IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 98>
Автор
Порака Обратен редослед
Tetro Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 12:59
Од книгата на Езекиел
Глава 15


1 И ми дојде Господово слово:

2 ”Човечки сине, сврти го своето лице кон Амоновите синови та пророкувај против нив!

3 Речи им на Амоновите синови: ‘Послушајте го словото на Господ Бог! Господ Бог зборува вака: „Затоа што вие воскликнувавте: ‘ха, ха’ над Моето Светилиште, кога тоа беше обесветено, и над Израелевата Земја, кога таа беше запустена, и над Јудиниот дом, кога заминуваше во ропство,

4 еве, ќе ве предадам, во сопственост на синовите на Исток, за да ги оптегнат среде вас нивните шатори; за да ги постават своите живеалишта. Тие нека ги јадат твоите плодови и нека го пијат твоето млеко;

5 ќе направам од Рава пасишта за камили а од Амоновите синови - овчари. И ќе знаете дека Јас Сум Господ.”

6 Зашто Господ Бог зборува вака: „Бидејќи си плеснал со раце и си удрил со нога, така што си се зарадувал со презир во своето срце за Израелевата Земја;

7 еве, затоа, Јас ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те предадам на разграбување од народите, и ќе те отсечам од племињата, ќе те истре**м од земјите; ќе те уништам, и ќе познаеш дека Јас Сум Господ.”

8 Господ Бог зборува вака: „Затоа што Моав и Сир зборуваа: ‘Ете, Јудиниот дом е како на сите народи,’

9 еве, ќе ги откријам моавските стрмнини, за да останат од крајот до крајот без градови, што и беа украс на земјата: Вет-Есимот, Вал-Меон и Киријатаим.

10 Ќе им ги дадам во сопственост на синовите на Исток, на непријателите на Амонците, за да не се спомнуваат веќе Амоновите синови меѓу народите!

11 Така ќе го извршам судот над Моав. И ќе знаат дека Јас Сум Господ!”

12 Господ Бог зборува вака: „Затоа што Едом му се одмазди на Јудиниот дом, и тешко згреши со таа одмазда,

13 Господ Бог зборува вака: ‘Ќе ја кренам раката против Едом, ќе ги истре**м меѓу него и луѓето и животните! Ќе го претворам во пустина: од Теман до Тедан сите ќе изгинат од меч.

14 Така ќе му се одмаздам на Едом со раката на својот Израелев народ. Тие ќе постапат со Едом според Мојот гнев и Мојата расрденост. И ќе ја сознаат Мојата одмазда!’ говори Господ Бог.”

15 Господ Бог зборува вака: „Затоа што Филистејците извршија одмазда, одмаздувајќи се крваво со омраза во срцето, разурнувајќи сè заради своето непријателство,

16 Господ Бог зборува вака: ‘Еве, ја кревам раката против Филистејците, ќе ги истре**м Херетејците, ќе уништам сè што ќе остане на морскиот брег!

17 Така ќе им се одмаздам страшно со жестоки казни. И кога ќе им се одмаздам, ќе знаат дека Сум Јас Господ.”‘“
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 11:44


Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: “Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните.
Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!”

И кога ја затвори книгата и му ја даде на слугата, седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
И почна да им говори: “Денес се исполни ова Писмо, што го чувте

Luka-4:17,18,19,20,20,21-Biblijata
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2012 во 11:28


РИМЈАНИТЕ
Глава 1

16 Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува, првин за Јудеецот, а и за Гркот.

17 Зашто во него се открива Божјата правда, од вера во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее од верата.”
...
18 Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината;

19 зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2012 во 10:54

Псалм 1

1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите;

2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:

... 3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.

4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.

5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните.

6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 21:50

2 ТИМОТЕЈ
Глава 2

24 А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи;

25 да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината,

26 за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 11:30

ПОСЛОВИЦИ
Глава 10

12 Омразата предизвикува раздор, а љубовта ги покрива сите погрешки.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 11:24

Верата е неопходна

"А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено Го бараат." (Евреите 11:6)
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 19:55

ПОСЛОВИЦИ

Глава 3

5 Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.

6 Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки.
...
7 Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото,

8 тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2012 во 00:17





Во почетокот беше *Словото БОЖЈЕ, ...

И Словото стана Тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава,
славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со Благодат и Вистина.


(Ев. Јован 1:1+14)









Во почетокот *БОГ ги создаде Небото и земјата.
Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната;
*Духот Божји лебдеше над водата.
И Бог *Рече : "Нека биде светлина!" И би светлина.


(Битие 1: 1-3)








Изменето од spiros - 19.Март.2012 во 00:21
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 23:44








... зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Исус Христос ни ги донесе Милоста и Вистината.



(Ев. Јова 1:17)
.



Ако, пак,
смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израелови не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото лице,
тогаш колку пославно ќе биде служењето на Духот!?
...

Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода!


(2 Коринтј. 3:7,8+17)














Изменето од spiros - 18.Март.2012 во 23:49
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2012 во 11:44


Римјаните
Глава 5

11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исуса Христа, преку Кого добивме сега помирување.

12 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија;
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 14:16

Јуда
Глава 1

21 одржете се себеси во Божјата љубов, нестрпливо очекувајќи ја милоста на нашиот Господ Исус Христос за вечен живот.

22 Бидете милостиви кон оние кои се сомневаат,
...
23 спасувајте ги другите, извлекувајќи ги од оган. Спрема некои пак покажете милост, со страв, мразејќи ја дури и облеката од телото осквернета.

24 А Оној Кој може да ве дочува од слизнување и да ве постави непорочни пред Неговата слава со голема радост,

25 Единствениот Бог, нашиот Спасител, преку Исус Христос нашиот Господ, нека има слава, величие, сила и власт пред вековите, сега и во сите векови. Амин!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 11:07

1 Петар

Глава 1

3 Благословен да е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост не роди одново за жива надеж, преку воскресението на Исус Христос од мртвите,
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 11:25

2 Коринтјаните

Глава 6


14 Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, како, општување постои меѓу правдата и брззаконието? Што општо има меѓу светлината и темнината?

15 Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник?
...
16 Каква сличност има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: “Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ”.

17 “Затоа излезете од нивната средина и одделете се!” Вели Господ, и “Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!

18 И ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки,” вели Господ Седржателот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,594 секунди.