![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 138> |
Автор | |
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. - еј, што направи? што убав беше песочниот замок - па, готов беше, немаше што да се додаде повеќе - ама, два часа го градеше, со толку љубов - за тебе, го виде не? - ама што не го остави - од песок беше мило, за тебе изграден да го видиш и така да го запамтиш - ама можеа другите да го гледаат цел ден - од песок беше, ветерот и плимата ќе го рушеа, немаше да биде толку убав, а јас сакав ти да го запамтиш каков што беше а не каков ќе биде . тој знаел , кога се гради замок од песок, трае многу кратко, треба набргу да се сруши, неговата убавина да остане а не замокот |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слаткотија
И медот ти ја препушти победата и тој знае што е послатко, чоколадите ти ракоплескаат среќни бар слуги да ти бидат, сладоледот за прошка те моли што воопшто и помисли со тебе да се натпреварува, и торти како светилници нанижани патот кон престолот ти го осветлуваат, е таму стојам и те чекам лиги со ракав забришувам. На престол седнуваш светкавици наоколу, за рачка се фаќам престол во кревет се претвора со насмевка спремно легнуваш, како бомбона ме одвиткуваш очи широко отвараш. усни твои се црвенат да ме ишмукаш се спремаш. |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
rizik stvara kapital...
![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ризик
Не е тоа комета на ноќното небо меѓу ѕвездите ти личи како да потскокнува не ти треба желба да смислуваш исполнета ти е ако е таа која мислам дека е ако се насмееш додека кон тебе паѓам значи таа е а и ти си таа. Ветерот до тебе ливче донесува на него нешто пишува. “Ако се насмееш, нешто скокотливо ќе ти се случи од мене“ Не се кикоти копче не откопчувај демек жешко ти е здолниште над колено не подигај ризично е оти во шума сме оти сами сме. |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Жаба или принцеза Те чекам, не да ги тргнеш испреплтените крошни и лијани, не да ги собереш лотосите и комарците, не да ги смириш птиците , не да ги… не да… Неееееее!!! Те чекам, не да ми ја искрекаш песната со сто штурци, не да ми го осветлиш небото со безброј светулки, не да ми го направиш водоскокот со иљада рипчиња, не да ми… не да… Неееееее!!! Те чекам, не дека се надевам во некое чудо или магија, не дека си ти волшебник или некој принц, не дека немам црвени усни и круна на глава, не дека немам… не дека … Неееееее!!! Те чекам, трпелива и љубопитна како ќе се одлучиш, замислена и уплашена како ќе го изведеш, дали со бакнеж принцеза ќе ме направиш, дали со бакнеж… дали со … Дали… Во жаба ти ќе се претвориш ??? Изменето од bijonse1 - 09.Февруари.2011 во 18:45 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СПОКОЈ
Се преполнило срцето со радост, песните вo спокој чмаат - тишино прекрасна, за каква ли бура се токмиш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Драганче мило...ем од Лескоец де...мнооооогу убава...„содржајна песна“
а да ти префрлам ја ова бе батка кај политичарине,а? или кај југоносталгичарине....мммммммм шо убо ќе ја личи таму ![]() вие двајца револвераши после Драганче...разлаз не му расипујте уметнички дојам на малиот ![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
definicijata za Patriotizam zapocnuva so zborot Ljubov patriotizam ne se pokazuva so
duvanje,
puvanje,
grakanje,
shtrakanje,
zdriganje
od prejaduvanje...
...
go**a
Изменето од Andjelina - 06.Февруари.2011 во 23:20 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
|
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Диво Племе
Селани прости и овчари диви Слегоја од планина, скокнаја од ниви Расипан мозок и испечен сурат Се наместија меѓу нас, цел да ни го т***т Се собраја цел чопор, дива орда На Белград мизерна и гнила творба Со сила и оружје застанаја на чело И рак станаја во општеството цело Почнаја да пљачкат, да урлат Да дивеат низ градови и села Дека е нивно се, добија некаква идеа Зедоја се без милост и срам, а Во срцето нивно чоечност ни грам Кој ве клал вас овде копиљаци едни Убијци и крадци, гнаси бедни Вашата дружба од злоба рика Начинот на контрола УДБА се вика Цркнати сте вие, гниете в гроб Но на вашиот начин уште сме роб Децата ваши царови се сега Ама и нив вашата судба не им бега ![]() Изменето од DragancoLeskoec - 06.Февруари.2011 во 22:59 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДО СЛЕДНОТО ВИДУВАЊЕ Ме опиваш полека како вино црвено кога потекува низ вените. Сладок вкус на горчина измешано со арома на љубов која те обзема ненадејно. По некоја си шема,редовно, се давам себе си,како милостина што се подава на сиромашни. Редовно сум сестра натагата, дежурна лудача, која само чека да и ги одврзеш рацете кои и се на грбот стегнати. И пак чувството на опојност кога тие насмеани очиња ќе ме погалат нежно со поглед како мајка своето бебе. А рацете како канџи се зариваат во твојата мека кожа, небаре последен сплав си на отворено море. Се качувам панично на него и како брод кој се губи под последните зраци на сонцето, тонам во твојата прегратка. Се топам како сладолед на жештина оставајќи трага своја на твоето голо тело, прекривајќи ја твојата кожа со слатка смесакоја ќе ти остане како спомен. ![]() ![]() Изменето од butterflyM55 - 05.Февруари.2011 во 18:53 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изменето од bijonse1 - 08.Јули.2018 во 19:37 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КОЛАЖ
Нешто ќе остане - немоќта на дивокопачот да ги пронајде во твоите очи задоцнетите патници на утрата под планините... Меѓу сонот и јавето, сосема неразлично од тебе мост изѕидав, но јас, клучевите од капијата ги сокрив во тегла со слатко од цреши што смо наликуваат на зборови... Остај ми ги кулите, мостовите до нив ги градевме со музиката на паганини... На улицата на амајлиите куфери полни со наши средби чекаат проценка, но цер за камчето во совеста никој не нашол во аманетот на коренското менување на нештата. Сирена ја именував безимената сила што од инает напиша балада за животот и долгот на идиличната песна го трампа со сенката на проклетството пред иконостасот на збунетата песна од страв дека некои деца ќе ја откријата тајната на магијата и ќе го осветлат патот до срцето на ноќта... И покрај се, нешто ќе остане... Како лексички материјал за песната се употребени насловите на лирските единици од стихозбирката МОСТОВИ, по истиот редослед по кој се распоредени во книгата... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Замислена Кога сум замислена… секогаш мижам и чекам, дали ќе се појави твојот лик? кога сум замислена … секогаш воздивнувам и чекам, дали ќе го осетам твојот здив ? Кога сум замислена … секогаш во насмевка ги спојувам усните , дали ќе го осетам твојот бакнеж ? кога сум замислена… секогаш со прсти ја мрсам косата, дали ти неа ќе ја погалиш ? Кога сум замислена… секогаш го мирисам твоето тело , дали тоа ќе се спои со моето ? кога сум замислена… секогаш ги прекрстувам нозете , дали ти ќе ме освоиш ? |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. - повторно паѓа снег. ладно ти е? - малку, ама , рацете ми смрзнаа - сега, сега ќе бидат готови. слушаш како пуцкетаат на жарот? - да, како тивка, спора балада . се доближи кон неа и во смрзнатите нејзини дланки и‘ стави пет топли печени костени ја прегрна силно а ладното ветре, кое играше околу нив, мирисаше на врелите костени играа и тие со него на снежната ливада во ритамот на нежната балада . . Изменето од anakin - 28.Јануари.2011 во 07:48 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |