![]() |
|
Ваша поезија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 146> |
Автор | |
butterfly5 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1388 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се будиш,
ги отвараш очите со желба исцекуваш,бараш со тие две езера длабоки неоткриени, И одеднаш заматена вода во езерцата мали свакјаш дека сум била само во твојот сон таму сме биле слободни,диви како деца разиграни низ зеленило растрчани... Не тагувај мило, не ја загадувај чистотата на душата твоја, не го губи сјајот во окото твое Оти јас сум тука иако ме нема испружи ја раката,почекај, затвори ја дланката, затвори ги очите... Ме осекјаш? Допри ја дланката на образот твој и почуствувај го најслаткиот бакнеж кој ти го пракјам. Тука сум мило, само треба силно и искрено да ме посакаш,и ке ме имаш. |
|
![]() |
|
zumbula ![]() Нов член ![]() Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 5 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Vo son mi se javi
javeto son mi se stori mi se stori javacot na jave li go sonam? Ako samo prostam prosto li ke bide ke bide li prosteno ako prosta bidam? |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кино
Спокојно спиј си и не се срами што денот бездушен те совлада со тупаници од залудни обиди и клоци од неисполнети очекувања. Моето рамо е меко и гостопримливо, а твојата коса не ме скокотка по вратот и подраснатата брада не ме боцка. Редарот е свикнат на двојки како нас стиснати во задните редови, а ние сме обѕирни, пристојни и мирни - немаме мобилни, не грицкаме семки, и не пукаме балони од гума за џвакање. Спиј си слободно и не бери гајле, нема ништо невидено да пропуштиш: ни очај, ни бес, ни радост, ни страв; ни мене нема да ме пропуштиш, оти ти си ѕвездата во сите мои филмови. Изменето од filmadzijka - 25.Октомври.2008 во 23:58 |
|
![]() |
|
butterfly5 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1388 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
нека не ти биде само сон,
нека не ти биде само желба сакај но со срце и душа и ке ти се остварам,ке те погалам видлива секоја болка и тага за мене и секој миг сакам да ја фатам таа тага и болка, да ја ставам во врекјава што ја чувам, ја полнам со сета тага,болка и несрекја што ке ја сретнам, за да ја запечатам утре кога ке биде полна и да му ја вратам на ѓаволот клет кој без срам ја посеа ливадата на срекјата со семе од црнила и јад.... ке зажали...оти ке му ја вратам назад.. но сега преобразена од човечки јад, забиберена ке му биде со злоба, засолена со сите солзи и самиот ке гори во сопствениот пекол кој сам си го креира |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Допри ме душиче
онака како знаеш најдобро да умееш, предаден со секој дел, не си требам онака како те имам. Секоја мисла твоја оваа ноќ во сон нека ми биде како слика илјада зборови што збори да видам она што никој нема да види она што чудо те прави. Секоја моја мисла за тебе видлива е пред очи твои самовилски, отворен за тебе не ми треба ништо за мене, |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не е денес ден
кога во ред се треба да биде, едноставно, не е таков ден кој е еден од многуте кои да ги засереме мораме само колку да си потврдиме дека среќата за некој друг е. Не е денес ден кога треба да се смееме иако сите услови ги имаше, а нас цената само не интересираше и во која грмушка зајакот се криеше. Лесно да се вели дека се сакаме себеси а колку ли вистина имаше ? Да се сакаш себеси значи безусловно сакање тебеси, да се загубиш не можеш кога пресметки ќе баталиш, кој зема, а кој доби илузија на надмоќност глупава. |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бесмртни
Си играме, се бркаме, се тркаме, потскокнуваме на една нога, правиме коло напред, правиме ѕвезди, се тркаламе, се превртуваме, се скокоткаме, се кикотиме, се смееме, се радуваме, веруваме, дека оставаме симпатични отисоци во времето. А времето е ситен песок на сончев брег што рамнодушно ја чека следната плима. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Време е да одам
и некоја планина да срушам, доста беше шупчење. Време е звезди во в џеп да ставам, небо празно да оставам, доста заебанции биднаа. Време е лош да се биде со лошите додека цвилат под петица тешка, доста вртев образи и кошули раздавав. Тој што бев умре го дадов на вците им го зедов крзното облека не менувам никогаш макар смрдел до небо и назад, доста беше други да седнат, а ја да стојам. Упс ! Пак сум сонувал безвезе нешто, ама ајде што ми е убаво кој да рече може као ја кичма да свитка стопала да си баци, а за други да збориме треба ли ? |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никој, никогаш...
Поплочи го утрото со сознание дека никој, никогаш нема безусловно да ти се предаде. Тргни кон небото, знаејќи дека никој, никогаш нема да те поткрене на раменици за да го дофатиш. Фантазијата ќе липта за ангели со светли ореоли, но ти оди спроти ветрот и не врти се. Нема ништо толку неодложно, нема никој толку неопходен, овде, на оваа пространа ледина со измислени ликови и однапред напишани реплики. Овде, никој, никогаш нема да биде прегрнат без да биде задушен. Никој, никогаш нема да биде бакнат, без да биде исплукан. Никој, никогаш нема да биде сакан, без да биде раскрвавен. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
п**ка плаче,
зошто ли ? За к*р плаче, не гледаш ли ? Доста бе, паметот сал таму ти е ! Како да не ми е, кога и он плаче ! За што он па плаче ? За п**ка плаче, не гледаш ли ? Бегај бе, улав еден ненормален ! Ене онаа ти прашај ја, дали и на неа и плаче ! Ја прашав сега, а она ми викна силно и уште посилно ! И да плаче, мајмун еден, за твојот сигурно не плаче ! |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поглед
што камчиња брои и во сенките засолниште бара зошто сонцето се повеќе смета, лице бледо од светлина одвикнато престава пред завеса од темнина изведува без публика никаква без накнада никаква без право каков било приговор без ништо. По дожд иде кал оставајќи стапки привремени стрепејќи од следниот дожд што ќе потсетува на оној претходниот никогаш заборавениот зашто потсетува колку жал ни беше, а тогаш само се срамевме, како деца на претстава прва возбудени и среќни зашто се учат на првиот нивен момент. |
|
![]() |
|
NiNa1 ![]() Сениор ![]() ![]() Love and peace Регистриран: 07.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 13795 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само некои чувства...
Покажи ми како Да ја симнам тагата од моите очи Темнината која го покрива моето срце Насмевката што солзите ја кочат. Неможам Твојата кожа над мојата Мирисот на страста Прегратки од кои се растреперувам. Копнежот по повеќе И моето те сакам Стискајќи го со забите Зашто не смеам да го проговорам. Соништата во кои потонувам А твојот лик не го гледам Усните на кои се предавам Како воздух, не ги ни чувствувам. Постоиш, за мене нема крај Далечен си како оваа месечина Ладен како овој тврдоглав камен А јас копнеам, и умирам полека Hold me now, as I fall again I want you, love you That's all I can say Чекам Твојот прст над моите усни да исчезне Додека молчам потонувам Оваа љубов е надреална. Покажи ми како да те избришам од себе Секој дел од тебе навлезен во секоја пора Секој дел од мене кој те посакува бескрајно. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Песочни луѓе
пешачат низ пустината врела, мојата рака се рони додека мафтам на она што ветерот брзо го носи. Пропаѓам во живиот песок се вртам наоколу, сите патишта исти се, не морам никаде да брзам секако никаде нема да стигнам. Гледам во часовникот повеќе не го разбирам, сонцето свети не знам зошто, зар е важно што не знам ? Во дланките лицето ми падна гледам туѓинец ко да му е криво местото што ми го зеде, а мислеше смешно дека ќе биде и него ветерот го однесе. |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хаику 14
Гулаб долета На погрешен прозорец – Дождлива есен. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |