![]() |
|
Рано Христијанство |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 111213 |
Автор | |
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Немам време многу да елаборирам, ама не би се сложил дека не е ништо променето, ниту пак дека е задржана суштината дури се прашувам...
Веќе спомнав дека не се само проблем ритуалите кои се денес наметнати и раширени во традиционалистичките цркви (златни одори, круни, вртења, цртања, кипови, поклонувања, бакнувања раце, икони, исповеди, хиерархија, човечки канони и правила, итн.), туку проблем се и суштинските уверувања за тоа каква вера овие ритуали произведуваат... Денес човек во вакви христијански цркви е изгубен, бидејќи му се нуди некаков средновековен страв кон Бога, некакво материјално исцедување од клерот, а модерното време не е компатибилно со ниедно од овие две. Затоа човекот не може со умот и со срцето да ја сака верата, кога таа оди контра сето тоа што тој како битие Е! Од другата страна раното христијанство било чисто во својата љубов кон Бога, во својата решителност и отвореност кон сите табуа, во својата пожртвовна љубов кон сите луѓе, и во својата непоколеблива посветеност. За жал, денешното квази христијанство, ниту нуди љубов, ниту дозволува прашања за табуата, ниту пак е посветено на Христа, туку е потполно посветено на овоземното. Човек не може гледајќи ги челниците еве на „нашата“ македонска црква, да не види дека меѓу нив постои истото ниво на борба, превласт, материјализам како и меѓу световните политичари од СДСМ и ВМРО... Затоа луѓе, да се вратиме кон изворното христијанство, бидејќи во Христа е одговорот на сите наши прашања, и во Неговото воскресение е надежта и радоста за сите маки и очај на современиот човек. Христос се роди! |
|
![]() |
|
oblachinja ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Луѓето толку ги навикнаа умовите на блудствување што тој умот се
најдува во конфузија да не го препознава веќе затворот на гревот од
слободата на животот.
Mnogu ubava misla Sard ![]() |
|
|
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Битието е исто. Божјата волја на човештвото не му се открива целосно веднаш, туку Бог својата волја, значењата, намерите и замислите за нас ни ги открива полека. Во тоа се разликите. Денес имаме добро обработен систем на верување кој постоел уште од почеток, но спонатано по чувство. Кога ќе се јавел свесен отпор кон дотогаш применуваното правило се јавувала потреба истото мисловно да се објасни, а потоа и да се утврди како правило.
Денес исто така пред Православната мисла се јавуваат нови прашања кои досега без применувани како такви без многу да се навлегува во објаснување. Пример денес теолошката мисла треба пред се низ правнички јазик да објасни зошто хомосексуализмот како и воопшто блудот е грев. Луѓето толку ги навикнаа умовите на блудствување што тој умот се најдува во конфузија да не го препознава веќе затворот на гревот од слободата на животот. Но да се вратам на прашањето. Не постои спротивставеност на христијанството во минатите времиња и православното христијанство денес. Што не значи и дека можеби нема наскоро и да се случат такви појави, бидејќи маса луѓе верници сакаат да ја ублажат острицата на верата за да им биде прилагодена и поблага ним, а не тие да се менуваат според барањата на верата. Изменето од sard - 06.Јануари.2007 во 16:39 |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
Antiqua ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мора да си признаеме дека Христијанството е значително променето од периодот на неговото воспоставување како религиозен систем до денешни денови.
Ве молам за кометари доколку сте свесни за ова!
|
|
Veni Vidi Vici
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |