Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2013 во 12:52 |
Ninja 35 напиша:
BIBI_G_3 напиша:
Не да испадна убаво-превкусно беше... е сега,направив неколку отстапки од оригиналнава рецепта и не погрешив... значи, убаво мачкање со лук и путер,па троа оригано,троа рузмарин,троа копар,троа чубрица и врз сето тоа рендано сиренце...у рерна на потпекување до фаза на крцкање и после тоа јадење до пукнување |
аааа....и не викна... нареден пат кога ќе правиш мора и да се проба.... | ајде бујрум...пак ќе ги правам...ептен ги избендисав (овој пат уште отстапки планирам...ќе нафрлам и троа саламче,троа патлиџанче и троа пиперче...туку, да ги направам како што мислам па да ги пласирам како нов рецепт???)
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2013 во 12:48 |
BIBI_G_3 напиша:
Не да испадна убаво-превкусно беше... е сега,направив неколку отстапки од оригиналнава рецепта и не погрешив... значи, убаво мачкање со лук и путер,па троа оригано,троа рузмарин,троа копар,троа чубрица и врз сето тоа рендано сиренце...у рерна на потпекување до фаза на крцкање и после тоа јадење до пукнување |
аааа....и не викна... нареден пат кога ќе правиш мора и да се проба....
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2013 во 08:03 |
Не да испадна убаво-превкусно беше... е сега,направив неколку отстапки од оригиналнава рецепта и не погрешив... значи, убаво мачкање со лук и путер,па троа оригано,троа рузмарин,троа копар,троа чубрица и врз сето тоа рендано сиренце...у рерна на потпекување до фаза на крцкање и после тоа јадење до пукнување
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2013 во 15:30 |
Ова е убаво не само на тостер, туку и да се потпечат во шпорет. И многу повеќе зачини, за подобар вкус
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2013 во 15:25 |
Бибуш.....уште ли да чекам реакција....
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2013 во 08:56 |
Ninja 35 напиша:
<h2 ="entry-title" style="border: 0px; font-family: Georgia, serif; font-size: 25px; font-weight: inherit; margin: 0px 0px 2px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line; color: rgb245, 126, 32; line-height: 1.3em;">лепчиња со лук</h2>
<h4 style="border: 0px; font-family: Arial, sans-serif; font-weight: inherit; margin: 0px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line; line-height: 18px;">Состојки</h4><ul ="ingredients" style="border: 0px; font-family: Arial, sans-serif; margin: 0px 0px 18px 1.5em; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line; list-style: square; line-height: 18px;"><li style="border: 0px; font-family: inherit; font-style: inherit; margin: 0px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line;">6-8 парчиња стар леб<li style="border: 0px; font-family: inherit; font-style: inherit; margin: 0px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line;">3-4 чешниња лук<li style="border: 0px; font-family: inherit; font-style: inherit; margin: 0px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line;">1-2 лажици путер<h4 ="hPrep" style="border: 0px; font-family: Arial, sans-serif; font-weight: inherit; margin: 0px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line; line-height: 18px;">Подготовка</h4><p style="border: 0px; font-family: Arial, sans-serif; margin: 0px 0px 24px; outline: 0px; padding: 0px; vertical-align: line; line-height: 18px;">1. Исечете го лебот на кришки, излупете го лукчето и пресечете го на половина, па премачкајте го лепчето со лукот. Најмногу задржете се на корката. Едно чешне лук е доволно за две лепчиња. 2. Намачкајте ги лепчињата со путер па испечете ги на тостер додека поруменат. 3. На растопениоет путер може да наросите оригано, магдонос, босилок и пармезан
| (се полигавив)...ова сега за доручек ќе го пробам
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Септември.2013 во 14:04 |
Состојки- 6-8 парчиња стар леб
- 3-4 чешниња лук
- 1-2 лажици путер
Подготовка1. Исечете го лебот на кришки, излупете го лукчето и пресечете го на половина, па премачкајте го лепчето со лукот. Најмногу задржете се на корката. Едно чешне лук е доволно за две лепчиња. 2. Намачкајте ги лепчињата со путер па испечете ги на тостер додека поруменат. 3. На растопениоет путер може да наросите оригано, магдонос, босилок и пармезан
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Август.2013 во 23:38 |
Состојки- 1кг. благи пиперки
- 2 средни модри патлиџани
- 3 домати
- 2 чешниња лук
- 100мл. зејтин
- по вкус сол
ПодготовкаРецептот од мајка ми кој не го менувам за ништо. Лето не е лето ако не се подготви барем еднаш (а кај нас богами многу многу често). 1. На модрите патлиџани отстранете им ги краевите, пресечете ги на половина и заедно со доматите ставете ги во плех и во загреана рерна да се печат. 2. Пиперките по желба може да бидат и лути или мешани, кој како си јаде. И пиперките треба да се испечат. Јас тоа го правам на шпоретот, може во рерна или на оние големи ќумбиња за правење ајвар. Кога се ќе се испече ставете ги посебно пиперките и модрите патлиџани во кеси да се задушат за полесно да ги излупите. 3. Во сад за толчење прво ставете го лукчето со малку сол и толчете додека се добие смеса налик на паста. Потоа ставете ги пиперките и продолжете со толчење додека добиете убава смеса, не е страшно и да остане некое покрупно парче. На истиот начин истолчете ги и модрите патлиџани и доматите. Потоа измешајте ги сите заедно и посолете по вкус. Зејтинот загрејте го убаво и прелијте го пинџурот. Префрлете во сад и ставете во фрижидер убаво да се излади и да се соединат вкусовите. Послужете за ручек со домашно топло лепче и уживајте. Добар апетит. Дополнителни фотографии
Прочитај
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Август.2013 во 11:23 |
Тестенини со сланина и козјо сирење
СОСТОЈКИ (за 4 порции) • 1 мала лажица сол • 1 шолја тестенини • 6 парчиња сланина, сечкана • 2 млади кромитчиња, ситно сечкани • 2 големи лажици оцет • маслиново масло • ½ шолја козјо сирење, дробено • 1 голема лажица магданос ПРИГОТВУВАЊЕ Чекор 1: во подлабок сад ставете три шолја вода со една лажица сол и оставете да зоврие. Ставете ги тестенините и варете додека не станат „ал денте“, односно 5–8 минути. Процедете и измијте ги со студена вода за да се спречи понатамошното варење. Чекор 2: во друг сад, пропржете ја сланината околу 8–10 минути. Додадете ги и сечканите млади кромитчиња и пржете уште три минути. Откако ќе бидат готови, префрлете ги во садот со тестенини. Чекор 3: додадете 2 лажици оцет и попрскајте со маслиново масло. Зачинете со магданос, сол и бибер. Пред сервирање, на секоја порција додадете ѝ дробено козјо сирење.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Август.2013 во 18:36 |
Италијански шпагети со ќофтиња
Можеби, на прв поглед, комбинацијата од тестенини и ќофтиња ќе ви звучи непознато, но верувајте, овој специјалитет е неверојатно вкусен. Тестенините добиваат поинаков вкус, а вие уживате со сите сетила.СОСТОЈКИ за ќофтиња • 450 гр мелено говедско месо • 1 шолја лебни трошки • 1 лажица сув магдонос • 1 лажица „БИМИЛК Пекорино“, рендано (може и „Кајмакчалан“ овчи кашкавал) • 1/4 лажичка мелен црн бибер • 1/8 лажичка лук во прав • 1 јајце за сос • 3/4 шолја сечкан кромид • 5 чешниња лук, мелен • 1/4 шолја маслиново масло • 55 гр домати (од конзерва, цели и излупени) • 2 лажички сол • 1 лажичка бел шеќер • 1 ловоров лист • 170 гр доматно пире • 3/4 лажичка сув босилек • 1/2 лажичка мелен црн бибер ПРИГОТВУВАЊЕ Првин, изматете го јајцето. Во друг сад, измешајте ги јајцето и сите други состојки наведени за приготвување на ќофтињата. Од смесата направете околку десетина топки, покријте ги и оставете ги во фрижидер. Во поголем сад, пропржете ги кромидот и лукот на средно загреано маслиново масло. Додадете ги доматите, солта, шеќерот и ловоровиот лист и добро промешајте. Намалете ја температурата на огнот, покријте ја тавата и оставете да се вари 90 минути. Потоа, измешајте ги тестенините, босилокот, биберот и додадете ги ќофтињата. Оставете да врие уште 30 минути.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Мај.2013 во 06:24 |
Потпечен зеленчук
Со оглед дека сега е сезона во која може да уживаме во најразлични видови зеленчук, ви го предлагаме овој специјалитет. Лесен за подготовка, овој оброк изобилува со бои и ароми кои ќе ви донесат вистинско кулинарско задоволство.СОСТОЈКИ • 2 тиквици • 2 модри патлиџани • 3 комири • 4 домати • 200 гр кашкавал • сол и бибер • босилек • рузмарин • масло ПРИГОТВУВАЊЕ Чекор 1: секое од парчињата зеленчук добро да се измијат (може и да се излупат ако сакате) и потоа да се насечкаат на тенки кругови. Чекор 2: во подмачкан сад за печење, наредете кругови тиквици, модар патлиџан, компири, домати и тенки листови кашкавал. Кога ќе ги потрошите сите состојки, посолете и ставете бибер. На крај, посипете со босилек и рузмарин. Ставете малку вода и рендан кашакавал одозгора. Печете 20-тина минути на 180℃.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Март.2013 во 15:26 |
Мариниран говедски стек со сино сирењеОва јадење е одличен избор за убав и вкусен неделен ручек. За да
подготвите 4 порции, ќе ви бидат потребни само 20-тина минути. Ако се
решите овој специјалитет да ја краси вашата трпеза, тогаш ќе ви
бидат потребни следниве
СОСТОЈКИ
• 500 гр говедско месо без коска, исечено со дебелина од 2.5 цм
• ¼ шолја маслиново масло
• ¼ шолја црвено вино
• 3 чешниња лук, дробени
• 1 мала лажица бибер
• ½ мала лажица сол
• ½ мала лажица сенф
• 2 млади кромидчиња, исечкани
• 40 гр сино сирење, изронето
• 2 големи лажици крем сирење
ПОДГОТОВКА
Отстранете ја маста од месото. Потоа, месото ставете го во пластична
кеса (без да ја затворате) и во плитка чинија. За да ја подготвите
маринадата, измешајте ги маслиновото масло, биберот, 2-те чешниња
лук, црвеното вино, солта и сенфот. Истурете врз стекот. Затворете
ја пластичната кеса или фолија. Оставете го во фрижидер од 6 до 24
часа и притоа повремено вртете го стекот.
Исцедете го стекот и отстранете ја маринадата. Месото испечете
го на скара. Во меѓувреме, во мал сад измешајте ги младиот кромид,
синото сирење, крем сирењето и едно чешне лук.
Ставете го месото во чинија и попрскајте го со малку сино сирење. Сервирајте со миксот со сино сирење.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Март.2013 во 15:24 |
Пилешки крилца со кокосОва е рецепт кој е инспириран од азиската кујна и е одличен и како
предјадење и како главен оброк. Сосот е сладок и вкусен и лесно се
подготвува. Веруваме дека во овој рецепт ќе ужива целото семејство
поеднакво.
СОСТОЈКИ
• 3 големи лажици растително или маслиново масло
• 2 големи лажици соја сос
• 2 големи лажици шеќер
• 1 мала лажица кари во прав
• 1.2 мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер
• ½ мала лажица кора од лимон
• 1 шолја млеко од кокос
• 1.5 кг пилешки крилца
• 1 шолја кокос во прав
ПОДГОТОВКА
Во голем сад измешајте ги заедно маслото, соја сосот, шеќерот,
кари, сол, бибер и кора од лимон. Потоа додадете го и млекото од
кокос. Смесата поделете ја на два еднакви дела и ставете ја во
фрижидер.
Отсечете ги врвовите на крилцата, исечете ги на половина и
ставете ги во сад. Потоа премачкајте ги со маринадата. Затворете
го садот и оставете го во фрижидер најмалку еден час (најдобро
цела ноќ).
Најдобро е крилцата да ги потпечете на скара (8−10 минути од
секоја страна). Прелијте го месото со маринада при секое вртење.
Маринадата од вториот сад загрејте ја на умерен оган.
Пилешките крилца наредете ги на чинија и полијте ги со
затоплената маринада. Попрскајте ги парчињата месо со кокос во
прав. Се служат веднаш.
Совет: Ако ова јадење го подготвувате како главно
јадење тогаш овие состојки се доволни за 6 порции. Доколку е само
предјадење, тогаш имате 2 порции.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:17 |
Вкусно и поинакво: Ролат омлет со свински вратМногумина
од нас обожаваат омлет, но едноставно ни има здосадено да го јадеме и
во последно време се почесто го избегнуваме. Ние се потрудивме да ви
претставиме интересен рецепт за поинаков. Но неверојатно вкусен омлет.
Потребни состојки:
3 јајца
3-4 парчиња свински врат
2 лажици рендан пармезан
Половина лажичка исечкан свеж магдонос
Неколку парчиња тенко сирење
Чајна колбасица исецкана на тенки кругови
Маслиново масло
Сол
Подготовка:
Изматете ги со виљушка јајцата,
додадете го ренданиот пармезан, сецканиот магдонос и солта, па потоа
сето тоа добро измешајте го.
Во големо тавче сипете малку
маслиново масло, добро загрејте го и сипете ја целата количина на
смесата со јајца. Испржете една голема кајгана. Префрлете ја на даска и
оставете малку да се излади. Целата кајгана покријте ја со парчињата
свински врат, сирењето и цајната. Завртете ја кајганата како ролат. Така
добиената палачинка исечете ја на три дела и секој дел прицврстете го
со чачкалица.
Пријатен апетит.
Изменето од Valerija - 20.Февруари.2013 во 15:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|