![]() |
|
Власи |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 66> |
Автор | ||
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во селото Гопеш пред 250 години се играл Молиер Во селото немало неписмен човек, имало болница, меани, фурни, берберници, градски пазар, калдрма и улично осветлување и корзо секоја вечер Селото Гопеш, Битолско, кое може да се најде и на античките карти, а својот
процут го доживеало во периодот од 1700 до 1900 година, денес повторно заживува
и се обидува да си го врати некогашниот сјај. По неколку децении пауза, гопешани
денес гордо се враќаат во селото и забрзано ги обновуваат куќите. Некогаш едно
од најбогатите села, Гопеш било познато по театарот, корзото и по најголемата
црква на Балканот.
Гопешани не можеле да живеат без драмската уметност и ја сметале за култура без која човековата забава би била празна. Таа уметност во Гопеш се учела уште од мали нозе. Претставите на драмските групи биле на високо ниво, со кулиси што се менувале по секоја слика и секој чин. Обично се изведувале во грчкото училиште во Гопеш, каде што имало голем салон. - Во големиот расцут на Гопеш, во 1750 година, бил формиран Гопешкиот театар. Првата претстава што тој наш театар ја одиграл точно пред 252 години била "Тартиф" од Молиер. Се играле и други негови дела: "Мизантроп", "Скржавецот", "Сосила лекар", "Школа за жени", како и дела од други европски драмски автори. Имало и двајца славни комичари, Гаљо и Пасо, кои откако ќе ја завршеле својата абаџиска работа и во празничните денови ги играле нивните комедии. Тие и самите создавале текстови според актуелните настани од тоа време. Постарите гопешани се сеќаваат на последната аматерска група, која ги играла драмите "Моравка", "Света Гора" и други, и на последните актери од Гопеш: Никола Падори, Коста Ѓулумила, Јордан Христа, Илија Христа, Петра Михи, Љубица Христа, Еленица Катаробе и други. И денес се живи внуците на овие актери, кои кажуваат дека тие играле до почетокот на Втората светска војна. Во Гопеш се негувала и музиката, постоело училиште за танци. Песните најчесто се изведувале со кларинет, гитара, прим и со виолина. Откако еден гопешанец од Америка донел инструменти бил формиран гопешкиот градски оркестар, кој свирел во посебни пригоди, а во него имало и жени. Гопешани имале свој танц, "кадрил", кој гостите во селото не можеле да го играат оти не го знаеле - раскажува Христаки Стерјадовски, претседател на Месната заедница во Гопеш. Годинава на Илинден, по цели 252 години, симболично се обнови славниот гопешки театар, а в година се планира да се одржи европски влашки театарски фестивал. - Пред црквата "Св. Сотир", по пауза од речиси 65 години, се изведе пиесата "Вујко Нидо се кара со виновниците", со што одбележивме два и пол века од основањето на гопешкиот театар. Оваа пиеса ја изведоа актерот и режисер Тома Јанаки од Букурешт и неговите колешки - вели Стерјадовски. Селото Гопеш се среќава во античките карти под името Лакурија или Кај коријата. Во двата златни века за Гопеш во селото-град имало 900 куќи и 5.000 жители. Немало неписмен човек, имало дури 74 интелектуалци со високо образование, од кои повеќето биле учители и професори. Имало меани, гостилници, бакалници, фурни, чевлари, берберници, градски пазар, кој работел во вторник и во петок. По улиците имало калдрма и улично осветление. Секоја вечер имало корзо. - Во Гопеш бил сместен Штабот на германска дивизија од Првата светска војна. Германците инсталирале термоцентрала на дрва и го осветлиле селото уште во 1914 година. Тие изградиле и болница, а од 1918 година Гопеш имал и детален урбанистички план. Од петте училишта, три биле влашки, а две - грчки. Во селото живееле главно Власи, а секој дојденец морал за 2 до 3 месеци да научи влашки јазик. Во 1879 година гопешани ја завршиле изградбата на црквата "Св. Сотир", посветена на празникот "Преображение", кој се слави на 19 август. Таа црква тогаш била најголема на Балканот. Во неа служеле влашки и грчки владици и шест попа - тројца Власи и тројца Грци. Еден ден се служело на влашки, друг на грчки јазик. Но, еден ден двајцата владици, сите попови и верниците се скарале, па дури и се испотепале пред црквата зашто не можеле да се договорат кој прв да служи. Тогаш владиците проколнале: "Гопешани, аир да не видите и од 900 куќи да дојдете на девет". Последниот жител го напуштил селото во 1970 година. Денес се обновени 50 куќи, а има 200 жители. До црквата градиме нови конаци со 50 легла, кои ќе бидат готови в година - вели Стерјадовски, кој додава дека Гопеш повторно се издигнува од пепелта. Селото, на надморска височина од 1.140 метри, е погодно за селски туризам, пчеларство, сточарство. Гопешани веруваат дека повторно ќе ја вратат бројката од 900 куќи и 5.000 жители оти клетвата на раскараните владици важела само еден век. |
||
![]() |
||
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
![]() |
||
g-1 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
sreken praznik:
http://www.youtube.com/watch?v=n5y0dHxbOTI |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Академија за Националниот ден на Власите
|
||
![]() |
||
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Среќен Национален ден на Власите
![]() |
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Интересен напис и уште поинтересни личности-Власи. Кој ли беше што не ми веруваше за Љубиша дека е Влав
![]() Меѓу Македонците и Власите нема никаква недоразберија |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Нели Пелазгите беа соседен народ на Македонците,нели Македонците ги бранеа Пелазгите во војните - памтиш!
|
||
![]() |
||
g-1 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
1. Ематија ? Не би сакал да изведувам било какви конструкции. Да би се утврдило правото значење на еден термин, мора да се знае со што се врзува неговата употреба, па потоа да се бара неговата врска со конкретни зборови од еден јазик. Се друго би било импровизација. 2. Пелазгите се дел од Арманите (Траките), а според Херодот, Траките се втор по бројност народ во тогашниот свет. 3. Пеласг = пеларг, е со преносно значење "рамничар", синоним е со "тес, теаса" (испружен, испружена) по што се нарекува и областа Теслаија. Тесалија истовремено се нарекувала и Пелазгиотида. Тесалија = Пелазгиотида. - пеларг = пи, пе + ларг (на + шир), се однесува и на морска шир (пучина) затоа што и морската шир е една голема рамнина. -Пелагонија (Пе + ларгонија) = рамнина, ширина. -Пела = рамничарска, ширна. -------------------------------------------- Пелазгите пред се се земјоделци, и се формирани како мешавина меѓу дојдените од преку Дунав ДЕЛОВИ на Арамски земјоделски племиња (кои во современата историја погрешно се идентификувани како грчки) и автохтоните Армани, кои пред се биле сточари, што незначи дека дел не се занимавал и со земјоделие. ----------------------- Сточарите се Власи, затоа што живееле надвор од урбаните средини, слободни во просторот. Значењето иде од терминот влихур (простор), влихурие, влахурие (пространство). Во изворниот македон-армански јазик терминот влах е синоним за номад, сточар, слободен човек. ------------------------------------------ - "ларгу" (широк, кај поедини племиња се користи и како термин за означување на "далеку". Генерално на изворен македон-армански јазик за "далеку" се вели "дипарте". 4. Армани, Арами, Арими, Армени.. Рамани..Армени (Ерменци) ? Е старо, прастаро именување на она што денеска се идентификува на Романи. Може само да се нагаѓа кое е значењето, но факт е дека е постаро од 4 милемиуми. Изменето од g-1 - 15.Април.2011 во 09:14 |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Taка де, Ематија е во долна Македонија. Има ли некое значење Ематија на ар'мански? Ма веројатно е скратена форма на индоевропскиот збор mater. Исто така и старословенскиот збор „мати“ е скратена форма. „Мајка“ е еден вид нагалено за „мати“. Како и да е, зборот ми беше дека сите народи, не сите индоевропски народи, туку сите народи имаат култ кон божицата мајка, и тоа е нормална, биолошка работа. На пример, ова дали ти е познато; ![]() или пак ова: ![]() или ова; ![]() Според Херодот, ако добро се сеќавам, од Пелазгите произлегле и Хелените. Можеби Пелазгите биле поголема група отколку што ние си мислиме. Можеби едноставно значи бели луѓе, Патем кажано, има ли некое значење „пелазги“ на ар'мански, па макар и далечно? Еј да, и од каде е тоа Ар'мани? Изменето од Pat - 15.Април.2011 во 00:08 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сите сме од Африка :)
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
g-1 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
1. Ематија е област во долана Македонија (Солунско поле). 2. "А за божицата мајка, абе пријател, коренот „ма“ во зборот мајка го има во сите индоевропски јазици." Правиш ли разлика меѓу корен и основен збор ? МА = мајка, не е корен туку збор, термин. 3. Да Пелазгите се тие од кои потекнуваат подоцнежните Римјани. |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Знаеш, ти доста ме заинтересира за оваа тема, па така се зачитав на еден романски сајт каде што цела Европа и половина Азија испадна дека била пелазгиска земја, и каде што божем Пелазгите биле нешто како прото-Римјани, пишува дека на пелазгиски „баба“ се велело како името на една македонска планина
![]() http://www.halfwayproductions.com/slavonic/pronouns/personal-pronouns.html http://www.russianlessons.net/grammar/pronouns.php Интересно, интересно ![]() А за божицата мајка, абе пријател, коренот „ма“ во зборот мајка го има во сите индоевропски јазици. Така и во словенските ма - ти. Ма -јка. Тоа -јка е само продолжеток за женски род, како па - јка, Изменето од Pat - 14.Април.2011 во 15:13 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
g-1 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Pelazgiskiot imal poveke dijalekti, no generalno poznato e deka vo antikata za "Golemata boginja majka", pokraj imeto Kibele se koristel generalniot termin "MA" (majka). 1. Во македон-арманскиот, и романскиот за означување на поимот мајка се котисти основниот термин "М^" (MA). 2. Во македон-арманскиот за баба се вели "маје" = "ма + је" (мајка е). Овој термин денеска доста е раширен и во Босна и Херцеговина. Па сега останува самиот да изведеш заклучок ![]() |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Г-1, како се велело на пелазгиски „баба“?
![]() |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |