IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 33>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 23:55
ТЕРОРОТ ВО МАЛЕШЕВСКА ОКОЛИЈА


Пехчево
Во периодот меѓу 1913—1915 година меѓу првите жртши во Малешшскиот крај се споменуваат имињата на Павле Додуков од Берово и Иван Странџата од с. Ра~ тево. Новите српоки управувачи се одлучиле да ги ликвидараат двајцата само затоа што биле организирани члвнови иа предвоената ТМОРО. Тие биле фатени од четниците на Јован Бабунски, долго биле тепани со стапови и горвни со вжештвни предмети по телото, понижувачки теглвни за рацете и нозете и на крајот уште иедотепани биле фрлвни во еден кладенец (бунар) во Пехчвво. На сличан начин четниците и жандармите се дресметале и со поранешните членови на Коимитетот за евакуација на насвлвнието од Пехчево и од блиските населвни места и тоа: Георги Косев, Иван Косвв, Никола Кујунџиски, Гале Ингилизов, Сотир Гугушов Кацароки, Тасе Михајлов, Иван Китанов, од Пехчево, Јован Рвндвв, Никола Илиев и Јован Рунтев од с. Негрвво. Иако тие биле обвинети за одржување вроки со комитите, ооседување на оружје и слично, всушност, се работело за иивно свеоно ликвидирање поради тоа што порано членувале оо Комитетот за евакуација на населвнието, а во новосоздадените услови би иможело да се члвнови на Комитетот за дезертирање на воените обврзници. Осомничените биле изложени на ѕверски измачувања, во основа затоа што не сакале да бидат Срби. Најпрво е уапсен и измачуван Тасе Михајлов, од кого иследниците барале да каже кои луѓе од Пехчево пред почетокот на I балканска војна го формирале Месниот комитет на ТМОРО, како обезбедување да не би некоја од балканоките држави поради земање на овој кадар ставила рака врз Пехчево и Околијата.
Тасе Михајлов, од кого барале список на членовите на Комитетот од Пехчвво и на соработниците во Околијата, иако тепан и измачуван до смрт, не предал ниту еден од членовите и соработниците на ова тело. Разочарани од неговото поведение, четниците и жандармите се нафрлиле жестоко врз останатите 9 затвореници. Во почетокот само ги распрашувале, а кога ќе се убеделе дека нема, ништо да признаат, ги тепале жестоко по сите делови на телото, им ги кршеле ребрата, рацете, нозете, им ја кубеле косата и ги обезличувале, а на крајот живи ги закопале под еден брег во близина на Пехчвво, на јужната страна. За ова ретко злосторство луѓето од Пехчево и Негрево дознале преку едно воено лице, кое, во разговор со девојката Фроса Сотирова (Станоава), дискретно го посочило местото на заедничката гробница на жртвите. Истовремено, за гробницата дознал и Михаил Арсов Станоев, жога овчароките кучиња по мирисот го откриле местото и почнале да ги отпретуваат труповите од плитката дупка. Кога телата биле откопани, иако од злосторството поминале 15 дена, лешовите се уште не биле распаднати, на сите им биле прегризани јазиците, а рацете им биле стиснати во тупаница и полни со коса. Познато е дека Сотир Гугушев подлегнал на повредите уште при измачувањето во затворот, Тасе Михајлов го преживеал теророт, но штом излегол од затворот се обесил, додека Никола Илиев, според сведоштвата на војникот, бил ооуден на смрт со тивко умирање.. .
Злосторниците не се задоволиле со тоа. Бо март 1915 г. жандарми, чехници и војници го опседнале Пехчево, одвлекле 4—5 помлади луѓе на присилно отслужување на воениот рок, додека сите други луѓе, средовечни мажи, старци и жени ги испозатвориле. Тогаш, од тепање биле онеспособени лицата: Ефтим Ингилизов, Данаил Ил. Секулов, Маца (Марија) Китанова, Хусеин Мулаалиев, Гаврил Каракутов, Иван Начев, Серафим Јанев, Христо Кацарски, Реџеп Барутчиев, Атанас Ангелов, Атанас Митрин, Магда Стамболиска, Маца Рендева, Паца Шејтанова, Марија Шејтанова и други. За да ги заплашат граѓаните на Пехчево
и да ги принудат да молчат, по наредба на околискиот началнвк, сите Пехчевци на возраст од 15—80 години биле затворени.
Меѓутоа, саканата цел и со тоа не била постигната. По излегувањето на луѓето од затворот, бегствата во Бугарија зеле уште пошироки размери.
с. Владимирово
Исто така во март 1915 г. на уште постравичен терор биле изложвни селаните на Владњмирово, Чифлик, Русичово, Митрашинци, Робово, Смојмирово и од останатите населени места на околијата. Во врска со крвавите и тажни мартовоки денови 1915 г. еден сведок кој, може да се каже, случајно го одминала смртта, за оваа егзекуција вели: „Во март 1915 српска војска, жандармерија и четници го опколија селото и опсадата траеше една недела. Надвор од селото никој не можеше да излезе, а ако се враќаше од било каде, го пуштаа да влезе во селото и ако беше маж, веднаш го фаќаа и го доведуваа кај другите изврзани селани. Изврзаа со дрва и ортоми околу 70—80 мажи. Дрвата и ортомите така беа наместени, што никој не можеше ниту да помисли на бегство од ова страшно менгеме. Кога ќе почнеа да не стегаат, месата на рацете, грбот и стомакот ни ги растеглуваа, а коските пукаа. Поради многу стегање, на поп Иван (Мицев — б.а.) му прсна едното око и бликна да му тече крв и бргу потоа изгасна. Со иста јачина ги стегаа: поп Иван Георгиев, Лазар Бакалов, Атанас (Наце) Деспотов, Димитар Крлански, Димитар Кушев и Ивац Стамболиев. На едни од нив им распукна стомакот, а на други им испукаа градните кошеви и тие по оваа грозотија изгаснаа. Извесно време по нив изумреа и: Димитар Новоселскц, Георги Богданов, Иван Чучев, Георги Распашков, Атанас Фичорски, Доне Кушев, син на Димитар, Петре Мазганоки, Михаил Кржев, Иван Ушев, Михаил Шушенов, Никола Деведишлиев, Иван Зрлев, Гаврил Наков, Алвкси Соколов. Околу 50—55 души бевме исто така стеѓани, газени, тепани и сите до
бивме рани. Измачуваа и две жени: попадијата Стојанка и Ефа Самарџиева. Во есента истата година пак селото се наполни војници и жандарми. И тогаш многу свет пострада. На повлекувањето одвлекоа 12 луѓе и никој од нив не се врати. Во затворите лежеа 51 човек и две жени: Стојанка и Ефа. Тогаш во Владимирово не остана човек да не е тепан, ограбуван и апсен, навредуван и слично”.
с. Смојмирово
Ова населено место се вбројува меѓу првите во Малеш по бројот на учесниците во I балканска војна. Обидите на српските власти во 1914 година да ги добијат симпатиите од селаните од Смојмирово на своја страна не успеале. Лицата кои со сила биле мобилизирани во српската војска побегнале на австроунгарска страна, а другите побегнале во Бугарија пред да им бидат врачени поканите за војска. Тоа е една од причините за теророт врз селаните меѓу 1913—1915 година. Друга причина за теророт тесно е поврзана со името на војводата Гаве Стоилов кој меѓу првите се појавил со четата во Малеш и ишотепала мноштво српски војници и жандарми. Немоќни да се справат со четниците на Гаве, српските власти, и во ова, како и во другите населени места, примениле мерки на терор. Меѓу тепаните луѓе од Смојмирово била и Ордана Н. Маркова, која го има забелелсано сето она пгго го преживеала, па вели: „Во селото дојдоа војници, жандарми и какви ли не други. Машки свет во селото речиси немаше, беа останале само стари луѓе и деца. Без да имаат срам и образ почнаа да собираат жени и да не водат во дворот на училиштето. Јана Аџиска, Јана Јованова, Пага Каракутова и Глегор Каракутов ги влечеа изврзани со ортоми. Жените лежеа и затвор и ги судеа. Глигор Каракутов беше успеал да им побегне. Нас почнаа да не тепаат кој со што може, со стап, со пушките и со разни други
предмети. Неколку жени и мажи, најарно е ако речам, ги сплескаа од ќотек, како на пршмер: Маца Мушкарска, Калопа Аџиска, Катерина Маркова, Вано Кушов, Петре Ангелинин, Вано Трошански, Ефтим Тасев, Гаве Аџиски,
Трендафил Марков, Гоге Нешов, Вано Костадинов, Коло Тасин Трошански, Аврам Предарски (избоден и убиен во планината), Тасе Самарџиев, Кхметски наместник умре од многу ќотек, Лена Мирасчиска исто така беше многу тепана и умре. Вкупно беа убиени во тоа време 6 души мажи, а 10—12 измачуваа Грците пред една година”
с. Робово
1. Димитар Стојов, убиен
2. Андон ПопДимитров „
3. Христо Ангелов „
4. Атанас Точев „
5. Георги Зафирков
6. Димитар Крмаров „
7. Георги Сивев „
8. Петре Малинов, му биле опожарени 2 куќи и 6 плевни.
с. Митрашинци
1. Иван Пуздерков, убиен
2. Ефтим Лубенов „
3. Трајан Цонкинов
4. Ефтим Продански „
5. Серафим Марков „
6. Илија Преметаров и други.
Покрај масакрираните луѓе жандармите и четниците во ова село тепале и ограбиле околу 15—20 семејства. На ѕверско измачување биле изложени: Петре Јанков, Илија Беќаров, Георги Беќаров, Иван Чеперковски, Иван Чипев, Сако Дивичин, Георги Цоков, Илија Дивичин, Цоне Лакашов, Иван Ковачки, Иван Милев, Глигор Лачов, Васил Стојчев и др.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 23:54
СТРУМИЧКА ОКОЛИЈА 1913—1915 ГОДИНА


Претходно е речено како е ослободена Струмица и нејзината околија во 1912 година. Најдобра слика за ослободувањето на овој крај дава Протоколната книга на Методистичкоевангелистичката црква во Струмица, во која, меѓу другото, е подвлечено: „Ослободителната војна имаше магично дејство среде Македонците. Со оружје в рака тие ги помагаа сојузниците и со тоа им ја олеонија задачата. Македонскиот народ зеде масовно учество во војната, бидејќи очекуваше таа да му донесе ослободување од турското ропство”.
Во овој, како и во некои други документи се споменува бројка од 100 илјади Македонци, ополченци и четници организирани од ВМОРО, пгго се бореле против Турците (се мисли на учесници од цела Македонија). Овој број изгледа голем. Меѓутоа, последното истражување на теренот покажа дека во овој број не се опфатени сите учесници од Македонита.
На 21 октомври 1912 г. една чета бугарски војници предводена од капетанот Алексиев влегла во Струмица. Наредниот ден во Струмица влегол и бригадниот генерал Атанасов. На пречекот на генералот, кога Сулејман Паша му ја подарил златната сабја, покрај народот, присуствувале: бугарскиот и грчкиот владика и турокиот муфтија. Во придружба на бугарските офицери се наоѓале и двајца српски офицери. Истиот ден во Струмица пристигнала и српска војска предводена од мајорот Никола Ст. Цоловиќ. Се настојувало кај народот да се добие впечаток дека и српските војоки, кои дејствувале заедно со бугарските, наводно придонеле да се ослободи Струмица.
Всушност, вистината била сосема поинаква. Бугарскиот генерал Атанасов бил далекувид и од самиот пречек заклучил дека Струмица и околијата веќе добро биле организирани и продолжил со продорот на неговите војски
на југ кон Дојран, Кукуш и Солун. Тој не бил загрижен што Струмица ја остава под команда на српските воени старешини од три причини: прво, во Струмица и во околијата веќе била формирана организирана месна власт; второ, установил дека страстите за одмазда меѓу христијаните и Турците допрва треба да избијат на површина, а најверојатно немал интерес Бугарите да го водат евентуалното крвопролевање; и трето, за него и неговата команда поважно било бугарската армија прва да влезе во Солун.’”
Во Струмица, пред и во деновите на теророт, пред крајот на октомври и почетокот на ноември 1912 г. била востановена месна власт со која раководел Павел Шестаков, опкружен со ополченци, припадници на четите на ВМОРО и првенци од Струмица кои пред тоа се наоѓале во заложништво во турската казарма. На ист начин, месна вдаст била востановена и во сите населени места во околијата. Еве и неколку примери за тоа: во Ново Село меоната власт ја претставувале Коте Златин, Мите Нацин, Мите Јаков, Георги Маслиноки и други; во Костурино: Доне Карагогов, Петар Пеличев, Атанас Алапулов и др. (подоцна се масакрирани); во с. Петралинци: Христо Френков, субаша на бегов имот, Коста Христоманов, субаша на бегов имот; во с. Моноспитово: Атанас Ансаров, Дончо Алаџов, Атанас В’нков и други; во с. Дабиле: Јоваи Шабанов, Васил Милушев, поп Трајко, Наце Цветков, Мите Палазов и други; во с. Сачево: Мите Петрушов Пипераров, Атанас Арбаџиев, Панде Фрланов и други.
Христијанската власт располагала и со вооружена милиција. Секое населено место имало извршено мобилизација на мажите способни да носат оружје. Во Струмица никогаш пред тоа не постоела така организирана и вооружена градска и селска власт. Во зависност од големината и стратешкото значење на населбата бил одредуван и бројот на носителите на власта и на вооружвните луѓе. Васил Галев, еден од членовите на МК задолжен да ја прекинува телефонската врска меѓу Банско — Еднокуќево и Босилово со Струмица, тврди: „Селото ни броеше 45 куќи, семејствата беа големи од 15 до 25 члена, а од секоја куќа имаше по 2—3 и до 4 вооружени. По една до две пушки и бомби имавме и дома. Со Турците сл1етките на брза рака беа расчистени. Потешко одеа работите
со прекрстувањето. Во Втората војна учествувавме сите зашто, тогаш, ако не сакаше да убиваш — ќе беше убиен.
По Втората балканска војна Струмица со околијата припаднала на Бугарија. По иселувањето на Турците и на гркоманите, бројот на населението значително опаднал како во градот, така и во населените места. На 10 август градот го напуштил првата група гркомани. Преселувањето е извршено со камиони, запрежни коли и со добиток. Иселувањето траело од 10 до 21 август. Вечврта на 21 спроти 22 август 1913 г. Грците го опожариле градот. Наредниот ден во пламен се нашле сите гркоманоки, турски и еврејоки куќи во Струмица. Пожарот траел се до 30 август, при што изгореле околу 1900 јавни, приватни куќи, дуќани и други објекти. Пожарот е задржан по барање на протестантскиот солунски мисионер Кунер, чие што барање го прифатиле грчкиот командант Ангелидис и офицерите Немолос и Јоанидис.
По опожарувањето на Струмица, во Грција се иселиле семејствата: Динчевци, Баковци, Габерци, Казанџици, ХаџиВелковци, Цинцевци, Козевци, Ризовци, Колчакци, Поцзеви, Колушковци, Караманолци, Мирчевци, Ризополци, Полинчевци, Гошо Грчев, Гаскарци и други. Иселеници имало и од селата: Велјуса, Мокрино, Збово, Мокриево, Колешино и од Габрово.
Иселвните турски, грчки и еврејски куќи и имоти ги запоседнале бегалци, кои доаѓале од Егејока Македонија, кои што виорот на војната ги одделил од родните опништа. Најмногу бегалци во Струмица и во Струмичко во август и свптемвриоктомври 1913 г. дошле од Кукушко, Дојранско и од Солунско. По воспоставувањето на границата во август 1913 г. па се до октомври 1915 г. во Струмица бегалци доаѓале секојдневно, а во некои денови приститнувале и по 1.000 до 1.500 и повеќе души. Само од Валандовска, Гевгелиска и Дојранска околија, вечерта на 2 опроти 3 април 1915 г., во Струмичка околија пребешале
6 до 7 илјади бегалци сосе семејствата и стоката. Според податоците добиени во анкетата, меѓу 1913 и 1915 г. од овие краеви во Струмица пребегнале 10 илјади луѓе, Македонци, Турци и други. Слична била состојбата и од правец на Радовишка, Штипска и од Малешевска околија. Така на пример, само во декември 1913 г. од подрачјето на Радовишка околија во една ноќ во Схрумица заедно со целокупниот имот и живата стока пребегнале сите жители од селата: Амзе Маале, Асанли, Ментешлија, Џами Маале, Папино и од Араклија. Во 1914 г. меѓу април и септември од Радовишка во Струмичка околија побегнале над 1.000 души, мажи, жени и деца, цели семејства од селата: Рајанци, Нивичино, Папавница, Долни и Горни Липсеиќ, Кснче, како и од далечните лакавички села: Гарван, Пиперово, Брест, Лесковица, Загорци, Скоруша, Калањево, Шопур, Калаузлија, Дамјан и од други места. Од територијата на Малешевска околија најмногу луѓе пребегнале во Струмица од селата: Ратево, Русиново, Владимирово и од Мачево. Од еден Извештај на окружниот пунктов началник на ВМОРО Коста Ципушев се гледа дека само во една ноќ во март 1915 г. од разни краеви на Македонија, во Струмица стасале 1.200 бегалци.
Податоците на известувачот се точни, бидејќи во тоа време теророт на српската власт над македошкото и турското население осетно е зголемен од една, и од друга страна, од причина пгго токму во тоа време се вршеле најголемите подготовки за кревање на востание против орпската окупација во Валандовска, Дојранска и во другите окупирани околии. Во февруаримарт 1915 г. во Струмица побегнале од с. Дамјан 130 души, од Дедино 60—70, од Калугерица 30—40, Радичево над 180, додека од, с. Шопур, Танатарци, Брест, Горачино, Козбунар, Шипковица и од други села, во Струмица побегнале сите мажи.^^
Во периодот помеѓу Овчеполскиот бунт и Валандовската атака сд IV—IX 1914 до IX 1915 година, заедно со мажите, во Струмица се почесто пребегнуваат и жени и деца. Во бегството на нив им помагале четите на
ВМРО. Во Струмица пребегнале поранешните ополчеици, војници кои во војната учествувале на бугарска страна, војводи, четници како и учители, свештеници, милосрдни сестри, кметски наместници и др. Бегале сите оние кои по било кој основ можеле да постанат жртви на шовинистичкиот терор. Во прилог на тоа во едно писмо на околиски началник од Радовиш се вели: „Гркомани од Струмица и Струмичко пребегнуваат во Радовиш и сведочат: во Струмица не се наоѓа бројна бугарока војска, но во замена на тоа мноштво бугарски комити (хмакедонските комити ги именува како бугарски), во градот и селата покрај српоката граница како и во внатрешноста вршат разбојништво врз небугарските народности”.
Содржината на писмото ги потврдува сознанијата дека Струмица имеѓу 1913 и 1915 г. е претворена во вистински резерват, сврталиште на воени дезвртери, четници на ВМОРО, како и на други бегалци од Егејска и од Вардарска Македонија. Пишувањето во писмото за постоењето на терор не може да се прифати за точно, ОД причина што во тоа Ереме во Струмнца живееле само македонци и Турци КОИ заеднички работеле за ослободувањето на Македонија. Ако авторот мисли на гркоманите, најзаблудените од нив се иселиле во Грција, но откако се соочиле со невистинитите грчки ветувања, и тие почнале да бараат одобрување да се вратат назад во родниот крај. Во Струмица и Струмичко не е вршен терор и врз доселениците од Егејска и Вардарска Македонија. Навистина, Струмичка околија во периодот меѓу 1913 и 1918 г. била во склоп на Кобуршка Бугарија, но за разлика од останатите окупирани територии од Македонија, носителите на целокупната административнополициска и црковнопросветна мрежа, со минимални исклучоци, биле од редот на македанското и на турското население. Ете зошто не се рвгистрирани некои драстични расправии и судири дури и тогаш, кога во исти куќи времено требало да живеат придојдени христијани и Турци од другите делови на Македонија. Прашањето со имотот, особено на големопоседниците, во Струмичка околија во извесна смисла било разрешено уште во 1912—1913 г. Крупните земјопоседници — беговите, агите и македоноките чорбаџии, промените што ги донеле војните ги прифатиле како свршен чин, односно на оите им бил конфиокуван дел од имотот и расподелен на доселените Македонци и на Турците. Во селото Иловица на пример, биле населени околу 200 до 250 семејства од Егејска Македонија и од територијата на Малеш. Во селата: Дражево, Старо и Ново Коњарево, Мокрино, Мокриево, Борисово, Чанаклија, Црвено Поле, Сушица, Штука и во други села, се населиле доселеници од Егејска Македонија, митранти од ридокопланиноките населби од Струмичка околија, како и Турци — бегалци од Дојранска, Валандовска, Радовишка и од Штипска околија. Најголем број мигранти од струмичките села имало од Стиник, Барбарево, Бадилен, Бајково, Рајанци, Нивичино, Требичино, Варварица, Рич, Белотино, Попчево, Триводи и други.
Во полоките населени места како: Петралинци, Сарај, Просениково, Сушево, Добрешинци, Ново Маала, Пиперово, Градошорци, Ангелци, Турново, Радово, Счево, Свидовица, Секирник, Зубово и други, се еаселиле доселеници од Бгејока Македонија и бегалци од соседните околии, најмногу од Радовишка, Малешевска, Дојранска, Валандовска и помалку од Гевгелиска, Штипска и Тиквешка околија. За разлика од другите околии во Вардарска Македонија, во кои населвнието во тој пвриод од ден во ден се осипувало, во Струмичка околија се зголемувало.
Ваквата пренаселеност на Струмичкиот крај од една, и од друга страна геостратешката положба, овозможувале непречвн р(азвој на ВМРО, која во Струмица формирала свој арганизацианвн пункт т.н. „Струмичка постојана окружна комисија” на чело со претседателот Коста Ципушев. Комиоијата главно ое занимавала со разузнавачка дејност, имала неколку окладови на оружје и екаплозивни материјали, четничка облека, имала старешински кадар, како и бројна и одмазднички настроена четничка армија, многу поударна и фанатизирана од било која друга армија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 23:54
ВАЛАНДОВСКО УДОВСКАТА АТАКА


Судири што и претходеа на атаката
Пред крајот на 1914 и во почетокот на 1915 година, четите на Коло Лефтеров и Димитар Недков, во судирите со српските воени единици кај Демир Капија убиле 40 српски војници и еден офицер. Орпскиот двор и буржоазија место да извлечат поука, да не посегаат по туѓа земја и место да ја укреоуваат северната граница спрема АвстроУвгарија, тие држале околу 100 илјади војска во Македонија и 10—12 илјади жандармерија и бројни четнички фо1римации за да го задушуваат во крв националноослободителното движење во Македонија.
Во почетокот на 1915 г., исто така, до судири меѓу четите на ВМРО, и силите на орпскиот режим дошло во с. Мечкуевци, Овчеполоко и во с. Жиганци, Кочанско. Во овие судири биле убиени 20—30 орпски војници и жандарми. Меѓувремено, четата на Ефрем Миладинов водела вистинска позициона војна со српски војници и жандарми на просторот меѓу селата Криви Дол — Сушица и Богословец и Топлик, Штипско. Српските разбојнички банди немајќи омелост да се соочуваат „по нож” со комитите, применувале метода на уцена и терор врз цивилното населвние. Во март 1915 г., за да ја опречат четата на Ефрем Миладинов да гарестојува во село Сушица и во Криви Дол, српските власти започнале во Криви Дол да градат голема лсандармвриока станица, а пред тоа г.рупа жандарми и четници ги изнасилиле жените: Сава Трајкова, Лефтера Саздова и Петра Митева, истовремено тепајќи ги со стапови сите селани. Од средината на март, српските четници и жандарѕуште започнале жртвите се почесто живи да ги закопуваат во земјата, или пак публично да ги бесат како во Гевгелиско, Радовишко, Царевоселско, Малешевско и во други места.
Во втората половина на март 1915 г. на целиот простор од Спрумица до Крива Паланка перманентно се водени вооружвни борби меп/ четите на ВМРО и ороската војска и жандармерија. Од еден српски извор се гледа дека во одбра^на на српската граница, во тоа време, покрај војската, жандармеријата и четниците, биле мобилизирани дури и учителите како и околиските и ошптинските чиновници. „Сите учители од Малешевска околија — стои во извооот, биле принудени ноќите да ги поминуваат во заседи со жандармите” .
Слична била состојбата и во другите реони на 06ласта. Анкетираните совре;иеници, тврдат дека, во пролетта и летото 1915 г., не постоело населено место, а да не било тероризирано, во кое, најмногу страдало голоракото цивилно население.
ПОДГОТОВКИ И РАЗМЕРИ НА АТАКАТА
Валандоѕскоудовската атака по жестокоста и обемот претставува најголем вооружен предизвик што го презела ВМРО иротив српските упразувачи во Македсиија меѓу 1913 и 1915 година. Причините за овој оружен судир се општопознати: терарот што српските воени и цивилни власти го опроведувале врз цивилното население. Резултатите од анкетата опроведена во Валандовоко, Дојранско и Гевгелиско, упатуваат на заклучок дека речиси нема населено место кое во периодот меѓу 1913—1915 г. не мало по неколку воени дезертери, бегалци во Струмица, кои во секое време биле готови на било каков ризик да им се одмаздат на српските власти. Едноставно, бегалците од овој дел на Македонија настојувале да дојдат до каковтаков судир со терористите — српските четници, жандармеријата и војската.
Според пишувањето на познатиот македонски револуционер Ангел Динев, за центар на подготовките за атаката )била одредена Струмица, во која, во тоа време, било седиштето на Постојаната окружна ко^миоија ва ВМРО оо која раководел Коста Цишушев од Радовиш. Тој бил пунктов началиик на ВМРО, раководел оо пограничната разузнавачка служба и поседувал преглед на сите емигранти кои по разни оонови нашле прибежиште во Струмица. Комисијата имала своја парична каса, облека, оружје и вкоплозивни материјали за извршување на напред опоменатите атентати на пругата Гевгелија — Велес и на други места.
Главниот магазин на оружјето, експлозивите, опецијалните штикови, четничката облека и друго, се наоѓал во с. Свидовица, во куќата на свештеникот Христо Терзиев, родум од с. Владаја — Дојранско, кое било опожарено 1913 година. Од Свидовица оружјето е разнесувано во пограничните села: Дорломбос, Мемешли, Орманли, Злеово, Костурино, Раборци, Попчево, Белотино, Рич и другите села спрема Валандовска околија.
Подготовките за атаката (нападот) се вршени во месноста „Маркова Река” во близина на с. Раборци, и во атарот на селата Водоча и Баница. Униформираните македонски и турски четници ноќевале во просториите на училиштето во с. Градско Балдовци и во поранешните заптиски сханици во с. Рич, Раборци и во пограничните турски иаоелани места. На вежбалишгето во „Маркова Река” и кај Водоча и Баница, четниците на ВМРО и друште учеоници во атаката вежбале со пушки, бомби и со ножеви. Кај „Маркова Река” вежбале четниците од македонско, а кај Водоча и Баница четниците од турско потекло. Бил избран и Главен штаб за инструктажа и раководење со нападот. Штабот го сочинувале: Петар Чаулев, Ване Стојанов, Љубомир Весов, Стефан Алабаков, Панајот Каранфилов, Туше Скачков, Христо Делчев, брат на Гоце Делчев, Петар Овчаров, реонски војвода за Дојранска околија, Тимчо Ковански, родум од с. Кованец, Гевгелиско, Усеин Хаки Беј, Лаззјр Рунтев од с. Габрово, Гевгелиско, Апостол Петков, Леонид Јанков, Стојче Чочков, Тодор Чочков, Попето Смоквички, Нишко Дончев Попов, Божин Танев, Илко Камчев, Георги Боцов, Абдија Капетан, Георги Илков, Назиф Ага, Георш Зајков, Христо Ѓурчилов, Атанас Гугуланов, Гоне Какаров, Анаштир Грбанаков, Андон Сарамандов, Аргир Манасиев, Ваоил Нецев,
Илија Маказлиев, Тома Икономов, бутарските поручници Николов и Казаков и други.
Четниците кои зеле учество во подготовките и во на падот на Валандово и на селата Пирава и Удово, најмногу бил регрутиран од редот на македонските и турските бе галци од Валандовска, Дојранска, Гевгелиска, Радовишка и од Малешевска околија. Според најновите податоци, за учество во Валандовската атака на 2 април 1915 г., само од РадовЕОПките села: Дамјан и Конче се пријавиле 180 турски доброволци. Додека турското население од селата Дорломбос, Башибос, Злеово, Горна Собра, Калково, Кал’ц ково, Кошарка, Татарли и др. без противење се воору жило и чекало оигнал за напад на граничните караули, жандармериските станигда и на српоките општински управи. И Македонците учесвици во нштадот биле мобилизирани на доброволна основа. Во тој поглед во Дневникот на В. Качаров, меѓу другото, стои: „Велко Качоров градеше куќа, а ѕидари му беа Божин Тасев, Лазар Тасев, Ванчо Тасев и Ефтим Калајџиев од Малешевијата. Два дена од неделата работеа само до пладне. На 31 март 1915г. дојде војводата Јован Белчов и им рече на мајсторите:„данеока ке ве носам во Струмнца. 1ие оез цротивење ги оставија алатите и му рекоа на татко им: „утре или за дендва ќе чуете, ќе ги препадиме Србите од Дојран и Валандово, а може и од цела Македонија. Весело кренаа со војводата кон Струмица и беа радоони што ќе одат во борба”.
Во подготавките и во нападот зеле учество 400 четници на ВМРО кои биле распоредани во 3 македански и 1 турска чета. Овој четнички потенцијал од (600—700) души за време на нападот бил лотпомогнат од 600 организирани члнеови на имеоната ВМРО од населеиите места на Дојранска, Валандовска и Гевгелиока околија, а најмногу ги имало од Валандово, Раброво, Долна и Горна Собра, Пирава, Удово, Калково, Пенуш, Кал’цково, Балинци, Брајковци, Марвинци, Миравци, Милетково, Давидово и од с. Фурка. Со оглед на тоа што е сочуван еден спиоок на меаните учеоници во атаката од гратчето ВаландоБО, денес, со поголема сигурност може да се зборува за јачината на силите во пресметката и од српока страна и од стра1на на ВМРО. Драгоцени се и податоците — прегледите на иселените семејства на 3 април 1915 г. од кои исто така може да се заклучи дека во атаката на 2 април 1915 г. не учествувале оамо 3 чети нај ВМРО и 1 турска чета, туку со оружје в рака учество зеле и голем голем број меони членови на ВМРО кои вон оите 1надворешни балканоки и вонбалкански комбинации, на нападот му дале народен, национален и ослободителен белег.
Не е спорно прашањето дека, со организацијата и подготовките, а особено со извршувањето на нападот непосредно раководеле: Тодор Александров, Александар Протогеров, мр Каранџулов, др Татарчвв зад кои стоеле: Австроунгароката влада и др Радославов (гер^манофил по убедување кој оакал Бугарија да се вклучи во I светока војна на отрана на Германија и Австроунгарците).
Во врска со тоа,, еве што коментира Ангел Динев: „Австријците му наредија на др Татарчев да организира едно востание во српока Македонија, за да се даде повод за нарушување на неутралитетот на Бугарија. Меѓутоа, др Татарчев не се ангажира во таа провокација, туку ја упати Австроунгароката влада на Тодор Александров и Алекоандар Протогеров кои со помошта на еден турски бег го организираа пограничното турско население во дојраноките и валандовоките села, како и дел од македонското наоеление во Струмица, па во пролетта 1915 г. извршија напад на Валандовока околија оо цел да ое урне железничкиот мост на Вардар кат о. Удово. Нападот беше подготвуван на бугарска територија, во Струмица, огништето за спроведување на германобугарската провокација”.
Тврдењето и коментарот на Ангел Динев не може да се прифати во целоот. На ваков заклучок упатуваат бројните сведоштва на современиците на настанот од струмичките села Градоко Бладовци, Свидовица, Белотино, Рич,Попчево, Раборци, Костурино, кои се категорични во тврдењата дека, организаторите на нападот биле во постотан контакт со кметските намесници од тие села, но потајно, зад грбот на официјалните бугарски виши власти од Струмица. Меѓу другите, така сведочат и: Лефтер Терзиев, преживеан учесник, син на свештеникот Христо Терзиев, еден од главните организатори, во чија што куќа бил главниот магазин за оружје на ВМРО, како и кметскиот наместник на с. Градско Балдовци Мите Михајлов. Првиот сведок вели: „Јас како и сите други што кренавме во напад, не ме интересираше политиката. Повеќе сакав да загинам одошто Македонија да биде под иго. На нас ни требаше само малку помош во луѓе и во оруж^е и ќе успееевме”. Вториот современик, Мите Михајлов, сведочи: „Тешко беше да се определиш. Бугарија водеше една политика, а Организацијата друга. Дење работев за државата, а ноќе за Организацијата. Четниците, кои престојуваа во училиштето, честопати ги карав бидејќи ја пееја песната „Ај да лдеме, ај да идеме Штип, Куманово, Штип, Куманово”. Преку песната можеше да се открие дека во нашето село се „вари” некоја каша.
Слични по содржината се и сведоштвата на: Николија Јанев, Коста Атанасов, Наќе Георгиев, Тимо Танев од с. Белотино, учесници во нападот и членови на извидничката дружина кои предводеле 3 чети на ВМОРО и една турска чета пред, и по извршувањето на нападот, на 3 април 1915 г. Во крајна линија, ваквата констатација може да се извлече и преку анализирање на фактот дека е бомбардирана куќатамагазинот за оружје на ВМРО, сопственост на Христо Терзиев во с. Свидовица. Меѓутоа е минирана и дигната во воздух со цел да се сокријат трагите на подготовките на атаката.
Нашроти 600—700 четници, припадници на ВМРО и нивните турски сојузници, српските одбранбени сили во атаката броеле 1.200 војници и целокупната жандармерија од просторот меѓу Демир Капија и с. Николиќево, кој Дојран. Српските воени и жандармериски сили биле распоредени по границата, во населените места и долж железничката линија меѓу Демир Капија и Гевгелија. Со нив командувале мајорите: Михајло Милјашевиќ, Горѓе Јовановиќ и Радомир Петраниќ. Командант на оите единици бил потполковникот Милан Виоровиќ.
Како директен повод за нападот послужиле измачувањата на атентаторите Георги Танев, Дине Пурдиков, од с. Петрово, Гевгелиско, Димитар Николов и Неда Ризманова од с. Градец, Валандовско, како и големите масакри извршени врз цивилното население во селата Дедино, Загорци, Караџилар, Дамјан, Рахитец, Гарван, Ињево, Скоруша, Долна и Горна Враштица, Брест, Пиперево и други во Радовишко, Гитипско и во Пехчево, од страна на четниците на Јован Бабунски и српската жандармерија.
Всушност, првиот напад започнал во атарот на Пехчево, на 29 март 1915 г., а по три дена, на 2 април истата година, на „Тежок петок”, во раните утрински часови била извршена страотна атака од страна на 4 чети на ВМРО врз Валандово и селата Пирава и Удово, Валандовско.
Нападот започнал во 3,30 часот наутро, за кој современиците велат дека повеќе личел на некаква бура одошто на воен судир. Српоките воени и други укрепувања на граничниот простор здеѓу селата Удово и Николиќево, најблаго речено, биле срамнети со земјата, а стражарите биле исклани. Најсилен бил нападот за преземање на Валандово и селата Удово и Пирава. За преземање на Удово, односно мостот на реката Вардар, меѓу 9 и 10 часот на 2 април 1915 г., се водела најжестоката борба. Околу 11,30 часот, напаѓачите (четите на ВМРО) се повлекле од кај Удово и без паника со нив се повлекувало и цивилното население од Удово, Калково, Кал’цково, Пенуш и од други села. Селаните со себе ја повеле и стоката (овци, говеда, кози и др.), а околу 15 часот попладне ја преминале границата кон Струмица. На другиот сектор од нападот биле атакувани орпоките воени и жандармериски сили, концентрирани во Валандово и с. Пирава. Валандово во тоа време го бранела единицата на мајор Милјашевиќ. Кога било забележано продирањето на бугарскотуроката чета кон Валандово, Милјашевиќ брзо ги евакуирал својата, и жените на останатите српски чиновници од Валандово, за
Гевгелија. Нападот на Валандово и Пирава бил урагански. Српската одбрана на брза рака била скршена, а запленетите војници и службеници, без двајца сите биле заклани. Во врска со овот настан еден современик, сведок на она што се случило, забележал: „Беше Тежок петок. Целото семејство бевме на црква. За време на мисата се чу пукотницата од многу пушки. Поп Димитар рече: тоа се нашите. Првите пукотници доаѓаа од кај Удово, каде што била нападната воената барака. Не помина ни еден час, се појави друга чета која почна да ги атакува трите српски бункери, кои беа подигнати над Пирава и Валандово. Кога четниците навлегоа во Пирава, под нож падна се што беше српско. Тројца службеници бегаа во правец на Удово. Низ шумата се провлекле до тиквешкото село Корешница, но тука биле фатени и биле исечени на парчиња. Еден српски војник беше земен во заштита од Дине Кавадаров, но Кор Абдул го оттргна војникот од рацете на Дине и бесно извика: „дај ми го да му ја изедам главата на тој руски човек”. Меѓу сите Срби што беа затекнати во Валандово и во Пирава, кожата си ја спасила само една жена на српски офицер што нашите жени ја беа сокриле во една фурна за печење леб и сливи, и еден жандарм кој се беше сокрил во ѕвоното на камбаната во Валандово. Не беа поштедени и болните млади кадети кои лежеа во Валандово. Сите, по ред, беа исклани. Не знам, можеби таква беше наредбата, не стрелаа, ами ги колеа Србите само со нож, како овци. Изгледот на четниците беше страшен, трчеа во платно. Никогаш не сум видел толку да им светат очите на луѓето, а забите да им крцаат од лутина. Ножевите им беа исукани и извалкани од крв. Видов како го носат на раце војводата Петар Овчаров, беше ранет. Кога ги испотепаа сите Срби, не собраа на збор и ни говореа дека во скоро време Македонија ќе биде ослободена. Вечерта четата се повлече спрема Струмица. Заедно со четата си заадинаа селаните од селата; Плавуш, Пирава (сите Турци и неколку напш семејства) Калково, Кал’цково, Гулели, Аразли, Баракли, Бапгчгели, Удово, Весели и од с. Верзели. Српската војска што доаѓала од кај Тиквеш, цел ден не се осмелила да крене кон Валандово, Удово и Пирава. Србите кои побегнале спрема Гевгелија, биле преплашени и се криеле по куќите. Српската воена коњица стаса наредниот ден. На оние што останавме во
селото ни беше наредено да ги пречекаме Србите со бело знаме. На чело на поворката беше жената на офицерот што ја беа сокриле нашите жени во фурната. Таа на српските офицери им кажа: „Турци беа, не ги задевајте Бугарите .
И сведоштвата на П. Градечки во целост се поклопуваат со оние на претходниот сведок. За време на нападот, Градечки се наоѓал во една визба, во куќата на Зурап Бфенди во Старо Удово. Тој го слушал разговорот меѓу Зурап и Абдија Капетан. Во рацете му паднало и едно пиомо со список на Организацијата, но за жал тоа било оштетено, па затоа тот само го интерпретира по сеќавање. Значајно и изворно е сведоштвото на Градечки кога зборува за закопот на убиените Срби, па во врска со тоа вели: „Вкупно беа наредени во Удово 480 мртви, исклани и стрелани српски војници и жандарми. Немаше кој да ги оплакува. Говор одржа учителот Христо Нановиќ од Дојран, кој опомна дека се очекувало да умрат од раните околу 300 други војници и жандарми. По тоа, знам дека за време на атаката беа убиени околу 700 Срби. Меѓу убиените вмаше и железничари. Нановиќ рече: „Срам нека им биде на Бугарите. По крв се наши браќа, а со крвта на нашите деца за овој Велигден, на нивните деца нека им вапцуваат јајца”.
Инаку, од Валандовска, Дојранска и Гевгелиска околија, учесници во атаката од 2 април 1915 г. има повеќе на број. Така на пример, само од с. Пирава вечерта на 2 април заедно со четите на ВМРО, се повлекле 50% од вкупното население. Слична била состојбата и со населението на Валандово, Брајковци, Балинци, Марвинци, Раброво и други. Учесници во атаката има од Гевгелија, Дојран, с. Николиќево, Фурка, Долна и Горна Собра, Казандол, Татарли, Стојаково, Богданци, Богородица, Смоквица, Габрово, Петрово, Серменин, Хума, Конско, Кованец, односно од сите населени места на трите околии. Меѓу загинатите околу 40 припадници на четите на ВМОРО, се споменуваат Јован Колев и Милуш Колев од с. Балинци. На списокот на учесниците во атаката се споменуваат и:
Гоне Какаров, Мито Самарџиев, Мито Банев, Ваоил Христов, Јован Колев, Глигор Хаџиев, Христо Танкин. Наќе Танчев, Милан Колев, Томе Глигоров, Илија Попов, Томе Грбанаков, Анаштир Грбанаков, Андон Сарамандов, Георги Зајков, Диме Ѕанев, Ефтим Ѕанев, Ефтим Кечев, Христо Џртев, Јован Тегов, Христо Ѓурчилов, Атанас Гуголанов, Аџи Беј, Исинага, Топалбеј, Кор АбдулЕфенди, Зурап Ефенди, Томе Бајлозов, Дине Кавадаров, Ташо Павлов, Мито Гурето, Анаштир Брзанов, Коло Арнаудов, Тануш Џаков, Ефтим Зајков, Ангел Бакалов, Андон Бачев, Апостол Џетков, Леонид Јанков, Тимчо Кованоки, Попето Смоквички, Сто.јче Чочков, Петре Чочков, Нишко Попов, Георги Илков, Божин Танев и др.”‘
Во орпски извори се наведува дека во нападот учествувале околу 3.000 бугарски и турски четници од кои: 2.0О0 извршиле напад на Удово и 1.000 одлично вооружени и добро облечети бугарски комити го нападнале Валандово. Овие податоци не се точни, како што не е точен ни бројот на 181 загинати и околу 67 ранети српски војници. Односно, српоката комаеда поради срам, бројот на бугарските комити го зголемува од 600 на три илјади, а бројот на загинатите српски војници, жандарми, железничари и цивилните службеници, од 700—720, го смалува на 181 односно на 281 мртви и 67 ранети.
Од мошне поголемо значење за историјата се целите на атаката. Српските извори зборуваат за долго и добро подготвена акција на бугарските комити кои преку нападот имале за цел да ја принудат Србија на поголема попустливост во однос на Македонија, од една страна, и, од друга, преку разурнувањето на железничкиот мост на Вардар кат с. Удово требало да се спречи дотурот на помошта што Србија ја добивала од сојузниците преку Солун. Во крајна линија, замислата на АвстроУнгарија успешно завршила. Земјите на Антантата кои пред тоа биле готови на Бугарија да и направат отстапки во одпос на Македонија, се разбира, доколку таа би прифатила да биде на нивна страна во војната, после атаката се разочарале од нејзиното поведение. Овој момент го искористила Србија која започнала широка кампања против Бугарија.
Валандовоката атака од мно1гу групации била о^оудена како акт што го урива угледот на Бугарија. Против атаката се изјаонил дури и Иван Филев, министер на Бугарската армија. Тој не Ја прифаќал соработката што му ја нуделе Тодор Александров и Александар Протогеров. Во прилог на тоа се произнел само министерпретседателот на бугароката влада, др Радославов, кој тврдел дека востанието во Валандово е дело на месни луѓе кои кренале глас против неподносливиот крвав режим во Вардарска Македонија.
Бидејќи силите на Антантата побарале спроведување на анкета на населението на местото на нападот, др Радославов го повикал во Софија пунктовиот началник на БМРО од Струмица Коста Ципушев, при што го предуиредил, за во иднина, при преземањето на бипо какви акции против Србите, да биде повнимателен.
Меѓувремено, атентатори од Гевгелија ја минирале куќата на свештеникот Христо Терзиев во с. Свидовица, при што тој и семејството биле мренати во воздух. На тој начин трагата, Организацијата да биде изведувач на атаката била избришана. При спроведувањето на Анкетата во Удово, Пирава, Валандово, на бугарока страна сведочеле и двајцата преживеани српски сведоци: жандармот, кот се скрил во камбанаријата и жената на офицерот што ја скриле жените од Валандово во фурната за печење леб. Според зборовите на Алија Ибраимов, тие кажале: „напаѓачите беа Турци, не беа Бугари”. Така сведочеа бидејки Србите се уште се надеваа дека ќе треба да се спогодуваат со Бугарите, кој од нив, на кој дел од Македонија ке биде гооподар. Србите на војводата Петар Овчаров му даваа подароци. Војводата Овчаров беше ранет кај Удово. но за него Србите ништо не им кажаа на Европејците”.
Целта што сакала ВМРО да ја постипне со атаката од 2 април 1915 г. не била постигната. Српските окл/патори уште наредниот ден по нападот се нафрлиле врз населението во Македонија. Во с. Пирава, иако српската воена единица на 3 април 1915 г. била пречекана со бело знаме од месното население, кое останало во селото, војниците го убиле Алија Домазетов, а на другите граѓани почнале да им се закануваат дека сите до еден ќе бидат истребени.
Во Валандово орпските војници почнале да се пресметуваат уште пожестако со луѓето. Влегувале во куќите и барале сокриени комити. Од ова место биле одвлечени и парчосани неколку граѓани. И не само во Валандовско, Гевгелиско и во Дојранско, српските војници, жандари и четници во знак на одмазда крваво се пресметале со голвм број Македонци и Турци и од другите краеви на Македонија. Др Петар Стојанов времето по ВалаЈНДОвокоудовокото востание го наречува период на ново чистење од „бугарашките” елементинапросторонтево: Валајндовско, Радовишко, делови од Струмичко и цела источна Македонија. Во прилог на ваквата констатација зборува и изјавата на началникот на Брегалничкиот округ, кој споменува бројка од 73 уапсени бугараши од територијата на Радовишка околија, меѓу кои имало и 13 Турци, вмешани во аферата на Бостанието во Валандово. Во изјавата на началникот се споменуваат имињата на Коце Зафиров и Тодор Андонов за кои е подвлечено дека се раскајале — првиот полудел, а вториот скокнал од горниот кат на зградата на Околиската управа.
Всушност, се работи за лица уапсени пред ВаландовскоУдовското востание, но началникот на Брегалничкиот округ од политички причини, како и со намера да ги оправда ирвавата недела на режимот, апсењата, масакрите и сите крвави драми, ги поврзува со настаните во Валандово и, на тој начин, вината за сето тоа пред оветската јавност требало да се прикачи на Бугарија.
На голем терор по Валандовската атака биле изложени жителите на Малешевска, Царевоселска па и делови од Штипока околија. Само од с Владимирово, Малешевско, биле уапсени, тепани и убивни околу 100 души меѓу кои имало и жени. Покрај тоа, српските гооподари во пролетта, а оообено во летото и почетокот на есента 1915 г. почнале да земаат и заложници кои во најголем број случаи беследно исчезнале, или пак им се подигнати надгробни пахметници, но во гробовите нема нивни коски.
И на крајот, треба да се одбележи и тоа дека Валандовокоудовоката атака има белези и на народно востание. Самиот факт што на 2 април 1915 г. десетина села целосно, и десетина делумно се иселиле од Валандовска во Струмичка околија, доволно говори дека нападот не бил комитаџиоки, како што е окарактеризиран во орпските извори, туку дека е вистиноки израз на револт на народот и очајнички обид да се дојде до саканата слобода. Сосема е друго прашањето: што сакала АвстроУнгарија; каков бил отавот на другите европоки и балканоки држави; какви цели имале инопираторите и слично.
Учеоницете од редовите на народот се вклучиле во акцијата и во преометките, за да го отфрлат српското господотво и да се добере слободата. Бидејки востанието не успеало, околу 6 до 7 илјади луѓе со се живата стока од Валандовока, пребегнале во Струмичка околија. Всушност бројката на пребегнатите го одредува и карактерот на настанот.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 23:53
ЦРКОВНОПРОСВЕТНАТА ПОЛИТИКА НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА 1912—1915



Црковнопросветната мрежа на територијата на Југоисточна Македонија пред балканските војни била густа и, што е уште позначајно, била добро екипирана со свештенички и наставновоспитувачки кадар. Од една сравнителна карта на учебното дело, која се однесува на учебната 1903—1904 година, може да се види дека цркви и училишта биле отворени скоро во сите населени места во областа, каде живеело словенско население. Пред почетокот на војните се отишло дури до таму, прашањето за верата и за училишното дело да биде актуелизирано и во мешаните македонскотурски населени места. Имено, меѓу Хуриетот и балканските војни, христијаните од мешаните населени места почнале да ги откопуваат од земјата црковните крстови и на местата на ископувањата. почнале да се собираат и да ги извршуваат верските обреди. Приодот кон училипшото дело исто така е прецизен. Сравнителната карта овозможува да се види дека, во споменатиот период, во училиштата во Македонија биле опфатени вкупно 75.267 ученици од кои егзархиски биле 45.839 патријаршиски 26.162 и српски 3.266 ученици. Од ово] број, на училиштата во југоисточна Македонија отпаѓале 11.468 ученика од кои: во Штипската каза се школувале 1.125, во Кочанската 938, во Дојранската 835, во Гевгелиската 2.185, во Струмичката 1.726, во Кратовската 639, во Тимвешка 571, во Пехчевоката 1.116, во Велешката 1.870 и во Радовишката каза 463 ученици. Значајно е и тоа што, во грчките училишта на територијата на југоисточна Македонија биле опфатепи само 1.566, а во српските само 467 ученици. Тоа значи дека пропагандите на овој простор го немале она
разорно дејство (се мисли на црковнопросветната пропаганда), како во останатите делови на Македонија.
Меѓутоа, мрежата на училиштата и црквите започнала да се стеснува уште во втората половина на октомври 1912 г. Скопскиот србоман Илија Гаврилов(иќ) на 25 октомври 1912 г. со писмо се обратил до Р. Путник и барал во новозаземените области да се отворат српски училишта и да се доведат учители од пределите на стара Србија кои требало да вршат функција на „продолжени” раце на власта. Така, од вкупно 641 училишта колку што имало на територијата на Вардарска Македонија (егзархиски) и 37.000 ученици, веќе кон крајот на октомври и почетокот на ноември 1912 г. повеќе од половината престанале со работа. Однооно, 1013 учители биле принудени да се прикажуваат (декларираат) за Срби, 761 црква биле прогласени за српоки, а заедно со црквите, за Срби биле објавени и 833 свештеници егзархисти.
По склучувањето на Бук*решкиот мировен договор, Србија добила одврзани раце да отвора свои училишта и цркви, и, преку верата и воспитанието, што поскоро да го србизира македонскиот народ. Тогашниот министер на просвета на Србија, Љубо Јовановиќ, побарал да се одобрат 60 милиони динари од Владата, за организирање, отворање и работа во училиштата во „новооолободените” краеви.
Отворањето на четири обласни инспекторати во Македонија се смета како една од првите мерки на тој план. Од четирите инспекторати најголем бил Брегалничкиот, чие седиште, од целисходни причини, место во Штип, се наоѓало во Велес. За прв инспектор на Брегалничката училишна област бил поставен Стефан Нешиќ. Обласниот инспектор поставил 12 училишни надзорници кои биле задолжени во најкус можен рок да извршат непосреден увид на училишните згради, инвентарот, бројот на училишните обврзници, „декларираните” српски учители и на сите прашања сврзани со училишното дело.
Училишните надзорници до крајот на есента 1913 г. ги завршиле поставените задачи, направиле попис на училипггата, инвентарот, бројот на учениците, кадарот и др. Тие регистрирале кои училишни згради можат да се користат, кои згради не биле слободни, а во кои училишта заседнале војници, жандармерија и четници, околиски и оиштински службеници итн.
Ако на прв поглед работите околу отворањето на училиштата изгледале едноставни, практиката не го потврдила тоа. Пред се, голем број училишта за време на балканските војни биле разурнати, опожарени и разграбени. Немало ни доволен број на учители. Голем број од егзархиските учители и свештеници ги напуштиле своите родни и работни места и заедно со бугарските војски се повлекле во Бугарија. Во првата група на учителскиот к*рс во Белград, за изучување на српската историја, јазик и географија, се пријавиле само 152 учители, а за втората група само 84 учители.
Всушност, одбивањето на егзархиските учители да ги посетуваат к*рсевите во Белград единствено можело да се протолкува како мирен отпор спрема новата српска власт. Во работите околу отворањето на училиштата и организирањето на училишното дело се вмешала и полицијата. Односно, сите егзархиски учители кои пружале отпор по било кој основ, во поглед на посегувањето на националните к*рсеви во Белград, веднаш требало да бидат мобилизирани во српската армија и тоа во служба на позадинските работни единици. Спрема свештениците полицијата била уште поригорозна. Тие можеле и физички да бидат накажувани доколку пружале отпор спрема канонските правила на Српската православна црква.
По преземањето на овие драстични мерки спрема егзархиските учители и свештеници, мнозина од нив пребегнале во Бугарија и во Струмица.
Од една Заповед на Министерот на просвета и црковни работи од 28 септември 1913 г. може да се види дека Љубо Давидовиќ барал од Главниот просветен совет на Кралството, да бидат отворени средни училишта во
Штип, Велес, Дојран, Гевгелија, Кратово, Кочани и во Кавадарци. Во учебната 1913—1914 г. гимназии биле отворени само во Штип и Велес. За директор на гимназијата во Штип бил назначен проф. Лазар Трипковиќ, а на гимназијата во Велес проф. Павле Вујовиќ.
Во учебната 1913—1914 г. било предвидено училишта да бидат отворени во следните населени места:
— Кратовска околија: Злетово, Баратлије, Шопско Рудари, Страцин, Опила, и во Кратово;
— Кочанска околија: машко основно училиште во Кочани и во селата Блатец, Бели, Виница, Грдовци, Зрновци, Липец, Облешево, Оризари, Пантелеј, Соколарци и во Танатарци;
— Гевгелиска околија: Гевгелија, Богданци, Смоквица, Негорци, Горничет, Грчиште, Гавато, Стојаково, Моин, Мрзенци и во Миравци;
— Дојранска околија: Дојран, Фурка, Пирава, Кал’цково, Валандово!;
— Велешка околија: во Велес и во 16 населени места. Од прегледот јасно се гледа дека не се дадени пода
тоци за Овчеполска, Неготинска, Радовишка, Штипока, Царевоселока и Малешевска околија.
Тоа се должи пред се на недостигот на учители — Срби. Од вкупно 417 учители за учебната 1913—1914 г. за цела Вардарока Македонија, за Брегалничката област биле одредени се на се 31 учител, односно толку колку што биле потребни само за околиските градски центри. Засега, од сигурни извори се знае дека во таа учебна година, поточно до февруари 1914 г., училиште не било отворено дури и во Царево Село.
На српските завојувачи, кои од училиштата многу очекувале во поглед на асимилацијата на македонскиот народ, работите на тој план не им тргнале на добар пат. Во велешкото село Горно Врановци родителите по договор одбиле да ги пуштаат децата во српокото училиште. За да го задушат отпорот на родителите од ова село, во интервенцијата се вклучиле војници и жандарми. Работите не оделе како треба и во Штипската прогимназија. Во таа
учебна година на крајот во Прогимназијата останале да се школуваат само 13 ученика во IV клас.
Учениците не пројавувале интерес за изучување и на единствените наставни дисциплини: пеење, српски јазик, српска историја, српска географија и словенско читање. Последниот од овие наставни предмети бил укинат поради изучувањето на бугарските букви.
Наредната 1914—1915 учебна година, исто како и претходната, не започнала нормално. Тогаш, веќе Србија била во војна со АвстроУнгарија од една, и од друга страна во оваа учебна година започнало масовно дезртирање на воените обврзници, појавата на бегства преку границата, а зачестиле и масовните упади во четниците во ВМРО кои, меѓу другото, имале задача да не дозволуваат ширење на мрежата на српските училишта и цркви во Македонија.
Во 1915 г. училиштата повеќе личеле на жандармериски и војиички бункери одошто на места за образование и воспитание на младата генерација. Во еден извештај на училишниот инспектор на Малешевска околија, меѓу другото, е забележано: „Во некои села училиштата беа оставени без оружје и беа изложени на ризици. Целото население е во бегство .. . Учебната 1914/15 г. е карактеристична и по тоа што Тифусот е постојано присутен и многу училишта беа затворени и не работеа. Сите учители од Малешевока околија се принудени ноќите да ги минуваат во заседи заедно со жандармите”.
И додека работите на планот на училишното дело оделе во ќорсокак, Министерството за просвета од Белград, во септември 1915 г., донело Одлука да се отвори IVкласна прогимназија во Неготино, а Велешката гимназија да прерасне во VIкласна. За да бидат работите уште посмешни, од највисоките просветни органи во Белград се почесто пристигале заповеди и расписи со кои е барано да се изнаоѓаат најдобри можни решенија за привлекување во српските училишта и на децата од турска и влашка националност, како и на децата Македонци кои се школувале во унијатоките училишта во Гевгелија, Стојаково, Богданци и во село Палурци, Гевгелиско. Во унијатските училиш
та се школувале: во Гевгелија 69 ученика, во Стојаково 78, во Богданци 48 и во с. Палурци 50 ученици. И во работата на овие училишта почнала да се меша полицијата. Наставниците биле обвинети за соработка со четите на ВМРО, а врз родителите секојдневно бил вршен притиоок за да ги спречат децата да не ги посетуваат овие „бугарашки училишта.
Кога станува збор за работата на училиштата и црквите во тоа време, меѓу другото, важно е да се одбележи и тоа, каков бил односот на учителите спрема учениците. Современиците, тогашни ученици, едногласни се во изјавите дека српските учители повеќе личеле на жандарми и војници, одошто на воспитувачи. Тие влегувале во училниците честопати вооружени, ненаспиени и лути, поради омразата кон четите на ВМРО, сиот свој бес го истурале врз учениците: ги тепале и навредувале со пцости, упатени на нивната „бугарашка” мајка.
На крајот, за одбележување е и фактот дека во тоа време не биле отворени во сите населени места што се споменати во извепггаите и во другите документи што ги пишувале и иопраќале тогашните српски училишни надзорници. Така на пример, меѓу 1913—1915 г. не работеле училиштата во: Гавато, Мрзенци, Моин, Горничет и во с. Грчиште, Гевгелиско и Валандовско. Во с. Грчиште дошол учител, некои од селаните дури и не го виделе, а тој си заминал. Слична била оостојбата и во Малешевска, Царевоселска, Штипска, Радовишка и во Овчеполска околија. Наместо училипгга, српските власти масовно се подготвувале за изградба на жандармериски станици. Српските црковни и прооветни власти во поглед на денационализацијата на македонскиот народ не постигнале никакви резултати. Најреално речено, не изградиле и не реновирале ниту едно училиште, не успеале да ги воведат децата во наставата, а учителите самите себе се трансформирале во потерџии.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 16:08
Samo ne uspeav da sfatam sto tocno saka da kaze Kiril Karadzov /Karadzic/ so slednoto


Dali gocevata VMRO bila srpska organizacija /na nasiot narod od jug/ ili pak "Politika" gi priznava Makedoncite?

Nesto ne mi e jasno.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 14:17
Ма остај,ова Српската пропаганда претерала,од Еден ТуркоМонголин како Левски да прави Србин не ми се веруе
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 12:11

Васил Левски со македонска носиjа


Изменето од чоли - 11.Ноември.2010 во 12:12
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 11:59

Васил Левски со левски знак.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 11:50
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Што ти е пропаганда брееееееее!!!!!!!!!



Па Левски нема Лавови бе - Лавовите се украдени од Македонците,затоа и денес ги иматенамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 08:05
Aj види пак капите на воjводите, на кои е државниот грб на Бугариjа со двата лава и слоганот "Соединението jа прави силата".
И ова не е во бугарската воjска, туку во Македониjа, без да е должен некоj да го носи:


Михаил Ганчев, Пандо Шишков, Сотир Атанасов, Боби Стоjчев и Атанас Бабата вo 1903 г.



Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 00:13
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

Ова се лажеш самиот себе или мислиш дека навистина ке помине одговоротголема%20насмевка

Па јас како што гледам лав нема на капите а знам дека Ѓорѓија Беровски таков амблем не носел на својата капа,па дури и униформата не му е таква како на Србите или на Бугарите а Лав за амблем носи и тој на својата капа а и знамето на Разловечкото востание е со Лав.

Ај сега тесна ситуација - дали великиот левски е само Србска марионета во Српска униформазбунетост
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 21:22
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Што ти е пропаганда брееееееее!!!!!!!!!



Разликата е што Левски е во Србиjа, легиjата е финансирана од србската влада и нормално има униформа (сепак не гледам српски грб на капите).
Додека македонските воjводи и револуционери сосема jавно носеле капите со бугарскиот државен грб НАДВОР од териториjaта на Бугариjа, без да бидат организирани во некакви легии или други воени формации, без да се финансиски поврзани со некаква влада.
намигнување
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 19:46


Денес постои бугарски комитет, али тоj не е ВМРО
---
Интересно. Значи Тодор Александров не е претставник на ВМРО а току на некаква друга организациjа?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 19:37
Што ти е пропаганда брееееееее!!!!!!!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.