![]() |
|
ФИФА СП (Мундијал) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 38> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
А зошто така мислиш?
|
||||
![]() |
||||
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Samo znam deka vo JAR ce ima povise ubieni otkolku golovi na ova SP...
![]() |
||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||||
![]() |
||||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
betpoint (може сега и тие ќе го намалат коефициентот, како одминува времето) Изгледа ќе биде добитен тикет... ![]() ![]() ![]() (а може и не, каков баксуз сум ![]() Изменето од LiDivio - 03.Јули.2010 во 19:36 |
||||
![]() |
||||
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
У која калдона е 14.30? затоа што во другиве е 11 ![]() |
||||
![]() |
||||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ставив по 100 ден. на Холандија (14.30) и на Србија (68.00) онака за да навивам. ![]() ![]() ![]() |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Сеуште мојот фаворит е Бразил
Форца селесао
![]() |
||||
![]() |
||||
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Абе каква Србија, Холандија ќе биде светски шампион ![]() |
||||
![]() |
||||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Абе каква статистика,
С Р Б И Ј А ! ! ! |
||||
![]() |
||||
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Пред да типовате погледнете ја оваа статистика. ![]() Гледајте кој каква традиција има и ќе ви стане јасно кој до каде може да иде. Јас типувам на финале Аргентина - Холандија и за сите неправди холандезите да им вратат на аргентина и да го освојат. |
||||
![]() |
||||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
СРБИЈА СВЕТСКИ ШАМПИОН...!!!
НАПРЕД СРБИЈО... МАКЕДОНИЈА Е СО ТЕБЕ...!!! ![]() |
||||
![]() |
||||
pane_juventus ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1048 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Tipuvam na Argentina ili Spanija ama poveke sansi im davam na Spancite i ke navivam za niv.
![]() |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
И Диего Форлан нема да игра на светското првенство след како напушти логорот на Уругвајската репрезентација зарад контузија добине след удар со халфот Валтер Гаргано. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Бразил 1970 - најдобриот тим во историјата на Мундијалите
![]() За победник беше прогласена селекцијата на Бразил од Светското првенство во 1970 година во Мексико, кое "селесао" го освои убедливо со шест победи и го освои тогашниот трофеј на Жил Риме. Комплетниот изглед на 10-те најдобри екипи од светските првенства изгледа вака: 1. БРАЗИЛ, СП МЕКСИКО 1970 Можеби најсилната репрезентација што Бразил ја имал во историјата. Во првите 11 покрај Пеле, играа Жаирзињо, Тостао, Ривелињо, Карлос Алберто, Жерсон, Клодоалдо, Брито, Пјаца, Марко Антонио и Феликс и до шампионскиот трофеј стигнаа убедливо со маскимални шест победи. Тренер на овој состав беше прославениот Марио Загало. Пред почетокот на Мундијалот, Бразил не беше меѓу фаворитите поради лошиот настап на претходното СП во Англија, меѓутоа "кариоките" покажаа врвен фудбал кој им донесе титула, а турнирот го завршија со 19 дадени и седум примени гола. Приказната почна на 3 јуни кога на стадионот во Гвадалахара Бразил ја совлада Чехословачка со 4:1, а потоа следеа триумфите над Англија од 1:0 и Романија со 3:2. Во четвртфиналето го совладаа ривалот Перу со 4:2, а во полуфиналето уште една селекција од својот континент Уругвај со 3:1. На 21 јуни во Мексико Сити во финалето се сретнаа со Италија и извојува фантастична победа од 4:1. Ова првенство воедно беше последното за Пеле кој го заврши со четири гола, а неговиот соиграч Жаирзињо постигна седум. 2. ИТАЛИЈА, СП ШПАНИЈА 1982 Лошите настапи во првата фаза, која ја минаа на "мускули" (со три нерешени), не ветуваа ништо добро за Италијанците на Мундијалот во Шпанија. Меѓутоа, во следната фаза експлодираше еден исклучителен стрелец, Паоло Роси, кој со своите голови практично го повлече тимот напред. Победите над бранителот на титулата Аргентина, моќниот Бразил предводен од Зико, Сократес, Едер, Фалкао и Жуниор, како и над одличните фудбалери од Полска и секогаш незгодната и силна Западна Германија во финалето сведочат за квалитетот на тимот кој на теренот го предводеше славниот голман Дино Ѕоф. 3. АРГЕНТИНА, СП МЕКСИКО 1986 Предводени од Диего Марадона, Аргентинците го одбележаа ова СП. "Гаучосите" сигурно немаа да стигнат до конечен триумф доколку ги немаа одличните асистенти како Хорхе Буручага, Хорхе Валдано и Оскер Руџери, кој беше непогрешлив во дефанзивниот ред. Марадона го заврши шампионатот со пет гола, еден помалку од Англичанецот Гери Линекер, и беше прогласен за најдобар фудбалер на шампионатот. 4. ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА, СП З.ГЕРМАНИЈА 1974 Неверојатните одбрани на голманот Сеп Мајер, непогрешливиот Франц Бекенбауер и фантастичниот стрелец Герд Милер го одбележаа шампионатот во Западна Германија. Оваа генерација на западногермански фудбалери стигна до трофејот, а ги поседуваше сите одлики на германската фудбалска школа, сила, цврстина, упорност и дисциплина па воопшто не беше изненадување победата над Холандија во финалето која важеше за фаворит за титулата. 5. УНГАРИЈА, СП ШВАЈЦАРИЈА 1954 Оваа репрезентација на Унгарија е најдобрата во историјата на Мундијалите, а која не стигнала до шампионскиот трофеј. Асовите како Ференц Пушкаш, Шандор Кочиш, Јосеф Божик, Золтан Цибор ја однесоа Унгарија до финалето во Берн (загубија од З.Германија со 3:2), а претходно немаа пораз повеќе од една година. На ова првенство Унгарците постигнаа дури 27 гола, успех кој досега никој не го надминал. 6. ХОЛАНДИЈА, СП З.ГЕРМАНИЈА 1974 Во фантастичниот холандски тим доминираа два Јохана, Кројф и Нексенс, кој исто како Унгарците, се најде меѓу најдобрите тимови на СП без освоен пехар. И покрај тоа што загубија во финалето од З.Германија, Холанѓаните оставија силен впечаток на првенството и нивниот т.н. "тотален фудбал" даде голем придонес во развојот на современиот фудбал. 7. БРАЗИЛ, ШВЕДСКА 1958 Бразилскиот тим на шампионатот во Шведска, на кој дебитантот Пеле израсна во вистинска ѕвезда, е често споредуван со екипата која триумфираше во Мексико 12 години подоцна. Освен Пеле, до првата титула светски шампион, "кариоките" беа предводени уште од Диди, Вава, Загало и Гаринча. 8. ФРАНЦИЈА, ФРАНЦИЈА 1998 Репрезентацијата на Франција од 1998 година прикажа допадлив фудбал, иако во вториот дел од натпреварувањето имаа доста маки, но, сепак, стигнаа до финалето каде се сретнаа со недораснатиот Бразил. Предводени од големиот мајстор на фудбалската игра Зинедин Зидан, "триколорите" го декласираа Бразил со 3:0 и ги натераа повеќе од еден милиони луѓе да излезат низ улиците на Париз и да го прослават најголемиот успех на францускиот фудбал. 9. АНГЛИЈА, СП АНГЛИЈА 1966 Творците на современиот фудбал ја освоија единствената шампионска титула на свој терен. По неколку неуспешни обиди, селекцијата која ја предводеше Алф Ремзи, заедно со играчите како Боби Мур и Боби Чарлтон во најдраматичното финале во историјата на Мундијалите стигна до победа над Западна Германија благодарение на најконтроверзниот гол во историјата, во продолженијата од страна на Џеф Харст. 10. ИТАЛИЈА, СП ФРАНЦИЈА 1938 Италијанскиот тим, кој го создаде легендарниот стратег Виторио Поцо, предводен од фантастичниот тандем Џовани Ферари - Џузепе Меаца, во мундијалската историја влезе како првиот светски шампион кој ја одбранил титулата. Изменето од fiks - 05.Јуни.2010 во 14:33 |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Добро што се случува со играчите,како од кал да се направени и зошто не внимаваат барем малку.
Сега и Фердинанд нема да игра
![]() Англичаните без Фердинанд на Мундијалот
![]() Ова е нова невоља за селекторот Фабио Капело кој неможе да крене глава од повреди, по онаа на Дејвид Бекам и на Стивен Џерард, Џон Тери и Герет Бери. Бекам ја оштети ахиловата тетива и дефинитивно отпадна, а Џерард, Тери и Бери имаа ситни повреди поради кои паузираа неколку дена. Италијанскиот тренер не чекаше многу и веднаш му достави покана на дефанзивецот на Тотенхем Мајкл Доусон кој претходно отпадна од комбинација за настап на СП. Тој денеска ќе им се приклучи на соиграчите во Јужна Африка и е најавен како џокер од клупата. Капитенската лента му е доделена на Стивен Џерард. "Лошо е кога ќе се повреди фудбалер пред почетокот на СП. Рио има проблеми со коленото и не е во состојба да игра. Затоа Доусон ќе мора да долета во Јужна Африка", изјави Капело. По отсуството на Фердинанд, во конк*ренција за партнер на Тери во одбраната влегоа Ледли Кинг и Џејми Карагер. Со оглед на формата во која се наоѓа шанса за настап најверојатно ќе добие корпулентниот Кинг. Англичаните првиот натпревар од СП го играат на 12 јуни против САД, а потоа ќе се сретнат и со Словенија како и Алжир. Рио во друштво на Киген, Робсон и Бекам Ова не е првпат Англичаните да го загубат капитенот за настапите на Светското првенство. Тоа се случувало и порано, а "клетвата" започна во 1982 кога "Гордиот Албион" остана без напаѓачот Кевин Киген. Легендарниот напаѓач отпатува на СП во Шпанија одигра 26 минути и се повреди, а оттогаш повеќе не се појави на светскиот собир на најдобрите. Мик Милс ја презеде капитенската лента. Четири години подоцна слична ситуација имаше и Брајан Робсон. Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед го дислоцира рамото пред почетокот на СП во Мексико но се опорави за настап на истото. По само четири минути игра на вториот дуел во групата против Мароко ја обнови повредата и го напушти турнирот. Во Италија 1990 година повторно на сцена Боби Робсон. По добрите игри во квалификациите, Робсон имаше неколку повреди на ахиловата тетива поради кои неможеше да го одигра Мундијалот. Замина дома по вториот меч во групата, против Холандија. Дејвид Плат ја презеде капитенската лента. Најсвежи се спомените од СП 2002 година. Тогашниот капитен Дејвид Бекам заработи фрактура на метатарзалната коска на ногата во настапите за Манчестер Јунајтед. На крајот се најде во репрезентацијата но немаше сили да и помогне на репрезентацијата. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 38> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |