IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - (Не)Објасниви чуда
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

(Не)Објасниви чуда

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Прашање: Верувате ли во натприродни (верски) чуда?
Одговор Гласови Статистика
2 [28,57%]
5 [71,43%]
0 [0,00%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:34
па оди на литургија и ќе видиш... Ти шо си мислиш зашто има толку народ...
Ти сакаш да кажеш дека сите се малоумни што биле таму присутни, оние што служат. и т.н. ...да беше преку ноќ... во ред...

Знаеш ли што е плаштаница... ај кажи ми ти сека како за време на богослужбата на Велики петок... плаштаницата сама се исчисти пред очите на сите присутни???

За да видиш треба да присуствуваш... имаш безброј снимки и сведоштва на очевидци.... зарем не гледаш вести... ??? хахаха... Значи фреските не се чистат преку ноќ, а за време на богослужба... во текот на денот - пред очите на сите....
не знам шо се замарам...

дојди во WC и ќе “сереме“ ... знаеш на кого...


Изменето од Tetratka - 24.Април.2012 во 16:35
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:28
ochevidci ?!...zarem tie (ochevidci)...gledale koga sami se chistele ...збунетост


...aj , ke bidam jas i pogolem vernik i od papata i od nasiov dupli gos[podin ,..ako nekoj mi kaze koga toa ke se sluchi pak,

...za da go vidam so svoi ochi,
..togash ke bidam ochevidec!

...a , ne ,...nautro ,..da im go gledam ''uspehot'' na ''bozjite'' chistachi !ма ајде
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:22
Абе се е тоа бизнис.... само зашо конзерваториве се мачат со години кога треба да “исчистат“ еден облект... кога веќе постои вакво средство за чистење, а згора на тоа - ќе има добар приход....


КОј сака што сака нека мисли и кажува... но не може да ги убеди безбројните присутри верници - очевидци на чудото...
тоа се случи пред нивни очи... па кој сака и што сака нека каже...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:18
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Човек треба да е малоумен за да отвара дискусии на вакви теми... едноставно може да гледа и да се восхитува... зашто тоа се случува пред очите на сиот народ... и трае ... трае... и трае... и се повторува и се обновува...

a kolkuumen e chovek...shto veruva vo vakvi gluposti?...pa ushte i kontinuriani !?

...pazi bogatiii..., zarem samo ovaa crkva e vo svetot ,..i ovie freski i ikoni,..pa mashol gospod da gi chisti?

stvarno...dubokoumen um...imaat onie shto  go prifakjaat toa zdravo za gotovo!изненадување

...ama , i mene mi e izgleda , epten  ''dubok' umot...shto voopshto i sum se fatil da diskutiram za nekoja si ,...glup(av)ost,

...pa , makar i od ...gospod bila !

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:08
Продолжува самоочистувањето на иконите во храмот на св.вмч.Димитриј, Скопје (22.04.2012) Испечати Е-пошта

 Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Скопје, 22 април 2012 год- Крстилница во храмот  на св.вмч. Димитриј

 На празникот на светиот маченик Евпсихиј и пПреподобниот маченик Вадим;

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg  Krstilnica.samoocituvanje.jpg

  Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Крстилница во храмот  на св.вмч. Димитриј

Од разговорот со отец Бранислав Стаменков дознаваме дека,   по милоста Божја, во храмот на св.вмч.Димитриј, (особено видливо за време на богослужбите),   продолжува самоочистување на фреските и иконите.А нам ни претстои  со внимание и будност непрестајно да   Му благодариме на Бога за се.

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Се вратија, пак, седумдесеттемина со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат“. А Он им рече: „Го видов сатаната дека падна од небото како молња! Еве, ви давам власт да настапувате на змии и шкорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; но не радувајте се на тоа дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се што се имињата ваши напишани на Небесата“ (Лука 10, 17-20).

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

Krstilnica.samoocituvanje.jpg

 

Преминпортал


Нека го објаснат ова Мајкл и компанија...


И нека посочи некој барем единствен пример во светот каде што под атмосверско влијание се исчистиле некои фрески....

Така наречените “конзерватори и реставратори“ а и “историчари на уметност“ нека не тропаат глупости...

Убаво кажа Паско првите денови дека за тоа надлежните институции нема да коментираат, а се ќе остане во доменот на верата и “Вишата сила„,...


Човек треба да е малоумен за да отвара дискусии на вакви теми... едноставно може да гледа и да се восхитува... зашто тоа се случува пред очите на сиот народ... и трае ... трае... и трае... и се повторува и се обновува...




за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 04:37
Објаснување за смозапалување на свеќите постоело одамна. Јас можам да посведочам дека за тоа знаев уште пред појавата на интернетот и посоченото видео.

А сигурен сум дека јас не сум бил првиот на кој му било тоа разоткриено... што ќе рече дека никој не знае точно кога била дознаена оваа работа.

Сега, за атер на објективноста, оваа демонстрација покажува како може да се направи тоа самозапалување, но не е доказ дека тоа се случува токму така.

Значи, останува и натаму секој да си верува што сака.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2012 во 23:23
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Нема тајна,а да не се дознае.
Точно, тоа и го покажува видеото што го постирав, тајната се разоткри. Дали некој тоа ќе сака да го прифати или цврсто ќе продолжи да верува во она кое одбрал да верува тоа е веќе личен избор.

Ма немој молим те,ако беше откриена наводно некоја си измама тогаш веќе ќе прекинеше да се прави чудото.И ќе видевме еден куп снимки на "измамата" од самото место,посебно од вас неверниците и атеистите.

   А не да гледаме видео од хемичар во студио со голема разлика на демонстрацијата за разлика од чудото вековно во гробот божји.


Видеото не е директна снимка од самото место на настанот.
Затоа видеото не зборува ама баш ништо за верниците.


А на самото место на настанот има еден куп камери каде што и на верниците можат да им се испитаат свеќите дали се намачкани со некоја си хемикалија.Но поради тоа што нема такво нешто затоа и нема снимки од местото на чудото.

И чудото не прекинува,се случи и оваа година,
и ќе се случува понатака.Тоа значи дека нема никаква разоткриеност за наводна измама.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2012 во 21:55
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Нема тајна,а да не се дознае.
Точно, тоа и го покажува видеото што го постирав, тајната се разоткри. Дали некој тоа ќе сака да го прифати или цврсто ќе продолжи да верува во она кое одбрал да верува тоа е веќе личен избор.

Изменето од Majkl - 22.Април.2012 во 21:56
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2012 во 21:28
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

И како е можно ако е измама со хемија,токму православната црква да ја чува таа вештина со векови и да ја користри тајно без да се научат другите.
Бидејќи долго време тоа „чудо„ било извор на финансии (на пр. турците наплаќале влезници) и за црквата и за световните власти кои во разни периоди биле од разни вери.
Пред повеќе векови кога световниот властодржец го прашал еден монах за тајната на огнот а тој по смисла му одговорил дека може да му каже но мудро да размисли дали му е побитно богатството и парите кое тоa чудo ги носи во касата или вистината за истото која ако се рашири, изворот на финасии значително ќе се намали? Власта го одбрала првото.

Не Majkl,не е можно да се чува толку долго една тајна меѓу луѓето.Еве земи пример атомската бомба,кога ја измислија американците и покрај желбата за чување во тајност на тоа како се прави,а посебно од русите кои беа закана за време на студената војна,сепак неможеа долго тајната да ја сочуваат.Русија сепак се стекна со атомски бомби.И многу тајни,која сака да сочува една држава,не успева и светот дознава.Нема тајна,а да не се дознае.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2012 во 21:13
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

И како е можно ако е измама со хемија,токму православната црква да ја чува таа вештина со векови и да ја користри тајно без да се научат другите.
Бидејќи долго време тоа „чудо„ било извор на финансии (на пр. турците наплаќале влезници) и за црквата и за световните власти кои во разни периоди биле од разни вери.
Пред повеќе векови кога световниот властодржец го прашал еден монах за тајната на огнот а тој по смисла му одговорил дека може да му каже но мудро да размисли дали му е побитно богатството и парите кое тоa чудo ги носи во касата или вистината за истото која ако се рашири, изворот на финасии значително ќе се намали? Власта го одбрала првото.

Изменето од Majkl - 22.Април.2012 во 21:13
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2012 во 18:38
Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Како тоа само во православната црква има чуда и вие не верувате и дискутирате дека било човечка интервенција.Не си се запрашал зошто барем едно чудо не се случи во протестанска црква па да се дискутира дали е човечка интервенција или не...

Можеби така што ти не си се информирал доволно.Тнр. „чуда„ нема само во православнаа црква туку и во хинду храмовите(кои патем прилично личат во накитеноста на православните) и во џамиите и во протестантските цркви и тн. (инаку не сум протестант ако мислеше на тоа)

Јас како што сум информиран,кога зборуваме за христијанскиот свет а не за други вери,во ниедна протестантска црква досега не сум слушнал некаково чудо да се случило за кое што луѓе би дискутирале.Така да,не лажи.
Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

И чудото во петокот што се случи со Светиот Оган во Ерусалим кој секоја година се случува и многу други ако погледнеме во православието и ....
Само што тоа „чудо„ е од хемијски карактер и е разобличено во едно грчко студио:


А дали си слушнал дека во минатото се обиделе некои од протестантите да свештенослужат во храмот каде што секоја година се случува чудото и ги избркале православните свештеници со цел и кај нив да се појави благодатниот оган но неуспеале да го добијат.
И како е можно ако е измама со хемија,токму православната црква да ја чува таа вештина со векови и да ја користри тајно без да се научат другите.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 02:28
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

1. Пред да влезе Патријархот во гробот, целосно е претресуван од ИЗРАИЛСКИТЕ ВЛАСТИ (ако знаете што значи тоа - претресуван од јудеи, чии претци Го распнале Христа и кои воопшто не веруваат во Хрисос) и од муслиманите.

2. Гробот е претходно проверуван и запечатен токму од страна на тие анти-христијански власти.
Дали се тие власти инспектори - специјалисти или обични полицајци? Едно е да бидеш чувар на јавен ред и мир и да провериш пред очекуваниот(!) настан нешто, друго е да вршиш комплетна истрага подолг период. Според мене таа проверка е повеќе традиција.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

3. Кога ќе влезе Патријархот во гробот, ниту со себе ниту во гробот ИМА ИЗВОР НА ОГАН (нема запалки, чкорчиња и сл., токму поради тоа што анти-христијаните се осигурале да нема!!!).
Дали ти е познато дека во „гробот„ не смеат да се внесуваат камери? Случајно?
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

4. Кога ќе започне слегувањето на Благодатниот оган, се појавуваат светкавици низ целата црква, очигледни и за верниците и за неверниците. Први се запалуваат свеќите на Патријархот, кој се наоѓа внатре во гробот,
Но секоја година различно време се чека нели? Затоа што на хемикалијата и е потребно различно време(соодветно растворот) да се запали во контакт со воздухот.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

а потоа се палат свеќите на некои од верниците присутни во црквата, без интервенција на оган, едноставно самите се палат. Некои од луѓето, чии свеќи се палат, се на раздалеченост од по 10-15 метри, па се поставува прашањето: Како вашиот старец од видеото ќе го побие тоа, затоа што очигледно тој ни манифестира „чудо“ на самозапалување на свеќи кои се наоѓаат на разделеченост од 3цм, сосема доволно да привлечат топлина една од друга по хемиска реакција (со посредство на хемикалии)?
Зависи каде ги купиле/добиле свеќите.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

5. Благодатниот оган во првите неколку минути ВООПШТО НЕ ГОРИ, дури и ако со него се помине низ лицето, рацете, косата... Ќе ни го објасни ли старецот ова или некој од вас, поборници против Божјите чуда?
Кoлку што видов на видеата сите го држат кратко време под брада, раце и тн.

Освен тоа, на секој оган му треба време да се разгори и не секој тип на оган гори со иста температура. Каков е тој благодатен оган кој само во почеток е чудесен а потоа се деградира на обичен?

Ако сте присустувале на некоја литургија(тнр.аратик) низ хинду-храмовите ќе видите дека и таму верниците се мијат со „свет„ оган кој нит жари нит пали.


Еве и дечкиве направиле чудесен оган што не гори. Особено при 1:28 каде подолго време го држи оганот во едната дланка:
(можеби ќе бара да се влогирате во јутјуб за да можете да го гледате)


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ќе ни го објасни ли старецот ова или некој од вас, поборници против Божјите чуда?
Од што заклучи дека тоа е Божјо чудо? Христос уште како Исус од Назарет даде сосема други критериуми дали е нешто од Бога или не, а не чудотворство. Еден од нив е „по плодовите ќе ги познаете!„. Каков плод дал наводниот благодатен оган? Дали има мир во Ерусалим и регионот? Дали се љубат несебично присутните верници, монаси и свештеници или се склони и кон инциденти?
Не велам дека тие се лоши а верниците на некоја друга деноминација автоматски подобри, туку ви свртувам само внимание дека чудото како такво не докажува ништо, дури и кога би се отфрлиле сите научни објаснувања.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

6. Постојат записи од најраните векови (на пример во 4-ти век кои говорат за Благодатниот оган и одлично ги опишуваат сите карактеристики при неговата појава.
Разни стари записи пак велат дека тнр.„чудо„ е измама. Меѓу таквите автори има и католици, и крстоносци, и отоманци, и православни и грци и британци и тн.
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Majkl,ти пушташ видео од 21 век кој се демонстрира врвна хемија.Но чудото се случува уште пред многу векови каде хемијата е далеку.А видеото не разобличува ништо од самото чудо и околностите негови.
Тоа не е хемија од 21. век туку древна хемија. Својствата на некои елемнти(на пр. фосфорот - секако под друго име) им биле познати уште во древната Кина но и низ скандинавските земји. И токму недостигот на видео камери од старите времиња е нешто што фрла додатно сомнеж врз целата работа.

Јас на времето додека верував во вакви и други чуда тоа ме правеше додуша привидно поубеден, но истовремено и понетрпелив и понетолерантен кога некој ќе се обидеше да го оспори или истото да го поверува. Е сега ако вас лично ве исполнува чудото со благодетниот оган на позитивен начин и тоа ве прави ем посреќни и ем подобри верници и подобри луѓе драго ми е!

Изменето од Majkl - 21.Април.2012 во 02:34
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2012 во 00:24
Majkl,ти пушташ видео од 21 век кој се демонстрира врвна хемија.Но чудото се случува уште пред многу векови каде хемијата е далеку.А видеото не разобличува ништо од самото чудо и околностите негови.
БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ДОКАЗ ДЕКА БОГ Е СО ПРАВОСЛАВНИТЕ

Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресението Христово (Пасха), во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган.
Интересно е тоа што години назад на Велигден покрај православните верници, на денот присуствуваат и луѓе припадници на различни христијански вери, но благодатниот оган се симнува само на православните патријарси.
Во храмот на Господовиот Гроб се собираат поклоници, кои сакаат со свои очи да го видат слегувањето на Благодатниот оган. Меѓу присутните има многу инославни христијани, муслимани, атеисти. Церемонијата е следена од еврејската полиција. Во самиот храм се собираат до 10 илјади луѓе, целиот плоштад пред него и галериите на околните згради се исполнети со многу народ.

Во храмот влегува литијата. На крајот од литијата врви православниот Патријарх придружуван од ерменскиот Патријарх и свештенослужители. Литијата минува покрај сите значајни места во храмот: светата гора, каде што бил предаден Христос, местото каде што бил биен од римските војници, Голгота – каде што бил распнат, каменот на Помазанието, на кое телото Му било приготвено за погребение. И на крајот, литијата стигнува до Кукувлијата и ја обиколкува три пати. После тоа православниот Патријарх пред влезот во Кукувлијата ги соблекува одеждите и останува само по подрасник за да се види дека не внесува во пештерата кибрит или што и да е друго што може да запали оган. Во турско време вообичаената „контрола“ се спроведувала од турските јаничари кои го претресувале патријархот пред неговото влегување во Кукувлијата. Со надеж дека ќе ги фатат православните во измама, градската муслиманска власт поставувала насекаде низ храмот турски војници со голи јатагани, спремни да му отсечат глава на секој што ќе го забележат дека внесува или пали оган. Но, никој не бил фатен во тоа, во целата историја на турското владеење.

Потоа Патријархот поминува низ контрола на израелските полицајци. Малку пред влегувањето на патријархот еден служител внесува во пештерата големо кандило, во кое треба да се запали главниот оган, и 33 свеќи – според бројот на годините на земниот живот на Спасителот. После тоа, православниот и ерменскиот Патријарх (последниот исто така го соблекува горното одејание пред да влезе во пештерата) влегуваат внатре. Однадвор ги запечатуваат со големо парче восок и ставаат црвена лента на вратата; православните свештенослужители ги ставаат врз восокот своите печати. Во тоа време во храмот се гаси светло и настапува напрегната тишина – се чека. Присутните се молат и ги исповедаат своите гревови, молејќи се на Господ да даде Благодатен оган. Сите, кои се наоѓаат во храмот очекуваат трпеливо Патријархот да излезе со Оган во рацете. Впрочем, мнозина чекаат не само со трпение, но и со страв и трепет: според преданието на Ерусалимската Црква се смета дека денот кога Благодатниот оган нема да слезе, ќе биде последен за луѓето во храмот, а самиот храм ќе биде разрушен. Поради тоа поклониците вообичаено се причестуваат пред доаѓањето на ова свето место.
Молитвата и обредот продолжуваат до моментот кога се извршува чудото, очекувано од сите. Во различни години, мачното чекање траело од пет минути до неколку часа.

Слегувањето на Огнот
Пред слегувањето на Огнот храмот започнува да се озарува со блескави пламени на Благодатна Светлина, тука и таму се појавуваат мали светкавици. При забавен кадар се гледа многу подобро дека тие излегуваат од различни места во храмот – од иконата, која стои над Кукувлијата, од куполата на храмот, од прозорците и други места, и исполнуваат сѐ наоколу со силна светлина. Освен тоа, меѓу столбовите и карпите блеснуваат молњи, кои не ги повредуваат луѓето што стојат во храмот.
Истовремено се палат свеќите на луѓето во внатрешноста на храмот и на оние однадвор од храмот, кандилата на двете страни од Кукувлијата се запалуваат сами (со исклучок на 13-те католички) како и некои други во самиот храм.
„…Огнот пулсира и дише, а од отворот во куполата на храмот од небото врз Гробот се спушта вертикален широк сноп светлина“. Храмот или одделни негови места се исполнети со светлина, која не се споредува со ништо – тоа е светлината за која се верува дека се јавила за прв пат на самото Воскресение Христово. Во тој момент дверите на Гробот се отвораат и излегува Патријархот, благословувајќи ги собраните и раздавајќи им од Благодатниот оган.
Уште кога Патријархот е во Кукувлијата, служителите земаат од него оган низ специјални отвори и го разнесуваат низ храмот; огнениот круг постепено се распространува низ целиот храм. Иако не сите ги запалуваат свеќите од Патријархот, кај некои тие се палат сами.
Еден од присутните забележал дека свеќите на жената која стоела до него се запалувале сами, таа се обидувала да ги угасне, но напразно било, тие пак сами се палеле, тоа го правела сакајќи од Патријархот да ги запали свеќите ама не успеала.

Првите 3 до 10 минути Благодатниот оган има восхитувачки својства – апсолутно не гори, независно од која свеќа и каде бил запален. Може да се види како луѓето буквално се мијат во овој Оган – си го допираат лицето, го земаат во раце, и тој не нанесува никаква повреда, дури ни косата не ја гори.
„Запалив на едно место 20 свеќи и си ја горев брадата со нив, и ниедно влакно не ми изгори; и ги изгаснав сите свеќи и ги запалив пак од други луѓе, и за трет пат ги запалив – и исто беше…“, кажува еден поклоник.
Луѓето, кои во тоа време се наоѓаат во храмот, се исполнети со неискажливо и со неспоредливо чувство на радост и духовно спокојство. Според зборовите на оние кои биле на плоштадот или во самиот храм во моментот на слегувањето на Огнот, чувствата во тој момент се фантастични – од храмот очевидците излегуваат како повторно родени. Особено интересно е дека рамнодушни не остануваат дури ни оние за кои чудото противречи на нивните убедувања.
Се случуваат и поретки чуда. Кадрите на еден од снимените филмови сведочи за направени исцеленија. Визуелно камерата демонстрира два такви случаеви – кај човек со деформирано распаднато уво, раната намачкана од Огнот заздравува пред нашите очи и увото добива нормален надворешен облик. Покажан е и случај на прогледување на слеп на двете очи после „миењето“ со Огнот.
Понатаму со благодатниот Оган ќе бидат запалени кандилата низ целиот Ерусалим, а со специјални авионски летови Огнот се доставува до Русија, Кипар, Грција, а од таму и во Македонија и низ целиот свет.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2012 во 04:06
Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

И чудото во петокот што се случи со Светиот Оган во Ерусалим кој секоја година се случува и многу други ако погледнеме во православието и ....
Само што тоа „чудо„ е од хемијски карактер и е разобличено во едно грчко студио:



Мала логичка и фактичка интервенција за разобличување на безбожноста:

Очигледно старецот на видеото НЕМА ВРСКА што се случува за време на слегувањето на Благодатниот оган, а уште помалку ти, Мајкл, и останатите кои го посочуваат ова видео.

ФАКТИ:

1. Пред да влезе Патријархот во гробот, целосно е претресуван од ИЗРАИЛСКИТЕ ВЛАСТИ (ако знаете што значи тоа - претресуван од јудеи, чии претци Го распнале Христа и кои воопшто не веруваат во Хрисос) и од муслиманите.

2. Гробот е претходно проверуван и запечатен токму од страна на тие анти-христијански власти.

3. Кога ќе влезе Патријархот во гробот, ниту со себе ниту во гробот ИМА ИЗВОР НА ОГАН (нема запалки, чкорчиња и сл., токму поради тоа што анти-христијаните се осигурале да нема!!!).

4. Кога ќе започне слегувањето на Благодатниот оган, се појавуваат светкавици низ целата црква, очигледни и за верниците и за неверниците. Први се запалуваат свеќите на Патријархот, кој се наоѓа внатре во гробот, а потоа се палат свеќите на некои од верниците присутни во црквата, без интервенција на оган, едноставно самите се палат. Некои од луѓето, чии свеќи се палат, се на раздалеченост од по 10-15 метри, па се поставува прашањето: Како вашиот старец од видеото ќе го побие тоа, затоа што очигледно тој ни манифестира „чудо“ на самозапалување на свеќи кои се наоѓаат на разделеченост од 3цм, сосема доволно да привлечат топлина една од друга по хемиска реакција (со посредство на хемикалии)?

5. Благодатниот оган во првите неколку минути ВООПШТО НЕ ГОРИ, дури и ако со него се помине низ лицето, рацете, косата... Ќе ни го објасни ли старецот ова или некој од вас, поборници против Божјите чуда?

6. Постојат записи од најраните векови (на пример во 4-ти век кои говорат за Благодатниот оган и одлично ги опишуваат сите карактеристики при неговата појава.

7. Не се бламирајте со вакви видеа, пред да погледнете се’ од почеток:

Краткометражен документарец 1 за Благодатниот оган

Благодатниот оган 2 (краткометражен)

Фотографии и видеа на кои може да се види дека огнот воопшто не гори (луѓе ги допираат своите лица, коси и бради со огнот).

Поздрав.

п.с. само мала исправка на goran-twin - чудото се случува на Велика Сабота после пладне.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.