IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 09:17

Јунајтед "му дише" во врат на Сити


 



Водечките тимови од Манчестер забележаа убедливи победи во синоќешното 17 Премиер лига коло.

 Манчестер Сити го нагости  Стоук, додека тимот на Алекс Фергусон славеше на Крејвен Котиџ. Арсенал го однесе целиот плен од  Бирмингем, а Ливерпул зема само бод од гостувањето кај Виган.


Фудбалерите на Манчестер Сити ги задржаа своите два бода предност пред конкурентот за првото место ривалот Манчестер Јунајтед,

Стоук извојува четири победи во последните натпревари, но налетаа на богаташите од Емирати стадионот.

Агуеро и Џонсон во првата половина му донесоа значителна предност на својот тим, а Агуеро во втората половина се погрижи тоа водство да се зголеми на 3:0.


Јунајтед гостуваше кај Фулам , кој не  успеа да се спротистави на тимон на Сер Алекс. Црвените ѓаволи славеа со 5:0, се беше решено уште  во првата половина, со головите на Велбек, Нани и Гигс. Во второто полувреме им  придружија на листата  Руни и Бербатов.


Победа на гости постигна и  Арсенал, кој го совлада Астон Вила во Бирмингем со 2:1. Натпреварот беше решен во последните моменти кога позајмениот играч од Челзи, Бенајун го постигна победоносниот гол за Арсенал.
Претходно, Ван Перси од пенал го доведе тимот на  Арсен Венгер во водство, а изедначи Олбрајтон во 54 минута. Тоа беше јубилеен 20.000-ти гол во Премиер Лигата.


Возбудливо беше и на натпреварот помеѓу КПР и Сандерленд. Гостите имаа два гола предност, во продолжение ја изгубија, но во финишот Вес Браун донесе три бода на тимот на Мартин О'Нил 2:3.


Ливерпул во Виган мораше да се задоволи со бод и натпревар без голови, а  Евертон успеа да забележи минимална победа над Свонси.


Премиер лига, 17 коло:


Астон Вила - Арсенал 01:02

Олбрајтон 54 - Ван Перси 17 (пен.), 87 Бенајун


Манчестер Сити - Стоук Сити со 3:0

Агуеро 29, 54, Џонсон 36


Њукасл - ВБА 2:3

Ба 34, 81-20 Одемвинге, Мекули 44, Шарнер 84


Фулам - Манчестер Јунајтед 0:5

 Велбек 5, Нани 28, Гигс 43, Руни 88, Бербатов 90


Квинс Парк Ренџерс - Сандерленд 02:03

Хелгусон 63, Маки 67 - Бендтнер 19, Сесењо 53, Браун 90


Евертон - Свонси 1-0

Осман 60


Виган - Ливерпул 0-0

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 12:49
 

Бразилецот со италијански пасош е во немилост на тренерот Антонио Конте и за очекување е во зимскиот преоден рок да си замине од Јувентус.

 

Според пишувањето на некои италијански и бразилски медиуми, Амаури речисис сигурно во зимскиот преоден рок ќе го напушти Јувентус, а како прва опција за него се споменува преселбата во Лондон. Имено, интерес за 31-годишниот напаѓач има од страна на тимот на Тотенхем, кој во јануари би можел да ги продаде Џермејн Дефо и Роман Пављученко.

Менаџерот на Амаури, Ернесто Бронцети потврди дека има интерес за неговиот клиент од страна на Спарси, но и од Џенова и Палермо. Сепак, за очекување е играчот да ги одбие понудите од Серие А и да се пресели во Премиерлигата.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2011 во 22:20

Лесна победа за Тотенхем

Во единствениот неделен натпревар од 10. коло на Премиер лигата, Тотенхем на Вајт Харт Лејн го порази Квинс Парк Ренџерс со 3:1.

Домаќините славеа во "малото лондонско дерби", а по првото полувреме имаа водство од 2:0 благодарение на погодоците на Герет Бејл и Рафаел Ван дер Варт.

КПР намали по еден час игра со првиот гол сезонава на резервистот Ботројд, а конечниот резултат го постави Герет Бејл со својот втор погодок на мечот.

По оваа победа, Тотенхем е петти на табелата со 19 бода, додека КПР е 12-ти.

РЕЗУЛТАТИ:

Евертон - Манчестер Јунајтед 0:1
Чичарито 19'

Челси - Арсенал 3:5
Лампард 14', Тери 45', Мата 80' - Ван Перси 36', 85', 90'+2, Сантос 49', Волкот 55'

Манчестер Сити - Вулверхемптон 3:1
Џеко 52', Коларов 66', Џонсон 90'+1 - Хант 75'(п)

Норич - Блекбурн 3:3
Морисон 53', Џонсон 82', Холт 90'+3 - Хоиле 45', Јакубу 62', Самба 64'

Сандерленд - Астон Вила 2:2
Викам 38', Сесењо 89' - Петров 20', Дан 85'

Свонси - Болтон 3:1
Ален 49', Синклер 57'(п), Грем 90'+3 - Грем 73'(авт)

Виган - Фулам 0:2
Демпси 41', Дембеле 86'

ВБА - Ливерпул 0:2
Адам 9'(п), Керол 45'

Недела, 30. октомври:

Тотенхем - Квинс Парк Ренџерс 3:1
Бејл 20', 72', Ван дер Варт 33' - Ботројд 62'

Понеделник, 31. октомври:
21 часот Стоук - Њукасл

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2011 во 22:17
Originally posted by Alex1970 Alex1970 напиша:

ARSNAL go unishti Chelsea na Stamford Bridge


Баш голема%20насмевка ... Челзи торпедирани во стил кој им одговара на топџиите

Челзи - Арсенал 3-5
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Alex1970 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alex1970 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2011 во 20:49
ARSNAL go unishti Chelsea na Stamford Bridge
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 19:11

Одиграно осмото коло во Премиер лигата


Без победник заврши последниот натпревар од 8.коло во Премиер лигата. На „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл истоимената домашна екипа вчеравечер одигра нерешено со Тотенхем 2:2 и заедно со водечкиот тандем од Манчестер и натаму е непоразена екипа во лигата.

На другите два вчерашни натпревари од ова коло постигнати се следниве резултати: Арсенал – Сандерленд 2:1 и ВБА - Вулверхемптон 2:0.

Во саботата играа: Ливерпул - Манчестер Јунајтед 1:1, Манчестер Сити - Астон Вила 4:1, Норич - Свонси 3:1, Квинс Парк Ренџерс - Блекбурн 1:1, Стоук - Фулам 2:0 и Виган - Болтон 1:3.

Табела: Манчестер Сити 22 бода, Манчестер Јунајтед 20, Челзи 19, Њукасл 16, Ливерпул 14, Тотенхем 13,...


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 20:12

Дрогба со одличен кам-бек за Челси при победата над Свонси


Челси се врати на победничките патеки во Премиер лигата откако славеше со убедливи 4-1 над Свонси во натпревар од 6. коло на најквалитетното фудбалско натпреварување на островото.
Резултатот го отвори Фернандо Торес уште во 29. минута, шпанецот искористи нова одлична асистенција од страна на Хуан Мата. А во 36. минута Челси веќе водеше со 2-0, откако овој пат Рамиреш стрелаше по асистенција на КОл.

Кога се изгледаше одлично за домаќините, дојде 38. минута, кога Торес направи исклучително груб прекршок над Марк Гоуар, влегувајќи во старт со двете нозе. Судијата Мајк Дин не размислуваше и веднаш го прати шпанецот во соблекувалната.

Шансата на Свонси да се врати во дуелот дојде во 50. минута кога Нејтан Даер ја погоди пречката на домачините, а потоа Вилијамс одлично шутираше со глава, но Босингва ја извади топката од гол линијата
Во 62. минута Анекја ја погоди пречката на другата страна, а третиот погодок на сметка на домачините дојде во 76. минута, стрелец повторно беше Рамиреш, но овој пат асистенцијата беше од страна на Босингва.

Свонси стигна до почесен погодок во 86. минута кога Вилијамс конечно успеа да ја испрати топката зад грбот на Чех. Во продолженијата, резервистот Дидие Дрогба ги оформи конечните 4:1.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 20:10

Сити повторно му прават проблеми на Венгер: Сега го сакаат Ван Перси


Манчестер Сити ќе упати понуда од 30 милиони фунти за новиот капитен на Арсенал, Робин ван Перси, тврди „Дејли Меил“.
Според информацијата на изданието понудата ќе биде упатена во Јануари, ако дотогаш Арсенал не успее да го обнови договара на Холанѓанецот.

Голгетерот на „топчиите“ е разочаран од напуштањето на Франсеск Фабрегас (во Барселона), Самир Насри и Гаел Клиши (и двајцата во Манчестер Сити). Кризата на „Емирати“ е сериозна, откако лондончани го запишаа најлошиот старт во последните 58 години, иако вчера успеаја да ја постигнат својата втора победа во Премиер лигата, надигрувајќи го со 3:0 тимот на Болтон.

Два гола за успехот ги постигна токму Ван Перси, кој веќе има 100 погодоци во дресот на Арсенал. Актуелниот договор на играчот истекува во 2013 година.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2011 во 22:34

Сефте бод за Блекбурн


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/11/blekburn.jpg

Неделната програма од 4. коло во Премиер-лигата не донесе премногу возбудувања и голови. Фулам на домашен терен одигра 1-1 со Белкбурн, а Норвич ги разочара симпатизерите и со 0-1 загуби од ВБА. Ова коло во Aнглија мина во знак на фаворитите, од кои само Ливерпул не успеа да оствари позитивен резултат. Клубовите од Манчестер и лондонската тројка Арсенал, Челзи и Тотенхем беа на висина на задачата.
Резултати: Фулам – Белкбурн 1-1, Норвич - ВБА 0-1, Арсенал – Свонси 1-0, Евертон – Астон Вила 2-2, Манчестер с. – Виган 3-0, Стоук – Ливерпул 1-0, Сандерленд – Челзи 1-2, Вулверхемптон – Тотенхем 0-2, Болтон – Манчестер ј. 0-5. 
Табела: Манчестер ј. и Манчестер с. 12, Челзи 10, Стоук 8, Ливерпул, Њукасл, Вулверхемптон 7, Астон Вила 6, Виган 5, Евертон и Арсенал 4, ВБА, Болтон, Тотенхем и КПР 3, Сандерленд, Норвич, Фулам и Свонси 2, Блекбурн 1 бод.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 19:37

Ливерпул го прегази Болтон на Енфилд


Новиот Ливерпул на Кени Далглиш го совлада Болтон на Енфилд со 3:1 и со тоа ја оствари втората победа од почетокот на новиот шампионат во Англија во кој до сега нема пораз.

Мерсисајдците беа комплетно доминантни над својот противник во текот на целиот натпревар а двете нови засилувања Хендерсон и Адам ги постигнаа своите деби голови во црвениот дрес на тимот од Енфилд.

Џордан Хендерсон го отвори резултатот за Ливерпул во 15. минута, поранешниот играч за врска на Сандерленд ја испрати топката во голот на Јаскелаинен со прекрасен диагонален удар во неговиот горен десен агол.

Ливерпул продолжи да доминира до крајот на првиот дел но не постигна втор погодок. После паузата Мартин Шкртел со глава засече еден центаршут на Чарли Адам и го донесе својот тим во предност од 2-0. А неколку секунди подоцна самиот Адам стрелаше прецизно за сигурно водство.

Во последните моменти од средбата, Петров се проби одлично по левата страна на мерсисајдците, го помина Карагер и му асистираше на Класниќ за почесен погодк на Болтон во конечните 3-1.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 19:36
Џеко го демолираше Тотенхем на Вајт Харт Лејн

Џеко%20го%20демолираше%20Тотенхем%20на%20Вајт%20Харт%20Лејн
Един Џеко постигна четири погодоци во победата од 5-1 на Манчестер Сити на гостувањето на Вајт Харт Лејн кај Тотенхем
’Граѓаните’ со 100% учиник во воведните три кола се на врвот на табелата и со победата над Тотенхем покажаа дека оваа година ќе бидат сериозен конк*рент за титулата во Премиерлигата.

На средбата на Вајт Харт Лејн блескаше Един Џеко кој постигна дури четири погодоци.

Интернационалецот од БиХ го отвори резултатот во 34та минута по асистенција на дебитантот Самир Насри.

На четири минути пред крајот на првото полувреме, Насри и Џеко одново комбинираа за Џеко со прекрасен удар со глава да го совлада Бред Фридел по втор пат.

Во 55та минута по пробивот на Јаја Туре, Џеко доби топка како на тацна и напаѓачот стигна до хет-трик.

По еден час игра на Вајт Харт Лејн веќе беше 4-0 откако Кун Агуеро пројде покрај Мајкл Доусон и прецизно биеше во подалечниот агол на Фридел.

Јонес Кабул во 68та минута постигна почесен погодок за Тотенхем откако дефанзивецот беше највисок во скокот по корнерот на Рафаел ван дер Варт.

Един Џеко во финишот на средбата со преграсен удар од работ на шеснаесетникот го постигна својот четврти погодок и ги постави конечните 5-1 за Манчестер Сити.

Претходно, Њукасл со 2-1 победи во дуелот со Фулам на Сент Џејмс Парк.

Херој за домакините беше Лион Бест кој постигна два погодоци. Напаѓачот најпрво го отвори резултатот во 48та минута а потоа зголеми на 2-0 во 66та минута.

Фулам преку Демпси во 88та минута намали на 2-1 но избраниците на Мартин Јол не успеаа да стигнат до изедначувачки погодок во завршните мигови од средбата.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 19:34

Манчестер ги разоружа топџиите


man-arsenal-8-2

На преполниот Олд Трафорд попладнево Манчестер Јунајтед го совлада Арсенал со високи 8-2.

Алекс Фергусон го надмудри тренерот на Арсенал, Арсен Венгер. По заминувањето на клучните фудбалери Сеск Фабрегас и Самир Насри, во рамките на третото коло од Англиската Премиер Лига, „топџиите“ нанижаа уште еден пораз.

Манчестер уште на стартот започна офанзивно. „Јуниорите“ на Ферги уште еднаш се покажаа како голем потенцијал. Велбек го отвори резултатот во 22-та минута по асистенција на Нани. Пет минути подоцна, новото засилување на Манчестер, Ешли Јанг, ја затресе мрежата на Шчежњи со удар од далечина.

Следуваше прекрасен гол од слободен удар на Вејн Руни, па голот на Волкот со што се заврши првото полувреме.

3-1 и ронка надеж да се вратат топџиите во игра.

Играчите на Арсен Венгер започнаа офанзивно, па дури и подобро од играчите на Фергусон, но само во првите 5-6 минути од второто полувреме. Головите на Манчестер едноставно доаѓаа, еден, по еден, без прекин до послеедниот свиреж на судијата.

Руни повторно од слободен, па Нани, Парк, Руни од пенал и заокружување на добрата игра со голот на Јанг. Да не заборавиме, иако навистина помалку е значајно, мораме да го соопштиме и фактот дека Ван Перси постигна еден гол.

Навистина жално е да се гледа ваквиот Арсенал. Можеби веќе е време Венгер да донесе некоја ѕвезда во својот тим. Ѕвезда, но не од некоја репрезентација до 21 година



Higlights да

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2011 во 00:28

Ливерпул по 11 години го победи Арсенал во Лондон

  •  
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/08/20/anglija.jpg

Ливерпул со 2-0 славеше на гостувањето во Лондон кај Арсенал во второто коло од англиската Премиер лига. Стрелеци на головите беа Ремзи (78’) автогол и Суерез (90’), а двата погодоци на гостите беа постигнати откако „топчиите“ останаа со 10 играчи на теренот, по исклучувањето на Фримпонг (70’).
- Резултатот е неправеден според она што се случуваше на теренот. Мислам дека головите беа од офсајд. Сите судиски одлуки во последните три месеци се против нас. На денешниот меч немавме и среќа - изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
Ливерпул е задоволен од постигнатиот резултат, а стратегот Кени Далглиш ја велича играта на неговите избраници. Ова беше прва победа на Ливерпул во Лондон над Арсенал по пауза од 11 години.
- Одлична претстава на фудбалерите. Знаеја да одиграат на резулат. Не би рекол дека Арсенал беше подобар противник, бидејќи и ние имавме добри момент на овој меч - рече Далглиш.
Челзи со пресврт во вториот дел го совлада Вест Бромвич Албион со 2-1, а предноста на домашниот терен ја искористи и Астон Вила со триумфот од 3-1 над Бекбурн. Гостински победи од по 1-0 извојуваа Њукасл во Сандерленд и Квинс Парк Ренџерс кај Евертон. Без голови заврши средбата Свонси - Виган. 



Изменето од емил - 21.Август.2011 во 00:29
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2011 во 22:02
Шампионот победи, Челси не успеа

Давид де Хеа имаше кошмарно деби во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед поради повреди ги загуби Фердинанд и Видиќ, а предходно и Рафаел. Сепак, шампионите успеаа да ја започнат одбраната на титулата со победата над ВБА со 1:2.




Јунајтед силно тргна во одбрана на титулата. Поведе преку Руни во 13. минута и сѐ се одвиваше според планот. Но, во 37. минута Шејн Лонг му ги покажа на Ферги што значи да се има 20 годишен голман, кој дебитира во Премиер лигата. Лонг шутираше, а Де Геа мораше подобро да реагира - 1:1.

Во вториот дел изгледаше дека Манчестер ги губи планираните три бода, откако изигра навистна лошо во нападот. За среќа, новајлијата Ешли Јанг во 81. минута го спаси шампионот од пораз. Во ред, се работеше за авто гол, тајното оружје на Манчестер и се додека тоа функционира, нема потреба за нервоза на Олд Трафорд.

Челси пак, исто како Ливерпул и Арсенал вчера, одигра само нерешено, 0:0 на гостувањето против Стоук. Андре Вијаш Боаш секако не може да биде задоволен со еден бод на дебито. Во првиот дел Челси играше анемично, но во вториот дел со одлична игра и пропуштени повеќе шанси, не успеаа да се справат со домаќинот.




Утре Манчестер Сити го игра последниот дуелк од првото коло на Премер лигата против Свонси. Дуелот Тотенхем и Евертон беше одложен поради протестите во Лондон. Засега, лидер во Англија е Болтон, кој со 0:4 го прегази КПР.

Прво коло на Премиер лигата:
Сабота:
Ливерпул – Сандерленд 1:1
Блекбурн - Вулверхемптон 1:2
Квинс Парк Ренџерс – Болтон 0:4
Виган – Норвич 1:1
Фулам – Астон Вила 0:0
Тотенхем – Евертон одложено
Њукасл – Арсенал 0:0

Недела:
Стоук – Челси 0:0
ВБА – Манчестер Јунајтед 1:2

Понеделник:
Манчестер Сити - Свонси
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.