![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 61> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Вердер попушти, Езил се сели во РеалГерманскиот фудбалски репрезентативец, Месут Езил ќе го напушти Вердер и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Реал Мадрид. Клубовите го потврдија дека постигнале договор, но други детали за трансферот не соопштија. Вердер за играчот од средниот ред, за чии услуги се интересираа Манчестер Јунајтед и Барселона, бараше сума од 16 милиони евра. Езил во текот на денот ќе отпатува за Мадрид, каде утре доколку ги мине медицинските тестови ќе биде претставен како нов играч на Реал |
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Белами преминува во Кардиф
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Сити и Астон Вила го договориле трансферот на Милнер
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Бундеслигашот Хамбургер не го дава ЕлијаИзвор: АP
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Часови го делат Балотели од трансфер во Манчестер СитиИзвор: АP
Марио Балотели го договорил трансферот во Манчестер Сити, Интер како обештетување ќе добие сума од 28 милиони евра. Во следните неколку часа, Марио Балотели треба да пристигне во Манчестер, доколку ги мине лекарските прегледи, тој во текот на денот ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“. Весникот „Кориере дело Спорт“ пишува дека црномурестиот напаѓач во Манчестер Сити годишно ќе заработува 3,5 милиони евра. Балотели за новиот тим нема да може да дебитира во првото коло, сезоната во Премиерлигата стартува утре, Манчестер Сити во дербито ќе му гостува на Тотенхем. Во вторникот, 20-годишниот напаѓач дебитираше за Италија, на пријателскиот натпревар во Лондон, „азурите“ загубија од Брегот на Слоновата Коска |
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Само еден гол, само лошо реми
Малта - Македонија 1:1 (0:1) ![]() Македонските репрезентативци разочарани го напуштија теренот, а знаци на нервоза имаше и кај стручниот штаб. Овие 1:1 се неуспешен тест за гостите, кои дојдоа по победата, а заминуваат со лошо реми. Репрезентативците на Македонија можат да жалат за првиот дел од средбата во кој доминираа на теренот, ја имаа топката, но и неколку зрели шанси за гол. Пандев го погоди дирекот, Наумоски беше постојана закана за голот на Хог. Фудбалерот на Матерсбург се најде во идеална шанса за гол во 14. минута, но од два метра шутираше во гредата на Малта. Пандев и Наумоски беше ударниот тандем на гостинот, но голот на Хог го погоди Тричковски, кој беше на вистинското место во пресудната 36. минута кога резултатот беше 0:1. Со таа шанса завршија и шансите за составот на Македонија. Почетокот на вториот дел донесе возбудувања уште во првите секунди. Муфсуд го израмни резултатот уште во 47. минута кога доби добра топка Брифа. Во вториот дел Малта доминираше на теренот. Фудбалерите на домашната селекција доминираа со средината од теренот каде имаше лоша игра од страна на гостинските репрезентативци. Гостинот за цело полувреме не создаде ниту една зрела шанса за гол, а главна карактеристика беше тоа што нивниот селектор Мирсад Јонуз во моментите кога Малта играше да го даде вториот гол постојано ја сецкаше играта со тоа што во игра ги стави сите играчи кои беа на клупата. Ниту резервите во составот на Македонија не успеаја да внесат живот во играта па така со оглед на шансите овие 1:1 се реален скор од дуелот во Ла Валета. Македонија доминираше во првиот дел, а Малта во вториот. Овој тест беше последна проверка на силите за двете селекции кои во септември го почнуваат квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2012 година. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Атлетико продава седум фудбалери
Раководството на Атлетико Мадрид ќе се раздели со седум фудбалери, пишуваат шпанските весници. Во моментов тренерот Кике Санчез Флорес располага со 29 фудбалери меѓу кои и повредените Серхио Асенхо и Борха. Поради големиот број играчи клубот е принуден да се ослободи со дел од нив или да ги даде под наем. Се планира разделба со тројца дефанзивци, тројца од средниот ред и еден напаѓач. Освојувачот на Лигата на Европа се засили со Диего Годин од Виљареал и Филипе Луиз од Ла Коруња, а веќе е потврдено заминувањето на Леандро Кабрера. Во тимот нема место за Хуанито, Алберто Переа потоа младите Игнасио Камачо, Серхио Гонтан и Коке. Доколку не се најде купец сите овие фудбалери ќе заминат на позајмица. За Хуанито "загризаа" Сантандер и Виљареал, а за Переа Малага и Гетафе. Првиот стрелец на екипата Диего Форлан ќе остане и наредната сезона и покрај големиот интерес од европските гиганти. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Хоџсон го враќа Крауч во Ливерпул
![]() Крауч беше член на Ливерпул во периодот од 2005 до 2008 година и со него "црвените" освоија трофеј во ФА Купот, а играа и во финалето од Лигата на шампионите во 2007 година против Милан. Кога тој беше продаден на Портсмаут, со парите од него Бенитез го Роби Кин од Тотенхем, но тоа подоцна се покажа како сосема погрешна одлука затоа што Ирецот не се снајде на Енфилд и по само шест месец беше вратен во Спарс, за двојно помалку пари. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Напаѓачот на Челзи првпат јавно се обраќа по Светското првенство во Јужна Африка „Го замразив фудбалот поради Доменек“, изјави поранешниот француски
репрезентативец, Никола Анелка, во првото јавно обраќање по Светското
првенство во Јужна Африка. Неговиот судир со селекторот Рајмон Доменек
предизвика серија случувања кои се сметаат за најголем срам во
францускиот фудбал. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ибрахимовиќ моли за позајмица во Милан
![]() И сега е проблем Милан да плати најмалку 40 милиони евра колку што бара Барселона, но за каталонскиот клуб нема да биде проблем ако се ослободи од него ако се знае дека Швеѓанецот има годишна плата од 12 милиони евра, а во претстојната сезона ќе биде резерва за Давид Виља. Постои опција Милан да го добие на едногодишна позајмица со тоа што идното лето ќе го откупи неговиот договор за значително помала отштета. Со евентуалниот ангажман на Ибрахимовиќ, Милан конечно би ги решил проблемите во нападот каде го има ветеранот Инзаги, повредениот, но и неконстантен Бориело и се уште недокажаниот Хунтелар. Сепак, овие информации се сосема спротивни на она што во медиуми го кажуваат и Гвардиола и Ибрахимовиќ. Швеѓанецот тврди дека не планира трансфер ова лето, а тренерот дека смета на него и покрај ангажирањето на Виља. Ибра дојде во Барселона минатото лето од Интер за 76 милиони евра и стана најскапиот фудбалер во историјата на шпанскиот првак, но не ги оправда очекувањата од навивачите и тренерот Гвардиола, кој за него го избрка Самуел Ето. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Во Белгија се местеле натпревари, судскиот процес ќе започне во ноември
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Тетекс очекувано поразен и во Скопје
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
СО НАСМЕВКА НА ЛИЦЕТО
Фабрегас се приклучи на тренинзите на Арсенал ![]() Барса, од чија фудбалска школа излезе Фабрегас и пред седум години дојде во Арсенал, летово испрати понуда од 30 милиони фунти за него, но тоа е премалку за челниците на лондонскиот клуб кои по никоја цена не сакаат да се откажат од својот капитен. Освен тоа, во јавноста наизменично излегуваа ѕвездите на Барселона: Карлес Пујол, Лионел Меси, Чави и Иниеста кои постојано повторуваа дека очекуваат ова лето како партнер на теренот да го имаат Фабрегас., А, 23-годишниот Шпанец вчера во одлично расположение тренираше со фудбалерите на Арсенал на својот прв тренинг во пресрет на новата сезона. На почетокот од оваа недела тој пристигна во Лондон, а откако имаше една средба со менаџерот Венгер, вчера почна и да тренира. На стадионот на Арсенал, каде што вчера се одржа тренингот, присуствуваа десетина илјади навивачи на "топчиите" кои со овации го пречекаа Фабрегас и со неколку транспаренти јасно му ја искажаа својата љубов замолувајќи го да остане. Фудбалерот не даде изјава, но беше очигледно дека е среќен поради ваквиот пречек од навивачите. Инаку, новата сезона во Премиер-лигата почнува идниот викенд, а поради доцното приклучување на подготовките, Фабрегас најверојатно нема да игра на отворањето против Ливерпул. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Мексико, закажан за следната среда. Дуелот со Мексико ќе биде прв натпревар на „црвената фурија“ по освојувањето на титулата светски првак. Поради натпреварот во Суперкупот на Шпанија, на програмата е на 14. август, селекторот не ги повика играчите на Барселона и Севиља, додека поради повреди ќе отсуствуваат Торес, Реина и Иниеста. Дел Боске во репрезентацијата го врати Санти Казорла од Виљареал, а нови имиња се Игнасио Монреал од Осасуна и Бруно Сориано од Виљареал.
Селекторот на Белгија, Жорж Лискенс за пријателскиот натпревар со Финска го повика напаѓачот на Андерлехт, 17-годишниот Ромелу Лукаку. Одлуката на селекторот не им се допаѓа на челниците на Андерлехт кои сметаат дека Лукаку има повреда на коленото. Ромелу Лукаку, минатата сезона беше најдобар стрелец во првенството на Белгија. Белгија квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во 2012 година ќе го започне на 3. септември, противник ќе биде Германија. Чо Кванг-Реј, како селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ќе дебитира на 11. август против селекцијата на Нигерија. Во однос на екипата која настапи на СП во ЈАР, Кванг-Реј повика шестмина нови фудбалери. Од играчите кои настапуваат во Европа, натпреварот ќе го пропушти само фудбалерот на Болтон, Ли Чунг-Јонг. Јужна Кореја и Нигерија играа во групната фаза на Мундијалот, натпреварот заврши без победник 2:2.крај |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |