IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 146>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 10:27


МУЗА

на неа, оти и останав должен

Ме роди жена, жена со сон во очите
и тивка приказна за животот на светулките
што издишувал меѓу капките роса
во ливадите на нејзиното детство...

Ме роди жена, жена со надрочени мисли
во кои само болката останала
да ги мрзне наутро расчаталените крвотоци
на обидите да се дофати мигот на среќата
што премногу блиску била.

Ме роди жена, жена - зрак светлина,
а јас во очите на нијанси ја разложив
како виножито над две црни планини
- црни думи недоречени...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2008 во 11:35
Јасноста  веќе ранлива не може да биде,
пајажината падна од трепавици
телефон слеп
во грмушки фрлив
лекцијата ја научив.
Ослободена енергија
во теретана ме тера
повтрорно сум мој,
заборавив колку среќен бев.
Гмизавци избегнувам
имам стаж
многумина немаат
затоа и не мислат
нивна грешка не е.
Стојам на ридот
со полни плуќа
остар воздух дур ме реже
не се закашлав.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2008 во 01:48

X x x

Кога спие,
лицето мило во мене буди
нежност беспомошна.
При секој трепет на агол на усни
и клепки натежнати,
плима од слатко и горчливо ме преплавува
и в гради грутка копнеж набабрува –
слаткото да го проникнам,
горкото со очи да го испијам,
оти не смеам да го допрам,
да не го искршам како огледало,
на остри парчиња,
да не ги нагази нерасонет,
оти,
доста го болат старите рани незалечиви
и доста ги стрват волците
што трпеливо и злобно го опколиле
чекајќи да им ја покажам наивно
тајната патека до него.



Кон врв
NiNa1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Love and peace

Регистриран: 07.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13795
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NiNa1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 23:31
Вечерва пред да си легнеш
забележи ја црвената боја на зајдисонцето
која ќе ја помешам со ведрото вечерно небо
само за те*е!
И почувствувај го допирот на нежното ветре
кое ќе го пратам за да те погали
наместо мене!

Вечерва пред да и го предаде престолот
Сонцето на Месечината
и пред да засјаат ѕвездите на хоризонтот,
погледни ја мојата слика
која љубоморно ја чуваш
во џебот на твојата кошула
таму некаде до срцето,
за да ме мислиш пред да заспиеш
за да ме сонуваш кога ќе заспиеш!
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 16:12

истО

 http://www.itl.nist.gov/iad/images/mirror.jpg

Те сакам, И јас те сакам.

Ти верувам, И јас ти верувам.

Се знам ,и тебе те знам, Јас верувам.

Те допирам. Ладно е, Незнам,можеби да,. Ладно е.

Секогаш си тука, Сум, сум, сум.

Исто пееме, исто се смееме, се е исто, исто..ости ,ости е ес , емеемс ....

Проклето глупо огледало,,,

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 09:34

Еееееј 

Еееееј, ме слушате?
Дајте ми ден.
Ден со мугри,
дел  без сенки,
еден залез и милион ѕвезди.

Ееееееј, ме слушате?
Дајте ни‘ будење.
Ден со утринско кафе,
дел, заморен.
едно заспивање, а ѕвездите не мораме да ги видиме. 

Еееееј, ме слушате? Ѕвезди, не мора!
И така знаеме кои се наши. Ееееееј..........

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 21:15
Гушни ме најнежно што знаеш,
денес не е време за тага,
прекрасен е денот
како ретко до сега,
косата ти ја пружам кон сонцето
види какви бои,
ти не знаеш,
ги немаш моите очи
за да видиш
колку си и денес прекрасна.
Уморен сум мило,
а сепак ми се зголемува
задоволство зошто си тука
на секаков начин,
легнувам со глава на препони твои
одоздола ангел си гледам,
а ти ме галиш најнежно што знаеш,
ти не знаеш колку си убава,
ги немаш моите очи.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 21:41
Оди

Чинам те напуштив...
со свиткани улици во
куфер излижан од
неостварени патувања...
Имаше нешто во твоите очи,
нешто што повеќе не ме
потсетува на тебе...
И додека се двоев на
одрекување и прашина,
мојот простор беше прецртан
од мечтата за островче
на кое никој нема да постои.
Оди, продај и’
се на страста
за два гроша,
за ноќи со
полупразна
месечина,
за реки што се
трошат од устите
на препиени...

Само
јас и моите песни
се сакаме вистински.
Само
јас и моите песни
се лажеме вистински.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 18:43
Гледам некаде далеку
и паника ме фаќа,
сите од работите што ги сакам
таму се.
Суштинска цел за мене невозможна
толку секојдневна и проста,
зошто ли сеуште не сум над се ?
Ечи мелодија заносна
долго што трае и не излегува
додека се одбива
од зидовите на мојот череп
од решетките на мојот ум
толку силни и непробојни,
далеку посилни од мене,
а уште посилни од мојата верба.
Воздишка рамења што слегнува
молитва секојдневна,
навидум силен,
а толку покорен,
плукам сега по моите
војнички гени
и чекам некој да ме плесне
и по другиот образ.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 21:46

Х х х

Кога ќе заминеш
Да бидам корката леб
Во твојот џеб
Да бидам вода во твоето око
Да бидам камче во твојот чевел
За да не бидеш гладен
За да имаш бистар поглед
За да немаш мир.


Кон врв
nemo84 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Young Modern

Регистриран: 24.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 500
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nemo84 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 17:08
Длабока Земја

Заразна темница покрај ужасна бара на човечки глави
Таа просто лебдеше по земјата, додека нејзината коса сјаеше
Злото танцуваше, мефистотел запишуваше
Но таа земја беше недостижна, таа беше многу длабоко.

Црниот витез ладнокрвно изгоре,без преседан
Без човечки вовед, само болен инстинкт
Алфа и омега со страст доволно силна да го заслепи богот
Но сепак сирачиња на темнината.

Маглива пот од изедени срца, к*рва на страста во вечниот пад
Мрачен поглед со недопрени кругови, татковиот недопрен грев-горчлив отров со сласт
Повторно во градината, повторно самотијат
а.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 00:27
Есен

Дождовите мирисаат на прегорено лето.
Чекориме по жолтата смрт на лисјата.
На врвовите од твоите прсти
се искачило студенилото,
и тие се поклонуваат пред својата потреба
да ги згреам со еден единствен здив,
прероден во збревтаноста на
поточињата што се слеваат по мокрите улици
и измешан со топлиот мирис на ајвар
што старата бабичка од спротива,
го наследила како завет од мајка си.
Добро е што и оваа есен,
ти си под мојот чадор.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 11:55
илузија


нечија песна
ме разбуди од сон
ги отворив очите
затрепери воздухот
ја тргнав покривката
предизвикав бура
стапнав на земи
се затресе светот
се исправив простум
се распука небото
упс! - прошепотив
и тресна гром

песната заврши
и сè е по старо ...

хм, ми се причинило
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 23:15
This


What you can get from this
Is just a tiny peace
Of what you really miss
To feel complete
To feel complete.

So what you really need
Is not a grain nor seed
But fresh ‘n’ real fruit
To fill your hand and sooth
The sting of emptiness
The sting of emptiness

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.