![]() |
|
Кафе |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 25> |
Автор | ||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Зошто кафето е здраво за пиење?За многумина, кафето претставува секојдневен утрински ритуал без кој не може да се замисли почетокот на денот. Прочитајте кои се позитивните ефекти од секојдневното консумирање на овој миризлив напиток. Дали знаевте дека кофеинот од кафето ги намалува опасностите од цироза и тоа до 80% доколку дневно се испијат најмалку четири филџани кафе? Овој податок е објавен од страна на германска здравствена организација. Истражувањето покажало дека кафето е добро за срцето и црниот дроб, бидејќи го забрзува метаболизмот. Имено, кафето содржи и голем број на други здрави состојки, како што се антиоксидансите кои можат да го преполоват ризикот од Алцхајмерово заболување. Исто така, кафето ја стимулира правилната работа на срцето и го намалува крвниот притисок, се разбира доколку не се претера со пиењето. Во умерени количини, кафето ги штити мозочните ќелии, а според некои истражувања може да го намали ризикот од деменција и Паркинсова болест. Кафето ја подобрува концентрацијата, позитивно влијае на меморијата и ве одржува будни. Ако почувствувате нервоза од консумирањето, измешајте го со бескофеинското кафе и немојте да го пиете на празен желудник. Може да делува и на сонот, па најдобро е да не пиете кафе четири часа пред спиење. А, доколку држите диета, тогаш кафето без шеќер е идеално за вас. Можеби не сте знаеле дека кафето помага и кај главоболките така што може да спречи појава на главоболка и рани облици на мигрена. Кафето е богат извор на антиоксиданси кои го штитат организмот и го забавуваат стареењето, а некои студии покажаа дека кафето ја зацврстува издржливоста и ги подобрува спортските резултати. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Најновото истражување целосно ги открива навиките на љубителите на кафе, а според резултатите дневно во просек се пијат 2,2 шолји, додека секој го прескокнува бескофеинското кафе. Во истражувањето во кое учествувале 1.700 доброволци, 83 отсто од нив одговориле дека секојдневно уживаат во омилениот напиток, додека кафето за нив претставува дневна рутина. Околу 12 отсто пијат кафе неколкупати неделно, два отсто пијат неколкупати месечно додека еден отсто неколкупати годишно. Како дневна доза на кафе се посочени 2,2 шолји, додека помала група на луѓе посочила дека успеваат да ја намалат консумацијата неколкупати неделно. Истражувањето покажало дека бескофеинското кафе не е многу популарно така што само пет отсто преферираат да го пијат. Новото истражување покажа дека љубителите на кафето нема да престанат да го пијат дури и во кризни времиња. Кога кафето почнува да се пие на помлада возраст, подоцна е потешко да се одвикнете од навиката. Најголем број луѓе почнале да го консумираат на возраст меѓу 15 и 19 години. Научниците сметаат дека токму овој факт е пресуден зошто одвикнувањето е толку тешко. Дури 42 отсто од испитаниците признале дека не можат да се одречат од кафето, пренесува Huffington Post. Изменето од Valerija - 28.Февруари.2013 во 16:44 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Мммм... доволна е само една голтка од утринското кафе и едно вдишување на неговата арома за да нè обземе пријатно чувство и вистински да го означиме почетокот на денот. Кафето не само што е добро за расонување и што служи како добар изговор за долги разговори и озборување, туку тоа е и корисен производ кој може да се употребува низ домот и за негување на кожата и косата. ![]() Пилинг за лице, сојузник во борбата против целулит, дезодоранс за фрижидер, освежувач за автомобил... Еве само дел од многуте невообичаени примени на кафето:
Добрата вест е што во повеќето случаи треба да го користите талогот, па сепак претходно ќе можете да уживате во неодоливиот вкус и аромата на кафето. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кафето нè буди по автосугестијаАко сте еден од оние кои мислат дека нема да го издржат денот без утринското кафе, тогаш се лажете. Научниците докажаа дека во прашање е автосугестија. Големиот број луѓе се чувствуваат успорено и поспано во текот на целиот ден доколку не се напијат утринско кафе, а ако не го испијат и она попладневното, стануваат нервозни. Иако и научно е докажано дека кофеинот предизвикува лачење на адреналин во нашиот организам, едно лондонско истражување покажало дека влијанието на кофеионот на нашиот организам пред сè е во нашите глави. Ако пиеме кафе за да се расониме, нашиот мозок така и ќе реагира. Научниците ги поделиле испитаниците во четири групи, давајќи им на дел од нив обично кафе, на некои исто така обично кафе но им било кажано дека е безкофеинско, а на останатите им било дадено кафе без кофеин за кои биле уверени дека е обично. Резултатите покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе мислејќи дека во него има кофеин, подеднакво добро ги решиле тестовите кои им биле дадени и на оние кои пиеле обично кафе. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Зошто е добро да пиете кафе?Луѓето кои редовно пијат кафе имаат помали шанси да умрат од последиците на
срцевите заболувања, мозочниот удар, шеќерната болест и инфекциите, се тврди во
една нова студија Долго време се веруваше дека премногу кофеин е штетно, а сега научниците
велат дека кафето може да го продолжи вашиот живот. - Ова е важно истражување бидејќи дава докази кои покажуваат дека умереното консумирање на кафе е корисно и дека дава одредена здравствена корист, вели др. Пол Еуан, извршен директор на Британската задруга за кафе. Трудниците би требале и понатаму својот внес на кафе да го држат на 200 mg дневно во склад со насоките на јавното здравство, додава тој. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Зошто кафето претставува стрес за организмот?Кога сме уморни, нивото на шеќер во крвта расте, па потоа одеднаш се намалува, заради што ни е потребно нешто што ќе нè расположи. Тогаш најчесто посегнуваме по шолја кафе. Но, во продолжение следат неколку работи кои би било корисно да ги знаете доколку сте голем обожавател на овој пијалок. Организмот кој е под стрес лачи адреналин, кој пак му помага на организмот да
се бори со стресот. Од друга страна, кортизолот, другиот хормон на надбубрежната
жлезда, има подолго дејство од адреналинот и се лачи кога личноста е под стрес
подолго време. Кортизолот го зголемува крвниот притисок, нивото на шеќер во
крвта и делува деструктивно врз нервниот систем. Сепак, многу луѓе консумираат кафе и чај повеќе пати во текот на денот, а доколку тоа го прават и за да го спречат чувството на глад (што претставува стрес), нивните надбубрежни жлезди лачат адреналин. Како што кажавме, ако организмот е изложен на стрес подолго време, надбубрежните жлезди почнуваат да лачат кортизол, кој го уништува нервниот систем.
|
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кафе романса Прекрасно и необично подготвено еспресо за убаво и романтично расположение Потребни состојки:
Начин на подготовка: Во чаша за ирско кафе се става Калуата. По внатрешните ѕидови на чашата внимателно се налева Бејлисот (за да не се измеша со Калуата, туку да направи слој над неа). Потоа на истиот начин се става и подготвеното еспресо. Се наросува од кафеавиот шеќер на површината и на крајот се украсува со шлаг и чоколадни трошки. Изменето од evangeline - 15.Јануари.2012 во 06:48 |
||||||||
![]() |
||||||||
Теа Јованова ![]() Нов член ![]() Регистриран: 22.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Заедно со Вита Голд кафе секојдневно се дружам:) Се шегувам го пијам 2-3 пати на ден во рок од три месеци. Едноставно само го заменив за турското, а со Вита Голд освен што уживам, дури и слабеам. На здравје кафе :)))
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кафето може да го намали ризикот од рак на кожатаИстражувањето на научници од Харвард резултираше со нови докази дека консумацијата на кафе е поврзана со намалениот ризик за заболување од најчестиот облик на рак на кожата. Ваквиот заштитен ефект на кафето бил изразен кај жените. Во просек жените кои дневно пиеле најмалку три шолји кафе имале 20 отсто помал ризик за заболување од карцином на базалните клетки отколку жените кои скоро воопшто не пиеле кафе. Во истражувањето учествувале околу 111.000 испитаници кои биле следени од 1984-та до 2008-та година. Изменето од Valerija - 04.Ноември.2011 во 11:00 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кафе со шеќер за идеален почеток на работниот денУтринското кафе многу подобро ќе ве расони и ќе го подготви вашиот мозок за работниот ден ако го консумирате со шеќер. ![]() Шпански научници тврдат дека кафето има многу посилен ефект врз работата на мозокот ако се консумира во комбинација со шеќер. До овој заклучок тие дошле откако им го скенирале мозокот на 40 доброволци кои се напиле кафе, кафе со шеќер, консумирале само шеќер или се напиле само вода. Истражувачите откриле дека кај учесниците кои консумирале кафе со шеќер била забележана поголема ефективност на мозокот во областа задолжена за задржување на вниманието и областа за т.н. „работна меморија“ (способност да се помнат сите неопходни информации, релевантни за определена задача). Ако не сте обожавател на кафе со шеќер, тогаш заедно со кафето каснете некое мало колаче и ќе бидете подготвени да се фрлите на работа. Изменето од Valerija - 04.Ноември.2011 во 11:01 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кафето го изострува умот на жените, а го поматува на мажитеКафето им помага на жените подобро да размислуваат, но кај мажите делува токму спротивно. Истражувачите тврдат дека пиењето кафе го подобрува мислењето кај жените кога се под стрес, но им го поматува помнењето на мажите и тие побавно донесуваат одлуки. ![]() Научниците стигнале до овој заклучок набљудувајќи како им делува кафето на луѓето кога тие се под стрес. За целта на истражувањето, тие побарале 64 мажи и жени и ги разделиле во парови од ист пол. Секој пар требало да изврши неколку задачи, како преговарање, редење на сложувалки или задачи поврзани со помнењето. Им било кажано и дека секој учесник ќе треба да направи јавна презентација поврзана со нивните задачи. На едниот од учесниците од секој пар му било дадено обично кафе со кофеин, а на другиот, кафе без кофеин. Истражувачите откриле дека мажите многу потешко се справуваат со задачите за помнење ако претходно испиле кафе со кофеин. На мажите кои се напиле кафе со кофеин им биле потребни 20 секунди повеќе за да ги завршат сложувалките, во споредба со мажите кои пиеле кафе без кофеин. За разлика од мажите, жените ја завршувале задачата за 100 секунди побрзо ако се имале напиено кафе со кофеин. Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:11 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ирско кафеПо долга прошетка низ снежните улици, еден од најдобрите начини да се затоплите е топол пијалок, а ирското кафе секогаш звучи многу примамливо. Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус. Оригиналното ирско кафе за прв пат било направено од Џозеф Шеридан, кој работел на аеродром во западна Ирска. Со цел да ги затопли изморените патници, во една зимска вечер, тој ставил во кафето виски. Кога задоволните патници го прашале дали станува збор за бразилско кафе, тој им одговорил дека пијалокот е всушност ирско кафе. Состојки
Подготовка
Ирското кафе се служи топло. За поубав изглед одгоре можете да ставите малку изрендано морско оревче или да украсите со стапчиња цимет. Заедно со кафето можете да послужите и мали колачиња со парчиња чоколадо или кекс. Совет: Оригиналниот рецепт се прави со слатка павлака којашто не е многу матена, скоро течна. Ирското кафе е совршено за претстојните празници. Наместо со обично кафе, изненадете ги гостите со „жестоко“ кафе за повеќе насмевки и позабавни разговори. Варијации
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кафе Калипсо
Време на подготовка: 3 минути Потребни состојки: 30 мл рум 30 мл чоколаден ликер 200 мл црно кафе Начин на подготовка: Во широка чаша за вино ставете ги румот и чоколадниот ликер. Одозгора додадете го топлото кафе и наполнете скоро до врвот од чашата. ![]() |
||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Tемната страна на кофеинот Сите позитивни ефекти од кафето ни се јасни и познати. На прашањето зошто најчесто се консумира овој пијалок најверојатно сите љубители би одговориле дека кафето е нивна душевна храна која воедно ги држи будни, додека од медицинска гледна точка се поврзува со стимулирање на централниот нервен систем и интелектуалната активност, како и позитивно влијание врз срцето и намалување на можноста за појава на рак.
Имено, кофеинот е вид на дрога и припаѓа на семејството алкалоиди. Како и повеќето други дроги, кофеинот може да предизвика зависност, па во случај да не биде консумиран редовно, постои можност од појава на апстиненциска криза. Менталната стимулација што ја предизвикува кофеинот е само краткорочен ефект, а неговото често косумирање може да развие проблеми како оние наведени во продолжение. Оваа појава потоа се рефлектира врз сите останати аспекти на животот и на генерално ниво ја намалува човековата продуктивност.
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |