![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 61> |
Автор | ||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Манчестер Јунајтед најбогат клуб во светот
![]() Зад Манчестер Јунајтед на табелата се наоѓа американскиот НФЛ клуб Далас Каубојс, потоа Њујорк Јенкис итн. Меѓу првите десет најбогати светски клубови се наоѓаат уште две од светот на фудбалот. Освен Манчестер Јунајтед, тука се уште Реал Мадрид и Арсенал. На листата доминираат клубови од американскиот фудбал од каде има дури шест во првите десет и 15 во првите 20. ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ СВЕТСКИ КЛУБОВИ СПОРЕД ФОРБС 1. Манчестер Јунајтед фудбал 1,83 милијарди долари 2. Далас Каубојс американски фудбал 1,65 3. Њујорк Јенкис безбол 1,6 4. Вашингтон Редскинс американски фудбал 1,55 5. Њу Ингланд Петриотс американски фудбал 1,36 6. Реал Мадрид фудбал 1,32 7. Њујорк Џајантс американски фудбал 1,18 8. Арсенал фудбал 1,18 9. Њујорк Џетс американски фудбал 1,17 10. Хјустон Тексанс американски фудбал 1,15 |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Вредна победа на ТетексИзвор: Макфакс
Тетекс – Вентспилс 3:1 (2:0). Тетекс успеа да елиминира екипа која минатата година се натпреваруваше во групите на УЕФА Европа лигата. Стравот од противникот од Летонија, го снема веќе по првите неколку минути. Тетовчани играа пожртвувано, сечејќи ги акциите на противникот уште во средината на теренот. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Скоро неверојатна вест ни доаѓа од Шпанија. Жозе Мурињо наводно подготвува бомбастична размена на потегот Мадрид – Барселона!
Како што пишуваат шпанските спортски медиуми, Жозе Мурињо ќе сака да го доведе шпицот на Барселона Златан Ибрахимовиќ, со кој успешно соработуваше во дресот на Интер, но бидејќи е скоро невозможно да се плати целата сума што ја бараат Каталонците, Мурињо е спремен на неочекуван потег – Кака! Во Шпанија тврдат оваа идеја потекнува лично од тренерот на Реал Мадрид, затоа што смета дека Ибрахимовиќ е многу подобра замена за ’скандалозниот’ Бензема. Од друга страна, Каталонците и онака не сметаат многу на услугите на Швеѓанецот и се обидуваат да му најдат нова средина. Кака, пак, зад себе нема сезона за паметење во Мадрид, откако се пресели од Милан меѓу ’кралевите’, па за Барселона тоа ќе биде убава замена за Сеск Фабрегас, кој Арсенал не сака да го продаде. Сепак, на оваа вест мора да се гледа со доза на сомнеж, затоа што едноставно е премногу сензационална за да се прими здраво за готово, особено плус бидејќи се работи за најлутите фудбалски ривали. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Враќање на СФРЈ лигата?
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Едгард Давидс се враќа на терените
Поранешниот холандски репрезентативец Едгард Давидс може да се врати во професионалниот фудбал две години откако стави крај на својата кариера.
Играчот за врска кој помина низ редовите на Јувентус, Барселона, Милан, Интер и Тотнем а последно играше во својот роден Ајакс има понуда од белгискиот Лиерс. „Разговаравме со агентот на Давидс и од него разбрав дека тој не би имал ништо против да се врати во фудбалот. Опцијата да дојде во Лиерс е добра за него и не веруваме дека ќе ни биде тешко да се договориме“, изјави Сами Давидс се откажа во 2008. година. Пред неколку месеци се појавија шпекулации дека тој може да премине во тим од Малта но до тоа не дојде |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Фабиано му откажа на Јунајтед и Тотнем
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Руска обложувалница сака да го ангажира октоподот Пол
Една руска обложувалница сака да го ангажира октоподот Пол, кој успешно ги прогнозираше резултатите од натпреварите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. Олег Зуровски, косопственик на обложувалницата Бет Лиг (Bet League), изјави дека неговата компанија сака да го ангажира Пол за месечна плата од 5.000 долари. „Пол би можел да биде еден од 120-те вработени во нашите обложувалници. Нашите стручњаци за предвидувања на резултатите од натпреварите заработуваат по 3.000 долари, а на Пол планираме да му дадеме 5.000 долари“, изјави Зуравски. Познатиот октопод се наоѓа во аквариум во германскиот град Оберхаузен, а Зуравски изјави дека е подготвен да го откупи Пол за 100.000 евра. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Манчестер Сити преговара со Дрогба
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Бензема и Рибери испрашувани од полицијата за инволвираноста со малолетна проститутка
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Бенитез: Балотели може да си замине
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Робињо не може да постигне гол од гол линијата
Изменето од Santijago - 20.Јули.2010 во 13:34 |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Место во Арсенал, Кол заврши во Ливерпул
![]() "Ливерпул е воодушевен од доаѓањето на Џо Кол. Англискиот репрезентативец ги договори личните детали со клупското раководство и останува само уште да ги помине лекарските прегледи", се вели на интернет-страницата на Ливерпул. Иако од Челзи си замина поради "лошите финансиски услови", Џо Кол ниту во Ливерпул нема да ја надмине цифрата од 100 илјади фунти неделно. Неофицијално, неговата седмична плата ќе изнесува 90 илјади фунти, што, сепак, ќе го направи еден од најплатените фудбалери. Освен Тотенхем, за него летово беа заинтересирани уште Тотенхем и Манчестер Јунајтед, како и неколку италијански клубови, но ниеден од нив не можеше да ги исполни високите финансиски барања. Во клубот од Енфилд, Џо Кол би требало да биде од голема помош за Стивен Џерард и Фернандо Торес и да отвори повеќе простор во нападот, што не беше случај со Јоси Бенајун последните две сезони. Инаку, Кол е производ на добро познатата фудбалска школа на Вест Хем од каде излезе и Френк Лампард, а дресот на овој клуб го носеше од 1998 до 2003 година. Потоа се пресели во Челзи со кој освои три титули во Премиер-лигата и две во ФА Купот. За репрезентацијата на Англија има 56 настапи и десет гола. Џо Кол е второто засилување за Ливерпул во летниот преоден рок по Милан Јовановиќ од Стандард Лиеж, а од Енфилд си заминаа Јоси Бенајун и Емилијано Инсуа. Можно е до крајот на летото да си замине и Хавиер Маскерано кој се уште не се појавил на подготовките и не одговара на повиците на новиот менаџер Рој Хоџсон. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Вердер го продава Озил за 27 мил. евра
![]() "Не успеавме да најдеме заедничко решение и тоа е нешто што би морале да прифатиме. Очекувам доста понуди за Озил во периодот што претстои", изјави спортскиот директор на Вердер, Клаус Алофс. И тој, а и другите членови на раководството на клубот од Бремен, како и тренерот Томас Шаф посакуваат да го имаат Озил во своите редови барем уште неколку години. "Повеќе би сакал тој да остане кај нас отколку да добиеме многу пари за него. Но, тоа е само една од можните опции. Се во моментов наведува на тоа дека Месут летово ќе не напушти", додаде Алофс. Сепак, сумата од 27 милиони евра на колку Вердер во моментов го проценува својот фудбалер може да придонесе да го загуби без никаква отштета. Озил има договор со Вердер на уште една сезона и ако сега не го продолжи, тоа ќе значи дека идното лето ќе може да си оди како слободен играч и тоа во клуб што самиот ќе си го одбере. Со оглед на тоа што има неполни 22 години, уште една сезона играње во Бундес-лигата нема да претставува хендикеп ниту за него, ниту за заинтересираните клубови. Озил одигра фантастично Светско првенство во Јужна Африка каде ги освои симпатиите на сите љубители на фудбалот, па поради тоа им влезе "во очи" на најпознатите европски клубови. Од него се очекува во иднина да биде лидер на исклучителни младата германска репрезентација која од 2012 година, според сите прогнози, треба да тргне во жетва на трофеи од големите фудбалски натпреварувања. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
"Корпи" за Реал од сите страни
![]() Видиќ има договор со Јунајтед до 2012 година, сака да остане на Олд Трафорд и да потпише нов со што ќе се израмни според примањата со Рио Фердинанд кој во моментов е најплатен играч. Меѓутоа, политиката на клубот е за новиот договор да се преговара на една година пред истекот на актуелниот. Правилото е прекршено само во случајот на Руни, но не треба многу да се објаснува зошто е тоа така. Постојат информации дека Јунајтед, сепак, ќе му понуди договор на Видиќ до 2015 година, но многу пореални се другите верзии на приказната. Според нив, Видиќ е многу блиску да ја доживее судбината на Кристијано Роналдо кога станува збор за трансферот во Реал. Тоа значи дека Србинот и претстојната сезона ќе остане на Олд Трафорд, а идното лето ќе го облече дресот на Реал и со тоа "кралскиот клуб" за него ќе плати помалку пари. Причината за тоа е фактот што Јунајтед во моментов нема соодветна замена за Видиќ. За него може да добие максимум 20 милиони фунти, а со тие пари не може да се купи квалитетен стопер. Крис Смолинг тукушто пристигна од Фулам и допрва треба да се бори за местото во тимот, Фердинанд често е повреден, а и не може да играм сам, па изборот се сведува на Џони Еванс. Од друга страна, Јувентус не сака да го продаде Кјелини, Бруно Алвес и Невен Суботиќ се премногу скапи, па за Реал најисплатлива опција е Видиќ. ![]() "Не сум разговарал со него за тоа, но не ни мораме да разговараме. Ешли е фудбалер на Челзи, одигра одлична сезона и ќе биде наш важен играч и во новата кампања. Ве уверувам дека 100% ќе биде така", порача Анчелоти. Во меѓувреме, Реал е во очајна потрага по централен дефанзивец. Според првиот план на Мурињо при доаѓањето, на тоа место требаше да игра Серхио Рамос, но по одличните изданија на шпанскиот репрезентативец како десен бек на Светското првенство во Јужна Африка, планот е променет. Освен тоа, по се изгледа Мајкон нема да дојде на Бернабе, па Мурињо ќе нема друга опција освен Рамос и Марсело како негова замена. Тоа значи дека нема квалитетен стопер освен Пепе, а ако се исклучат Видиќ, Суботиќ и Бруно Алвес, остануваат Давид Луис од Бенфика и Тиаго Силва од Милан. Кога сме кај Мурињо, тренерот на Реал откри дека играта на тимот во новата сезона во целост ќе биде прилагодена на Кристијано Роналдо. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |