Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2015 во 13:14 |
ФРАНЦУСКИ МАКАРОНС СО ЛЕШНИЦИСмеса: – 15гр. какао – 100гр. мелени бадеми – 50 гр. мелени лешници -150гр. шеќер во прав -50 гр. цврсто изматени белки Фил: -150гр. шеќер -40гр. вода -60гр. цврсто изматени белки За филување: -150 гр. крем од чоколадо и лешници Подготовка: Ситно смелете ги излупените бадеми и лешници, па убаво просејте ги, заедно со шеќерот во прав и какаото. Отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав . Додади ја оваа смеса на белките (неизматени) и измешајте ја со шпатула и ќе добиете прилично мазна смеса. Додадете сируп од вода и шеќер додека не достигне температура од 118 ° C. Во меѓувреме, изматете ги до половина белките. Со миксерот продолжете да мешате и да додавате во тенок прилив од готовиот сируп, внимавајќи притоа да го сипувате сирупот помеѓу маталките на миксерот и ѕидовите на садот во кој матите бидејќи ако сирупот ги погоди перките во движење би можел да предизвика сериозни изгореници. Продолжете да матите додека смесата да стане млака. Измешајте ги внимателно двете смеси (мешавина од бадеми и лешници и сирупот) – се меша преклопувајќи со шпатула додека смесата не омекне и ја постигне густината на лава, тоа е кога ќе ја подигнете шпатулата, смесата паѓа од неа во густ млаз и многу брзо се претопува со остатокот смеса не оставајќи трага на врвот. Наполнете ја вреќата за декорација со обичен, тркалезен отвор. Истискувајте купови на плех за печење обложен со хартија за печење или на силиконска облога . Не истискувајте премногу смеса бидејќи додатно ќе се прошири. Оставете да се исуши 1/2 час до еден час (или дури и повеќе), а потоа се пече на 150 ° C за 10-15 минути. Отстранување на готовите макаронс од подлогата задолжително само кога тие потполно ќе се оладат. Поврзете ги две бисквити макаронс со малку крем. Наполнетите макаронс ставете ги во херметички затворен сад во фрижидер. Извадете ги на собна температура половина час пред сервирањето. Покрај полнењето со нутела може да бидете креативни и да смилите друг сладок крем за полнење на овие преслатки француски колачиња.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:17
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 23:24 |
НАЧОСПотребни состојки: – 2 кесички чипс – 150 гр кашкавал чедар – 150 гр кашкавал гауда – 3-4 лути пиперки – Црвен кромид Подготовка: Изрендајте го кашкавалот, исецкајте го кромидот и лутите пиперчиња. На тава за печење ставете хартија за печење, па ставете го чипсот. Одозгора рамномерно посипете со секаниот кромид и пиперки и одозгора ставете го кашкавалот. Тавата ставете ја во рерна на 220 степени околу 4 до 5 минути.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:16
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 23:12 |
ФАЈИТАС - МЕКСИЧКИ ТОРТИЉИ- 2-3 лажици масло
- 1 зелена пиперка
- 1 црвена пиперка
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 500гр пилешко
- Малку оригано
- 2 лажици масло
- Помали тортиљи
Начин на подготовка: 1. Во тава загрејте масло. Кромидот исечете го на ленти, малку посолете и додадете врело масло. 2. Пиперките исечете ги на ленти, па додадете кромид. Посипете малку сол, бибер и ситно сецкан лук, помешајте и динстајте околу 4-5 минути (зеленчук треба да остане малку поцврст). 3. Откако го издинставте зеленчукот, извадете го од тава, а пилешкото исечете го на ленти и пржете на истото масло, додавајќи сол и бибер. 4. Кога пилешкото ќе се пропржи, додадете и зеленчук. Истурете две лажици вода и посипете со оригано. Сетоа тоа лесно измешајте и варете околу 2 минути. 5. Тортиљите замотајте ги во фолија и ставете во рерна на 180С околу 10 минути. На едната половина од тортиљите ставете фил, а другата замотајте.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:16
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 23:10 |
РУСКИ ЌОФТИЊАПотребни состојки: - 500гр измешано мелено месо
- 1 јајце
- неколку лажици презла
- 3 млади кромидчиња
- 300гр шампињони
- 2 големи кисели краставици
- 250мл неутрална павлака
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица сенф
- Сол, бибер, магдонос, масло
Начин на подготовка: Помешајте ги месото, јајцата, малку сол, бибер и презла. Од оваа смеса направете мали ќофтиња, кои ќе ги испржите на масло од сите страни да порумени. Извадете ги од маслото и ставете ги на чинија. Во истата тава (додадете масло ако е потребно), испржете исецкан кромид и шампињони околу 5 минути. Пред крајот додадете и кисели краставици (сечени на ленти), брашно, црвен пипер, сенф и павлака. Оставете да зоврие, па измешајте со ќофтињата. Зачинете по вкус и префрлете во плех за печење. Печете на 200 степени околу 15 минути. Пред служење посипете со магдонос.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:22
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 23:09 |
ИТАЛИЈАНСКО КАСАТОПотребни состојки: - 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- Кесичка прашок за пециво
- Кесичка ванилин шеќер
- Лимонова кора
За ладен фил: - 5 лажици слатка павлака
- 200гр шеќер во прав
- 500гр младо сирење
- Кесичка ванилин шеќер
- 150гр суво грозје
- 50гр лимонова кора
- 50гр кора од портокал
- 150гр цреши
- 5лажици исецкани бадеми
- 5 лажици сецкани кикирики
- 5 лажици сецкани фстаци
- 100гр сецкано чоколадо
За сируп од малини: - 500гр шеќер
- 0,5л вода
- 600гр малини
Начин на подготовка: Изматете хомогено тесто за бисквит, рапоредете го во калап за торта, обложен со хартија за печење и добро подмачкан. Печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени. За тоа време изматете го сирењето, слатката павлака, шеќер во прав и ванилин шеќер и оставете да одстои во фрижидер 24 часа. Следниот ден, во оваа смеса изматете ги останатите состојки (суво грозје, рендана лимонова кора, кора од портокал, , исчистени цреши, сецкани бадеми, фстаци, кикирики и чоколадо) и вратете во фрижидер. Во водата сипете шеќер, варете до вриење, намалете ја температурата, додадете ги орасите и исчистените малини и варете, со постојано мешање, додека не добиете густ овошен сируп. Преку оладениот бисквит рамномерно распоредете ја смесата од сирење и останатите состојки, прелијте со сируп од малини и оставете уште 3 часа да одстои во фрижидер.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:19
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:55 |
ПАНАКОТАPanna cota, е италијански рецепт со потекло од Пиедмонт. Во превод значи, готвена крема. Овој кремаст десерт, по структура е сличен со густиот пудинг, а вистинскиот вкус му го дава вкусот на малина. Уживајте пoлека. Оставете да се топи во вашата уста. Потребни состојки: - 500мл слатка павлака
- 2мл екстракт од ванила
- 1 кесичка бел желатин
- 150гр шеќер во прав
- 100 мл вода
- 200гр малини (свежи или замрзнати)
Начин на подготовка: Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. Слатката павлака ја ставаме во тенџере и и додаваме арома од ванила. На благ оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно. Прелеваме во 4 еднакви здели(измиени со вода), ги ладиме 3-4 часа за да се стврднат. На благ оган, во 100мл. вода , со постојано мешање растопуваме 100г. Шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па додаваме малини кои ги грееме со постојано мешање. Готовите малини ги сервираме на тањир како подлога за панакотите
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:22
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:54 |
ТАЈЛАНДСКО ПИЛЕШКО КАРИКарито во прав, можете да го замените со толчената лута пиперка, а кокосовото млеко, со кравјо во кое се проварува кокосовото брашно. Потребни состојки: - 175 шампињони, само капиците
- 6 – млад кромид
- 4 пилешки стека, без коски и кожа(4×125гр)
- 1- лажица маслиново масло
- 4лаж. Кари во прав
- 150мл. вода
- 400мл.кокосово млеко
- Сол, бибер
Начин на подготовка: Исчистете ги печурките, избришете ги со хартиена салвета, а потоа исечете ги на четвртинки. Отстранете го коренот и темните листови од кромидот. Исечете дијагонално на парчиња од 5мм. На даска за сечење, со остар нож исечете го на парчиња пилешкото во големина од еден залак. Во тава загрејте 1лажица зејтин и 4лаж. кари во прав, па додадете го пилешкото и пржете со константно мешање 2мин. Налејте вода, соја сос, млеко, добро мешајте и оставете да се провари на средна температура. Замешајте ги печурките, кромидот, сол, бибер, по вкус, па полека варете 8мин. Додека не се свари пилешкото. Пилешкото послужете го топло со ориз…
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:48 |
БУРИТОСПотребни состојки: - 500г – јунешко месо.
- 1 – лажичка маслиново масло
- 1 кромид, ситно сецкан
- 1- стапче цимет
- 4 – каранфилчиња
- 1 – лист лорбер
- 2 – шољи јунешка супа
- 8 – тортиљи
- Салса од домати за служење
Начин на подготовка: Се чисти месото од маснотијата и се сече на коцки, со величина од околу 2 см. Се загрева маслото на тава од средна големина и се динста додека месото не биде златно-браон боја. Се додава стапче од цимет, каранфилче, лорберов лист и јунечка супа. Се загрева до вриење, потоа температурата се смалува и се динста поклопено уште 30 минути, или се чека да омекне месото и не испари течноста. Да се извади циметот, каранфилчето и ловоровиот лист. Месото се ситни со 2 вилушки. Се служи по желба, ладно или топло, завиткано во тортиља како палачинка, со салса сос од домат и салата.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:39 |
МАЏАРСКИ РОЛАТ СО ЗЕЛЕНЧУК И ЈАЈЦАВелигденските празници секојпат оставаат зад себе купче, искршени, сварени јајца, со кои не знаеме што понатаму. Ние најдовме прекрасно решение доколку сакате да ги изненадите вашите најблиски со вкусно предјадење. После кршењето на јајцата, направете вкусен Маџарски рецепт. Потребни состојки: - 200гр – смрзнат грашак
- 200гр-морков
- 200гр-компир
- 200гр-јаболки
- 1-лимон
- 6-лажици мајонез
- 7-лажици кисела павлака
- 250мл-супа од зеленчук
- 20гр-желатин
- 5-јајца
- 1 црвена пиперка
- 1-китка магдонос
- Бибер и сол
Начин на подготовка: Јацата варете ги 10 мин. Ставете ги во ладна вода и оставете да се оладат, потоа излупете ги. Коцкичките од морков, грачок, компир варете ги одвоено во солена вода додека не омекнат па извадете ги и оставете сосема да се оладат. Јаболката излупете ги исечете ги на коцки и додадете сок од лимун. 2, Зеленчукот и јаболките ставете ги во голем сад. Мајонезот помешајте го со киселата павлака, сол и бибер , и прелијте го врз зеленчукот и добро измешајте ги. 3. Зеленчуковата супа да се измеша со желатинот и да се олади на ниска температура и потоа да се помеша со смесата во сад. Да се остави да се олади, па да се развлече на фолија во правоаголна форма. Во средината да се наредат сварените јајца и да се замота. Да се остави во фрижидер да се стегне. 4. Да се сервира на овал и да се украси со црвена пиперка и лист од магдонос.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:34 |
ВКУСНА ШПАНСКА ПИТАПотребни состојки: 4 јајца 1 шоља сончогледово масло 50 гр. кисели краставици 200 гр. шунка 1 прашок за пециво Сол и црн пипер 200 гр. едамер 200 гр. свежи шампињони 500 гр.брашно Припрема: Исчистете ги шампињоните и исечете ги на листови. Ситно изецкајте ги краставичките и шунката и изрендајте го кашкавалот. Во посебен сад сипете го брашното , прашокот за пециво, јајцата и маслото и промешајте го тестото, па наросете сол и црн пипер. Додадете ја шунката, киселите краставички, кашкавалот и шампињоните и промешајте. Смесата распоредете ја во тава за печење и печете на температура од 200 степени околу 30 минути. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:33 |
ПАРИСКИ ЕКЛЕРИПотребни состојки: За тесто: 4 јајца 150 гр. брашно 10 гр. путер 1 лажица шеќер 2 лажици шеќер во прав Малку сол За фил: 1 јајце 1 жолчка 2 дл. млеко 100 гр. шеќер 100 гр. маргарин 30 гр. скробно брашно 80 гр. зашеќерени бадеми Припрема: Загрејте 2 дл. вода, па додадете го шеќерот и путерот и малку сол и постојано мешајте се додека не зоврие смесата. Тргнете го тенџерето од оган, додадете го брашното и силно мешајте, па вратете го тенџерето на оган и гответе со мешање се додека смесата не почне да се издвојува од тенџерето. Потоа тргнете го повторно од оган, додадете едно јајце и силно измешајте. Смесата ставете ја во готварски шприц со отвор за еклери и направете форми на еклери во тава обложена со хартија за печење. Печете на температура од 200 степени во загреана рерна околу 15 минути, па малку отворете ја вратата на рерната и печете уште 15 минути. Оставете ги еклерите да се изладат. За филот пенесто изматете го јајцето, жолчката и шеќерот. Со постојано матење додавајте го скробното брашно и постепено сипувајте го млекото.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:32 |
ИТАЛИЈАНСКИ КЕКС СО ВИНОПотребни состојки:200 гр. брашно 150 гр. шеќер 50 гр. маслиново масло 100 гр. бело вино 70 гр. мелени лешници Кора од 1 лимон 3 гр. сода бикарбона Припрема: Измијте го лимунот и изрендајте ја кората. Во посебен сад измешајте ја кората од лимон, брашното, сода бикарбоната и мелените лешници, па додадете го шеќерот, маслиновото масло и виното. Замесете тесто кое ќе биде малку лепливо. Добро набрашнете ја работната површина. Земете малку од тестото, направете долгнавеста лента, па спојте ја за да добиете прстен. Правете прстени се додека не ја потрошите смесата. Секој прстен извалкајте го во шеќер во прав и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете 20тина минути на температура од 180 степени. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:29 |
ФРАНЦУСКИ ТОСТ СО ВАНИЛА РИКОТА, ЈАГОДИ И БОРОВИНКИПотребни состојки: 100 гр. јагоди 100 гр. боровинки 200 гр. шеќер 100 гр. свежа рикота 100 мл. крем сирење 100 гр. бадеми 100 гр. лешници 6 парчиња леб 2 јајца 1 лажица екстракт од ванила 20 гр. путер Припрема: Во блендер изматете ги боровинките и јагодите со половина од шеќерот. Во посебен сад измешајте ја риколата со крем сирењето, ванилата и остананиот шеќер, па ставете ја смесата во фрижидер да се стегне. Исецкајте ги бадемите и лешниците. Во посебен сад изматете ги јајцата и 50 гр. шеќер во прав. Лебчињата ставете ги да отстојат во смесата со јајца, па испржете ги на растопен путер и ставете ги на салфетки да се исушат. Ставете едно парче тост, одозгора ставете од смесата со ванила и рикота, полејте го со блендираната смеса од овошје и одозгора украсете со сецкани бадеми, лешници и свежи јагоди и боровинки.
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:26 |
ФРАНЦУСКИ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧПотребни состојки: 100 гр. путер 120 гр. црна чоколада 4 јајца 60 гр. брашно 100 гр. шеќер 3 дл. слатка павлака Припрема: На пареа растопете ја чоколадата и путерот, па изматете го шеќерот, брашното и јајцата (изматете ги посебно белките, па додајте ги на смеса, па потоа и жолчките со шеќерот). Во смесата додадете ја истопенат чоколада и изматете со миксер. Сад за печење со кружен облик намачкајте го со путер, па во него додадете ја смесата и печете на температура од 200 степени 30тина минути. Кога колачот ќе се испече премачкајте го со растопена чоколада и оставете го да се излади, па украсете го или премачкајте го со матена слатка павлака, шлаг или сладолед. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:19
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |