IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 138>
Автор
Порака Обратен редослед
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:20
bas sea      големо%20гушкање
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:18
vikas sea da pisam neso? 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:16
aj mor blueprayer fakaj i ti da pisues i toa tuka, da ne te brkam po temive 
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:14
он е многу стар, ко дедо да и е, а она се фарбала плавуша и изгледа ко проститутка газење%20од%20смеење големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање milata moja бакнежбакнеж
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:13
   бакнеж   бакнеж    бакнеж   аплауз   големо%20гушкање ...taka se pocnuva, se raga nova zvezda  големо%20гушкање

Изменето од zbunet - 27.Април.2009 во 22:15
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:09
Пошто насловот на темата кажува дека освен наша песна, состав , може и било што да ставиме,,,еве јас ке  ставам нешто што го пишав пред 1 саат  на денешен ден 27 Април 2009

Епа смејте се, ама  од досада  немаше шо да правам

Многу е досадно....Си седам у собата и размислувам кога ќе дојде вода. Пошто ми е досадно , земав бел лист и почнав да си шарам по него. Не знам шо да правам..Цел ден учев и читав, на ТВ нема ништо интересно .Денес е понеделник. Си велам , колку досадно ми започна неделава....Во собата е тивко. Сестра ми си седе на ПЦ, се допишува на МСН, моите се во другата соба , а јас се мислам како да си го исполнам времето, Баш у моментот ми текна на  Вишна, другарка ми од средно..ја видов пред некој ден, си фатила дечко, ама ич не си одговараат,,,он е многу стар, ко дедо да и е, а она се фарбала плавуша и изгледа ко проститутка,,,многу лошп ....ич не си личат за пар...И така си седам и се  мислам што да го прашам Денис, другар ми од средно , со кој треба да идам деновиве на кафе, па треба да ми раскажува како е во Бостон, он минатата година беше таму, а јас ова лето ке одам ...
Претходните вечери играв карти со мајка ми, ама оваа вечер е посебно досадно и нема со кој муабет да направам и не ми се прави ништо. Баш овој момент ми текна за форумот идивиди и zbunet- дечкото кој е многу талентиран , вистински поет...Размислувам и за лужето кои идат на chat-от и тепаат време, ама денес не ми се иде мене на chat , пошто се здрвив цел ден пред ПЦ и не сакам очите да ги замарам. Во собата е многу тивко, чиниш на планина сум.Уште седам и чекам вода да дојде, оти нема д аможам да заспијам подоцна, ако не се средам и измјам.Малку уморно се чувствувам. Си го гледам ракописот и она што сум го чкртала и интересно ми изгледа,,,Абе мене не ме бива за пишување, немам инспирација...Велат , љубовта била најголема инспирација,,е се ќе беше лесно да бев вљубена, ам ане сум....Почна да ми се приспива, Се уморив од пишување, И сега ?Што да правам ? Почнав да читам што сум напишала до сега и се смеам на глупостите мои. Се мислам дали да го искуцам текстот во Word и да го ставам на форумот. Ми текна повторно на  zbunеt и на неговата поезија и се мислам во себе ...„ која брука сум јас ако го ставам текстот на форумот„  А да почнам јас дневник да пишувам,,не ќе е лошо.. Не ми се пишува веќе, ке го ставам текстот на форумот, макар и да ми се смеат сите ......



Изменето од CST - 27.Април.2009 во 22:10
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 22:07
Стегаш обрачи
околу себе.
Држиш цврсто,
но силата те издава.
Чувствувам полека
тие попуштаат.
Немоќен си да ги запреш.
Еден по еден
се разлабавуваат
и паѓаат долу
пред твоите нозе.
Правиш напори
да ги собереш.
Сакаш да ги вратиш назад,
пак на нивното место.
Но,безуспешно.
Посилна сум
кога се движам
под твојата кожа.
Помоќна сум
кога пловам
низ твоите вени.
И сам чувствуваш
како станувам посилна
од сите тие обрачи,
препреки...
Се поблиску сум ти,
а ти не можеш
да го спречиш тоа,
оти веќе ми дозволи
слободно да се движам
низ твојот ум,
тело и срце.
Низ целото твое битие.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 20:56
РОНКИ


Распни ме простодушно во мислите
на крстот на твојата насмевка,
дури петлите на лагата не пропеале
а сонот сеуште мириса
со прекрасното лудило на вербата
во времето кога се беше едноставно
а ние, како прости чираци на нестрпливоста,
учевме како се комплицира едноставноста...


Слушаш ли како птиците на спокојот
свикнато ги колват последните ронки каење
од дланките на безгрижното утро...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 20:53
Не разбирам многу работи.
Незнам ни дали некогаш
ќе успеам да ги сватам.
Не разбирам зошто цвеќето
цути само во пролет.
Не разбирам зошто снегот
паѓа само во зима.
Не можам да сватам зошто
и во сончев ден врне...
Ма знам,ќе речеш
„Е како не разбираш,
кога се наоколу е
хемија,физика,биологија...„
Е како не!
Сум учела тоа,знам.
А кажи ми ти мене,
хемија е што срцево
за тебе чука ненормално?
Можеби од физиката
ми трепери цело тело,
додека погледите твои
шетаат по моите облини.
Е да де,и можеби биологија е
кога чувствувам болка
од љубомората заради тебе.
И на крај,пак ништо не разбирам
од сето ова.
Па сакаш да разбереш ти.
Е неможе!
Не е јасно,ама ете...
Се случува.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 02:39
Maestroаплаузголемо%20гушкање
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 01:39
Ново утро наидува
сеуште си моја
дур со прсти низ тебе минувам
како низ жици од гитара
со поспани очи
радост во мене гледаш
сеуште постојам
сеуште имам многу
на што да се надевам
на себе горд да бидам
сеуште сум сакан
чувство возвишено
дека сум посебен
од сите за кои знаеш
поинаков
дека вредам немаше да знам
да те немаше
насмеано утро да дочекам
нема да можеше.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 09:23
ПОМНИШ ЛИ

Помниш ли
што можевме да бидеме
ако јас не бев јас
а ти им го изменеше изгледот
на патоказите на моите мисли
дури те бараа поинаква
од таа што не можеше да бидеш:
миросана со разврат
во сенката на сподивената река
на страстите


Помниш ли
што можевме да бидеме
ако се сретневме после сто години
и сто премолчени вистини,
а јас да бев тој што расплетува плетенки
од тишнина што мириса на тврдоглавост
а ти - нестрплив подгонувач на времето
по тесниот пат на неизодот...

Помниш ли
што можевме да бидеме
- јас останав истиот тој што те помни...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 15:07
НАСМЕВКА (хаику триптих)
На син ми

Пресликано сонце
врз крилца на светулка
во инсектариум...

Од шадрванот
На бескрајниот опој
Скокаат срни.

Како се мери
чекорот на среќата
без да го запреш?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 15:06
НЕПОКОР

Мисли во јазол...
Во пајажина од мрак
се џилита стих
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,204 секунди.