IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Посматрачот влијае врз посматраното!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посматрачот влијае врз посматраното!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
praxis Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај praxis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2007 во 13:43
Нова Парадигма
 
 
Човекот не може да биде слободно суштество, да ги препознае и искористи своите потенцијали, доколку прво не го апсолвира механизмот со кој може да го контролира своето однесување. Тој механизам е умот или уште поточно, неговите ментални шеми, неговите парадигми.
 
Парадигмите се чудна појава. Од една страна помагаат полесно да се движиме низ животот, од друга страна ги ограничуваат нашите потенцијали.  

Во блиското минато рапидно се намножија концептите базирани на премисата дека процесот на мислење е оној кој го одредува нашето идно одредиште во смисол на животни околности. Концептот не е нов.

Бројни се изреките на личности кои живееле пред новата ера кои можат да се сведат на Будината: „Човекот е она што го мисли“.
 

Во „поново“ време, човек од кого се инспирирале многу личности во градењето на својот личен и професионален успех е Наполеон Хил. Негови познати дела се „Закони за Успехот“ и многу по познатото и кај нас преведено и издадено „Мисли и збогати се“ (Think And Grow Rich).
 

Делата на Хил се базираат на идејата дека мислите го креираат нашиот живот. А она на што се базираат нашите мисли се нашите парадигми. Тие го создаваат нашиот ментален склоп. Сите мали идеи и ментални навики кои сме ги создале низ нашиот живот стануваат наш оперативен систем низ кој функционира нашиот мисловен процес.
 

Во својата основа, парадигмите се неутрална појава. Се додека се тие во функција на поедноставување на нашиот живот, тоа е во ред. Тие функционираат како призма низ која ги пропуштаме појавите во нашиот живот преку светлината на нашите претходни сознанија и искуства. На тој начин, новите настани добиваат свое место во големата слика на нашиот живот. Тие стануваат „класифицирани“, добри/лоши, позитивни/негативни, пријатни/непријатни или на било кој од безбројните поларитети во Универзумот.
 

Проблемите настануваат кога истите станува кочница за искористување на нашиот полн потенцијал. Тогаш е време за кршење на старите парадигми, бидејќи тие стануваат ограничувања во рамките на старото и познатото, во „зоната на комфорот“, во претходниот начин на размислување. Златниот лост се претвора во железни решетки кои не држат вон дофатот на новото, свежото, возбудливото.
 

Во тие моменти ни се чини дека животните сокови исчезнале од нашиот делокруг и остануваме длабоко несвесни дека нашето ропство е всушност, нашиот сопствен ум. Трагајќи по сите надворешни околности во потрага по новата енергија во нашиот живот, забораваме дека слободата од таа залудна потрага лежи на место кое и не е толку скришно – нашиот ум.
 

Едноставна е вистината – доколку сакаш промена во својот живот, промената треба да започне таму каде што е процесот закочен – во себе, со замена на постоечката со нова парадигма и нејзина примена додека и таа не застари. Колку што новата технологија напредува, толку пократко е „векот на траење“ на парадигмите. Денеска човек прима околу 600% повеќе информации отколку пред 20 години. Истовремено, 80% од знаењето за нашиот ум датира од време во рамките на последните 20 години.
 

Со претплата на електронскиот магазин PRAXIS на http://praxis.interconn-ubs.net, на посетителот му се испраќа e-mail со линк за download на „Think And Grow Rich“, класичното дело од областа на личен развој од кое биле инспирирани бројни пионери во кршењето на застарените парадигми од почетокот на 20. век до ден денеска. 

 
© Митко Керамитчиев, 2007
Набљудувачот влијае врз набљудуваното!

http://praxis.interconn-ubs.net
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.