![]() |
|
ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ..... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 9> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Златно зрно за уживање
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Модриот домат е голем извор на калиум, содржи 226 милиграми во 100 грама, што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.
Околу 92% од плодот на модриот домат е вода, така што калоричната вредност на 100 грама плод изнесува само 29 калории. Најмногу содржи шеќери, околу 5,5%, а белковини 1,3%. Од витамините вреди да се спомене само витаминот Ц. Од минералните материи, содржи многу калиум, фосфор и калциум, а помалку манган и железо. Сокот од модриот домат може да ги спречи промените во клетките и на тој начин го спречува и создавањето тумори. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето.
Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладта во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Месниот дел од плодот на тиквата, изобилува со бета-каротен и витамин Е - силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и способност за прочистување на организмот од одпадните материи. Тиквата е добар лаксатив, кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот.
Исто така тиквата се препорачува и за лечење на акните. Богатството од природно избалансираните витамини и минерали во тиквата, придонесуваат за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Риба за вечера
Само еден рибји оброк неделно го намалува ризикот од болести. Стручњаците препорачуваат конзумирање риба два пати неделно; еден оброк би требало рибата да биде богата со масло: сардини или харинги поради омега-3 масните киселини. Исхраната со риба го продолжува животот за 3 години |
|
![]() |
|
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се за јајцата
![]() Погрешно мислење: јајцата се висококалорични и придонесуваат за дебелеење. Нутриционистите утврдиле дека тие се нискокалорични. Едно јајце со согорување дава само 70 калории. И не само тоа, има и многу други позитивни особини: тоа е мошне штедар, а истовремено евтин извор на високо вредни протеини и исклучително богатство на витамин Б12 и минерали. Негативности: повисока содржина на холестерол, јајцето е често причина за алергии предизвикани со исхрана, а може да пренесе салмонела ако недоволно се свари. Квалитетот на протеини во јајцето е поголем од оние содржани во месото , затоа што содржи поголеми количества на аминокиселини, лизин и метионин. Овие аминокиселини се есенцијални (не можат да се синтетизираат во нашиот организам и мораат да се земат преку храна) и се основа за здрав и правилен развој. Јајцата содржат бројни витамини. Најмногу се истакнуваат А, Б1, Б2, а посебно треба да се истакне Б12. Имено, витаминот Б12 е спој кој обезбедува правилно искористување на железото и правилно созревање на црвените крвни зрнца. Нужен е за нормален раст и иссхрана на сите станици. Јајцето е продукт кој им се препорачува и на лица кои боледуваат од хронични болести на црниот дроб! Само оние кои патат од камен во желудникот мораат да го избегнуваат, зашто е докажано дека го поттикнува настанувањето на грчеви во подрачјето на жолчната кесичка. Многумина ги избегнуваат јајцата, мислејќи дека се тие продукт кој тешко се разградува и на некој начин го оптоварува варењето. Тоа е само делумно точно, зашто во многу зависи од начинот на подготвување. Во организмот најдобро се разградува јајце варено 6-7 мин., додека најдолго печеното. Колку јајца можеме да изедеме пред холестеролот во жолчката да почне да претставува проблем за организмот? Истражувањата утврдиле дека сигурна граница е неделно да не се јадат повеќе од 4 јајца. Едно јајце тежи околу 55 грама и во него има околу 7 грама протеини и 6 грама масти. Од тие масти помалку од 2 грама се масни киселини. Една жолчка дава околу 270 милиграма холестерол, а во повеќето европски земји се препорачува конзумирање до 350 милиграма холестерол на ден. Еве некои особено интересни нешта за јајцето : -На кокошката и се потребни 24 до 26 часа за да создаде јајце. Кога ќе го снесе, веќе по 30-тина минути создава ново; -На површината на лушпата од јајцето се наоѓаат околу 17.000 ситни пори низ кои јајцето може да впива мириси, па и вкусови; -Јајцето повеќе созрева за само еден ден на собна температура, отколку за недела дена во фрижидер; -Околу 240 милиони кокошки несилки снесуваат повеќе од 5 ипол милијарди јајца секоја година во САД; -Јајце со бела лушпа несат кокошки со бели пердуви, додека јајце со кафеава несат кокошки со црвеникави или кафеави пердуви; -Бојата на жолчката зависи од тоа со што кокошката се храни; -Ретко се случува млада кокошка да снесе јајце без жолчка, но тоа е сепак можно; -Сите кокошки понекогаш снесуваат и јајце со две жолчки; -Кога ќе се свари јајце од пајка, белката станува синкаста, а жолчката- портокалова; -На секои 20.000 јајца, во просек, едно е заразено од салмонела и поради тоа е опасно по здравјето на луѓето; -Речиси стотина метри летало неварено јајце од кокошка, и тоа е светски рекорд во фрлање во далечина на кокошкини јајца кој е забележан во Гинисовата книга на рекорди; -Белката ја сочинуваат 60% од тежината на јајцето. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
![]() |
|
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КИНОА....уште наречено мајка на житата
![]() Најсветата храна на древните Инки на Јужна Америка била киноата, едно нежно, вкусно и полно со енергија растение, кое тие го нарекувале цхесиса мама - мајка на житата. Лисјата од растението киноа, кои за жал многу ретко стигнуваат до потрошувачите се многу слични на лисјата од спанаќот и се високо хранливи. Тие можат да се јадат свежи, во салата или зготвени. Семето е богато со протеини, целулозни влакна и е добар извор на аминокиселината лизин, како и другите есенцијални амино киселини.Киноата исто така е богата и со : протеини, железо, калциум, фосфор како и витамините Б и Е. Во исхраната на древните Инки киноата била главна замена за животински протеини. Исто така студиите показале дека додавањето на киноа во исхраната на бремена зена може да ја подобри секрецијата на млеко. Киноата има три пати повеќе калциум и двапати повеќе фосфор од пценицата. Киноата исто така содржи и албумен, протеин кој се наоѓа во белката на јајцето, во крвниот серум и во многу растителни и животински ткива. Семето е без глутенско и тоа ја прави киноата нутритивно богато и вкусно алтернативно жито за луѓе кои се чувствителни на глутен. Таа е лесна и вкусна за јадење и брза за дигестија. Покрај тоа нејзината подготовка трае само 15 минути, потполно исто како и другите житарици (ориз, пценица,..) *Го има во различни бои...жолта, црвена, црна ![]() ![]() |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Малините незаменливи во диеталната исхрана
|
|
![]() |
|
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Авокадото (мрсно тропско овошје) најчесто се продава зелено(на пр. во ВЕРО супермаркетите). Зрелото авокадо пак има темно, накај црна боја и е меко. Ако сте го купиле зелено, замотајте го во хартија и оставете го на собна температура неколку дена и ќе си созрее.
Од авокадото можат да се подготват вкусни слатки напивки(милк-шејк) или крем супи, само треба да знаете со што да го комбинирате. ![]() ![]() Зелено и зрело авокадо Изменето од Majkl - 19.Јули.2010 во 23:52 |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сè што не знаевте за пуканкитеПуканките се едни од најпопуларните грицки насекаде во светот. Одлично се комбинираат во друштво, на кино, во природа, дома пред телевизор… Но, повеќето од нас сигурно не слушнале за следните занимливости кои се однесуваат на овој пченкарен производ. • Во една пештера во Мексико, пронајдени се испукани зрна пченка стари преку 5.000 години; Изменето од емил - 17.Јули.2010 во 13:09 |
|
![]() |
|
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
како само лажат ..... па то чудо једно ..........
СТРЕЛЕЦ
Безгрижниот стрелец може да пати од вишок килограми, а особено се дебели околу бедрата и колковите. Овој хороскопски знак ужива во храната, па затоа секогаш им е тешко кога мора да прават диета. Потребна им е храна со силициум и калциум хлорид, кои ги има во зелените јадења како што се нане, магдонос, целер и аспарагус. Микс од нане и мед е одличен лек за припадниците на овој знак кои патат од нервози. Мешункастите плодови и зеленчукот мора да се составен дел од нивната исхрана, а можат да ја збогатат и со цвекло, виолетова зелка и кромид и бобинки. |
|
![]() |
|
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РИБИ
Ова секако е најкомплексниот знак во зодијакот. Рибата знае да побегне од секојдневните проблеми во светот на храната, па затоа многу претставници на овој знак се дебели луѓе. На нивниот организам му се потребни калиумот и железото, а особено јодот. Сите овие елементи се наоѓаат во бадемите, калинките, морската храна и рдоквата. На рибите им одговараат јадења со витамините Ц, Д и Е, за да ја одржат рамнотежата на витамините во организмот. За да ја збогатат својата исхрана може да јадат свеж и варен зеленчук и овошје со индиго или модра боја како што се сливи, грозје и капини. Em kompleksna ,em debela sum ![]() |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со исхрана против прекумерното потење Се препорачува да се јаде чиста, свежа храна и многу зеленчук, на пример, неварена храна со сосови од оцет, масло, сенф и разни зачини. Покрај тоа, препорачливо е дневно да се испие еден литар чај од жалфија, зашто таа билка ја намалува работата на жлездите за потење. Потењето се намалува, како што е докажано и со редовно пиење на две лажици јаболков оцет во една чаша вода. Притоа, секако треба да се ограничи потрошувачката на кафе, алкохол, сол и лути зачини, како и храна богата со белковини. Врз намалувањето на потењето, исто така, дејствува и ацетисалната киселина. Во овие жешки денови не е препорачливо да се пијат екстремно ладни или топли напивки. |
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...Не знаев ..ама еве научив ....
![]() ДЕВИЦА
Прецизната девица ја мери до грам секоја храна која е дел од дневниот оброк. Поради осетливиот дигестивен систем не смее да консумира одеднаш поголема количина на храна и треба да го избегнува жестокиот алкохол. Токму поради проблемите со дигестивниот систем, најголем дел од вегетаријанците се во знак на девица. Зелен зеленчук како спанаќ, марула, младо кромитче и лукче, штавел и брокула мора да биде дел од нејзината исхрана. И треба многу железо и калиум. Затоа би требало да јаде овес, тиквички, калинки и јаболка. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |