![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2223242526 36> |
Автор | |
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1216.- Умре англискиот крал Џон Без Земја, младиот син на Хенри II, кој во 1215 година мораше да ја потпише големата повелба за слобода во Англија „Magna kartu libertatum“. Со повелбата е ограничена власта на кралот и воспоставени се основните англиски уставности и јавни права. 1735.- Роден е Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797-1801 г.). Умре на 4 јули 1826 година. 1745.- Во Даблин умре Џонатан Свивт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. Неговото најпопуларно дело, фантастичниот роман "Гуливеровите патувања", претставува сатира на политичките прилики на Велика Британија и прераснува во потсмев на целиот човечки род и на неговите установи. Познати се и неговите дела "Битка на книги" и "Приказна за бурето". Роден е во Даблин, на 30 ноември 1667 година. 1812.- Францускиот цар Наполеон I нареди повлекување и напуштање на Москва и почна со повлекување од Русија. Неуспешната инвазија врз Русија и поразот во судирот со руската војска под команда на фелдмаршалот Михаил Кутузов, го означија почетокот на крајот на Наполеоновата империја. 1813.- Со влегувањето во Лајпциг армијата на здружените сојузници - Русија, Прусија и Австрија ја завршија тридневата „Битка на народите“, во која се победени силите на францускиот цар Наполеон I. По поразот Наполеон се повлече преку Рајна и неколку месеци подоцна беше принуден да абдицира. 1859.- Роден е францускиот офицер од еврејско потекло Алфред Драјфус, кој во 1894 година е обвинет дека од Германија издавал воени тајни и е осуден на доживотна робија, само врз основа на сомнеж и изјава на графолошките стручњаци. Испратен е на еден од најголемите затвори во светот на Ѓаволските Острови во француска Гијана. Во негова одбрана застана најславниот писател во тоа време Емил Зола кој во написот „Обвинувам“ во весникот „L'oror“ објави отворено писмо до претседателот на Републиката. Дури во 1906 година капетанот Драјфус е рахабилитиран, вратен во војската и е унапреден во чин мајор. 1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимијер, кој заедно со својот брат Лујем ја направи првата филмска камера и во Лион основа фабрика за изработка на фотографски материјали. Браќата ја открија постапката за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредија првата филмска претстава во светот - „Влез на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“. 1872.- Во Нов Јужен Велс во Австралија е пронајден „Холтерманов грумен“, плоча со тежина од 235,14 килограми, во која имаше 82,11 килограми злато, најголема пронајдена количина на злато. 1875.- Умре англискиот физичар Чарлс Витстон, пионер во телеграфијата. Го пронајде методот за одредување на електричниот отпор („Витстонов мост) а ги истражуваше електрицитетот, светлината и звукот. 1899.- Во Сиудад Гватемала е роден Мигул Анхел Астуријас, гватемалски писател. Неговиоте дела имаат социјална обоеност зашто во нив ги прикажува тешките општествени и економски проблеми во својата земја. Познати негови дела се „Господинот претседател“, „Пченкарни луѓе“, банкарската трилогија „Ураган“, потоа „Зелениот папа“, „Очите на закопаните“, „Викенд во Гватемал“ и други. Во 1966 година ја доби Лениновата награда за мир, а во 1967 годија ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Мадрид, Шпанија, на 9 јуни 1974 година. 1915.- Русија и Италија во Првата светска војна и објавија војна на Бугарија. 1919.- Во Кочани е роден Благој Попов, носител на „Партизанска споменица 1941“, повеќе години истакнат македонски раководител, познат како успешен претседател на Собранието на градот Скопје во времето на земјотресот во 1963 година и обновата на градот и како еден од претседателите на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. 1924.- Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умре на 6 јануари 1983 година. 1931.- Роден е англискиот писател Дејвид Џон Мур Корнвел, познат како Џон Ле Каре, мајстор на модерсниот шпионски роман. Дела: „Војна во огледало“, „Малиот град во Германија“, „Наивен и снетиментален љубовник“, „Дечко, дама, крал, шпион“, „Племенит ученик“, „Панамски кројач“, „Чист шпион“. 1935.- Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. 1937.- Умре новозеландскиот физичар од англиско потекло Ернест Ратерфорд, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1908 година, еден од втемелувачите на модерните атомски теории. Највеќе се занимавал со природната радиоактивност и фундаменталното истражување во таа област откривајќи три типа на радијација кои ги означи како алфа, бета и гама зраците. 1944.- Трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на Втората светска војна, на 4 јули 1946 година е прогласена независна Република Филипини. 1954.- Склучен е англо-египетскиот договор за повлекување на британските трупи од зоната на Суецкиот канал во рок од 20 месеци. 1957.- Сојузна Република Германија ги прекина дипломатските односи со Југославија затоа што Белград ја призна Демократска Република Германија. Односите беа обновени во февруари 1968 година, во време кога шеф на бонската дипломатијата беше Вили Брант. 1964.- Во несреќата на советскиот авион „Иљушин - 18“ кој се спушташе на Авала никој не преживеа, вклучувајќи ја и шестчлената делегација на советската армија заедно со маршалот Сергеј Бирјужов, која требаше да учествува на прославата на 20-годишнината од ослободувањето на Белград. 1986. Претседателот на Мозамбик Самор Машел загина во авионската несреќа во близина на границата со Јужна Африка, за која се претпоставува дека причината за несреќата била јужноамериканска саботажа. 1987.- Во сударот на два патнички воза во предградието на Џакарта загинаа 102 и беа повредени повеќе од 5.000 луѓе. 1987.- На њујоршката берза „Дау Џонс“ вредноста на акција во текот на еден ден падна на рекордни 508 поени, односно 22,6 отсто, што е запаметена како „Црн понеделник“. 1991.- Одбележана е 800-годишнината од живописувањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото к*рбиново, Ресенско. Зографирањето на црквата почнало на 15 април 1191 година. 1994.- Рускиот премиер Виктор Черномирдин испрати писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. 1994.- Во експлозија на бомба која во градски автобус во Тел Авив ја активира исламски терорист-самоубиец, загинаа 22 луѓе. 2001.- Најмалку 350 луѓе, повеќето ирачки бегалци, загинаа кога во близна на брегот на Јава потона пренатрупаниот број кој од Лампунг на индонезискиот остров Суматра исплови во правец на Австралија. 2003 - Во Сараево почина поранешниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ. На првите повеќепартиски избори во БиХ Изетбеговиќ е избран за член на Претседателството на СР БиХ, а на 19 декември 1990 за претседател на Претседателството на СР БиХ. Тој е еден од потписниците на Дејтонскиот мировен договор со кој е завршена војната во БиХ заедно со претседателите на Хрватска и на Србија, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман. Изетбеговиќ е роден на 8 август 1925 година во Босански Шамац. 2003.- Умре српскиот глумец Миодраг Петровиќ „Чкаља“, мајстор на комедиите, еден од најпопуларните југословенски актери на сите времиња. Оствари околу 200 улоги во театар, на радио, телевизија и филм. 2003.- Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. 2003.- Непознати лица во Багдат ја киднапираа Маргарег Хасан, шеф на меѓународната хуманитарна организција „Каритас“. Еден месец подоцна беше погубена. 2004.- Во Прилеп умре Благоја Ристевски - Платнар, македонски писател и новинар. Познати се неговите драмски текстови „Карцинома мамае“, „Спиро Црне“, „Арсениј“. „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“ и „Венко“. Роден е во Прилеп, на 5 март 1940 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за арагонскиот крал Фернанд II под чија круна се обединија скоро сите шпански христијански земји. 1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи Нантскиот едикт, лишувајќи ги протестантите од сите верски и граѓански слободи кои во 1598 година им ги гарантираше кралот Анри IV. 1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани Антонио Канал, познат како Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18. век, мајстор на доловување на атмосферата и ведриот прозрачен колорит. Најмногу ги сликаше Венеција и нејзините канали и палати. 1860.- Британските трупи ја запалија до темел Јуанминџуан, летната царска палата во Пекинг. 1865.- Умре англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон. Беше двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумската војна“ против Кина и Кримската војна против Русија и беше иницијатор во гушење на антиколонијалните востанија во Индија и во Кина. 1867.- Владата на Соединетите Американски Држави го купи од Русија полуостровот Алјаска за седум милиони и двесте илјади долари. 1893.- Умре Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напиша 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери: "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот "Прв клавирски концерт". Роден е во Париз, на 17 јуни 1818 година. 1898.- Во Прилеп е родена Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки, борци во НОВ на Македонија, кои храбро загинаа во текот на војната. Умре во Скопје, на 13 јануари 1984 година. 1912.- Почна Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија, ја водеа против Османлиското царство. Војната заврши со примирје на 3 декември истата година. На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година. Турција мораше да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеаја да го заземат. Македонскиот народ зеде активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделија Македонија, што, пак, поради "несоодветната поделеност", беше причина за почетокот на Втората балканска војна. 1912.- Во Лозана, Турција и Италија потпишаа Договор за мир, со што заврши Италијанско-турската војна (1911-1912 г.). 1919.- Роден е канадскиот државник Пјер Елиот Трудо, премиер од 1968 до 1979 и од 1980 до 1984 година. 1922.- Основана е Британската радио компанија BBC. 1931.- Во Вест Оринџ, умре Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжи светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. Тој изгради прва електрична централа, ги измисли светилката, монографот (грамофонот), микрофонот, ги усоврши телеграфот, динамо-машината и друго. Современиците го сметаа за "прв добротвор на човештвото". Роден е во Мајлен во 1847 година. 1943.- Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. 1962.- После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеа во градот и бидејќи на беше регулирано коритото на реката, поплавата го зафати целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траеше три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета. 1967.- Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица "Венера-4", спушти научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати и успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. 1972.- Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина. 1982.- Умре францускиот државник Пјер Мандес Франс, водач на левото крило на Радикалсоцијалистичката партија. Како премиер во 1954 година за јаврши француската воена интервенција во Индокина. Власта ја изгуби во 1955 година поради стопанските проблеми и побуни во Алжир. Во Втората светска војна се бореше во Движењето на отпорот до 1942 година, по што се префрли во Лондон и учествуваше во воздухопловните акции на сојузниците во составот на бомбардерските групи „Лорен“. 1983.- Научниците на американската Агенција за еколошка заштита го предупредија светот дека е соочен со опасно зголемување на јаглеродниот диоксид во атмосферата кој може да го наруши производството на храна, да го забрза топењето на мразот на половите и да го заголеми нивото на морињата. 1989.- Генералниот секретар на Единствената социјалистичка партија на Германија Ерих Хонкер, веднаш по посетата на Берлин на советскиот лидер Михаил Горбачов поднесе оставка поради „здравствени проблеми“, а за нов шеф на партијата е избран Егон Кренц. 1998.- Најмалку 700 луѓе загинаа при експлозија на нафтовод на југот во Нигерија. 1998.- Во пожарот на најголемиот нафтовод во Колумбија, предизвикан од бомбашки напад на левичарските герилци, загинаа 62 лица. 1998.- Во Република Македонија се одржаа вторите (по осамостојувањето) парламентарни избори. 1990.- Во Скопје умре Гога Џаџу, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". Роден е во Крушево, во 1922 година. 1994.- Британската кралица Елизабета Втора за првпат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија. 2000.- Американскиот Сенат одобри продажба на храна и лекови на Куба. Тоа претставува најголема измена во ембаргото кое САД го воведе пред четири децении против Куба. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на храната 1430.- Роден е шкотскиот крал Џејмс II, кој владееше од 1437 до 1460 година. Во текот на владеењето го зацврсти авторитетот на круната, успешно продолжувајќи ја работата која ја започна неговиот татко Џејмс I. Во 1460 година Англичаните го убија. 1553.- Умре Лука Кранах, германски сликар и гравер, еден од најзначајните германски ренесански уметници. Роден е во 1472 година. 1758.- Роден е американскиот филолог и лексикограф Ноа Вебстер, симбол на лексикографската традиција во Америка. Во 1806 година го објави својот прв речник на англиски јазик, а во 1828 го објави речникот кој и денеска го носи неговото име. Овој речник се смета за најдобар речник на современиот англиски јазик. 1781.- Во Вајлен, во англиската покраина Јорк, е роден Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година во Њукасл ја основа првата фабрика на локомотиви, а во 1825 година ја изгради првата јавна железничка пруга меѓу Стоктон и Дарлингтон, што беше пуштена во сообраќај за превоз на патници на 25 септември 1825 година. Во 1829 година ја изгради пругата Ливерпул-Манчестер, на која неговата локомотива "Рокит" постигна рекордни 56 километри на час. Умре во едно мало место кај градот Честерфилд, на 12 август 1848 година. 1793.- Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј Шеснаесетти, кој порано заврши на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време беше едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција. 1813.- Кај Лајпциг почна т.н. "Битка на народите", во која Наполеоновите сили се најдоа под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија беше победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазедоа Лајпциг. Наполеон се повлече преку Рајна и неколку месеци подоцна беше принуден да абдицира. 1846.- Американскиот лекар Џон Ворен првпат во историјата на хирургијата го употреби етерот за поголеми оперативни зафати, отстранувајќи тумор кај пациент во Општата болница во Масачусетс во Бостон. 1854.- Роден е Карл Кауцки, германски социјалдемократ, по потекло Чех, истакнат теоретичар и водач на Втората интернационала. Умре на 17 октомври 1938 година. 1854.- Роден е англискиот писател од ирско потекло Фингал О`Флаерти Вилс, познат како Оскар Вајлд. Беше осуден на две години затвор поради хомосексуалност, а по излегувањето од затвор од 1897 до неговата смрт во 1900 година година живееше во Париз под името Себастијан Мелмот. Дела: „Сликите на Доријан Греј“, „Важно е да се викаш Енерст“, „Идеален маж“, „Салома“, „Вера“, „Војвотката од Падова“ и други. 1886.- Роден е израелскиот државник Давид Грин, познат како Давид Бен Гурион, водач во борбата за создавањето на Израел и прв премиер на еврејската држава од 1948 до 1953 година и повторно од 1955 до 1963 година. Како премиер, од различни герилски групи, ја создаде израелската армија. 1888.- Роден е американскиот писател Јуџин Гледстон О`Нил, творец на модерните американски драми, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1936 година. Дела: „Зад хоризонтот“, „Ана Кристи“, „Сите божји деца имаат крила“, „Цар Џонс“ „Второ патување во Европа“ и други. 1908.- Роден е албанскиот диктатор Енвер Хоџа, шеф на владејачката Партија на трудот на Албанија од 1948 се до смртта во 1985 година. Меѓу двете светски војни беше секретар на кралското претставништво на Албанија во Брисел. Тој веше еден од основачите на Комунистичката партија на Албанија. Ги подржуваше политиката на Информбирото од 1948 до 1956 година, како и диктаторската концепција на Јосиф Сталин дури и по 20. конгрес на Комунистичката партија на СССР, на кој беа осудени методите на Сталин. Подоцна стана приврзаник на Пекинг, но се разиде и со кинескиот комунизам. Во целост ја изолира својата земја, градејќи примитивен авторитарен систем заснован на репресија и физичка елиминација на неистомислениците, но и на соработниците за кои се сомневаше дека би ја загрозиле негова лична власт. Беше гласноговорник за големоалбанските територијални претензии спрема Југославија. 1921.- Во Штип е роден Славчо Стојменски, народен херој на Македонија. Загина во борба против бугарската фашистичка полиција на 17 август 1943 година, кога во Штип се одржуваше состанок на Обласниот комитет на КПМ. 1925.- Во Локарно, Швајцарија, е потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создаде ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажа дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку "свети" како западните граници. 1927.- Роден е германскиот писател Гинтер Грас кој светскиот успех го постигна уште со првиот роман. Дела: „Локална анестезија“, „Лимбур“, „Широко поле“, „Мачка и глушец“, „Поплава“. 1945.- Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е востановен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година. 1946.- Беа обесени првите луѓе во Третиот рајх кои Меѓународниот суд во Нирнберг ги осуди на смрт поради воените злосторства во Втората светска војна, шефот на германската дипломатија Јоахим фон Рибентроп и началникот на штабот на Врховната команда на германските оружени сили фелдмаршалот Вилхелм Кајтел. Рајхсмаршалот Херман Геринг, исто така осуден на смрт, претходниот ден се самоуби во затворската келија. 1949.- Со поразот на прокомунистичката Демократска армија во Грција заврши тригодишната Граѓанска војна. 1964.- Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на нуклеарна бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на нуклеарните сили. 1964.- Алексеј Косигин, по смената на Никита Хрушчов, ја состави новата советска влада. 1968.- Москва и Прага потпишаа договор со кој советските турпи заедно со единиците на други земји од Варшавскиот пакт влегоа во земјата на 21 август 1968 година и ги тргнаа од власт реформскиот шеф на Комунистичката партија на Александар Дубчек и неговата влада. 1973.- Нобеловата награда за мир им беше доделена на државниот секретар на САД Хенри Кисинџер и на неговиот партнер во преговорите Ле Дук То од Северн Виентам кој ја одби наградата. 1978.- Полскиот кардинал Карол Војтил е избран за 264 поглавар на Римокатоличката црква како прв папа без италијанско потекло после 456 години. По изборот тој го носеше името Јован Павле II. 1980.- Умре италијанскиот политичар Луиџи Лондо, прв претседател на Комунистичката партија на Италија, кој во 1964 стана нејзин генерален секретар, а во 1972 година претседател. Ја предводеше антифашистичката борба во северната италијанска провинција Пијемонт. Во 1923 и 1924 година беше затворан од фашистичкиот режим на Бенито Мусолини, а во 1926 година емигрираше. Во 1934 година е еден од иницијаторите за создавање пакт со социјалистите за борба против фашизмот. Под илегалното име Гало учествуваше во Шпанската граѓанска војна каде е ранет како генерален инспектор на Интернационалната бригада. По поразот на републиканците во Шпанија беше однесен во концентрациониот логор во Вернеј од каде по барање на италијанските власти е пуштен. Во 1943 година беше еден од водачите на вооружените борби против фашистите во Втората светска војна. 1981.- Умре израелскиот генерал и политичар Моше Дајан, победник во борбата против Арапите во јуни 1967 година. 1982.- Умре италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, наречен „тенор на епохата“. 1984.- Англиканскиот црнечки бискуп на Јоханесбург Дезмонт Туту ја доби Нобеловата награда за мир. 1994.- Во Македонија се одржаа првите (по осамостојувањето) избори за пратеници на Собранието на Република Македонија и за претседател на Република Македонија. За претседател на Република Македонија по втор пат е избран Киро Глигоров. 1996.- Во Исфахан, Иран, на Собранието на Евроазиската Федерација на берзи, Република Македонија е примена за рамноправна членка. 1996.- На стадионот во главниот град на Гватемала загинаа 78 лица во стампедото кое настана по обидот на навивачите без карти да се пробијат на трибините за да го следат квалификацискиот натпревар за светско првенство во фудбал. 1997.- Папата Јован Павле Втори ја обележа 20-тата годишнина откако стана папа со најдолг стаж во Римокатоличката црква. 1997.- Во Скопје, во издание на НИП „Експрес - Магна Скен“, излезе првиот број на њуз магазинот „Денес“. 1998.- Во Скопје умре Верољуб Андоновски, македонски новинар и публицист. Роден е во Куманово, на 22 јануари 1938 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на слепите - Меѓународен ден на пешачењето 70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, творец на совршени дела - песни во кои го величел римското минато. Дела: „Енеида“, „Пастирски песни“, „Песни за земјоделците“. 1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од опсадата на Виена. 1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар, еден од најголемите владетели на Индија, кој ги покори побунетите држави Гуџарат и Кашмир, а го освои и Авганистан. Беше голем реформатор кој настојуваше да ги соедни поданиците на различните вери и раси и го укина ропството. 1582.- Во Шпанија, Португалија и во папските држави во Италија почна примената на календарот на папата Григур XIII. Според советот на астрономите, папата го реформира Јулијанскиот календар, заснован на Сончевата година од 365 дена и шест часа, во кој годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секунди и секоја 128 година се појавува еден ден „повеќе“. Таа разлика се отстрани така што после четврток 4 октомври 1582 година наредниот ден петокот се сметашe како 15 октомври. Годината според Грегоријанскиот календар сепак е подолга од природната за 12 секунди, но разликата од цел ден ќе биде постигната дури после 3320 година. 1608.- Роден е италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепе Торичели му стана секретар, а по смрта на Галилеј ја наследи неговата катедра. 1814.- Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станаа антологиски. Загина во двобој во 1841 година. Дела: роман „Јунак на нешето време“, драмата „Максарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“. 1815.- Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен I стаса на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умре. 1817.- Во Швајцарија умре полскиот национален јунак Тадеуш Анзеј Бонавентура Кочушко, учесник во американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска покрена востание против Русија, но неговата војска беше поразена во октомври 1794 година, при што беше ранет и заробен. Во 1796 година беше пуштен на слобода под услов да се откаже од акциите против Русија. 1844.- Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Желба за моќ“ , „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“. 1854.- Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: "Ладалото на Леди Виндермаер", "Важно е да се викаш Ернест", "Идеален маж" и други. Умре во Париз, на 30 ноември 1900 година. 1855.- Роден е Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање на нови сорти. Работеше врз крстосување меѓу видовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е и поотпорно. Умре на 7 јуни 1935 година. 1895.- Во Париз под обвинение за велепредавство во корист на Германија, е уапсен францускиот офицер Алфред Драјфус (1859-1935), по потекло Евреин, со што почна бурната афера („Драјфусова афера“) која со години го потресуваше општествениот и политичкиот живот на Франција. Драјфус без вистински докази беше осуден на доживотна робија, но по големото негодување на јавноста и ангажираното настапување на писателот Емил Зола беше откриен вистинскиот виновник, а Драјфус е ослободен и рехабилитиран во 1906 година. 1917.- Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле е погубена во Париз. Таа беше позната танчерка која на сцените предизвикуваше одушевување. Како артистка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена е во 1876 година. 1928.- Германскиот „Граф Цепелин“ го изведе првиот комерцијален лет преку Атлантикот. 1941.- Козјачкиот НО партизански
одред го блокира и го претресе манастирот Прохор Пчински, каде што
сметаше дека има сместено бугарски полицајци. Акцијата беше изведена,
но полицајци не беа најдени. 1945.- Пјер Лавал е убиен врз основа на судска пресуда заради предавство на својата земја на Германија. 1946.- Германскиот воен злосторник Херман Геринг изврши самоубиство во затворска келија еден ден пред да биде погубен врз основа на пресудата од Меѓународниот суд за воени злосторства во Нирнберг. 1949.- Во Унгарија по монтирани сталинистички судски процеси како „титоисти“ погубени се Ласло Рајк, Тибор Сони и Андраш Салаи. 1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов беше тргнат, а следниот ден беше објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија стана Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин. 1984.- Во Торонто, Канада, излезе првиот број на весникот на Македонците во Канада "Македонија". 1987.- Во државен удар е убиен претседателот на Буркин Фасо капетан Томас Санкара, а шеф на државата стана капетанот Блез Компаоре. 1989.- Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. Роден е во Суботица, на 22 февруари 1935 година. 1990. - Советскиот претседател Михаил Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, со образложение дека го задолжил светот со политиката на мир, но многумина во неговата земја подоцна ја доживеаја како награда за разбивање на СССР. 1992.- Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач. 1993.- Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добија Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка. 1993.- Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) е примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА). 1995.- На референдум во Ирак претседателот Садам Хусеин, како единствен кандидат, доби безмалку стопроцентна поддршка и во наредните седум години да ја предводи државата. 1995.- По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница. 1997.- Бунтовниците во Република Конго по четиримесечната граѓанска војна го тргнаа од власт претседателот Паскал Лисиба, а на власт го вратија бившиот претседател Денис Сасу Нгуесо. 1997.- Во Скопје умре Владо Чучков, еден од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден е во 1929 година. 2000.- Во Струмица умре Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“ и други, на драмските дела „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден е во Струмица, на 4 јуни 1949 година. 2003.- Кина успешно го лансира првиот вселенски брод со екипаж со што стана трета земја која во вселената испрати човек, 42 години по историскиот лет на Јуриј Гагарин. Во орбитата околу Земјата, од комсодромот Џингуан кој се наоѓа во пустината Гоби, лансиран е бродот „Шенџоу - 5“ со астронаутот Јанг Левиј. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
322 п.н.е.- Во храмот на боговите, на грчкиот остров Калаури, се самоуби, испивајќи отров, најголемиот оратор на стариот век Демостен. Неговите беседи (наречени „филипики“) и судските говори, според оценката на Циверон, претставуваат формула за говорничката вештина. Роден е околу 380 година пред н.е. 1066.- Норманската инвазиска армија на војводата Вилијам од Нормандија, идниот англиски крал Вилијам I Освојувач, ги победи саксонските трупи на англискиот крал Харолд, кој загина. Инвазијата беше изведена со благослов од папата, бидејки Саксонците останаа православни по формалниот расцеп на христијанската црква во 1054 година на римокатоличка и православна. 1322.- Војската на шкотскиот крал Роберт I силно ги порази англиските трупи под команда на кралот Едвард II во битката кај Биланд. Ова придонесе англискиот монарх во 1328 година безволно да ја признае независноста на Шкотска. 1806.- Под команда на Наполеон I, француските трупи ја победија пруската армија и во битката кај Јене ја покорија Прусија. 1808.- Французите ја укинаа Дубровничката Република, која беше создадена во 15 век. Во 1806 година Дубровник беше окупиран од Франција. Врз основа на одлука на Виенскиот конгрес Дубровник во 1815 година влезе во состав на Австрија. На Кралството на СХС Дубровник му припадна во 1918 година, а од 1991 година по распаѓањето на СФРЈ Дубровник и припаѓа на Република Хрватска. 1809.- Со Виенскиот мир Австрија беше принудена Трст и Илирска провинција (Далмација) да и ги предаде на Франција, Галиција на Полска и на Русија, а областа Ин на Баварија. 1882.- Роден е ирскиот државник Емон де Валера, водач на партијата „Шин фејн“ од 1917 до 1926 година, со два кратки прекини како премиер од 1937 до 1959 година, а потоа во 1973 година, беше претседател на Ирска. Во 1923 година беше претседател на Друштвото на народите. 1890.- Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28 март 1969 година. 1894.- Роден е американскиот писател Едвард Естлин Камингс, писател со силна лирска дарба во чии песни доминираат теми за љубовта и смртта. 1912.- Претседателот на САД Теодор Рузвелт во Милвоки го преживеа атентатот. к*ршумот го запре дебелиот капут и неколку парчиња хартија што ги имал во внатрешниот џеб. 1913.- Во најголемата рударска несреќа во Велика Британија, во рудникот за јаглен во Гламорген во Велс загинаа 439 рудари. 1919.- Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24 февруари 1976 година. 1927.- Роден е англискиот глумец Роџер Мур, кој главно играше во акциони филмови и ТВ серии. Го замени Шон Конери во серијата филмови за тајниот агент 007. Филмови: „Ајванхо“, „Живеј и пушти ги другите да умрат“, „Човекот со златен пиштол“, “Шпионот кој ме сакаше“, „Само за твоите очи“. 1930.- Роден е конгоанскиот (заирски) диктатор Жосеф Дезире Мобуту, познат како Мобуту Сесе Секо, претседател на Заир од 1965 до 1997 година. 1933.- Германија ги напушти Друштвото на народи и конференцијата за разоружување во Женева. 1939.- Повеќе од 800 морнари загинаа на британскиот воен број „Ројал оук“ покрај Северна Шкотска, кој го потопи германска подморница. 1941.- Германските војници во Србија во Втората светска војна направија еден од најголемите воени злосторства стрелајќи во Краљево повеќе од 6.000 српски цивили, вклучувајќи жени и деца. 1941.- Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба,Бугарските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден Бугарските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе. 1941.- Кај селото Бељановце, Кумановско, бугарската полиција ја разби групата (четата) „Карадак“ на Кумановскиот НО партизански одред. Притоа, покрај другите, загинаа Боро Менков, командант, Перо Георгиев - Чичко, политички комесар и Бајрам Шабани, борец на таа група - тројцата народни херои на Југославија, од Македонија. Менков е роден во Куманово, во 1919 година. Георгиев исто така во Куманово, во 1918 година, а Шабани во селото Липково, Кумановско, во 1920 година. 1944.- Германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ изврши самоубиство. 1944.- Британските и грчките сили во Втората светска војна ја ослободија Атина од Германија. 1947.- Летајќи со воен авион на млазен погон во фаза на испитување, американскиот воздухопловен капетан Чарлс Јергер стана првиот човек кој го проби звучниот ѕид. 1959.- Умре американскиот филмски глумец од австралиско потекло Ерол Флин, кој најчесто играше правдољубиви јунаци во авантуристички филмови. Филмови: „Капетан Блад“, „Авантурите на Робин Худ“, „Гусар“, „Џентрлменто Дим“, „Вирџинија сити“, „Ккорените на пеколот“. 1964.- Американецот од африканско потекло Мартин Лутер Кинг, борец за човекови права, инаку црнец, ја доби Нобеловата награда за мир. 1970.- Во тајфунот што ги зафати Филипини загинаа повеќе од 780 луѓе. 1973.- Во Тајланд владата на Таноми Китикачорн беше принудена да поднесе оставка бидејќи армијата го одби неговото барање со сила да ги прекине студентските демонстрации. 1997.- Умре американскиот пејач и филмски глумец Хари Лилис „Бинг“ Крозби, рекордер по бројот на снимени плочи, како и добитник на Оскар за филмот „Одејќи по својот пат“. 1998.-Египќанецот Нагиб Махфуз стана првиот арапски писател кој доби Нобелова награда за книжевност. 1990.- Умре американскиот композитор и диригент Ленард Бернштајн, од 1958 година диригент на Њујоршката филхармонија. 1990.- Германија и Полска потпишаа договор за границата на реката Одри. 1991.- Водачот на бурманската опозиција Аунг Сан Су Чи, која тогаш беше скоро две години во домашен притвор под режим на воената хунта, ја доби Нобеловата награда за мир. 1993.- Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име - Република Македонија. 1994.- По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма. 1994.- Премиерот на Израел Ицак Рабин, шефот на израелската дипломатија Шимон Перес и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасеф Арафат ја поделија Нобеловата награда за мир. 1998.- Нигерискиот писател Воле Сојинк, добитник на Нобеловата награда за книжевност, се врати во земјата после безмалку четири години бегство на кое го принуди диктаторскиот режим на воената хунта на кој жестоко му се спротивставуваше. 1999.- Умре танганискиот државник Џулиус Камбараг Њерере, истакнат лидер на движењето на неврзаните, прв претседател на Танганике (денешна Танзанија) од 1962 до 1985 година, кога и поднесе оставка, а тоа е редок пример за една Африканска држава. Тој беше еден од основачите на Организацијата на африканското единство во 1963 година. 2000.- Во северниот нигерски град Кано најмалку 200 луѓе се убиени во дводневните нереди со палењето на повеќе цркви и џамии, како и продавници. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
54.- Умре римскиот цар и историчар Клаудие I Тибери Друз од отровни печурки кои му ги подметна четвртата сопруга на Јулиј Агрипин со цел на престолот да го донесе синот од претходниот брак со Неро. 1792.- Претседателот на САД Џорџ Вашингтон го постави камен-темелникот за изградба на официјалната претседателска резиденција - Белата куќа во Вашингтон. 1474.- Роден е Мариото Арбертинели, италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса. Умре на 5 ноември 1515 година. 1815.- Францускиот маршал Жоаким Мир е стрелан. Тој беше најпознатиот меѓу командантите на армијата на царот Наполен I, од 1808 до 1815 година. 1822.- Во Венеција умре Антонио Канова, италијански вајар, најголем мајстор на италијанскиот класицизам. Влијаеше врз целокупното европско вајарство. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат скулптурите „Амор и психа“, „Паолина Боргаз како Венера“, „Персеј“ и Наполеоновата биста во Фонтенбло. Роден е во Венеција, на 1 ноември 1757 година. 1869.- Умре францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Дела: „Живот“, „Книжевни портрети“, „Пор-Роајал“, „Понеделнички разговори“. 1884.- Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзаллен (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата. 1905.- Умре англискиот глумец Хенри Ирвинг, еден од најголемите трагичари во 19. век. 1911.- Роден е Андре Навара, француски виолончелист со интернационално реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а беше чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето. Умре во 1988 година. 1921.- Роден е францускиот глумец и пејач од италијанско потекло Иво Ливи, познат како Ив Монтан, кој светската слава ја стекна во филмот „Надница за страв“. Други филмови: „Хероите се уморени“, „Вештерките од Салем“, „Големиот син пат“, „Го сакате ли Брамс“, „Ајде да се сакаме“, „З“, „Признание“. 1923.- Турскиот парламент ја прогласи Анкара, бивша Ангора, за престолнина на Турција. 1923.- Во Битола, е родена Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога Радиото бележеше брз и сестран развој, ја вршеше функцијата уредник на Радио Скопје. Умре во Скопје, на 5 јули 1988 година. 1925.- Родена е биртанската државничка Маргарет Хилда Робертс, позната како Маргарет Тачер, која во 1979 година стана првата жена премиер во историјата на Велика Британија. Во 1990 година со одлука на раководството на нејзината Конзервативна партија мораше да поднесе оставка. Инаку, во Велика Британија досега била најмногу години премиер. 1943.- Под притосок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виторио Емануел Трети и неговиот премиер Бадолјо и објавија војна на Германија, па на тој начин Италија, барем оној дел кој беше под сојузничка контрола, се придружи на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојде дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија. 1952.- Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат "Граматика на македонскиот литературен јазик" од Блаже Конески. 1964.- По 24 часа од полетувањето на бродот „Васход 1“, безбедно се приземнија тројца советски космонаути, членови на првиот вселенски екипаж во историјата на вселенските летови. 1970.- Канада и Кина воспоставија дипломатски односи, а Тајван итно ги прекина односите со Канада. 1972.- При падот на советскиот патнички авион „Иљушин 63“ близу московскиот аеродром загинаа сите 176 луѓе во авионот. Тоа беше дотогаш најголемата несреќа во историјата на патничката авијација. 1976.- Боливискиот товарен авион „Боинг 707“, на кого му откажа еден од моторите веднаш по полетувањето, падна на главната улица во Санта Круз, при што загинаа повеќе од 100 луѓе на земја и тројца членови на екипажот. 1984.- Во Скопје умре Илија Зафировски, македонски новинар. Тој спаѓа во редот на првата повоена генерација новинари. Работеше во весникот "Борба", а најголем дел од својот новинарски век го помина во весникот "Нова Македонија", во кој беше и главен и одговорен уредник. Смртта го затекна како директор и главен и одговорен урадник на весникот "Трудбеник". Роден е во Охрид, во 1927 година. 1990.- Во московската црква „Свети Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад одржана е првата православна литургија, 73 години по Октомвриската револуција. 1990.- Водачот на христијанските сили во Либан генерал Мишел Аун, побара азил во француската амбасада во Бејрут по нападот на сиријската армија на неговото упориште. 1993.- Судот во Хамбург го прогласи Германецот Гинтер Пархе за виновен поради ранувањето со нож на југословенската тенисерка Моника Селеш и донесе пресуда која ширум светот беше оценета како скандалозна. Пархе беше казнет условно на две години затвор. 1993.- Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација за поморство, со седиште во Лондон. 1993.- Во Крањ, Република Словенија, фудбалската репрезентација на Македонија го одигра првиот официјален пријателски натпревар, откако нашата држава стана самостојна, суверена и независна. Домаќин беше фудбалската репрезентација на Република Словенија. Репрезентацијата на Република Македонија победи со 4:1. 1995.- Во Скопје, делегациите на Република Македонија и Република Грција потпишаа Меморандум за практична примена на Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. 1997.- Британскиот суперсоничен автомобил прв на земја успеа да го пробие звучниот ѕид, развивајќи брзина од 1.222,7 километри на час. 2003.- Филипинските безбедностни сили го убија Фатур Рахман ел Гози, наводно клучна фигура на исламистичка терористичка организација. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1492.- Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигна на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргна со три бродови: "Санта Марија", "Ниња" и "Пинта". Во текот на патувањето ги откри Куба и Хаити, каде што остави дел од своите луѓе и се врати во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одеше на слични патувања. 1518.- Германскиот верски реформатор Мартин Лутер го одби барањето од римската к*рија да се покае и одрече од своите уверувања. 1811.- Парагвај прогласи независност од Шпанија и Аргентина. 1822.- Бразил доби независност. Дотогаш оваа земја беше португалска колонија. 1870.- Умре американскиот најпознат војсководец генралот Роберт Едвард Ли, командант на армијата на Северна Вирџинија во Граѓанската војна во САД од 1861 до 1865 година. Соочен со неспоредливо надмоќната армија на Северот, на 9 април 1865 година капитулира. 1896.- Во Џенова е роден Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго", "Дневник на 71 и 72 години" и други. Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Умре во Милано, на 12 септември 1981 година. 1924.- Умре францускиот писател Анатол Франс, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1921 година. Дела: „Златни песни“, романи „Современа историја“, „Црвениот крин“, „Боговите се жедни“, „Таида“, „Островот на пингвините“ и други. 1934.- Малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ е прогласен за крал на Југославија, три дена откако неговиот татко Александар I беше убиен во Марсеј, во атентат кој со помош на италијански фашисти беше извршен од хрватски усташи. 1935.- Роден е италијанскиот оперски пејач Лучано Павароти чиј обоен глас со големи дијапазони карактеризираат силни тонови во високиот регистар. Кариерата на светска оперска ѕвезда ја почна во 1961 гдоина со улогата Роберт во операта „Боеми“ на Ѓакомо Пучини. 1924.- Во својот имот Ла Бешлери, кај Тур, умре Анатол Франс (вистинското име му е Франсоа Анатол Тибо), француски романсиер, сатиричар и критичар. Како извонреден стилист во своите дела отворено го изразува незадоволството од тогашната општествена состојба, а по Октомвриската социјалистичка револуција во Русија застана на страната на советскиот пролетаријат. Негови главни дела се „Бунтот на ангелот“, „Боговите се жедни“ и други дела. Во 1921 годија ја доби Новеловата награда за литература. Роден е во Париз, на 16 април 1844 година. 1941.- Во Прилеп, бугарската полиција уапси 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето беа издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и беа префрлени во Битола, а потоа беа изведени пред суд. 1942.- Во битката на пацифичкиот остров Гвадалканал во Втората светска војна Американците ги поразија Јапонците и го спречија нивното навлегување во Австралија. 1960.- Во Генералното собрание на Обединетите нации, во текот на дебатата за колонијализмот, советскиот лидер Никита Сергеевич Хрушчов го соблече чевелот и со него тресна неколку пати на масата. 1964.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Восток-1" со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров. 1968.- По 190 години шпанска колонијална управа, африканската држава Екваторијална Гвинеја се здоби со независност. 1968.- Националната гарда на Панама предводена од полковникот Омар Ториос Херер го собири претседателот Арнулф Аријас Мадрид. 1969.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Сојуз-7" со екипаж од три члена, кои се сретнаа со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод "Сојуз-6". 1969.- Умре Соња Хени, норвешка лизгачка и филмска актерка, светска првенка во уметничко лизгање од 1927 до 1936 година и трикратна олимписка победничка (1928, 1932 и 1936 година). Родена е во 1912 година. 1976.- Кинескиот премиер Хуа Гуофенг стана шеф на владејачката Комунистичка партија. 1978.- Во Вашингтон со учество на претседателот на САД Џими Картер започнаа мировните преговори помеѓу Израел и Египет. 1984.- Во експлозија на бомба подметната од терористи на Ирската републиканска армија во „Гранд хотел“ во англискиот град Брајтон, каде се одржуваше годишната конференција на британските конзервативци, загинаа пет луѓе. 1990.- Исламски терористи на мотоцикли во Каиро од заседа ги убија претседателот на египетскиот парламент Рифат Махџуба и тројца негови телохранители. 1992.- Во земјотрес во Каиро загинаа повеќе од 550 луѓе. Епицентарот на земјотресот беше во близина на пирамидите во Гиза. 1993.- Кралството Белгија ја призна Република Македонија. 1993.- Народна Република Кина ја призна Република Македонија. 1994.- Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започна изградбата на пругата кон Бугарија. Изградбата на железничката пруга Куманово-Бељаковци-Деве Баир чини околу 120 милиони долари. 1995.- На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија премина во редовно членство во Организацијата за безбедност и соработка во Европа. 1996.- Умре францускиот тенисер Рене Лакост, основач на компанијата за производство на спортска опрема препознатлива по заштитниот знак „крокодилче“. 1997.- Во Скопје умре д-р Нијази Лимановски, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основоположник на Културно-научните манифестации на Македонците муслимани и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Роден е во селото Ростуше, на 27 јуни 1941 година. 1999.- Генералот Первез Мушараф со воен удар ја собори владата на премиерот Наваз Шариф, го распушти Парламентот и воведе вонредна состојба. 2000.- Исламски терористи во јеменското пристаниште Аден со мал брод наполнет со експлозiв удрија во американскиот разорувач „Кол“ усмртувајќи 17 и ранувајќи повеќе од 10 американски морнари. 2002.- Во експлозија на две подметнати бомби во летовалиштето „Кута бич“ на индонезискиот остров Бали загинаа 202 лица од 21 земја, а повредени беа повеќе од 300. Повеќето од жртвите на терористичкиот напад беа туристи воглавно од Австралија, Велика Британија, САД, Франција, Германија и од Шведска. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1521.- Папата Лав X на англискиот крал Хенри VIII му ја додели титулата „Бранител на верата“ бидејќи кралот објави книга во која се осудуваат идеите на германскиот верски реформатор Мартин Лутер. 1531.- Војската на швајцарските римокатолички кантони ги порази силите на градот Цирих и неговите протестантски сојузници, а во битка загина протестантскиот верски реформатор Улрих Звингли. 1885.- Во Бордо е роден Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Негови најпознати романи се "Дете под товарот на веригите", "Бакнежи за прокажаниот", "Црните анѓели" и многу други дела. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 1 септември 1970 година. 1895.- Во Сплит е роден Јаков Готовац, хрватски композитор и диригент. Компонираше опери, хорови, соло-песни, симфониски композиции, сценска музика и друго. Автор е на прочуената опера „Еро од оној свет“. Умре во Загреб, на 16 октомври 1982 година. 1896.- Во Виена умре Антон Брукнер, австриски композитор и свирач на оргули. Компонираше симфонии и црковна музика. Роден е на 4 септември 1824 година. 1899.- Почна тригодишната Бурска војна помеѓу јужноафриканските бурски држави и Велика Британија. 1910.- Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напиша околу 200 научни трудови. Умре во Скопје, на 24 ноември 1985 година. 1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија. 1942.- Во селото Крива Река кај Брус, германски и бугарски војници во Втората светска војна ги затворија сите жители во црква и ја дигнаа во воздух, усмртувајќи 320 цивили, воглавно жени и деца. 1945.- Во Кралево, во авионска несреќа загина Панче Неделковски, полковник и заменик командант на ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, полковникот Димче Туриманџоски и капетанот Стеван Ташков. Панче Неделковски е учесник на Првото заседание на АСНОМ. Неделковски е роден во Скопје, на 24 април 1912 година. 1962.- Папата Јован XXIII го отвори Вториот ватикански сабор, прв таков собир од 1870 година на кој ги навести рефромите. 1963.- Уме Жан Кокто, француски писател и сликар. Тој е писател кој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговиоте сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомимата, балет, и мелодрама, до комедии и класични трагедии. Беше и најзабележителен сликар кој ги илустрираше сите свои дела. Од 1955 година беше член на Француската академија на науките. Роден е на 5 јули 1889 година. 1963.- Умре француската пејачка од италијанско потекло Едит Пјаф, ѕвезда на кабарето и симбол на француската шансона. Компонирала шансони и текстови за нив. 1964.- Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм "Востанати" работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание. 1977. Во атентат е убиен претседателот на Северен Јемен полковникот Ибрахим ал Хамди. 1980.- Двајца советски космонаути ја завршија дотогаш најголемата космичка мисија во вселената, престојувајќи 185 дена во бродот „Саљут 6“. 1988.- Говорот на папата Јован Павле II беше прекинат во Европскиот парламент во Стразбур кога британскиот пратеник од Северна Ирска, протестанскиот свештеник Јан Пејзли извика „антихрист“, покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Јован Павле II антихрист“. 1990.- На стадионот „1 Мај“ во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, на кој присуствуваа 150.000 гледачи еуфорично беше поздравена победата на фудбалската репрезентација на Северна Кореја над Јужна Кореја со резултат од 2:1. Тоа беше историски пријателски натпревар, прво меѓусебно спортско натпреварување на домашно тло на поделената земја. 1993.- На 86. Генерална конференција на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ), што се одржа во Тел Авив, од 11 до 17 октомври, Воздухопловниот сојуз на Македонија (ВСМ) е примен за полноправен член. 1993.- Исламски терорист во Осло го рани норвешкиот издавач Вилијам Нигард. Тој ја печатеше книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индијско потекло Салман Ружди. 1994.- Во Анталија, во Турција на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакна заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО. 1994.- Почна изградбата на пругата Куманово - Бељаковце - Деве Баир кон Бугарија. 1996.- Умре Борислав Трајковски македонски ликовен уметник. Роден е во Битола, на 15 јуни 1917 година. 2002.- Во експлозија на бомба која на пазар во центарот на Хелсинки ја подметна и загина 19-годишниот студент на хемија, кој упатството за правање бомба ја „симна“ од Интернет, загинаа седум, а беа ранети 85 луѓе. 2004.- По одлуката на Триполи да се откаже од оружјето за масовно уништување, Европската унија го укина ембаргото врз Либија. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1684.- Роден е францускиот сликар Жан Антоан Вато, типичен претставник на рококо. Неговото сликарство е со деликатен колорит и осетливи цртежи воглавно посветени на темите од животот на аристократите. 1813.- Роден е италијанскиот композитор Ѓузепе Верди, кој заедно со Рихард Вагнер се најистакнатите романтичарски оперски творци на 19. век. Дела: оперите „Набуко“, „Травијата“, „Трубадур“, „Риголето“, „Бал под маски“, „Моќта на судбината“, „Дон Карлос“, „Аида“, „Отело“. 1837.- Умре францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој сметаше дека капитализмот е „асоцијален“ бидејки во него поединците се постојано во борба едни со други. Дела: „Нов индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири движења“, „Собрани дела“ (шест книги постхумно). 1861.- Роден е норвешкиот поларен истражувач, дипломат и хуманист Фритхоф Нансен, професор по океанографија на Универзитетот во Осло, добитник на Нобеловата награда за мир во 1922 година. Од 1893 до 1896 година ги истражувал Гренланд и Северен леден океан пловејќи со бродот „Фрам“ кој е конзервиран и се чува во близина на Осло. По Првата светска војна се занимава со заштита на воените заробеници и националните малцинства. Како висок комесар во Друштвото на народите раководи со репатријацијата на воените заробеници и придонесува за потпишување на Женевскиот протокол за бегалци. Емигрантскиот пасош наречен „Нансенов пасош“ кој служи како потврда за идентитет за раселените луѓе и сега е во употреба. 1888.- Роден е рускиот револуционер Николај Иванович Бухарин, професор по политички економии на Универзитетот во Москва, кој на бољшевиците им се приклучи во 1906 година по Октомвриската револуција во 1917 година. Дела: „Економика на преодниот период“, „Теорија на историскиот материјализам“ и други. 1901.- Роден е швајцарскиот скулптор и сликар од италијанско потекло Алберто Ѓакомети. 1904.- Во Скопје е роден Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, на чие чело, како директор застана половина деценија подоцна. Тој е основач и прв раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот плоден твореки живот објави повеќе од дваесет стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Умре во Скопје, на 26 јануари 1961 година. 1913.- Заврши изградбата на Панамскиот канал долг 81,6 километри со кој се споени Атлантскиот и Тихиот Океан. Бродовите почнаа да го користат дури на 15 август 1914 година. 1917.- Заради торпедирање на бразилските бродови, Бразил во Првата светска војна и објави војна на Германија. 1943.- Генералисимус Чанг Кај Шек положи заклетва како претседател на Кина. 1944.- Во селото Лаки, на планината Плачковица, е формирана Деветнаесеттата македонска НО бригада која учествуваше во ослободувањето на Македонија. 1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. Учествуваше во завршните операции за ослободување на Македонија, а по ослободувањето учествуваше во расчитувањето на теренот од балистичките банди. 1944.- Во Скопје во присуство на 150 граѓани, припадници на сите националности и професии, е одржана првата изборна конференција за избор на Градски народноослободителен одбор. Конференцијата се одржа тајно, бидејќи Скопје се уште не беше ослободено. Беше извршен избор на Градски народноослободителен одбор од 30 членови и Извршен одбор од девет членови. За претседател беше избран Лазар Танев, а за секретар Кирил Пенушлиски. 1944.- Ослободено е Богданци. 1946.- Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. 1954.- Виетнамскиот лидер Хо Ши Мин влезе во Ханој, главниот град на Виетнам, кого два дена пред тоа го напуштија француските колонијални трупи. 1964.- Во Токио се отворени Олимписките игри, први во Азија. 1967.- Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На 23 февруари 1967 година е донесен Законот за основање на МАНУ, а на 9 октомври 1967 година е извршено конституирањето на МАНУ. 1970.- Умре фаранцускиот политичар Едуар Доладер, потписник на Минхенскиот пакт со Германија во 1938 година со кој Адолф Хитлер ја распарча Чехословачка. Меѓу двете светски војни беше трипати премиер, а во Втората светска војна е интерниран во Германија по окупацијата на Франција. 1973.- Потпретседателот на САД Спиро Егњу мораше да поднесе оставка бидејќи беше обвинет дека не плаќа даноци. 1980.- Во земјотрес во Алжир загинаа 2.580 луѓе, а околу 330.000 граѓани во градот Ал Аснам останаа без покрив над главата. 1982.- САД наметнаа санкции врз Полска поради одлуката на полсаката влада да го забрани синдикатот „Солидарност“. 1985.- Умре американскиот филмски глумец и режисер Орсон Велс. Неговиот прв филм „Граѓанинот Кејн“ е еден од најдобрите во историјата на кинематографијата. Орсон Велс изгради свој стил и секое негово дело носи печат на силна и оригинална личност. Во 1971 година доби Оскар за животно дело. Филмови: режија и глума - „Величенствените Амберсонови“, „Дамата од Шангај“, „Магбет“, „Отело“, „Зрно зло“, „Господин Аркаден“, „Процес“, „Вистина и лаги“, глума - „Третиот човек“, „Хотел Интернационал“. 1985.- Умре американскиот филмски и театарски глумец од руско-ромско-монголско потекло Јул Бринер, еднакво добар во карактерните, авантуристичките и дискретните комични улоги. За филмот „Кралот и јас“ е награден со Оскар, а во театар со години ја играше истоимената претстава. Филмови: „Десетте божји заповеди“, „Анастасија“, „Браќа Карамазови“, „Соломон и Саба“, „Седумтемина величенствени“, „Тарас Буљба“, „Западен свет“. 1990.- СССР и Германија потпишаа договор за повлекување на советските војници од Германија до крајот на 1994 година. Во тоа време во Германија беа 380.000 советски војници и 220.000 членови на нивните семејства. 1991.- Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. 1991.- Во главниот град на Канада - Отава, пред неколку десетици илјади присутни, беше откриен првиот светски споменик на мировните единици на Обединетите нации. 1993.- Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. 1994.- Во Скопје е отворен Ургентно-хируршки центар при Медицинскиот факултет. 1995.- Израел согласно мировниот договор со Палестинската ослободителна организација го започна повлекувањето од Западниот Брег и од затвор ослободи околу 300 Палестинци. 1996.- Пуштен е во сообраќај автопатот Тетово - Гостивар во должина од 20 километри. 1997.- Падот на авионот DC-9 на аргентинската компанија ALA во Уругвај не го преживеа никој од 74 патници и членови на екипажот. 2000.- Умре државничката Сиримаво Бандеренајке, прва жена премиер во светот. Во историјата влезе станувајќи премиер на Цејлон (сегашна Шри Ланка) на 21 јули 1960 година. Со Шри Ланка управуваше од 1960 до 1977 година и беше еден од основачите на движењето на неврзаните. 2003.- Ширин Ебади, ирански адвокат и борец за човекови права ја доби Нобеловата награда за мир. 2004.- Умре американскиот глумец Кристофер Рив, филмскиот „Супермен“, кој од 1995 година беше врзан за инвалидска количка поради пад при јавање со што скрши два пршлена. Во ваква состојба игра во многу филмови, вклучувајќи го и римејкот на легендарниот Хичков „Прозорец во двор“. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денеска е Светскиот ден на поштите. 1547.- Роден е Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот "Дон Кихот". Овој роман е преведен на сите светски јазици. Ги напиша и романите "Галатеу" и "Персилеса и Сигисмунду". Умре во Мадрид, на 23 арприл 1616 година. 1757.- Роден е францускиот крал Шарл Десетти, кој на престолот застана во 1824 година, а во 1830 година беше соборен во Јулската револуција, по обидите да ја обнови апсолутната монархија. Неговиот брат Луј Шеснаесетти е убиен во 1793 година во Француската револуција. 1806.- Прусија и објави војна на Франција, во која е поразена и загуби делови западно од Лабе и од Полска. 1831.- Убиен е првиот претседател на Грција, Јоанис Каподистријас, еден од водачите во борбата за независност од Отоманското царство. Во 1809 година стапи на служба во Руското царство и беше претставник на Русија на Виенскиот конгрес и шеф на руската дипломатија од 1815 до 1822 година. По враќањето во Грција, учествуваше во борбите за ослободување. Во 1827 година дојде на власт, а беше убиен во атентат. 1854.- Во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. Најголема слава и признание му донесоа "Пупиновите калеми" - со кои се овозможува пренос на телефонските разговори на големи далечини. Умре во Њујорк, на 12 март 1935 година. 1876.- Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. 1892.- Роден е српскиот писател од хрватско потекло Иво Андриќ, единствен југословенски добитник на Нобеловата награда за книжевност, брилјантен стилист. Дела: „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“, „Омер-паша Латас“ (недовршен) и други. 1894.- Во Петроград е роден академикот проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, беше раководител на историското одделение при Архивот на СР Мекедонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Умре во Скопје, на 3 февруари 1987 година. 1906.- Роден е сенегалскиот државник, филозоф и писател Леополд Седар Сенгор, член на Француската академија и претседател на Сенегал од 1960 до 1980 година. Дела: „Нова антологија на црнечките и малгашки поезии“, „Слобода I: Царство и хуманизам“, „Слобода II - Нација и африканскиот пат во социјализмот“ и други. 1908.- Роден е францускиот фимски режисер и глумец од руско потекло Жак Татишчев, познак како Жак Тати, поетски сатиричар. Филмови, режија и глума: „Празничен ден“, „Одморот на господин Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“. 1934.- Убиен е југословенскиот крал од српско потекло Александар I Караѓорѓевиќ, наречен „Крал Обединител“, прва жртва на фашизмот. Атентатот во Марсеј, во кој е убиен и шефот на француската дипломатија Жан Луј Барту го организирале усташи и италијански фашисти, а пасошот најден кај убиецот е издаден во Загреб на име Петар Келеман. Стана крал на Србите, Хрватите и Словенците на 6 ноември 1921 година. 1940.- Роден е англискиот музичар Џон Ленон, автор на повеќето песни на поп групата „Битлси“. 1958.- Умре папата Пие XII, од италијанско потекло, првосвештеник на Римокатоличката црква од 1939 година. Беше поддржувач на италијанските фашисти и германските нацисти. 1962.- Африканската држава Уганда стана независна по безмалку 70 години биртанска колонијална управа. 1963.- Повеќе од 2.000 луѓе загинаа по пукнувањето на 300 метри високата брана „Вајонт“ кај Белуна, во североисточна Италија. 1967.- Убиен е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година. Во Мексико се запозна со Фидел Кастро. Беше министер за земјоделство, а Куба ја напушти во 1965 година. Во Боливија, сакајќи да го поведе народот во востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашната олигархија, беше убиен. Дела: „Спомени на кубанската револуција“, „Дневник од Боливија“. 1967.- Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. За претседател на МАНУ е избран Блаже Конески (до 1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од 1975 до 1983 година претседател на МАНУ беше Михаило Апостолски, од 1 јануари 1984 до 1992 година Јордан Поп Јорданов, од 1992 до 1999 година д-р Ксенте Богоев, од 2000 до јуни 2001 година Георги Ефремов, од 2001 до 2003 Матеја Матевски и од 2004 година Цветан Грозданов. 1968.- Во Париз Умре Андре Мороа, француски писател, автор на најголем број романи и романизирани биографии за Дизраели, Бајрон, Волтер, Тургенев и други. Роден е на 26 јули 1885 година. 1975.- На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите "бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот", се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. Меѓутоа, во изјавата на 72 советски научници, што е објавена на 25 октомври, се осудува одлуката Нобеловата награда да му се додели на Сахаров. 1983.- Во експлозија на бомба во главниот град на Бурма, Рангуна, за која Јужна Корија ги обвини севернокорејските агенти, беа убиени 18 јужнокорејски функционери, вклучувајќи и четири клучни министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Ли Бум Сук. 1994.- Во селото Црник, Пехчевско, е осветена црквата „Света Петка“. 1995.- Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. 1995.- Во Скопје умре Миодраг Друговац, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар, аналитичар, антологичар, преведувач и новинар. Неговото книжевно дело е мошне обемно. Роден е во селото Друговац, кај Пожаревац, во Србија, на 12 октомври 1928 година. 1997.- Повеќе од 200 луѓе загинаа во ураганот „Паулина“ во мексиканското летувалиште Акапулко. 1999.- Бројот на жртвите во поплавата во Мексико ја надмина бројката 400. 1999.- Во Охрид, митрополитот брегалнички г.г. Стефан (Стојан Велјановски) е избран за поглавар (петти по ред) на Македонската православна црква. Пред него поглавари на Македонската православна црква беа: г.г. Доситеј (Димитар Стојановски), г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) и г.г. Михаил (Методи Гогов). 2001.- Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски потпиша изјава со која се потврдува намерата за амнестија на припадниците на таканаречена ОНА, кои доброволно го положија оружјето во рамките на мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ заклучно со 26 септември 2001 година. 2003.- Умре францускиот филозоф и теоретичар Жак Дерида, познат по концепцијата „деконструкција“. Покрена широка критичка расправа за филозофијата и е еден од иницијаторите на познатата париска група „Тел-куел“. Дела: „Пишување и разлики“, „За граматологијата“, „За духот“ и други. 2004.- Во Авганистан првпат се одржани директни претседателски избори. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата 1354.- Убиен е италијанскиот хуманист Николо Габрини, познат како Кола ди Ријенци, водач на римските републиканци. Својот идеал, обнова на античката република во Рим и обединета Италија, се обиде да го оствари со востание во 1347 година. Со помош на римските граѓани ја прогласи Римската република, која ја предводеше под името „народна трибуна“. Од Рим ги протера феудалците и ги намали даноците, но набрзо аристократијата ги порази неговите истомисленици и од 1348 до 1353 година живееше во бегство. За своите идеи без успех се обидуваше да ги придобие германскиот цар Карл IV и авињонскиот папа Инохентиј VI. Во август 1354 година успаа да ја обнови Римската република, но по два месеци беше убиен. 1469.- Умре италијанскиот сликар Фра Филипо Липи, припадник на фирентинската рана ренесанса. 1793.- Во Париз за публиката е отворен музејот "Лувр" кој дотогаш беше кралски дворец. 1803.- Умре италијанскиот писател Виторио Алфиери. Од неговите дела зрачи љубов за слобода и желба за ослободување од тиранијата. Дела: трагедија „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра„, „Антигона“, автобиографскиот запис „Животот на Виторо Алфиери“. 1856.- Велика Британија ја почна втората „Опиумска војна“ против Кина, во која и се придружи Франција. Кина капитулира во 1857 година кога Братнците и Французите го зазедоа Кантон. 1864.- Во Смедерево е роден Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се комедиите "Сомнително лице", "Протекција", "Народен пратеник", "Госпоѓа министерка" и други. Умре во Белград, на 19 јануари 1938 година. 1871.- Во Чикаго во пожар, кој беснееше три дена, загинаа најмалку 300 луѓе, а околу 90.000 останаа без покрив над главата. 1893.- Вилхелм Конрад Рентген го откри новиот вид зраци што имаат својство да пробиваат низ телото и да дејствуваат врз фотографската плоча. Тој ги нарече "ИКС" зраци, а подоцна според неговото име се наречени рендгенски зраци. За овој епохален пронајдок ја доби Нобеловата награда за физика во 1901 година. 1895.- Роден е аргентинскиот државник Хуан Доминго Перон. Беше претседател од 1946 до 1955 и од 1973 до неговата смрт во 1974 година. По воениот удар во 1943 година беше министер за војна, во 1944 потпретседател, а од 1946 година шеф на државата. Спроведуваше авторитарна политика потпирајќи се на работниците и на неговата популарна сопруга Ева. Во 1955 година ја одвои црквата од државата. Во септември истатата година е по воената побуна е тргнат од функцијата. Во септември 1973 година, по враќањето од емиграција, повторно е избран за претседател на Аргентина. 1895.- Убиена е корејската кралица Мин, која се обидуваше да го спречи бранот на јапонската доминација во Кореја. Групата убијци која влезе во нејзиниот двор ја предводеше јапонскиот конзул генерал Горо Миур. 1912.- Црна Гора и објави војна на Турција и истиот ден ги нападна Турците кај Скадар со што почна Првата блаканска војна. По крвавите борби во кои загинаа безмалку 300.000 луѓе од двете страни, Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија во 1913 година ја тргнаа турската власт од Балканот и ги протераа Туците од Европа. 1939.- Германија во Втората светска војна ја припои западна Полска во Третиот рајх. 1942.- Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Африка за време на Втората светска војна. Главен командант на операцијата беше Двајт Ајзенхауер. 1944.- Ослободена е Крива Паланка. 1944.- На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман - селото Бразда, кои се обидуваа да ја отфрлат од комуникацијата Скопје - Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили. Бригадата успеа да ги одржи позициите од кои постојано ги напаѓаше германските транспорти и колони. 1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Седумнаесеттата македонска НО бригада. 1952.- Во железничка несреќа во северозападен Лондон загинаа 112, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. 1953.- Велика Британија и САД без консултации предизвикаа едногодишна криза во односите меѓу Италија и Југославија со предавањето на цивилната управа во зоната „А“ - слободната територија на Трст - во целост на Италија. Италија концентрира свои трупи на границата, на што со иста мерка и возврати Југославија. 1954.- Ослободителните сили на Северен Виетнам влегоа во главниот град Ханој. 1967.- Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. Роден е во 1928 година. 1967.- Умре биратнскиот државник Клемент Ричард Атли, лабуристички премиер од 1945 до 1951 година. За време на неговиот мандат Лондон ги призна независноста на Индија во 1947 година, а во 1948 година на Бурма. Дела: „Лабуристичката партија во перспектива“, „Дванаесет години подоцна“ и автобиографијата „Како се случи тоа“. 1970.- Рускиот писател Александар Солжењицин ја доби Нобеловата награда за книжевност. 1974.- Во Љубљана умре Франце Космач, словенечки писател, филмски режисер, сценарист и публицист. Роден е во Љубљана, на 3 октомври 1922 година. 1991.- Словенија и Хрватска, спротивно на важечкиот устав, еднострано се отцепија од Југославија, предизвикувајќи граѓанска војна, со премолчена согласност од Запад. 1992.- Во Ункел, кај Бон, умре Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Роден е во Либек, на 18 декември 1913 година. 1992.- Македонската радио - телевизија го извести генералниот секретар на здружението на југословенските радио - телевизии дека Македонската радио - телевизија донесе одлука за истапување на МТВ од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање на здружение на југословенските радио - телевизии. 1994.- Во Скопје е одржано Основачкото собрание на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. За претседател е избран Мето Јовановски. 1995.- Руската воена врховна команда беше подготвена да ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. 1995.- Во земјотрес на индонезискиот остров Суматра загинаа најмалку 100 луѓе. 1996.- Во првата јавна посета на Израел, палестинскиот лидер Јасер Арафат разговараше со израелскиот претседател Езер Вајцман во неговата приватна резиденција. 1997.- Советот за безбедност на Обединетите нации спроведе санкции за Сиера Леоне, насочени против воената хунта бо земјата. 1998.- Јапонија и формално и изрази жалење на Јужна Кореја поради 35-годишното колонијално владеење врз Кореја. 2000.- Сириски авион со функционери, лекари и медицински материјали слета во Багдат. По две децении тоа беше првиот лет на авион од Дамаск во главниот град на соседен Ирак. 2001.- Авион на скандинавската компанија SAS, по сударот во густата магла со мал приватен авион, удри во хангар на миланскиот аеродром „Линате“ при што загинаа сите 110 луѓе во авионот. Загинаа и четири луѓе во приватниот авион и четворица аеродромски работници. 2004.- Во Париз умре Жак Дерида, француски филозоф, основач на деструктивизмот. Се смета за најголем француски мислител на 20. век. Роден е во Ел Биар, француски Алжир, на 15 јули 1930 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1571.- Шпанската морнарица кај Лепанта во југозападна Грција ја победи турската флота. Во битката по која Отоманското царство никогаш повеќе не стана голема поморска сила, загинаа најмалку 25.000 Турци, а беа потопени 80 турски бродови. 1849.- Во Балтимор умре Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и со тага. Автор е на кусите приказни на ужасот „Црна мачка“. Други негови познати дела се „Гавран“, „Абабел Ли“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“ и други. Роден е во Бостон, на 19 јануари 1809 година. 1885.- Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производството на атомската бомба. Во 1922 година ја доби Нобеловата нагрда за физика. Умре во Копенхаген, на 18 ноември 1962 година. 1904.- Умре Димитар Цанко, македонски преродбеник. Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден е во селото Бобошница, Корчанско, во 1814 година. 1910.- Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се "Изгрев", "Епопејата на Ножот", "Последната средба", "Арамиско гнездо", "Пустина" и други. Умре во Куманово, на 2 август 1963 година. 1913.- Во Прилеп е роден Илија Николовски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на Педагошката академија во Скопје. Умре во Скопје, на 22 октомври 1973 година. 1919.- Основана е холандската авионска компанија КЛМ, најстар постоечки воздушен превозник. 1931.- Роден е јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година. 1935.- Друштвото на народите ја прогласи Италија за агресор врз Абисинија (Етиопија). 1940.- Германија во Втората светска војна ја окупира Романија со што допре до важните стратешки нафтени полиња. 1944.- На кај селото Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти загина Ацо Караманов, македонски поет и борец во НОВ на Македонија. Роден е во Радовиш, на 31 јануари 1927 година. 1946.- Во Софија почна траурната церемонија - пренесување на посмртните останки на големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, во главниот град на Народна Република Македонија. 1949.- Прогласена е Демократска Република Германија. Вилхелм Пик беше претседател, а премиер Ото Гротевол. Со тоа Германија беше поделена на две држави. На ова му претходеше прогласувањето на Сојузна Република Германија, на 21 септември 1949 година. 1959.- Советскиот вселенски брод „Луна 3“ прв ја фотографираше темната страна на Марс. 1959.- Умре американскиот оперски пејач и филмски глумец од италијанско потекло Марио Ланца, кој оствари голем број незаборавни оперски улоги. Сними неколку филмови, вклучувајќи го и филмот „Големиот Карузо“. 1981.- Потпретседателот на Египет Хосни Мубарак стана вршител на должноста шеф на државата еден ден по убиството на претседателот Анвар ел Садат, извршено од страна на исламски терористи. 1985.- Палестински терористи во Медитеранот киднапирајќи го италијанскиот патнички брод „Акиле Лауро“ со околу 440 луѓе се заканија дека со експлозија ќе го уништат ако Израел не ослободи од затвор 50 Палестинци. 1985.- Во Скопје умре проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден е во Дојран, на 21 септември 1927 година. 1989.- Конгресот на Унгарската социјалистичка работничка партија ја укина партијата која владееше 33 години и наместо неа ја формира Социјалистичката партија на Унгарија. 1991.- Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции. 1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја основа Комисијата за испитување на воените злосторства во Југославија. 1993.- Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал. 1995.- Умре Христо Христоманов, македонски општествено-политички работник и земјоделско-шумарски стручњак. Смртта настана како последица од повредите добиени при атентатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Роден е во Струмица, на 18 јули 1921 година. 1992.- Германските компании и владата понудија 3,3 милијарди долари компензација на стотина илјади луѓе кои беа приморани на присилна работа во текот на нацистичката ера. 2001.- САД извршија напади врз Авнагистан бидејќи талибанците одбија да го испорачаат арапскиот терорист Осама бин Ланед осомничен за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, на 11 септември. 2003.- Амерканскиот филмски глумец од австриско потекло Арнолд Шварценегер е избран за гувернер на Калифорнија, најнаселената држава во САД. 2004.- Во серија експлозии во египетското летовалиште Синај, на границата со Израел, загинаа 35 туристи, а беа ранети 105, повеќето израелски граѓани. Најсилната експлозија беше во Таби, во хотелот „Хилтон“. 2004.- Абдицираше камбоџанскиот крал Нород Сиханук кој ја ослободи земјата од колонија. Него го наследи синот Нород Сихамон. 2004.- Во експлозија на автомобил-бомба во пакситанскиот град Мултан загинаа најмалку 39 луѓе, а преку 100 беа повредени. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврило Радомир. Самуиловата држава постоеше 38 години, од 976 година, па до смртта на Гаврило Радомир, во 1018 година. 1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач на Библијата Вилијам Тиндејл по наредба на кралот Хенри Осми беше запален. 1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри Шести со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта "Евридика", прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери. 1767.- Роден е хаитскиот државник од африканско потекло Хенри Кристоф, доведен од Гренада како роб на Хаити, каде на крајот од 18. век се вклучи во побуната против Французите. По дворскиот пуч во 1806 година во кој и тој учествуваше, и по суровото убиство на царот Жан Жак Десалин, кој исто така беше роб, во 1807 година стана претседател на Хаити, а во 1811 година се прогласи за цар. 1773.- Роден е францускиот крал Луј Филип, наречен „кралот граѓанин“ кој владееше од 1830 до 1848 година. Тргнат е од престолот во Февруарската револуција во 1848 година кога е прогласена републиката, а умре во 1850 година. 1887.- Роден е францускиот архитект и теоретичар од швајцарско потекло Шарл Едуар Жанре, познат како Ле Корбизје, еден од најголемите архитекти на 20. век. 1891.- Умре ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој внесе нови методи во борбата против Англичаните. Во 1875 година стана член на британскиот парламент каде ги започна опструкциите во законодавното тело со истовремена блокада на теренот. Во 1881 година иако беше затворен управуваше со борбата на ирските националисти. 1892.- Умре англискиот писател Алфред Тенисон кој пишуваше необично мелодични стихови. Дела: поемите „Кралевски слики“, „Принцеза“, елегија „Ин мемориам“ и голем број лирски песни. 1903.- Роден е ирскиот физичар Ернест Томас Синтон Волтон, еден од пионерите на нуклеарната физика. Во 1929 година заедно со Џон Даглас Кокрофт го развија првиот атомски акцелератор, а во 1951 година ја поделија Нобеловата награда за физика. 1914.- Роден е норвешкиот етнолог и истражувач Тор Хејердал, кој во 1947 година ја предводеше шестчлената експедиција „Кон-Тики“, пловејќи со сплав околу 9.000 километри помеѓу Перу и пацифистичките острови Туамату близи Тахитија. 1915.- Бугарија се вклучи на страната на Централните сили во Првата светска војна. 1927.- Во филмот „Џез пејач“ со глумицата Ал Џонсон, кој премиерно беше прикажан во Њујорк, првпат се слушна глас на глумец, со што беше означен почетокот на ерата на звучниот филм. 1930.- Роден е сиријскиот државник и генерал Хазеф ал Асад, кој на власт дојде во 1970 година. Во 1971 година стана претседател на Сирија. 1937.- Друштвото на народите ја осуди агерсијата на Јапонија врз Кина. 1943.- Кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, загина Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинаа и повеќе од 70 партизани. Роден е во Гевгелија, на 2 август 1914 година. 1943.- Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други. 1944.- На Скопска Црна Гора е формирана Шеснаесеттата македонска НО григада. 1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегоа германските фашисти и почнаа да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден крена во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелаа 21 невино лице и својот крвав поход го завршија во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелаа 39 луѓе. 1972.- Во железничка несреќа кај мексиканскиот град Салтиљо загинаа најмалку 208, а беа повредени повеќе од илјада луѓе. 1973.- Со заедничкиот напад на Египет и Сирија врз изреалските позиции на источниот брег на Суец и на Голанската висорамнина изби „Јом Кипур“ војната, четврта по судирот на Израел со Арапите. Војната заврши на 22 октомври со резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации. 1976.- Војната на хунтите во Тајланд ја собори владата на Сени Прамод, а војската на универзитетот во Бангкок масакрира голем број студенти. 1981.- Во Каиро, за време на воената парада е убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат. 1989.- Умре американската глумица Бет Дејвис. Сними повеќе од 80 филмови и оствари голем број драмски улоги, воглавно играјќи несреќни и зли жени. Филмови: „Опасна“ (Оскар), „Џезабел“ (Оскар), „Мали лисици“, „Елизабета и Есекс“, „Хуарез“, „Што се случи со Беби Џејн“, „Се за Ева“, „Свадбен ручек“. 1989.- Тајфунот „Анѓела“ на филипинскиот остров Лузон усмрти најмалку 108 луѓе. 1991.- Во Белград допатува синот на последниот југословенски крал 46 годишниот принц Александар II Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната "Божја правда" и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството беше пречекан од одборот за пречек на чие чело е Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјави: "Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја". 1991.- Индонезиски воен авион удри во владината зграда во Џакарта, усмртувајќи 102 и повредувајќи повеќе од 5.000 луѓе. 1992.- Републиканскиот конгресмен Дорнан го обвини демократскиот кандидат Бил Клинтон дека бил поканет во Москва од страна на КГБ, што го подржа него да демонстрира против виетнамската војна, пред повеќе од 20 години. 1996.- Во Скопје, на локалитетот „Средно Водно“, е осветен камен-темелникот на новата црква „Раѓање на Пресвета Богородица“. 2001.- Умре Петар Серафимов, еден од првите членови - основоположници на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во Охрид, на 28 мај 1915 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Денеска е Светски ден на учителите 1502.- На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. 1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур Дванаесетти изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година. 1713.- Роден е Дени Дидро, француски филозоф, писател и главен уредник на големата француска „Енциклопедија“, што во периодот од 1751 до 1772 година е објавена во 28 томови. Познати негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Д`Аламбер и Дидро“, „Мисли на толкувањето на природата“ и други. Умре во Париз, на 31 јули 1784 година. 1796.- Под притисок од Франција, Шпанија и објави војна на Велика Британија која заврши со катастрофален пораз на француско-шпанската флота во 1805 година во битката кај Трафалгар, по што Шпанија практично остана без воена морнарица. 1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимијер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Аугисто, ја направи првата филмска камера и во Лион ја основа фабриката за правење на фотографски материјали. 1875.- Роден е Михаил Алексеевич Кузмин, руски писател и преведувач. Пишуваше песни, новели, романи, драми и критики. Главни дела му се збирките песни „Александриски песни“ и „Зелениот славеј“. Умре во 1936 година. 1880.- Во Париз умре Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите "Убавата Елена" и фантастичната опера "Хофмановите пријазни". Роден е во Келн, на 20 јуни 1819 година. 1908.- Бугарскиот кнез, германскиот принц Фердинанд Кобург ја прогласи Бугрија за независна од Отоманското царство, а себе се прогласи за цар Фердинанд Први. 1910.- Португалија после соборувањето на кралот Мануел II е прогласена за република. За претседател беше избран Жуаким Теофил Фернандес. 1938.- Претседателот на Чехословачка Едуард Бенеш поднесе оставка поради Минхенскиот договор со кој западните сојузници Велика Британија и Франција практично и ја предадоа неговата земја на нацистичка Германија и пребегна во странство. 1954.- По заострената ситуација околу Трст, што ја предизвикаа западните сили со својата одлука цивилната управа во зоната „А“ на слободната територија на Трст да се предаде на Италија, во Лондон е потпишан таканаречениот Лондонски меморандум за решавaње на трстјанската криза. 1960.- Џон Кенеди е избран за претседател на САД. 1964.- Во Каиро почна Втората конференција на шефовите на држави и влади на неврзаните земји. 1964.- Во Западен Берлин низ тајно ископаниот тунел под Берлинскиот ѕид пребегнаа 57 државјани на Источна Германија. Тоа беше најголемо масовно бегство од изградбата на Ѕидот во 1961 година. 1968.- Ричард Никсон е избран за претседател на САД. 1970.- Вршителот на должноста претседател на Египет Анвар ел Садат по седум дена од смртта на Гамал Абдел Насер и официјално стана шеф на државата. 1993.- Република Македонија и Република Грција првпат во историјата воспоставија директна телекомуникациска врска. 1998.- Правниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри отпочнување на постапката за импичмент против американскиот претседател Бил Клинтон. Во американската историја тоа беше трета истрага за постапка на импичмент против претседател на САД. 1994.- Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од потонатиот брод "Титаник". Изложбата "Остатоците од Титаник" поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. Остатоците од прекуокеанскиот брод, што требаше да го симболизира "трумфот на технологијата над природата", се уште лежат на морското дно на длабочина од 3.980 метри. 1995.- Собранието на Република Македонија со 110 гласови "за" и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Идејниот цртеж врз кој е направена компјутерска апликација е на Спасе Шуплиновски. 1997.- Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. 2003.- Фаворитот на Москва Ахмад Кадиров, бивш муслимански свештеник, победи на претседателските избори во Чеченја. Исламски терористи го убија Кадиров во мај 2004 година. 2004.- Умре Морис Вилкинс, англиски биофизичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година (заедно со Џејмс Вотсон и Франсис Крик) за откритија што се однесуваат на молекуларната структура на нуклиенските киселини и нејзиното значење за пренос на инфекции во живата материја. Роден е во Понгароа, Нов Зеланд, на 15 декември 1916 година. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2223242526 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |