![]() |
|
За идните мајки |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2345> |
Автор | |
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што убава темичка...
![]() Помалата ми ќеркичка (14 месеци) имаше грчеви во стомакот првите месеци, па практикував најчесто да ја ставам да спие на стомак. Се смируваше веднаш и еве сеуште си спие на стомак, најубаво и е така. Освен ова што мамма го кажа, на овој начин побрзо им се развива и мускулатурата на горниот дел од телото, рацете, вратот и главата. Со неполни 2 месеци се вртеше како рипче од стомак на грб и обратно, со невидена леснотија...
Поздрав до сите идни мајки: не се плашете од болката и не закажувајте предвреме царски рез (освен ако е неопходен)... Не е толку страшно за да го пропуштите тој единствен и неповторлив момент за секоја жена...
![]() |
|
![]() |
|
mamma ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Vo vodata vo koja go banjate vasheto bebe,..kapnete malku maslo
za bebinja,taka ke napravite da negovata koza bide vlazna,i nema da dozvolite da se isushi od penite za banjanje. Znam deka koga posle banjanje se machka direktno maslo za telo kozata se sushi,zatoa machkajte go so losion,pavloviceva mast i dodeka e mnogu malo pozelno e da upotrebuvate jekoderm(malku losho mirisa,no e prekrasno za negovata nezna koza). |
|
![]() |
|
mamma ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Stavajte go vasheto bebe da spie na stomak.
Ima prednosti...so samoto lezenje na stomak dishejki i podignuvajki ja tezinata na teloto pri dishenjeto se razviva plukjata,osven toa ke nemate problem so nepravilno razviena glava(spleskana na tilot ili nepravilna)kako koga bi go stavile na grb i koga ke morate chesto da mu ja menuvate polozbata poradi toa. Vo ovaa polozba stomacheto mu e stopleno i grchevite se pomali. Изменето од mamma - 24.Август.2008 во 13:24 |
|
![]() |
|
Biba_G ![]() Сениор ![]() ![]() Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За идните мајки
....и за бебчињата во првите неколку недели.... Чај од нане 1/2 кафена лажичка нане се пралива со 200ml вриена вода.Се остава да отстои 10min. во поклопен сад.Се дава ладен,со или без шеќер.Се препорачува за мешето...помага во ослободување на гасовите и при грчеви. Чај од камилица 1 кафена лажичка цветови од камилица се преливаат со 150-200ml вриена вода и се остава да отстои 5min. во поклопен сад. Добар е против грчеви Чај од шипки 1 кафена лажичка суви и издробени шипки се ставаат во 200ml вода.Се остава да отстои пола саат па се вари до зовривање...се поклопува и да отстои уште 20 min. Се дава процеден и ладен. Содржи многу vitamin C. Чај од ким Во зовриена и засладена вода се ставаат 3-4 зрнца ким.Се лади и се цеди.Главна состојка е маслото од кимот кое ја подобрува работата на цревата. Чај од бел слез 1 кафена лажичка корен од бел слез се прелива со 200-250 ml зовриена и изладена вода.Се промешува и се остава да отстои 1 саат во поклопен сад.Се процедува,се засладува,се додаваат неколку капки лимон и му се дава на детето.Се користи најмногу 2-3 саати по подготвувањето... Незасладен чај од бел слез може да му се капнува на детето во носето,при настинка...Се спрема така што 1 супена лажица корен од бел слез се прелева со 100ml зовриена и изладена вода и се остава 2 саати да отстои. |
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
поздрав за темава.ние,мајките со стаж треба да дадеме свој придонес во порастот на наталитетот...да ги ок*ражиме идните мајки
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
connected ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
поздрав за темава, супер што си се сетила да ја отвориш мамма
![]() немам некое посебно прашање што ме интересира, но имам еден совет кон сите идни мајки имено, колку и да се залажуваме дека најважно е да ги имаш по секоја цена...не смее да се заборави една вистина-многу е тешко да бидеш зависна од сопругот без разлика колку многу тој е способен да помага во обезбедувањето на неопходните материјални средства околу мајчинството. признавам дека само тоа ми фали, чувството што го имав кога бев независна материјално. преголема е жртвата на жената кога мора да се откаже од нејзината (потенцијална) кариера само за да биде добра сопруга и мајка. верувајте, чувството не е баш пријатно ![]() |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Правилна исхрана кај децата
Го прославивте првиот роденден на вашето дете. Тоа е веќе големо момче високо околу 75 цм и за трипати ја има зголемено родилната тежина (со поголеми или помали индивидуални отстапувања). Стои или чекори самостојно, предметите ги фаќа со палецот и показалецот на раката, ги кажува своите први пет до шест збора со јасно значење и конечно го добива неговото и само негово место на масата за јадење. Изборот на храната и начинот на исхрана ќе го определи семејството. Што треба да содржи листата за јадење на вашето дете? Месо - телешко, говедско, пилешко подготвено со варење. Избегнувајте печено, а посебно пржено месо. Свинското месо, сувомесните производи и разните месни преработки, не се храна за вашето дете. Месото е богато со белковини, кои го снабдуваат организмот со неопходните есенцијални аминокиселини. Нив детскиот организам не може да ги создаде и тие мораат да бидат внесени како такви со храната. Есенцијалните аминокиселини се основни градивни елементи за секој организам, а посебно за детскиот, за неговиот раст и развој. Оптимално е и се препорачува детето да косумира месо четири пати неделно како дел од главниот оброк. Млеко и млечни производи - на крајот од првата година на доењето или употребата на адаптираното млеко е веќе завршено и во секојдневната исхрана може да се премине на кравско млеко и негови преработки -јогурт, кисело млеко, павлака, кашкавал бело и топено сирење. Млекото содржи белковини, масти шеќери но и калциум, витамин А, фосфор и калиум непоходни за работа на мускулите и нервната рамнотежа. Дневната потреба на детскиот организам од млеко и млечни производи не надминува 500-600 мл. ![]() Свежо овошје и зеленчук- Секојдневно детето треба да консумира различно свежо овоштие зеленчук најдобро сезонско и овошје и зеленчук на тлото. Покрај богатството од минерали и витамини зеленчукот и особено овошјето содржат шеќери кои му даваат енергија на детето. Житарки - семки од различни видови житни растенија доплнети со суво овошје (палента,флејкс, мусли и сл.) најдобро е да се дадат како прв оброк во денот. Житарките содржат јаглени хидрати и витамини од групата Б, а сувото овошје е со висока енергетска вредност и богато со олигоелементи (фосфор, цинк, селен). Иако сето ова го знаеете, секојдневно подготвувата разновидна храна сепак се случува вашето дете да одбива одредена храна, не сака месо, зеленчук или пак риба. Обидете се со неколку трикови. Земете го примерот на начинот на подготовка на храната во фаст фуд рестораните која дефинитивно децата ја сакаат. Рибата подгответе ја без глава и опашка како филе,исечена на стапчиња или крокети. Месото нека биде ситно сечкано или мелено. Зеленчукот, со различна боја, насечете го на ситни парчиња и наредете го на стапче како ражнич. На поголемото дете дозволете му, како главен готвач, заедно со вас да ја подготвува храната. Интересно за вашето дете ќе биде и саботната прошетка низ зелениот пазар. Ќе ги види и допре сите овоштија и зеленчуци, каде еден добар чичко ќе му подари убаво црвено јаболко. ![]() Често се поставува прашањето да ли наутро пред да тргне во градинка детето треба да појадува дома. Одговорот е не, не треба. Во првиот час од престојот во градинката детето го добива првиот оброк, заедно со другите дечиња. Ако веќе појадувало дома, во таков кус период од само еден час нема да може да појадува повторно, ќе го наруши редот и ритамот на групата. Запомнете дека учеството во хранењето е дел од процесот на социјално живеење на Вашето дете. Во градинката детето добива два полни оброка. Потребно е внимателно да ја проучите листата на исхрана во градинката за да можете правилно да ја одредите содржината на попладневната ужинка и вечерниот оброк за Вашето дете. Најдобро е ужинката да биде од овошје или зеленчук, а за вечера млеко или млечни производи. Вкупно, храната што детето ја добива во градинка и соответната храна што Вие ќе му ја подготвите во домот му обезбедува на Вашето дете здрава и правилна исхрана. ПИРАМИДА НА ИСХРАНА КАЈ ДЕЦАТА БАЗА НА ПИРАМИДАТА - житариците Лебот,
житариците, оризот и тестенините -се препорачуваат 6 порции дневно.
Оваа група на производи е многу важна затоа што од неа организмот ја
добива потребната енергија за растење, играње и учење, како и
витамините од Б- групата. Овие производи содржат и доста прехрамбени
влакна, кои се многу значајни за зачувувањето на здравјето. ![]()
![]() НА ПИРАМИДАТА - млеко, месо, риба... Од млекото, јогуртот, сирењето се препорачуваат по две порции дневно. Овие производи содржат калциум, кој е значаен за здравите коски и заби. Почесто треба да се конзумира јогурт, млеко со помала масленост и свежо сирење, а поретко путер и масно или топено сирење. Месо, риба, јајца, грав, соја, ореви, лешници, кикиритки се препорачуваат две порции дневно. Овие производи содржат белковини кои помагаат за развој на мускулите и железо кое е потребно за битните функции на организмот. ВРВ НА ПИРАМИДАТА - слатки и масти Слатката, масна и солена храна треба да се јаде во помали количини. Мастите се разликуваат меѓу себе, па е важно кој вид го земаме. Избегнувајте ги маснотиите од месото и млечните производи. Кога детето ќе наполни 5 години, може од полномасно млеко да започне да конзумира млеко со 1-2% масленост. При подготвување на јадењата користете маслиново, како и останатите растителни масли: од пченка, сончоглед, соја. Слатките имаат многу калории, а малку хранливи материи, затоа избегнувајте бел шеќер, слатки напитоци, премногу мед, слатки сирупи и слично. На помалите деца ( од 2-3 години) потребен им е ист број на порции, како и на поголемите деца, но секако тие треба да бидат помали. И не заборавајте... Најважно е да се избере здрава храна секој ден! |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мајчино млеко
Во развитокот на човештвото низ различни историски, религиозни, културолошки и општествени состојби изборот на храна и начинот на исхрана на единката и групата носат свои особености и карактеристики. Една и единствена константа, неменлива се доењето и мајчиното млеко како прва и идеална храна за новороденото дете. Доилката и нејзиното дете се привилегирани и обожавани во групата, особено во општествата кои се поблиску до есенцијалното сфаќање на животот. Мајчиното млеко е со единствен состав, со извонрендно избалансиран сооднос на белковини , масти, лактоза, минерали и витамини. Составот на млекото се менува и во целост ги следи и задоволува потребите на детето во текот на првите четири односно шест месеци од животот. Познато е дека составот на млекото се менува и во текот на само едно доење, во првиот момент е побогато со белковини,а во подоцнежната фаза од доењето со масти. Значи, не постои сиво, водлесто,слабо млеко.Често младите мајки имаат чувство дека бебето кое го дојат е постојано гладно, но тоа е резултат на одлична апсорпција и искористување на млекото, што лесно ќе се препознае по постојано водените пелени и златно-жолтата боја на столицата на бебето. Мајчиното млеко е здраво, стерилно, но има специфично антибактериско и антивирусно дејство и го заштитува детето од некои инфекции на органите за варење и дишење. Во мајчиното млеко евидентен е кусок на витаминот Д, кој ќе биде надополнет со секојдневно додавање во вид на капки уште во текот на првиот месец по раѓањето. ![]() Колку често ќе го доите своето бебе зависи од индивидуалните потреби на бебето. Тоа секогаш ќе ве повика со плачење, што секоја мајка добро го препознава. Во првиот месец бебето се дои осум до дванаесет пати, без ред, речиси во целото деноноќие. Веќе во вториот или третиот месец детето си воспоставува свој дневно-ноќен режим на доење. Првите пет минути од подојувањето се вистинско доење, кога бебето ги задоволува потребите од храна. Следните 10-15 минути мајката и детето ги задоволуваат своите заеднички психо-емоционални и социјални потреби-љубов,заштита и чувство на припаѓање на семејството и заедницата. Успешното доење мајката ќе го забележи на лицето на своето бебе.Тоа е мирно, спокојно, најчесто во сон со насмевка на усните. Доењето не мора секогаш закономерно да биде успешно. Причините за неуспехот можат да бидат бројни: од страна на мајката- да не е доволно зрела, социјално неадаптирана, исцрпена, болна со продолжена хоспитализација; од страна на новороденчето - да не е зрело, родено со екстремно мала тежина, тешко болно дете, дете со одредени малформации, напуштено дете; од страна на општеството и средината во која живее мајката. Во последните децении на 20 век во т.н. високо индустриски развиени земји, под влијание на бројни декадентни однесувања и одродувања се направи обид и беше мода мајчиното млеко и доењето да бидат субституирани со т.н. формули, адаптирани млека и исхрана со шише. Секако, овој став не се прифаќа во општества и групи во кои животот се доживува и се дефинира како дел од исконскиот поредок во природата. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Деца, еве УРЛ :)
...Идниве мајки...се почесто се одлучуваат за породување
со ...царски рез....еве еден пример....колешка на работа...
веќе однапред два месеци го знае датумот кога ќе биде породена
со царски....и кога ја прашав дали има посебна причина....
вели....не сакам да трпам болка....
Јас пак мислам дека ...тоа би била слатка болка....болка за
нешто убаво....Во секој случај...јас би сакала...породување
по природен пат....доколку е се во ред.....
|
|
![]() |
|
pagane ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
По прашането за диабетот по време на бременността:
Яс лично бев над норма - над 8 - тоа значеше дека има ризик за бебето. Тако и беше. Оно се роди со ниска шечер- под 1. Додаваше му се глукоза интравенозно. Беше во кувjоз сите 5 дена кои бев во болницата. Гинекологот ми беше припремил лична диета, на коjа jас не пазев: 1. 200-300 гр извара на ден 2. 1 кг. домати 3. jогурт - 1 бр. 4. орахи-250 гр. на ден 5. греjпфрути- 3 бр на ден. 6. целина 7. црвено цвекло- 4 бр. на ден 8. риба- 2-3 пати на неделата. |
|
![]() |
|
la fille ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 42032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Значи кога ќе одам на гинеколог да проверам дали сум во блажена состојба, да го однесам и маж ми за секој случај да го проверат
![]() |
|
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
znaci da odam i jas na repete
![]() ![]() sala nastrana, sakam samo da kazam deka ne e sekoja zena isto i toa znaci deka ne e sekoja trudnoca ista, sekoja reagira drugacie...
inace znaevte li deka i 10% od mazite se "trudni" dodeka nivnata zena e trudna? ova ozbilno sega vi go kazuvam, ima mazi na koi im se losi dodeka zenata e trudna, ili imaat napadi za "neobicno" jadenje itn.
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
Biba_G ![]() Сениор ![]() ![]() Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...mammce... idnite majki treba da stapat vo akcija... nie sme spremni i so soveti i na delo da pomagame....ova na delo se odnesuva na pomaganje...fakanje vrski... ![]() ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |