![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 16> |
Автор | ||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за раѓањето на Господа Синот Божји Излегов од Отецот и дојдов во светот (Јн. 16:28). Единородниот Син Божји, браќа, е роден во вечноста од Отецот без мајка, се родил во времето од мајка без татко. Првото раѓање е недостапна тајна на Светата Троица во вечноста, а второто раѓање е недостижна тајна на силата и на Божјото човекољубие во времето. Најголемата тајна во времето одговара на најголемта тајна во вечноста. Не влегувајќи со мала свеќа на нашиот разум во оваа најголема тајна, да се задоволиме, браќа, со сознанието дека нашето спасение потекнува не од човек и не од земјата, туку од највисоките височини на божествениот невидлив свет. Толкава е милоста Божја и толкаво е човечкото достоинство, што самиот Бог Син се спуштил од вечноста во времето, од небото на земјата, од престолот на славата во пештерата на пастирите, само да ги спаси луѓето, од гревот да ги очисти и во Рајот да ги поврати. Излегов од отецот, каде што имав сe, и дојдов на светот, кој не можеше ништо да ми даде. Во пештерата се родил Господ за да покаже дека целиот свет е една темна пештера, што само единствено Он може да ја осветли. Во Витлеем се родил Господ, а Витлеем значи дом на лебот, за да покаже дека Он е единствениот леб на животот, достоен за вистинските луѓе. О Господи Исусе, превечен Сине на Живиот Бог, и Сине на Дева Марија, осветли нe нас и нахрани нe со Тебе. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ На Господа Исуса Христа, роден во Витлеем, прво Му се поклониле пастирите и мудреците (ѕвездарите) од Исток, значи, најпростите и најмудрите на овој свет. И денденешен најискрено Му се поклонуваат на Господа Исуса Бога и Спасителот најпростите и најмудрите на овој свет. Расипаната простотија и полуучената мудрост отсекогаш биле непријатели на Христовото Божество и на Неговото Евангелие. Но кои биле овие мудреци од Исток? Ова прашање посебно го проучувал св. Димитриј Ростовски. Тој тврди дека тие биле цареви на некои помали области или на поедини градови во Персија, Арабија и Египет. Во исто време тие биле големи познавачи на астрономијата (ѕвездарството). Ним им се јавила онаа чудна ѕвезда што го навестувала раѓањето на Новиот Цар. Според св. Димитриј, таа ѕвезда им се јавила на нив, девет месеци пред раѓањето на Господа Исуса, т.е. во времето на зачнувањето на Пресвета Богородица. Тоа време од девет месеци тие го поминале во проучување на таа ѕвезда, во подготовки за патот и во патување. Пристигнале во Витлеем, наскоро по раѓањето на Спасителот на светот. Едниот од нив се викал Мелхиор. Тој бил стар, обелен, со долга бела коса и брада. Тој на Господа за дар му принесол злато. Вториот се викал Гаспар, со црвено лице, млад и без брада. Тој на Господа за дар му принесол ливан. Третиот се викал Валтазар, црн во лицето и многу брадест. Тој на Господа му подарил смирна. Нивните тела по нивната смрт биле пренесени во Цариград, од Цариград во Милано, а од Милано во Келн. Уште може да се додаде дека овие тројца мудреци биле претставници на трите главни човечки раси, кои произлегле од Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет. Персијанецот ги претставувал Јафетите, Арабјанинот Семитите, а Египќанецот Хамитите. Така, може да се рече преку нив тројцата целиот човечки род Му се поклонил на овоплотениот Господ, нашиот Бог. СОЗЕРЦАНИЕ Да размислувам за убавината на душата на Пресвета Богородица, и тоа: 1. како нејзината душа била светла и непорочна; 2. како нејзината душа била исполнета со мир од вера и од надеж во Бога; 3. како нејзината душа била исполнета со благопријатен мирис од молитвите. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
25 ДЕКЕМВРИ Рождество на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос. Но кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на законот (Гал. 4:4) за да го спаси човечкиот род. И кога минале девет месеци од благата вест што $ ја јавил архангелот Гаврил на Пресветата Дева во Назарет, велејќи: Радувај се благодатна... еве ќе зачнеш и ќе родиш син, во тоа време излегла од кесарот Август заповед да се изврши попис на сиот народ во Римското Царство. Според таа заповед секој требало да си појде во својот град и таму да се запише. Затоа праведниот Јосиф дошол со Пресвета Дева во Витлеем, градот Давидов, бидејќи биле и двајцата од царското колено на Давида. Бидејќи во тој мал град се насобрало многу народ заради пописот, Јосиф и Марија не можеле во ниедна куќа да најдат конак, заради што се засолнале во една овчарска пештера, воп која што пастирите ги затворале своите овци. Во таа пештера, во ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25 декември, Го родила Пресвета Дева Спасителот на светот, Господ Исус Христос. И откако го родила безболно, како што и го зачнала безгрешно, од Светиот Дух а не од човек, таа самата го повила во ленени пелени, Му се поклонила како на Бог и Го положила во јаслите. Потоа пришол и праведниот Јосиф, и тој Му се поклонил како на Божествен плод од девојчинска утроба. Тогаш дошле и пастирите од полето, упатени од ангелот Божји и Му се поклониле како на Месија и на Спасител. И пастирите слушнале многу ангели Божји каде што пеат: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја (Лк. 2). Во тоа време стигнале и тројцата мудреци од Исток, водени од чудната ѕвезда, со свои дарови: злато, ливан и смирна, и Му се поклониле како на Цар над царевите и Го дарувале со своите дарови (Мт. 2). Така дошол на светот Оној, чие што доаѓање било проречено од пророците, се родил онака како што било проречено: од Пречиста Дева, во градот Витлеем, од коленото Давидово по тело, во времето кога повеќе во Ерусалим немало цар од родот Јудин, туку царувал Ирод, туѓинец. После многу Свои праобрази и ветувања, пратеници и весници, пророци и праведници, мудреци и цареви, најпосле се појавил Он, Господарот на светот и Царот над царевите да го изврши делото на спасението на луѓето, што не можеле да го извршат неговите слуги. Нему нека Му е вечна славата и пофалбата. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
Важи orto да ја обновиме, ако некои денови едниот од нас не е во можност другиот или некој трет нека продолжи.
|
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
![]() ![]() ако немаш ништо против убаво е да се постира оваа тема во ОРИГИНАЛНА ВЕРЗИЈА .......Охридскиот Пролог го напишал Св. Владика Николај Благодарно би било од наша страна оваа тема да му ја посветиме на светиот Владика |
||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
Прекрасна тема sard.......мислам дека е време повторно да се обнови
|
||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
orthodox ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
Гледам дека нема никаква реакција на другите теми! Затоа, во меѓувреме, се надевам Сард нема да ми замери, би сакал да објавам дел од Прологот за денес, без житијата за да не би некој коментирал. Ете, денес се совпадна пишуваното во Прологот со темата за размислувањето за Христос, како и православното гледање на бракот! Поздрав! RASUDUVAWE
Samo gordeliviot ~ovek e podgotven sekoga{ da go sporeduva Hrista so drugite golemi lu|e. Iako na prv pogled e jasno deka golemite lu|e se edno a Gospod Hristos drugo, kako {to e edno tvorenieto a drugo Tvorecot. Hristos ne e samo velik, tuku On e i Tvorec, i Izvor i Vdahnuva~ na sekoja vistinska veli~ina vo ~ove~kata istorija. Napoleon, eden od minlivite velikani, vo progonstvo i vo beda na ostrovot Sveta Elena, gi izrekol ovie zborovi: 'Alek-sandar, Cezar, Hanibal, Luj XIV, so seta svoja genijalnost se ni{to`ni. Tie go osvoile svetot, no ne mo`ele da se zdobijat so nieden prijatel. A gledaj, Hristos povikuva i celi pokolenija se povrzuvaat so tesna vrska {to e posilna ot-kolku {to e krvnata vrska... Hristos go zapaluva ognot na qubovta, koj go progoltuva sekoj egoizam i ja nadminuva kakva sakate qubov". SOZERCANIE
Da razmisluvam za blagodatta na Boga, Svetiot Duh vo tajnata brak, i toa: 1. kako taa blagodat pri ven~avaweto ja osvetuva zakonskata telesna vrska na dve ~ove~ki bitija zaradi ra|awe na deca; 2. kako taa ja soedinuva, ja osvetluva i ja zajaknuva vrskata preku qubov na dve du{i, ma`ot i `enata. BESEDA za silata na tajnata brak Zatoa }e go ostavi ~ovekot tatkoto svoj i majkata svoja i }e se prilepi kon `enata svoja, i obata }e bidat edno telo (I Moj. 2:24). Bo`ja volja e da se razmno`uva ~ove~kiot rod; Bo`ja umetnost e na~inot kako se razmno`uva ~ove~kiot rod; Bo`ja tajna e kako ~ovekot go ostava svojot tatko i majkata i se prilepuva kon svojata `ena. Da se ostavat roditelite ne zna~i da se napu{tat, tuku i samiot da postane{ roditel. Koga decata }e postanat roditeli, tie ne se ve}e samo deca tuku i drugari na svoite roditeli. Koga o`enetite sinovi }e ja poznaat tajnata i makata na ra|aweto, tie toga{ u{te pove}e gi po~ituvaat svoite roditeli. Nikoga{ bra~nata vrska ne go osloboduva ~ovekot od po~ituvawe i poslu{nost kon negovite roditeli. Prvobitnata Bo`ja zapoved za po~ituvawe na roditelite mora da se ispolni. No, spored prirodniot tek na rabotite, ~ovekot gi ostava svoite roditeli i samiot postanuvaj}i roditel postanuva osnova~ na nova i-dnina, dodeka negovite roditeli, zavr{uvaj}i ja svojata uloga vo svetot, zaminuvaat. Sepak, vo seto toa ne e ostavaweto na roditelite. Spored nekoja neobjasniva tajna, ~ovekot se prilepuva kon `enata i se odlepuva od roditelite. Sv. Teodorit pi{uva: 'Samiot Hristos, ostavaj}i go vi{niot Otec, se soedinil so Crkvata". Bra}a moi, brakot e golema i ~udna tajna, edna od golemite tajni na Bo`jiot domostroj. ^istiot i ~esen brak e prepoln so vozvi{enost. ^istiot i ~esen brak, vo strav Bo`ji, e sad na blagodatta na Svetiot Duh. Koj go prezira brakot, toj go prezira Bo`jiot Duh. Koj so ne~istotija go valka brakot, toj Mu huli na Bo`jiot Duh. A koj se vozdr`uva od brakot zaradi carstvoto Bo`jo, toj mora na drug na~in sebesi da se napravi sad na Svetiot Duh i vo duhovnata oblast sebesi da se napravi plodotvoren, za da ne bide ise~en kako besplodnata smokva. O Bo`e, Duhu Sveti Semo}en, pomogni im na onie koi se vo brak, vo ~istota, vo strav i vo vzaemna qubov da bidat crkva Bo`ja, vo koja Ti radosno prestojuva{ i s# na dobro upravuva{. Na Tebe slava i ve~na pofalba. Amin. Ви посакувам добра ноќ, и препорачувам сите да учествувавате (а не присуствувате) на Богослужбите по повод Духовденските служби, роденденот на Црквата, па кој не присуствувал на Великопосните служби, да види сега дека коленичењето не е туѓо и за православните, да не мислат мухамеданците дека само тие прават седџе! |
||||||||||||||||||||||
Се за Христос, Христос ни за што!
|
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за исполнувањто на пророштвото Оти Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање (Пс. 15:10). Тоа се зборови на надахнат тајновидец, светли зборови пророчки. Тоа Давид го зборува за Христа Господа, за Неговата душа и за Неговото тело, т.е. за она што е човечко во Него. Дека овие Давидови зборови се однесуваат на воскреснатиот Христос, тоа го посведочил и апостол Петар во својот прв говор веднаш по слегувањето на Светиот Дух (Д.ап. 2:27), бидејќи вели: ' Давид умре, ибеше закопан и неговиот гроб е меѓу нас до овој ден". Не може овие зборови да се однесуваат на Давида, иако тој тоа го кажува за себе, туку за некој наследник Давидов по тело. Давидовото тело иструлило, иструлеле и телата на неговите наследници. Христос е негов наследник по тело, Кој ниту остана во адот, ниту пак Неговото тело виде гнилеж. Предвидувајќи, зборува (Давид) за воскресението Христово. Навистина сјајно пророштво! Навистина чудна видовитост! Како овие зборови морало да звучат неразбирливо и се неразумни за толкувачите на псалмите, пред воскресението на Господа! Кога печатот се симнува од гробната плоча, тогаш се симнува печатот и од многу сосема темни и нејасни пророштва. Христос воскресна, а тајните постанаа јаве.Гробната плоча се дигна не само за Неговото свето тело туку и за многубројните пророчки зборови и визии. Христос воскресна и пророчките зборови воскреснаа. Со слегувањето во адот, Господ ги изведе душите на праведните отци и пророци во небесната светлина, а со Своето воскресение ги изнесе зборовите и нивните визии во светлината на разумот и вистината. Христос воскресна и сe што е добро, праведно и вистинско, пред и по воскресното утро, воскресна. О воскреснат Господи, вброј нe и нас во воскреснатите граѓани на Твоето бесмртно царство! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ
'¤ивеј така како да не постоиш на овој свет и ќе имаш мир". Така му говорел св. Антониј на својот ученик. Чудна, но вистинита поука. Најмногу беда и немир навлекуваме на себе со тоа што сакаме што повеќе да се осетиме и препознаеме во овој живот. Колку повеќе еденчовек се повлекува од светот, колку почесто духовно го набљудува овој свет како да постои без него и колку посилно се задлабочува во мислата за својата непотребност на овој свет, толку повеќе ќе стои поблиску до Бога и ќе има подлабок душевен мир. Секој ден умирам, се колне св. апостол Павле (И Кор. 15:31), т.е. секој ден се чувствувам како да ме нема на овој свет. Но затоа тој со духот се чувствувал секој ден како небесни граѓанин. Кога мачителотФаустин го запрашал св. Теодула: 'Зарем не е подабар животот од лутата смрт?" Теодул одговорил: 'Навистина, и јас така знам дека е подобар животот од смртта заради што и решив да го презрам ова смртно и кратковремено живуркање на земјата за да бидам учесник на бесмртниот живот". СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам завоскресението на Господа Исуса, и тоа: 1. како земјата се затресла при Неговото враќање во телото како и при Неговото разделување од телото; 2. како ангелите се спуштиле во гробот да Му послужат Нему, како што Му служеле секогаш кога Он тоа го одобрувал. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
5 АПРИЛ/18 АПРИЛ 1. Св. мчци Агатопод и Теодул. Првиот бил ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот украсен со старечка побеленост, а вториот со момчешка целомудреност. Во времето на Диоклецијановата потера на христијаните, овие двајца биле повикани на суд. Со радост тие се одѕвале, и држејќи се еден со друг за рака, оделе викајќи: 'Ние сме христијани!" Сите совети на судијата да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останале залудни. После подолгото самување и гладување, биле осудени на смрт и тоа со потопување во морето. Тогаш им ги врзале рацете наопаку и им обесиле по еден тежок камен за вратот и ги повеле да ги потопат. Кога сакале прво да го турнат Агатопод во длабочината, тој извикал: 'Еве, со второто крштение се измиваме од сите наши гревови и заминуваме чисти при Христа Исуса!" Нивните потопени тела морето наскоро ги исфрлило на брегот и христијаните чесно ги погребале. Св. Теодул им се јавил на своите познаници како ангел светол, во бела облека, и им наредил сиот негов заостанат имот да им го разделат на сиромасите. Овие прекрасни Христови војници чесно пострадале во времето на царот Диоклецијан и солунскиот кнез Фаустин, во 303 година. 2. Преп. Марко Трачески. Се нарекува уште и Атински оти Атина му било родното место. Кога го завршил високото образование во Атина, му умреле родителите. Тој помислил во себе дека смртта и за него е неизбежна, и дека треба да се подготвува благовремено за чесното излегување од овој свет. Раздавајќи го целиот имот на сираци, тој седнал на една штица во морето со тврда вера во Божјата помош и со молитва Бог да го одведе некаде според Неговата волја. И Бог Промислителот го сочувал и довел во Ливија (или Етиопија), во планината викана Траческа. На таа планина св. Марко се подвизувал 95 години, не видувајќи ни човек ни ѕвер. Полни 30 години водел страшна борба со лошите духови и се мачел: и со глад, и со жед, и со мраз и со жега. Јадел земја и пиел морска вода. После 30 години најжестоко страдање, победените демони избегале од него, а ангел Божји почнал секој ден да му донесува храна во вид на леб, риба и овошје. Пред самата смрт, го посетил св. Серапион, кој после и го објавил чудното житие на Марко Подвижник. Го запрашал Марко Серапиона дали сега во светот има христијани, кои кога би $ рекле на оваа гора: 'Крени се оттука и фрли се в море - така и да биде?" Во тој час се покренала планината, на која што биле, слично на морето. А Марко замавнал со раката и ја застанал. Таква чудотворна сила имал овој Божји човек. Пред смртта, се помолил за спасението на луѓето и Му ја предал својата душа на Бога. Св. Серапион видел ангели како ја зеле душата Маркова и испружена рака од небото, што ја прифатила. Поживеал св. Марко 130 години и се упокоил околу 400 година. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за црквата - тело Господово Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам (Јн. 2:19). Така им велеше Господ на злобните Евреи за цркватаСвоето тело. НО како што на злобните не им е дадено ништо да разбираат, така ни Евреите не разбраа и му се потсмеваа. Господ не ги укори за тоа, но тоа што го кажа, тоа и се случи. Евреите го разурнаа Неговото тело, а Он го воспостави и воздигна во слава и во сила. Злобните Го казнија Бога со разурнување, а Бог ги укори злобните со соѕидување. На злобните им е задоволство да ја покажат својата сила со убивање, а на Бога Му е радост да ја покаже Својата сила со очистување. Ништо пократко нема од триумфот на злобата, ниту пак нешто е потрајно од триумфот на Вистината. Урнете го овој храм. Господ Своето тело го нарекува храм. Тој храм, разурнат, бил стеснет со еден мрачен гроб, и со тежок камен $ е спречен пристапот на светлината. Но тој храм не ни имал потреба од светлина од Сонцето; Храмот имал Своја светлина, Свое Сонце на Правдата што одвнатре светело. Нежната небесна рака го тргнала каменот од гробот, а Господ станал во слава и во сила. Тоа што еднаш се случило со пречистото тело Христово, се случувало подоцна повеќепати со Црквата на светиите на земјата. Противниците бездушно ја гонеле и ја мачеле Црквата, ја разурнувале и во темница ја сохранувале. Како што Црквата на Неговото тело воскреснала, така на крајот на краиштата во полнота и совршенство ќе воскресне и Црквата на Неговите светии. О воскреснат Господи, не предавај нe на гнилеж во вечна смрт, но воскресни нe во бесмртен живот. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ
Кој Го прославува Бога, и Бог него го прославува. Тоа јасно и обилно се покажало во животот на светителите. Св. Јосиф Песнописецот навистина Го порославил Бога и со дело, и со страдање и со песна. А Бог него го прославил и во животот и по смртта. Во животот му се јавил св. отец Николај во занданите и го ослободил. А кога св. Јосиф размислувал дали да испее канон на св. апостол Вартоломеј, овој апостол му се јавил, облечен во бели одежди и му рекол на Јосифа дека е угодно на Бога тој да го испее тој канон. Кога Јосиф се упокоил, еден граѓанин од Цариград дознал за славата со која го прославил Бог својот угодник. Тој човек бил дојден во црквата на св. Теодор Фанерот да му се моли на овој светител да му јави каде се скрил еден пребегнат негов слуга, бидејќи св. Теодор бил познат кај народот како светител кој јавува, каде се наоѓа нешто изгубено или украдено, заради што и бил наречен Фанерот (Отскривач). Три дена и три ноќи се молеше човекот, па кога не добил никаков одговор од светителот, сакал да си оди. Во тој час му се јавил св. Теодор во визија и му рекол: 'Зошто се лутиш, човеку? Јосиф Песнописецот се разделуваше со душата од телото, та бевме кај него; па кога се упокои оваа ноќ, сите ние, кои нe славеше тој во песните, ја спроведовме неговата душа на небесата и пред лицето Божјо ја поставивме. Затоа задоцнив да ти се јавамтебе". СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за воскресението на Господа Исуса, и тоа: 1. како Неговата душа се враќа од адот повторно во телото; 2. како Он со Својата Божествена сила, со која воскреснувал други мртовци, го воскреснува и Своето сопствено тело. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||
4 АПРИЛ/17 АПРИЛ 1. Преп. Јосиф Химнограф. Роден е во Сицилија, од благочестиви и добородетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите, преминал во Солун каде што се замонашил. Како монах им бил пример на сите во постот, крајната воздржливост, непрестајното молење, псалмопеењето, бдеењето и трудот. Солунскиот епископ го ракоположил за јеромонах. Познатиот свет отец Георгиј Декаполит, посетувајќи го Солун, го возљубил Јосифа со душата и срцето поради неговиот редок карактер, та го зел со себе во својот манастир во Цариград. Кога пак избувнал пламенот на иконоборната ерес под Лав Ерменецот, Јосиф бил упатен во Рим да го повика папата и римската црква во борба за вистинската вера. Но на патот го фатиле пирати и го довеле на Крит, каде еретиците го држеле шест години во самица. Јосиф се радувал што се удостоил да страда за Христа и непрестајно за тоа Му благодарел на Бога сметајќи ги железните вериги на себе како украси од злато. Шестата година, на Божик, наутро, лошиот цар Лав бил убиен на утрената в црква. Во истиот тој час св. Никола му се јавил на Јосифа восамицата и му рекол: 'Стани и следи ме!" Јосиф се почувствувал како кренат во воздухот и наеднаш се нашол пред Цариград. На неговото доаѓање му се израдувале сите правоверни. Им испеал канони и стихири на многумина светители. Имал дар на видовитост, поради што патријархот Фотиј го поставил за духовник и исповедник на свештенството препорачувајќи го како: 'човек Божји, ангел во тело, отец на отците". Во длабоката страрост му го предал духот свој на Господа, на Кого верно Му служел и со дело и со песна. Завршил мирно во пресрет на Велики Четврток во 883 година. 2. Св. мч. Фервута, нејзината сестра вдовица и нивната робинка. Во времето на персискиот цар Савориј бил погубен епископот св. Симеон. Фервута, сестрата на епископот, била земена во дворот по желба на царицата. Но Фервута имала необична убавина, па навалиле мнозина да ја бараат за жена, меѓу кои и вражачите и бајачите незнабожечки. Фервута сите ги одбила и со тоа предизвикала голем гнев против себе. Па бидејќи во тоа време царицата се разболела, сите вражачи му велеле на царот дека царицата е отруена од Фервута, а како лек за болната царица препорачувале: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка, како христијанки, да се пресечат со пила, три половини на телата да се стават на една страна а три на другата, а царицата да се пренесе помеѓунив. Царот се согласил со тој крвожеден бајачки предлог. Фервута со својата сестра и робинката пострадале така за Христа во 343 година, заслужувајќи со тоа невенлив венец во бесмртното царство на својот Господ. 3. Преп. Зосим. Монах на Јорданската обител во времето на царот Теодосиј Помладиот. Тој ја пронашол, ја причестил и ја погребал св. Марија Египетска. Во својата стота година се упокоил во Господа во ВИ век. 4. Преп. мч. Никита. Словен од Албанија. Како светогорски монах отишол во Серез каде што се препирал со муслиманите за верата. Не можејќи да го побијат со аргументи, Турците го ставиле на маки, во кои светиот Никита завршил и Му ја предал својата душа на Бога во 1808 година. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |