![]() |
|
|
Внеси реплика ![]() |
страница <123> |
Автор | ||
saguaro ![]() Сениор ![]() Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
![]() |
|
Можеби насловот на темата не е баш најсоодветен, но текстот преземен од Дневник содржи многу познати информации.
Несомнено е дека исламската цивилизација има дадено голем придонес за човештвото, а кој бил прв во нештата не е секогаш можно да се каже. Но дали е тоа толку важно, ако придобивките се добри за сите? |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() |
|
Чекај ако немаш попаметна работа. ![]() Во меѓувреме ќе добиваш верска пропаганда како по лекарски рецепт. Оноа што било вообичаено за целиот свет, а непознато за муслиманите, ќе ти биде сега сервирано како исламски откритија во историјата на цивилизацијата. И што е најинтересно, сите овие работи веќе сме ги обелодениле со факти и докази на пдф Вероисповед, ама пропагаториве не научиле и не прифатиле ништо од тоа бидејќи ним не им е важна вистината, туку исламската пропаганда. ![]() O sancta simplicitas! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Бисер на мудроста ![]() Нов член ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 15 |
![]() |
|
Овој германски документарец е правен според најнова енциклопедија на оваа тема објавена во Франкфурт, како што ќе наведат на крај на документарецот... |
||
![]() |
||
Бисер на мудроста ![]() Нов член ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 15 |
![]() |
|
|
||
![]() |
||
Бисер на мудроста ![]() Нов член ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 15 |
![]() |
|
Фактите се познати, и нема што кој да се лути, познати се и има еден куп емисии на оваа тема, влијанието не било само пред османлиите имате влијание пред се од Шпанија и Сицилија..
Еве само колку за почеток..погледнете ги филмовите се американски и англиски со превод |
||
![]() |
||
MalcolmX ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
![]() |
|
Муслимански изумители што го променија светот
Кафето, чековите и три различни јадења на оброк се само дел од муслиманските изуми кои целосно го имаат променето секојдневниот живот на светско населние. Пред отворањето на својата најнова изложба, британскиот писател Paul Vallely направи список на 20 највлијателни мулсимански изуми. 1. Според легендата Арапот Калид кој ги одгледувал своите кози во регионот Кафа во Јужна Етиопија, приметил дека стоката е посебно жива откако ќе ги изеде плодовите од едно растение. Први луѓе за кои документирано се знае дека пиеле кафе се муслиманиските верници од Јемен, на кои кафето им помагало да останат будни за време на цело вечерните молитви. До крајот на 15 век, кафето стигнува во Мека и Турција. Во 1645 со извозот на кафе во Венеција, тоа премиерно се претставува пред европската публика. Арапскиот збор qahwa се претопува во турскиот збор kahve од што излегуваат италијанското caffe и англиското coffeе. 2. Старите Грци сметале дека нашите очи пуштаат зраци, нешто како ласери, и на тој начин ние можеме да гледаме. Во 10 век, муслиманскиот математичар Ибн ал-Хаитхам открива дека светлината всушност влегува во нашите очи а не излегува. Тој го измислил првиот фотоапарат (камера) без леќи, откако забележал како светлината влегува низ затворени ролетни. Колку била помала дупката толку била подобра сликата, по неколку обиди тој ја создал Camera Oscura (oд арапскиот збор qamara - кој значи темна или приватна соба). Ал-Хаитхам е заслужен и за преминувањето на физиката од филозофска во експериментална активност. 3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија. 4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови. Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име. 5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци. 6. Процесот на одделување на течностите според нивната точка на вриење е откриен околу 800-та година од еден од најголемите муслимански научници Џабир ибн Хајан. Тој е одговорен и за трансформацијата на алхемијата во хемија, откривање на голем број процеси и машини кои се користат и денес: кристализација, дестилација, пурификација, оксидација, испарување и филтрирање. Тој ги открил и сулфурната и азотната киселина. Џабир е инвенторот и на дестилаторот со што на светот му ги дава првите парфеми и алкохолни пијалоци (иако пиењето било забрането). Како татко на модерната хемија тој посебно се залагал за систематско експериментирање. 7. Коленесто вратило (радилица), направата која го префрла кружното движење во линиско, е централен дел на најголем број од модерната машинерија во светот. Изумот кој е дело на брилијантниот муслимански инженер ал-Џазри, бил дел од арапските системи за наводнување. Неговата книга од 1206-та Book of Knowledge of Ingenious Mechanical Devices покажува дека тој ги измислил или усовршил автомобилските вентили и клипови, и е прадедото на роботиката. Меѓу неговите 50-на пронајдоци се наоѓа и шифруваната брава. 8. Изолација, метод на шиење во кој две парчиња на ткаенина се опшиваат околу изолационен материјал. Се уште не е точно утврдено дали ова е измислено во муслиманскиот свет или пронајдокот е увезен од Кина но во секој случај сигурно е дека крстоносците го имаат украдено овој занает од муслиманите. Тие прв пат го забележале ова кај Сараценските воини, кои наместо оклоп носеле кошули наполнети со слама. Изумот веднаш бил пренесен во Европа каде се користи во создавањето на потопла облека за наслението во северните краеви на континентот. 9. Зашилените сводови, заштитниот знак на европските готски катедрали, всушност се изум позајмен од муслиманската архитектура. Тие биле доста појаки од заоблените римски сводови, што дозволило изградба на поголеми, повисоки и покомплексни градби. Останатите архитектонски позајмици вклучуваат, витражни стакла и изградба на куполи. Самите европските дворци се всушност адаптирана копија на палатите од исламскиот свет - процепи за стрелци, одбрамбени ѕидови, стражарски кули и патеки за стрелци. 10. Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен. 11. Ветерниците се измислени во 634-та од еден персијски калиф кој ги користел за мелење жито и наводнување. Сето ова се случувало околу 500 години пред Европа да ја види првата ветерница. 12. Вакцините се уште еден муслимански изум во здравството. Тие во Европа стигнуваат во 1724-та, преку жената на британскиот амбасадор во Истанбул. Речиси 50 години пред западот да почне да зборува за заштита, децата во Турција добивале вакцини за сипаници. 13. Наливперото било измислено во 953-та по барање на султанот на Египет, кој сакал пенкало кое нема да му ги масти рацете и облеката. Слично на денешните пенкала тоа имало резервоар за мастило кое полека го испуштало кон врвот на перото. 14. Системот на нумерирање кој се користи низ светот најверојатно е од индијско потекло но стилот на бројките со сигурност е арапски. Прв пат е испечатен во 825-та во книгата на муслиманските математичари ал-Кваризми и ал-Кинди а името алгерба го има добиено од книгата на ал-Кваризми Al-Jabrwa-al-Muqabilah. Работата на муслиманските научници по 300 години е донесена во Европа од италијанскиот математичар Фибоначи. Муслиманите се виновни и за алгоритмите и тригонометријата. 15. Али ибн Нафи, еден од најголемите мулимански хедонисти, во 9-от век од Ирак во Кордоба го носи концептот на оброк со три јадења - супа, риба или месо и на крај овошје или ореви и слично. Тој е заслужен и за создавање на кристалните чаши. 16. За средновековните муслимани, килимите претставувале дел од рајот. До пристигнувањето на персиските и арапските килими, европските подови биле прекриени со камени плочи или со дрво. Запрепастените арапски патеписци пишуваат за сцени на ужас низ европските домови. "Речиси сите куќи имаат искривени подови. По 20-годишно уринирање на сопствениците и кучињата, повраќаници и истурени јадења, земјата на одредени места почнала да паѓа па во сите домови има дупки." 17. Чековите доаѓаат од арапскиот збор saqq, пишано ветување за плаќање на стоката откако таа ќе биде испорачана. Ова претставувал еден од начините да се избегне носењето пари преку несигурните територии. Во 9-от век муслимански бизнисмен можел без проблеми во банка во Кина да уновчи чек од банка во Багдад. 18. До 9-от век за голем број муслимански научници не било спорно дека Земјата врти околу Сонцето. Доказот за тоа го дал астрономот ибн Хазим кој тврдел дека "Сонцето постојано е во вертикална положба во однос на одредена точка на земјата". Ова се случува околу 500 години пред на Галилео да му светне истата идеја. Пресметките на муслиманските научници биле толку прецизни, што тие во 9-от век тврделе дека обемот на Земјата е 40.253,4 км - утнале за само 200 км. 19. Иако Кинезите го откриле барутот и го користеле во огномети, Арапите се тие кои користејќи калиум нитрат го прочистиле барутот а подоцна го ставиле и во воена употреба. Крстоносците биле преплашени од запаливите справи на муслиманите. До 15 век тие ја измислиле ракетата, која ја нарекувале самодвижечко-запаливо јајце, како и торпедото кое доста добро го користеле во морските битки. 20. Во средновековна Европа сосема регуларно постоеле кујни и градини со растенија, меѓутоа, Арапите се тие кои ги промовирале градините како место за одмарање и медитација. Првите цветни градини во Европа биле отворени во 11 век во муслиманска Шпанија а тие вклучувале и каранфили и лалиња. Преземено од: http://on.net.mk/turlitava/muslimanski-izumiteli-shto-go-promenija-svetot |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() |
|
Како борец за права , би сакал да ми покажеш со документи и аргументи кога тоа муслиманите ја донесле хигиената во Европа , каков бил процесот на навикнување на народот во Европа да води повеќе сметка за својата хигиена итн..
п.с. Да не заборавиме дека влијанието на османлиите во Европа било насочено кон војување и освојување на нови територии , а не кон културна реформа на Европа. п.с.с. Овде нема фобисти , затоа што ката ден разговараме со припадници од различни вери , народности.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
MalcolmX ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
![]() |
|
Се гледа колку ги разбра и отвори линковите, но не битно, да се надеваме на тоа последното што го кажа, поздрав
![]() |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() |
|
Мојата работа е да следам што се работи на форумов и да им свртувам внимание на членовите да се придржуваат до правилата и прописите, како и до општоприфатените правила на цивилизирано и културно однесување.
Линкот што си го поставил не докажува ништо подруго од оноа што веќе претходно го коментирав - учењето од верски пропагандни материјали во форма на брошурки, коментари во весници или на некакви екстремни верски интернет сајтови не води далеку, туку остава во незнаење и духовна темнина која резултира со континуирано лично и заедничко страдање. Туку, да не се оддалечуваме од темава, продолжи со обелоденување на останатите влијанија на исламската цивилизација во историјата. Верувам дека ќе дознаеме уште многу други до сега непознати работи поткрепени со аргументи, факти и докази. ![]() |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
MalcolmX ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
![]() |
|
Сега ќе ти стане малце појасно зашо демократијата на овој форум не функционира, администраторите кој ги бира тешко прашање е... http://www.dnevniavaz.ba/globus/svijet/82706-dsadsafff.html И овој дневник е исто како и тој дневник весник македонски од кого беа извадени податоците погоре кои за тебе биле пропаганда за жал... П.с. не ми кажувај што се случува во подфорумот вероисповед, гледај си ја својата работа, а јас мојата, поздрав. ![]() Изменето од MalcolmX - 11.Март.2012 во 16:46 |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() |
|
Јас од твојот коментар за хигиената читам препишани исламски брошурки без никакви аргументи и докази, нешто што нема никаква врска со реалноста и вистината, а има с'е со слепото верување во исламската пропаганда. И сега, кога го покажа и докажа влијанието на исламската цивилизација за хигиената, продолжи со другите влијанија, не дека не сме ги прочитале безброј пати до сега на пдф Вероисповед... туку затоа што демократијата на форумов ти го дозволува тоа... ![]() ![]() П.С. Патем, не заборавај дека се наоѓаш на пдф Историја, а тоа не е вероисповед или филозофија, па да се повикуваш на догматско верување без докажувања или млатење празна слама под изговор на некакво издржано филозофирање. Историјата е наука и бара подржување со факти, а не поле за ширење глупости или докажување на личната неинформираност за основни работи од животот на луѓето:
Изменето од Messenger - 11.Март.2012 во 16:34 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
MalcolmX ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
![]() |
|
Што се палиш одма, исламофобија имаш голема или некој член муслиман тука имаш што го мразиш па со него и целиот Ислам ? За таквите како тебе се освен самите себе е пропаганда, цел свет им е пропаганда, на такивте како тебе им се чини дека цел свет е против нив... Бог да чува стварно, башка работите се извадени од дневник весникот, прочитај прво убаво па после пишувај, кој се мие денеска 5 пати на ден освен муслиманите кажи ми ти мене? Ти може се миеш повеќе, убеден сум, во тоа нема сумља, дури чистотата твоја може електронски да се види, ти ако не си чист внатре, за однадвор воопшто да не зборуваме, а тоа веќе и се виде. Ти правиш разлика помеѓу АРАП и муслиман? Знаеш ли дека има арапи христијани? Нели е раширена тезата кај многумина дека немало муслимани пред Мухаммед а.с. а сега викаш дека МУСЛИМАНИТЕ пред Мухаммед а.с. не знаеле што е хигиена? Муслиман прво види и што е неговото значење истотака. Воглавно, Медицината на тлото на Европа види преку чиви текстови стигна, дали преку арапски или хебрејски, или може јапонците ја донеле преку јапонските текстови, земи малце читај, земи читај за муслиманите во Шпанија низ историјата наназад, види ренесансата во Европа што правела назад низ столетијата, истражувај не одма да удираш безпотреба, ќе видиме натака со докази за ова што е како е за хигинета. Медицината кај муслиманите доживеала голем напредок во анатомијата,фармакологијата,организираноста на болницата,обучувањето на медицинскиот кадар,итн. Медицинските дела на исламските лекари останале темел на целокупната медицина,вклчувајки ја и медицината на запад. До тогаш биди ми поздравен. ![]() бтв, мислам ова е форум и секој има право на свое миселње и за своето мислење може да искористи свои докази, аргументи. Се надевам дека другите членови тука истотака имаат различни мислења од твоите и дека сите не гледаат на работите како што гледаш ти. ![]() Изменето од MalcolmX - 11.Март.2012 во 15:46 |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() |
|
Бог да чува! Муслиманите разбраа што е хигиена кога Мухамед 600 години после Христа им објасни што е тоа на арапите кои до тогаш водата ја користеа само за пиење и после раѓањето не се капеа ниту еднаш во животот. И пресреќни што "ја открија Америка", како и индоктринирани од свештениците дека хигиената е една од најголемите достигања на Исламот, со радост и гордост ја шират својата игнорантност низ светов сметајќи дека на тој начин ќе је ги убедат "неверниците" оти токму Исламот е вистинската вера и дека треба да се конвертираат и да станат муслимани. Не се свесни како си прават мечкина услуга кога со ваквите неразумности постојано потврдуваат дека појма немаат од обичната човекова историја и дека сето свое знаење го колектираат од муслиманските пропагандни верски брошурки. Нивниот свет започнува и завршува меѓу тенките корици на ефтините памфлети... ... и збогатени со таквото знаење и мудрост сакаат да го просветлат светот. Бог да чува... и да им помогне на ним како што им помага на сите други свои чеда. http://www.historylearningsite.co.uk/roman_baths.htm |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Бисер на мудроста ![]() Нов член ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 15 |
![]() |
|
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |