувствуваат Арапите кон Евреите. Можеби една од причините е во земјата Израел, коај ОН му ја даде на Израел по втората Светска Војна?  Во тоа време таа земја беше населена претежно од Арапи кои почнаа да протестираат против израелската окупација а тоа како што знаеме трае и ден денес.

Израел е мала држава која граничи со Јордан, сирија, Саудиска арабија и египет. Арапите се обидоа да го покорат Израел но беа победени.

Од Библиска перспектива, израел има право да егзистира како нација на своја територија која лично Бог му ја вети на Јаков внукот Авраамов и неговото потомство, а кога Бог нешто ќе вети...тој не лаже.

И на крај, воведов ќе го завршам со

Псалм 126:6 “Молете се за мирот на Јерусалим, нека бидат безбедни оние кои ги љубите“



Изменето од maria_magdalena - 25.Октомври.2009 во 22:06
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 21:45
Постои еедна тема Христијани и Евреи заедно, на која, ставот на нас, Христијаниет за Евреите е повеќе од јасен. Сепак на таа тема пишуваат најчесто муслимани и секогаш во негативно светло по однос на Евреите.збунетост

На странските четови може да се забележи исто така една огромна нетрпеливост, но не-дури многу повеќе од тоа, омраза од  страна на муслиманците кон Евреите.
И на овој форум бевме сведоци на такво нешто, каде еден член дури (на погоре спомнатата тема-инспирација) посака да се разнесе со бомба и да убие повеќе Евреи, така некако.

Многу често, на исламските телевизии се негира и холокаустот, или во најмала рака фактот за бројот на починатите Евреи.

Ако го прелистате к*ранот, од едно бегло листање станува јасно дека и таму е изразен еден нетолерантен став кон Евреите.

Во разговори со муслимани сум чула дека муслиман не смее да земе Еврејка за жена.

Па еве, бујрум, да видиме каде лежи причината за таа вековна нетрпеливост од страна на Муслиманите кон Евреите? (ве молам на темава не ги мешајте Христијаните и Евреите-за тоа на соодветната тема).

Имајте угодна дискусијароза




Изменето од maria_magdalena - 25.Октомври.2009 во 22:11
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.