IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 116117118119120 146>
Автор
Порака Обратен редослед
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 17:24
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

Е, арно...


Pa vidov deka ti taka ladno filozofski pomina preku rabotata i ...
se zapaliv
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 16:58
ФИЛМАЏИКА, ЗШ МИ ЈА ПЛАГИРАШ МИСЛАТА?

Изменето од majstorce62 - 02.Март.2008 во 16:58
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 16:44
Originally posted by star star напиша:

Е не ја давам мојата поезија...Не дека е нешто посебно или пак дека не чини,ама таа си е само моја!Увид во неа имаат само одредени личности или ако сакам да ја читаат сите,прво ќе ја издадам.Кој ми гарантира дека некој паметен(не мора да е член на форумов,може и гостин) нема да си ја присвои за своја?Затоа ќе пишувам овде,само на другиот пост,туѓа поезија што ми се допаднала.


ee, ispadna deka nie ovde, gjoamiti poiskusni, aber si nemame od biznis.
ako, STAR, ubavo pomini si na veridbata.
Pazi, ako ti ja objavat cestitkata da ne ti skratat od honorarot.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 14:47
Е, арно...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 13:30
Е не ја давам мојата поезија...Не дека е нешто посебно или пак дека не чини,ама таа си е само моја!Увид во неа имаат само одредени личности или ако сакам да ја читаат сите,прво ќе ја издадам.Кој ми гарантира дека некој паметен(не мора да е член на форумов,може и гостин) нема да си ја присвои за своја?Затоа ќе пишувам овде,само на другиот пост,туѓа поезија што ми се допаднала.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 11:36
АМАНЕТ
На Монушка

Пред иконата на светиот Фануриј
кога стоиш,
со свеќа тивкотрепетна,
бела,
побела и од кожа на совест на бебе,
не спомнувај го само името
на утрешниот испит -
милиони души, од светлото му око
Светителско, немиросани што останале,
чекаат прежеднето на тебе
името да им го запомниш,
извор среде пустина да ископаш,
на прадедедовците
кај што солзите се таложеле,
со црпалка од првовенчана мисла
благослов да нацрпиш
за племето многустрадно...

Во иконата на Светиот Фануриј
ликот спокојно ти се прелива со мислата
што ги бара корените на достоинството
во црните ветришта
на триш поцрните векови,
кога филмот на иднината го цензурирале
со трозаби камшици – братољупци
секогаш без крај
и секогаш со нов почеток
и со нови страданија...
Таа мисла првовенчана,
тој топол оган што со галовки срце разигрува,
ќе има ли место во неа
за сите прежеднети,
за сите прегладнети,
за многустрадните
и себененајдените,
кога во друг светител ликот ќе го огледуваш?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 09:47
Utro e sega,
golemi jajca od kokoska mala,
cudo epten golemo.
Istite lajna cekaat,
da nagazime na niv,
istite faci kiseli kako generali
strategija sega pravat,
od koja strana denes
noz da ni zarijat
za agolot da go fatat
od kade ke krvarime
povecko,
za gnasni dusi nivni
zedtta da ja zagasat.

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2008 во 14:05
БАКНЕЖИ
На Монушка

Бакнежи од солзи
со медовина низ солта...
Бакнежи од болка,
бакнежи од изѕемнети ѕведи
на небото на кое треперат
преплашените препелички на неизвесноста...
Бакнежи -
како печат на ненапишано писмо
до непознато другарче,
како стих од балада за сонцељубивите
што со сокот на младоста
испишале светли страници
на пергаментот на историјата...
Бакнежи,
    бакнежи,
           бакнежи...
Пчели без џвало,
   змијулчиња без заби,
        непресушени извори на мајчино млеко,
          распрвкани пеперутки на сонцето
во ветрот на човекољубието..
   Бараат срце за да свијат гнездо –
       Срце, поголемо од моето.



Изменето од majstorce62 - 01.Март.2008 во 17:47
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2008 во 09:47
ДОМАКИНКА

        На калина

Од маката
зрно слатко да извадиш
и гостите да ги ги дочекаш,
да ги добросаш,
да ги нагостиш,
гостите немирни и палави
како скокалци стаклени
шарени,
џиџитлии,
самобендисани,
неујдисани,
по плочникот на трпението
раскокани,
наорлени,
разјарени,
непазарени,
и никој фала да не ти рече!



Изменето од majstorce62 - 01.Март.2008 во 10:15
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2008 во 01:26
Ja mnogu kalini sakam,
koga ke sozreat,
edvaj gi cekam
i pod slivata sedam
i vo niv gledam,
dur da bidnat,
dur da mi mignat.
Кон врв
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2008 во 01:18
за да нема повеќе кавги...отворив нова тема ВАША ПОЕЗИЈА II, за поезијата која сакате да ја споделите со нас, а не е на македонски.
 
kuliraj
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 22:52
МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО


Во мојата мисла расцутува цветот
На првата воздишка -
Розов мирис под прав на пожолтена хартија.


Утрото е широка ливада
По која пасат немирните срни на детството,
Барајќи ги кладенчињата на твоите очи
Од кои сите сакавме да ја угасиме жедта
На првороденчињата на љубовта.


Плетенката што ја плетевме сите заедно
Од маглите на сонот
И ветриштата на јавето,
Скриени секој под сенката на сопствената ѕвезда,
Ја чувам сеуште неоскрнавена
Во кивотот на ноќта
како прва причесна
И последна тајна вечера.

Ништо не е исто и се е како тогаш:
И црешите во дворот на соседите,
И песната на првите темјанушки,
И мирисот на дождот во липите...

О колку сум жеден, колку прегорен,
По капка вода од кладенчињата на твоите очи!


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 20:20
ВО СОБАТА НА СРЦЕТО


Залудно тропаш на вратата од собата
во која одамна никој не живее.
Завесите од насмевки висат на прозорците
како скожурени образи на старица;
тапетите на спомените се изглодани
од стаорците на мртвите сенки;
по крцкавиот паркет стружат само
чекорирте на повампиреното его
како во сцена од излитен хорор
во која публиката очекува шилката на глогот
да влезе во срцето на монструмот
како угорена жица во грутка путер.

Залудно чекаш некој да ти отвори,
со радост во очите да нацрта килим
по која величенствено ќе се вратиш на тронот;
чкрипење на рѓосано железо и застоен воздух
да ги заматат водите на страста и презирот
во кои се траќаат како на суво
последните риби на непреболот,
на непрегорот -
огнените јазици на себеизгорот
оставиле непоправливи траги
на секоја страница на книгата на гордоста,
па секое твое тропање се впива како
ехо на одамна преклано грло на нечија надеж.

Залудно тропаш на вратата на собата
во која никој не сака да живее,
од мртвите усни на срцето одвет нема да добиеш.


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 00:49
ВО РУДНИКОТ НА ЗБОРОТ

Копачите на тишината
Го препознаваат звукот
На ударите на старите времиња
Во гранитните карпи на мислата.

Во рудникот на времето
Некој пред мене ја експлоатирал
Златната жица на совршенството,
за да остави траг на кората на севременоста.


Некои честички златна прашина,
Скржаво скриени под ноктите,
Бараат излез од мемливите ходници
На погребалните псалми,
Копнежливо загледани кон прегратките
На воскреснатите предизвици.



Изменето од majstorce62 - 29.Февруари.2008 во 00:51
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 116117118119120 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.