IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 36>
Автор
Порака Обратен редослед
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:31
На 25 јуни 1991 година, СР Словенија прогласи независност од Југославија. Неполни два дена подоцна, во раните утрински часови значителни оклопни и пешадиски сили на ЈНА се упатија да ги запоседнат границите и да го спречат претстојното отцепување на републиката. Така започна т.н. Десетдневна војна меѓу ЈНА од една страна и словенечката полиција и територијална одбрана.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:40
Одбележан роденденот на Борис Трајковски
suzana-taseva.jpg Сузана Тасева      Коментари (0)   
25.06.2008 16:27
Борис Трајковски


Роднини и пријатели и почитувачи на делото на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски се собраа денеска да го одбележат неговиот роденден и положија цвеќе пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк во Струмица подигнат во негова чест.

Да беше жив, Трајковски денеска ќе наполнеше 52 години. Толку години полни и неговиот брат близнак Александар.

„И додека беше жив, тој без разлика дали беше претседател или обичен граѓанин, прв ми се јавуваше да ми честита роденден и кога имаше погоден момент, сакаше да бидеме заедно за роденден, заедничка торта да јадеме“, рече Александар Трајковски.

По повод роденденот на Трајковски денеска беа доделени наградите на најдобрите автори кои пишуваа по неговата позната мисла: „Сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија“.

Претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа кај Мостар во февруари 2004 година.
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 13:03
На денешен ден починал Николо Макијавели италијански писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар.


Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 05:17
На денешен ден, 17 јуни 1929 година е роден еден прочуениот шаховски велемајстор и светски првак, Тигран Петросјан. Титулата остана кај него шест години. Умре од рак во 1984 година.

Изменето од dudulovski - 17.Јуни.2008 во 05:29
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 15:09
На денешен ден во 1971година е роден еден од најпознатите Американски рапери Тупак Амару Шак*р(2Pac) кој сеуште го држи рекордот во гинисова книга за најпродаван албум(продадени се околу 75 милиони примероци ширум светот).
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 16:50
На денешен ден во 1919 во директен лет од Њу Фаундленд, во Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2008 во 10:31
На денешен ден во Росарио, Аргентина во 1928 е роден јужноамериканскиот револуционер и борец за слобода Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна попознат како Че Гевара.


Изменето од Zajcef - 14.Јуни.2008 во 10:31
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2008 во 12:10

337.- Умре римскиот цар Константин Први Велики, првиот римски цар кој дозволи слободен исповед на Христијанството. Тој е основачот на Константинопол (Цариград), новата престолнина на царството.

1455.- Со битката кај Сент Албанс, во која војската на династијата Ланкастер ги победи силите на Јорк, во Англија почна четиригодишната војна меѓу династиите наречена „Војна на две ружи“.

1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во третата половина на 19. век. Негови најзначајни дела се „Тристан“ и „Изолда“ и „Леогрин“. Умре во Венеција, на 13 февруари 1883 година.

1833.- Во Чиле е усвоен уставот со кој му е дадена поголема власт на претседателот, а римокатоличката вера е прогласена за државна религија.

1819.- Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Тоа беше првиот параброд кој за само 25 денови го преплови Атлантикот.

1859.- Роден е англискиот писател Артур Конан Дојл, лекар по професија, кој се прослави како автор на криминалистичките романи и раскази во кои главните јунаци Шерлок Холмс и неговиот пријател д-р Вотсон се измислени. Дела: „Спомените на Шерлок Холмс“, „Белиот одред“, „Изгубениот свет“, „Големата бурска војна“, „Историја на британските походи во Франција и Фландрија“, „Историја на спиритуализмот“.

1873.- Умре италијанскиот писател Алесандро Манцони. Пишувал лирски песни, трагедии и романи. Дела: „Вереници“, „Света химна“, „Грофот Кармањон“.

1885.- Во Париз умре Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. Негови најпознати дела се романите „Клетници“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ и „Работници на море“. Роден е во 1802 година.

1885.- Роден е водачот на италијанските социјалисти Ѓанѓакомо Матеоти, кој во јуни 1924 го заробија и убија фаштистите, по говорот кој го одржа претходниот ден во парламентот во кој документирано ги разобличи фашистичките методи и насилија на изборите.

1903.- Во селото Могила, Битолско, во борба против турската војска и полицијата загина Андреја Петров Блажески - Расолкоски, познат како Дедо Андреја, македонски револуционер и војвода. Роден е во Мало Црско, во средината на 19 век.

1907.- Роден е англискиот театарски и филмски глумец, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник е на најголемиот број награди „Еми“ за ТВ-творештво, наградуван е на фестивалот во Кан, а добил Оскар за филмот „Хамлет“. Останати филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Три сестри“, „Оркански висови“, „Ребека“, „Леди Хамилтон“, „Кери“, „Отело“, „Спартак“, „Картум“, Маратонец“...

1915.- Во најголемата железничка несреќа во британската историја, во судар на два воза во Шкотска, загинаа 227 години.

1918.- Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.

1939.- Двајцата диктатори, водачот на германските нацисти Адолф Хитлер и водачот на италијанските фашисти Бенито Мусолини, го потпишаа десетгодишниот „челичен пакт“ за политички и воен сојуз. 

1943.- Во Москва беше објавено распуштањето на Комунистичката интернационала, позната како Коминтерна, која беше основана во Москва во 1919 година.

1967.- Повеќе од 320 луѓе загинаа на пазар во стоковната куќа „Иновасион“ во белгиската престолнина Брисел.

1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон допатува во Москва како прв шеф на САД кој го посетил Советскиот Сојуз.

1972.- Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.

1979.- Официјално е верификувано основањето на битолскиот Универзитет.

1989.- Индија успешно ја испроба првата ракета земја-земја со среден домет, станувајќи една од малубројните држави која располага со балистички ракети.

1992.- Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се примени во Обединетите нации.

2004.- Економистот и реформатор Манмохан Синг стана 13-иот претседатател на влада на Индија, прв Сик на оваа функција.

2004.- Шпанскиот престолонаследник принцот од Астурија Фелипе Бурбонски и поранешната најпопуларна шпанска телевизиска новинарка Летисија Ортис се венчаа во Мадрид. Церемонијата на првото кралско венчаваање на тлото на Шпанија после 98 години го обезбедуваа исклучително подготвени сили на полицијата и војската, вклучувајќи ги и силите на НАТО.

Кон врв
nedopirliviot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nedopirliviot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 19:28
06. мај 1991година
06. мај 2008година- Вторник,
17- години од погинувањето на Сашко Гешовски


ЗАВ-Кавадарци, во ,,отсуство,, на многу ,,релевантни субјекти,, во 2007 година ја одбележа 16. (шестнаесет) годишнината од погинувањето на Сашко Гешовски, а со тоа започна да ја негува историјата на современа и суверена Република Македонија.

Во суштина тоа беше и иницијатива за влез во историјата на самостојна Македонија, сеќавање на погинатите во 2001 година но, никако без погинатите во 1991 година.

САШКО ГЕШОВСКИ

роден 31.октомври 1971 година

погинат 06.мај 1991 година

........... во Сплит, Република Хрватска. Смртта го затекнува на отслужување на воениот рок, во време кога се кршат копјата околу тогашната СФРЈ.

–тој е прва жртва од Република Македонија.

–Со неговото погинување почнува втемелувањето на Суверена и Самостојна Македонија, на која после тоа и се случи 2001 година.

.................... 2006 година, на 15. години од самостојноста на Република Македонија подигнат е споменик на погинатите во 1991 година од Македонија.   

.................... 2007 година, покрај другото во ПРОГРАМАТА за тековната година се отпочна и со одбележување на датумите на погинатите во 1991 година се со цел да тоа прерасне во традиција. Сепак нели треба да ги почитуваме оние кои го дале својот живот за Македонија, а после тоа и да ствараме почитувачи и продолжувачи на нашата историја.

Денес 17- години од пгинувањето не бевме во можност да се собравме пред вечниот дом на Сашко за да му дадеме посебна почит.       

.................... Зошто?
Одговор треба да даде градоналаникот кој нема дослух за погинатите, а сепак се кандидира за Пратеник.
До Советот на Општина Кавадрци поднесовме иницијатива за:

1. Обележување на улиците, каде што живееат потесните семејства на погинатите (од 2001 и 1991 година), со нивните имиња.

2. Со нивните имиња да бидат обележани и поедини институции.   

3. Достојно уредување на местата каде се поставени нивните спомен бисти- доколку се поставени, а доколку нема тогаш ќе покренеме иницијатива под хитно да се направат и постават. Не смееме да дозволиме да бидат под рангот на борците од НОВ и борците од илинденската епопеја.    

4. Традиционално и достоинствено одбележување на датумите на поги- нувањето на борците од 1991 година и борците од 2001 година, како дел од поновата историја.

5. Грижа за нивните семејства. Да. Грижа за нивните семејства, нивните деца, нивните сопругу, нивните мајки и татковци, но и нивните браќа и сестри доколку немаат основано свое потесно семејство и немаат оставено потомство.

Ако сами се признаеме ќе не признаат; соседите, Европа и светот. Затоа да ги негуваме нашите спомени од од историското и културното наследство.

Но како другите да не признаат кога самите не ја почитуваме сопствената историја.


Изменето од nedopirliviot - 06.Мај.2008 во 19:32
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 12:16

1626.- Холандскиот доселеник Питер Минуит од Индијанците го купи островот Менхетен - на кој подоцна е изграден Њујорк.

1758.- Роден е Максимилијан Робеспјер, еден од најзначајните водачи на Француската буржоаска револуција. Беше водач на јакубинците, најреволуционерна партија во тоа време која се бореше за општо право на глас, внесено првпат во јакубинскиот устав во 1793 година, за укинување на монархијата и за воспоставување република, како и за укинување на ропството во колониите. По контрареволуционерниот пресврт, на 27.07.1794 година. Робеспјер е гилотиран.

1840.- Пуштени се во оптек првите поштенски марки во Велика Британија - од еден и два пени со ликот на кралицата Викторија Прва.

1848.- Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски училител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4 јуни 1934 година.

1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се "Увод во психоанализата", "Кон психопатологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соништата". Умре во Лондон, на 23 септември 1939 година.

1859.- Умре Александар фон Хумболт, германски географ, астроном и истражувач, еден од основачите на научната географија. Прв го постави правилото за намалување на температурата со зголемување на надморската висина. Пионер е на системските трудови за магнетизмот и прв автор на изотермалната карта на Земјата. Роден е на 14 септември 1769 година.

1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри.

1919.- На Версајската мировна конференција по Првата светска војна на Германија и се одземени колониите во Африка.

1924.- Во Виена, ВМРО (об.) издаде Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО (об.). Во него како главни цели на револуционерната борба беа фиксирани "ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница" и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која "единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи" и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили.

1952.- Во селото Лабуништа, струшко, умре Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот "Трајан", објавен во 1932 година. Роден е во селото Лабуништа, на 1 ноември 1871 година.

1976.- Во северниот италијански град Удине во земјотрес загинаа 973 луѓе.

1978.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Јужна Африка поради инвазијата во Ангола и побара повлекување на нејзините војници од земјата.

1991.- Во Сплит, Република Хрватска загина 19-годишниот војник од Кавадарци, Сашко Гешовски. На денот на загинувањето тој беше на должност стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестираа над 30.000 демонстранти. Гешовски беше првата македонска жртва во југословенската војна. Тој од 17 септември 1990 година служеше во воената полиција во Сплит. Околностите под кои загина Гешовски се уште не се разјаснети.

1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена е во Берлин, на 27 декември 1901 година.

1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден е во Прилеп, на 27 јуни 1936 година.

1994.- Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.

1994.- Францускиот претседател Франсоа Митеран и англиската кралица Елизабета Втора го отворија тунелот под Ламанш.

1996.- Владата на претседателот на Гватемала Алваро Арсуо и лидерот на левичарската герила потпишаа договор за завршување на 35-годишната граѓанска војна во оваа средноамериканска земја.

1998.- Најмалку 150 лица загинаа од надоаѓање на реките поради поројните дождови во јужниот дел на Италија.

2002.- Со одлука на претседателот Џорџ Буш, САД го ставија надвор од сила потписот на поранешниот шеф на државата Бил Клинтон во декември 1999 година на меѓународниот договор за формирање Меѓународен кривичен суд за воени злосторства. Конгресот со резолуција го ополномошти американскиот претседател да употреби и вооружени сили при ослободување на американски државјани доколку бидат изнесени пред овој суд.

2002.- Во Холандија е убиен лидерот на холандската десница Пим Фортајн, што официјално претставува прво политичко убиство во оваа земја од 17. век. Фортајн е убиен од еден муслимански фанатик, наводно од верски причини.

2006.- Почина последната преживеана патничка на бродот Титаник, американката Лилијан Гертруд Асплунд. Според извештајот на американскиот Сенат, во несреќата загинаа 1.523 лица.

2007.- Почина Ѓорѓе Новковиќ, најтиражниот композитор на поп музика во поранешна југославија. Новковиќ во 60-тите години од минатиот век свирел со сараевската група „Индекси“, а потоа ја формираше групата „Про Арте“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 15:53

Денеска се навршуваат 105 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делчев е еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.

Роден е во Кукуш, Егејска Македонија на 4-ти февруари 1872 година, а загина на денешен ден пред 105 години, во селото Баница, во борба против османлиската војска.

По повод годишнината од смртта на овој револуционер, денеска во Собранието ќе бидат доделени наградите „Гоце Делчев“ на пет научни работници за особено значајни остварувања во области на науката.

Годинешната награда „Гоце Делчев“ им се доделува на академик Владимир Серафимоски, за трудот „Клиничка панкреатологија”; на д-р Фросина Ташевска Ременски, за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји” и на д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, за трудот „Квадратно-бранова волтаметрија-теорија и примена” ("Sguare-Wave Woltametry: Teory and Application").

Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2008 во 01:38
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 17:01
На денешен ден во 2001 година од тетовското Кале одекна тросистичкото оружје со што на Македонија- македонскиот народ, и беше загрозена безбедноста, суверенитетот, територијалниот интегритет. Од овој ден започна борбата против тероризмот во Република Македонија.
Денес е навржуваат седум години од тој гнасен чин.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2008 во 12:53

1133.- Роден е англискиот крал Хенри Втори Плантагенет, основач на династијата Плантагенет, кој во текот на владеењето од 1154 до смртта во 1189 година со реформата во судството значително ја зајакна кралската власт.

1534.- Умре италијанскиот сликар Антонио Алегри да Кореѓо, кој обработувал религиозни и митолошки теми. Најзначајни дела: Фреската и црквата „Свети Јован“ во Парма, сликата „Мистичното венчавање на Света Катерина“, „Јупитер и Антиопа“, „Богородица со Свети Ѓорѓи“.

1696.- Роден е италијанскиот сликар Ѓовани Батиста Тиеполо, последниот голем венецијански мајстор, еден од најголемите декоративни уметници на 18. век. Неговите главни трудови, фрески со големи димензии работени во манирот на рококо се во надбискуспката палата во Удине, во палатата Лаби во Венеција, бискупската резиденција во Вирцбург и во кралската палата во Мадрид.

1770.- Британските трупи во Бостон убија пет демонстранти. Овој случај познат под името „бостонски масакр“ ја забрза американската војна за независност.

1827.- Умре Алаксандар Волта, италијански научник-физичар. Занимавајќи се со електрицитетот, ги пронајде електрофонот, галванските елементи, батеријата на галванските елементи и други. Роден е во 1745 година.

1827.- Во Париз умре Пјер Симон Лаплас, француски математичар, физичар и астроном. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат „Небесна механика“ и „Преглед на историјата на астрономијата“. Роден е во Бомонан Ож, на 28 март 1749 година.

1856.- Лондонскиот театар „Ковент Гарден“ цеслосно е уништен во пожар.

1871.- Родена е Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко движење. Во Берлин, во екот на теророт на КП на Германија, по ѕверското мачење, убиена е на 15 јануари 1919 година.

1910.- Роден е Момофуку Андоу, јапонскиот „крал на резанците“, пронаоѓач на „инстант резанците“, наменети за исхрана на астронаутите во вселената. Андо е роден во 1910 година на Тајван. Со производство на тестенини почна во Тајпеи, а подоцна продолжи во Осака. Во 1948 година ја основа фабриката „Нишин фуд“, првата фабрика која во 1958 година ги произведе резанците во вреќички, а потоа и други слични производи кои со време го освоија целиот свет.

1916.- Загинаа 455 патници и членови на екипажот од вкупно 588 колку што беа на шпанскиот патнички брод „Принц од Астурија“ во моментот кога бродот удри во карпа близу бразилскиот брег и потона за само неколку минути.

1923.- Во селото Големо Илино, Кичевско, е роден Ристо Лозановски, македонски академски сликар. Неговиот опус изнесува околу 150 слики во маслена техника, повеќе цртежи и графики. Умре во Белград, на 13 мај 1965 година.

1933.- Националсоцијалистичката работничка партија на Германија на Адолф Хитлер го освои мнозинството во Рајхстагот (собранието).

1845.- Американски трупи влегоа во Келн во Втората светска војна.  

1946.- Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на "Илинденска споменица 1903", на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, костурско, во 1880 година.

1953.- Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.

1953.- Во Москва умре Јосиф Висарјонович Сталин, советски државник и политичар, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на вооружените сили на СССР, маршал и генералисимус. По Втората светска војна спрема социјалистичките земји спроведуваше хегемонистичка политика. Неговите злосторства беа осудени на 20-от и 21-от конгрес на КПСС. Роден е во Гори, Грузија, на 21 декември 1879 година.

1953.- Умре рускиот композитор и пијанист Сергеј Сергеевич Прокофјев, еден од најоргиналните музички автори во 20. век. Од 1918 година живее во западна Европа и во САД, а во 1932 година се врати во татковината. Дела: оперите „Заљубен во три портокала“, „Војна и мир“, „Огнен ангел“, балетите „Ромео и Јулија“, „Приказна за камениот цвет“, кантатата „Александар Невски“, симфониите „Класична симфонија“, „Петта симфонија“, музика за филмовите „Александар Невски“, „Иван Грозни“.

1960.- Претседателот Ахмед Сукарно го распушти индонезиското Собрание.

1966.- Британски патнички авион удри во јапонската планина Фуџи при што сите 124 патници и членови на екипажот загинаа.

1970.- Стапи на сила договорот за неширење на нуклеарното оружје кој го потпишаа 45 држави.

1984.- Умре италијанскиот пејач Тито Гоби, познат светски оперски баритон. Во оперите студиозно и префинето ги креираше водечките улоги, вклучувајќи ја и прочуената улога во „Тоска“ на Ѓакомо Пучини во која негов партнер беше Марија Калас.

1992.- Домот на младите "25 Мај" во Скопје го промени името во Младински културен центар.

1993.- Авионот од типот "Фокер 100" на авиокомпанијата "Палер Македонија", веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80-ина.

1996.- Претседателот на САД Бил Клинтон во Израел испрати врвна опрема за откривање подметнати бомби и група технички ескперти како помош во борбата против арапските исламски терористи.

1998.- Во терористичките напади на тамилските бунтовници, кои во главниот град на Шри Ланка активираа минибус полн со експлозив, загинаа 37 луѓе.

2000.- Израел одлучи да ги повлече трупите од југот на Либан до јули, дури и во случај до тогаш да не биде постигнат мировен договор со Сирија.

2001.- Во текот на ритуалот каменување на ѓаволот, во стампедо на муслимански верници загинаа најмалку 35 луѓе на мостот Џамарат во близина на Мека.

2003.- Во самоубистивениот напад на автобус на палестинските исламски терористи во северноизраелското пристаниште Хаифа загинаа 15 луѓе, повеќето студенти.

2007.- Умре Анри Троа, еден од најпопуларните француски писатели на 20. век. Автор е на близу 100 дела. Троа надвор од Франција е најпознатиот по биографиите на француските и руските литературни и историски фигури, како што се Толстој, Пушкин, Флобер, Зола, Катерина Велика и Иван Грозни. Роден е како Лев Тарасов на 11 ноември 1911 година во Москва во имотно семејство. Наградата „Гонк*р“ ја доби за својата трета книга „Пајак“. Неговите книги се преведени на десеттина јазици, а во една анкета од 1994 година тој е прогласен за најпопуларен француски писател.

2007.- Најмалку 11 бунтовници на левицата и седум војници се убиени во борбите на југот на Колумбија. Владините сили запленија цел арсенал оружје во борбите со припадниците на марксистичката група „Револуционерни оружени сили на Колумбија“.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.