IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 146>
Автор
Порака Обратен редослед
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:54
Што сакам, а што не

Не сакам жедни погледи,
срцепарателни серенади,
ТЕ САКАМ напишано со крв,
бесконечни одења и враќања,
трескање врати од револт,
драма квинс во сто изданија.

Сакам само една одаја од твојата душа,
каде ќе можам да се одморам во тишина
од ѓаволскиот свет кој страшно знае да ме умори.





Изменето од Quentin - 24.Мај.2008 во 01:54
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:53
...Bravo!...Bravo!...Bravo!... ...sekogas so zadovolstvo te citam...
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:50
Знаеш

Горе се гранките на гордоста,
а ти знаеш дека
имам страв од височини.
До работ на светот
ме следат ангел и демон
фатени за рака,
а ти знаеш дека
јас не верувам во примирја.
Громогласно молчам
скриен во налетот
на пролетни дождови,
а ти знаеш дека сум тивок
кога најмногу ме боли.
Колебливо ми чекориш
зад грб, за да ми затвориш
очи, а знаеш дека мразам
изненадувања.
Засекогаш си одиш денес,
а јас си повторувам дека
твојата вечност без мене
ќе трае само до утре,
оти знаеш
дека најдобро те познавам.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:40
Кон врв
Tamawa Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tamawa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:34
Браво филмаџике! Баш пријатно ме изненади...многу ми се сфиѓа песнава...различна е !!!
Life's a bitch,but SO AM I !!!
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:27
Граматика на раздорот

Јас ... ти подарував слики од мојот сон.
Ти ... ги наоѓаше во нив боите што нè поврзуваат.
Тој ... нè убедуваше дека сме далтонисти.
Таа ... нè обвинуваше дека сме антагонисти.
Тоа ... замириса на скапаница.
Ние ... сакавме да сакаме.
Вие ... мислевте дека можете.
... ... сите се претворивме во
Тие.

Кон врв
Tamawa Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tamawa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:24

Нови...
Нови слики,нови звуци,
нови...
нови вкусови,нови облици,
нови...
нови игри,нови правила,
нови...
нови закони,нови патила!

Нов...
Нов ден,нов свет,
нов..
нов блесок,нов лек,
нов...
нов поредок,нов почеток,
нов...
нов жиг,нов отсечок!

Нова битка на повидок,
нов сјаен камен на прстенот,
ново сонце кај залезот,
нови луѓе кај излезот!

...се е ново околу мене,
само болкава стара е...

Life's a bitch,but SO AM I !!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:15
Dogi големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:13
шиејќи го фудбалот, сонуваше
сонуваше тој да биде Роналдо
па дури и да промашува пенали
да биде Кака, Ван Перси,
па дури и Пеле, Марадона.
се памтат сите нивни голови
сите нивни потези, дриблинзи

но кој го спомнува него?
кој му носи вода, лебче?
гледа ли детево во небото
колку е плаво и убаво?

го знаат ли него воопшто?
како се вика, има ли име?
колку години е сега?
колку време шие фудбали?

кога ќе видете некој како шутира
фудбал, или било каква топка
запрашајте се, кој ја направил?
каде ја направил и најбитното:

како се вика тоа дете?
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 00:26
ПИЕДЕСТАЛ


Ветар и Магла,
Вода гола
Во сито да толчиш,
Во решето да ја носиш,
Со вилушка да ја сркаш...

На пиедесталот на слепилото
Глупоста го јаде чоколадото на триумфот...

Дете во опинци
Трча маратон
По стрмите патеки на стиховите
- го глочкаат метафорите,
Го сопињаат синестезиите,
Метонимиите се треви високи
Во кои исчезнува
Како во лавиринт,
Па воскреснува со катапултот на
Пресилните емоции...
Остајте му го глогот,
Ве молам.
Што му го одзеде видот,
Со него ги храни
Глодарите на ранетата суета


На пиедесталот на слепилото
Глупоста го јаде чоколадото на триумфот...


Зборови без значење,
Слики без боја,
Песна без звук...
Завиваат гладните кучиња
На самобендисот...
Глутница -
Водачот влечи врзана конзерва за опашот
Од која се потрошени сите славопојки...

На пиедесталот на слепилото
Глупоста го јаде чоколадото на триумфот
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2008 во 20:26
ИЗМИТАРЕН МАЧО(Р)

Утро без најава за големи сензации...
На кровот на црвениот автобус
Рика измитарен мачор...
Врз огледалото пред кое тој ги дува градите
Како перниче за пливање
Е залепена слика на лав со круна...
Некој ветар прави тивки далги во тревата
И го враќа рикот на мачорот
во неговите уши со облик на пропелери...
Каде ли исчезна измитарениот мачор
Што сакаше да биде лав на
кровот на црвениот автобус?
Ветрот е стокмен
во минтан од целофан


Изменето од majstorce62 - 23.Мај.2008 во 20:43
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2008 во 18:53
Originally posted by Biserna_Devojka Biserna_Devojka напиша:

стварно фрагола,.... и мене многу ми се допадна,.... трепкање големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

ех Вел Вел,..... секој ден по некој нов талент,.... на форумов голема%20насмевка


...daj boze...taka neka e...:)...inache ne praam lice nikad, mi se dopadna mnogu e taka, po moj keif...bi go napishal malce porazlicno, ama e i vaka super...среќа
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2008 во 18:48
стварно фрагола,.... и мене многу ми се допадна,.... трепкање големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

ех Вел Вел,..... секој ден по некој нов талент,.... на форумов голема%20насмевка
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2008 во 18:34
Fala na ohrabruvanjeto
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.