![]() |
|
Што е Адвентистичката црква? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 39> |
Автор | ||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Niko777, бидејќи гледам дека нема дискусија со тебе, се откажувам од монологот.
Пријатен монолог. |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
![]() |
||||
blagorodna ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 568 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ne rabota u subota i tea im jet najvazno
|
||||
![]() |
||||
Niko777 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Евангелос,
ке се навратам на твоите коментари подоцна. Но гледам дека тргнуваш во една друга насока, па претходно сакам да расчистимe дали според тебе Библијата ги подржува: - концепт на безгрешност во светот и меѓу луѓето ? - концепт на право на мнозинството и прилагодување кон мнозинството ? - концепт на право на "времетраење" и традиции ? Еве неколку прашања, отприлика по временски тек: 1) Дали сатана може да завледее и да го заведе Исус кој е еден со Господ кој ја создаде Вселаната, или сатана е посилен и може да владее и да не заведува нас луѓето како обични грешници ?? Кој е Единствениот безгрешен ? или можеби според тебе ги има повеќемина ? 2) Ное и арката. Околу илјада и нешто години по влегувањето на гревот на земјата. Дали Господ кој е Еден со Исус, ја толерираше земјата грешна како што си беше, поради "долготрајното" постоење и "мнозинството" кои подпаднаа под тој грев што се рашири на земјата, или пак Господ ги уништи сите освен Ноа и арката ? Кој беше праведен пред Господ, малата група од 8 членови или милионите (?милијардите?) грешници ? Колкумина беа слуги на лагата ? 3) Малата осамена држава на Израелците што им ја даде Господ беше опкружена со многу милионски и посилни нации секоја со своја паганска религија. На чија страна беше Библиската вистина, на страната на малата држава на Израелците, или на страната на паганските кралства со милиони жители ? Колкумина беа слуги на лагата ? 4) Пророкот Даниел од стариот завет, (кого Исус го референцира во своите пророштва во Матеј 24). Кога Даниел стоеше сам и му се спротивстави на кралот на вавилон и неговите милиони поданици. На чија страна беше Библиската вистина, на страната на едниот сам Даниел, или на страната на кралот и неговите милиони поданици ? Кој ја имаше поддршката од Господ едниот сам Даниел или кралот со овоземската милионска империја ? Колкумина беа слуги на лагата ? 5) Исус кој е Еден со Господ кој ја создаде Вселената. Кога самиот еден Исус стоеше пред судот на фарисеите, и пред судот на римјаните. На чија страна беше Библиската вистина, на страната на едниот сам Исус, или на страната на фарисеите и нивните илјадници(милиони?) поданици ? Колкумина беа слуги на лагата ? 6) Мартин Лутер кој ја започна Реформацијата со своите 95 тези против римо католичката религија империја. Кога Мартин Лутер стоеше сам наспроти целата римо католичка империја со милиони поданици. Кога римо католичката империја владееше веќе илјадници години со своите учења кои Лутер докажа дека се лага во однос на Библиската вистина. На чија страна беше Библиската вистина, на страната на едниот сам Мартин Лутер, или на страната на папата и неговите милиони поданици ? Колкумина беа слуги на лагата ? 7) Што научи ти од Библијата, подобро е кога има "консензус" помеѓу повеќемина богови, или помеѓу Господ и луѓето, или дека има Само Еден Господ Еден со Исус кој ја создаде вселената ? Поздрав, ------------------------------------------------- (mkbible.net) (Исаија 44:6) 6 Вака зборува Израелевиот Цар и неговиот Искупител, Господ над Воинствата: ‘Јас Сум првиот и Јас Сум последниот: нема Бог освен Мене. (Малахија 3:6) 6 Зашто Јас, Господ, не се менувам, затоа вие, Јаковови синови, не бевте уништени! ------------------------------------------------- Изменето од Niko777 - 04.Март.2010 во 18:32 |
||||
![]() |
||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Грешка си. Болниот човек бил речиси неподвижен и не можел ни да се симне до водата, а камо ли така болен да оди и да ја носи својата постела. Во моментот кога Исус му заповедал на човекот да си ја земе својата постела и да оди, тој оздравел веднаш и потоа така здрав станал, си ја земал постелата и си отишол. Значи Исус му заповедал на веќе здравиот човек да ја земе постелата и да оди - нешто што било забрането во стариот завет да се прави во денот Шабат. Исус можел да му рече на оздравениот човек само „стани и оди си“ или „стани и оди си дома, а утре дојди си по својата постела бидејќи денес е Шабат.“ Зошто имало потреба Исус да му кажува на оздравениот човек да ја земе постелата и со неа да оди? Зарем ако и оздравениот човек не работел во тој ден ќе запрела целата Вселена како што велиш за Исус? ![]() Зошто Исус му заповеда на оздравениот човек да ја прекршува заповедта за Шабатот? Зарем Исус го терал на грев човекот?
Исус идел во Храмот во Шабат затоа што тогаш бил отворен Храмот за таква служба, затоа што тогаш иделе луѓето. Кога Исус би проповедал во исламска земја, тој би одел во петок во Џамијата, затоа што тогаш Џамијата е отворена и определена за таква служба. Целта на Исус му била да ги поучува луѓето, а за да го стори тоа, Тој морал да доаѓа во Храмот во времето кога тие се собирале таму. Тоа важи и за апостолите подоцна. Сепак во една прилика апостолите се собрале и во ѓаволскиот ден според адвентистите т.е. во недела. „А кога во првиот ден на седмицата (НЕДЕЛА!) се состанавме да раскршуваме леб (ПРИЧЕСТ!), Павле разговараше со нив, зашто сакаше да замине утреден. Го продолжи словото (ПРОПОВЕД!) до полноќ.“ (Дела 20:7, Новиот Завет) Што ќе кажеш ти на тоа? ![]()
Дали ти се познати 6-те фрази на Исус „Сте чуле дека ви било речено..., а Јас пак ви велам...“? Бог преку Исус некои закони ги ревидира, а некои ги измени. Бог преку Исус склучи нов завет со човештвото. Стариот завет беше склучен на планината Синај, а новиот на Голготскиот крст. На Голготскиот крст Исус „Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот; и, откако ја одзеде силата на началствата и властите, Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млада месечина или саботи; тоа е сенката на она што ќе дојде, а телото е Христос. .“ (Колошаните 2:14-17, Новиот Завет) „Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.“ (Римјаните 10:4, Новиот Завет) „А кога вели „Нов” (завет), со тоа го прогласил првиот (стариот) за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.“ (Евреите 8:13, Новиот Завет) Стариот завет беше под Левитското свештенство, по редот на Арон. Додека Новиот Завет е под Христово свештенство, по редот на Мелхиседек. „Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.“ (Евреите 7:12, Новиот Завет) Затоа и многу од законите во Новиот завет се променети. Затоа нема жртви, затоа нема обрезување, затоа нема Шабат, затоа нема чиста и нечиста храна, затоа ги нема старозаветните празници итн. Сите овие беа старозаветни сенки за новозаветните работи.
Христијаните не бираат меѓу старозаветните заповеди, туку ги следат СИТЕ новозаветни заповеди. Адвентистите се тие кои селективно си ги групираат старозаветните заповеди и за едните велат „овие вечно важат, а овие имале привремен карактер“ ![]() На пример, неколку пати сум ве прашал и пак ќе ве прашам, зошто не се обрезувате кога и тоа е старозаветна заповед од Бог со вечно дејство? „Обрезувајте се и тоа нека е знак на Заветот меѓу Мене и вас. Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв. Да, и родениот во твојот дом и купениот со сребро треба да биде обрезан! Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет.“ (Битие 17:11-13, Стар Завет) |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
![]() |
||||
Niko777 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Евангелос,
1) твојот пример се однесува на "исцелениот" и "Исцелителот". Значи Исус не им се обрати на здравите и праведните да одат на пазар и шопинг, туку на болнит ѕа да ги исцели. (17Исус ги слушна и им одговори: „На здравите луѓе не им е потребен лекар, туку на болните. За Мои следбеници не дојдов да поканувам „праведници“, туку грешници!“ (Марко 2:17)) Јас немам ништо против тоа болниците да работат, и полицијата и пожарникарите да дежураат во Сабота на Сабат. 2) Господ и Исус мораат да работат на Сабат/Сабота, тешко нас ако Исус кој е Еден со Господ престане да работи, тогаш целата Вселена ке застане. Веруваш дека силата на Исус кој е Едно со Господ ја движи целата Вселена ? Креаторот не треба да се слави и декларира самиот себеси во Саботата, туку неговата креација т.е. ние го славиме Креаторот и се декларираме дека е тој нашиот Господ. И тоа со обично неработење, за да немаме изговор дека "ни паѓа тешко" тоа да да се декларирам дека го признаваме и славиме за наш Господар. (ако Господ ставеше било каква активност во 4та заповед ми се чини дека сите ќе се буневте против тоа на цел глас, но ова е мое мислење) 3) Запримети дека Исус и исцелениот се среќаваат во Храмот во стихот (Јован 5:14). Ако Исус е во Храмот во Сабота, каде одиш ти како негов следбеник во Саботите ?? 4) Кога Господ ги пишуваше 10те Заповеди со Својот прст на камените плочи, Исус кој е Едно со Господ од вечноста до вечноста, всушност беше Тој кој ги пишуваше тие 10 Заповеди. кратко кажано, 10те Божји Заповеди = 10 Заповеди на Исус кој е Едно со Господ Како што самиот рече, ние се декларираме дека сме Христијани со тоа што ги пратиме Заповедите на Исус. Дали можеме самите да си бираме кои заповеди ни се допаѓаат ?? Поздрав, ------------------------------------------------- Исус им рече... 52 Горко ви вам, законици, зашто го зедовте клучот од знаењето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.” (Лука 11:52) 43 Горко ви вам, фарисеи, зашто ги сакате првите седишта во синагогите и поздравите по пазарите. 44 Горко ви вам, зашто сте како гробови, што не се забележуваат, така што луѓето кои одат преку нив, не знаат.” (Лука 11:43-44) Матеј 3:7-8 7Но кога Јован виде дека кај него доаѓаат да се крстат и голем број фарисеи и садукеи, им рече: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од Божјиот гнев што доаѓа!? 8Докажетe на дело дека навистина сте се покајале! Исус им рече... 11 Зашто Синот Човечки дојде да го спаси, она што е изгубено. (Матеј 18:11) 20Зашто, каде што двајца или тројца ќе се здружат под Моето име, и Јас сум таму, меѓу нив.“ (Матеј 18:20) ------------------------------------------------- |
||||
![]() |
||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На небото. Ај сега ти одговори ми на следново прашање: Зошто Исус работел во денот Шабат и натерал еден човек исто така да работи во тој ден? Како што знаеме, носењето товар во денот Шабат било забрането во Стариот Завет: „Господ зборува вака: „Чувајте се ако ви е мил животот, и не носете товар во Саботен (Шабатен) ден..“ (Еремија 17:21, Стариот Завет) „ Исус му рече: „Стани, подигни ја својата постела и оди!” И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата постела и почна да оди. А тој ден беше Сабота. Затоа Јудејците му рекоа на оздравениот човек: „Сабота е и не смееш да ја носиш постелата.” Но тој им одговори: „Оној, Кој ме излечи ми рече: „Подигни ја својата постела и оди!” Тогаш го прашаа: „Кој е човекот кој ти рече: „Подигни ја својата постела и оди?” А исцелениот не знаеше Кој е, зашто Исус се отстрани, бидејќи имаше многу народ на тоа место. Потоа Исус го најде во Храмот и му рече: „Ете, оздраве, не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо.” Човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус го излекува. И затоа Јудејците Го гонеа Исуса, и сакаа да Го убијат, дека тоа го направи во сабота. А Исус им одговори: „Мојот Татко работи постојано, па и Јас работам.” “ (Јован 5:8-17, Новиот Завет) Прашање: Зошто Исус работел во денот Шабат и натерал еден човек исто така да работи во тој ден? |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
![]() |
||||
Niko777 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Spiros,
iskrajno, kaj tvojot odgovor mi e simptomaticno sto ne go koristis imeto Isus, a i tvojot odgovor nema referenca vo Biblijata. Se izvinuvam ako e toa nekoj stih od Bibiljata sto ne go znam napamet, bi ti bil blagodaren koga mi pisuvas na mene, da mi posocis za koj stih od Biblijata se odnesuva, zosto mene tie sto ne zborat po Biblijata mi e tesko da im veruvam za religiozni temi. Kako i da e, ne znam kako da gi tolkuvam ovie tvoi naviki, no dokolku imas potreba nesto vo vrska so tvoite licni gledanja i pristapi da objasnis, te molam ne go mesaj vo ovaa tema/diskusija sto ja otvoril Blagoj_s, tuku otvori drug forum za da ne gi izmesame temite vo ovoj forum, posle nema da im se znae krajot. Vo sekoj slucaj ti blagodaram za odgovorot, i ti posakuvam Isus koj e Edno so Gospod koj ja sozdade Vselenata da te cuva od silite na zloto, zosto (Ефешаните 6:12) 12Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори. Pozdrav, ------------------------------------------------- (ЈОВАН 8) 42 Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов; и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. 43 Зошто не го разбирате Моето зборување? Затоа што не можете да ја слушате Мојата наука. 44 Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата. 45 Не Ми верувате Мене, зашто ви ја зборувам вистината. 46 Кој од вас Ме обвинува за грев? Ако ја зборувам вистината, зошто не Ми верувате? 47 Кој е од Бога, ги слуша Божјите зборови; затоа вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.” ... 55 Вие не Го запознавте, а Јас Го познавам. И ако речам дека не Го познавам, ќе бидам лажец како и вас; но Јас Го познавам и го пазам Неговото слово. ------------------------------------------------- Изменето од Niko777 - 04.Март.2010 во 00:47 |
||||
![]() |
||||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Нико, се извинувам што се вмешувам вака но би сакал да те прашам дали подолунапишаново ти го одговара прашањето и дали ти помага во сваќањето на истото? БОЖЈОТО ЖИВО СЛОВО (ХРИСТОС) е БОЖЈАТА ДЕСНИЦА РАКА, ТОА е БОЖЈИОТ ВЕЧЕН ПОКАЗАТЕЛЕН ПРСТ, од Љубов и за спасение на сите се предаде доброволно ТОЈ - на голготскиот КРСТ! Изменето од spiros - 03.Март.2010 во 22:46 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
![]() |
||||
Niko777 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Evangelos,
povtorno mesas.... zatoa eve edno kratko prasanje: Koga Gospod gi pisuvase so svojot prst 10te Bozji Zapovedi vo kamen, kade se naogase vo toj moment Isus ? Se soglasuvam so toa sto go velis: <Evangelos>> "Држењето на Христовите заповеди не декларираат нас како христијани," Pozdrav, Изменето од Niko777 - 03.Март.2010 во 14:15 |
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Едно нешто што ме иритира е кога некој мутаво изиграва преподобие (читај: безгрешност, светост), а всушност делата покажуваат дека благе везе нема од исполнувањето на тоа за што другите ги обвинува дека не го исполнуваат. Oва многу ме потсетува на она Библиското: им наметнуваат товар кој не сакаат самите со прст да го помрднат (парафразирам).
Погорново твое „изигравање жртва“ воопшто не ти соодветствува на твоите следни искази:
Всушност, од кога тоа нечија брада претставува козја брада? Аххх, бедниот Исус Христос што носел брада... Сфати сi го предупредувањето, како автопредупредување!
|
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ова не е точно. Со држењето на Шабатот човек се декларира или како старозаветен евреин, или како адвентист (саботар). Христијаните не се декларираат како Божји со тоа што не би работеле во еден ден од неделата, бидејќи тоа го прават и евреите што не го почитуваат Христос. Држењето на Христовите заповеди не декларираат нас како христијани, а не старозаветниот Шабат. Христос во еден Шабатен ден му заповеда на еден човек (кој предходно го исцели) да си ја земе облеката и да си оди, нешто што било забрането во денот Шабат (Еремија 17:27). Но Исус, како Господар на Шабатот и поголемиот од Храмот, имал право да му заповеда на овој исцелен човек да работи и во денот Шабат! „Исус му рече: „Стани, подигни ја својата постела и оди!” И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата постела и почна да оди. А тој ден беше сабота. Затоа Јудејците му рекоа на оздравениот човек: „Сабота е и не смееш да ја носиш постелата.” Но тој им одговори: „Оној, Кој ме излечи ми рече: „Подигни ја својата постела и оди!” “ (Јован 5:8-11, Новиот Завет) Се прашувам како би реагирал еден адвентист денес доколку Исус му заповеда да заврши некоја работа во Сабота? Веројатно би рекол: Прости ми Исусе, но Мојсеј ни нареди да не работиме во Сабота ![]() |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
![]() |
||||
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Се радуваме кога ќе чуеме дека христијаните од Ефес ги отфрлиле лажните науки на николаитите. Постапувајќи така, тие се придржувале кон Павловиот совет да не се дружат со лажни учители. Сепак, се чини дека не се покажале толку добро во однос на вториот совет на Павле. Имено, Павле им кажал ( Ефесјаните 5,2) да “живеат во љубов, како и Христос што ве засака вас“. Меѓутоа, Исус морал преку Јован да им упати остар прекор: “Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов!“ (Откровение 2,4). Христијаните од Ефес го загубиле жарот на својата прва љубов кон Исуса Христа. Ја загубиле и топлината на својата првобитна меѓусебна љубов. Таа загуба на љубовта Исус ја сметал за голем грев. “Спомни си од каде падна, покај се и врши ги делата што ги вршеше на почетокот!“ и веднаш додал: “ако пак не, ќе дојдам кај тебе и ако не се покаеш, ќе го отстранам твојот светилник од неговото место!“ Исус се однесувал тактично, но строго, спрема недоволно стасаните христијани од Ефес. Прво зборувал за нивните добри особини, а потоа отворено проговорил и за маните. Христијанската црква, ако сака да биде црква на христијани, вистинско видело на светот, има голема должност да шири љубов. “По оваа сите ќе познаат дека сте мои ученици- ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13,35). “Така нека свети вашата светлина пред луѓето за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец кој е на небесата“(Матеј 5,16). Луѓето во неволја црквата ја прогласуваат за светлина и го слават Бога кога христијаните им укажуваат вистинска помош. Деловните луѓе за црквата зборуваат дека таа е видело кога христијаните ги плаќаат своите долгови на време, кога своите приговори, ако ги има, ги вложуваат на љубезен и пријателски начин. Нехристијаните ги вчудовидува Божјата сила кога месната црква, која била позната како кавгаџиска, наеднаш ќе престане да биде “чадлива“ црква и кога ќе стане заедница соединета со љубов. Изменето од Blagoj_s - 03.Март.2010 во 12:07 |
||||
www.myspace.com/sblagoj
|
||||
![]() |
||||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На кој ден од неделата започна Новата Творба и Вечниот Шабат, за оние кои вистински и потполно веруваат на Евангелието?
![]() Изменето од spiros - 02.Март.2010 во 23:50 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
![]() |
||||
Niko777 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Евангелос,
извини, филмот беше пример за тие што си сакаат филмови. Но слично стои во Библијата каде Исус вели: (Матеј 6:24) 24Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на мамона. Ти ги мешаш протоколарниот закон на Мојсеј, ==наспроти== 10те Божји Заповеди кои Господ ги напиша со Својот прст, и декларативната намена на Сабатот/Саботата. 1) Протоколарниот закон на Мојсеј имаше значење да посочува кон доаѓањето на Исус кој е Едно со Господ кој ја создаде Вселената и се што е во неа. Откако Исус дојде, овој протоколарен Мојсејов закон не е потребен. 2) Но дали ти мислиш дека 10те Божји Заповеди веќе не важат ? исправно е некој да убие ? или е тоа грешно ? Сабатот/Саботата игра една Декларативна улога, т.е. со 4та лесно остварлива заповед ние се декларираме дека го служиме Господ кој ја создаде Вселената и се во неа, и приотоа декларираме дека не сакаме да служиме други богови како на пример паганскиот бог на сонцето. Затоа Исус рече: (Матеј 12:8) 8Зашто Јас, Синот Човечки, сум Господар и на саботата.“ Како да декларираме на кој Господар му служиме ? ...и тоа со неработење, за да немаме изговор. 3) Пример: Саботата е како мала значка или брош, која е многу лесна да се носи на реверот, но недвосмислено на светот му покажува на чија страна си. На пример - носи значка на Милошевич и оди шетај се низ Косово, или обратно… - носи значка на Бин Ладен, и оди шетај се низ Њујорк, или обратно… Дали ке ти тежи значката ? или тоа што отворено се декларираш на чија страна си ? p.s. Jas sum absolutno protiv bilo kakva forma na nasilstvo, ponizuvanje, i teror. Поздрав, ------------------------------------------------- Јован15:22 Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |