![]() |
|
Универзален Живот - Прахристијани |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 26> |
Автор | |||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Досега така и ги одговарав сите твои прашања.
Секој има право на свое мислење. Габриеле и Духот Божји ја почитуваат слободната волја на луѓето и никому ништо не наметнуваат. Но никој не треба објавите примени преку Габриеле, како и нејзините објаснувања која таа меѓу другото го дава на неделните средби на сите боготрагачи или на семинари, некој да ги вади вон контекст. Затоа е најдобро кога човек самиот ќе земе да чуе и прочита без коментари од страна.
Ова прашање воопшто не го разбирам. Те молам појасни го и по можност наведи пример на што мислиш конкретно.
Не. Ова е представа која ја има во хиндуизмот. Настаните се одигруваат еднаш и потоа стануваат дел од минатото кое е неповратно. Не постојат тнр. паралелни универзуми за кои зборуваат некои New Age движења, романи и филмови - барем не според учењето на Универзален живот.
Светиот Дух е Сеприсутен аспект Божји, тој не е личност. Светиот Дух ја прострујува целата бесконечност и затоа велиме дека Бог е сеприсутен.
Ако не се лажам, за неколку месеци ќе наполни 75.
Херувимот на Божественаа Мудрост(некогаш бил отелотворен како пророк Исаија од Стариот Завет) за нас луѓето привремено наречен Брат Емануел, се објавува само преку Габриеле од Вирцбург. Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 14:43 |
|||||||
![]() |
|||||||
Nikki ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
За Мајкл:
Кога те прашувам, очекувам да ми одговориш во согласност со објавите која ги добива Габриела А не според некои лични размислувања на поединци во вашата заедница На пример колкава слобода имате слободно да размислувате, и да толкувате некои дефиниции, ако за тоа не се изјаснува јасно Габриела ? Кога една душа повторно ќе се роди дали се раѓа напред во времето, или може и порано да се роди Кога времето би било релативно Дали целиот временски циклус се повторува Ако се повторува, дали Исус истиот повторно се распнува ? Или има и други Исуси кој при повторно создавање на земјата кој ќе го ослободат светот ? Какво е вашето учење за Св Дух, дали тој је Личност ? Колку години има сега Габриела ? Дали само на неа и се јавува Емануил ? Изменето од Nikki - 24.Јули.2008 во 21:31 |
|||||||
![]() |
|||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Не. Символот е исповедание на православната вера и представува кратко изложување на православната вера во дванаесет члена. Беше донесена на Никејскиот и Константинополскиот(Цариградскиот) собор, не во првите прахристијански заедници. Во символот на верата меѓу другото се вели (ако сум јас правилно запознаен)се исповедува едно крштение за опрост на гревовите и дека се чека воскресението на мртвите. Прахристијаните во Универзален Живот не веруваат дека преку крстението се опростуваат гревовите и не веруваат во воскресение на физичките тела.
На Христос и Бог-Отец. Не се молиме на светци, не се молиме на пророци, не се молиме на духовни учители и други луѓе. Кога сме во заеницата заедно, низ песна ја молиме Оче наш, но во малце поинаква форма.
Бог е оној кој што Е, она „ЈАС СУМ„. Со човечки зборови не може да се изговори неговото име, па велиме дека е безимен. Во различни религии меѓутоа на различни јазици постојат безброј Божји имиња. Муслиманите ќе речат дека Аллах можеме да го наречеме со 99 имиња како Ел Емин, Ел Рахман итн. Јеховините сведоци велат дека Бог има лично име т.е. Јехова, хиндусите ќе речат Вишну или Нарајан итн... Она што е при тоа битно е што ние навистина (секој поединец посебно)чувствува кога го изговара зборот за кој верува дека го представува Божјото Име. Ако е искрен и несебичен во своите молитви човек, Бог го слуша. Ако не(на пр. молитви од типот „Да му цркне кравата на комшијата„), тогаш џабе и да ги наброи имињата Божји од сите вери, пак нема молитвите да паднат во Божјето срце.
Таа не е само од свештенството променета. При самото запишување на некои од книгите вклучени во библијата самите автори несакајќи внесувале свои представи и мислења бидејќи некои настани или изјави не ги разбирале вистински. За повеќе информации проследени со конкретни историски извори би упатил на брошурата „БИБЛИЈАТА е фалсификувана! - Хиероним црковниот фалсификатор на Библијата„ која може да се порача на македонски јазик за симболична цена(отприлика колку еден дневен весник) или на бесплатната брошурата Пророк 15 со наслов„Животните тажат пророкот обвинува„(погоре има линк каде може бесплатно на хрватски да се симне, македонската е разделена мислам)порачки на info@univerzalen-zivot.org.mk или тел.02/3111-043 ![]() ![]()
Начално полот соодветствува на душата која е или машки принцип или женски принцип. Но можно е од кармички причини душата да се отелотвори во физичко тело од спротивниот пол, на пр. една машка душа да се отелотвори во женско тело или една женска душа да се отелотвори во машко тело.При тоа така отелотворената душа можно е да доживува различни потешкотии, зависно од околностите. На вториот дел од прашањето веќе одговорив со претходниот постирање на стр.5 во контекст на твоето прашање за Харе Кришна и индијските религии. Уште еднаш: Не е возможно човечката душа да се роди како животно, растение или минерал. Тоа меѓутоа било реална тенденција(но не се остварила) поради дејствувањето на силите на Темнината до пред Христовата избавителска жртва на Голгота. Христос таа опасност трајно ја одстранил.
Во чистото Небо т.е. Царството Небесно иако постојат тнр. машки и женски принципи, не постојат сексуални односи бидејќи чистите духовни битија немаат физички тела кои пак имаат полови органи. Но во чистото Небо постојат тнр. духовни Дуални Парови составени од еден машки и еден женски принцип(битие) кои во Бога се љубат. Сексуалните односи за првпат се одиграле на Земјата кога првите потполно-материјални луѓе на тој начин зачнаа ново физичко тело. Тие луѓе се викаа Адам и Ева.
Кај хомосексуалноста се работи за нарушеност на духовните енергии. Причината за тоа лежи во начинот на размислување и постапување на поединецот било во овој или некој од претходните животи. Тие жени или мажи нема право никој да ги осудува, но и тие би требале постепено да тендираат кон живот според Исусовата Беседа на Гората но без потиснување на своите сексуални програми, туку постепено да ги исчистат, бидејќи се` што човек ќе потисне порано или подоцна ќе еруптира како вулкан и може да направи уште поголема штета. Тоа воедно важи и за сите други луѓе. На земјата треба да биде како на Небото, односно машките и женските енергии да бидат во Хармонија. Машкиот принцип да настапува како дарител а женскиот принцип како примател, би сме рекле плус и минус. Со оглед на тоа дека на Земјата многу одамна тоа не е случај, некои души при инкарнирање го мешаат полот(кој зависи и од хромозомите на телесните родители) поради губење преглед - причината лежи меѓуота кај душата. Доколку една душа дур е човек на земјата, развие силни тенденции кон истиот пол, тогаш тие тенденции и желби душата си ги зима со себе и после смртта на телото. Доколку не ги одложи во отадестраните подрачја, си ги зима овие желби со себе во наредното отелотворение, кои во одреден момент ќе станат активни. Во Универзален живот нема забрани као што повеќе пати напоменав. При сексуалното надразнување до оргазам било со партнер или сам, се губат огромни количини енергија. Желбата за секс меѓу другото настанува поради неразрешени напнатости кои свесно или несвесно ги изградуваме во текот на денот. Тоа влијае на хормоните и тие соодветно бараат канал таа напнатост на нервниот систем да се избалансира. Меѓутоа опуштањето преку сексот е од привремен карактер бидејќи главните извори на напнатоста не се отстранети, а овие напнатости се базираат на нашето секојдневно кршење на еден или повеќе аспекти од Десетте Заповеди Божји или Исусовата Беседа на Гората. Но како што напоменав и тука потиснувањето може да биде опасно. Сексуалноста не треба да се потиснува туку сосема постепено да се профинува за да во еден момент спонтано се надмине(илустративно кажано: како што на возрасниот повеќе не му е интересно да си игра со колички и кукли, а додека беше дете тоа му беше најмило). Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 14:38 |
|||||||
![]() |
|||||||
Nikki ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
- Мислам дека е во ред тоа што Мајкл изнесе поопширно излагање за неговата вера, бидејќи ова е тема за Ун Живот.
Сеа го прашувам Мајкл ? - Дали го прифаќате симболот на верата за Св Троица (Никео Цариградскиот) - На кого се молите кога се молите - Кое е Божјото Име (Имиња) - Имаш ли конкретни историски извори дека Библијата е прилагодена од свештенството (Променета) - Дали може маж во идниот живот да се роди како жена, или да падне до ниво на некое животно, како што веруваат на Исток ? - Во Царството Небесно, ќе има ли Еротика, однос меѓу маж и жена ? - Дали е грев Хомосексуалност и Самозадоволување ? ФАЛА |
|||||||
![]() |
|||||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Како што реков... да не се занимаваме со другите, а со себе...
![]() |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
![]() |
|||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Но тоа што е изнесено во спомнатата брошура Пророк бр.15 сепак има логика - има конкретни цитати со наведени извори од теолози и историчари кои немаат врска со Универзален живот, а не рекла-кажала таму некоја си Габриеле, Џони, Петко, Станко. Не мора да се согласите со таму изнесеното! Но ве молам прочитајте ја ако имате време, ако ништо друго мислам дека е на интересен начин напишана. Поради интерес на концизноста и моето време не можам цела брошура да ја пренесувам затоа наведов линк. Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 22:04 |
|||||||
![]() |
|||||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Мајкл... во ред е вашиот став... но ти се повикуваш на Габриеле и нејзиното предание во овој случај, а ние се повикуваме на Апостолите... Истотака - во Егзодусот, во има цело поглавје каде што опишува како се приготвува и јаде месо, според законот.
Сепак - да бидеме искрени - логиката дека Библијата е модифицирана и преправена и дека е човечки збор, може да се примени и во однос на Габриеле дека е тоа нејзин збор. Затоа - подобро е да не се навлегува во критика на другите, зарем не? ![]() |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
![]() |
|||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ветив дека нешто повеќе ќе напишам во врска со Исус и не јадењето месо, односно зошто Тој јадел месо во некои ситуацији. Вегетаријанството е секако личен избор на секој поединец, со ова сакам само да илустрирам како веруваат прахристијаните во Универзален живот меѓу кои може да има понекој што сеуште не станал вегетаријанец бидејќи фанатичното откажување води кон оддалечување од Бога, не кон доближување. Следи цитат од брошурата-списание Пророк бр.15 со наслов „Животните тажат - пророкот обвинува!„ со поднаслов „Два вселенски Бога, Бог на Мојсеја и Бог на Исуса - или еден променлив Бог?„ во издание на Универзален живот. Истата може на хрватски јазик бесплатно да се даунлодира како ХТМЛ формат(зипувана)на: http://www.univerzalni-zivot.hr/ кликнете лево на Proroštvo па кликнете publikacije и одберете десно Prorok 15. „...Мојсеј, кој морал да се бори со тврдоглавиот народ кој делумно копнеел по некогашните `египетски тенџериња месо`, навистина јасно поучуваше „Ти не треба да усмртиш„, но најпосле молчешкум го прифати тоа дека во народот, сепак, се јадеше месо. Значи: една отстапка спрема човековата слабост - но, не божествена отстапка. Понекој кој со задоволство јаде месо, наоѓа изговор со аргументот дека Исус, како што се известува во Библијата, јадел велигденско јагне. Меѓутоа, за ова прашање ние го слушаме Него самиот: Ниту од апостолите, ниту од учениците не беше одредено да се коле јагне. Меѓутоа, како Мене така и на апостолите и учениците ни беа давани делови од зготвено јагне како дар на љубов. Со тоа нашите ближни сакаа да не` даруваат, оти подобро тие не знаеја. Јас, ќе го благословев дарот и ќе почнев да го земам подареното. Моите апостоли и ученици правеа исто како Мене. Потоа Ми го поставија прашањето, по смисла: Па, ние треба да се дистанцираме од јадењето месо. Така Ти ни заповеда. Сега Ти Самиот јадеше месо. Јас ги упатував Моите: Човекот не треба намерно да усмрти ниту едно животно, а ниту да го јаде месото од животни кои биле усмртени за да им се изеде месото. Но, ако луѓе кои се уште неуки, приготвиле месо како храна и со него го даруваат гостинот и му го пружаат тоа како гостинско јадење, тогаш гостинот не би требало да го одбие дарот. Оти, има разлика дали ова човекот го јаде од стрвност по месо, или како благодарност до гостопримачот за неговиот труд. Сепак, оној кој има знаење би требало , ако му е можно и ако тоа го дозволуваат надворешните околности и времето, да му даде воопштени упатства на гостопримачот, но не за да го покаже подоброто знаење. Кога ќе биде зрело времето, гостопримачот и ќе ги разбере тие општи упатства. Во несебичната љубов во овој свет спаѓаат и разбирањето и толеранцијата. Оставете му на секој човек слободна волја за тоа дали сака вашите општи упатства да ги разбере и да ги прифати, или не. Ако цело време несебично мислите, зборувате и постапувате, тогаш останувате во љубовта, и љубовта вас ќе ве благослови. Она што ви се дава тогаш како дар на љубов, благословено е. (Ова е Мојата Реч Алфа и Омега стр. 809-810) Значи Исус не јадеше месо, зашто Тој го живееш законот Божји„ Инаку самата брошура е бесплатна и е достапна на хрватски јазик(македонското издание е поделено) но срдечно ја препорачувам не само за оние кои размислуваат на тема христијанство и вегетаријанство туку и оние кои сакаат да видат еден поинаков критички осврт на Библијата(Стар и Нов Завет). Пренесувам содржина(hrvatski,немам од каде да ископирам на македонски): *Božja riječ prekjučer, jučer i danas – Istina ili ne? Bog rehabilitira Mojsija preko drugih proroka*Crkveno učenje u slijepoj ulici*„Ti trebaš ..." – Bog poštuje slobodnu volju Svoje djece* Isus iz Nazareta zauzimao se za životinje. Svjedočanstva u „Ovo je Moja riječ"* Duh Mojsijevih knjiga provijava u crkvama danas. Paralele s krvavim magijskim ceremonijama voodoo-čarolije*Isus je bio protiv prolijevanja krvi bilo koje vrste* „... neka se iskorijeni." Umrtvljivanje savjesti. Ili: kako se postaje podložan vlasti svećenika*Ceremonije žrtvovanja „kako je Jahve naredio Mojsiju". U Starom zavjetu je bio poznat kauzalni zakon. Isus je bio protiv žrtve životinja* Novi zavjet „ispunjava" Stari i „osvjetljava" ga. Oba su „prava riječ Božja". Milijuni žrtava crkve* Martin Luther – život i učenje u kršćanskom duhu ljubavi za bližnjeg?* „To što čovjek čini drugima, čini samome sebi." Kako se osjeća životinja u svojoj situaciji? Životinja – upotrebni i potrošni predmet *Bog duha vremena. „Ispunjenje" Staroga zavjeta u našem vremenu: Seksualni prijestupi svećenika na djeci. Na tragu Nazarećanina ili crkvenih glavara?*„Ubijati" ili „umlaćivati"? Isus je ispunjavao zakon i produbljivao učenje* Upute za nasilje i rat u Starom zavjetu – Isus: „Ljubite svoje neprijatelje". Isus prekorava licemjerje pismoznanaca i farizeja*Raskoš i ceremonije za zaređivanje i oblačenje svećenika u Mojsijevim knjigama*Žrtva otkupljenja koju je Isus podnio. „Žrtveni jarac"* *Prvi prakršćani nisu poznavali ceremonije* Pavao je izvrnuo živo prakršćanstvo, krivotvorio Isusovo učenje i položio temelj za državnu religiju i izvanjski kult crkve*Konstantin: Suradnja crkve i države. Daljnje otpadništvo od Isusovog učenja - državna crkva, izvanjska religija moći* *Sveto pismo - Stari i Novi zavjet - „inspirirano je Svetim Duhom„ *„Ja, Gospod, ne mijenjam se...„ Božje riječi protiv žrtvovanja životinja preko proroka nakon Mojsija* U Katekizmu Katoličke Crkve: „Bog je povjerio životinje upravi čovjeka ...„*Uporaba životinja - ali ne „odvojena od poštivanja moralnih zahtjeva„. „Životinje ne trebaš ljubiti„*Položaj životinja u evangeličkoj vjeri. „Janjetina Božja„ - mesar, sekularizirani svećenik?*Jedenje mesa Božji ustupak ljudskoj slabosti? Je li Isus jeo meso? *Sadržaj o životinjama u Evangeličkom Katekizmu*Isus iz Nazareta o temi „životinje„ u Kristovoj objavi „Ovo je Moja riječ„*Životinje se tuže prorok optužuje*To je okrutni covjek* Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 21:31 |
|||||||
![]() |
|||||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Мислев на Христијанството онака како што е претставено во Библијата... самиот факт што не ја прифаќате...
Не го осудувам, ниту критикувам вашиот став, само констатирам. |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
![]() |
|||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ако се мисли на христијанството како институција или она што може да се сретне како дефиниција низ енциклопедии и прирачници тогаш си сосема во право. Можеби би било најпрецизно да се каже дека немаме никаква врска со учењето и ставовите на католичката, православната црква ниту пак со протестантските деноминации како и никаква врска со мноштвото христијански верски заедници. Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 17:43 |
|||||||
![]() |
|||||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Пријателе, вие сте многу далеку од Христијанството тогаш...
Благодарам на информацијата, многу поучно, особено што не сме имале член од оваа верска група порано. |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
![]() |
|||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Воскресението на телото претставува всушност асимилација на материјалните молекули и атоми во духовна супстанција. Физичкото тело не може да воскресне во физичка смисла(на пр. како во филмовите телото на мртовец кој почнал биолошки да се распаѓа да стане од гроб). Лицата кои биле воскреснати од страна на Исус од Назарет, всушност биле само во длабока кома. Прахиристијаните во Универзален живот не веруваат во телесното вознесение на Марија, мајката Исусова, во Небото, бидејќи ниту едно материјално тело не може да влезе во Духовниот Универзум - наречено чисто Небо.
Во големото дело на откровение „Ова е Мојата Реч:Алфа и Омега„ Христос само кратко објаснува дека тој имал телесни браќа и сестри. Дел од нив биле родени од првата жена на Јосиф која починала, за подоцна Јосиф ја земе Марија за жена која го родила Исус.
Не. Во една објава преку Габриеле се јави Серафимот на Божественото Милосрдие, која некогаш беше инкарнирана како Марија, телесната мајка на Исус и замоли луѓето да не и се молат бидејќи таа не е Бог, туку само еден од чуварите на законот а додека била на земјата ја извршила својата мисија - овозможување на отелотворување на Христос во Исуса и негово воспитување и одгледување како дете. Догмата за Марија како Мајка Божја била утврдена на концилот во Ефес 413 година. Ефес инку бил во тоа време познат како центар на култот на божицата Дијана која била божица на ловот. За време на тој собор во Ефес, фанатизирана толпа луѓе одело низ градот и барало стариот култ на Дијана отсега натака да се претвори во култ на големата мајка божја. Подоцна папата Пио ХII ја обзнанил и догмата за нејзино телесно вознесение во небото.
Христос преку Габриеле во Универзален Живот, објасни дека Библијата(Стар и Нов Завет) е спис кој е скроен според мерка на свештеничката каста и претставува збирка книги кои биле намерно и ненамерно(по грешка)преправани од страна на писателите, преведувачите, редакторите и тн. Но она што може да се земе со сигурност дека е божествено, според Универзален живот се Десетте Заповеди преку Мојсеја и Исусовата Беседа на Гората содржана во Евангелието според Матеј како и Откровението Јованово(познато и како АПОКАЛИПСА). Павле, некогашниот Савле, не се прифаќа како авторитет и е кажано дека преку него биле внесени многу работи кои немаат врска со учењето на Исус од Назарет, и дека тоа не било случајно. Савле т.е. Павле ги измешал несвесно своите пагански представи, интелектуални знаења со христијанското учење. Имено Темнината така сосема постепено почнала да навлегува во раните христијански заедници а тој процес на инфилтрација бил завршен кога Царот Константин го признал христијанството како официјална религија на Римската империја.
Бог е еден, совршен и непроменлив. Вчера, денес и утре од сета вечност во сета вечност. Тој своите заповеди и пораки само ги проширувал со тек на време како духовната глобална свест на луѓето созревала се` повеќе и како фондот на зборовите станувал побогат. Но во текот на историјата многу работи во многу религии, на Бога му биле ставани во уста(повик за убивање на цели народи, каменување на непослушни деца, жртвување на животни итн.)нешта што тој не можел и не ги објавил бидејќи тој е чиста Љубов и Милосрдие. Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 14:16 |
|||||||
![]() |
|||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Се согласувам со советот за кратко и јасно, желбата ми беше подетално да ги објаснам работите. Другпат ќе насотјувам да бидам поконцизен.
Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 17:18 |
|||||||
![]() |
|||||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ух... Мајкл, благодарам за одговорот, но имам неколку забелешки од чисто административна природа.
Прво - дали текстот кој го постираш е со слободни авторски права или не? Ова е сериозно прашање и ги молам сите корисници да внимаваат кога копираат текстови од друго место. Второ - од чисто практични причини - не е добро да се пишуваат волку долги постови, затоа што се губи вниманието и од прашањето и од темата во целост. Скогаш е многу поценето ако соговорникот даде сопствено мислење, конкретизирано во концизен текст, отколку копирање на официјалниот став на црквата (освен во случаи кога е тоа неопходно). Се надевам ќе го сфатиш добронамерно, затоа што единствената намера ми е да може секој за секого да разбере повеќе... |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |