Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Февруари.2012 во 12:39 |
Четири важни прашања кои треба да си ги поставите пред јадење Помеѓу домашните работи, семејните обврски и роковите поврзани со работата, животот може да стане вистински хаос. Во таквите денови најмногу страда нашиот организам. Покрај зголеменото ниво на стрес, телото дополнително го оптоваруваме и со нездрава исхрана.

Во недостаток на слободно време почнуваме да јадеме брзи оброци и посегнуваме по првата храна која ќе ни се најде при рака, при тоа не внимавајќи дали истата е здрава и дали воопшто сме гладни. Без оглед дали вашата цел е да ослабете или да се храните здраво, запрете малку пред првиот залак и поставете си ги следните четири прашања.
Дали сум гладна/гладен?
Многу пати посегнуваме по храна од досада, депресија, среќа или од не можноста да се воздржиме и да не пробаме. Затоа, следниот пат пред да го отворите фрижидерот најпрво запрашајте се дали воопшто сте гладни и дали ви е време за јадење.
Ги добивам ли со оваа храна потребните хранливи материи?
Храната која ја внесувате мора да ги нуди потребните витамини и хранливи материи кои му овозможуваат нормално функциорирање на организмот. Покрај тоа што треба да биде здрава, исхраната мора да биде и балансирана. Доколку појадокот кој го имавте беше богат со белковини, тогаш за ручек би требало на вашето мени да се најде храна која е богата со растителни влакна, железо или витамин А. На секој оброк гледајте како на делче од сложувалка која се нарекува „исхрана“. 
Колку калории содржи оваа храна?
Некој оброк може да биде здрав, но да содржи многу повеќе калории отколку што ви се потребни за тој период од денот. Зависно од вашата телесна тежина и желба за слабеење, внимавајте појадокот да ви содржи помеѓу 300 и 500 калории, ручекот помеѓу 400 и 600, вечерата нешто помалку, а ужината околу 150. Постои ли поздрава алтернатива?
Белиот леб заменете го со интегрален, салатите јадете ги без вештачки преливи, а за десерт наместо разни колачи и торти избирајте свежо овошје. Секогаш кога сте во можност одлучувајте се за поздрава варијанта на вашите оброци за да го намалите бројот на внесени калории, масти, холестерол, натриум и шеќер .
|
 |
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Февруари.2012 во 18:10 |
Бананата ја намалува главоболката
Бананата е добра за желудникот и срцето, дава енергија, а истражувањата покажуваат и дека е одличен лек против главоболка. Најдобро делува кога се јаде сечена на тенки парчиња и бавно. Ова јужно овошје е богато со калиум, минерал кој ја поттикнува циркулацијата на крвта, ги регулира работата на срцето и крвниот притисок. Доколку бананата не е презрела, содржи и големи количества на скроб кој експресно ја подигнува енергијата и ја обновува силата.Исто така бананата изобилува и со целулоза која е одлична за варењето, кое исто така може да биде причинител на главоболка. За да биде поделотворна, бананата треба да се јаде на празен желудник, а во комбинација со чај од камилица е одличен седатив и средство против стрес.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јануари.2012 во 14:50 |
Шпанските научници велат дека тврдењето дека јадењето пржена храна може да предизвика срцев удар е мит. Според нив, клучот е во видот на маслото за готвење кое се користи и колку често храната се пржи во истото масло.

Научниците следеле повеќе од 40 илјади луѓе во текот на 14 години и не пронашле никаква врска меѓу прехраната богата со пржена храна која што Шпанците редовно ја јадат и срцевиот удар. Инаку, луѓето за готвење користеле маслиново и сончогледово масло.
„Истото го потврдија и две различни истражувања, што значи дека нема цврсти докази дека пржената храна е лоша за здравјето. Но, тоа не значи дека таа нема да остави никакви последици по Вашето здравје“ - истакнува професорот Мајкл Лицман од универзитетот Регенсбург во Германија.
Но, научницит тврдат дека пржењето на храната повеќе пати во истото масло, како што се прави во рестораните, не може да се споредува со медитеранските земји во кои што луѓето користат маслиново масло и потоа го фрлаат. Храната пржена во многу масло содржи повеќе сол и го зголемува крвниот притосок, со самото тоа и ризикот од срцев удар.
„При готвењето треба да се избегнува путерот и животинската маст, како и храната богата со масти и калории. Таквиот режим на исхрана може да предизвика дебелеење и да го зголеми ризикот од кардио-васкуларни болести“ - тврди Викторија Тејлор од британската НВО „Срце“.
Ако сè уште се прашувате дали треба да ја избегнувате храната пржена во многу масло, само запрашајте се колку често Мекдоналдс го менува маслото во кое ги пржат компирчињата
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јануари.2012 во 20:19 |
Јадете поздраво, повкусно, пораскошно - дваесет и први
дел
Гравот го намалува ризикот од појава на рак
Гравот е донесен од Америка. Кај нас се одгледува во големи количини. Тој е
најзастепен зеленчук на нашите трпези во зимските месеци. Спаѓа во редот на
махунарки или легуминози, каде спаѓаат и грашокот, боранијата, леќата и
сојата.

Махунарките се евтин зеленчук кој, како што тврдат научниците, помага во
борбата против разни видови на рак.
Махунарките се богати со
антиоксиданси, кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во
организмот, кои можат да предизвикаат рак. Најновото истражување докажало дека
овој вид на зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на дојка и го намалува
растот и ширењето на туморот. Докажано е дека гравот делува лековито и при рак
на дебело црево и рак на простата.
Гравот има скоро идеален нутритивен
состав. Тој е побогат со протеини и од месото. Најдобро е гравот да се консумира
со житарици, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза на есенцијални
аминокиселини кои му се потребни на човекот, советуваат
научниците.
Гравот е извонреден извор на висококвалитени белковини, кои
ги содржат сите потребни аминокиселини и претставува потполна замена за месо.
Бидејќи не содржи метионин и цистин, гравот треба да се комбинира со житарици,
како и со свеж зеленчук. На тој начин во организмот се внесуваат сите потребни
есенцијални аминокиселини.
Гравот не треба да се јаде со месо, риба и
јајца, бидејќи со нивна комбинација се зголемува киселоста на крвта и
мочката.
Гравот е со висока енергетска вредност (во 100 грама грав има
143 кцал). Енергетската вредност на гравот потекнува од високата количина на
јагленохидрати и белковини. Високата содржина на јагленохидрати, пред се скроб,
дава долготрајно чувство на ситост, а со оглед на тоа што има помал гликемиски
индекс од другите скробни намирници, гравот е дозволен во исхраната на
дијабетичарите (во мали количини!).
Гравот го намалува нивото на
холестеролот во крвта, ги врзува токсините во цревата и помага за нивно
исфрлање. На тој начин, гравот го чисти организмот од токсини.
Поради
високата содржина на фолни киселини, гравот им се препорачува на трудниците за
нормално развивање на плодот.
Поради содржината на фитинските киселини,
се ограничува консумирањето на гравот во терапии на анемија и остеопороза,
бидејќи фитинската киселина ја отежнува апсорпцијата на железото и калциумот од
цревата.

Гравот е тешко сварлива намирница. Лушпата на гравот е богата со сирови
влакна и други материи кои несварени пристигаат во дебелото црево и така
настануваат процеси на трулење, што доведува до чувство на надуеност и појава на
гасови.
Лицата кои страдаат од желудечни, цревни и срцеви заболувања би
требало да јадат грав во помали количини, поради неговата тешка сварливост, како
и поради неговата тенденција да го зголемува нивото на киселини во желудникот.
Поради високата количина на протеини, гравот треба да го јадат во умерени
количини и лицата со бубрежни заболувања
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јануари.2012 во 20:18 |
Консумирањето на храна како што е целерот и магдоносот, кои
содржат природен флавоноид апигенин, може да спречи леукемија, заклучиле
холандските научници од Универзитетот во Гронинген.

Тестовите покажале дека апигенинот – инаку вообичаена состојка во
овошјето и зеленчукот – е во состојба да го прекине развојот на два вида на
леукемични клетки и да ги намали шансите за нивно опстојување. Тимот
утврдил дека апигенинот може и да ги намали позитивните ефекти на хемотерапијата
кај луѓе кај кои леукемијата е веќе утврдена. Флавоноидите се соединенија со
антиоксидантни својства, кои ја штитат клетката од оштетувањето што го
предизвикуваат молекулите на кислород. Некои претходни истражувања
покажале дека апигенинот, кој го има во целерот, магдоносот, црното вино, сокот
од домат и во разни други билки, може да биде корисен во превенцијата на ракот
на јајниците
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јануари.2012 во 14:41 |
Сок од грејпфрут за подобро искористување на Q10
Коензимот Q10 му е потребен на организмот за производство на енергија, а е забележана и неговата превентивна функција во отстранувањето на ангина пекторис и срцев удар.

Q10 има својство слично на витаминот Д, но за разлика од витамините, човечкиот организам може сам да го произведе. Неговото производство почнува да опаѓа по 40-тата година од животот, заради што е потребно да се суплементира. Со оглед на тоа што за Q10 липофилан, односно за неговата ресорпција и искористување се потребни маснотии, по правило, потребно е да се земаат со јадење кое содржи масти. Нова вест е дека со доволна консумација на сок од грејпфрут се зголемува неговата искористеност, и тоа, двојно повеќе
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јануари.2012 во 21:20 |
Точно 56 грама ореви на ден, го намалуваат ризикот од
кардиоваскуларните заболувања кај дијабетичарите, покажува најновата студија од
Јејл.

На
групата на бадеми и ф‘стаци сега им се придружуваат и оревите. После
8-неделно следење, измерениот проток на крв кај испитаниците со дијабетис од
типот 2, кои секојдневно консумирале, покрај редовните продукти и 56 грама
ореви, бил за 2,2 од сто подобар отколку кај другите. Покрај подобрениот
проток на крв, забележани се и други позитивни подобрувања како што е
намалувањето на нивото на шеќер и холестерол во крвта. Студијата покажала
дека оревите позитивно влијаат и врз намалувањето на ризикот од артериосклероза,
како и врз оштетувањето на крвните садови и врз нивното ширење.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Декември.2011 во 11:26 |
Брокулите варете ги 5 минути!
Во зелените продукти за да се зачува хлорофилот, кој се покажа како лековит (го забрзува излачувањето на штетните материи, дејствува антибактериски и ги јакне клетките), потребно е да се обрне посебно внимание на нивната термичка обработка.
За брокулите, кои се богати со оваа супстанца, доволно е да се варат само 5 минути (за 20 минутисе губи 2/3 од хлорофилот), додека за листовите од блитвата и спанаќот доволно е да се попарат само со врела вода.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Ноември.2011 во 16:08 |
Боровинка - растителен инсулин
Ова растение познато како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворно што некои го нарекуваат растителен инсулин.

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.
Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино - црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто - сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.
Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.
Листови
Листовите од боровинки помагаат во случај на создавање на мочна киселина,повраќање, пролив, грчеви во желудникот и кашлање. Многу важен народен лек се против шеќерната болест, толку е делотворен што некои го нарекуваат растителен инсулин. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да узреат, бидејќи подоцна немаат лековито дејство.
Чај од листови од боровинки не смее дасе пие без надзор. Листовите се сушат во тенеки слоеви во сенка или во рерна на 40 степени. Прелиени со жешка вода, го ублажуваат воспалението на бешиката и на мочните канали. Гнојните афти кај мали деца ефикасно се лекуваат со исцеден сок од од свежи млади листови на боровинки.
Бобинки
Бобинките се јадат свежи, исушени или натопени во ракија. Се сушат на 45 степени. Од нив се цеди сок или се вари мармалад. За плакнење на грлото се користи необрабоен сок од боровинки, додека мармаладот од ова шумско овошје ја разладува болната горештина на воспалени уста и грло. Исушените бобинки се користат за лекување на хемороиди бидејќи го стопираат крварењето, а делуваат и на подобрување на лошото варење и слабиот апетит...
Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај мали деца, додека свежи делуваат како благ пургатив. Сокот значително ги ублажува пречките при варењето, а го отвора и апетитот. Поради танинот и пектинот боровинките делувата како благо средство против дијареа и катар на цревата, разни восплаенија на слузницата итн.
Од зрели плодови боровинки се подготвува посебно екстракт од кој се прават таблети кои поволно вилајаат на острината на видот.

Бидејќи тој лек е скап, најдобро е да се пие сок од боровинки, а за иста намена може да се направи и компот од исушени зрели плодови. Зрелите бобинки се диететско средство со пијатен вкус што се користи за зајакнување на крвната слика.
Бројните испитувања на ова зрнесто овошје дале извонредни резултати. Како прво, боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук. За таа “титула” во многу се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја. Покрај тоа, истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стареење, го запира почетниот фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот, како и циркулација, помага во контролаа на дијабетес итн.
Состав: Исушените бобинки содржат флобатанин, смеша на разни антоцијански хетерозиди кои на сокот од боровинки му ја даваат бојата, потоа шеќери, органски киселини, главно лимонска, јаболчна и ќилибарна киселина, пектин, витамин Ц, каротен.... Листот содржи пирокатехински танини, арбутозиди, како и неколку флавонски хетерозиди.
Слатко од боровинки
Боровинките се мијат и чистат од листовите. Се редат во плитко тенџере со што поголем пречник, ред боровинки, ред шеќер, така што шеќерот да биде последен слој на површината. Се остава 24 часа боровинките да пуштат сок. Потоа смешата се вари дваесеттина минути и при варењето се трга пената и се оддава малку ванила. Вода не се става. Кога слаткото ќе се излади се сипува во тегли.

Боровинки против шеќерна болест
Во литар вода се вари 60 гр. исушени листови од боровинки. Потоа се процедува и се пие три повеќе пати на ден.
Тинктура од боровинки против дизентерија
Одлична тинктура за лекување на дизентерија се добива на тој начин што 250 гр. исушени бобинки од боровинки се ставаат во литарско шише и се прелева со препечена ракија. Бобинките треба да стојат барем шест месеци, а потоа ракијата се процедува и филтрира. Тинктурата се зема три пати дневно со шолја млака, превриена вода или иста количина домашно црно вино.
Изменето од Valerija - 10.Ноември.2011 во 16:08
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Ноември.2011 во 16:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Klara-D
Сениор
Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Ноември.2011 во 14:32 |
Јадете пченка
Ако барате храна богата со антиоксиданси, за кои се верува дека штитат од рак и други болести, јадете пченка.
Се испоставило дека житарките или брашното од полно зрно, како пченица, интегрален ориз, зобни снегулки или пченката имаат голема антиоксидативна активност, па некогаш дури поголема од овошјето или зеленчукото.
Од сите житарки пченката има најголема антиоксидативна активност.
Експертите велат дека таа најголема антиоксидативна активност процената со бројка изнесува 181. Зад неа се пченицата од полно зрно (77) и интегралниот ориз (75).
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Октомври.2011 во 17:12 |
Сокот од вишни е магичен пијалак
За се е залужен мелатонинот, антиоксиданс кој го има во големи концентрации во вишните, а кој е неопходен за добар сон.

Милиони луѓе во светот имаат проблеми со спиењето. Некои тешко заспиваат, а други, пак, често пати се будат во текот на ноќта. Тоа резултира со хроничен замор, депресија, безволност но и со сериозни здравствни проблеми.
Недоволното спиење е поврзано со цел низ на хрнични заболувања и состојби како што се дијабетот, кардиоваскуларните заболувања, дебелината, депресијата.
Научниците откриле дека природниот и вкусен сок од вишни помага при проблемите со спиењето. Ова го потврдиле резултатите од истражувањето во кое учествувале 15 возрасни лица. Научниците од Универзитетите Пенсилваниа, за да го испитаат дејството на киселкастиот сок од вишни на процесот на спиење, ги поделиле испитаниците во две групи. Едната група испитаници во тек на две недели пиела наутро и навечер по 2 децилитри сок од вишња, додека другата група испитаници пиела плацебо напиток.

Резултатите од истражувањето покажале дека киселкастиот сок од вишни им помогнал на испитаниците полесно да заспијат и помалку да се будат во текот на ноќта. Научниците се уверени дека за ова е заслужна високата концентрација на мелатонин која ја содржат вишните. Мелатонинот е природен антиоксиданс кој го поттикнува сонот навечер и будноста во текот на денот.
Неодамнешното истражување покажало дека и консумирање на црно грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.
Изменето од Valerija - 22.Октомври.2011 во 17:13
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2011 во 02:05 |
Доцните оброци НЕ дебелеат
Закоравеното мислење дека оброците конзумирани доцна навечер најмногу дебелеат, според нутриционистите - не е вистинито!
Идеалното временско растојание меѓу секој оброк изнесува четири часа, а ако преку целиот ден не внесеме онолку калории колку што му се потребни на нашето тело, тогаш е дозволено и неопходно да се јаде навечер, порачуваат нутриционистите.
Според биолошките закони, за одржување на тенката фигура, најважно е да се потрошат сите внесени калории и доколку се троши повеќе од внесеното, вишокот на килограми ќе исчезне.
Многу студии покажале дека луѓето кои јадат во доцните вечерни часови, во просек внесуваат повеќе калории во текот на денот, но и дека "доцниот" оброк би ги здебелил и ако го изедат попладне или порано вечерта, бидејќи како и да е, тие јадат повеќе од потребното, пренесува "Fox".
"Постојат многу слаби луѓе кои јадат навечер бидејќи не стигнуваат во текот на денот, што објаснува дека самиот временски фактор не е толку важен како количината на внесени калории", вели реномираната нутриционистка Тања Зукерброт.
Таа објаснила дека никој нема да се здебели ако јаде во 8 часот навечер, доколку при тоа не внесува повеќе калории од потребното, а најважно е раздалеченоста меѓу оброците да изнесува четири часови, без разлика дали станува збор за ужина или вистински оброк.
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2011 во 18:55 |
20 цреши десет пати поефикасни од аспирин
Уште одамнина црешите биле на добар глас. На овие вкусни плодови им се придавале низа лековити својства, од лек за гихт и артритис, до храна за добар сон. До неодамна се тоа се сметало за народна медицина, но истражувањата дале и научна основа за сите тие зборувања.не сме далеку од денот кога лекарот ќе ви рече ”Земи 10 цреши и побарај ме утре”.

Црешите содржат витамин Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин, мелатонин. Овие состојки помагаат во борбата проитв рак, во превенција на срцевите заболувања, ги убалжуваат болките предизвикани од артритис и гихт, главоболка, ги ублажуваат симптомите сврани со фибромијалгичен синдром. Црешите помагаат телото да ни произведува мелатонин на сигурен и здрав начин, ги подобруваат физиолошките и менталните функции. Свежите цреши се добри за отстранување на физичка и умсрцена исцрпеност, а киселите го подобруваат расположението. Многу слични здравствени својства имаат и вишните.
Позитивно влијание на црешите врз здравјето
Истражувањата покажаа дека конзумирање на цреши може да помогне во спречување на срцеви заболувања и рак, да ги ублажи болките и да го подобри здравјето на коските. За ова, најверојатно заслужни се антиоксидансите што можеме да ги најдеме во црешите, од кои најздрави се флавоноид, антицијанин и керцетин.
Превенција на срцевите заболувања.
Според научните истражувања, флавоноидот кој можеме да го најдеме во црешите (керцетин) има антиканцерогени својства, помага за спречување на срцевите заболувања. Во нутриционистичка смисла, црешите се сметаат за важен извор на керцетин, бидејќи содржат големи количини по оброк.
Превенција од рак
Во коската на црешата се наоѓа мала количина амигдалин, наречен уште и витамин Б17 или лаетрил, за кој се смета дека позитивно влијае на намалување на тумор и го спречува натамошното ширење на ракот, помага за ублажување на болки предизвикани од канцерогени процеси. Некои народи, како Хунзите во Пакистан, секогаш во исхраната користеле амигдалин и не заболувале од рак,што научниците ги натерало да веруваат дека се работи за храна која го попречува развојот на неговата појава. Направени се лабораторикси експерименти со глувци, кои тоа го потврдиле. Но овие истаржувања се прилично контраверзни знаејќи дека амигдалинот содржи цијанид компонента која е отровна.

Убалжување на болки
Антицијанинот што се наоѓа во црешите ги блокираат воспалените ензими и ги намалува болките. Всушност, 20 цреши се 10 пати поефикасни од аспирин и има позотивни ефекти кај гихт и болки од артритис.
Бубрежен камен
Не е само плодот здрав од црешите - од петелките може да се прави чај за подобро излачување на мокрача при појава на камен во бубрезите.за подготвување чај се става грст петелки во литар зовриена вода и се вари две минути, се остава 15 минути да се излади. Чајот се порцедува и се пие во голтки преку цел ден.
Здравје за коските
Црешите сесметаат за извонреден извор на бор (содржат 396 уг/100 гр.) што во комбинација со калциум и магнезиум извонредно делува на здравјето на коските.
Црешите помагаат за слабеење
Црешите содржат малку калории, немаат маснотии, а имаат голем удел на вода. Истражувањата покажуваат дека зголеменото внесување вода во организмот го зголемува нивото на енергија и го помага забрзувањето на метаболизмот. Многу луѓе ја користат предноста од конзумрање овошје богато со вода за слабеење, како што се црешите. Како и друго овошје и црешите имаат многу калиум, а малку натриум, што помага за излачување на вода од организмот.

Најнизок гликемички индекс
Црешите содржат комбинација на антиагинг на антиоксиданси, богати се со влакна, витамини А, Б и Ц, содржат многу минерали, особено калциум, железо и калиум. Секоја цреша има само 4 калории (еден филџан содржи само околу 90 кал), имаат еднакви количини на хидрати и протеини, а воопшто немаат маснотии.
Црешите се познати и по тоа што ја прочистуваат крвта и ја подигнуваат енергијата.
Изменето од Valerija - 17.Октомври.2011 во 18:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |