|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 34567 43> |
Автор | |||||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Потсетување на 1997 година ... Кларенс Сидорф против „Јорганџиите“
Вечерва ќе води поинаква битка ... од клупата на Милан.
Изменето од Blue Scarlet - 19.Февруари.2014 во 19:41 |
|||||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ман Сити синоќа покажаа дека се тим за места корист . Безобразно слаби се . Прашањето е колку гола ќе примаат на реваншот . Инаку дузпа за Барса немаше . Прекршајот беше надвор од шеснаесеттерацот .
|
|||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Интересни ми се медиумите многу после синоќешните резултати.
Одма Барселона ја пратија во четвртфинале,зошто брзаат не знам,па не играат против Алмерија во Примера. Што ако им се случи истото и на нив во Барселона,што ако Маскерано добие црвен и направи пенал. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Може да се каже дека по синоќешниот натпревар ПСЖ веќе си обезбеди место во четвртфиналето откако го прегази Леверкузен со убави 4:0 и тоа на гостински терен. Головите ги постигнаа: Матуиди 3’, Ибрахимовиќ 39’ (п), 42’, Кабај 89’ .
Морам да признаам дека голот на Ибра во 42’ беше мајсторски (топката не се гледаше ) Барса го совлада Ман. Сити на „Етихад“ со 2:0. Клучен момент беше 53’ кога Демикелис заработи црвен картон, а Меси им го донесе водството на каталонците со реализација на пеналот. Алвеш го запечати резулатот во 90’ со асистенцијата на Нејмар. (Во недостатот на подобри клипови и овие ќе завршат работа )
|
|||||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јунајтед, Реал и ПСЖ во осминафинале
Екипите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен обезбедија место во осминафиналето од Лигата на шампионите. Веќе од порано е познато дека Баерн и Манчестер Сити имаат обезбедено пласман во следната фаза. Баварците вечерва славеа во Москва на дуелот со ЦСКА со 1-3, додека "граѓаните" беа подобри од Викторија Плзен, совладувајќи ја со 4-2.
|
|||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
какво голче даде типчето, секоја чест
не е првпат да видиме таков макази-гол, ама ретко се случува |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Морав да го ставам ова .....
|
|||||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|||||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Далеку е Вардар или било кој друг наш клуб од Лигата на шампиони...Мноогу далеку...
|
|||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|||||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ееееееее Бате .......
Изменето од Blue Scarlet - 26.Јули.2012 во 09:24 |
|||||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Вардар ремизираше (0-0) на реванш дуелот со БАТЕ Борисов, не успевајќи да ја надмине негативата од 2-3 од првиот меч во Белорусија и веќе на стартот завршувајќи го својот настап во квалификациите од Лигата на шампионите. Националната арена „Филип втори“ беше исполнета до последното место, на фудбалерите им беа обезбедени идеални услови за игра, но се беше попусто кога избраниците на Илчо Ѓорѓиоски не одговорија на предизвикот, одиграа далеку под своите можности и на крајот заслужено со наведнати глави го напуштија теренот, жалејќи за оној кошмарен финиш на првиот меч во Борисов, кога примија два гола за три минути во судиското продолжение.
Во 9. Минута за малку ќе се случеше вистински шок за сите присутни на „Филип втори“, Вајс слабо интервенираше, Захов непотребно истрча надвор од сопствениот шеснаесетник, но за наша среќа ударот на Родионов заврши сантиметри крај голот на „вардарци“. Оваа шанса како да ги шокираше македонските фудбалери, кои што целосно му ја препуштија иницијативата на противникот. Во 18. Минута во својот шеснаесетник слабо интервенираше Илиевски, но повторно фудбалерите на БАТЕ не беа најумешни во реализацијата на шансите. Само една минута подоцна следеше нова шанса на белорускиот првак, овојпат шутираше Контсевој, но топката заврши во дирекот.
„Црвено-црните“ потоа ја консолидираа играта, повеќе ја имаа топката во свој посед, но никако не успеваа да создадат шанса за гол во противничкиот шеснаесетник. Во 34. Минута, нова можност пред голот на Вардар, овојпат Волошко втрча од позадина, шутираше силно, но Захов одбрани.
Во 36. Минута, конечно шанса за Вардар и голем број на воздишки меѓу присутните. Цикарски нафрли одлично на вториот дирек, гостинскиот голман лошо го процени летот на топката, но Темелков наместо да ја смести топката во мрежата шутираше крај голот.
Вториот дел почна со шанса на БАТЕ, повторно Родионов се најде во идеална ситуација, но од пет метри го погоди во главата голманот Захов. Гостите долго време доминираа, но навивачите ги мотивираа македонските фудбалери да заиграат на повисоко ниво. Следеше нова шанса по едно непотребно излетување на гостинскиот голман, но Ранѓеловиќ наместо да се обиде да го лобува шутираше по земја, па Горбунов одбрани. И покрај обидите да се стори нешто повеќе, фудбалерите на Вардар делуваа немоќно да создадат шанса, во финишот во игра влезе и дефанзивецот Бојовиќ, кој доби улога на напаѓач, но ниту тоа не вроди со плод.Буквално во последните моменти од мечот Јован Костовски имаше можност со глава да предизвика еуфорија на „Филип втори“, но неговиот удар беше одбранет од страна на гостинскиот голман. Така, реваншот во Скопје заврши со најнепопуларните 0-0, кои го означија и крајот на оваа европска авантура на најтрофејниот македонски фудбалски колектив.
ВАРДАР – БАТЕ БОРИСОВ 0-0 Арена: „Филип втори“ во Скопје, Гледачи: 30.000, Судија: Паоло Валери (Италија) ВАРДАР: Захов, Илиевски, Цикарски, Вајс, Таневски, Темелков, Ранѓеловиќ (Бојовиќ 90), Стјепановиќ (Маневски 75), Хименез (Стојаковиќ 46) Георгиев, Костовски БАТЕ БОРИСОВ: Горбунов, Лихтарович (Рудзик 73), Јуревич, Бордачев, Радзиомау, Симиќ, Олекнович, Волошко, Мозолевски (Паулау 79), Радков, Контсевој |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ПРОТИВНИКОТ НА ВАРДАР „ТЕЖИ“ 15 МИЛИОНИ ЕВРАСамиот влез во групната фаза од Лигата на шампионите минатата сезона и секако учеството во групната фаза и 1/16-финалето од Лигата на Европа пред две сезони, покажуваат со каков тим располага белорускиот првак Бате Борисов, кој е противник на македонскиот шампион Вардар во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Бате Борисов е лидер и по 13 досега одиграни кола во белоруското првенство. Има тим вреден скоро 15 милиони евра, и она што е најважно, полека акумулира неопходно врвно европско фудбалско искуство, затоа што со години е во друштво на најдобрите европски клубови. За споредба, тимот кој Вардар го има оваа сезона е парично „тежок“ 5,6 милиони евра или скоро трипати помалку од она што го има како играчки кадар белорускиот тим. Оваа година во тимот на Бате Борисов се издвои голгетерот Дмитри Мозолевски, кој е ново име во составот на тренерот Гончаренко. Мозолевски на досегашните 9 одиграни средби успеа дури 7 пати да ја погоди противничката мрежа. Втор стрелец во тимот засега е Родионов до 4 гола, колку што има и младиот 22-годишен Дмитри Бага. Според моменталната вредност на пазарот, најскап фудбалер во белорускиот првак е Ренан Бресан, репрезентативец на Белорусија, инаку роден Бразилец. Неговата вредност на пазарот е околу 2,3 милиони евра. До него е Витали Родионов, уште еден репрезентативец на Белорусија, чија вредност е околу 1,5 милион евра. |
|||||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Реал- Баерн
Што ли ќе беше ако Реал одлучеше да игра 30 минути например наместо 15. И што ли ќе беше ако фудбалерите на Баерн се обидоа да шутнат од далечина во второто полувреме и во продолжетоците... |
|||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ВЕЧЕРВА ВО ЛОНДОН ЧЕЛЗИ ЈА ПРЕЧЕКУВА БАРСЕЛОНА ВО НОВА ГОЛЕМА ПРЕСМЕТКА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕРасчистување на сметкитеГолемите ривали кои во времето на Мурињо и Рајкард имаа неверојатни пресметки, а ги продолжија и по нивното заминување од тимот вечерва ќе имаат нов двобој. Како и пред три години тие имаат битка за пласман во финалето, но овој пат разликата е во распоредот на одигрување на средбите. Челзи е домаќин на првиот меч, додека Барса ќе го има реваншот кога и ќе се одлучува патникот во финалето во вторник.
"Уште кога дознавме дека ќе играме против Барселона знаевме дека ќе ни претстојат тешки натпревари. Сепак, ние сметаме дека не е невозможно да дојдеме до победа. Се надеваме дека ќе успееме да дојдеме до место во финалето. Знаеме дека Барселона ќе направи се за да ја задржи колку може подолго топката во свој посед и ќе не натера да се браниме, но ние имаме доста квалитетни фудбалери кои ќе знаат како да дејствуваат во секоја ситуација. Се надевам дека историјата ќе биде различна во однос на последната пресметка и ќе успееме да победиме", вели еден од Шпанците во Челзи, Хуан Мата.
Оној кој најдобро го познава Челзи од играчите на Барселона секако е Цеск Фабрегас. Има играно многу средби против овој состав во Премиер лигата. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Реал Мадрид и Челси исчекорија кон полуфиналето во ЛШЕвропските гиганти Реал Мадрид и Челси, едни од најбогатите европски клубови моментно, исчекорија кон полуфиналето во Лигата на шампионите по денешните гостински победи против АПОЕЛ на Кипар, односно Бенфика во Лисабон. „Кралскиот клуб“ потврди дека сезонава е практично непобедлив и преголем залак малиот АПОЕЛ, чиј член е македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, по победата со 3-0 во Никозија. Популарниот Тричко, уште по пласманот во ова четвртфинале, јастно стави до знаење дека приказната завршува ако им се падне Реал или Барса. Тричко не успеа да даде гол, а на спротивната страна рутински Карим Бензема во 74. минута на асистенција на Кака, кој осум години подоцна даде гол по акцијата на Марсело. Реал беше подобар противник, а дефанзивата на АПОЕЛ одолеваше повеќе од еден час, но не успеа бедемот да издржи пред голот на Хјотис. Бензема во 90 минута погоди уште еднаш по полуконтрата на Месут Озил. Бенфика посакуваше англиски противник и го доби Челси, но „сините“ не се така лесен противник за залетаните „орли“, па лондонскиот богаташ со минимални 1-0 направи огромен чекор кон полуфинале. Саломон Калу го постигна највредниот гол сезонава за Челси, а најголемите заслуги одат на грбот на Фернандо Торес по чија акција и асистенција, Англичаните стигнаа до вредната победа. Утре се играат преостанатите два меча, дербито на рундата Милан – Барселона и Марсеј – Баерн Минхен. Изменето од емил - 27.Март.2012 во 23:03 |
|||||
Внеси реплика | страница <1 34567 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |