![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 61> |
Автор | |
nelson ![]() Сениор ![]() ![]() НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://www.vest.com.mk/?ItemID=95F8A4D01556524C8578A0AC2C22EF89
Македонија - Катанец си заминува
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Заспани "убавици" со полна мрежа * Бевме аутсајдери, но не очекувавме ваков дебакл. Мртвило во играта на нашиот тим. Што е ова!? Холандија - Македонија Стадион: "Амстердам арена", во Амстердам. Гледачи: 47.750
Катанец продолжува да руши неславни рекорди. Поразот синоќа во
Амстердам беше еден од најубедливите за нашиот национален тим. А е
најубедлив откако на нашата клупа седи Среќко Катанец. Претходниот
неславен резултат беше оној 3:0 со Русија во Москва. Еве сега "покер". Стевица Ристиќ беше најскапиот гледач вчера во Амстердам. Тој мина
долг пат. Дојде од Јужна Кореја за да не биде ниту во 18-те фудбалери
во записникот. Па за што го викаше, зошто толку пат, зошто толку скапи
билети? За ништо. Среќко нема контрола. Не знае што прави. А покрај
Ристиќ синоќа селекторот предвреме се откажа уште и од Петров, Емини,
Мојсов и Георгиевски. Македонија за мајтап. Така може да се коментира рекламата на еден од
спонзорите на холандската федерација во брошурата за синоќешната
средба. Таму напишани: Холансија - Македонија 0:8. Добро читате, но тоа
е само дел од првоаприлската шега. Спонзорот претера. Шега ќе беше и да
напишеше дека Холандија победила само со 1:0. Квалификацискиот меч во Амстердам како и сите други кои вчера и
денеска ќе се играат во рамките од квалификациите за пласман на СП 2010
година почнуваат со минута молчење. Им се оддава почит на трагично
загинатите 22 навивачи во Африка кои загинаа при уривањето на трибината
на квалификацискиот меч во Брегот на Слоновата Коска. 6' - Кајт комбинира до Хунтелар, а овој "распали" од 17 метри, но за малку непрецизно и над голот. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Реал нуди по 100 милиони евра за Роналдо и Кака
Реал Мадрид е на добар пат да ја сруши бариерата од 100 милиони евра, во обидите да ја придобие ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и Бразилецот во Милан, Кака, пишуваат шпанските весници. Шпанскиот гигант е подготвен да испрати неверојатна понуда од 108 милиони евра до Јунајтед, сума со која сметаат дека ќе го разубедат Алекс Фергусон да се откаже од својот миленик. Во моментов Роналдо заработува 18,2 милиони евра во плати и бонуси, што го прави моментално четврти најплатен фудбалер на денешницата, зад Дејвид Бекам (32,4 мил.), Лионел Меси (28,6 мил.) и Роналдињо (19,6 мил.). Перез е подготвен да ја качи таа сума над 20 милиони. Освен Роналдо цел на Реал е и бразилскиот волшебник од Милан, Кака, за кого Перез ќе достави 100 милиони. Секако сево ова ќе биде верификувано ако Перез се избори за претседателската фотелја на претстојните избори во јуни. Дали се навистина вакви намерите на Перез и Реал Мадрид или, пак, се само предизборни ветувања, останува да се види во летниот преоден рок по завршувањето на претседателските избори кај "Кралевите". |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Несреќа на фудбалски натпревар во Абиџан
Најмалку 22-ца луѓе загинаа, а 150 се повредени при уривање на дел од ѕид на стадион за време на фудбалски натпревар во главниот град на Брегот на Слоновата Коска. По уривањето на ѕидот настанала паника, се создало стампедо и газење на навивачите. Полицијата се обидела да интервенира, но тоа ја влошило ситуацијата. Натпреварот го следеле над 50.000 гледачи, поради што се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова е соопштението од МВР по повод обвинението против Прилепска Победа. Не знам зошто толку многу време и требаше на УЕФА за да покрене обвинение,кога местењето на мечот беше јавна тајна во Македонија.
МВР ќе тргне во акција!!!
![]() "Го следиме случајот со пријавата од УЕФА. Ние ќе постапиме како и по секоја пријава. Ќе ги разгледаме сите информации околу какви било криминални дејствувања па и за конкретниот случај. Доколку се потврдат одредените индикации, во тој случај ќе следуваат соодветни кривични пријави за актерите во случајот", изјави вчера портпаролот на МВР, Иво Котевски. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
УЕФА со обвинение против Победа Прилеп
![]() УЕФА ги товари клубот, претседателот и играчот за кршење на принципите на интегритет и фер плеј во фудбалот манипулирајќи со исходот на натпревар организиран од УЕФА остварувајќи добивка незаконски за себе и за трета страна. Под истрагата на УЕФА бил квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони помеѓу Победа и Пјуник од Еременија на 13 јули 2004 година. Обвинението се базира на извештаи добиени од обложувачката индустрија за нерегуларни уплати и изјави на неколку сведоци. Дисциплинската комисија за случајот ќе заседава на 17 април. Веста е од пред два дена за тие што не се во тек. Изменето од fiks - 28.Март.2009 во 12:22 |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Презакажано 23-то коло од Првата фудбалска лига
![]() Поради вториот круг претседателски избори, комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски го презакажа одигрувањето на 23-то коло од Првата македонска фудбалска лига за в сабота 4 април со почеток во 16 часот.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Роналдо со два гола му донесе бод на Коринтијанс
Со нови два гола, некогаш најдобриот фудбалер на светот Роналдо истакнува кандидатура за најубедливо враќање на фудбалските терени оваа година. Роналдо постигна два гола во ремито од 2:2 на Коринтијанс против Понте Прето во 16 коло од првенството на Паулиста. Од враќањето на тревникот по низата тешки повреди Роналдо ги демантира сите злобници кои тврдеа дека повеќе нема да игра сериозен фудбал. Во пет одиграни меча за Коринтијанс, Роналдо постигна четири гола, а пред неколку дена дури и најави дека се уште не ги ставил во заборав амбициите за играње во бразилската репрезентација. Ако продолжи со ова темпо без оглед на вишокот килограми, Ил Феномено навистина би можел да го облече жолто зелениот дрес со број девет. Пред 20.000 навивачи на стадионот во Сао Паоло, Роналдо со два гола му донесе бод на Коринтијанс, кој се наоѓа на второто место со 33 бода, четири зад водечкиот Палмеирас. Првиот гол го постигна од пенал, за кој самиот се избори во 36 минута. Вториот го постигна во 57 минута за водство од 2:1. Роналдо прими топка во казнениот простор на некои десетина метри од голот, се ослободи од одбранбениот играч и со прецизен удар го совлада противничкиот голман. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фудбалерите на Шпанија гостуваат во Скопје
Неколкупати се најавуваше, а еве сега и потврда од врвот на ФФМ. Европскиот фудбалски првак Шпанија ќе гостува во Скопје и на 12 август ќе одигра пријателски натпревар со македонската репрезентација. Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески постигнал конечен договор со првиот човек на шпанската фудбалска федерација Виљар, на „Маргините“ на конгресот на УЕФА во Копенхаген. Со големиот спектакл, гостувањето на ѕвездениот состав на „Црвената фурија“ ќе почне прославата на јубилејот еден век фудбал во Македонија. Свечено ќе биде пуштена во употреба и новата северна трибина на градскиот стадион во Скопје, која се уште се гради. ![]() Европскиот шампион на „Градски“ ![]() |
|
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како совршено да се шутне пенал
![]() Според студијата на Тим Кејбл ,играчот треба да е оддалечен пет до шест чекори од топката, под агол од 20 до 30 степени и по шутот топката треба да оди со брзина од 104 км/час во еден од голманските агли оддалечени половина метар од стативата и исто толку од пречката. Ваков шут според професорот за голманот би бил неодбранлив. Мотивот за ова истражување на англискиот научник биле петте промашувања од шестте изведени пенали на неговата репрезентација на големите фудбалски натпреварувања. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
OUST ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ливерпул - Челзи трета година по ред во ЛШ
И трета година по ред, Ливерпул и Челзи еден против друг во завршницата од Лигата на шампионите. Нов англиски дерби дуел во 1/4-финалето на 8 април на „Енфилд“, кога Ливерпул ќе го пречека Челзи, во можеби најатрактивниот дуел од оваа фаза во најквалитетното европско клупско натпреварување. Минатата година во полуфиналето од Шампионската лига, Ливерпул и „сините“ двапати играа нерешено 1:1, за по изведување на пенали Челзи да се најде во финалниот дуел. Година претходно исто така во полуфиналето, Челзи загуби на пенали од „црвените“ откако двете средби ги добија двата тима со по 1:0. Најмногу среќа на денешниот жреб имаше бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед, чии желби се исполнија, па во оваа четвртфинална рунда за противник ќе го има Порто. Виљареал за ривал во оваа рунда го доби Арсенал, додека Барселона, како најголем фаворит за титулата, ќе мора да си ги одмери силите со германскиот шампион Баерн Минхен. 1/4-финале ЛШ: Виљареал - Арсенал Манчестер Ј. - Порто Ливерпул - Челзи Барселона - Баерн Минхен Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 7 и 8 април, додека возвратните се закажани за една недела подоцна. Победникот од мечот Манчестер Јунајтед - Порто во полуфиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Виљареал и Арсенал, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат победниците од натпреварите Барселона - Баерн и Ливерпул - Челзи. Полуфиналните натпревари се закажани за 28/29 април и 5/6 мај, додека финалниот спектакл е резервиран за 27 мај на „Олимпико“ во Рим. |
|
![]() |
|
OUST ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фергусон: Далеку од пензија и се уште жалам по Јап Стам
Во големото интервју за "New Statesman" менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон говорел за политиката, спортот, сопствените амбиции и грешките. Еве што изјавил можеби и најголемиот тренер на денешницата: „Пензионирање, се уште не размислувам. Моментално имам 67 години. Со здравјето сум добар. Чувствувам дека и понатаму имам нерви за фудбалот и доволно енергија“, вели Ферги. „Ја работам оваа работа веќе 22 години, но се уште се возбудувам кога ќе стигнам на тренинг игралиштето, или кога нашиот автобус ќе тргне на некое големо гостување. Ме радува и откривањето на новите играчи, како на пример двајцата бразилци кои сега ги имам, Рафаел и Фабио да Силва“, додава Сер Алекс. Најдобар играч кој некогаш играл фудбал? „Пеле, Ди Стефано, Марадона и Кројф“, наброи менаџерот на Ман. Јунајтед. А најголем менаџер? „За мене е Џок Стеин, а во Премиер лигата, Арсен Венгер, Дејвид Мојс и Мартин О'Нил“, вели Фергусон за своите лигашки противници. Дрим-тим тимот на Манчестер Јунајтед за време на неговиот тренерски мандат: „Имав среќа да работам со толку голем број генијални играчи што неможам да ги изберам најдобрите 11“, изјави шкотскиот стратег. Најубавиот гол на Манчестер за неговиот тренерски мандат: „Тој на Рајан Гигс во полуфиналето од ФА Купот 1999 година на „Вила Парк“. Тоа беше гол надвор од оваа планета“, пофално говореше Фергусон кон ветеранот Рајан Гигс. Најголема грешка? „Пуштањето на Јап Стам во Лацио. Без размислување, ова е за мене ужасна грешка“, вели Ферги. Најголемо разочарување? „Фактот дека не успеав да го ангажирам Пол Гаскоњ. Беше величенствен фудбалер и можеше да направи многу за Јунајтед“, додава Сер Алекс. Пет титули оваа сезона? „Не можеме да успееме во тоа. Важна работа во фудбалот е да бидеш најдобар, но подеднакво важно е да ве следи среќата. Можам само да кажам дека овој тим на Манчестер Јунајтед е најдобриот кој било кога сум го предводел“, изјави Фергусон. „Во секој меч кој го играме се чувствувам сигурно. Во овој момент секој противнички напад се плаши од нашата одбрана, а секоја противничка одбрана од нашиот напад. Тоа ни влева самодоверба, но пет трофеи во иста сезона сепак е премногу да се бараат“, додава шкотскиот стратег на клупата на светскиот и европски клупски шампион. |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Олимпик и Вердер четвртфиналисти во купот на УЕФА
![]() Во Сент Етјен Вердер избори нерешен резилтат 2:2, па после победата од првата средба на домашен терен од 1:0 успеа да го елиминира францускиот тим од понатамошната фаза на натпреварувањето. Многу неизвесен натпревар одиграа Олимпик и Ајакс во Амстердам каде што Французите по продолжувањата успеаа да стигнат до 2:2 и така да се изборат за следната рунда. По 90 минути резултатот беше 2:1 за Ајакс идентично како на првиот меч во Марсеј. Преостанатите четвртфиналисти ќе се знаат денеска по одигрување на реванш-натпреварите во кои се среќаваат: Металист-Динамо Киев (0:1 прв натпревар), Шахтјор-ЦСКА Москва (0:1), Зенит-Удинезе (0:2), Галатасарај-Хамбургер (1:1), Алборг-Манчестер Сити (0:2) и Брага-ПСЖ (0:0). |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бекам во Милан до крајот на сезоната
Челниците на Лос Анџелес Галакси и Милан постигнаа договор Дејвид Бекам да остане во италијанскиот клуб до крајот на сезоната, јавила денес телевизијата Си-Би-Ес (CBC). Според наводите на телевизијата, Бекам, кој е од јануари на позајмица во Милан, во јули ќе се врати во Лос Анџелес, а до договор дојде откако Галакси сепак ја прифатија понудата на „Росоњерите“ од нешто помалку од 10 милиони евра. До крајот на сезоната во Италија останаа уште 12 кола, а Бекам досега одигра 7 натпревари и постигна два гола. Екипата на Милан го зазема третото место на табелата во Серија „А“ со 48 бода, 12 бода помалку од водечкиот Интер. ![]() |
|
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |