IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Филмски вести ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филмски вести ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2011 во 06:00

Три македонски филма на маркетот во Кан

Од денес, па во наредните 10 дена, Македонскиот филмски фонд ќе се претстави на 64. Кански филмски фестивал и како и лани, македонскиот штанд ќе биде во рамки на павилјонот на Југоисточна Европа, заедно со: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Србија. Оваа година наместо Албанија, за прв пат, со штанд, ќе биде претставена Црна Гора.
Фондот, во соработка со продуцентите на маркетот, ќе ги прикаже "Панкот не е мртов" на Владимир Блажевски, "Ова не е американски филм" на Сашо Павловски и "Д Скопје", омнибус на 10-мина млади режисери.
Во рамки на програмата на претставување продуценти, а во организација на Еуропијан филм промушн, ќе биде претставен продуцентот Дарко Попов, продуцент на "Панкот". На штандот, како што јавуваат од Фондот, како и лани, секој ден попладне ќе се одржуваат отворени коктели, на кои ќе бидат канети познати филмски имиња, а македонската вечер ќе биде одржана в недела.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 15:28
Кратката историја на еден брак

Наслов:
„Син Валентајн“ (Blue Valentine)

Режија:
Дерек Клејфранс

Сценарио:
Дерек Клејфранс, Ками Деливанг и Џој Кертис

Главни улоги:
Рајан Гослинг, Мишел Вилијамс

Жанр:
романтична драма

Времетраење:
112 мин.

Година на издавање:
2010


 

 

Вуди Ален ја доведе темата за пропаднати бракови и дисфункционалните врски во своите филмови речиси до совршенство. Всушност таа фаза траеше до „Husbands and wives“ од 1992 година и аферата со неговата поќерка, а од тогаш како да „омекна“ во прикажувањето на песимизмот . Но по пауза од речиси 20 години, постои голема можност младиот режисер Дерек Клејфранс да го замени Ален, со неговиот последен филм „Blue valentine“.

„Blue Valentine“ е филм за пропаста на бракот меѓу Синди (Мишел Вилијамс) и Дин (Рајан Гослинг) млад пар од Пенсилванија. Филмот нелинеарно низ сцените ја прикажува состојбата во која е нивната врска од запознавањето па се до распадот.

Всушност почетокот на филмот доаѓа од крајот на бракот. Кога единственото нешто што е заедничко за парот е ќерката Френки (која иако не е биолошка ќерка на Дин, тој сепак ја прифатил и изгледал како своја). Двајцата живеат во прифатен медиокритет исполнет со тензија и фрустрација. Живот каков што не ни замислувале и брак каков што не ни посакувале. Во сцените од развивањето на филмот, ни е прикажан и животот кој го имале пред да се запознаат. Дин е смотан , неамбициозен млад човек кој се откажал од средното училиште и работи во компанија за селење, а Синди е промискуитетна студентка по медицина која живее со нејзините родители и се грижи за баба си во старечкиот дом. По шест години, таа се презира себе си за немањето упорност во намерата да стане доктор, немањето поддршка од сопругот алкохоличар и улогите на мајка и сопруга кои не знае да ги балансира.

Мало предупредување за сите кои очекуваат од Blue valentine, срцепарателна љубовна приказна во стилот на Notebook, иако Рајан Гослинг глуми и во двата филма. Ова е најреалниот филм за врската меѓу двајца луѓе што е направен до сега, со можеби најреалната глума од двајца актери. Филм без клише романса, без фикција, со ликови кои имаат вистински проблеми. Бракот каков што е, постои денес кај луѓе со вистински професии од „средната класа“ како молери и медицински сестри, а не успешни милијардери што е честа појава во романтичните филмови. Гослинг и Вилијамс се апсолутно прекрасни во портретирањето на Дин и Синди. Сепак несфатливо е зошто младиот Канаѓанец не беше номиниран за оскар покрај Вилијамс. Ова е можеби најголемиот грабеж во номинациите за оскар од 1997 година кога Леонардо ди Каприо не беше номиниран за Titanic, но... Талентот на двајцата актери е огромен и ќе го препознаете речиси секаде во филмот. За издвојување се сцените каде Синди со срам ги изнесува деталите од својата интима на медицинската сестра пред закажаниот абортус и веднаш потоа кога ќе се премисли во средина на процедурата. По излегувањето од ординацијата Дин само ќе изусти: „Да го сториме тоа. Ајде да бидеме семејство“.

Режисерот Клејфанс својата доза на реалност во филмот ја дава преку доминантните кадри во гро-план на лицата на актерите и нестабилната камера, што само одат во прилог во доловувањето на ликовите. „Blue valentine“ не е прв избор на филм за романтична вечер иако насловот тоа го наговестува. Тоа е тивок филм кој е анти-реклама на сите романтични филмови кои се снимени од Sleepless in Seattle па наваму, но далеку подобар од сите нив. Филм кој или ќе ве остави збунети или ќе ве воодушеви во зависност од вашите очекувања за филмовите или пак врските и љубовта . Но вреди да се погледне.

 

(С. Лазаревска)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 15:25
Најдоброто од Кидман по речиси цела декада

Наслов:
„Зајачка дупка“ (Rabbit hole)

Режија :
Џон Камерон Мичел

Сценарио:
Дејвид Линдзи Абајре

Главни улоги:
Никол Кидман, Арон Екхарт, Дајан Вист, Сандра О, Тами Бланчард

Жанр:
драма

Времетраење:
91 мин.

Година на издавање:
2010

 

 

Никол Кидман отсекогаш била фасцинантна актерка. Аристократска убавина, став, манири кои се претопуваат во нејзината глума. Еден мој пријател доста прецизно и реално ја опиша Кидман: „Таа не припаѓа во секакви улоги. Едноставно не може и не треба да глуми обични ликови. Самата убавина а и талент не го дозволуваат тоа.“

Во последниот филм Rabbit hole Никол Кидман глуми токму тоа. Таа е Ребека, обична сопруга од предградието која заедно со сопругот Хауи (Арон Екхарт) се справува со болката по смртта на четиригодишен син Дени. Секој на својот начин се обидува да се врати во нормала, но единствено во што успеале по осум месеци од несреќата е да се претворат во емоционално темпирани бомби.

Никол Кидман е брилијанта и во Rabbit hole прикажува одлична глума која обожавателите долго ја очекуваа. Поточно од „The hours“. Заслужена е номинацијата за Оскар но сепак, мали се шансите таа да го освои оскарот оваа година. Но, тоа што најмногу фасцинира во оваа улога е што и покрај значителните количини на ботокс инјектирани во нејзиното лице, Кидман успева да прикаже одличен перформанс . Лицето на актерката изгледа здрвено, но таа успева да ја долови тагата, вината на мајката која жали по својот син. Одлични се и Дајан Вист како мајката на Ребека и Арон Екхарт како Хауи нејзиниот сопруг. Rabbit hole не е одличен, но е солиден филм кој е изненадувачки интересен и покрај сензибилноста на темата.

Велат, децата треба да ги закопаат родителите, а не обратно. Еден од непишаните закони на животот. Во „Rabbit hole“ ни е прикажано спротивното. Искуството кое ниту еден родител не треба да го доживее. Ребека по смртта на синот живее во стаклено ѕвоно и има мал контакт со надворешниот свет. Успешно ги сокрива емоциите под навидум веселата фасада, и полека ги брише сите спомени од Дени во куќата. Хауи пак се уште не може да се прости од синот. Се уште навечер ги гледа видео снимките од Дени, се уште седиштето на синот е во неговиот автомобил, детската соба е идентична како и пред несреќата.

Одличното сценарио постепено ни ја доловува транзициската фаза на брачниот пар која трае веќе речиси година. Секој се обвинува себе си, но никој не сака да го признае тоа. И двајцата сметаат дека паднале на испитот по родителство па сега се обидуваат да заборават и не бираат начини за тоа. Хауи почнува да пуши марихуана и оформува платонска врска со Габи (Сандра О), дел од групата за поддршка на родители кои ги изгубиле децата. Ребека станува Марта Стјуарт и оформува чудно пријателство со Џејсон, средношколецот кој го прегазил нејзиниот син на улица. Но дома двајцата се претворени во роботи кои го преживуваат секој нареден ден во тивка мизерија

. Ова е третиот филм на режисерот Мичел, снимен по контроверзниот Shortbuts, но не може да се каже дека напредувал во техничка смисла. Сценариото и глумата го спасуваат Rabbit hole од медиокритетот бидејќи неиновативната режија го претвора во мелодрама, а не припаѓа во тој жанр. (Непотребни се и кратките сцени со колаж кои немаат смисла во генералната порака). Сепак, Rabbit hole и покрај недостатоците е добар филм . „Дали некогаш ќе исчезне тагата?“ прашува Ребека. „ Не . Во еден момент станува поднослива па се претвора во нешто што можеш да го носиш како цигла во џебот и некое време да заборавиш, но потоа пак се појавува“ одговара мајката на Ребека.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 15:21
Зарем има подобар крал од Колин Фирт?

Наслов:
„Кралскиот говор“ (King’s speech)

Режија:
Том Хопер

Сценарио:
Дејвид Сејдлер

Главни улоги:
Колин Фирт, Хелена Бонам Картер, Џефри раш, Гај Пирс

Жанр:
историска драма

Времетраење:
118 мин.

Година на издавање:
2010

 

 

Приказната за кризата на Британската монархија отсекогаш била фасцинантна, па до сега се снимени безброј филмови за абдикацијата на кралот Едвард. Зошто? Затоа приказната е романтична. Кралот се откажува од тронот за да биде со жената која ја сака. Минатата година беше снимен филм за кралот кој ќе го наследи кралот. Човекот кој не требаше да биде крал. Кралот Џорџ Шести.

Со дејствие пред почетокот на Втората Светска војна, King’s speech ја раскажува приказната за Алберт помладиот син на кралот Џорџ Петти и неговата говорна маана, за која очајно бара лек да ја излечи. Секогаш во сенка на својот плејбој брат Едвард, (Гај Пирс), Алберт (подоцна Џорџ Шести) живее повлечен семеен живот, но со ненадејната абдикација, тој ја превзема круната. Несигурен поради мааната смета дека не е компетентен да ја води државата во тешките времиња, па неговата сопруга (Хелена Бонам Картер) ќе побара помош од австралискиот логопед и несуден актер Лајнус Лоуг (Џефри Раш).

King’s speech е одличен филм кој само го побива правилото дека е потребен огромен буџет за да се сними брилијантен филм. Буџетот на филмот е 15 милиони долари, сума која во друг случај ќе беше потрошена само на хонорарот на Џулија Робертс. Се што е потребно е надежен и талентиран режисер, одлично сценарио и брилијанти актери. Ништо повеќе. Што и да се напише за глумата на Колин Фирт ќе биде премалку. Не постојат доволно епитети да го опишат неговото портретирање на кралот Џорџ. И кога би се обиделе да го објасниме, не би можеле во целост тоа да го направиме. Потребно е само да се погледне. Подеднакво одлични се споредните улоги од Хелена Бонам Катер и Џефри Раш кои покрај Фирт ќе си го најдат патот до оскаровските номинации, но Фирт е тој што ја заслужува статуетката.

Постојат контрасти во самиот филм кој го прават необичен, но топол за гледање. Низ целиот филм доминира темната маглива атмосфера на Лондон, ликовите се облечени во црна или сива облека, но хуморот кој го има во филмот и покрај сериозноста на темата не дозволува да потонете во меланхолија. Хуморот доаѓа од сцените помеѓу Лоуг и Џорџ , поточно од моментите кога двајцата работат на вежбите за надминување на говорната маана. Кралот се превртува на подот како шише, пцуе како кочијаш но тоа ќе даде резултат. На доста интелигентен начин ни е прикажана врската на Лоуг со кралот. Со доза на резервираност и анимозитет на почетокот, меѓу двајцата ќе се развие пријателство кое ќе трае, но сепак во процесот е задржана дистанцата меѓу двајцата. Тој е се уште кралот, а тој докторот и никој не отстапува од строгите линии и покрај заемната почит.

Постојат три сцени во филмот кои вреди да се споменат, а од кои ќе ви надојдат солзи на очите. Толку едноставно изведени од технички аспект, но брилијантни во доловување на поентата. Првата во која на Џорџ му е изгласана доверба. Семејството се пакува, а двете ќерки наместо да го гушнат татко си, формално му се поклонуваат само изговарајќи „Ваше височество“. Тој а ние остануваме стаписани. Втората следи веднаш потоа, кога очигледно не знаејќи што прави на новата позиција, тој бледо гледа во документи и стоицизмот за момент го напушта па липајќи како дете на Елизабета тивко и вели: „Јас не сум крал. Јас сум офицер на морнарицата“. Со тоа сфаќате како му било кога брат му го оставил на цедило. И финалната кога и треба да го даде првиот говор со кој се обраќа на нацијата пред војната. „ Лоуг како и да заврши ова не знам како да ти се заблагодарам за се што стори“ . Лоуг само ќе се насмевне. А со него ќе се насмевнете и вие.





(С. Лазаревска)
сподели%20на%20Facebook
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
kokomoko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1363
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kokomoko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 07:47
Prviot makedonski amaterski film ...

http://www.youtube.com/watch?v=0uZZAhqyMno

sepak e samo trailer ... se nadevam deka do Maj ke uspeat so planiranite
aktivnosti ...

samo napred i prodolzete decki !!!


Love or something like it ... like
......
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:37

Сандра Булок ги поминува деновите во Њујорк на снимање на новиот филм "Extremely Loud and Incredibly Close".

 

Откако дојде до малку слободно време, убавата оскаровка веднаш го искористи за да го помине со својот син Луис.

И на 46 години, без шминка и во обично издание, Булок докажа дека изгледа совршено.

Улогата на Сандра во новиот филм е прва после добиениот Оскар за „Приказната за првакот“.

Трилерот ја следи приказната за 9-годишниот аматер изумител кој по Њујорк бара брава за која има клуч.

Клучот му го оставил неговиот татко пред да загине во нападите на 11 септември. Филмот е во режија на Stephen Daldry, а би требало да излезе следната година.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 00:05

Анистон ќе глуми во посериозни филмови

 Актерката Џенифер Анистон за во иднина најави неколку филмови кои не се комедии, меѓу кои и филм базиран на вистинската приказна за женскиот кантри-вестерн бенд, формиран во 1940-тите во затвор во Тексас. Анистон додаде дека бендот бил сличен на "Дикси чикс" во тоа време. Нема точен датум за промоцијата на филмот со наслов "Девојките од Гори".
По улогите во неколку романтични комедии како "Само така", Анистон се сврте кон посериозни филмови.
Уште еден иден проект е и "Спротивно од стрелките на часовникот" кој ќе се фокусира на проучувањата на Елен Лангер, позната професорка по психологија на "Харвард".
Анистон беше во Мексико Сити за да го промовира својот нов парфем кој го носи нејзиното име.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 08:32
Ренесанса на вестернот преку браќата Коен

Наслов:
„Вистинска храброст“ (True grit)

Режија:
Џоел и Итан Коен

Сценарио:
Џоел и Итан Коен

Главни улоги:
Џеф Бриџис, Хејли Стејнфилд, Мет Дејмон и Џош Бролин

Жанр:
вестерн

Времетраење:
110 мин.

Година на издавање:
2010



 

 

Вестерн жанрот, веќе одамна не е на листата на омилени филмови на публиката, а реално само мал дел од нив можат да се стават во кошницата на одлични филмови. Би ги издвоиле „Butch Cassidy and the Sundance kid“ (кој успешно ја вметна и комедијата како под-жанр) и „The Unforgiven “ но, името на овој жанр го извалка „ Jonah Hex“ . Но, браќата Коен со римејкот на истоимениот филм од 1969 година, успешно ја вратија почитта која овој жанр ја изгуби низ годините.

Џеф Бриџис во „True grit“ е Маршал Рустер Когбурн, остарен платеник специјализиран за пронаоѓање криминалци, кој го бие глас дека е најбезмилосен од сите, а токму таа карактеристика ќе биде пресудна за 14-годишната Мати Рос (Хејли Стансфилд) да го ангажира со цел да го пронајде Том Чејни (Џош Бролин) убиецот на нејзиниот татко. „Ќе го фатам Чејни, жив или мртов“ вели младата Мати Рос. На патувањето до територијата на Индијанците каде што се крие Чејни, ќе им се придружи и тексашкиот ренџер Ла Бјуф (Мет Дејмон) кој исто така сака да го види Чејни обесен но за многу поголема парична награда.

Неколку нешта во римејкот веднаш паѓаат во очи кога го гледате. Прво одличната глума од 14-годишната Хејли Стенсфилд која во филмот покажува вистинска зрелост, интелигенција и цврстина иако ова и е првиот игран филм во кариерата. Џеф Бриџис има 40 години искуство зад себе, но таа е навистина одлична, без разлика што ова е дебитантски филм за актерката. Второ, одличната фотографија од Роџер Декинс која му дава доза на мистерија на овој филм и која го прави интересен за гледање од визуелен аспект, наспроти сцените на терор кои ни се претставени. И трето брилијантните режија и сценарио за кои се погрижија Итан и Џоел Коен.

Во нивната верзија на овој класик променети се неколку нешта, но промените вродиле со плод, бидејќи го доближија филмот до мејнстрим публиката а, сепак го има нивниот печат. За разлика од првиот филм, кога централната фигура во филмот беше маршалот Когбурн (а со тоа и Џон Вејн) тука товарот на филмот преку сценариото е пренесен на ликот на Мати Рос (Стејнфилд), па се добива чувство како тој да има споредна, а Рос да ја има главната улога, но актерката совршено се снаоѓа со одговорноста која и е дадена. Од режисерски аспект римејкот е помрачен, а зимата, снегот и мрачното време во кое е сниман филмот само го надополнуваат тој впечаток. Присутна е и техничката карактеристика која станаа заштитен знак за браќата, а која ја има во повеќето нивни филмови како: „ No country for old men“, или „The big Lebowsky“. Нарацијата во True Grit доаѓа од возрасната Мати Рос (Елизбет Марвел) со која и филмот завршува, па во финалните сцени таа ја објаснува нејзината судбина по патувањето, но и таа на Когбурн и Лабјуф. Пријатно изненадување во сценариото е и татковската заштитничка врска која ќе се роди кај Когбурн. Таа ќе му даде топлина на ликот , нетипична за човек со репутација на безмилосен убиец и контрадикторна на неговиот физички изглед. Џош Бролин во улогата на Чејни е совршен избор на негативец, и ова е втората соработка на актерот со браќата Коен, но се добива впечаток дека неговиот лик е недоволно развиен и недоволно застапен во минутажа. Сепак, за поздравување е неговиот кастинг. True Grit е одличен филм кој успешно ја поврати репутацијата на овој жанр, а фановите за тоа треба да се заблагодарат на двајца талентирани филмаџии. Браќата Коен.

Гледајте го True grit (2010) ако ви се допаднале: „True grit“ (1969), „The quick and the dead“ (1995), „The missing“ (2003) „3:10 to Yuma“(2007) „High Noon“ (1952).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 12:21
Шварци се враќа на сцена
 
Славниот акционен актер и екс калифорниски гувернер Арнолд Шварценегер најави враќање во Холивуд..

Од политика му е доста, па решил да и се врати на својата прва љубов.

"Мојот агент веќе седум години ме прашува кога ќе може да почне да ги прифаќа понудите кои стигаат. Сега, му дадов зелено светло", објави 63-годишниот актер на својот Твитер профил, пренесува "Daily Telegraph"

Шварценегер неодамна го заврши својот втор мандат како гувернер на Калифорнија, и веднаш почна да се шпекулира за неговото враќање на филмските екрани.

За време на политичката кариера, Шварценегер си дозволи неколку излети во седмата уметност.

Му го исполни ветувањето на Сталоне, и минатата година на кратко се појави во неговиот филм "The Expendables".

Арнолд Шварценегер својот прв филм "Hercules in New York" го снимил далечната 1970 година, но секако, бодибилдерот кој своевремено беше и најсилен човек на светот, светската слава ја стекна со улогата во "Terminator".

Токму во првиот дел на "Terminator", 1984. година, ја кажа својата позната фраза: "I'll be back".

Очигледно дека го исполни своето ветување, со оглед на тоа што конечно го потврди своето враќање во светот на филмот



Изменето од емил - 11.Февруари.2011 во 12:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 04:56

Во најлошите филмови - најмногу пари

 

Johnny Depp има главни улоги во најлошите филмови, а сепак е најдобро платен актер во Холивуд.

Пред него се најде само режисерот James Cameron кој благодарение на "Avatar" заработи 257 милиони долари. На трето место по мнатогодишната заработка е Steven Spielberg со 80 милиони долари.

Режисерот на филмот "Inception", Christopher Nolan се наоѓа на четвртото место со заработка од 71 милиони долари.

И покрај тоа што филмот "Tourist" е прогласен за најлош во 2010 година, актерот Johnny Depp има причина да слави, тој заработи најмногу од своите колеги минатата година, или 100 милиони долари.

 

За филмот "Alice in Wonderland" на режисерот Tim Burton заработи 40 милиони долари, за третото продолжение на филмот "Pirates of the Caribbean" доби 35 милиони долари, а за "Tourist" 20 милиони долари.

Кај девојките најплатена актерка е Kristen Stewart, на која улогата во филмот "Twilight" и донесе заработка од 27 милиони долари.

Кон врв
сашо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 538
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај сашо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 12:12
a ova e komentarot na edna "ugledna" bitolska faca za Manaki, gostite, labina i Josip Broz....
audioto e od negova radio emisija
http://www.youtube.com/watch?v=BvCgM1bj4u4
objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:03
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 01:22
a?збунетост
 
aaa... toa e sigurno koga ne e ...poplaveno !голема%20насмевка
 
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 01:11


Не бе Брза, Струмица е Рио на Балканот...забава

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.