![]() |
|
Српска пропаганда и окупација на Македони |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2122232425 33> |
Автор | |||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
VLADO... Se e vo red sto kazuvas... taka e... Ama jas drugo prasuvav... Ima nekoj koi se zalat i kazuvaat deka ovie "Srpskive dusmani" im go menuvale prezimeto od "SKI" vo "IC"... Jas samo pobarav takov dokaz (koj nikade go nema)... Dodeka ima mali milion kade sami nekoi si go menuvaat prezimeto od "IC" ,voglavno vo "OV" i toa od koga ke prebegale vo Sofija... Dali me svakas sto sakam da kazam...??? ![]() |
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Neznam sto sakas da kazam vo vrska so ova...? Gledam i jas nekoja mapa i nekoj dokument, ama nisto pveke... Tuka ne pisuva za niedna naicija ili narod... Sto da se kaze??? ![]() Изменето од DelijaSkopje - 28.Јули.2009 во 12:12 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
DelijaSkopje, некако ми молчиш за документов. Каде е сега борбата за вистината? Некако исчезна... |
|||
![]() |
|||
Сварог ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 71 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да. На пр Петар Алексеевиќ Шолохов,одма се знае дека татко му се вика Алексеј.
Назад на темата ,имало пропаганда секако ко и секој друг окупатор што бил во Македонија.Но сепак,мое мислење е дека денес од сите други соседи што ни се ,србите ни се најблиски од ред причини. ![]() |
|||
Европа для Славян
Meine Ehre Heisst Treue Русский доброволец, руку братьям дай, Будь готов бороться до конца. |
|||
![]() |
|||
Соловиев ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 76 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Колку што јас знам,презимиња во Македонија на ич,немало,дури и тие на -ски биле поретки.
Русите имаат секакви ![]() ![]() ![]() Изменето од Соловиев - 28.Јули.2009 во 00:06 |
|||
(Се моли непознатиот фактор одговорен за снемвање на овој потпис да не изводи)
|
|||
![]() |
|||
Владо ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ова ми се виде како интересна тема за размислување, и следното што ќе го изложам е нормално, само мое лично видување на нештата. Македонските презимиња во минатото најчесто завршувале на -ов кога имаат генетивско презиме односно кога тоа презиме произлегува од посвојна придавка како на пример- Даме Груев, т.е. Даме на Грујо, Иван Хаџи Николов (Иван на Хаџи Никола), Петар Поп Арсов (Петар на поп Арсо), Пере Тошев, Никола Карев , Гоце Делчев, Никола Вапцаров, Дуке Бојаџиев, Игор Џамбазов итн. и кога на пример презимето произлегува од име на место, т.е. како прекар на -ски. Иљо Малешевски, Димитрија Поп Георгиев- Беровски, Јане Сандански, еве и Бабунски. Ова е во најголемиот број на случаи, исклучоци би било нормално да постојат. По втората светска војна поголемиот број на Македонци, а понекогаш и Срби ги менуваат презимињата на -ски, доброволно, т.е. поради сообразување, од оваа или онаа причина. Јас знам за еден пример кога една фамилија си го смени презимето од -ов на -вски за време на владата на Љубчо Георгиевски. Ајде сега да видиме накратко за српските презимиња. На пример има презимиња како Караџич, Бјелогрлич, но има и Верков-ич, Станков-ич, Миленков-ич итн. Како и да е, суфиксот -ич (или -иќ, не знам како да го напишам бидејќи нашето ќ не е исто како српското) е многу ретко кај нас и ако не грешам, тоа е деминутив, т.е. означува нешто мало. На пример ножић- ноже, ношче, коњић- коњче, дечачић- момченце, кучићи, мачићи- кученца, маченца итн. Значи тој суфикс во нивниот јазик најверојатно ја има функцијата на пример на junior во англискиот јазик, значи помалиот, помладиот. И сега ДелијаСкопје, по која логика презимињата на -ич би биле чести во Македонија? Единствено презиме кое ми наликува на деминутив е Ѓурчин Кокале(спореди детуле), кое што е поскоро прекар, неговото вистинско полно име е Ѓурчин Илиов Кокалески. Значи ова си беше само мое размислување по повод тврдењето на ДелијаСкопје дека во минатото повеќето се презивале на -иќ, што мене според особеностите на нашиот јазик ми се чини доста нелогично. Изменето од Владо - 27.Јули.2009 во 22:40 |
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() ![]() ![]() Изменето од DelijaSkopje - 27.Јули.2009 во 20:55 |
|||
![]() |
|||
Владо ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Еве како размислувале некои наши историски личности во врска со дејствијата на „нашите браќа од север“. Но не, секако не станува збор за Соколовиќ и Бабунски
![]() „...Целта ни беше: по завршувањето на учењето да си се прибереме сите внатре во Македонија, во која имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Сред тој наш тесен, интимен круг веќе се беше родила идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија. Бидејќи српската пропаганда веќе беше почнала да дејствува во Македонија,и ние поради тоа се наштрекнавме и дојдовме на мислата дека треба да се побрза да се постави на дневен ред идејата за ослободување на Македонија, пред да успее српската пропаганда да се зајакне и да го расцепи народот. Ние самите го испитавме врз себеси дејството на таа пропаганда. Во Скопје и во Солун истовремено имаше агитатори. Ни ветија стипендија и ни ја дадоа. И тогаш јас со уште неколку Македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери од тоа што мошне се трудеа да ни влејат српска идеја, и да ни го натурат српскиот јазик, што уште повеќен не разгневуваше....“ (СПОМЕНИ- Даме Груев) „...„Од 1888/89 училишна година српската пропаганда во Македонија се засили мошне многу и атакуваше не само села и градови, туку почна да ја атакува силно и солунската гимназија. Со големи ветувања и со многу пари сакаа да ги „преземат“ сите ученици од гимназијата и успеаја да заблудат и спечалат околу 40 ученици од неа и да ги испратат во Белград, но тие веќе следната година побегнаа во Софија од Белград. Во провинцијата Србите секој ден печалеа успеси. Секој ден слушавме дека тука или таму се отворило српско училиште, па макар и со еден или двајца ученици или само со таблицата закачена на вратата од некоја одаја. Овој српски успех што се должеше на комбинираната дејност на руските конзули, на грчката Патријаршија (патријаршијата решила сите гркомани во средна и северна Македонија да стануваат србомани), на српските пари и на турската влада - многу ме огорчи. Јас не можев да се помирам со положбата Србите да проникнуваат и да се настануваат во Македонија, кога во неа нема ниту еден Србин! И, во барањето на средства за противдејство спрема Србите, и, откако видов дека ниту Егзархијата, ниту бугарската влада на Стамболов, што водеше туркофилска политика, не можат да направат ништо против Србите, се запрев на Револуционерната организација и си реков: „Само таа ќе постави сe на свое место и ќе ги истера Србите од Македонија“!...“ (СПОМЕНИ-Иван Хаџи Николов) |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ДА видиме дали сега ке читаш,читаш и никој нема да слушаш - ете ти доказ кој неможеш да го оспориш
![]() |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Еве документи за српската колонизација на Македонија по Првата Светска војна. Ако погледнете внимателно ќе видите дека Македонците се обележани како Срби, меѓутоа доколку биле Срби, која е потребата за колонизација. Колонизација прават само освојувачите.
![]() Еве и легенда на истиот документ. Хммм....домородно население....какво ли е тоа? Па уште и најбројно. ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Nikoj mene ne me lazel, bidejki nikogo ne sum slusal... Jas samo citam, druze... DA...DA... Citam ,a ne slusam nikogo kako ti... Zalno e toa sto mislis deka tie tebe sto ti kazuvaat ne te lazele... ![]() Изменето од DelijaSkopje - 27.Јули.2009 во 15:07 |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Би излажал кога би кажал дека не те разбирам бидејки те разбирам - разочарување е големо кога ке дознаеш дека цел живот те лажеле ![]() |
|||
![]() |
|||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Дали според тебе ние сме срби? |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Stvarno, najseriozno bi bil sreken da e taka... No surovata realnost e deka naprotiv, znam premnogu za Makedonija i Makedoncite, t.e. za nas... ![]() Изменето од DelijaSkopje - 27.Јули.2009 во 13:15 |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2122232425 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |