![]() |
|
Водно |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
saguaro ![]() Сениор ![]() Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го сакам Водно. Таа љубов трае повеќе од 17 години. Редовно го искачувам, а тогаш кога немам време да го посетам барем еднаш месечно, ми недостига. ДА, ЗАВИСНИК СУМ ОД ВОДНО!
Додека се градеше жичарата, се прашував дали Водно ќе го загуби својот сјај ако на него доаѓаат многу луѓе? Дали Водно ќе се уништи? Но, откако и тоа бидна, гледам дека тоа и не беше лоша идеја. Така, благодарение на жичарата со мојата мала ќерка оваа недела бевме дури три пати на Водно. Децата, горе на врвот, уживаат да се санкаат и да го гледаат оној величествен поглед кон многуте околни планини. А колку ли тек на сите нам Скопјани ни е важно да можеме да подишеме барем 3 саати чист воздух! Во овие зимски денови, се појавува и желба што побрзо на Водно да се направи една скијачка патека. Но затоа ќе треба жичарата да тргнува од подножјето на планината, за да се избегне врвулицата од коли за кои често нема место каде да се паркираат. ... и пак се појавува прашањето „Дали Водно ќе се уништи доколку ни пружи уште една благодет или пак на Скопје ќе му се подигне квалитетот на животот?“ |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |