IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Бременост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бременост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 20:47

Овулација и плодни денови

image
До овулација доаѓа кога јајце клетката која созревала во јајникот во текот на циклусот ќе се издвои и ќе го започне својот пат преку јајцеводот во материцата.

Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Ако вие во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ќе живее здраво. Иако на голем број трудници во тој период вкусот за храна им се менува и често посакуваат некој одреден тип на храна, постојат некои правила за здрава исхрана кои може да ви помогнат. Во текот на бременоста потрошувачката на одредени хранливи состојки во телото се зголемува и затоа е потребно во тој период со храна да ги внесеме што повеќе. 

Фолна киселина е многу важна уште на самиот почеток на бременоста. Најдобро е препаратите со фолна киселина да ги земате уште неколку месеци пред забременувањето. Можете да ја земате во облик на таблети кои ги добивате во аптеки, а можете да ја најдете и во темнозелениот зеленчук. Недостаток на фолна киселина може да доведе дури и до пометнување, предвремено одвојување на плацентата и помала тежина на новороденчето. 

Во тој период задолжителна е и контрола на железото, затоа што телото троши два пати повеќе отколку обично. Недостаток на железо често е поврзан со неприлагодена тежина во бременоста. Железото кое го добиваме од храната од животинско потекло има предност пред оние од растително потекло. Наспроти тоа е подобро, ако сепак дојде до недостаток на железо, да го надоместиме со таблети, отколку да изедеме два пати повеќе месо. 

А како е со вегетаријанството за време на бременоста? Жените кои биле вегетаријанки пред бременоста, мора да се погрижат да добијат доволно состојки кои ќе ги надоместат хранливите состојки кои се наоѓаат во месото. Се препорачува во исхраната да вклучат доволно млечни производи, а за надополнување на витаминот B12 треба да се избере комбинација на тој витамин и фолна киселина. При потполно откажување на храна од животинско потекло (јајца, млеко и млечни производи), жената може да му наштети на развојот на детето, затоа е подобро во бременоста да се откаже од потполно вегетаријанство. 

Калциум и витамин D се важни за формирање на коските и за раст на ембрионот. Најдобро е да набавите дополнителен калциум во облик на таблети. Ако дојде до недостаток на калциум во телото за време на бременоста, детето ќе црпи калциум кој инаку би ви припаѓал вам. Како последица на тоа може подоцна да дојде до проблеми со забите и остеопороза. Овошје и зеленчук - пробајте да ги консумирате во најмалку 3 дневни оброци. Одличен се извор на витамините A и C. Витамин C кој се наоѓа во брокулите, зелката, пиперките, компирот, спанаќот, грашокот, доматот, портокалот, дињата, грејпфрутот, му помага на телото при апсорпција на железото од храната. Зелената пиперка, морков, компир и брокули со резервите на витаминот A ќе го припомогнат растот на вашите ќелии и ќелиите на вашето дете. 

И на крај - колку храна е потребно на женското тело во бременоста за да не биде ни премногу ни премалку, т.е. да биде доволно за детскиот раст? Докторите препорачуваат количината на храна во првите 3 месеци да биде иста како и пред бременоста. Тогаш на ембрионот за опстанок и развој му е потребна минимална количина на енергија. Во четвртиот месец се препорачува да го зголемите внесувањето на енергија за 200 - 300 кило калории, - kcal. Гладот, кој ќе се појави во тој подоцен период, можете да го задоволите со мали оброци помеѓу главните оброци. Внимание, малите оброци не се пола кеса чипс, тортички или грицкање на чоколада! Заради преголема тежина за време на бременоста може да дојде до превисок притисок, труднички дијабетес и други компликации во бременоста. 



Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 20:44

Важни витамини во бременоста


Иако добро се храните, оптимално количество на одредени хранливи состојки, пред се фолна киселина, калциум и железо не е можно да се прими само преку храната.

Наспроти добрата исхрана веројатно тешко ќе конзумирате оптимално количество на одредени хранливи состојки, пред се фолни киселини, калциум и железо.

Ви препорачуваме во првите 3 месеци да земате фолна киселина, а уште подобро би било да земате и пред забременување, во време кога ја планирате бременоста.

Заради потреби на плодот кој расте, многу од трудниците се слабокрвни (анемични). Недостатокот на железо може да го надополнат со храна која содржи многу железо или дополнителни таблети. Богат извор на железо се црвеното месо, житариците, црниот дроб (кои на трудниците понекогаш и не им се препорачуваат), грав, суви кајсии и сок од цвекло.

 



Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 17:46
so sigurnost NE, ZOSTO DA?
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 17:42
Бремените жени не мораат да се откажат од кафето

Бремените жени не мораат да се откажуваат од утринското кафе, бидејќи тоа веројатно нема да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување на детето, порачуваат од Здружението на американски акушерки и гинеколози.

Претходните истражувања покажаа дека плацентата не претставува бариера за кофеинот, што предизвика стравување за евентуалното неповолно влијание на оваа состојка на кафето и на некои други напитоци и храна за бремените, пренесоа агенциите.

Истражувањата на ова прашање до скоро даваа конфликтни резултати. Меѓутоа, најновиот заклучок на американското здружение е дека до 200 милиграми кофеин дневно (количество што се внесува со испивање на една голема шолја кафе) „ не придонесува во значителна мера за спонтаниот абортус или предвременото породување“.

Место кафе, бремените исто така слободно можат да консумираат околу четири шољи чај од по 200 милиграми дневно, пет стандардни лименки газирани напитоци и шест до седум коцки темно чоколадо, порачаа американските акушерки и гинеколози.

До ваквите резултати дојдоа студиите изработени во Медицинскиот центар Маунт Синај во Њујорк и на оукландската болница Кејсер Перминент, а истражувањето било спроведено врз 1.000 бремени жени.

Кон врв
Ane09 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 209
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ane09 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 16:00
Лична исповед. Бременоста е дефинитивно блажена состојба. Конечно од „ѓубре“ почнуваш да се чувствуваш благородно,дека правиш нешто величенствено. Градите ти се зголемуваат, косата и кожата ти се посјајни од било кога. Ноктите за првпат не се кршливи. И ти, конечно од неартикулирано, хаотично девојче, чија единствена преокупација биле шопингот, ноќните излегувања....се претвораш во жена која нурнува во тајните на животот. Стрии (благодарение на павловичева) нема, а 30-40 дена по пораѓајот си послаба од било кога претходно (кога си си ја мавала главата со 300 безвезни диети); сега килограмите едноставно се топат благодарение на тоа што повеќе не си опседната со себе, исполнета си со љубов, а и благодарение на непроспиените ноќи.

Изменето од Ane09 - 15.Јули.2010 во 16:03
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:33
Бременост... бременост... “блажена состојба“. Како да не!

Ти се прават стрии по стомакот, може и глуждови да ти отечат, изгледаш како камионџија, мочаш се почесто, па лажни контрации... а тек кога се отвараш ко крава за од тебе да излезе цело човечко суштество...
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:04

       
      Што е тоа Даунов синдром

Сите жени без разлика на годините имаат ризик за раѓање на бебе со родилни аномалии.

Дауновиот синдром предизвикува различни степени на ментална ретардација, но исто така може да предизвика и додатни абнормалности на главата, рацете, мозокот, бубрегот, желудникот и цревата на плодот. Ризикот за Даун синдром како и за други абнормалности се зголемува со возраста на мајката.

Во текот на бременоста, дијагнозата се поставува со анализа на хромозомите на плодот добиени од клетките во околуплодовата вода или од постелката. Овие клетки се добиваат со една од две инвазивни процедури: амниоцентеза или земање примерок од хорионските ресички. Поради тоа тие се нудат само на пациентки кај кои постои висок ризик за раѓање на бебе со Даунов синдром. Високоризични пациентки се сметаат сите оние кои имаат или поголем или еднаков ризик за Даун синдром како и пациентка која има 35 години ( 1 : 270).

Се до неодамна, жените од оваа возрасна група, имаа само една опција – инвазивна процедура која пак од своја страна е поврзана со ризик за спонтан абортус. Неодамнешните студии меѓутоа, сугерираат дека дополнителни скрининг тестови, комбинирани со возраста на мајката, можат да се искористат за намалување на ризикот од Даунов синдром, за намалување на бројот на амниоцентези како и за намалување на процентот на абортирани нормални фетуси.

Дијагностички тестови

Амниоцентеза

Оваа процедура се прави меѓу 15 и 20 недели на бременост. Најнапред на ултразвук се лоцира позицијата на плодот и постелката. Потоа, со тенка игла која се вметнува преку стомакот на мајката, се вади мала количина на окулоплодова вода.

Во неа има фетални клетки. Хромозомите на овие клетки се проверуваат за Даун Синдром и за други хромозомски дефекти. Процедурата носи мал ризик за спонтан аборутс 1 : 100.

Резултатите се готови за околу две недели. Прецизноста на амниоцентезата е околу 99% во случај на Дауновиот синдром, но е исто толкава и за другите хромозомски аномалии. Амниоцентезата ги открива скоро сите дефекти на отворена нерва туба.


Со овој тест на место од околуплодовата вода се земаат клетки од постелката. Се прави на почетокот од бременоста помеѓу 10-та и 12-та недела. И во овој случај најнапред се лоцира местото на постелката користејќи УЗВ, потоа со тенка игла преку стомакот се отстранува еден мал дел од постелката. Истото може да се направи и вагинално.


Дијагностички наспроти Скрининг тестови

Многу е важно да се знае која е разликата помеѓу дијагностичките и скрининг тестовите.

Дијагностички тестови

Дијагностичките тестови се користат за да се потврди постоењето на одредена болест или одредена состојба. За ваквите тестови се користат примероци од ткиво, крв или течност. Во нашиот случај се прави генетска амниоцентеза или се зема примерок од постелката за да се добие течност или ткиво во кои потоа се анализираат феталните хромозоми. Меѓутоа и двете методи имаат несакани ефекти од кои најлош е абортусот. Процентот на несакани абортуси, со кои може да се изгубат нормални фетуси, варира од 1 на 100 до 1 на 300. Овој ризик во голема мерка зависи од искуството на докторот кој ја извршува процедурата.

Скрининг тестови

Скрининг тестовите се користат за откривање на пациентки кои имаат зголемен ризик за одредена болест. Пример за вакво тестирање е ПАП тестот наменет првенствено за откривање жени со зголемен ризик за рак на грлото на матката. Скрининг тестовите не ги откриваат сите пациентки кои ја имаат болеста. Сепак, тие се доволно чувствителни за да се применат на севкупното население кое живее на одредена област. Кога скрининг тестот е позитивен или е абнормален тогаш се прави дијагностички тест. Доколку ПАП тестот е позитивен или доколку се работи за сомнителна момографија, понатаму се зема примерок од ткивото од грлото на матката или од дојката за да се потврди дали навистина има рак. Слично, при позитивен скрининг тест за Даунов синдром, се прави амниоцентеза или се зема ткиво од ресичките на постелката со цел да се добијат клетки од плодот. Со нивна анализа ќе може да се потврди или отфрли постоењето на Даунов синдром кај фетусот.

Скрининг за фетални аномалии со Троен Тест

Жени помлади од 35 години

До скоро не постоеше тест за откривање на фетуси со Даун синдром кај жени помлади од 35 години. Меѓутоа, со воведувањето на три крвни маркери (серумскиот алфа фето протеин, естриолот и бета ХЦГ) се овозможи и жените во оваа возрастна група да имаат скрининг за Даунов синдром. Се зема крв од раката на бремената жена и во неа се проверуваат нивоата на горенаведените маркери кои се произведени од постелката и фетусот. Во различни недели на бременоста овие маркери имаат различни вредности. Користејќи ги поединечно или во комбинација, маркерите откриваат 20 – 60% од фетусите со Даунов синдром. Во 1994 година американскиот колеџ на гинеколози и акушери препорача овој тест да и се понуди во вториот триместар од бременоста на секоја жена помлада од 35 години.

Жени постари од 35 години

Сегашниот процент на откривање Даунов синдром (40-60%), кај жени помлади од 35 години е прифатлив затоа што доколку пациентката нема тест, процентот на откривање е скоро 0%. Меѓутоа 60% не е прифатлив процент кај жени кои имаат 35 години или се повозрасни. Кај овие пациентки алтернативата е амниоцентеза која открива 99% од ваквите фетуси. Сепак, со одбирање кои пациентки треба да имаат амниоцентеза процентот од 60% може да се подобри. За оваа цел се користи Тројниот Тест. Со негова помош се врши корекција на ризикот за Даунов синдром кој постои кај жени на 35 годишна возраст или се повозрасни. Направена е клиничка студија во која се споредени ваквите резултати со резултатите од универзалната амниоцентеза, при која 100% односно сите пациентки имаат амниоцентеза (постигнувајќи 99% откривање на хромозомските абнормалности). Студијата укажува дека со дополнително користење на маркерите се откриваат до 89% од фетусите со Даунов синдром, додека бројот на амниоцентези е намален од 100% на само 25% од високоризичните пациентки.

Од друга страна, додека универзалната амниоцентеза открива 99% од останатите хромозомски абнормалности со Тројниот Тест се откриваат само 65% од нив. Авторите сметаат дека разликата во откривањето се однесува или на летални аномалии (тризомија 13 или 18) или на многу ретки аномалии (небалансирани транслокации) така што користа од спасување нормални фетуси од спонтан абортус е далеку поголема отколку што е откривањето ретки хромозомски абнормалности.

Најважно што треба да се разбере е дека процентот на откривање Даунов синдром варира во зависност од возраста на мајката. Високиот процент на откривање Даунов синдром (89%) кој е рапортиран во горната студија представува просек за сите пациентки на возраст од 35 години и постари. За возраста од 35 – 39 години овој процент е помал и тоа се гледа од графиконот.

 

 13% од жените на 35 годишна возраст ќе имаат абнормален Троен Тест и сите ќе имаат амниоцентеза. Меѓутоа само 71% од фетусите со тризомија 21 ќе бидат откриени. Според тоа, на секој 10 фетуси со Даунов синдром само 7 ќе бидат откриени. Од графиконот се гледа дека процентот на откривање Даунов синдром кај жени повозрасни од 35 години е понизок од 89%.

 

Предности на Тројниот Тест кај жени постари од 35 години

 

  • За пациентките кои не сакаат да имаат амниоцентеза базирана исклучиво на нивната возраст (35 години или повеќе), тројниот тест овозможува подобро проценување на ризикот. Тој представува подобра опција отколку да не се прави никаков тест.
  • Доколку Тројниот Тест е негативен ризикот за Даун синдром е помал отколку ризикот за спонтан абортус заради амниоцентеза. На пример доколку 35 годишна пациентка има нормален Троен Тест за скрининг, а потоа одлучи да има амниоцентеза, ризикот да го изгуби детето е 6 пати поголем отколку ризикот да има дете со Даунов синдром.


Недостатоци на Тројниот Тест кај пациентки постари од 35 години


И покрај корисноста на Тројниот Тест во откривањето на Дауновиот синдром тој има и свои недостатоци:

  • Кај жените на возраст од 35 до 39 години, Тројниот Тест открива помеѓу 71% до 87 % од фетусите со Даунов синдром. Оваа возрасна група го содржи најголемиот број жени кои сакаат да имаат генетска амниоцентеза.
  • Открива помалку од 50% жени со тризомија 18 и ретко открива фетуси со тризомија 13. Иако најголем број на овие фетуси ќе подлегнат во првата година од нивниот живот овие состојби се сепак многу сериозни.
  • Открива помалку од 65% од сите хромозомски абнормалности.
  • Тестот не е валиден доколку е направен пред 15 недели на бременост или после 20 недели на бременост.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:01
размислување Налетав на овие совети од еден доктор..па мислев дека не е лошо да стојат тука...ако не се потребни....бришетесреќа

    
      Откривање аномалии на плодот - Пренатална дијагностика


Главните напори при контролирањето на бременоста во периодот од 10та - 20та недела се во правец на утврдување евентуални аномалии на плодот. Ако во овој период не се утврди дали е плодот без аномалии тогаш исходот на целата бременост е неизвесен, како за самиот плод, кој можеби е тешко оштетен така и за мајката. Околу 20 до 25% од сите угинувања на плодот во текот на бременоста се должат на вродените аномалии. Поради тоа откривањето на фетални аномалии е важно за: 

  • Контролирање на останатиот дел од бременоста
  • Предвидување каков ќе биде исходот од бременоста
  • Предвидување на можни компликации во текот на самото раѓање
  • Предвидување можни компликации кај новороденчето
  • Одлучување дали да се продолжи или да се прекине со бременоста
  • Откривање на состојби кои можат да имаат влијание на наредните бремености

Постојат повеќе не инвазивни и инвазивни техники за пренатална дијагностика. Секоја од нив се користи во определен дел на бременоста. Техниките кои се користат се:

  • Ултразвук
  • Амниоцентеза
  • CVS (Chorion vilous sampling) Земање на примерок од ресичките на постелката
  • Проверка за присуство на фетални крвни клетки во крвта на мајката
  • Троен Тест за откривање фетални аномалии (преку крвта на мајката)

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
-Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 750
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2010 во 12:49
Некои жени едноставно знаат дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни многубројни симптоми и позитивни тестови за потврдување на бременоста, за да бидат навистина сигурни во тоа............

Тест за потврдување на бременоста

Тестовите кои се прават од урината (мокрачата), можат да бидат точни помеѓу 10 до 14 дена по оплодувањето, но не заборавајте дека и тие тестови не се 100 % сигурни. Доколку кај вас постои чувство на сомневање во резултатот, повторете го тестот и во случај на позитивен резултат, договорете преглед кај својот гинеколог.............да

-----G O L D I------
Кон врв
emily88 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај emily88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 12:50
Zdravo na site!! Ve molam za sovet!!
Imav nezastiten seksualen odnos so decko mi, i na krajot toj svrsi vo mene..
Ovie denovi celo vrme mislam dali mora da znaci deka sum bremena?
Kupiv test za bremenost ama ne se osmeluvam da go napravam тага
Mislam deka denes ke go napravime zaedno so nego testot...nozeve mi se tresat,bidejki mi se slucuva prv pat takvo nesto,prv pat se somnevam deka sum bremena..a pominaa samo okolu 2 nedeli od odnosot,dali testot bi bilo dobro da go napravam sega,dli ke pokaze tocni rezultati ili da pocekam?
Patot po koj cekoram poslan e so trnje,im nema kraj....no podobro e vistinski trnje otkolku plasticni cvetovi..
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2009 во 17:35


Videte ja postavenosta na bliznacite vo utrobata na majkata.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2009 во 01:04
premnogu rizicnovo ovoj ekonomski mig neispatliv trosok za garderoba
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 16:07
Originally posted by kristina123 kristina123 напиша:

Знае ли некој добра страна за бременост
 
 
...na leva strana ili probaj na www.sever_jug.com.
 
srekno...задоволство
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 22:50
- Жена пред да зачне, треба да направи преглед, бидејќи некои бактерии во матката може да го расипат плодот
- треба да се провери дали има полип, бидејќи овие мали израстоци можат да предизвикаат абортус
- пред одлука за деца, да се советува со повеќе лекари на оваа тема, бидејќи секој лекар има посебно искуство
Добро е секој човек кога ќе има проблем со здравјето да се советува со повеќе лекари, поради искуството

Ако веќе сте решиле да направите дете, најдобро е тоа да го направите во оние неколку денови кога сте најплодни
Според некои книги, во ретки случаи децата што се зачнати ден два пред изливот на жената, покасно абортирале
Ова укажува дека плодот недоволно бил зафатен, и затоа треба да се почитуваат деновите кога жената е најплодна
Колку жената треба да се движи откако ќе зачне ?
Според некои книги потребно е шетање и умерен напор, а никако премор

Исто така не е лошо да се провери дали партнерот "пука" напразно
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,358 секунди.