IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 61>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 11:38
Италијански фудбал во недела напладне

Екипите на Удинезе и Џенова ќе го одиграат првиот натпревар во новата сезона од италијанското првенство и тоа на 28 август од 18 часот на Фриули. Истиот ден ќе се сретнат уште Рома и Чезена во вечерниот термин и со тоа официјално ќе почна кампањата во која римскиот тим ќе се обиде да ја прекине петгодишната доминација на Интер.

Она што е интересно е дека од новата сезона натпреварите во италијанското првенство ќе се играат во пет термини место во четири како што тоа беше случај до лани. Новина е терминот 12:30 часот во недела кој треба да понуди дополнително возбудувања на љубителите на Серија "А". Шест натпревари ќе се играат од 15 часот, а дербито на колото најчесто во вечерниот термин од 20:45.

Исклучок ќе бидат август и септември и тоа од оправдани причини. Поради високите температури, во овие два месеци нема да има фудбал во раниот неделен термин, туку натпреварите ќе се играат од 15 и 19 часот. Што се однесува до првото коло, поради настапот во Супер-купот на Европа, Интер ќе гостува во Болоња дури во понеделник (30 август), а неделните натпревари ќе бидат во други термини. Таа недела (29 август) од 18 часот ќе се сретнат Бари и Јувентус, а другите шест дуели се од 20:45 часот.

Инаку, во новата сезона ќе има четири вонредни кола и тоа четвртото (22 септември), 11. (10 ноември), 18. (6 јануари 2011) и 23. (2 февруари 2011). Осум или девет натпревари од тие кола ќе се играат во среда од 20:45 часот, а по еден во истиот термин во вторник или четврток. Исклучок е само 18. коло кое целосно ќе се игра на 6 јануари (четврток), но најверојатно од попладневниот термин. Финалето од Купот на Италија е закажано за 29 мај на Олимпико во Рим.

1. КОЛО

САБОТА (28.08.2010)

-УДИНЕЗЕ - ЏЕНОВА 18 ч.

-РОМА - ЧЕЗЕНА 20.45 ч.

-НЕДЕЛА (29.08.2010)

-БАРИ - ЈУВЕНТУС 18 ч.

-КИЕВО - КАТАНИЈА 20.45 ч.

-ФИОРЕНТИНА - НАПОЛИ

-МИЛАН - ЛЕЧЕ

-ПАЛЕРМО - КАЉАРИ

-ПАРМА - БРЕША

-САМПДОРИЈА - ЛАЦИО

ПОНЕДЕЛНИК (30.08.2010)

-БОЛОЊА - ИНТЕР 20.45 ч.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 11:33
Торес останува во Ливерпул!

Најдобриот стрелец на Ливерпул во последните три сезони Фернандо Торес дефинитивно останува на Енфилд најмалку уште една година. Со тоа, тој ги прекина шпекулациите во врска со неговата иднина и можниот трансфер во Челзи кој за шпанскиот репрезентативец беше подготвен да плати и 45 милиони фунти. Ваквата одлука Торес ја донел по неколкуте разговори со новиот менаџер Рој Хоџсон иако впечаток е дека Ливерпул повторно нема тим за титула во Премиер-лигата која би била прва за клубот по 21 година.

"Мојата посветеност и верност кон клубот и навивачите е иста како и првиот работен ден кога потпишав за Ливерпул. Се радувам на предизвиците кои ни претстојат. Од првиот ден во Ливерпул се чувствував како дома. Чувствувам дека навивачите ме сакаат и сите знаат колку сум среќен што играм на Енфилд. Трофеите со Ливерпул и понатаму се моја цел како што и секогаш биле", изјави шпанскиот репрезентативец на официјалната интернет-страница на Ливерпул.

Медиумите шпекулираа дека Торес, како и капитенот Стивен Џерард, во летниот преоден рок ќе го напуштат клубот бидејќи тимот е далеку од борбата за шампионската титула, а лани не успеа ниту да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Двајцата екстра-фудбалери јавно се пожалија на недостигот од квалитетни играчи во екипата поради што Ливерпул последните сезони не може да им парира на ривалите иако во 2009 година за малку не ја освои титулата бидејќи беше лидер во поголемиот дел од сезоната, а на крајот Манчестер Јунајтед заврши со предност од три бода.

Двајцата, меѓутоа, во меѓувреме истакнаа дека ќе останат во Ливерпул без оглед на заминувањето на Рафаел Бенитез од менаџерската позиција и назначувањето на Рој Хоџсон.

"Ова е најдобриот клуб во земјата така што целите и желбите секогаш се високи. Се надевам дека и натаму ќе го задржиме високото ниво. Во Ливерпул секогаш постои борба за секој трофеј. Лани беше тешко, а сигурен сум дека оваа сезона ќе напредуваме. Уште додека бев на одмор Рој дојде на разговор и ми ги претстави своите планови. Навистина го ценам тоа и се надевам дека ќе успееме да ги исполниме целите", изјави Торес кој поради повреда на Мундијалот последниот период тренира одвоено од тимот и најверојатно ќе го пропушти мечот против Арсенал во првото коло од Премиер-лигата.

Ливерпул за следната сезона се засили со српскиот репрезентативец Милан Јовановиќ и со Џо Кол кој дојде од Челзи. Токму од него навивачите на "црвените" очекуваат многу во новата сезона.

"Џо е токму таков фудбалер каков што ни е потребен. Сакам да играм со такви фудбалери, со играчи кои можат целиот тим да го подигнат на повисоко ниво. Џо име неверојатно додавање и се надевам дека ќе ми создава шанси и ќе биде мошне важен дел од нашиот тим", заврши Шпанецот.

Засега од Ливерпул си замина единствено Емилијано Инсуа, но и неговиот трансфер во Фиорентина се соочува со проблеми од непознати причини. Од друга страна, Хавиер Маскерано најави дека ќе си замине во Интер, но се уште нема официјални реакции од двата клуба
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 12:36
Маикон ја прифатил понудата на Реал

Бразилецот Маикон е на чекор од преселба во Реал Мадрид откако ги прифатил условите кои му ги понудил "кралскиот клуб".

Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, десниот бек на Интер нема ништо против за годишна плата од 5,5 милиони евра да заигра за тренерот Мурињо, новиот стратег на Реал. Истиот извор наведува дека кај управата на италијанскиот и европскиот шампион има волја да ја спушти цената од 28 милиони евра за овој трансфер.

По овој повод во Мадрид се сретнале раководните луѓе на "кралскиот клуб" и менаџерот на Маикон, Антонио Калиендо, кој успеа да успеал да се договори од преселбата на дефанзивецот во редовите на вице шампионот да му припаднат дури 3,5 милиони евра.

Останува уште само Реал и Интер да се усогласат околу конечниот износ па овој трансфер да се официјализира, наведува „Ас“.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 02:06

Плетикоса на позајмица во Тотенхем


Според пишувањето на руските медиуми, хрватсикот репрезентативен голман, Стипе Плетикоса наредната сезона ќе ја помина на позајимца во редовите на Тотенхем.

Лондонскиот клуб, односно нивниоттренер, Хари Реднап, веќе долго време го сака Плетикоса во своите редови, но Спартак не сака да го продаде, па поранешниот голман на Хајдук ќе го испрати на едногодишна позајмица во Тотенхем.

Плетикоса е член на Спартак Москва од 2007-та година, а претходно беше член на Шахтјор Доњецк каде помина 4 години, но сепак не се снајде најдобро.

Сепак, официјални нема потврдувања за ваквиот епилог од двата клубови, но се очекува тоа да биде во наредниот период.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 02:02
Баџо се враќа во италијанската репрезентација


Фудбалерот кој ги одбележа 90-те во Италија ќе му се врати на фудбалот!

43-годишниот Роберто Баџо ќе работи како технички директор кој ќе ги координира работите со младите фудбалери и тренери. Баџо на новата функција треба да стапи в четврток.

Роберто Баџо во 1993 година беше избран за фудбалер на годината според ФИФА. Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња во кариерата, меѓудругото, настапуваше за Фиорентина и Јувентус.

Со репрезентацијата на Италија настапи на СП во 1994 во САД, а ќе остане запаметен како играчот кој го промаши последниот пенал за азурите, по што Бразил ја освои титулата. На СП во 1994 година, Роберто Баџо со пет погодоци беше трет стрелец на Мундијалот, гол повеќе постигнаа Саленко и Стоичков.

Од фудбалот се откажа во 2004 година, а од неодамна почна да се занимава со тренерската работа.

„Со огромна волја го прифатив повикот да бидам технички директор на Фудбалската федерација на Италија“, изјави Баџо на новинарите по состанокот со челниците од Федерацијата.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 02:00

Реал Мадрид дава 20 милиони евра и Ван дер Варт за Тиаго Силва


Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е подготвен веднаш да му плати 20 милиони евра на Милан за централниот дефанзивец Тиаго Силва, пишува денешниот број на италијанското електронско издание „Ита Спорт Прес“.

Во гореспоменатиот износ ќе биде вклучен и холандскиот плејмејкер Рафаел Ван Дер Ваарт, кој и не успеа да се промовира во Реал, откако премина на Бернабеу во 2008-та година од составот на Хамбургер.

Холанѓанецот одигра неколку поважни натпревари за актуелниот шпански вицешампион, но тоа беше тоа. Неговата цена во овој момент изнесува околу 10 милиони евра.

Од своја страна, Милан бара 30 милиони евра за Силва и не е исклучена можноста тимот од Сан Сиро да ја прифати понудата на мадриѓани која е доста атрактивна

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 00:51
ТОП 5 КЛУПСКИ ВЕЛИКАНИ ВО СКОПЈЕ

Македонските фудбалски клубови во најдобар случај минуваат едно или две кола во европските купови секоја сезона и оттука многу ретко имаат можност да играат со реномирани противници. Па, сепак, меѓу традиционалните ривали од Кипар, Летонија, Ерменија и други слични држави, одвреме-навреме знаеше да се погоди и тим од Серија А, Англија или Франција. Ова се петте најзвучни европски фудбалски екипи кои гостуваа во Скопје на официјални натпревари.

1. Ливерпул

Можеше Рој Хоџсон да доведе и деца од младинскиот погон на "црвените" на дуелот со Работнички, сепак, ќе останеше митот за Ливерпул, најтрофејниот англиски клуб и петкратен европски шампион. Можеби, не доведе деца, но за повеќемина од оние кои настапија ова, бездруго, беше деби на официјален натпревар. И тие беа доволни за рутинска победа од 2:0.

2. Рома

По убедливата победа од 4:0 во првиот меч во Рим, Фабио Капело на македонската јавност и го ускрати задоволството да го види Франческо Тоти во Скопје. Неговото место го зазеде тогаш анонимниот Даниеле де Роси и против Самуел, Емерсон, Мансини, Касано... Вардар во 2003 година извлече чесни 1:1 со прекрасниот погодок на Захариевски од далечина.

3. Парма

Иако, објективно, никогаш не спаѓаше во самиот врв на италијанскиот фудбал, ова е, можеби, најквалитетниот тим што некогаш настапил кај нас во рамките на еврокуповите. Во сезоната 2000/01, Победа против себе ги имаше Буфон, Канаваро, Турам, Милошевиќ, Дино Баџо, Сержо Консеисао, Ди Вајо... Последните двајца дадоа по еден гол на "Градски" за рутинска победа од 2:0.

4. Хамбургер

Во конк*ренција на Борусија (М) и Шалке, Хамбургер е најреномираниот бундеслигаш кој гостувал во Македонија. И, како што тоа обично бидува, Хамбургер не ја сфати сериозно Победа како противник (или, зашто тоа беше само Интертото куп), па во Скопје испрати еден од своите споредни состави. И тоа беше доволно да ја растури Победа со 4:1.

5. Бордо

И да истрчаше тогаш на теренот на "Градски", дали некој воопшто ќе знаеше кој е Зинедин Зидан. Зашто, тоа беше есента 1995 година. Зидан и Лизаразу не наврнаа тогаш на силниот дожд во Скопје и во тимот на Бордо против Вардар се појави само еден иден светски првак - Кристоф Дугари. Бордо славеше во Скопје со 2:0 и подоцна стигна до финалето на Купот на УЕФА.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 15:12
Originally posted by ZOTE ZOTE напиша:




Еве го и на Internews.Нашиов "среќник" стана светски познат расист


http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=24276


I (citiran) izvadok od statijata:

..." Il tabloid prima si scatena contro l’uomo, definito scimmia pelosa e ritardato mentale,"...

ne razbiram Italijanski, ama poslednoto go razbrav...
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 13:05



Еве го и на Internews.Нашиов "среќник" стана светски познат расист


http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=24276

Изменето од ZOTE - 01.Август.2010 во 13:05
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 23:52
dovolno si e kaznet vekje...
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 23:35
па точно и јас се прашувам зошто не го казнат овој на сликавазбунетост

Изменето од Schatzii - 30.Јули.2010 во 23:36
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 23:34
Originally posted by ZOTE ZOTE напиша:

Работнички пред казна за расизам

Екипата на Работнички ќе се соочи со казна од УЕФА, ако европската фудбалска унија реагира на пријавата дека за време на спектаклот со Ливерпул од трибините на арената „Филип втори“ имало расистички гестикулации




http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53817



Ova se samo izolirani incidentni majmunlaci na poedinci (kako sto i se gleda na slikata), koi sakaat da si gi pokazat svoite naviki od po doma... Ako na stadion so 20000 publika eden vikne nesto nedolicno, ne treba da go kaznat klubot za toa
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 23:18
ШТИПЈАНИ И ПОМЛАДИОТ ОД БРАЌАТА ПАНДЕВИ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА

Кафулето на Горан го спречи Сашко да дојде во Брегалница

ШТИП. - Брегалница и Сашко Пандев не се договорија. По дводневните преговори за премин во таборот на штипските "сини", процурија информациите дека двете страни не се спогодиле за само 1.000 евра, плус колку што тој барал за потпис на договорот. Но, градоначалникот на Штип Зоран Алексов, кој учествувал во разговорите, објаснува:
- Точно е тоа дека Сашко бараше повеќе од она што ние го нудевме. Брегалница во овој момент не можеше до крај да ги задоволи неговите барања. Но, низ преговорите добро се виде дека на Сашко не му беа важни толку парите, колку што сака да биде поблиску до Струмица, каде имал секојдневни ангажмани околу угостителскиот објект на брат му Горан. Затоа, тој, најверојатно, го има избрано Турново, за да има повеќе време и за кафулето на Горан - вели Алексов. (Ј.Т.)
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 18:19
Работнички пред казна за расизам

Екипата на Работнички ќе се соочи со казна од УЕФА, ако европската фудбалска унија реагира на пријавата дека за време на спектаклот со Ливерпул од трибините на арената „Филип втори“ имало расистички гестикулации




Според англиските медиуми, неколку слики од „мајмунски потези“ биле доволен доказ за расистичкото однесување на скопската публика, која била особено насочена кон двајцата црномурести фудбалери, Давид Н‘Гог и Давид Амо.

Македонската фудбалска федерација, потсетуваат англиските медиуми во минатото имаше проблем со расизмот, и заработи казна од 10.730 фунти поради таквото однесување кон Емил Хески, Сол Кемпбел и Ешли Кол во 2003 година.

Се ќе биде познато од извештаите што треба да ги напишат делегатот и УЕФА обзерверот до централата.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53817
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.